build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Ветерници

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 11>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15196
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 26-Feb-2021 at 11:01
За сè има вторпат
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 20536
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 07-Sep-2020 at 12:12
Ветерниот парк „Богданци“ со рекордно производство на струја до крајот на август

Паркот на ветерни електрани „Богданци“ до крајот на август испорачал рекордни над 87 гигават-часови електрична енергија, што претставува натфрлање на планираното производство за тој период за 37,5 отсто.

„Четири месеци пред крајот на годинава, овој производствен капацитет што го користи ветерот како погонска сила, веќе остварил над 91 проценти од годишниот производствен план, предвиден во енергетскиот биланс. Производството на ветерниот парк „Богданци“ во првата половина од 2020 година заклучно со 30-ти јуни е 68.452 мегават-часови (мгвч) или за 43,5 отсто повеќе од планираните 47.712 мгвч“, соопштија од Електрани на Северна Македонија, ЕСМ.

Според ЕСМ, производството е поголемо од планираното поради поволните временски услови и ветровите поголеми од 4 метри во секунда, кои се во проектираниот работен опсег на ВЕЦ „Богданци“.

„Со реализација на втората фаза целосно се заокружува проектот „Ветерен парк Богданци“ на проектираната инсталирана моќност од 50 мегавати и вкупно годишно производство од околу 137 гигават-часови. Ветерниот парк „Богданци“- втора фаза, кој е во постапката за реализација, се состои нови 4 до 6 турбини, секоја со номинална моќност од 3 до 4 мегавати. Со втората фаза се врши зголемување на капацитетот на постоечкиот за дополнителни 13,2 до 15 мегавати. Планираната инвестиција на проектот е 21 милиони евра, од кои 18 милиони евра се од германската КфВ банка, а 3 милиони евра се средства на АД ЕСМ“, информираат од компанијата.

Инаку, енергијата од ветерот за производство на струја сè уште е незначително искористена во земјава иако постојат добри географски потенцијали, што е потврдено од сите досегашни студии според кои има најмалку 15 поволни локации за изградба на ветерни паркови.

Покрај засега единствениот парк на ветерни електрани во Богданци, пуштен во употреба во 2014 година, вториот ветерен парк треба да се гради во близина на Миравци, кај Гевгелија, со кој се предвидува да се збогати енергетскиот систем со уште 127 гигават-часови струја од обновливи извори на енергија. Проектот е дел од инвестицискиот план на ЕСМ од 2018 до 2022 година. Како што од ЕСМ изјавија за „Мета.мк“, течат подготвителните активности за отпочнување на проектот ПВЕ „Миравци“, а најмалку една година ќе трае испитувањето на влијанието на овој проект врз животната средина.

Предвидена е изработка на физибилити студија и биомониторинг заради заштита на животната средина, во согласност со нашата законска регулатива и онаа на ЕУ, а според ЕСМ, во изминатиот период меѓународните финансиски институции пројавиле голем интерес за финансирање на ветерниот парк кај Миравци.

Според последната Стратегија за развој на енергетика до 2040 година, во земјава е предвидена изградба на електрани на ветер со вкупна инсталирана моќност од 750 мегавати и вкупно проценето годишно производство на струја од околу 1.800 гигават-часови. Од планираните вкупни капитални инвестиции во енергетскиот систем, кои до 2040 година се во размер од 9,4 до 17,5 милијарди евра, главниот фокус е ставен на инвестициите во енергетската ефикасност и обновливите извори на енергија со поддршка и финансирање на програми од странски фондови, финансиски институции и донатори.

https://meta.mk/veterniot-park-bogdanczi-so-rekordno-proizvodstvo-na-struja-do-krajot-na-avgust/
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15196
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 10-Feb-2020 at 16:28
Ветерниот парк Богданци го натфрли планот на производство на струја

Ветерниот парк Богданци во јануари годинава произведе речиси двојно повеќе електрична енергија од планираното, односно имаше 95-отстотно натфрлање на планот, информираат од АД ЕСМ.

Според официјалните резултати на АД ЕСМ, за претходниот месец се испорачани 15.968 мегава часови електрична енергија.

Како што информираат од ЕСМ, во 2019 година овој капацитет за производство од обновливи извори произведе 101.807 мегават часови електрична енергија што претставува натфрлање на годишниот план за шест проценти. Со постигнатиот резултат, ветерниот парк Богданци учествувал со 2,4 отсто во вкупното производство на АД ЕСМ за минатата година.

Во тек е јавниот повик на АД ЕСМ за проширување на ветерниот парк со нови ветерници. Рокот за пријавување на заинтересираните компании истекува на 2 март годинава.

plusinfo.mk
За сè има вторпат
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 29-Apr-2018 at 15:40

Обезбедени пари за последните ветерници во Богданци

Објавено во: Економија 29 Април, 2018

Во 2019-та ќе се комплетира ветерниот парк кај Богданци откако денеска беше потврдено дека започнува процесот за изградба на последните   четири„турбини“.

Министерството за финансии обезбеди 18 милиони евра од германската КХВ банка. Ветерниците кај Богданци ги посетија претставници на косовската Влада која планира по примерот на Македонија да подигаат  ветерен парк и во Косово.

Македонските енергетски власти најавуваат ветерници кај Миравци и  соларна централа кај Осломеј.

https://faktor.mk/obezbedeni-pari-za-poslednite-veternici-vo-bogdanci?utm_source=daily.mk&utm_medium=daily.mk

Back to Top
alexsend View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2085
  Quote alexsend Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 29-Dec-2017 at 10:53
Браво! А кој е сопственикот?
Јас Скопје никогаш не сум го замислувал вака.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15196
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 29-Dec-2017 at 09:53
Thor ќе ја гради првата приватна ветерна електрана

Компанијата Thor ќе ја гради првата приватна ветерна електрана во Македонија откако нивното барање беше разгледано и одобрено од страна на владата на вчерашната 46 седница. Станува збор за ветерната електрана „Босилково“ на територија на Свети Николе и Штип со проектиран капацитет од 33 мегавати.

„Владата ја разгледа и ја усвои Информацијата во врска со поднесеното барање на ТХОР ИМПЕКС ДООЕЛ, Скопје за издавање на овластување за изградба на Ветерна електрана Богословец и донесе одлуката за одобрување за изградба на оваа ветерна електрана, како прва од ваков тип во приватна сопственост“ стои во владиното соопштение.

Со проектот Парк на ветерни електрани Богословец, општина Свети Николе и општина Штип предвидено е да се изградат 10 столба на коишто ќе се постават турбини со моќност од 3,3MW, да се догради и прошири постојниот пристапен пат и да се изгради ТС 20(30)/110kV со приклучен далновод 2x110kV.
Приклучокот на паркот на ветерни електрани на постојниот 110kV вод ТС Овче Поле – ТС Штип ќе се направи со изградба на далновод 2x110 kV и трафостаница ТС 33/110kV Богословец, се дел од идеите на изведувачот Thor.

http://faktor.mk/thor-kje-ja-gradi-prvata-privatna-veterna-elektrana-
За сè има вторпат
Back to Top
SugarBlue View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 02-Aug-2015
Location: Eindhoven
Online Status: Offline
Posts: 42
  Quote SugarBlue Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 07-Aug-2015 at 15:57
Пример за одлична инвестиција.
Ќе биде супер ако се продолжи да се подигнуваат ветерници во тој дел од Македонија. Искрено би сакал да видам и една поголема соларна централа.
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 07-Aug-2015 at 14:47
Ветерниот парк „Богданци“ произведува струја за три града

Користењето на обновливите извори на енергија е тренд што сѐ повеќе зема замав насекаде во светот, поради што се наметнува прашањето дали со инвестиции во нови ветерни паркови Македонија во иднина може да смета на постепено заменување на производството на струја од термоцентрали?



СО ИНОВАТИВНИ РЕШЕНИЈА ДО ПОГОЛЕМО ИСКОРИСТУВАЊЕ НА ОБНОВЛИВИТЕ ИЗВОРИ НА ЕНЕРГИЈА
Паркот на ветерни електроцентрали „Богданци“, лоциран во месноста Ранавец крај Богданци, влезе во редовно производство на електрична енергија по поминатите процедури на тестирање на опремата и нејзините перформанси. Од ЕЛЕМ велат дека во периодот од вклучувањето во пробна работа во април лани до почетокот на јули годинава, овој капацитет испорачал над 135.000 мегават-часа електрична енергија. Само во првите 11 месеци од работењето ветерниот парк го испорачал проектираното годишно производство од 100.000 мегават-часа. Во првата половина од годинава во паркот „Богданци“ биле произведени 65.000 мегават-часа електрична енергија, односно 70 отсто од вкупно планираното производство за годинава.

Користењето на обновливите извори на енергија е тренд што сѐ повеќе зема замав насекаде во светот, поради што се наметнува прашањето дали со инвестиции во нови ветерни паркови Македонија во иднина може да смета на постепено заменување на производството на струја од термоцентрали. Упатените во енергетскиот сектор изразуваат сомневање за потенцијалите на ветерот во Македонија, посочувајќи дека е копнена земја со планини, поради што природните предуслови за ветер не се најповолни. Според нив, иднината на енергијата е во сонцето, кое годишно испорачува 17 илјади пати повеќе енергија од севкупните потреби.

УШТЕ ШЕСТ ВЕТЕРНИ ТУРБИНИ

Надлежните од ЕЛЕМ велат дека со производство од најмалку 100 гигават-часа природно одржлива енергија веќе ги снабдува домаќинствата на над 60.000 граѓани на Македонија или еден поголем град, како Прилеп, Куманово, Тетово, Гостивар.

- Во основа, годишното производство од овој капацитет е речиси еднакво на потребите на потрошувачите од Богданци, Гевгелија и од Дојран - велат од ЕЛЕМ.

Оттаму истакнуваат дека со овој ветерен парк се зголеми учеството на обновливите извори во портфолиото на ЕЛЕМ за 36,8 мегавати и претставува уште еден показател за грижата кон животната средина.

- Во наредниот период се очекува да се реализира и втората фаза од ветерниот парк, кој предвидува монтажа на дополнителни шест ветерни турбини, со што инсталираната моќност на оваа прва електроцентрала што го користи ветерот како погонска сила ќе достигне 50 мегавати. Со дополнителната инсталирана моќност се очекува првиот ветерен парк во Македонија да произведува околу 125 милиони киловат-часа годишно - појаснуваат од ЕЛЕМ.

Во ЕЛЕМ велат дека станува збор за исплатлив проект, кој се очекува да ја врати инвестицијата за период од околу седум години. Оттаму истакнуваат дека спровеле мерење на брзината на ветерот на уште три локации каде што биле инсталирани мерни станици со висина од 30 до 50 метри.

- Станува збор за месноста Богословец кај Свети Николе, Шашаварлија кај Штип и Флора на Кожув. Студијата за оправданост покажа дека локацијата кај Богданци е најповолна за изградба на ветерен парк со големина од 50 мегавати - изјавија од ЕЛЕМ.

ОГРАНИЧЕН ПОТЕНЦИЈАЛ

Енергетичарот и екологист Љупчо Гаштеовски вели дека најпогодни услови за појава на ветер се морски брегови, особено западни, копнени рамнини по должината на географската ширина и високи планини.
- Македонија е копнена земја, заградена од сите страни со планини, и условите за појава на ветер се минимални. Според базната студија за користење на обновливите извори на енергија, во нашата држава може да се инсталираат ветерници до околу 150 мегавати електромоќност - појаснува Гаштеовски.

Според него, за да се градат ветерници треба да се имаат сигурни податоци за ветровитоста на локацијата. Тој вели дека, покрај брзината на ветерот, битна улога за изградба на ветерни централи имаат и неговата честота и константност, конфигурацијата на теренот, инфраструктурата и слично.

- Моќноста на енергија на ветерот зависи од третиот степен на брзината. При брзина на ветер од 6 до 8 метри во секунда, ветерниците ќе можат да извлечат електрична моќност од 133 до 315 вати по квадратен метар од елисата - објаснува енергетичарот.

Гаштеовски вели дека најголем проблем, покрај големата инвестиција, е што ветровите се непостојани и тоа создава тешкотија за интеграција на ветерниците во електросистемот.

- При секое престанување на ветерот мора да има нов балансен извор на енергија (акумулациска хидроцентрала) и тој да се вклучи или да се повлече од увоз, што е доста скапо. Друг проблем со ветерот е што обично дува ноќно време, кога и потребите од струја се помали и струјата е поевтина - смета Гаштеовски.

Тој вели дека ветер со брзина под 4 метри во секунда не е надежен за градба на ветерен парк.
- Во Македонија се направи набрзина еден атлас и се посочија десетина локации, од кои најветровити предели се Овче Поле и Повардарие, јужно од Демир Капија, а другото е по високите планини - вели енергетичарот.

Тој додаде дека во првата деценија од овој милениум ветерот направи голем енергетски пробив. Германија прва изгради мултимегаватни ветерници, кои многу повеќе можат да извлечат енергија над сета конкуренција и нудат најдобра мрежна интеграција. Ги направија највисоките (199 метри) и најмоќните ветерници од 7,5 мегавати.

СО ИНОВАЦИИ ДО ПОГОЛЕМО ПРОИЗВОДСТВО

Според Вани Николов, градежен инженер, конструктор и иноватор, ветерниците не се решение за енергетската ефикасност. Тој смета дека тие повеќе се направени за да се биде во чекор со времето.
- За тој ветерен парк се вложени милиони евра и таа инвестиција нема никогаш да се врати. Според мене, овие ветерни паркови бараат многу повеќе пари отколку што може да се добие енергија, бидејќи ветерот во Македонија е варијабилен и нестабилен - објаснува Николов.

Тој истакна дека направил прототип на ветерница за производство на електрична енергија што е многу поефикасна од поставените во Богданци.

- Се работи за ветерница со хоризонтално поставени перки, која повеќе личи на воденично коло.
Хоризонталната поставеност на перките овозможува поефикасно искористување на струењето на воздухот, при што коефициентот на полезно дејство е неколкупати повисок од оној на класичните типови ветерници, што се должи на истонасочната поставеност при дејството на ветерот. Степенот на полезно дејство во комбинација со нискобуџетните трошоци за производство укажува дека вреди да се размисли во оваа насока за развој на ветерните централи - објаснува Николов.

Тој појаснува дека системот е многу малку искористен и енергијата што ја има ветерот кога дува просечно е околу 120 килограми на квадратен метар.

- Ветерниците на овој начин со создавање вакуум користат само 10 отсто од тие 120 килограми на квадратен метар, т.е. 12 килограми на квадратен метар на ветерот ги користи, а тоа е многу малку. Ветерница од мојот тип е многу поискористлива и поефикасна, ја користи силата на ветерот околу 60-70 отсто, цената за изградба е помала и одржувањето е помало и поевтино, за разлика од другите ветерници, бидејќи поправка на една чини 60 отсто од нова ветерница - истакна Николов.
Шпанци инвестираа во нов вид ветерници
Шпанската компанија „Вортекс“ развила нов концепт на производство на „зелена енергија“ со помош на ветерници без перки. Овие ветерници всушност се бели столбови поставени во земја, кои енергијата ја произведуваат со осцилации поради јачината на ветерот, а тоа изгледа како да се тресат. Додека така се поместуваат овие столбови личат на витли, по што компанијата што ги произведува го добила името.
Ефектот на „вител“ е постигнат со посебни магнети со чија помош и ветерниците се тресат, колку што тоа е можно, без разлика на јачината на ветерот. Додека вибрираат тие всушност произведуваат енергија, која е 40 отсто поевтина од онаа што ја произведуваат ветерниците со крила. Но не е само енергијата поевтина, туку и производството на ветерниците, бидејќи перките за стандардните ветерници се скапи, како и нивното одржување.
Со оглед на нивниот дизајн, во иднина ќе биде можно на помала површина да се постават повеќе од овие столбови, со што ќе се надомести нивниот најголем недостаток - тоа што произведуваат 30 отсто помалку енергија од класичните ветерници. Од „Вортекс“ велат дека првите помали модели на овие ветерници ќе се испорачаат идната година, а поголемите модели од 2018 година.
Градежниот инженер и иноватор Николов смета дека овие ветерници без перки не се ефикасни.
- Тие работат на база на вибрации и индицираат струја, но таа е мала и слаба, сето ова е направено како експеримент за да се покаже до кое технолошко ниво е дојден светот, и нормално е сето тоа, но Македонија е премногу назад во однос на овие земји - вели Николов.

http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=871595684&id=10&prilog=0&setIzdanie=23536
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 736
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 14-Jul-2015 at 09:03
kakov e toa bel jaglen?
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 11-Jul-2015 at 18:29
Лидер во обновливата енергија: Ветерниците во Данска произведоа 140% од потребната електрична енергија

Данска, држава која е лидер во полето на обновливата енергија, неделава произведе електрична енергија што ги надмина потребите за истата, на оваа држава.



Имено, во текот на ноќта во четвртокот, поради нетипично силен ветер, ветерните турбини во Данска произведоа 116 % од потребите за електрична енергија, бројка што до петокот утрината стигна до 140 проценти.

Поголемиот дел од вишокот на електрична енергија, Данска ја сподели со Германија и Норвешка, а остатокот со Шведска.

Од европската асоцијација за енергија од ветер изјавија: „Ова покажува дека свет снабден стопроцентно со обновлива енергија, не е фантазија“.

Иако ова беше резултат на нетипично силен ветер што не е константен во Данска, се проценува дека пред 2020 година, овој обновлив систем ќе произведува вкупно 50 % од потребната електрична енергија во државата.

Моментално вкупниот процент на електрична енергија што се добива од ветерните турбини во Данска изнесува 29%. Иако примарниот извор на енергија во Данска сè уште е белиот јаглен, државата сепак е еден од светските лидери во полето на обновлива енергија и првата која почна да произведува електрична енергија преку ветерници, за комерцијални цели.

http://kajgana.com/lider-vo-obnovlivata-energija-veternicite-vo-danska-proizvedoa-140-od-potrebnata-elektrichna
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 19-Jan-2015 at 12:13
Исто како и за нуклеарка-треба да се има капацитет кој ќе ја покрие загубата во случај на дефект,хаварија...Значи ако изградиме енергетски капацитет од 500 мв,треба да се има резерва за да се избегнат пенали од превземање на хавариска енергија
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 736
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 19-Jan-2015 at 08:37
I uste edna rabota, mora da se ima rezervni konvencionalni kapaciteti vo slucaj koga nema da duva vetar ili koga ke nema sonce. Ahilova peta na energijata od obnovlivi izvori e toa sto se uste nema resenija za skladiranje na dobienata energija.
Back to Top
Navigator View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2014
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 678
  Quote Navigator Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 18-Jan-2015 at 23:41
Originally posted by martind

Иначе нели е попаметно Македонија како земја со многу ограничени ресурси да се насочи кон производство на енергија на овој начин, ветерници и преку соларни централи? мислам дека тоа е клучната инвестиција за енергетска независност на Македонија.
Секако дека е попаметно, но Македонија е многу ограничена кога станува збор за ветерни паркови. Единствено регионот на Богданци и неколку локации во околината на Штип, Свети Николе, Радовиш и на Кожуф имаат доволно ветер и доволна брзина на ветрот за производството на енергија од ветер да биде исплатливо.

Edited by Navigator - 18-Jan-2015 at 23:46
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15196
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 17-Jan-2015 at 11:16
Originally posted by martind

Дали паркот на ветерници е во државна сопственост или приватна?
Иначе нели е попаметно Македонија како земја со многу ограничени ресурси да се насочи кон производство на енергија на овој начин, ветерници и преку соларни централи? мислам дека тоа е клучната инвестиција за енергетска независност на Македонија.


Сопственост е на компанијата ЕЛЕМ која, пак, е во државна сопственост.
За сè има вторпат
Back to Top
martind View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 29-Jun-2011
Online Status: Offline
Posts: 332
  Quote martind Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 17-Jan-2015 at 11:14
Дали паркот на ветерници е во државна сопственост или приватна?
Иначе нели е попаметно Македонија како земја со многу ограничени ресурси да се насочи кон производство на енергија на овој начин, ветерници и преку соларни централи? мислам дека тоа е клучната инвестиција за енергетска независност на Македонија.
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15196
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 17-Jan-2015 at 10:12
Богданскиот ветер лани „издува“ 70.000 мегавати струја



Во Македонија за прв пат годинава што измина се произведе електрична енергија од ветер. Земјава го доби првиот парк на ветерни електрани "Богданци" и со тоа го скрши мразот и се вброи во земјите кои ветерот го претвораат во струја. Производството стартуваше во април 2014 година и за 9 месеци произведени се над 70.000 мегават-часови струја или околу 70 гигавати електрична енергија.

Како што информираат од Електрани на Македонија (ЕЛЕМ) за овој временски период, кој што е наречен тест-период испорачана е струја за 77% од планираното производство што на годишно ниво е утврдено со Енергетскиот биланс.

Според анализите на енергетската компанија "Богданци" очекува за 12 месеци да испорачува најмалку 100 гигават-часови природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинствата на преку 60.000 граѓани на Република Македонија, или еден поголем град како Прилеп, Куманово, Тетово или Гостивар.

Бројките како што велат експертите само потврдуваат дека ветерниците се веќе значаен енергетски капацитет и како прв од ваков вид во земјава, тие веќе дистрибуираат електрична енергија во електроенергетскиот систем на земјава.

На локацијата Ранавец кај Богданци монтирани се 16 ветерници, кои секоја од нив е со инсталираната моќност од 2.3 мегавати, а вкупната моќност се 36,8 мегавати.

Како што потсетуваат од ЕЛЕМ висината на столбот на една ветерница изнесува 80 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. Турбините се производство на Сименс - Данска и се вбројуваат меѓу најдобрите во својата класа.

Изградбата на ветропаркот на локацијата Ранавец стартуваше во мај 2013 година Проектот е вреден 55.5 милиони евра, а заемот од Владата на Сојузна Република Германија преку КФВ банката изнесува 47.9 милиони евра, додека 7.6 милиони евра веќе обезбеди.

Но инвестициите во ветерници се очекува да продолжат и во следните години, за што со одлука на Владата е одобрена вкупна моќност на овие енергетски објекти во годините што следуваат да бидат во континуиран пораст. Така до 31 декември 2016 година одобрена е вкупно е моќност од 65 мегавати, до 31 декември 2020 година до 100 мегавати и до 31 декември 2025 година вкупно 150 мегавати.

http://vecer.mk/ekonomija/bogdanskiot-veter-lani-izduva70000-megavati-struja
За сè има вторпат
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 16-Sep-2014 at 15:17
Браво.Рек Осломеј за споредба ако има јаглен годишно можи да произведи околу 600 ГВЧ,а ангажаира 1500-2000 работници,машини,багери,камиони....
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15196
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 16-Sep-2014 at 08:13
Ветерниците во Богданци произведоа над 40 гигавати струја

Како што информираат од Електрани на Македонија за околу 5 месеци тест-период испорачана е струја половина од планираното производство на годишно ниво


Од април годинава откога стартуваше пробното производство на електрична енергија од првиот парк на ветерни електрани „Богданци" произведени се над 40 милиони киловат-часови струја или 40 гигавати електрична енергија.

Како што информираат од Електрани на Македонија за околу 5 месеци тест-период испорачана е струја половина од планираното производство на годишно ниво.

ПВЕ „Богданци" очекува да се испорачуваат најмалку 100 гигават-часови природно одржлива енергија, што на годишно ниво е доволно за снабдување на домаќинствата на преку 60.000 граѓани на Република Македонија, или еден поголем град како Прилеп, Куманово, Тетово или Гостивар.

Ветерниците како значаен енергетски капацитет и прв од ваков вид во земјава, наскоро ќе влезат во редовно производство и ќе дистрибуираат електрична енергија во електроенергетскиот систем на земјава.

На локацијата Ранавец кај Богданци монтирани се сите 16 ветерници. Инсталираната моќност на секоја од нив е 2.3 мегавати, висината на столбот изнесува 80 метри, а дијаметарот на елисата изнесува 93 метри. Турбините се производство на Сименс - Данска и се вбројуваат меѓу најдобрите во својата класа.

Овој ветропарк во земјава го скрши мразот и ја вброи Македонија во земјите коишто произведуваат струја од ветер.

-Со овој проект ќе се зголеми и учеството на обновливите извори во портфолиото на ЕЛЕМ и претставува уште еден показател за грижата на компанијата кон животната средина-укажуваат од енергетската компанија.

Изградбата на ветропаркот на локацијата Ранавец стартуваше во мај лани. Проектот е вреден 55.5 милиони евра, а заемот од Владата на Сојузна Република Германија преку КФВ банката изнесува 47.9 милиони евра, додека 7.6 милиони евра веќе обезбеди.

http://vecer.mk/ekonomija/veternicite-vo-bogdanci-proizvedoa-nad-40-gigavati-struja
За сè има вторпат
Back to Top
Џоле View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 23-Apr-2013
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 15196
  Quote Џоле Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 14-Aug-2014 at 11:16
Богданци













фотографии: Н. Батев (vecer.mk)


Edited by Џоле - 14-Aug-2014 at 11:17
За сè има вторпат
Back to Top
jyvation View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-May-2013
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 4190
  Quote jyvation Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 08-Aug-2014 at 16:07
Домаќинствата веќе добиваат струја од ветерниот парк „Богданци“

Иако е во тест-период, енергијата што се добива од првата ветерна електроцентрала во земјава придонесува во вкупното производство. Со тоа се зголемува учеството на обновливи извори во вкупно произведената енергија во Македонија.



Енергија произведена од ветер, поточно од ветерниот парк „Богданци“, веќе три месеци се испорачува до домаќинствата во Македонија. Во последниот извештај на Државниот завод за статистика за енергија за мај 2014 година е регистрирано дека во вкупното производство на електрична енергија има и струја произведена од овој обновлив извор.
- Во април 2014 година во Република Македонија првпат е регистрирано производство на електрична енергија од ветерни електрични централи, кое во мај 2014 г. учествува со 1,4 отсто во вкупното бруто-домашно производство на електрична енергија - е наведено во извештајот на ДЗС.

ВО ИДНИНА СТРУЈА ЗА 60.000 ЖИТЕЛИ

Енергијата добиена од првата ветерна електроцентрала во земјава, иако е во тест-период, веќе придонесува во вкупното производство, со што се зголемува учеството на обновливи извори во вкупно произведената енергија во Македонија.
- Од април е регистрирано производство на електрична енергија од ветерници затоа што од почетокот на месецот паркот на ветерни електроцентрали „Богданци“, во сопственост на ЕЛЕМ, влезе во пробно производство. Инаку, ова е прв капацитет во Република Македонија од ваков вид. Ветерниот парк во моментов е во фаза во која се тестира целокупната опрема и се проверуваат перформансите на ветерните турбини - велат од ЕЛЕМ.
Од компанијата објаснуваат дека паралелно со процесот на тестирање на опремата, што е во согласност со прописите на производителот и што трае три-четири месеци, истовремено се испорачува електрична енергија во домашниот електроенергетски систем за потребите на македонските потрошувачи.
- Овој капацитет е со инсталирана моќност од околу 36,8 мегавати или 2,3 мегавати од ветерна турбина. Во зависност од временските услови се очекува да испорачува околу 100 милиони киловат-часа годишно, што во просек е 2 проценти од вкупното домашно производство на електрична енергија. Ова е количество што на годишно ниво би ги задоволувало потребите на еден поголем град во Република Македонија со околу 60.000 жители - додаваат од ЕЛЕМ.

ТЕРМОЦЕНТРАЛИТЕ СЕ НАЈГОЛЕМИ ПРОИЗВОДИТЕЛИ

Како што може да се забележи од извештајот на ДЗС, во вкупното производство на струја од обновливи извори најголем удел имаат хидроцентралите со 16,5 отсто, па ветерните централи со 1,4 отсто и на крај соларните со 0,4 отсто. Во вкупно произведената електрична енергија традиционално најголем удел имаат термоцентралите со речиси 82 отсто.
Според податоците на Државниот завод за статистика, во мај 2014 година, во Република Македонија, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува 639.152 мегават-часа електрична енергија, 3.400 милиони нормални кубни метри природен гас, 643.654 тони јаглен и 72.709 тони нафтени продукти.
Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 72 проценти во бруто-домашната потрошувачка. Истиот извештај покажува дека дури 96,4 отсто од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија.

Производство на електрична енергија
    април    мај
Вкупно бруто-производство    498.694    460.170    
Термоцентрали    408.837    376.457
Хидроцентрали    84.090    75.866
Соларни електрични централи     965    1.626
Ветерни електрични централи    4.802    6.221
Извор: Државен завод за статистика



http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=730141059449&id=10&prilog=0&setIzdanie=23237
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 11>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.203 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.