build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Урбани прашања
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Базни станици и електромагнетно "загадување"

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 10-Dec-2008 at 12:15
Ќе ја почнам нишкава со еден неодамнешен тект околу овој, наводно, проблем со кои се соочуваат некои наши сограѓани. Накратко ќе пренесам само неколку вестти од ндневниот печат во последнава година и плус уште некој напис од релеватни исктитуции. Ќе се обидам да го доловам проблемот без многу да ве малтретирам во вести од пред повеќе години. Повелете......

Влијанието на мобилните телефони врз здравјето



Автор:  Проф. д-р Нада Поп-Јорданова

Во последниве децении комуникацијата речиси не е можна без користење на мобилните телефони. Оваа алатка стана толку модерна што дури и децата од основните училишта не се без неа. Досега се проценува дека над 1,5 милијарда луѓе во светот се корисници на мобилни телефони. Нивното користење е толку раширено што стана објект на истражување за можните штетни последици по човековото здравје, особено тргнувајќи од фактот што ова технолошко достигнување го има за основа користењето на електромагнетните бранови.

Имено, ефектите на артефициелните (man-made) електромагнетни бранови врз живите организми може најшироко да се поделат во две категории:

- термални ефекти (деструктивни ефекти на топлината).

- нетермални ефекти што предизвикуваат покачување на температурата под границата на нормалните флуктуации на организмот (некои ги нарекуваат меки полиња).

Нема никакво сомневање за штетните ефекти на термалните дејствувања, зашто постојат јасни докази за дејствувањето на микробрановите на хромозомски материјал кај животните. Од друга страна, нетермалните ефекти предизвикуваат многу контроверзии и претставуваат голем научен предизвик. Во таа смисла е добиениот проект во ФП6 на Европската програма за развој во кој Педијатрискиот психофизиолошки оддел им е соработник на Електротехничкиот факултет и други странски институции што ќе работат на ова поле. Од досега познатите резултати за влијанието на електромагнетните бранови се знае следното:

1) Нискофреквентното магнетно поле има влијание на хуманата ЕЕГ-активност (во траење на изложеноста од само 20 минути).

2) Бритиш медикал журнал (2005) објавува резултати од истражување на универзитетот „Оксфорд“ дека 9.700 случаи на леукемија кај децата под 15 години во Велика Британија се поврзуваат со близината на живеење со високоволтажни водови. Овој тим смета дека ризикот за појавување на леукемија е над 70 проценти ако живеалиштата се под 200 метри далечина од далноводите. Иако леукемијата може да биде поврзана со ДНК-промени уште пред раѓањето, оваа студија укажува на можните ризици за малигна болест во зависност од околинските фактори.

3) Во октомври 2004-та Институтот за Енвиронментал Медицине од Стокхолм на Каролинскаја болница објавува 150 случаи на неврином (бениген тумор на акустичниот нерв), кои ги поврзуваат со интензивното користење мобилни телефони во последните десет години. Инаку овој вид тумор е извонредно редок (1: 1.000.000 луѓе) и вака зачестеното јавување било невообичаено.

4) Во моментов тим составен од научници од 13 земји под раководство на Светската здравствена организација работи на студија што треба да одговори на прашањето за влијанието на мобилните телефони врз појавувањето на многу специфични видови тумори како кранијални глиоми и менингеоми, тумори на акустичните нерви (невриноми), на паротидите и саливарните жлезди и лимфното ткиво (лимфоми).

5) Студија на Националниот институт за работа, Улме, Шведска (2003), објавува резултати од интервјуа на луѓе што живеат близу базните станици за мобилната телефонија, ТВ и електронски надгледни системи во кои најмногу рапортирани симптоми биле тешкотии во концентрирањето, главоболки и замор.

Врз база на собраните податоци во 2005 година, СЗО на својата веб-страница објавува статија под наслов: Електромагнетното поле и здравјето: мобилните телефони и базните станици.

Во студијата се укажува на масовното користење на мобилните телефони во светот (над 1.6 милијарда во 2005-та), што наложило поставување базни станици (над 20.000 во Велика Британија, 82.000 во САД итн.). Фреквенциите на современите мобилни телефони се помеѓу 800-1800 Хз, значи спаѓаат на нејонизантните зраци. Базните станици што овозможуваат користење на мобилните телефони се поставуваат 15-20 метри над земјата и емитираат моќност од 100 вати и повеќе, што се протега хоризонтално на поставените антени.

Електромагнетните зраци пенетрираат во експонираното ткиво во зависност од фреквенцијата, а за мобилните телефони тоа изнесува околу 1 см. Енергијата апсорбирана од телото се претвора во топлина. Досега не се покажани штетни ефекти од оваа топлина. Меѓутоа, СЗО врз основа на објавените сознанија укажува на следното:

- Мобилните телефони предизвикуваат промени во мозочната активност, реакционото време и ритамот на спиење.

- Постои зголемен ризик од сообраќајни несреќи кога се користат мобилни телефони.

- Кога мобилните телефони се блиску до медицински направи (пејсмејкер, дефибрилатори, слушни помагала) тие предизвикуваат интерференција. Постои интерференција на мобилните телефони со електрониката во авионите.

- Нема сигурни докази дека мобилните телефони предизвикуваат канцер; нејасни се и објавените студии во 1997 година за поврзаноста со лимфоми

За понатамошни сознанија, заклучува извештајот, неопходни се студии, кои се во тек.

Нашиот тим како примарна ја има задачата да го испита влијанието на електромагнетните бранови емитирани од разните видови мобилни телефони, како и од преносните станици врз работата на мозокот на децата; поточно, влијанието на промените на ЕЕГ-спектарот, а со тоа на когнитивните функции. Се надеваме дека во скоро време ќе ? ги соопштиме на научната јавност нашите наоди.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=228&ArticleID=10832



Edited by lslcrew - 10-Dec-2008 at 12:57
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.078 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.