![]() |
![]() |
![]() |
Тетовски сообраќај (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 7> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Сè уште има имотни проблеми со булевар „Благој Тоска“ – Касами чека подобрување на временските услови за да почне со работа
Иако се обезбедени средствата за проектот, Булеварот Благој Тоска во Тетово се уште е во иста состојба. Според градоначалникот на Тетово, работите во овој булевар ќе почнат по подобрувањето на временските услови, а додаде дека се уште не се решени прашањата за експропријација. „Што се однесува до булеварот Благој Тоска, комисијата интензивно работи, има три имоти за кои се обидуваме да најдеме решение и со создавањето на временските услови ќе продолжат градежните работи и Благој Тоска ќе се реализира како што е предвидено со почетниот проект, до текстилното училиште и ќе продолжиме со експропријација до другиот дел кај Мема“, истакна Биљал Касами. Граѓаните се скептични дека градежните работи наскоро ќе завршат. „За околу 2.5 години можеби, а сега наскоро не!“ Средствата за овој булевар се обезбедени од Владата и Тав, а на крајот на август проектот го промовираа вицепремиерот Артан Груби и поранешната градоначалничка на Тетово. Овој проект се ветува во секој изборен циклус, а во 2014 година се зборуваше дека ќе почнат работите, но и ден денес овој булевар се уште не е завршен. https://mk.tv21.tv/se-ushte-ima-imotni-problemi-so-bulevar-blagoj-toska-kasami-cheka-podobruvane-na-vremenskite-uslovi-za-da-pochne-so-rabota/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Сообраќајниот хаос почнува од Општина Тетово – од општината велат дека подготвуваат план за наоѓање решение
Во општинскиот совет на Тетово денеска се зборуваше за можните решенија на сообраќајниот хаос во градот , и додека внатре се дискутираше оваа проблематика, надвор, токму пред објектот на општината беше создаден хаос од лошо паркирани автомобили, оставени среде улица. Од Секторот за патен сообраќај велат дека надлежна е општина Тетово за решавање на хаосот. Зоран Талев вели дека има недостиг од возила на пајак службата, паркинг места како и сообраќајни инспектори за контрола на такси возилата и комбињата. Од општина Тетово решението го гледаат во уредување на урбанистичкиот план и отворање нови паркинг места. „Ние сме во фаза на подготовка на планови за решавање на проблемот, но тоа не се прави преку ноќ, хаосот кој се создава неколку години и во недостиг на генерален урбанистички план и проект за сообраќајот, бара време од страна на нашиот сектор за подготовка и избор на истите“, истакна Мемет Јонузи. Честопати кога е отежнат сообраќајот во Тетово, за да се помине улица од 3,5 км од едната до другата страна на градот, потребни се 45 минути. https://mk.tv21.tv/soobrakajniot-haos-pochnuva-od-opshtina-tetovo-od-opshtinata-velat-deka-podgotvuvaat-plan-za-naogane-reshenie/ |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Касами ги стопираше започнатите проекти во Тетово – издаде наредба да се разгледаат за да се утврди дали има неправилности
Новиот градоначалник на Тетово, Биљал Касами вчера ги запре сите проекти кои беа во фаза на реализација од страна на општината. „Овој и многу други проекти се разгледуваат од страна на општина Тетово. Целта е да се утврди дали има пропусти при извршувањето на активностите“, вели репортерот на ТВ21. Граѓаните кои ги сретнавме очекуваат градежните активности на патиштата да завршат час поскоро, а некои пак, беа на став дека веќе се навикнати на секојдневие со оштетени улици. „Ги стопираа бидејќи ги украдоа парите и каде сега тој да најде за да ги обнови улиците? Ќе стане катастрофа. Цело Тетово е катастрофа. Што направи Теута? Што друго да кажам. Колите си ги расипавме. Само денеска дадов 200 евра за поправка на автомобилот кој го оштетив од оваа улица“, вели граѓанин. „Треба да се санираат што е можно поскоро за сообраќајот да биде што подобар за возилата“, посочи граѓанин. „Секако дека треба да се работи и да ги санираат, но ние веќе сме навикнати и вака“, додава граѓанин. Сретнавме и неколкумина претставници на општина Тетово кои излегоа на терен за да извршат увид во градежните активности. Денеска побаравме одговор од општинските власти во однос на тоа – кои проекти се стопирани, колку чинат, во која фаза се и дали за некој од нив е направено примопредавање, но до ова информативно издание не добивме никаков повратен одговор. https://mk.tv21.tv/kasami-gi-stopirashe-zapochnatite-proekti-vo-tetovo-izdade-naredba-da-se-razgledaat-za-da-se-utvrdi-dali-ima-nepravilnosti/ |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
![]() Damn that's an ugly ass city. Little Palestine #2 (после Чаир). |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ДВА МЕСЕЦА СЕ РЕКОНСТРУИРА ПРИСТАПНАТА УЛИЦА ДО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА
![]() На почетокот на август годинава, Општина Тетово почна да ја реконструира улицата Јане Сандански која е пристапна улица до Клиничката болница во Тетово. Набрзо потоа, започна со реконструкцијата на улицата Димо Гавроски-Кара која е исто така поврзана со болницата. Сето тоа создаде сообраќаен метеж и отежнат пристап до болницата, а според активностите на терен работите нема да завршат во брзо време. „Два месеца не можат да направат една улица долга само 200 метри. Го тргнаа стариот асфалт, ја раскопаа и така остана. Ќе направат ископ за канализација, па ќе прекинат со работењето, ќе стават неколку метри електричен кабел, па ќе прекинат со работата, потоа нешто ќе ископаат со багерот и повторно ќе ги нема неколку дена и така, еве, цели два месеца ние не можеме нормално да живееме. Деновиве, кога заврна дождот и кога целата улица се претвори во кал, не можеме ни од дома да излеземе. Еве, денеска пак почнаа нешто да работат, ама кога ќе ја видиме улицата готова, не знаеме“, вели жител на улицата Јане Сандански. Додека на оваа улица има уште многу работа за да се заврши, на улицата Димо Гавроски-Кара, иако почна подоцна да се реконструира, работите се пред крај. Меѓу улиците во Тетово кои сега се реконструираат е и улицата Гоце Делчев која се наоѓа во горниот дел од градот. Оваа улица важеше за една од најоштетените во градот и жителите повеќе години бараа реконструкција. Таа започна кој крајот на јуни оваа година, но и после три месеци градежните работи сé уште траат, а треба да се реконструираат само 700 метри од улицата. Од Општина Тетово велат дека според постигнатиот договор со изведувачите овие улици ќе бидат готови во предвидениот рок. „За реконструкцијата на сите тие улици има договор и компаниите имаат рок кога треба да ги завршат. Првата улица која треба да стигне до фаза на асфалтирање е улицата Гоце Делчев. Улицата Димо Гавроски-Кара брзо ќе биде асфалтиранаа, а кај улицата Јане Сандански имаше поголем длабински зафат, но очекуваме до 20 овој месец таа да биде завршена“, изјави градоначалничката на Тетово Теута Арифи. Парите за реконструкцијата на овие улици како и за улицата Ленин, која исто така е во фаза на реконструкција, се обезбедени преку Министерството за транспорт и врски од Светска банка. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/dva-mesetsa-se-rekonstruira-pristapnata-ulitsa-do-tetovskata-bolnitsa/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/MinisterKreshnikBekteshi/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Boulevard construction begins. Toska in Tetovo
The Municipality of Tetovo won this project worth 43 million denars from the government program of TAV, and after the completion of all formal-legal procedures, today with special pride and pleasure we begin construction work together to continue this very good artery important for the city! ![]() ![]() https://www.facebook.com/teutaarifiofficial |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Порталб.мк“: Во Тетово, булеварот „Илирија“ никако да се заврши за да добие „европски“ изглед
Булеварот „Илирија“ уште не е реализиран во ветената форма пред четири години, иако според градоначалничката на Тетово, Теута Арифии овој проект е при крај. Новинарот на Порталб.мк во четвртокот беше на терен и го утврди недостатокот на фонтани за вода за пиење, метални држачи за дрвја, некои контејнери за отпадоци и LED осветлување за дрвените клупи. Зошто истото не е завршено, Општина Тетово одби да одговори на прашањата на Порталб.мк. Во рок од четири години, зборовите на градоначалничката Арифи за истиот проект се променија, пред четири години таа го планираше истиот плоштад со многу дополнителни елементи и во мај, во статус на „Фејсбук“, напиша дека проектот ќе заврши со поставување на ЛЕД осветлување и паркинг места за велосипеди. „Поставување урбана опрема, клупи и канти за ѓубре долж шеталиштето на булеварот Илирија! Со поставување на ЛЕД осветлување и паркинг места за велосипеди, граѓаните ќе имаат модерна пешачка зона во центарот на градот“, напиша Теута Арифи на „Фејсбук“ на 6 мај 2021 година. Булевар „Илирија“, 29.07.2021 година. На булеварот се поставени над 100 дрвени клупи, повеќето корпи за отпадоци и некои конструкции за велосипеди. Од Општина Тетово не одговорија зошто уште не се завршени сите планирани работи на булеварот. Иако трошоците за реновирање на овој плоштад се неверојатни, таму недостасуваат: 12 фонтани за вода за пиење Околу 100 дрвени клупи Некои конструкции за паркирање на велосипеди – повеќето се инсталирани 73 столбови за јавно осветлување Неколку канти за отпад – повеќето се поставени Метални заштитници на дрвата LED осветлување на дрвените клупи. Иако Општина Тетово не сакаше да одговори на прашањето за Порталб.мк, градоначалничката Арифи пред два месеци изјави дека е прашање на недели кога овој проект ќе заврши, а во меѓувреме, кажа дека ќе бидат поставени и фонтаните кои се предвидени во идејниот проект. „Во моментов сме во делот на инсталирање урбана опрема, што е финале, според контактите што ги имаме со компанијата, прашање е на недели кога ќе се заврши. Всушност, како што е проектот, така и ќе се реализира“, рече Теута Арифи за ТВ21, пред два месеци. Да потсетиме, овој булевар ја „испрати“ општината Тетово пред судот Двете страни, односно општина Тетово и компанијата „ИР ГРУП“ даваат различни причини зошто завршиле на суд, па така според општина Тетово, договорот со горенаведената фирма за плоштадот „Илирија“ е раскинат поради оддолговлекување на работите. Од друга страна, компанијата која е обвинета од Општина Тетово дека е неодговорна, ја демантира другата страна нагласувајќи дека договорот бил раскинат поради неплаќање за извршените работи, а не по вина на компанијата „ИР Груп“ . Тие додаваат дека овој проект е неуспешен откако е започнат, во сите аспекти. Инаку, фирмата што го доби тендерот за продолжување на работите на булеварот „Илирија“ е АННРА ЦЕНТРУМ со седиште во Мала Речица, и истата треба да ја заврши работата во рок од 60 дена по започнувањето. https://meta.mk/portalb-mk-vo-tetovo-bulevarot-ilirija-nikako-da-se-zavrshi-za-da-dobie-evropski-izgled |
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Што знаеш ти за мене пак? Тоа е, расправи се за цена па гради или да си останам во улица или под кирија? Компензирај како треба и тука нема да има проблем нема тука што. ПС: Што сум направил јас за МК и што се правам ти немаш врска, лесно ти е на ПЦ, прави нешто на ,,терен,, ако толку си ја сакаш земјата. |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
Нема врска кој што е, прво треба да се догови цената па потоа да се почне со работа.
ПС: Секаде во Македонија има такви пробјеми затоа смири се ![]() |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Рушењето на куќите на булеварот „Благоја Тоска“ запре – дел од жителите не ги напуштаат домовите, бараат повеќе пари
На 16-ти јули градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, извести дека рушењето на куќите на булеварот „Благоја Тоска“ почнало и дека за еден месец се очекува процесот да заврши. Меѓутоа, три станбени објекти сѐ уште се таму, а жителите одбиваат да ги напуштат своите домови. Екипата на ТВ21 го посети местото каде е предвидено да биде изграден булеварот. Еден од жителите иако не сакаше да зборува пред камера, рече дека нема да ја напушти својата куќа сѐ додека не се договорат за цената, бидејќи како што вели, понудената сума е многу мала. -Сѐ уште не решија. Ни рекоа дека ќе средат, додека да средат да ни дадат дозвола да останеме, а потоа патот е слободен. -Дали ви го исплатија надоместокот за куќата? -Не, не, ниту исплата, ниту надоместок. Ништо. Сумата е многу мала, не е колку што им платија на другите. Не се согласуваме со таа цифра. -Ако општината не ви даде дозвола и не ја покачи цената, ќе ја напуштите куќата? -Не, нема да си заминам. Тука ќе живеам. Претседателот на Општинскиот совет, Беким Мемети, вели дека постапката не била лесна, бидејќи требало да се решат имотно-правните прашања и да се обезбедат финансиски средства. -Нормално, не беше лесно да се отвори, бидејќи не зависи сѐ и од нас како општина. Требаше да се изменат плановите, имаше избори, па требаше да се стават во прекин градежните активности. Проблем беше и исплатата, експропријацијата одеше бавно додека да ги обезбедиме средствата од Владата и општинскиот буџет. Дел од овој процес беше и легализацијата на имотот на луѓето што живееја во тие куќи и мораше да се среди документацијата. Сите тие куќи требаше да се урнат, но сега заврши и тоа. Она што неколкупати го нагласивме и јас, и градоначалничката сега стана реалност-вели Мемети. Општина Тетово веќе 8 години ветува дека булеварот ќе биде изграден. Владата ѝ додели на општината 500 илјади евра за надоместок на имотот, додека за отворањето општинските власти добија грант од ТАВ-Македонија. Останува да се види дали Арифи ќе успее да го исполни ова ветување во текот на овој мандат. https://mk.tv21.tv/rusheneto-na-kukite-na-bulevarot-blagoja-toska-zapre-del-od-zhitelite-ne-gi-napushtaat-domovite-baraat-poveke-pari/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Порталб: Општина Тетово не го исполни даденото ветување за „Индустриска“
Иако во јануари 2021 година вети, општина Тетово сè уште го нема реализирано барањето на протестантите за улицата „Индустриска“ во градот, за меѓусебно физичко раздвојување на двата правци на сообраќај во истата. Одборот на протестанти бара поделбата да се направи итно, а од општината велат дека тие ја буџетирале изградбата на жардиниерата и според нив, работата ќе започне откако ќе се избере економскиот оператор, пишува Порталб.мк. Поминаа скоро седум месеци од протестот на жителите од населбата „Индустриска“ поради трагичната несреќа, при што животот го загуби едно 6-годишно девојче. Општина Тетово тогаш ги прифати сите барања и вети дека за кратко време ќе се започне со работа, сепак денес најважното барање на протестантите и понатаму е неисполнето. Бесијан Лека од Иницијативниот одбор за регулирање на „Индустриска“ вели дека досега се исполнети некои од барањата како што се: поставување пречки за зголемување на брзината, вертикална и хоризонтална сигнализација, а семафорот кај училиштето „Кирил и Методиј“ стана функционален. Неостварено ветување е физичката поделба помеѓу двете насоки на сообраќај, што е најважното прашање за „Индустриска“. „Без поделба, ниту една работа што е направена нема смисла. Се предвидува поделбата да се изврши долж целата улица „Индустриска“, а да се остави простор само кај пешачките премини. Така граѓаните, особено децата, би биле принудени да ја поминат улицата на места предвидени за тоа, со што ќе се зголеми безбедноста и на пешаците и на возачите“, рече Бесијан Лека. Иницијативниот одбор за регулирање на „Индустриска“ итно бара да се направи поделба на улицата, бидејќи на лето се зголемува ризикот од повторна појава на фатални несреќи, затоа што со доаѓањето на иселениците се зголемува и сообраќајот . Од општина Тетово за Порталб.мк рекоа дека планот за физичка поделба на двете насоки на сообраќај долж Индустриска е направен, и дека со последниот ребаланс ја буџетирале изградбата на жардиниерата во дел од Индустриска, во вредност од два милиони денари. „Многу наскоро ќе се отвори постапката за набавка, за избор на економски оператор и по завршувањето на овие постапки ќе се започне со работа, односно ќе се реализира физичкото раздвојување помеѓу двете насоки на сообраќајот, што ќе придонесе за зголемување на безбедноста на пешаците во сообраќај“, изјавија од општина Тетово. Инаку, во однос на безбедноста на улицата Индустриска, Порталб.мк на терен беше сведок како некои возила преминуваат од една во друга насока, прекршувајќи ги сообраќајните правила, и со тоа, претставуваат опасност во сообраќајот. Потсетуваме, дека ветувањата на градоначалничката Теута Арифи беа дадени по протестите на жителите од оваа населба, а кои беа поттикнати како резултат на трагичната несреќа во оваа улица, при што животот го загуби 6-годишно девојче. Несреќите на оваа улица се чести, сепак општинските власти досега немаат преземено никакви мерки самоиницијативно за нивно избегнување. https://meta.mk/portalb-opshtina-tetovo-ne-go-ispolni-dadenoto-vetuvanje-za-industriska/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Порталб: 5 месеци пред изборите, од Општината велат дека ќе се отвори булеварот „Благоја Тоска“ во Тетово
По скоро осум години непроменета состојба, шест месеци пред изборите, Општина Тетово се активира за да ги заврши работите на булеварот „Благоја Тоска“. Од општината вчера соопштија дека експропријацијата на сите имоти е завршена додека на сопствениците им е врачена одлуката за уривање на објектите и дека овој булевар ќе биде отворен за време на овој мандат. Новинарот на Порталб.мк вчера беше на терен, каде што утврди дека работите за отворање на булеварот сè уште не се започнати. Општина Тетово уште нема срушено ниту една куќа за отворање на булеварот „Благоја Тоска“, што се ветува уште од кампањата на сегашната градоначалничка Теута Арифи во 2013 година. Сепак, од Општината веруваат дека до крај на мандатот булеварот ќе биде отворен. „Експропријацијата е извршена. Одлуките за рушење им се доставени на сопствениците, и доколку излезете на терен ќе забележите дека некои од нив почнале сами да ги рушат објектите. Објектите што не ги срушиле сопствениците ќе ги сруши општината. Да, за време на овој мандат“, изјавија од Општина Тетово. Образложението на општината за незапочнување на работите е имотно-правниот спор меѓу двајца членови на едно семејство. Еден од нив за Порталб.мк вчера изјави дека не е точно дека тој го попречува почетокот на работите. Новинарот на местото на настанот разговараше со една од страните која, според општина Тетово, е една од причините за незапочнување со работа на булеварот и формирање на комисија за „Благоја Тоска“. Според него, конфликтот што го има со еден член од неговото семејство не го попречува во ниту еден момент почетокот на работите за отворање на булеварот, тој потенцира дека тоа му го кажал и на претседателот на општинскиот совет, Беким Мемети. „Да, вистина е дека има имотно-правен судир, постои тенденција да се изгради нешто незаконско без моја согласност, што не е дозволено. Како и да е, јас никогаш не би спречил почеток на работите за булеварот Благоја Тоска, дури го охрабрувам почетокот на работите, и изјавите од општината не се точни“, рече тој за Порталб.мк. Општина Тетово постојано ветува, но не ги открива причините зошто работите се одолговлекуваат Општинските власти и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, постојано го избегнуваат прашањето зошто работите на терен за уривање на зградите сè уште не се започнати, со оглед на тоа што експропријацијата на зградите беше завршена, а жителите се обесштетени за ова. „Комисијата за Благоја Тоска“ одржа само една средба, и понатаму е неефикасна. Со цел да се „смират страстите“ на незадоволните жители од обесштетувањето поради уривањето на нивните куќи, општина Тетово на 28 јануари формираше комисија за „Благоја Тоска“. Иако оваа комисија е формирана пред повеќе од три месеци таа, досега, само еднаш била на терен за да разговара со жителите на населбата, и тогаш, според информациите на Порталб, разговорот не дал никаков ефект. Истакнуваме дека доколку оваа комисија не стане функционална за да склучи договор помеѓу горенаведените незадоволни страни, постои ризик нивната постапка да оди на суд и со тоа има ризик да се одложи процесот на отворање на булеварот. Кои се членовите на „Комисијата за булевар Благоја Тоска“? Порталб.мк ја обезбеди одлуката за формирање на комисијата, во која се наведени имињата на членовите кои треба да излезат на терен и да ги решат конкретните спорови за отворање на булеварот, а во одлуката се потенцираат и обврските на истата. Станува збор за вкупно 7 члена, меѓу кои: Беким Мемети (ДУИ), Горан Јовановски (ВМРО-ДПМНЕ), Бесар Дурмиши (Движење БЕСА), Ариф Селами (АА), Аднан Билали (ДПА), Живе Алексовски (СДСМ), Минире Адеми (ДУИ). https://meta.mk/portalb-5-meseci-pred-izborite-od-opshtinata-velat-deka-kje-se-otvori-bulevarot-blagoja-toska-vo-tetovo |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Сообраќаен метеж на улиците во Тетово, општината како да нема конкретни планови
Гужвите во сообраќајот во Тетово станаа секојдневие. Нервозни возачи, редици автомобили. За да стигнете до посакуваната дестинација во градот потребно ви е двојно повеќе време од предвиденото. Нема и доволно места за паркирање. Дополнително се очекува зголемување на метежот во летните месеци, кога се очекува исселениците да го посетат градот, со оглед на фактот дека рестриктивните мерки се олабавија. Новата велосипедска патека и јавниот превоз ќе го ублажат проблемот, вели градоначалничката Теута Арифи, иако автобусите кои пристигнаа пред 4 месеца, се уште стојат паркирани во кругот на пожарната. Наместо на пролет, сега се најавува дека во лето ќе бидат ставени во функција. За немањето доволно паркинг простор решение требаше да биде изградба на катни гаражи, но и тоа е одложено. Општината го стопирала процесот на изградба на првата предвидена гаража во центарот на Тетово, бидејќи дел од граѓаните изразиле незадоволство. https://telma.com.mk/2021/05/24/сообраќаен-метеж-на-улиците-во-тетово/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Споредните улици во Тетово во лоша состојба, Општината ветува: Почнуваме со работа за 10 дена!
https://alsat.mk/mk/sporednite-ulitsi-vo-tetovo-vo-losha-sostojba-opshtinata-vetuva-pochnuvame-so-rabota-za-10-dena/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Me the Minister of Finance Mr. Fatmir Besimi today we also solemnly promoted the continuation of the Industrial Boulevard in Tetovo.
Project includes: - Two traffic lanes with a width of 7 m and 671 m length - 2.5 m wide sidewalks on both sides of the road - A green area in the middle of 3 m wide - New water supply line with 645 m length - Collector for atmospheric waters with a length of 624 m - Road LED lighting-26 pillars with 12 m height installed in the green area of the boulevard - Construction of roundabout and horticultural arrangement along the boulevard ![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/teutaarifiofficial |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 7> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |