![]() |
![]() |
![]() |
Манастир Света Петка - Цапари |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Author | |
zoran_capari ![]() Newbiе ![]() Joined: 02-Mar-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
После долг период започната е реставрација на манастирот "Света Петка" во Цапари.
Реставрација на Конаците на Манастирот Света Петка После еден век се врши целосна реконструкција и адаптација на Манастирските Конаци Света Петка - Цапари. Целиот проект кој е одобрен од Министерството за Култура на Република Македонија изнесува 10.700.000 ден или 174.000 €. И покрај големата висина на сумата Црковниот Одбор мораше да пристапи кон реализација на проектот. Моментално се располага само со половина од сумата доволно само да се препокријат и заштитат Конаците. Манастирот е споменик на културата од прв степен, па затоа тој и припаѓа на цела Македонија. Ве молиме доколку сте во можност да донирате средства, да ги донирате на жиро сметката на Манастирот(Види Подолу). Реставрација на покривот на Црквата Света Петка После пожарот 1995 година од Црквата останаа само ѕидовите. Со помош на благочестивите верници во нашата татковина и во дијаспората црквата беше обновена. Меѓутоа со време покривните плочи се лизнаа и кровот протече. Поради тоа треба да се прередат плочите и да се зацврстат за кровот. Зафатото чини околу 8000 Евра. Кој може и сака да помогне може да донира средства на жиро сметката на манастирот (Види Подолу). Кој сака да донира парични средства за Манастирот Св.Петка тоа може да го стори на следнава жиро сметка: Ж.С: 500-0000005471-07 ПППЕ-Битола-Манастир Св.Петка С.Цапари Стопанска Банка - АД Битола Средствата ќе бидат наменски вложени во подобрување на инфраструктурата на храмот, обновување на службените садови, обновување на богослужбените книги, обновување на конаците и друго. Edited by zoran_capari - 03-Mar-2011 at 00:24 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |