![]() |
![]() |
![]() |
Станбен објект-Црниче(бивша Куќа на стравот) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Author | |
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Имаме некои постари текста за ова, јас памтам два во реконструкција нишката, додека не сме ги префрлиле. Ова оддамна се зборуваше за заштита а и штета е да не се заштити зашто е ретка ваква куќа, таа кај кочо рацин ја знам, слична е, некако посочувана ми изглед аи е кафеава. Во зеленава имам влезено, цела е лом, депонија, горе куполата од внатре се распаѓаше, барем тоа беше оддамна пред многу години. Инаку куќата е како со некои одвоени влезови два, напред има нешто како кружна просторија што мислам дека не е врзана со другите простории.
|
|
![]() |
|
toasumjas ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 25-Jun-2010 Location: Skopje/ljubljan Online Status: Offline Posts: 434 |
![]() ![]() |
И до ОУ Кочо Рацин има уште една слична ваква куќа.
|
|
![]() |
|
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
Ја отворам темава со вест која верувам сите ќе ја прифатат позитивно: Управата за заштита на културното наследство покренала постапка за заштита на овој интересен објект.
Никој не се осмелува да го разбива проклетството на куќата на стравот во Црниче![]() Легендата за зелената куќа-замок на улица Востаничка во населбата Црниче, која датира од пред Втората светска војна, вели дека ја бие проклетство и секој кој ќе се всели во неа ќе заврши трагично. Според локалното население, повеќе браќа кои живееле во неа делеле заедничка несреќна судбина, која се верува дека била поврзана со лошата карма на нивната куќа. До денес, никој, освен зависниците од дрога, не се осмелува да влезе во куќата. - Меѓу нас е позната како куќа на стравот. Прикаската за ужасната судбина што ја носи оваа куќа се пренесува од генерација на генерација. Херојско дело беше порано меѓу децата ако некој влезе макар и во дворот на замокот, но, сега е претворена во дувло на зависници од дрога - вели жител на Црниче. Управата за заштита на културното наследство отвори инцијатива за заштита со закон на зелениот замок, кој со својата градба се издвојува од скопската архитектура и го привлекува вниманието на секој минувач. - Сé уште немаме добиено решение за заштита. Ја разгледуваме секоја можност, но, во зависност од тоа што ќе одлучат стручните екипи, ние ќе дејствуваме - изјавија од НУ Конзерваторски центар- Скопје. Куќата е препродавана повеќе пати, но, никој од новите сопственици не се осмелува да преземе какви било активности за нејзина реконструкција. Во Црниче се шпекулира дека сепак се работи многу повеќе за нерасчистени имотно-правни односи отколку за страв од духовите кои ја прогонуваат. Сепак, кој и да биде последен сопственик што ќе реши да ја реконструира, Конзерваторскиот центар ќе се обиде да издејствува да се имплементираат делови од постојната градба за куќата да го задржи уникатниот стил. - Имаме комплетна техничка документација за постојната состојба, која ќе послужи во реконструирањето на новиот објект. Ние ќе наложиме во новата градба да се имплементираат делови од старата - велат од Конзерваторскиот центар. Извор: http://www.plusinfo.mk/vest/8709/Nikoj-ne-se-osmeluva-da-go-razbiva-prokletstvoto-na-kukjata-na-stravot-vo-Crniche |
|
The only thing necessary for the triumph of evil is for good men to do nothing.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |