![]() |
![]() |
![]() |
Цени на станови |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 8> |
Author | |
builder-ot ![]() Senior Member ![]() Joined: 21-Feb-2022 Online Status: Offline Posts: 112 |
![]() ![]() |
Краток прашалник со 4 прашања за цените на становите во Скопје:
Цени на станови - Скопје Доколку сте купиле стан, пополнете го прашалникот. Резултатите ќе бидат објавени јавно. Edited by builder-ot - 18-Oct-2023 at 10:05 |
|
< 2nd world >
|
|
![]() |
|
nouseforname ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 16-Dec-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 156 |
![]() ![]() |
може да ја објасниш графава што значи?
|
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
Ne samo vo germanija, pagaat i vo SAD i UK. Se čeka toj trend da stigne isekade. A imam čuvstvo deka najpoveke ke se zadržat na Balkanot. Na primer ova se cenite vo Novi Sad. Vo Belgrad se ušte povisoki, isto i vo Zagreb, Split. Kaj nas ne pagaat ni vo Skopje ni vo Ohrid. NO da počekame ušte nekoj mesec
|
|
![]() |
|
Machiavelly ![]() Newbiе ![]() Joined: 05-Jan-2023 Online Status: Offline Posts: 6 |
![]() ![]() |
Machiavelly
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Индекс на цени на станови, број на завршени станови и цени на трошоци на живот, по квартали, при што 2010=100. Податоците се преземени од НБРМ и ДЗС. За бројот на завршени станови има само годишни податоци, па ги распределив по квартали. ![]() |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
cipiripi432 ![]() Newbiе ![]() Joined: 05-Aug-2023 Location: Cipi Online Status: Offline Posts: 2 |
![]() ![]() |
Дали некој знае со каков квалитет е зградата на Трим и Лум на Прашка, таа кај што е Оселот?
|
|
![]() |
|
Atlantida ![]() Newbiе ![]() Joined: 24-Jul-2023 Online Status: Offline Posts: 2 |
![]() ![]() |
А во Белград и Нови Сад да не се платите нешто поголемо? Градот Скопје може да на периферија изгради типски модерни населби во стил на средна Европа (Како во Виена, Загреб итн) и да им даде можност на млади семејства, учителки, полицаи, пожарникари итн. да дигнат поволни кредити и по поволна цена да ги купат становите. Не мора секој да се набие во центар, како што не секој живее во Менхетан.
|
|
![]() |
|
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
А пари луѓето од кај да најдат во државава со мизерните плати? |
|
![]() |
|
Atlantida ![]() Newbiе ![]() Joined: 24-Jul-2023 Online Status: Offline Posts: 2 |
![]() ![]() |
Ги заборавив старите login информации па направив нов акаунт да споделам една информација со тебе. Во мојата зграда комшиата продаде 80 квадратен полунаместен стан за 1800€/м2
Цените во Скопје се и даље много ефтини кога ке ги споредиш со Белград, Нови Сад, Сараево итн. за 1400€/м2 не можеш више да купиш ни во Врање, а камоли Белград/Нови Сад. Така да по мене цените на новоизградени згради во широк центар на Скопје не требат да бидат испод 2000€/м2. Луге кои ефтино ги продават сввоите станови се за мене финансииски неписмени |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ ВО СКОПЈЕ УПОРНО РАСТАТ На годишно ниво растот изнесува 12,9%
Цените на становите во Скопје во вториот квартал годинава бележат раст од 1,6 проценти на квартално, а од 12,9 проценти на годишно ниво, објави денеска Народната банка. Во првиот квартал годинава цените на становите забалежаа раст од 18,8 проценти на годишно ниво, а од 1,3 отсто на квартално ниво. Во првиот квартал лани недвижностите поскапеа за 12,4 отсто на годишно ниво, по што следеше раст од 16,6 отсто во вториот квартал, од 21,2 отсто во третиот и од 20,6 проценти во четвртиот квартал. Народната банка го подготвува индексот на цените на становите за територијата на Скопје, врз основа на податоци кои се однесуваат на огласите за продажба објавени од агенциите коишто се занимаваат со промет со недвижности. [URL][https://plusinfo.mk/cenite-na-stanovite-vo-skop-e-uporno-rastat-na-godishno-nivo-rastot-iznesuva-12-9/[URL] |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
nenad ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Dec-2009 Online Status: Offline Posts: 741 |
![]() ![]() |
Светски тренд е цените на недвижностите да растат. Тоа е веројатно заради премнногу штампани пари после пандимеијата на Ковид 19, а можда и пред тоа. има многу евра, долари, франци на пазарот кои бараат начин да ја заштитат својата вредност. Тоа се прелева и кај нас, иако сме мал пазар (добар текст за состојбата во соседна Србија која важи за цел балкан). Малку по малку на тој балон му доаѓа крајот, каматите сега растат и постои ризик одеднаш кредитите да поскапат и целиот пазар на недвижности да падне. Државата треба да води сметка ѕа таа опасност
Edited by nenad - 25-Apr-2023 at 08:50 |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Единствено што ја билда цената на становите се ниските даноци на имот кој мора да се качи и да биде 100% да се слева во општински буџети. Ем ќе се реши проблемот со буџетите на општините, ем ќе се дестимулира купување замрзнат имот. Мора да се качи opex-от, за да нема толкава акумулација на средства кои потоа се јавуваат како capex. Проста економија.
Кое простачко размисување, да се укинеле комуналии. Па ако се укинат случано комуналиите, има стамбена побарувачка да рипне х3. Па тек тогаш нема да можеме со години да ја навјасаме побарувачката со понудата. Има цените одпрва у небо да отидат. Кои глупи политики и селско размислување владее, тоа чудо едно. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Комуналиите и ентерното уредување ја билдаат цената на станбениот квадрат
Колкав е предвидениот број на станови во изминатава година во Скопје? Кој е шампионот во градење нови станови? Според податоците на Државниот завод за статистика, во Скопје продолжуваат да никнуваат нови згради со нови станови во истите општини каде и претходните години се градело. Карпош е на првото шампионско место со 523 стана предвидени само во февруари годинава, во јануари имало 151, а во октомври 129 стана. Потоа следува Аеродром со предвидени 253 стана во февруари годинава и 215 во јуни лани. Гази Баба и Центар се тука некаде заедно, Гази Баба со 180 стана во април 2022 година, 168 лани во декември, 118 во ноември 2022, а Центар со 124 стана во ноември 2022, 102 во февруари 2023 и потоа скоро секој месец дали 60, дали 30 или 40 стана. Во Чаир се предвидени 132 стана во јули 2022, во Кисела Вода 94 во јуни 2022, а во Ѓорче Петров 67 во мај 2022. Скопјани велат дека населбите со вакво темпо на градење згради, намерно се претвораат во концентрациони логори. Архитектот Бато Радониќ вели дека цената на станбениот квадрат и натаму ќе расте. – Комуналиите се веќе покачени за 20 насто. Ако направиме споредба со цената на комуналиите која сејогаш се движела околу 10% од цената на квадратот на станот, јасно е на каде ќе се движат цените – нагласува Радониќ. И архитектот Димитар Грамос смета дека цените на становите ќе одат нагоре затоа што се смени стандардот и квалитетот на градење. – Тој стандард го сменија во ентериерното уредување странските инвеститори – лавабо со чизма, WC шолја на под, туш кабина вградлива, бојлер во бања, разни глупости во проектирањето што ги натера инвеститорите да инвестираат во добри проекти. Така што, ќе има се’ поквалитетни материјали, поквалитетни проекти и квалитетно живеење, само сигурно не поевтино – вели Грамос. https://www.vecer.press/комуналиите-и-ентерното-уредување-ја/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Tooold ![]() Groupie ![]() Joined: 22-May-2020 Online Status: Offline Posts: 84 |
![]() ![]() |
Нај фер фирма |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Цените на становите растат - интересот стагнира
Последниот раст на цените на становите ги тера купувачите да се подзамислат за купување нов стан. Но и натаму парите наместо во банка, ги инвестираат во недвижнини. Годишно во земјава се градат по околу 5000 нови станови, додека третина од веќе изградените зјаат празни. Цените на становите се вивнаа „до плафон“, додека во земјава секој трет стан е празен, а годишно во просек се градат по околу 5000 нови станови. Прво пандемијата, а потоа руската воена инвазија во Украина донесоа висока инфлација, па „инвестирањето“ во недвижности и покрај цената, за многумина се гледа како најдобра опција. Меѓу нив е и семејството на скопјанецот Златко, кое живее во приградска населба, но сега купуваат стан во скопски Аеродром, во непосредна близина на Транспортниот центар. 40-годишникот за РСЕ вели дека вака станот ќе остане за децата, а во спротивно заштедените пари може да бидат изедени од инфлацијата. „Имаш некој денар на страна, не знаеш што да правиш со него и го вложуваш во недвижен имот. Тој имот можеби ќе ти донесе некој бенефит од кирија, од рента“, вели Златко. Објаснува дека оваа одлука ја донеле пред две години, кога првпат склучиле договорот за станот, по цена од 1000 евра за квадрат. Но почетокот на изградбата доцнела, па од компанијата лани само ги известиле дека цената се променила, и ако се уште сакаат стан во зградата, ќе мора да платат по 1300 евра за квадрат. Прифатиле, бидејќи веќе било тешко да се најде стан на посакуваната локација, исплашени од уште поголемо поскапување. ![]() https://www.slobodnaevropa.mk/a/цените-на-становите-растат---интересот-стагнира/32319525.html |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Leo ![]() Groupie ![]() Joined: 02-Mar-2022 Online Status: Offline Posts: 99 |
![]() ![]() |
Почитуван г-дине, Ви благодариме за интересот за новиот комплекс 4 степени. Цената на становите е следна: становите кои имаат источна ориентација и поглед кон бул.Србија се со цена од 1300 еур/м2, становите кои имаат западна ориентација и поглед кон фабриката Жито Лукс се со цена од 1250 еур/м2. Овие цени се за плаќање во готово или преку кредит од банка. Доколку плаќате на 3-4 рати најкасно до крајот на изградбата цената се зголемува за 50 еур/м2. Цена за паркинг место: 4000 еур - паркинг на ниво -2, 4500 еур - паркинг на ниво -1.
|
|
![]() |
|
MKDSTRUGA ![]() Senior Member ![]() Joined: 20-Jun-2018 Online Status: Offline Posts: 465 |
![]() ![]() |
Здраво, искрено мислам дека многу тешко ќе намалиш до 200 еур од м2. Пореално ми е измеѓу 50-100 еур дури и тоа е тешко, но зависи од инвеститорот. Ако одиш со кредит, секако ти треба предоговор со кој ќе аплицираш во банка. Во предоговорот убаво ќе наведеш дека се работи за капар во износ од 25%, за да бидеш заштитена во случај инвеститорот да го раскине договорот. Искрено ти препорачувам да се консултираш со адвокат, и самиот пред договор доколку е изготвен од адвокати на инвеститорот да го прегледаш со твој адвокат од доверба.
|
|
![]() |
|
Jasmina ![]() Newbiе ![]() Joined: 07-May-2022 Online Status: Offline Posts: 3 |
![]() ![]() |
Здраво на сите. Би сакала да купам нов сеуште неизграден стан и ми треба совет како да постигнам договор за поволна цена со инвеститорот. Во оваа фаза дали би било прифатливо да ми намали 200е од м2 доколку му исплатам (во готово) околу 25% од побараната прва цена? За остатокот би подигнал станбен кредит. Колку можам максимум да намалам од цената? Исто така ако може да ме информирате за потребната документација, предговор, имотен лист итн. кои треба да ги поседувам за да бидам законски покриена. Кои материјали за градба. изолација се поквалитетни, а кои се неповолни? Се работи за А1 градба. Ве молам за совет итно доколку некој има лично искуство или слушнал од друг може да ми каже.
![]() |
|
![]() |
|
пеперутка16 ![]() Newbiе ![]() Joined: 02-Feb-2023 Online Status: Offline Posts: 19 |
![]() ![]() |
премногу скапо, луѓето немаат пари да го купат, освен мафијата, лекарите, адвокатите и сите што сакаат да перат нелегални пари.
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 8> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |