![]() |
![]() |
![]() |
Археологија |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 10> |
Author | |
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Ова не е баш за Археологија но незнам која би била соодветна нишка за оваа вест.
Инаку ова парче од веста која ја спомнав вчера на средбата за тунелите (кој не се наоѓале баш во Гази Баба..), останатиот дел може да се најде на вест онлајн изданието и печатеното издание од 23.05.2013 http://www.netpress.com.mk/mk/vest.asp?id=129252&kategorija=1 еве линк и од електронското издание http://epress.com.mk/HomePageJournal.aspx?vesnik=vest&datum=2013/05/23 Edited by daci92 - 10-Jun-2013 at 09:16 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
МАКЕДОНИЈА СО НОВА ТУРИСТИЧКА АТРАКЦИЈА
Прв археолошки парк со владетелска гробница На локалитетот Градиште во селото Бразда (општина Чучер-Сандево) од вчера е отворен прв македонски археолошки парк на површина од околу 1000 квадратни метри. Во централниот дел на паркот се наоѓа објект за кој се смета дека е владетелска гробница од крајот на 5 век пред.н.е. ![]() Во подножјето на Скопска Црна Гора, на локалитетот Градиште во селото Бразда, (општина Чучер-Сандево) од вчера е отворен првиот македонски археолошки парк. Археопаркот Бразда се простира на површина од околу 1000 метри квадратни и во централниот дел се наоѓа владетелска гробница за која се смета дека потекнува од крајот на петиот век пред нашата ера. Од здружението Археологика и Музејот на Македонија, партнери во проектот, велат дека ова е само прв дел од активностите кои се преземени со цел да се промовира еден археолошки локалитет и да се доближи до јавноста. Проектот го започнавме минатата година. На овој дел од локалитетот кој е многу поголем, е откриена гробницата која претставува уникатен објект токму поради архитектурата и материјалот што е користен. Камените блокови од кои е изградена гробницата се обработени на посебен начин и тешки се и по неколку тона. Таков камен нема во близина и се смета дека е донесен од оддалеченоста од над 20 километри, што укажува дека се работи за битно семејство", вели археологот Радомир Ивановиќ од Археологика". Пред гробницата е направен плоштад кој е хортикултурно уреден, со пристапен пат и два моста, а поставени се и клупи, информативни табли и патокази. Според Ивановиќ од денеска ќе биде поставен и веб сајтот на паркотwww.arheoparkbrazda.mkна кој се наоѓа и мапа за полесно да се стаса до локалитетот. ![]() Локалитетот Градиште, с. Бразда е познат од 1986 година и од тогаш се истражува со поголеми или помали прекини. Паркот е само дел од локалитетот на кој е откриена оваа гробница. Иако е таа ограбена можеби уште во античко време, сепак, претставува уникатен објект со скали и приод кон влезот, има и интересна околина во која се наоѓаат и други гробници, што укажува и на други можности, дека објектот е светилиште, или дел од градскиот бедем, што понатаму ќе се открива при ископувањата. Затоа сакавме овој дел да го уредиме за посетителите и нормално да влезе во туристичката понуда на Македонија, а понатаму да уредиме и други делови од локалитетот", вели археолог и виш кустос во Музејот на Македонија, Горан Санев. Проектот според археолозите Ивановиќ и Санев е реализиран со финансиска поддршка на АД ЕЛЕМ. (Д.Т.) http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=77C42AA7480210479CCA71E9EC18490D |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
Почеток на археолошките истражувања во Стоби
Во текот на минатата седмица Националната установа Стоби, под раководство на м-р Силвана Блажевска, ги отпочна археолошките ископувања на локалитетот како дел од капиталните проекти на Владата на Р. Македонија за систематски истражувања. Овогодинешната кампања опфаќа работа на западната некропола и театарот, каде што се вршеа истражувања и во минатите сезони. На западната некропола продолжува со ископувањето на гробовите во близина на Порта Хераклеја, додека на театарот се ископува источната половина на централниот циркуларен коридор со цел да се документираат архитектонските карактеристики на овој дел од објектот и неговата употреба во различни периоди. Во рамките на истиот проект, во текот на мај, ќе отпочне и конзервација на мозаикот од Старата епископска базилика. По завршувањето на ископувањата, во јуни, ќе се одвива проект за конзервација на источната половина на гледалиштето на театарот (ima cavea), финансиран од Министерството за култура во рамките на Годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за 2013 година. Во програмата влегуваат и уште четири проекти на НУ Стоби за конзервација на керамика, стакло, метал и камена пластика, како и изготвувањето на два конзерваторски проекти за објектот Полукружен плоштад и мозаикот во Крстилницата од Епископската базилика. Во текот на јуни, како дел од соработката со фондацијата Балканско Наследство, ќе се одвиваат и две интернационални работилници за конзервација и документација на мозаици и римски керамички садови. Како и во минатите години, во текот на август ќе се одвива интернационалната теренска школа за археологија http://cooltura.mk/?p=29771 |
|
![]() |
|
zdravozivo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2012 Location: Kavadarci Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
3D визуелизација на објект во Стоби
|
|
![]() |
|
daci92 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Dec-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1937 |
![]() ![]() |
Според Гугл мапи се наоѓа под Стенковец односно помеѓу Горно Оризари и Чучер Сандево.
|
|
![]() |
|
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
Ова село бразда би требало да биде некаде близу Скупи ако не е лажам ?
|
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
![]() |
|
zdravozivo ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2012 Location: Kavadarci Online Status: Offline Posts: 211 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Во прилепско пронајдена мермерна скулптура од 2 векВо обид да се откријат темелите и да се возобнови стара црква напуштена пред повеќе од 200 години мештани од прилепското село Тополчани пронајдоа мермерна скулптура, која потекнува од вториот век и преставува препознатлив белег на античкиот град Стибера близу Чепигово, оддалечен само неколку километри од ова село. ![]()
Скулптурата
била во темелите од овој православен храм, и според црковните книги
станува збор за некогашната црква вознесение Хрстово Свети Спас.
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=43&egId=17&eventId=10377413.01.2013, 17:34
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Конзервација на мегалитската опсерваторија Кокино
Четврток, 13 Септември 2012 19:18 Споделете ја веста со Вашите пријатели Идната недела ќе почне археолошко истражување, а потоа до крајот на октомври и конзервација на светилиштето на Мегалитската опсерваторија Кокино, информираа надлежните од Музејот Куманово. ![]() - Конзервацијата го опфаќа светилиштето и ѕидот кој него го опркужува. Овој простор треба да се подигне на околу еден метар за да биде видлив за посетителите. Ќе ги конзервираме и неколкуте кружни форми каде што биле поставувани заветни дарови, изјави Јовица Станковски, директор на музејот. Надлежните инфромираат дека ќе се конзервира и платформата од која се набљудуваат соѕвездијата. Конзервацијата која се спроведува со финансиска поддршка на Министертвото за култура се очекува да заврши до крајот на октомври. http://kurir.mk/republika/opstini/84398-Konzervacija-na-megalitskata-opservatorija-Kokino- |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Струшкиот Музеј пронајде 25 вековна некропола во Ташмаруништа
Четврток, 26 Јули 2012 17:39 Споделете ја веста со Вашите пријатели Природнонаучниот музеј „Д-р Никола Незлобински“ од Струга изминатите два месеца интензивно работи на археолошкиот локалитет во селото Ташмаруништа. ![]() Истражувањата, според директорот на Музејот Сашо Цветковски, покажале дека се работи за некропола која датира од VII, односно VI век пред нашата ера, која е распространета на местата на сегашните приватни имоти. -Оваа година ја завршивме целината на некрополата. Тоа е голема некропола која со тек на времето се декомпозирала, во смисла на тоа што луѓето ги изнесувале камењата, зошто се работи за приватни дворови, односно парцели и незнаејќи ги ваделе и ги фрлале. Сега, факт е целината, а пред се обемот и периметарот останаа проблематични, истакна Цветковски. Првичните податоци од истражувањата, рече, ги потврдуваат претпоставките на археолошкото одделение на Струшкиот музеј дека овој локалитет континуирано опстојувал речиси дваесет и пет века. -Наодите потврдуваат еден континуитет од седмиот век. Тоа се многу реалистични и убави наоди кои говорат дека тука се опстојувало повеќе векови, информира директорот на Музејот во Струга. Тој додаде дека жители на селото Ташмаруништа пројавиле голем интерес за анимација на овој интересен археолошки локалитет. http://kurir.mk/republika/opstini/79205-Struskiot-Muzej-pronajde-25-vekovna-nekropola-vo-Tasmarunista |
|
![]() |
|
mladen_s ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-May-2010 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 407 |
![]() ![]() |
Ќе издвојам две реченици..
„..Тоа е најстар зачуван фрескоживопис во Македонија и меѓу најстарите во светот..“ „..Амбасадата на САД обезбеди 72.600 долари преку Амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство..“ Кога ќе погледнеме колку пари се рафрлаат на „градење на идентитет“, последно нешто што треба да го дозволиме е ова да го плаќа некој друг. Затоа и не треба да протестираме кога тој другиот прават некакви други кампањи од типот „ти не си прасе“.. Edited by mladen_s - 18-May-2012 at 16:21 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
ФОТО: Фрескоживописот од базиликата во Стоби изложен во НБРМ
Петок, 18 Мај 2012 14:15 Сподели Споделете ја веста со Вашите пријатели Во Народната банка на Република Македонија денеска беше отворена изложба на која првпат пред јавноста се претставени 20 уникатни фрагменти од 4 век од нашата ера, кои биле дел од внатрешните ѕидови од епископската базилика во Стоби. Тоа е најстар зачуван фрескоживопис во Македонија и меѓу најстарите во светот. ![]() За зачувување на фреските во најстарото христијанско светилиште во Македонија, во базиликата во античкиот римски град Стоби, Амбасадата на САД обезбеди 72.600 долари преку Амбасадорскиот фонд за заштита на културното наследство од посебната програма на Стејт департментот. Со помошта на САД фреските беа конзервирани и делумно реставрирани. Отворајќи ја изложбата со наслов „Ранохристијанското ѕидно сликарство од Епископската базилика во Стоби“, министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека во изминатите неколку години интензивно и систематски се истражувал археолошкиот локалитет и дека се откриени остатоци од храмови и илјадници движни предмети. - Посебно богатство на локалитетот Стоби се фреските од фрескоживописот кој ги красел ѕидовите на базиликата и крстилницата, како и фрагментите од подниот мозаик и прекрасниот мермерен кантарос во кој во текот на 6 век било вршено крштавање. Уште од времето на нивното откривање од американскиот професор, археологот Џејмс Вајсман во 1970-тите години, па се до денес, со своето непроценливо значење овие фрески и нивните делови кои чудесно опстанале под пластовите на земјата одолевајќи му на времето цели 17 векови, се предмет на научен интерес на многу македонски и странски истражувачи, истакна Канческа-Милевска. Американскиот амбасадор Пол Волерс рече дека Стоби е пример за богатата историја и култура на Македонија, за чие зачувување Амбасадата на САД во Скопје обезбеди два гранта преку Американскиот фонд за заштита на културното наследство. Покрај овој за базиликата, во 2003-та беше финансирано и ископувањето на Римскиот форум во Стоби. ![]() - САД се гордеат со партнерството што го имаме со Македонија за зачувување и заштита на културното богатство, какво што е ова, бидејќи имаме заедничка цел, а тоа е да им овозможиме на идните генерации од целиот свет да ја ценат нивната убавина и историја, рече Волерс. Гувернерот Димитар Богов истакна дека преку работата на својот музеј Народната банка на РМ, по примерот на централните банки во светот, постепено се етаблира и како значаен трезор на нумизматичката културна оставнина на цивилизациите што егзистирале на оваа почва. За изложениот фрескоживопис од Стоби, пак, рече дека историјата на уметноста ги смета за ексклузивитет од огромно значење и оти овој вид уметничко творештво го нема во поширокиот ареал на европското копно. - Народната банка е почестена од укажаната доверба да биде домаќин на оваа изложба која, се надевам, во текот на следниот месец ќе претставува интригантен културен настан за пошироката јавност, рече Богов. Изложбата е отворена на Светскиот ден на музеите - 18 Мај, а галеријата во НБРМ е избрана за нејзин простор поради 20 години од монетарното осамостојување на државата. Токму фрагмент од локалитетот Стоби - паунот на подниот мозаик - е претставен на банкнотата од 10 денари, дизајнирана од уметницата Билјана Унковска. НБРМ е поврзана со Стоби и по тоа што на локалитетот е откриена и најстарата ковачница на пари во регионот. http://kurir.mk/makedonija/vesti/71394-FOTO-Freskozivopisot-od-bazilikata-vo-Stobi-izlozen-vo-NBRM |
|
![]() |
|
stobi ![]() Newbiе ![]() Joined: 07-Jun-2011 Location: ljubljana Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
Makedonija
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Скулптура стара 19 века откриена во Стоби
Петок, 20 Април 2012 16:00 Сподели 291 Споделете ја веста со Вашите пријатели Националната установа Стоби известува дека изминатава седмица во рамките на археолошките истражувања на храмот во Стоби е откриена мермерна скулптура од 2-от век н.е. со претстава на божицата Изида. ![]() Скулптурата со височина од преку 2 метри е ремек дело на античката уметност, но нејзиното значење е уште поголемо поради фактот што конечно после четири години истражувања, со сигурност е определено божеството на кого му бил посветен сакралниот објект. За постоењето на храм на Изида во Стоби сведочеше еден натпис, откриен во 1977 година, но се до 2008 година не беше позната неговата локација. Изида е египетско божество чиј култ се проширува во Македонија и Медитеранот во текот на хеленистичкиот период и е актуелен до почетокот на доцната антика и доминацијата на христијанството. Во хеленистичкиот и римскиот период нејзиниот мистериски култ е синкретички и вклучува елементи и атрибути од други познати божици во грчко-римскиот пантеон. Таа најчесто е почитувана заедно со богот Серапис како мајка на целата природа, божица на небото, морето и подземјето. Култот на Серапис е исто така потврден во Стоби. Досега во Р. Македонија се познати две мермерни скулптури на Изида, откриени во Охрид. Храмот во Стоби е единствениот истражуван објект во Република Македонија во кој бил негуван култот на оваа божица. Археолошките доистражувања на храмот и конзерваторските зафати се финансирани од Министерство за култура во рамки на годишната програма за остварување на националниот интерес во културата за 2012 година. http://www.kurir.mk/makedonija/kultura/68405-Skulptura-stara-19-veka-otkriena-vo-Stobi |
|
![]() |
|
kiroo ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 21-Aug-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Да во
Охрид Самуилова трвдина. Шлемот е бронзен од 4-ти век п.н.е.
Edited by kiroo - 01-Jan-2012 at 20:40 |
|
![]() |
|
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
Овој шлем кај нас ли е пронајден?
|
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
![]() |
|
kiroo ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 21-Aug-2011 Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
![]() |
|
![]() |
|
kultuzin ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 3811 |
![]() ![]() |
МОЖНОСТИ ЗА МАKЕДОНИЈА ДА ГО ВРАТИ ВРЕДНИОТ ЕKСПОНАТ ДОМА
Ќе се бориме за двојна сопственост врз кратерот Постои двојство во чувањето такви вредности. Три години да биде изложен во колекцијата „Леви/Вајт“, три години да биде на местото каде што е пронајден кратерот. Да го имаме на располагање толку време, и со тоа би бил пресреќен, вели Паско Kузман, директор на Управата за заштита на културното наследство Три години во Соединетите Американски Држави, па три години во Македонија може да биде изложен бронзениот кратер од демиркапиското село Kорешница, кој бил диво ископан и изнесен од земјава пред петнаесетина години, а денес се наоѓа во приватната колекција „Леви/Вајт“ во Њујорк. Ова е една од можностите што може да се разгледува ако Македонија не успее да го врати вредниот експонат од 5 век пред новата ера дома, информираат експертите за заштита на културното наследство. Директорот на Управата за заштита на културното наследство Паско Kузман има контакт со адвокати од Италија што добиле неколку судски спора за спорни артефакти од истата колекција. Неколку од нив ~ биле вратени на Италија. Сепак, поизвесно е дека првиот чекор на Македонија до Шелби Вајт, сопственичка на кратерот, ќе биде пријателски. - Никогаш не сме добиле некој предмет на реституција. Но, постои двојство во чувањето такви вредности. Три години да биде изложен во колекцијата „Леви/Вајт“, три години да го даде на местото каде што е пронајден кратерот. Да го имаме на располагање толку време, и со тоа би бил пресреќен - вели Kузман. „Дневник“ го истражува случајот со вредниот артефакт од архајски период за кој јавноста пред неколку години дозна дека е пронајден во Kорешница и по тајни канали е пренесен во Белград, па во Швајцарија, каде што неофицијално бил „испран“. „Дневник“ објави како се одвивал патот до Белград, но нејасно е на кој начин предметот добил документи и бил продаден во приватната колекција во САД. Странците се информирани за случајот Kузман повеќе се надева на варијантата двојна сопственост. Ако Американците го купиле кратерот неколку милиони долари, тешко е дека лесно ќе го отстапат. - Да го имаме кратерот три години во Археолошкиот музеј... тоа е фантазија! Ќе го видат сите, потоа три години нека биде во САД и таму ќе го гледаат. Не е ништо страшно, туку е една прекрасна соработка. Таа форма на двојна сопственост со добра волја може да се реализира. Најдобро е прво пријателски да се пристапи - вели Kузман. Првпат слушнал за кратерот пред околу пет години кога бил назначен за директор на Управата. Го посетиле двајца струмичани кои детаљно го информирале за ограбувањето на гробницата во Kорешница. Десетина дена подоцна му се јавил човек од Лондон, по потекло од Холандија, кој тврдел дека знае каде е кратерот и дека има намера да работи на негово враќање во нашата земја. - Ме заинтересира целата работа. Почнаа археолошки ископувања, беа откриени фантастични предмети што останале таму - вели Kузман. Има уште гробници Случајот со кратерот е пријавен во нашата канцеларија на Интерпол во Скопје, за да бидат во тек и да знаат за што се работи. Тие лани доставиле допис дека кратерот е вратен во Грција. - Тоа беше погрешна информација. На Грција ~ беа вратени два други картера. Во Солун се, ги видов неодамна. Ниту еден од нив не е кратерот од Kорешница - вели Kузман. По археолошките ископувања Управата за заштита ангажирала фирма од Охрид кои направиле длабински истражувања со недеструктивни, геомагнетни методи, за да ги детектираат промените на релјефот. - Доставија податоци за четири гробници на истиот простор. Бев таму и археолозите работеа на посочените места. Немаше ништо, секаде стигнуваа до здравица, наидоа само на еден средновековен гроб - раскажува Kузман. Годинава на локацијата работеше и фирмата „Геоархео“ од Хрватска. Според Kузман, тие мереле до 1,5 метар длабочина, а кратерот бил 3 метри длабоко закопан во земјата. - Нивната работа е добра за ископување на археолозите, но подлабоки истражувања тешко може да се направат со таква опрема - вели Kузман. Весна И. Илиевска http://www.time.mk/read/NONE/830457b80c/index.html |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
Претседателот на здружението е малку постар човек и не знам дали воопшто има електронска пошта. Ти останува повторно да се обидеш телефонски. Исто би можел да го контактираш/посетиш Нумизматичкиот музеј на Народна банка на РМ.
|
|
![]() |
|
systema ![]() Newbiе ![]() Joined: 23-Dec-2011 Location: veles Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Провав неколкупати да звонам да ги побарам но никој не одговара на телефонот нешто мајл за порака да им пишам или пак ако знаете точно кај се наоѓа и од колку до колку е отворено....поЗ
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234 10> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |