build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Пошумување

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 31-Mar-2010 at 21:20
Едни информација која е очајно потребна а новинарите наши не успеваат да ја обезбедат е на пример ваквите вести да ги проследат со процент на фатеност сите предходни акции, па да видиме каков е изходот на тие акции. Ако може и со слики да видиме колку тоа пораснало.

А ова за на улица Македонија срамота што се објавува ваква вест. Како да со закон е обврзувачки да се садат дрва. Остајте те ги луѓето на раат кафе да се напијат, неработен ден им е како сакаат нека го користат. После ќе идете ли по погони и канцеларии да ги сликате во некоја идна сабота. Не, тогаш некој вас ќе треба да ве слика во работен ден (сабота) како го правите истово, пиење кафе. Аиииииии се изнервирав. Како што летоска јавно што жигосуваа колку луѓе патувале за Грција, па уште во живо се јавуваа од "местото на злосторот" од граници. Ако не ве бива не значи дека треба да пополнувате вести со вакви глупости.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 31-Mar-2010 at 19:02

Македонија засади уште 7,5 милиони дрвца

Петтата акција на Денот на дрвото ја чини Владата околу 50 милиони денари

Петтата акција „Ден на дрвото - Засади ја својата иднина“ се реализираше вчера на 77 локации низ целата држава. На илјада хектари беа засадени околу 7,5 милиони дрвца. Илјадници граѓани го искористија убавото време и организирано заминаа да посадат дрвца, а голем беше бројот и на оние што самоиницијативно садеа во градските паркови или во своите дворови.

За садниците Владата одвои од буџетот околу 50 милиони денари, информираше премиерот Никола Груевски, кој дрво засади во месноста Три Круши во Скопје. Акцијата, потсети премиерот, почна по пожарите што ја зафатија Македонија во 2007 година. „Тогаш се роди оваа благородна идеја за пошумување, која сега далеку ги надминува границите на она што беше некогаш изгорено“, потенцираше Груевски. Притоа најави дека ќе се зајакнат контролите и казните за дрвокрадците, со цел да се заштити шумското богатство.

Срѓан Керим, специјален претставник на генералниот секретар на ОН за климатски промени и генерален директор на МПМ, ја оцени акцијата од исклучително значење за имиџот на Македонија во светот, бидејќи со неа граѓаните демонстрираат способност да направат нешто што не е само хумано туку и еколошки врвно и неопходно во светот. Керим засади зимзелено дрво „туја“ на Ајватовски рид кај Скопје.

„Со пошумувањето на нашите ридови и на нашата земја ние придонесуваме за почист и позелен свет, а тоа е еден од врвните светски приоритети“, додаде Срѓан Керим, кој од Борис Трајанов доби подарок црн бор, во знак на благодарност за медиумското покровителство на акцијата од страна на изданијата на „Медија принт Македонија“.

Акцијата за пошумување ја поддржа и претседателот Ѓорге Иванов, кој засади дрвца на локација кај велешкото езеро „Младост“ заедно со организаторите на акцијата. „Навистина сме горди што ваква акција доведува до сплотување и обединување, без разлика на верската, етничката и социјалната припадност“, рече Иванов.

Познатиот оперски пејач Борис Трајанов, главен иницијатор на акцијата, изјави дека како организатори се пресреќни, бидејќи се реализира по петти пат, но добива и регионални размери. „Особено не' радува што во акцијата се вклучија и нашите соседи од Албанија, Србија, Грција, Бугарија. Тие доаѓаат кај нас да садат на граничните премини и ние одиме кај нив. Од таа соработка ќе никне Алејата на пријателството“, истакна Трајанов.

На денот на дрвото, кој вчера беше неработен ден, гостиварските советници беа многу вредни. Додека илјада нивни сограѓани ги засадуваа голините на две локации, тие во општинската сала дебатираа по обемниот дневен ред од 18 точки. Заедно со нив работеше и општинската администрација. Во Гостиварско вчера беа засадени 70.000 садници бел бор на две локации на површина од 15 ха.

На четири локации во Прилеп беа засадени 160.000 садници. На 4.000 хектари во местата Песјобрце, Лениште, Селце и околу вештачкото езеро се садеа кипарис, багреми, јасен и црн бор. Со масовен одѕив на граѓаните за само два часа од почетокот на акцијата во Валандово беа засадени 12.000 дрвца на јавор и јасен. Во Гевгелиско во месноста Богорички Рид за рекордни четири часа беа засадени планираните 20.000 садници јасен, кипарис, багрем и црн бор.

Во месноста Бел Камен, битолчани на површина од 30 хектари засадија 90.000 садници бел бор и 30.000 млади садници со црн бор.

Жителите на Кочани за неколку часа пошумија површина од шест хектари со 12 илјади садници бор, аризонски кипарис и багрем.
http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=83095F8333893445B69CC76651B8AA40


А акцијата има и друга страна Roll%20eyes
Ден за улица Македонија или...
 
Вчерашниот неработен ден скопјани го минаа по пазарите, продавниците, кафулињата. На улицата Македонија вриеше како во кошница  
 
%20  
Сите во акција. Ама каква. Па нормално е човек да се запраша дали беше Ден на дрвото или за улица Македонија.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=331101040253&id=14&prilog=0&setIzdanie=21948


Edited by Cloverstack - 31-Mar-2010 at 19:03
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 18-Dec-2009 at 22:22
Bash

Уништените дрвца исчезнаа на мистериозен начин

Вчера немаше ниту трага од садниците; Калимерово кај Штип

Иван Бојаџиски


ШТИП - Илјадници дрвца црн бор наменети за пошумување на месноста Калимерово кај Штип, за кои „Утрински весник“ вчера објави дека биле фрлени во дол и уништени, исчезнаа на мистериозен начин. Вчера немаше ниту трага од садниците и од расфрланите гајби во кои се наоѓале дрвцата, на што укажа група штипски ловџии, кои вчера не' однесоа на терен. Луѓето со кои бевме на самото место, уште при скршнувањето од асфалтниот пат Штип-Радовиш, коментираа дека тука вчераутро поминале возила, на што упатуваа трагите во длабоката кал. Возејќи се по калливите патеки посетивме три локации на кои ловџиите, пред неколку дена, наишле на купишта фрлени дрвца, но вчера таму немаше ниту едно.

„Некој ги собрал сите фрлени садници и пластични кутии. Веројатно одговорните дознале за интересот на медиумите и успешно ги скриле трагите. Како совесни граѓани сакавме да укажеме на овој феномен, со цел такво нешто да не се повтори. Затоа што тоа и' нанесува голема штета на извонредната идеја Македонија да добие многу повеќе шумски појаси“, велат штипските ловџии.

Вчера рано наутро, пред да го побараме друштвото на ловџиите, бевме на посочениот простор. Станува збор за избраздена голина од 50 хектари, на која крајот не и' се догледува. Кога го разгледувавме теренот забележавме бела „лада нива“ со приколка и трактор во движење. Среде пошумениот терен снимивме големо стадо од над двесте овци како слободно се напасува на пошуменото подрачје. Експертите рекоа дека и овците може да им наштетат на младите дрвца и да ги уништат.

Вчера се обидовме да добиеме повеќе информации од шумското стопанство „Серта“, кое беше одговорно за квалитетно спроведување на акцијата на Калимерово на 13 ноември. Но, исто како и завчера, директорот Огне Јованов не беше достапен за медиумите. Сакавме да го дознаеме неговиот став во врска со информацијата што ја добивме од групата ловџии, кои се сериозни и почитувани граѓани на Штип.

Завчера изјава добивме само од Сенка Андреева, општински инспектор за животна средина, која рече дека од нас првпат слуша за проблемот и најави истражување до крајот на седмицата.

Во општина Штип, во рамките на четирите акции за пошумување, нова шума се садеше на четири локации. Засадени се околу 400.000 садници, по сто илјади во секоја акција. Работата комплетно беше промашена на локацијата „Трештена скала“, во близина на градската депонија, каде што оние што одлучувале за локацијата не воделе сметка дека станува збор за терен од земја смолница на која ништо не никнува.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=D458304F32087B48BE2F052243716CAD
Back to Top
Vladimir P View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
  Quote Vladimir P Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 13-Nov-2009 at 16:13
Originally posted by lslcrew

... ако се земело дека во просек се очекува 30% успешност. ...

Еве ја веста од предходните садења
Успешни над 50% од засадените дрвца

Сеад Ризвановиќ   
12.11.2009 18:04


Над 50 проценти од досега посадените 13 милиони дрвца во акцијата „Ден на дрвото“ се успешни, велат до здружението „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“.

Ден пред утрешната четврта акција за садење на нови садници, а новинарите од воздух можеа да видат каква е состојбата на пошумените локалитети каде садењето е најуспешно.

Заедно со другите новинарски екипи, А1 слета на локацијата кај Ајватовски Рид, за која се смета дека пошумувањето било најуспешно.

На местото Ајватовски Рид успеани се околу 86 проценти од садниците, што според експертите е извонреден успех.

Целта на акцијата е прочистување на воздухот од штетните емисии и зголемување на нивото на кислород.

Експертите велат ефектите од пошумувањето ќе ги почувствуваат идните генерации.

„Со зголемувањето на возраста, ефектите ќе бидат се поголеми и поголеми. Права шума некаде после 30-тата година“, вели Јане Ацевски, професор, Катедра за шумарство.

Освен успешните локации, постојат и такви каде пошумувањето не е успешно, тоа се скопските Сарај и Матка, Волково, Говрлево, Делчевската Борова Могила, Луков Врв, и други.

На тие места ќе се утврдува зошто садниците не успеале и пошумувањето доколку има потреба ќе се повтори во 2010 година.
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 13-Nov-2009 at 15:48
За нивото на успех на акцијата чисто од аспект на пошумување и јас имам сомнежи. Но акцијата има и друга битна димензија - развивање на свест и љубов за дрвата и шумите. Сметам дека баланс и најдобри резултати би се постигнале токму како што подолго се предлага, односно покрај оваа акција, надлежните институции повеќе да се посветени на континуирано пошумување и грижа за шумите.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 13-Nov-2009 at 15:34
Некаде слушнав на ТВ дека 30 годиншна бука со одпрликика 10-тина мери височина дава дневно околу 9000 литри свеж кислород и протоа одприлика толку јаглероден дисоксид апсорбира што ме изненади. Вака доволно е една бројка да ме израдува, иако акцијава е повеќе фама одколку суштина сепак и сууштината е во голема мера застапена. Процентото на успешност не знам да проценам стручно но од она што се кажуваше меѓу стручни кругови важи за солиден, ако се земело дека во просек се очекува 30% успешност. А за денешнава се очекувало нешто поголем процент зашто временските прилика биле идеални, имаше неколку дена предходно дождови и земјата е убаво наквасена, а сега е ведро и помалку сонце што дава надеж за поголема зафатеност на садниците.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 13-Nov-2009 at 15:11

„Македонски шуми“ бара помош





 

Допрва ќе се прави долгорочна стратегија за пошумувањето. Недостига и посебен фонд за шуми, кој ќе обезбеди континуитет на акцијата

 
 
%20  
Наспроти масовноста на еднодневните акции за пошумување, грижата за посадените дрвја останува на ЈП „Македонски шуми“. Претпријатието бара помош, оти со 3.400 постојано вработени и стотина привремени работници не може се да постигне да ги подготви терените за пошумување, да ги замени оштетените садници со нови и да направи пополнување таму каде што садниците ќе се исушат.

- Побаравме помош од државата, за одгледните мерки и новите насади да се вклучат и други институции. На пример, шумската полиција или социјалните случаи да помогнат за чување на шумите. Тоа би било во првите две-три години додека да се зафатат садниците. Потоа не би имало потреба - вели Наум Будевски, заменик - директор во „Македонски шуми“.

Проблем е и механизацијата. Булдожерите се стари по 15 - 20 години. Со тие дотраени машини сега требаше да се подготват за пошумување 3.800 хектари земја. Од 30 подружници, само 15 имаат сопствен превоз, автобуси или минибуси. Недоволно вработени за вакви акции има и во Државниот инспекторат за шумарство - институција која треба да ја надгледува и контролира работата на шумарите.

- По систематизација, Инспекторатот треба да има 52 вработени. Сепак, со сегашните 16 инспектори и 7 раководители успеавме се да исконтролираме. Некои од нив покриваат по неколку подружници на „Македонски шуми“, но се наоѓа време да се посетат сите локации - вели Игор Лазаревски, директор на Инспекторатот.


СО СЕКОЈ ОВЧАР ПОСЕБЕН ПАЗАР


Наоѓањето локации се покажа како проблем во пошумувањето. Организаторите бараат дрвцата да се садат на места поблиски до градовите за граѓаните да не пешачат многу и ефектите да бидат повидливи. Во шумските стопанства се жалат дека едвај наоѓаат места за пошумување - дел од земјиштето се приватни ниви или пасишта под концесија на кои не смее да се сади. Таму каде што тоа не се почитуваше, садниците ги изедоа овци и крави.

- Настојуваме локациите да бидат надвор од шума, односно на земјоделско земјиште од петта до седма класа, високи планински пасишта што не се користат. Тие ќе бидат пренаменети и на нив ќе се врши пошумувањето - вели Војо Гоговски, советник во Министерството за земјоделство.

Таму каде ќе се појави проблем, организаторите на акцијата се договараат со секој овчар поединечно за парцелите на кои планираат да пошумуваат.

- Побаравме шумските стопанства да ни кажат каде има трла и да ни дадат контакти со газдите за да разговараме со нив, заедно со претставници на Агенцијата за пасишта и „Македонски шуми“. Имаме прекрасно искуство од Ајватовски рид. Со сопственик на 250 грла добиток се договоривме каде ќе се сади, а каде ќе може да се напасува стадото. Во Велес се промени локацијата за да има каде да се напасуваат 2.500 грла овци - вели Борис Трајанов, иницијатор на акцијата.

За тековната акција спорни се десетина локации кои ги користат сточари. Со сите биле испитани можностите за поединечен договор. Сепак, таквите договори со сточарите парцијално го решаваат проблемот.

- Македонија треба да спроведе посебна политика за да ги претвори неискористените пасишта во шумски површини, или обратно - таму каде има потреба, шумата да се претвори во пасиште - вели Марјан Ѓорчев, поранешен министер за земјоделство.

Во земјава има околу 300.000 хектари пасишта и голини. Тие се доволни за 10 пати повеќе овци од тие што се сега во трлата.


ЌЕ СЕ ПРАВИ СТРАТЕГИЈА ЗА ПОШУМУВАЊЕТО


По четири спроведени акции, сега ќе се прави долгорочна програма за пошумувањето. Ќе се формира експертска група со претставници од министерствата за земјоделство и за животна средина, од Катастарот, од јавното претпријатие за пасишта и од шумарскиот факултет. Координатор ќе биде здружението „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“.

- Поучени од претходните акции, во кои бевме помалку ангажирани оти се одеше на масовност и на зголемување на свеста кај граѓаните, за следните акции се планира да се направи долгорочна програма. Точно да се знае за секоја година каде ќе се пошумува, со кои видови, а сето тоа проследено со глобалните еколошки климатски промени за пошумувањето да биде поуспешно - вели Јане Ацевски, професор на Шумарскиот факултет.

Последната програма за пошумување е од 1971 година. Траеше 20 години. Беа пошумени големи површини. Тогаш се плаќаше еколошки данок, кој сега го нема. Стручњаците апелираат да се направи посебен Фонд за шуми, за да се обезбеди континуитет и акцијата да не зависи од волјата на партијата на власт.

Сепак, акцијата ги размрда расадниците. Трите во Куманово, Струмица и Свети Николе беа осовремени со пари од продажбата на телекомот. Тие годинава произведоа 15 милиони нови садници. Нивниот капацитет не е до крај искористен. Опремата застаре.

- Шумарството не беше на цена сите овие години. Ништо не е вложено од 2002 година. Вложувањата почнаа од минатата година, кога почна реконструкција на некои објекти што беа занемарени - вели шефицата Весна Темелковска.

Од шест хектари површина, кумановскиот расадник искористува само еден хектар. Цената е од 10 до 15 денари за садница, што се определува според видот и семенскиот материјал.

- Дваесет години произведувавме само зимзелени шуми. Веќе се укажува потребата да се внесат листопадни видови, кои се форсираат во државите од ЕУ - вели Темелковска.




Колку се успешни акциите?

Инспекторат за земјоделство: По контролата на пробни површини, утврдивме дека во пролетното и есенското пошумување во 2008 година беа пошумени 2.500 хектари. Констатиравме зафатеност на садниците од 57, 5 отсто.

Јане Ацевски, Шумарски факултет: Имаме официјални бројки добиени од Инспекторатот. Ние не сме ги провериле на терен. Бројките се проверени од стручњаци, шумарски инженери, добиени на лице место. Би требало да им веруваме, тоа им е струка.

Борис Трајанов, иницијатор: Државната инспекција за шуми прави годишна инспекција.Се чека да поминат зимата и летото, па по тие две екстремни годишни времиња може да се види колку ќе биде вистинската зафатеност. Од друга страна, околу 60% зафатеност на вакви климатски услови во Македонија, честопати полупустински, е како 100% зафатеност во нордиските земји или во Велика Британија каде постојано врне.




Ќе увезуваме јапонски цреши

„Македонски шуми“ распиша јавен оглас за набавка на 850 садници од јапонска цреша. Огласот е меѓународен, а постапката е во тек.

Ако се направи увоз, претпријатието планира садниците да им ги подели на градоначалниците кои ќе ги засадат во парковите низ општините.

Домашните расадници немаат јапонски цреши. Производството на овие садници е долго - трае од 5 до 7 години.

Во „Македонски шуми“ велат дека тие се само нарачатели, а обврската за увозот ќе ја имаат учесниците на огласот.


(Истражувањето е поддржано од Данската асоцијација за истражувачко новинарство и проектот СКУП)
 
   
Автор: Сунчица Стојановска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=11139107498&id=9&setIzdanie=21836


Edited by Cloverstack - 13-Nov-2009 at 15:12
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 12-Nov-2009 at 21:55

Македонија утре ќе засади уште 7,5 милиони дрвца





 

Под мотото „Замисли ја Македонија во зелено“ утре на 120 локации во 32 општини во Македонија ќе бидат засадени 7,5 милиони садници на површина од 3.674 хектари во рамки на четвртата акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“

 
 
%20  

Здружението „Ден на дрвото - засади ја својата иднина!“ организира бесплатен превоз до локациите за граѓаните. Автобуските ќе ротираат на два часа. Првиот автобус поаѓа во 8 часот, а последно враќање од сите локаци е најавено за 14 часот.

Здружението ги повикува сите граѓани на Република Македонија да земат учество во акцијата и со засадување на што повеќе садници да придонесат за унапредување на животната средина. Тие препорачуваат граѓаните да не се задржуваат повеќе од два часа на локациите. 

За помасовно учество во акцијата Владата го прогласи утрешниот ден за неработен, што ќе се одработи во сабота на 21 овој месец.

Во досегашните три акции беа засадени вкупно 13 милиони садници. Првата акција беше спроведена на 12 март 2008 година кога беа засадени два милиони дрва. По шест месеци, на 28 октомври 2008, беше организирана и втората со засадување на шест милиони садници, а на 14 март 2009 беа засадени уште пет милиони дрвца.

Во првите две акции се зафатиле 57,5 отсто од садниците. Според проценката на шумарските експерти, секое пошумување со над 30 проценти зафатеност, се смета за успешно. Највисок процент има во општините Кочани, Кичево,  Виница, Свети Николе...Од локациите во близина на Скопје, во првите две акции зафатеноста е најголема на  Песок 89,2, проценти, на Ајватовски рид 85,7 и на Текиски рид 72,5 отсто.

Во досегашните три акции излегле 450.000 граѓани, а се пошумени вкупно 5.080 хектари со црн и бел бор, смрека, ела, костен, јавор, јасен, даб и див костен. 

Организаторите планираат нова пролетна акција која ќе биде на балканско ниво, на која покрај Македонија ќе учествуваат и Албанија, Црна Гора, Бугарија, Романија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија и Словенија.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=111291053241&id=84prilog=0&setIzdanie=21835




Ќе се фатат или нема да се фатат?





 

Стручњаците предлагаат „Недела на дрвото“ - според нив, еднодневните акции се парада на политичарите

 
 
%20  

Македонија утре ќе се пошумува четврти пат за две години. Без подолгорочна стратегија, со садници и локации што се определуваат меѓу две акции, со проблеми со земјиштето што системски не се решени, необучени, но ентузијасти-граѓани со силна волја и надеж дека вложуваат во иднината ќе излезат да садат дрвја. Овојпат треба да се посадат 7,5 милиони садници на 3.674 хектари, на 120 локации во земјава. Надевајќи се дека метеоролозите погодија оти нема да врне и молејќи се Бог да им помогне на садниците да пораснат (оти „Македонски шуми“ не постигнува да ги заштити), организаторите на акцијата „Ден на дрвото“ ги мобилизираа Владата, општините, учениците, војниците, естрадата, бизнисмените и странските амбасадори да ја издигнат еколошката свест на граѓаните.

Одлична е идејата за сплотување на луѓето околу заедничка цел и за општо добро. Проблематична е изведбата во која има низа пропусти, велат дел експерти што сакаат да останат анонимни оти од нивните претходни реакции не видоа големо фајде.

Акцијата има благородна цел. Ја преземаат и соседните балкански држави. Не спорејќи ја користа од садењето дрвја, укажуваме на системските слабости на пошумувањето - влечат корени од лошите закони, застарената катастарска поделба на шумско земјиште и пасишта, неискористеноста на расадниците и неопременоста на државните институции. Се потфрлува во најважната работа - заштитата и одржувањето на садниците. По 20 години, старите булдожери на јавното претпријатие „Македонски шуми“ почесто се расипани отколку што работат. Државниот инспекторат за шумарство има само 16 инспектори за територијата на цела држава. Сепак, организаторите оптимистички порачуваат: „Замислете ја Македонија во зелено“ - мотото на есенскава акција за пошумување. Колку е оправдан оптимизмот дека посаденото ќе никне и ќе порасне?


Задушен отпорот на Шумарскиот факултет


Додека во канцеларијата на граѓанската иницијатива „Ден на дрвото“ интензивно се подготвуваше најновото пошумување на Македонија, стручњаците од Шумарскиот факултет потајно негодуваат - и во оваа, како и во минатите три акции, застапеноста на науката е недоволна, а пропустите не се отстранети.

- Првата акција во март минатата година беше промашување. Организаторите вадеа бројка од околу 70 отсто прифатеност на садниците. Оваа акција покажа дека има масовност. Во втората и во третата требаше да има квалитет - вели професор од факултетот.

Организаторите од граѓанската акција „Ден на дрвото“ минатата година влегоа во конфликт со стручњаците. Тензиите се зголемија откако од локации на кои се пошумуваше се појавија фотографии од дрвца засадени наопаку, со коренот нагоре. Ова за професорите беше доказ за неподготвеноста на организаторите и на граѓаните без стручна помош и совети да се вклучат во акција во која се мобилизира цела Македонија. Факултетот испрати писма до поранешниот претседател Црвенковски, до премиерот Груевски и до надлежните институции. Во него стои дека науката ја поддржува идејата за пошумување, но не на начинот на кој се изведува.

„Непристрасна анализа на пролетната акција укажува на многу пропусти, кои не би смеело да се повторуваат во следните масовни акции. Пошумувањето се изведе во целосно несоодветни услови, оти обработката и садењето беа на сува почва. ЈП „Македонски шуми“ имаше огромни организациски проблеми со подготовката на терените, транспортот и заштитата на садниците, најмногу поради масовноста и инсистирањето акцијата да се изведе во еден ден. При таква масовност речиси е невозможно да се оствари стручен надзор врз нестручната работна сила, која, освен со ентузијазам, практично беше неопремена. Долгото и сушно лето беше дополнителен непријател на засадените садници, поради што успехот на пошумувањето со мали исклучоци е далеку од задоволителен. На терените преживеа само мал процент од садниците, поради што акцијата никако не може да се оцени како успешна“, стои во реакцијата од факултетот испратено во октомври минатата година.

Целото писмо никогаш не беше објавено. Тоа било повод за долги и жолчни кавги меѓу професорите и организаторите на акцијата. Најголем противник беше Дана Дина Колевска, професорка по шумски култури. Ракоплескањето што го доби од колегите кога со својата остра презентација ја бранеше струката на конференција во МАНУ, само малку подоцна и се врати како бумеранг. Колевска сега одбива да зборува за акцијата, сакајќи да избегне јавен линч. За свои претставници факултетот ги определи професорите Јане Ацевски и Кирил Сотировски. Со нивното присуство, се смета дека науката доволно е застапена во акцијата.
Уште еден документ во кој се зборува за слабости на акцијата стои во фиока - тоа е елаборатот на професорот Ацевски, направен по нарачка од Министерството за земјоделство. Во него, меѓу другото, се посочува каде се направени грешки и се сугерира дека на соодветна почва треба да се садат соодветни садници.


Невозможно е да се засадат 7 милиони дрвца во еден ден


Околу 7.000 садници во месноста Горна Матка по ланската пролетна акција за пошумување беа откорнати. Таму повторно се пошумуваше на 10 хектари за да се поправи штетата од несовесните граѓани. Во Македонски Брод садниците ги изеде стока. На локации во Струмица сега нема да се пошумува поради отпор од месното население. Многу садници беа искорнати и украдени. Ова се дел од проблемите со кои организаторите се соочија во претходните акции. Никој не може да гарантира дека нема да се повторат и овојпат. Секако дека има и добри примери, каде што садниците се пораснати - меѓу нив е локацијата на Ајватовски Рид.

Фантастични 7,5 милиони садници е бројката предвиден а за пошумувањето в петок. Тоа е повеќе од минатите три акции - во март минатата година беа посадени 2 милиони дрвца, во октомври 6 милиони, а во пролетната акција во март годинава уште 5 милиони садници.

Иницијаторот на акцијата Борис Трајанов не верува во информациите за нестручно садење.

- Зарем мислите дека има некој што не знае што е корен на дрво и дека се сади во почва? Според мене, тоа се претерувања. Засадувањето воопшто не е комплицирано - правите дупка, го ставате коренот и притискате силно за да се зафати. Процесот е едноставен, мислам дека не постои човек што тоа не може да го научи - вели Трајанов.

Експертите не се согласуваат дека садењето дрва е толку едноставно.

- Има начини како садниците треба да се стават за подолго да живеат. Обучен шумар не сади кога врне. Калта се лепи на корењата и на алатот и не може да се сади. Досега ниту еден ден за пошумување не беше добро избран според временските услови - велат на Шумарскиот факултет.

Оттаму тврдат дека е невозможно и во историјата на шумарството за еден ден да се посадат 7 милиони садници.

- Кога ќе заминат луѓето, шумските техничари уште по десет дена остануваат на терен и поправаат грешки. Неправилни садници пошумени на лош терен со несоодветен алат и без никакво искуство на работната сила. Секој успех е божјо чудо - велат професори од Шумарскиот факултет.

Инспекторатот за шумарство направи контрола на исходот од минатите акции. Во официјалниот извештај напиша дека зафатеноста на садниците е 57, 5 отсто. Стручњаците се согласуваат дека тоа е добар процент на успешност.

Тоа што нема да го посадат граѓаните, ќе остане да го сработи јавното претпријатие „Македонски шуми“.

- Седум и пол милиони садници е страшно голема бројка. Понатаму, обврската за пошумување ќе остане наша. Но тоа не значи оти акцијата е неуспешна - вели Наум Будевски, заменик-директор во „Македонски шуми“.

Во „Ден на дрвото“ сметаат дека успешноста на акцијата не се мери само според тоа колку дрвца се фатиле, туку и според влијанието врз свеста за користа од шумите.

- Според податоците што ги даде Инспекторатот за шумарство за двете акции во 2008 година, успешноста е 57,6 отсто, што за климатските услови во Македонија е многу успешно. За март 2009-та предвидуваме многу подобри резултати. Ние се радуваме на тоа што по 20 години мртвило, последните две години интензивно се пошумува. Се надеваме дека секоја следна акција ќе биде подобра од претходната. Покрај успешноста, важно е што еколошката свест се зголеми - вели Трајанов.

Сите професори со кои контактиравме се согласија дека пошумувањето не треба да трае еден ден - предлагаат „Месец на дрвото“ за пошумувањето да се спроведе како што треба. За еднодневните акции велат дека се парада за политичарите.
(продолжува)

Истражувањето е поддржано од Данската асоцијација за истражувачко новинарство и проектот СКУП




Ќе сме саделе вид цреши што не постојат!

До ЈП „Македонски шуми“ стигнало барање меѓу садниците што ќе се пошумуваат да има и италијански цреши. Бидејќи не знаеле какви се тие цреши, одговорните во претпријатието се консултирале со Шумарскиот факултет. Професорите барале латинско име на видот, но никој не го знаел. Констатирале - такво нешто не постои!

Наум Будевски, заменик-директор во „Македонски шуми“, одби да каже кој го испратил барањето - дали Владата или организаторите на акцијата.

- Таква цреша не постои како вид - одговори Будевски на нашето прашање дали нашле садници од италијанска цреша.

Меѓу барањата искажани на состаноците на владиното координативно тело за тоа што да се сади имало и „желби“ за маслинки и за црвен американски даб.





Димовски: Дрвцата блиску до градовите

Министерот за земјоделство Љупчо Димовски очекува масовен одѕив на граѓаните на утрешната акција.

- Овој пат, пошумувањето е замислено во близината на населените места, за граѓаните да ги посетуваат своите садници и да внимаваат на дрвцата. Јас сум свесен дека во минатото се случуваа непријатни работи и дека и во иднина ќе се случуваат, но наидуваме на разбирање од лицата со кои во претходните акции имавме проблеми за локациите - вели Димовски.




Колку чини пошумувањето?

Борис Трајанов, иницијатор:
- На тоа прашање може точно да одговори Владата. Нас нé интересира ефектот од садењето. Сигурен сум дека парите што се трошат за пошумување се најдобрата инвестиција во нашата иднина, особено кога знаеме што нé чека во иднина од глобалното затоплување.

Шумарски факултет:
- Пошумувањето на еден хектар со нега на младата култура чини просечно 110-120 илјади денари, односно околу 1.850 евра. Најскапа е подготовката на теренот (околу 40 отсто од вкупната цена), потоа садниците (околу 30 отсто), садење (10 отсто) и нега на културата (20 отсто). Пошумувањето на 6 милиони садници (на 30.000 хектари) ќе чини околу 5,55 милиони евра.

„Македонски шуми“:
-Интересно прашање. Тоа може да го разговараме откако ќе заврши акцијата. Сé уште се прават тие пресметки и подготовки.

Извори од Министерство за земјоделство:
- За двете акции во 2009 година Владата определи буџет од 90 милиони денари. Ние баравме 400 милиони денари, но тоа не беше одобрено.

Марјан Ѓорчев, бивш министер за земјоделство:
- Ако садниците не се увезуваат, туку се од расадниците, тоа се државни садници, тогаш не треба да има пари во оптек, нема тендери и слично. Парите се од буџетската програма. Тие расадници Министерството годишно ги субвенционира за одредена сума и за толку треба да пошумуваме.

 
   
Автор: Сунчица Стојановска   Фотографија: Игор Бансколиев
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=1112995838&id=9&setIzdanie=21835
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 12-Nov-2009 at 20:58
Земјата ни бега во Солун



Прекрасна е идејата за зелена Македонија, но при пошумувањето да се обрне внимание и на функцијата за заштита од ерозијата, која е причина годишно да има околу 17 милиони кубни метри нанос, вели Томе Лисичанец, пензиониран професор по шумарство

Ерозијата и поплавите го носат македонскиот хумус во Солун, а камењата остануваат во нивите и акумулациите. Причина за тоа, како што тврдат стручњаците, се голите ридови од каде што пороите се' почесто се закануваат со поплави. Тие ги поздравуваат акциите за пошумување и апелираат да се внимава при изборот на површините на кои ќе се подигаат нови шуми.

- Прекрасна е идејата за зелена Македонија. Но, при садењето на новите садници треба да се обрне внимание и на една друга битна функција на пошумувањето, борбата со ерозијата. Да не се сади само заради садење, туку да се подигнат шуми со специјална намена, кои штитат населби, сообраќајници, акумулациони езера, полиња. Оти се пошумуваат плодни ниви, а ридовите и долиштата ни остануваат голи - вели Томе Лисичанец, пензиониран професор по шумарство и член на асоцијацијата „Пријатели на шумите“.

Неговата генерација вели направила илјадници километри заштитни појаси во Кумановско, Светиниколско, Битолско и во Кавадаречко и на многу други ерозивни подрачја околу населбите. Кога се подигнувале појасите, имало голем отпор од населението, а подоцна многу од тие појаси биле уништени.

Хумусот оди по Вардар

Во просторните планови на Македонија и во националната еколошка програма е нагласено дека 96,5 проценти од територијата на државата е изложена на ерозија. Од тоа околу 36 отсто отпаѓа на силна ерозија, која ги затрупува акумулационите езера.

- Ние годишно имаме околу 17 милиони кубни метри нанос, земја што е во движење. Тоа се големи бројки. Околу 11 милиони како ситен нанос оди во Солунскиот Залив. Чакалот и камењата одат во нивите и во акумулационите езера. И сето тоа поради ерозијата и поплавите. А педологијата учи дека за да се создаде еден сантиметар плодна почва во природни услови, потребни се до 120 години - тврди Лисичанец.

Тој вели дека македонските земјоделци и со наводнувањето вршат ерозија.

- Земјоделците што користат нерамни терени продолжуваат да садат растенија во редови поставени надолу, наместо попречно, со што би спречиле водата да ја носи почвата. Затоа не е чудно што на некои од нив корените им излегуваат над земјата- вели професорот Лисичанец, кој до пензионирањето предавал токму за ерозијата и уредување на пороите.

Во сливот на реката Вардар, кој зафаќа над 90 проценти од територијата на Македонија има 1.603 поројни подрачја, вели тој и тврди дека целосно нема уреден ниту еден порој и дека само со пошумување на голините луѓето може да се заштитат од пороите.

- Џепчишкиот порој кај Тетово во еден случај бил исполнет со толкава количина вода која повлекла карпа од 55 тони. Може да замислете каква разорна моќ имала таа вода - вели Лисичанец.

Демнат поплави

За вардарскиот слив е познато дека на секои 17 години просечно има големи поплави. Да се потсетиме на 1962, 1979, 1995. Според овие статистики во 2012 година не' очекува следната „статистчка поплава“.

- Да, поплави и' се закануваат на Македонија. Тоа го пишува во просторните планови и националната еколошка програма за стратегија за заштита и санирање на еколошките проблеми. Жал ми е што плановите во општините останаа само „мртво слово на хартија“. Некои само си ги зеле хонорарите за тие планови и толку - вели Лисичанец.

Тој е категоричен дека парите што се потребни за да се уреди едно поројно подрачје се еднакви на тие што мора да ги дадеме за да ги санираме штетите.

- Ама разликата е во тоа што ако превентивно ги уредиме поројните подрачја не само што нема да имаме урнати мостови, патишта, туку и земјата што не' храни нема да ни отиде - додава тој.

Затоа препорачува при акциите за садење дрвца да не се споменува терминот исплатливо.

- Исплатливоста ќе се гледа кога таа шума ќе спречи да се наполни акумулационо езеро со нанос, ќе заштити од ерозија, кога некој извор ќе има повеќе вода итн. - вели човекот што целиот живот и' го има посветено на природата.

Светлана Дарудова


http://dnevnik.com.mk/?ItemID=14E6CC0C198E624DB608693F64371131
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 29-Oct-2009 at 18:00
ЧЕТВРТИОТ ДЕН НА ДРВОТО СТАНУВА РЕГИОНАЛЕН
Македонија ќе го позелени Балканот

Под мотото „Замисли ја Македонија во зелено“ на 11 ноември по четврти пат ќе се спроведе акцијата „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“. Во четвртата акција е предвидено да се засадат 7,5 милиони садници, на 3.674 хектари, на 120 локации во 32 општини. Покрај масовното пошумување во Македонија, акцијата ќе се прошири и на Балканот, и тоа во Србија, Босна и Херцеговина, Словенија, Хрватска, Црна Гора и во Албанија. Целата акција овојпат ја финансира норвешката влада. - Со новиот слоган сакаме да ги натераме граѓаните да замислат како ќе изгледа земјата по неколку години. Целта ни е да пошумиме што е можно поголема површина, но воедно и да ја подигнеме еколошката свест на граѓаните - рече Кристина Николовска од Иницијативниот одбор. Николовска додаде дека овој период е најповолен за засадување садници, а го одбрале 11 ноември бидејќи тој ден е работен, а искуството покажало дека тогаш заинтересираноста на граѓаните за пошумување е најголема. - Имавме извонреден прием кај соседите, кои не следат и се среќни што можат да се вклучат во оваа акција. Добивме поддршка и од Владата на Норвешка, од каде што не повикаа да ги посетиме бидејќи сакаат да донираат средства за развојот на акцијата во регионот. Станува збор за капитален проект од кој ќе почувствуваат ефекти следните генерации - изјави Антон Серечи од Иницијативниот одбор. Тој изјави дека, покрај еколошкиот, многу е важен и социјалниот момент. - На овој ден сите луѓе, без разлика на етничката, верската, партиската припадност, се еднакви и сите заедно и на ист начин придонесуваат за својата иднина - додаде Серечи. Иницијаторите веруваат дека со акциите за садење дрвца трајно ќе се подигне нивото на свест кај граѓаните за вредноста и значењето на шумите. Луѓето што учествуваат во акцијата веќе нема да можат да исечат или да запалат дрво, сметаат организаторите. Акцијата за пошумување почна минатата година во март, кога во еден ден беа засадени два милиона дрвца. Во октомври беа засадени шест милиони, а во март годинава пет милиони садници или вкупно 13 милиони дрвца. Од дрвцата што беа посадени, 57 проценти се зафатени, тврдат иницијаторите на акцијата. Вистинскиот ефект од масовното пошумување ќе може да се воочи за триесет години, период потребен за дрвцата да пораснат. Од Иницијативниот одбор посочија дека оваа акција досега ќе биде најголемата, со што Македонија ќе биде светски лидер во пошумување.


http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=7&tabid=1&EditionID=1852&ArticleID=125234
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 11-Jun-2009 at 06:16

Се бара стратегија за пошумување на Македонија

Заштита на засадените дрвца и стратегија за пошумување на Македонија во следните десет години, е тема на конференцијата што од вчера се одржува во МАНУ во организација на граѓанската иницијатива „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“.

- Тоа што е пропуштено во изминатите 20 години сега треба да се надополни. Тука се сите фактори што можат да дадат придонес за тоа - Владата, локалната самоуправа, „Македонски шуми“, науката и граѓаните - рече Борис Трајанов, иницијаторот на акцијата „Ден на дрвото“. Тој очекува да се подготви долгогодишна стратегија за пошумување во наредните години.

- Со акцијата за садење дрвца почна процес во кој се подигна нивото на свеста кај народот за вредноста и за значењето на шумите - рече Јане Ацевски, професор на Шумарскиот факултет.

Акцијата за пошумување почна лани во март кога во еден ден беа засадени два милиона дрвца. Во октомври беа засадени шест милиони, а во март годинава пет милиони садници или вкупно 13 милиони дрвца во само три дена. По примерот на Македонија и другите балкански земји во ноември ќе спроведат акција за пошумување.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3173EA36860AFB489E59D817EF2DD2BC
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 17-Mar-2009 at 00:34
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 16-Mar-2009 at 16:24

Македонија повторно ја садеше зелената иднина

Силниот ветер не беше пречка во саботата да се засадат два милиона млади садници како дел од акцијата „Ден на дрвото“

Силниот ветер и густите и темни облаци на одделни места не беа пречка во саботата да се спроведе третата акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина“. На 55 локации во 30 општини низ државава беа засадени два милиона нови садници, а уште три милиони во семе до крајов на неделава ќе бидат посеани од вработените во ЈП „Македонски шуми“. Ајватовски Рид и Камник кај Скопје, месноста Трновец кај Кратово и велешка Отовица беа само дел од педесетината локации каде што се пошумуваше. И овој пат во акцијата, покрај организаторите, се вклучија локалните самоуправи, невладини организации, ученици, општински организации на Црвен крст, јавни претпријатија... Голем одѕив имаше и од обичните граѓани кои организирано со автобуси се упатуваа на локалитетите каде што беше предвидено пошумувањето. За успешно да ги засадат садниците, тие добиваа упаства од студенти од Шумарскиот факултет. Свој придонес во акцијата дадоа и дипломатите, политичарите, голем број од актуелните претенденти за градоначалници.

Борис Трајанов, иницијатор на акцијата, не го криеше задоволството, како што рече, од успешноста на досегашните реализирани пошумувања и интересот на граѓаните за последната акција. „Задоволни сме од акцијата, нашите очекувања се исполнети. Околу 50 отсто садници, што воопшто не е лошо, се зафатени од март. Резултатите од оваа акција допрва ќе ги видиме, некаде во октомври. Сега засадените ќе почнат да вегетираат“, изјави Трајанов.

Поголема масовност во акцијата беше забележана во Камник, каде што покрај бројните граѓани, пошумуваа и дел од претставниците на дипломатско-конзуларните мисии во државава заедно со министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски. „Овие се подобри дрвца од оние што ги засадивме лани. Садевме кај ’Окта‘ и тие беа многу мали. Сакам да одам напролет и да видам како напредуваат“, рече холандската амбасадорка Симоне Филипини, која се пофали дека годинава во акцијата го вклучила и својот син.

Инаку, оваа акција беше трета по ред за создавање на „зелената иднина на Македонија“. Таа започна минатата година во март, кога беа засадени два милиона дрвца, а продолжи во ноември со засадување шест милиони дрвца. (Дс.Т.)



http://www.utrinski.com.mk/default.asp?ItemID=C2284856A7889040B41EBEE9377E6AED
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 13-Jan-2009 at 12:28
Милион нови дрвја на Водно во наредните години



Скопје
Градските власти планираат да пошумат 454 хектари површина во заштитената зона на Водно во наредниве десет години, со што степенот на нејзината пошуменост треба да се зголеми на 70 отсто. Ова се предвидува со планот за одгледување и за заштита на парк-шумата што го изгласа советот на градот.

- Главната цел е да се подобри животната средина, а тоа ќе се постигне само ако пошуменоста на Водно изнесува 85 до 90 отсто од вкупниот простор. Станува збор за трајна и за бујна вегетација во форма на високостеблеста шума. Со тоа би се прочистил воздухот и би се намалиле високите температурни разлики во градот - се вели во документот.

Според планот, во нареднава деценија треба да се пошумуваат по 45,4 хектари шума, а на секој хектар да се засадат по 2.500 садници. Тоа значи дека за десет години на Водно би изникнале уште еден милиони 135 илјади дрвја. Од градот објаснуваат дека од голема важност е правилно да се изберат видовите дрвја што ќе се садат. Така, во близина на боровите шуми е потребно да се насадат елки или буки, како видови што поднесуваат сенка. Дабовите, брезите, јаворите и липите, пак, би биле соодветни за површините што се наоѓаат на надморска височина пониска од 600 метри. Над 800 метри, пак, треба да се садат елки, смреки и слично. Треба да се има предвид и дека Водно е рекреативна шума со многу посетители, па да се воведат и декоративни видови, особено покрај видиковците и на другите места што често се посетуваат. Просторите околу природните и културните споменици, пак, ќе се приспособуваат за краткотраен престој. Такви се месноста Маркова крушка, која е средновековна руина, потоа палеонтолошкиот локалитет кај Горно Нерези и манастирот „Свети Пантелејмон“, во кој се наоѓа најстарата црква во околината на Скопје.

Во околу 540 хектари, пак, ќе се спроведуваат санитарно-одгледни сечи, пред сè кај високостеблестите вештачки подигнати насади од зимзелени дрвја. Потребно е на секои пет години да се отстранат сите заболени, прекршени и оштетени дрвја, што би можеле да ги загрозат и здравите во нивната околина. Се претпоставува дека такви дрвја може да бидат од еден до три отсто од вкупната дрвна маса, па затоа тие треба претходно да бидат видно обележани од стручњаците пред да се сечат. Сушењето на шумите, пак, бара подетално да се обрне внимание на болестите и на штетните инсекти, како и на нарушувањата во екосистемот предизвикани од високи и од ниски температури.

Од неприродните опасности најголеми се бесправната сеча, за која е потребно да се обезбедат повеќе шумочувари, како и пожарите. За тоа треба да се садат растенија што го забавуваат ширењето на огновите, како бозел и бршлен, но и да се постават повеќе видиковци за набљудување на состојбата.

Градот планира и да го заштити дивечот на Водно така што ќе постави хранилишта за срните, дивите свињи и за еребиците. За птиците се предвидени и куќички за гнездење.

Во текот на минатата година биле исечени 1.060 суви и болни дрвја, а почнала да се гради и противпожарната набљудувачница и се пошумиле 12 хектари голини. Годинава треба да се пошумат уште толку, но и да се постават хранилиштата и куќичките за животните, да се догради набљудувачницата, да се набави противпожарна опрема за десет лица, да се постават табли за забрана за палење оган и други активности.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=285&ArticleID=15414
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 19-Nov-2008 at 14:25

Министрите активни во садење дрвца

19 November, 2008 01:39:00
Големина на фонт: Decrease%20font Enlarge%20font
image

Владиниот кабинет на различни локации низ целата територија се вклучил во денешната акција “Ден на дрвото-Засади ја својата иднина“ со садење на дрвца

Премиерот Никола Груевски, во рамките на акцијата “Денот на дрвото - Засади ја својата иднина“, на место викано Текиски рид, во близина на Рафинерија, сади дрвца.

Министерството за образование и наука, Перо Стојановски сади дрвца во Крива Паланка. Вицепремиерот за економски прашања Зоран Ставревски дрвца сади во место викано Ајватовски рид  во Скопје. Министерот за здравство Бујар Османи по повод “Денот на Дрвото“ дрвца сади во Штип. Вицепремиерот за европски прашања Ивица Боцевски сади дрвца на локалитетот Глумово./Нетпрес

Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 19-Nov-2008 at 00:24

Денеска се садат 6 милиони дрвца

Заради поголема масовност, денот е прогласен за неработен и ќе се одработи в сабота, 22 ноември

На сто локации низ целата земја денеска ќе се организира акцијата „Денот на дрвото – засади ја својата иднина“. Планирано е да бидат посадени 6 милиони садници, а заради поголема масовност, денот е прогласен за неработен и ќе се одработи в сабота, 22 ноември.

Акцијата се спроведува на граѓанската иницијатива на неколкумина познати личности, меѓу кои и оперскиот пејач Борис Трајанов, со поддршка на Владата, која ги обезбедува садниците.

Во акцијата ќе се вклучат и 1.800 припадници на АРМ кои ќе засадат околу 200.000 млади стебла. Засадувањето првпат беше организирано во март годинава, кога беа посадени 2 милиона садници, а организаторите најавуваат и трето продолжение во март следната година во сите балкански земји.

Спроти денешната акција, премиерот Никола Груевски и членовите на Владата вчера во близина на Споменикот на ослободителите на градот засадија дрвца, а спикерот Трајко Велјановски садеше пред зградата на Собранието. Во кругот на Католичката црква во Скопје дрвца засадија и претставници на Македонската православна црква, Римокатоличката, Евангелистичко-протестантската и Еврејската заедница. (С.Н.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=9F6B68B2D4BF064A909F61EEDE999020
Back to Top
Cibi View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-May-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 167
  Quote Cibi Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 17-Nov-2008 at 10:11
Претставници на дипломатскиот кор во земјава, министри и естрадни уметници во рамките на акцијата „Ден на дрвото“ вчера засадија дрвца на платото пред салата „Борис Трајковски“. Во втората акција на пошумување, која ќе се одржи в среда, на сто места во земјата ќе бидат засадени 6 милиони садници. Граѓанската иницијатива испрати покани до министрите за земјоделство на соседните земји во март в година и тие да се придружат на акцијата, со што таа би прераснала во балканска. Садниците на ЈП „Македонски шуми“се купени со пари од Владата.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3E421602B2F3DF429A4E0C32051BF197
Back to Top
BOJAN View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
  Quote BOJAN Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 16-Nov-2008 at 01:07
Јас сум за пошумување, ама организирано од страна Ј.П.Македонски шуми! Мислам дека македонските граѓани ќе се покажат како големи екологисти доколку ги одржуваат веќе пошумените предели, не ги сечат, не ги палат, не ги кршат и не ги користат како огрев. Во спротивно, се плашам дека и ова пошумување ќе заврши неуспешно, ќе се потрошат милиони денари и пак ништо!
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 14-Nov-2008 at 02:40
ШУМАРСКИТЕ ЕКСПЕРТИ ПРЕДУПРЕДУВААТ

Брзото пошумување осудено на исушување


Новата масовна акција за пошумување „Ден на дрвото“ ќе се одржи на 19 ноември

Ако масовното есенско пошумување се направи како и пролетното, тоа ќе биде залудна акција и трошење пари, предупредуваат од Шумарскиот факултет во Скопје. Тие повикуваат наместо масовни еднодневни акции со кои најчесто погрешно се садат дрвјата тоа да се прави преку помали, подолгорочни и посериозно организирани активности.

Наставно-научниот совет на Факултетот вчера соопшти дека поради многуте пропусти во акцијата „Денот на дрвото“, голем дел од садниците се исуши. Затоа, акцијата во која за еден ден беа посадени два милиона садници не можела да се оцени како успешна. Експертите тврдат дека исушување ќе им се закани и на шест милиони садници за кои Владата планира да потроши 5,5 милиони евра за еден ден во акцијата закажана за 19 ноември. Се планира в година да се засадат дваесет милиони садници.

- Последната акција се изврши во несоодветни услови бидејќи се садеше на сува почва. Садниците се садеа плитко или предлабоко, корените се деформираа, на едно место се садеа повеќе садници... Сушното лето беше дополнителен проблем поради што преживеа само мал процент - оценуваат шумарските експерти. Тие укажуваат дека за успех на ваквите акции се потребни квалитетно семе, садници со пропишан квалитет, добра подготовка на теренот, исправно садење и одржување.

- Треба да се засади во најкус можен рок, а во меѓувреме дрвцата да се заштитат од сушење. Овој предуслов се нарушува ако во еден ден се подготвуваат 2, 6 или 10 милиони садници. Тогаш мора да почнат да се вадат дури и неколку недели однапред со што се намалува нивната виталност. Садењето треба да се изврши правилно бидејќи оваа навидум лесна операција крие причини за големи неуспеси при пошумувањето. На садниците потоа им е потребно неколку окопувања - укажуваат од Советот на Шумарскиот факултет. Според експертите, за да успее пошумувањето, потребни се стратегија и динамика на изведбата на акциите:

- Не сме толку богата држава за секоја година да трошиме толку многу пари за пошумувањето кое е осудено на неуспех. Сугерираме акцијата да премине во „Месец на дрвото“ за да се направи домаќински и стручно. Треба да се формира Фонд за пошумување. Желбата на граѓаните да учествуваат во тоа може да се задоволи со засадувањата на определени места.

ИНФО-Се садат пропусти

Масовни еднодневни акции за пошумување имаат многу пропусти, поради кои најголемиот дел од садниците се суши. Тоа се случува поради неподготвениот терен, сувата почва, лошото семе, неправилното засадување и неодржувањето на садниците. Ако и претстојната акција за садење шест милиони садници се спроведе како и претходната, се заканува сушење на дрвцата.

Дневник - 31.10.2008

"Екомисија" бара да се воведе фонд за пошумување - 18.03.2008

Еколошкото друштво "Екомисија" од Скопје бара повторно да се воведе Фонд за пошумување на голините, по неговото укинување во 1991 година.

"Екомисија" наведува дека првите пообемни акции за пошумување биле преземени набрзо по крајот на Втората светска војна, што според нив, укажува дека уште во тие времиња државата била свесна за многуте корисни функции на шумите, особено за спречување на ерозијата, поплавите и на штетите во земјоделството и на сообраќајниците.

"Поради тоа и беше основан тој фонд и успешно си ја вршеше својата задача дваесетина години, пошумувајќи годишно и до 10.000 хектари, се до 1991 година. Оттогаш наваму, поради непостоење посебен фонд за пошумување, се пошумуваат само околу 500 хектари годишно, што е симболично во споредба со ефектите што се постигнуваа додека постоеше Фондот за пошумување на голините", пишува во соопштението на еколошкото здружение.

Според нив, ваквата состојба е неприфатлива, бидејќи дрвокрадството и шумските пожари денес се помногубројни отколку порано.

"Во тек се климатски промени, а шумите и пошумувањата се едно од најефикасните средства за ублажување на климатските промени. Со оглед на сите овие аргументи кои недвосмислено говорат во прилог на еден посериозен пристап кон обврската за пошумување, се надеваме дека Владата внимателно ќе ја разгледа и позитивно ќе одговори на оваа наша иницијатива за повторно воспоставување на Фондот за пошумување или некоја институција со друго име и статус, но со постигнување на истата благородна цел", пишува "Екомисија".

Дневник - 18.03.2006

Ацо Трендафилов, професор на Шумарскиот факултет
Не смее да се сече повеќе од прирастот - 21.10.2005
 
Господине Трендафилов, во чија надлежност и кој е одговорен за пошумувањето во земјава?
- Пошумувањето е сообразено со Просторниот план на Македонија. Со иселување на жителите од некои региони шумата си ги зазема природните граници, на кои не може да влијае ниту човечкиот фактор. Во практика, таа граница се движи од 1.650 до 1.800 метри надморска височина.
Македонија е поделена на шумски стопански единици. За секоја единица се изготвува план за работење, кој се ревидира на 10 години. Одобрение за тој план дава министерот за земјоделство, а изготвувач е Заводот за уредување шуми "Шумапроект", кој сега се наоѓа во состав на ЈП "Македонски шуми". Тие прават планови за пошумување, а ревидирањето го прави Комисијата во Министерството за земјоделство. Никаде во Македонија не може да се стопанисува без план. По истекување на времето за спроведување на плановите, тие се менуваат.
Што содржат тие планови и дали има намалување на површините под шума?
- Во нив се содржани сите елементи за шума. Површината, видот на шумата и на дрвјата, дрвна маса, прираст... Основната интенција е зголемување и унапредување на шумските површини. Не смее да стане збор за намалување на шумскиот фонд ниту по површина ниту по квалитет. Во контекст на ова се прави постојано проширување на површините под шума. Доколку се прави трајна пренамена на шумска површина во нешумска, како што е случајот со Козјак, каде што површините под шума се претвораат во водна акумулација, тогаш корисникот на акумулацијата е обврзан, согласно со законот, на друго место или во тој слив, каде што има голо ерозивно земјиште, да подигне исто толкава површина под шума, пет години да ја одгледува и по тој период ја предаде на државата.
Каков е соодносот на пошумувањето и сечењето на шумите?
- Во рамките на поранешна Југославија, Македонија има најмногу направено во делот на пошумување, иако не можеме да се споредуваме, на пример со Бугарија, која во рамките на Европа е водечка земја. Таа има вештачки подигнато толку шуми колку што ние имаме површина под шуми вкупно. Сепак, можеме да бидеме задоволни со бројката на пошумување, иако не се знае колку од пошуменото успеало. Во земјава се пошумени околу 150.000 хектари, од кои 120.000 се вештачки подигнати шуми и шумски култури. Културите се 12-13 отсто од вкупниот шумски фонд. Најинтензивно пошумување е направено во време на постоење на Законот за пошумување на голи и ерозивни земјишта, а најинтензивен период на пошумување е од 1975 до 1989 година, кога постоеше и Фонд за пошумување. Просечно годишно во тој период се пошумуваа околу 7.000 хектари. Денеска, бидејќи Фондот се укина 1989 година, пошумувањето е многу помало и се движи околу 500 хектари. Секој што сака да подига шума, може бесплатно да подигне садочен материјал.
Кои се причините за намаленото пошумување?
- Помалото пошумување е резултат на финансиските проблеми, бидејќи годишно државата во пошумувањето учествува со 30 милиони денари и ние сме, веројатно, единствена земја во која државата учествува со толку малку средства во одржливиот развој. Над 65 отсто од шумите се нискостеблести, деградирани, со лош квалитет. Без помош од државата тешко може "Македонски шуми" долгорочно да финансира поголеми зафати во делот на пошумувањето.
Кој одредува колкаво сечење на шумите треба да има?
- Во делот на плановите има предвидено и планско сечење на шумите и не смее да се сече повеќе од прирастот. Ние, генерално, во земјава сечеме 65 до 68 отсто од прирастот. Значи, добар дел од прирастот не се сече, туку се остава.

Утрински - 21.10.2005

На белите дробови на Скопје итно им треба освежување - 15.04.2005
Наместо 65 хектари, на Водно годишно се пошумува едвај еден хектар
Неорганизираноста на пошумувањето се должи на укинувањето на државниот фонд за пошумување во 1980 година

Министерството за животна средина минатиот месец во рамките на Деновите на екологијата започна акција за пошумување на Водно. За седум дена беа насадени 2.000 садници на еден хектар, а неодамна слична акција организираа и Општина Карпош и полицијата, кои засадија 300 дрвца. Јавното претпријатие †Паркови и зеленило преговара и со †Македонски телекомуникацииии за засадување на 500 садници, а во мај Црвениот крст најави зазеленување на кругот на објектот на оваа институција на Водно со 300 садници.
Сепак, овие поединечни и неповрзани доброволни акции на македонските фирми и организации не се доволни ни од далеку за да ја задоволат потребната бројка од новонасадени дрвја во Парк-шума †Водно. Белите дробови на Скопје секоја година мора да се освежуваат со најмалку 65 хектари нова шума, а во последниве 25 години се садат едвај по еден хектар годишно. Неорганизираноста се должи на укинувањето на државниот фонд за пошумување во 1980 година, во кој се предвидувале пари за одгледување садници за таа намена и се организирало масовно садење со учество на работници, војска, или пак затвореници. Според одговорните во †Паркови и зеленилоои, еден хектар шума апсорбира од 50 до 70 тони прашина и 15 тони јаглероден моноксид, а испушта 11 тони кислород. Во последните пет години на Водно биле опожарени и се уништиле околу 40 хектари шума, а дрвца се насадиле само на 5 хектари. Тенденцијата на намалување на зелениот фонд во Парк-шума †Водно негативно ќе се одрази на квалитетот на живеењето во Скопје, со оглед на тоа дека Водно е филтер за воздухот што го дишат жителите на главниот град.  

>†Секоја акција е добредојдена, бидејќи само на тој начин и успеваме некако да пошумиме едвај околу еден хектар годишно. Сепак, мора да се нагласи дека тоа е далеку од доволно, бидејќи во шумско-стопанските основи е предвидено секоја година да се пошумуваат околу 65 хектари. На секој хектар се садат по 2.500 садници, од кои, кога ќе пораснат, треба да се селектираат и да останат околу 400. Секоја од малите садници чини од 10 до 15 денари. За нив е потребна голема подготвителна работа, вклучување и на механизација, масовно учество на работна сила, како и константно одржување по садењето. А за сето тоа се потребни пари кои ги нема ниту †Парковиии ниту Градот. Мора да се разбере важноста на Парк- шумата †Водно и нејзината функција за градот, па затоа најдобро ќе биде повторно да се формира државен фонд во кој ќе се одвојуваат средства за пошумување на Водно и на другите парк-шумиии, вели Слободанка Стефановска, заменик-директор во ЈП †Паркови и зеленилоои.

Утрински - Сања Наумовска - 15.04.2005

Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 02-Nov-2008 at 18:45
Ме интересира колкави се ефектите од ланското пошумување. Знаеме дек дел од садниците се украдоа, дел ги изедоа кози.............. Но баш би било интересно да се дознае колкав дел фати корења како што треба. Ако воопшто има таква анализа. 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.336 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.