![]() |
![]() |
![]() |
Текстови за Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <123> |
Author | |
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
И тоа не ни видела пола и повеќе од Скопје, а се воодушевила. И конечно во еден текст, да не е спомнат „проектот“
![]() Прочитајте ги и коментарите подолу, дури и да се изненадиш. |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
TWO DAYS IN SKOPJE: AN UNDERRATED DESTINATION!
http://theflyawaygirl.com/2016/01/25/two-days-in-skopje-an-underrated-destination/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Ама транзицијата не е ограничена на Скопје.
![]() |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
8, тука е и транзицијата, и неа сум ја изумил.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
7 катастрофи. Го заборави ск2014.
![]() Edited by fichot - 17-Jan-2016 at 01:31 |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Нема. Исто како што ретко кој град доживел 6 катастрофи (3 земјотреса, пожар, две големи војни).
Еве го горниот текст со повеќе информации. Ги болдирав информациите кои ги сметам за поважни или интересни Старата скопска чаршија во XVII век Во почетокот на XVII век, Скопје веќе оддава впечаток на голам и развиен трговски град. Градот и Чаршијата речиси секојдневно растат, така што бискупот на Бар Марин Бици во 1604 година ќе запише дека Скопје имало 200.000 жители во повеќе од 40.000 куќи. Овие бројки, секако, се претерани, но сепак е факт дека многу патници што поминувале и престојувале во Скопје, слично како и Фран Дифрен-Кане, говорат за него како за "голем град", кој сега е раширен и на десниот брег на Вардар. Тоа, впрочем, го потврдуваат и "вакуфските" белешки во кои Скопје по големината и богатството било втор град во европскиот дел на Турција. Во првата половина на XVII век Скопје е и средиште на Инспекторатот за златни и сребрени рудници во скопската област, а во него постоела и монетарница. Горенаведеното го потврдува и познатиот англиски патописец доктор Едвард Браун, кој во 1669 година наведува дека Скопје е голем трговски град, во многу пријатен и плоден крај. Тој истакнува дека во градот, кој е "убав и добро населен", покрај другите занаети, има 700 кожари, кои изработувале многу квалитетни кожи познати под името "Скопски кордован". Покрај тоа, Браун наведува дека Скопје имало прекрасен безистен со оловен покрив, околу кој имало многу улици покриени со штици и многу разновидни занаетчиски дуќани. Во тоа време Скопје извезувало волна, восок, вино, платно, свила, тутун, гајтан, свилен конец, срма и разни златни и сребрени предмети и украси. Познатиот турски патописец Евлија Челебија, кој двапати го посетува градот во периодот меѓу 1660 и 1668 година, пишува дека Скопје имало 70 маала со "околу десет илјади и шеесет прекрасни куќи, приземни и на кат, а се градени од тврд материјал" и "покриени со црвени ќерамиди". Во градот, како што истакнува Евлија Челебија, имало 120 џамии, поголем број медреси, 70 мектеби, 110 чешми и 200 себили, повеќе амами и анови, кои "се многу пријатни", и 9 имарети (бесплатни јавни кујни). Околу градот, според неговите белешки, имало "77.000 дулуми приватно земјиште и уште толку вакуфски лозја". Опишувајќи ја Чаршијата, тој истакнува дека "таа се состои од 2.150 дуќани. Тука има плоштади и пазари што се градени од цврст материјал и украсени со сводови и куполи. Од сите најубави се: чаршијата безаза (каде што трговци продаваат памучни ткаенини), чаршијата газаза (се изработуваат и продаваат свилени ткаенини), чадорџии (кои изработуваат чадори), папуџии (хафафи), бојаџии и такјаџии (што изработуваат капи); тоа се големи чаршии плански градени. Сокаците им се чисти и калдрмисани. Секој дуќан го красат зумбули, синолички, рози, зимски рози (нерсин), босилек, јоргован и замвак (крин) во вази и саксии. Тие со својата миризба просто го опиваат мозокот на посетителот или на трговецот. Овде има многу образовани и многу чесни луѓе. За време на летните жеги, кога има големи горештини, сиот скопски пазар прилега на багдадски ладилници зашто сите негови чаршии се со наткриени капаци и сводови, како во Сараево и Халеб. Има еден безистен кој е толку убав што јазиците и перата се немоќни да го опишат. Тој е како силна тврдина со железна порта на два влеза, а е изграден со куполи. Трговците со увозна стока што работат во тој безистен им палат темјан на своите посетители и ги попрскуваат со розино масло. Овде човечкиот мозок уште го опијанува и миризбата од мошус, рубаба, амбра, канфора и зумбул". Дилгер Зеде, турски поет од XVII век, за Скопје, пак, пишува: "Долго време патував по земјата Румелија и на други страни и видов многу убави градови и, со благословот на Алаха, бев восхитен, но ниеден толку не ме зачуди и восхити како рајскиот град Скопија, низ кој тече река Вардар". Меѓутоа, развојот на Скопје и на неговата чаршија наскоро повторно насилно ќе биде прекинат. Дотогаш, речиси, наспобедливата турска војска во втората половина на XVII век започнува да трпи сериозни порази. По неуспешниот обид да ја освои Виена во 1683 година, таа е присилена шест години подоцна да го напушти дури и Скопје. Австриските трупи, предводени од генерал Пиколомини, влегуваат во Скопје на 25 октомври 1689 година, воодушевувајќи се од неговата убавина. Генерал Пиколомини за Скопје ќе запише: "Скопје се протега на голема површина и само малку е помал од Прага. Градот е обиколен со прекрасни многубројни овоштарници во пространата и плодна, добро култивирана котлина. Градот има околу 60.000 жители, од кои 2.000 се Евреи. Но, и покрај тоа што Пиколомини градот го споредува со убавината на тогашна Прага, тој од темел го разурнува и го опжарува поради појавата на чума. Притоа, тој ќе запише: "Решив, иако не лесно, градот да го претворам во пепел. Жалам поради куќите какви не сум видел во оваа војна. Џамиите се од најдобар мермер и порфир, украсени со илјадници светилки на позлатени алкарани, на кои човек би им посветил подеднакво внимание и во Рим; жалам и поради убавите старини, градини и места за забава. Рашив да го запалам градот за на непријателот да не му оставам што било што би му користело". Во големиот пожар, што трае два дена - на 26 и 27 октомври - е уништено се што било со векови создавано. Градот веќе не постои. Покриени со пепелишта ќе останат во урнатини неговите маали, куќи, палати и јавни објекти. Притоа, најмногу ќе настрадаат богатата чаршија, во која ќе останат само неколку џамии и амами, и еврејскиот дел на градот, во кој ќе изгорат речиси сите живеалишта и двете синагоги Бен Аарон и Бен Јаков. По повлекувањето на австриската војска, градот преминува во рацете на востаниците на Карпош, кои уште пред доаѓањето на трупите на Пиколомини, креваат востание против турското ропство. Меѓутоа, наскоро турскиот заповедник Махмуд-паша собира силна војска против востаниците. По тешката и нерамна битка во Куманово - главното упориште на востаниците - Карпош е заробен, а утврдените востаници во Скопје, по налетот на турската војска, потпомогната од кримските Татари, се поразени, а Карпош е набиен на кол на Камениот мост и исечен на парчиња. Веднаш потоа за несреќното немуслиманско население наидуваат тешки години, исполнети со терор, страдања и грабежи, кои ќе траат и во првите децении на XVIII век. |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
Нема теорија да имал 200к. Париз и Лондон имале по толку во тој период.
Зошто се спомнува чумата како изговор, кога од мемоарите се гледа дека го запалил за да му напакости на непријателот. Има ли некои други градови, притоа опишани како преубави, сторени пепел ради чума? Edited by fichot - 16-Jan-2016 at 23:42 |
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Градот пред и по Пиколомини
Во почетокот на 17 век, Скопје веќе оддава впечаток на голем и развиен трговски град. Градот и Чаршијата речиси, секојдневно растат, така што бискупот на Бар, Марин Бици во 1604 година ќе запише дека Скопје имало двестотини илјади жители во повеќе од четириесет илјади куќи. Овие бројки секако дека се претерани, но факт е дека многу патници што поминувале и престојувале во него говорат за Скопје како за голем град, кој сега е раширен и на десниот брег од реката Вардар. Тоа го пптврдуваат и „вакуфските“ белешки каде тој, по големината и богатството се опишува како втор град во европскиот дел на Турција. Познатиот англиски патеписец доктор Едвард Браун, во 1669 година наведува дека Скопје имал прекрасен безистен со оловен покрив околу кој имало многу улици покриени со штици и многу разновидни занаетчиски дуѓани. Во тоа време, градот извезувал волна, восок, вино, платно, свила, тутун, гајтан, свилен конец, срма и разни златни и сребрени предмети и украси. Турскиот поет Дилгер Зеде, во тоа време пишува: „Долго време патував по земјата Румелија и на други страни и видов многу убави градови и, со благослов на Алаха, бев восхитен, но ниеден толку не ме зачуди и восхити како рајскиот град Скопија, низ кој тече реката Вардар.“ Меѓутоа, наскоро тоа ќе се промени. Австриските трупи ја поразуваат турската војска и генералот Пиколомини влегува во Скопје на 25 октомври 1689 година, а во дневникот ќе запише: „Скопје се протега на голема површина и само малку е помал од Прага. Обиколен е со прекрасни многубројни овоштарници во пространата и плодна, добро култивирана котлина. Градот има околу шеесет илјади жители, од кои две илјади се Евреи.“ Сепак, Пиколомини до темел ќе го разурне и опожари Скопје, поради појавата на чума. Притоа, ќе запише: „Решив иако, не е лесно, градот да го претворам во пепел. Жалам поради куќите, какви не сум видел во оваа војна. Џамиите се од најдобар мермер и порфир, украсени со илјадници светилки на позлатени алкарани, на кои човек би им посветил подеднакво внимание и во Рим. Жалам и поради убавите старини, градини и места за забава. Решив да го запалам градот за на непријателот да не му оставам што било, што би му користело.“ Во големиот пожар што траел два дена (26 и 27 октомври) уништено е се што било со векови создавано. Најмногу ќе настрадат богатата чаршија, во која ќе останат неколку џамии и амами и еврејскиот дел од градот, каде ќе изгорат речиси сите куѓи и двете синагоги. staracarsija.mk Edited by Staro Skopje - 16-Jan-2016 at 21:59 |
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
КИСЕЛА ВОДА ИМЕНУВАНА ПО ВОДА, ДРАЧЕВО ПО РАСТЕНИЕ, А ЧАИР ПО ЛИВАДА
Податоците се од книгата „Градот Скопје и формирањето граѓанска класа во периодот меѓу двете светски војни (1918-1941 год.) од етнолошки аспект“ Деспина Трајковска-Димова Сигурно некогаш сте се запрашале како ги добиле своите имиња денешните скопски општини, населби и маала. Можеби сте се подзамислиле од кое време потекнуваат имињата, им се менувале ли во зависност од периодот, од демографските карактеристики. Навистина ли Кисела Вода е именувана по некоја вода, Драчево по растение, а Лисиче по многубројните лисици што живееле во тој дел од градот? За голем дел од имињата постојат неколку кажувања, верувања, приказни од хроничари. Во овој случај, за потеклото на имињата и нивното значење се користени информации од книгата „Градот Скопје и формирањето граѓанска класа во периодот меѓу двете светски војни (1918-1941 год.) - од етнолошки аспект“ напишана од авторите Алла Качева, Славица Христова и Татјана Ѓорѓиовска. Се чини, многумина знаат дека Аеродром, една од поновите општини, го добила своето име по воениот аеродром наречен „Скопје“, кој се наоѓал кај сегашната поликлиника „Јане Сандански“. Првиот патнички авион таму слетал на 15 јуни 1928 година, бил од типот „потез 29“ од француско производство и превезувал пет патници. Аеродромот бил бомбардиран од нацистичка Германија во април 1941 година. Денешната Општина Чаир, пак, името го добила од Турците и потекнува од турскиот збор cair што значи ливада. Всушност, територијата на денешната населба Чаир во тоа време била речиси ненаселена и наликувала на ливада, па оттаму и името на општината. Автокоманда е крстена според касарната на српската војска „Аутокоманда“, која се наоѓала во овој дел на Скопје. Касарната била изградена 1914 година и служела за стационирање на српската војска. Неколку години подоцна и целата новоподигната населба го добила името Автокоманда. Прво што ни паѓа на ум кога ќе помислиме на потеклото на името на Општина Кисела Вода е дека некогаш во некоја од денешните населби се наоѓал извор од кој течела кисела вода. И, токму така. Името потекнува уште од 18 век од времето на турскиот бег Усеин. На местото каде што денес се наоѓа црквата „Свети Никита“ извирала кисела вода. Општина Гази Баба, пак, своето име го добила, не поради тоа што некој газел баба, туку според името на османлискиот кадија, научник и поет од 16 век Ашик Челеби, познат кај народот како кадија Гази Баба. Општина Ѓорче Петров пред да го добие името на големиот македонски револуционер, се викала според францускиот генерал Ханрис и бугарскиот генерал Жостов. Денешната населба Ѓорче Петров е создадена непосредно по Првата светска војна, како предградие на град Скопје. До Ѓорче се стигало само со познатото „вовче пампурче“. Од скопските маала, односно населби, како поинтересни се издвојуваат имињата на Маџир Маало, Дебар Маало, Топаана, Буњаковец, населба Драчево... Една од најстарите скопски населби, Маџир Маало, името го добива според богатите доселеници кои граѓаните ги викале маџири. Всушност, првото име на денешно Маџир Маало било населба Вардар, бидејќи куќите биле подигнати покрај течението на реката. Таа населба била првата која ги исполнувала критериумите за урбана населба. Но, кон крајот на 19 век со доселувањето во овој дел од Скопје на богаташи кои своето богатство го стекнале за време на турските војувања во христијанските земји, главно во Мала Азија и на Балканот, населбата го добива името Маџир Маало. Во ова маало се наоѓале најубавите куќи во тогашно Скопје, односно Маџир Маало била најелитна населба во Скопје. Дебар Маало го добива името според градот Дебар, од каде што потекнувале првите жители кои го населиле овој дел на Скопје. Откако во 1918 година делови од Западна Македонија припаднале на Албанија, голем број македонски семејства биле принудно иселени од своите домови. Дел од нив се доселиле во Скопје и во Дебар Маало изградиле нови домови. Топаана била местото каде што турската војска ги поправала топовите, па оттаму османлиите овој дел од Скопје го нарекле поле на топовите, или на турски Топхана. Тапаана била подигната веднаш штом османлиите го окупирале градот. Населбата Буњаковец е една од оние која го носи името по угледна и богата фамилија од тоа време. Населбата го добила името на фамилијата Буњак, во чија сопственост биле поголем дел од парцелите на кои се граделе првите куќи. Целото земјиште во овој дел од Скопје било сопственост на неколку фамилии, меѓу кои најпознати и најбогати биле Буњаковци. Селото и населбата Лисиче се крстени според малото место Лисичка каде што почнале да се градат првите куќи на селото Горно Лисиче. Но, во 1900 година надојдените води на Маркова Река ги поплавиле нивните куќи, па жителите се повлекле погоре во месноста каде што имало лисици и која била наречена Лисичка. Жителите малку го измениле името на новото место за живеење и ги крстиле Лисиче. Селото и населбата Драчево името го добиле според трнливото растение драч, кое го имало во изобилство во овој дел од градот. Според усните преданија, настанувањето на Драчево е поврзано со месноста Салаково на планината Караџица. http://www.utrinski.mk/?ItemID=4BD38D350B28D44580E71EC9F091073E |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Z|evzek ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 423 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
СКОПЈЕ СЕ ОТКАЖА ОД ПРЕПОРАКИТЕ НА СВЕТСКИТЕ АРХИТЕКТИ
Георги Константиновски Актуелна тема која се провлекува веќе неколку години е обезличувањето на архитектурата на централниот дел на Скопје. Со потфатот од страна на власта да се облечат во барок постојните објекти во овој дел на градот се прави крупна грешка. Грешката е дефинирана како бришење на еден историски период на модерната архитектура кај нас, која особено цутеше се' до почетокот на 21 век. Грешката се состои во намерата да се прифати еден стил кој особено цутеше во 17 век, особено во Франција и Германија, а со тоа да се враќаме со стотици години наназад, наместо да чекориме паралелно со светските тенденции на современата архитектура. Узурпацијата на една рекреативна зона покрај коритото на реката Вардар со изградба на државно-административни институции, како и објекти од областа на културата е исто така грешка направена од страна на наредбодавците. Во урбанистичката наука се става посебен акцент на правилниот сооднос помеѓу содржините кои на граѓаните ќе им служат во животот којшто се одвива преку ден и оној којшто се одвива преку ноќ! Овој податок е посебно значаен за правилна расподелба на зоните за изградба со цел животот во градот да биде подеднакво привлечен за сите граѓани независно во кој дел од градот живеат! Објектите од административен карактер, како и објектите од културата (кина, театри, оперски куќи), во ниту еден случај не смеат да се градат покрај рекреативни зони затоа што тие во ноќниот период остануваат мрачни, а често и со стравични силуети што само по себе го умртвува живеењето на градот. Тие треба да бидат распоредени во ткивото на градот и локациски предодредени со цел да им служат и да им го олеснат животот на граѓаните. Овие објекти со својата архитектура отскокнуваат од станбената архитектура која секогаш треба да делува смирено и достоинствено. Во врска со ова големиот јапонски архитект-урбанист КензоТанге го изнесува своето стручно мислење кое истовремено со себе носи и една хумана нота: „Улиците на градот треба да бидат изградени со таква архитектура која на жителите ќе влијае стимулативно, со низа која од време на време ќе биде прекинувана токму со објекти од административен или културен предзнак кој директно ќе ги задоволува потребите на граѓаните и ќе претставува место за препознавање на еден дел од градот“. Оттука може да се заклучи дека сите објекти без исклучок изградени по целата крајбрежна зона покрај реката Вардар во последниве неколку години се погрешно локациски избрани. Каква била концентрација на објекти од истородни функции е погрешна! Во организација на архитектите на Њујорк во 1965 година присуствував на предавањето посветено на шпанската архитектура што го одржа големиот американски архитект Ричард Нојтра. Преку многуте колор дијапозитиви направи преглед на значајни објекти од повеќе градови во Шпанија. Во излагањето го нагласи својот став според кој Шпанија во поглед на архитектурата го зазема првото место во Европа. Тие негови зборови како новина се врежаа длабоко во мојата меморија. Во 1970 година со група уметници ја посетив Шпанија и според утврдената програма ги посетив речиси сите знаменити места познати со својата архитектура. Тогаш се присетив на зборовите на архитектот Нојтра. Суштината на големината на архитектурата се состоеше во тоа што Шпанците го почитувале претходно изграденото во сето она што го граделе низ вековите Така во еден објект можеа да се видат сите стилови на архитектурата градени низ вековите! Девизата била: гради во духот на денешното време, но почитувај го претходно изграденото! Така во сите објекти што ги посетивме се нижеа стиловите последователно, почнувајќи од мудеханскиот, па преку романскиот и готскиот се' до модерниот. Во насока на изложеното, слободно може да се заклучи дека архитектурата во Скопје во последниве неколку години чекори во сосема спротивна насока! Погледнете го централното подрачје на градот и уверете се! „Ако ги реализирате препораките од експертите на Обединетите нации, Скопје ќе биде еден од најубавите градови во светот!“ Така гласеше препораката од експертскиот тим во книгата „Скопје повторно се раѓа“. Во неа на 180 страници беше презентирано новото урбанистичко решение на централната зона на градот Скопје, изработено од стручни тимови на урбанисти, архитекти и други стручни профили на претставници од Полска, Грција, Обединетите нации и од нашата земја. На крајот, овие експертски тимови кои работеа во Скопје непосредно по катастрофалниот земјотрес во Скопје во периодот од 1963-1966 година, во заклучокот ги дадоа своите препораки за идниот развој на градот. Од тие препораки, со цел да не се заборават, ќе наведам само неколку позначајни: - овој план за централната зона на градот Скопје треба во целост да се почитува; - се' што се гради треба да биде во духот со времето во коешто се гради; - во крајбрежната зона на реката Вардар не смее ништо да се гради; - Калето како дар од природата со својата доминантна природна положба треба да се зачува и облагороди со обмислено партерно и хортикултурно решение; - во блиската и подалечна околина на Калето не смеат да се градат високи објекти со цел да не се попречува видикот кон него; - треба строго да се почитува усвоеното решение за регулацијата на реката Вардар со своите каскадни платоа; - реката како природен феномен не смее да се злоупотребува за какви било содржини коишто ќе му го намалат профилот на реката; - во крајбрежната зона на реката, која е ризична од аспект на земјотреси, можат да се градат само приземни објекти од лесен материјал со содржини наменети за шетачите по кејот… Ако внимателно ги прочитаме овие препораки од врвните експерти кои со голем ентузијазам му ја претскажуваа блескавата иднина на нашиот главен град Скопје, со жал ќе констатираме дека не само што ништо не е почитувано, туку дека намерно се омаловажени, жестоко газени и фрлени во заборав за вечни времиња. На крај, би сакал да го завршам ова излагање со извадок од текстот од нашата реномирана новинарка Соња Крамарска објавен во „Утрински весник“ на 12 септември: „А(х) бре, Македонче. Кога само ќе помислиш колку знајни и незнајни пари се прелеале од твои во туѓи џебови, ти доаѓа да се запрашаш зошто ти била таква судбината да те водат такви политички елити. Една проста математика ќе каже дека во текот на нашиот живот на сите нам ни бил украден барем по еден стан, куќа и автомобил. Затоа тие имаат, а ние немаме, а не затоа што се попаметни и поспособни од нас или затоа што живееме во ’сиромашна‘ држава“. (Авторот е архитект) http://www.utrinski.mk/?ItemID=7FC3D1CAFEDF6B46ADC9B168C52C28C5 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
За новото Скопје
Скопје се гради. Интензивно. Некому му се допаѓа неговиот изглед, некому не. На таа тематика се пишува многу, пишуваат архитекти и урбанисти, различен профил на уметници, економисти, политичари, колумнисти и активисти. И меѓу сите нив, ќе се најдат и такви кои го сакаат, и такви кои не го сакаат овој зафат. Меѓутоа, тука не станува збор за вкусови. Вкусот е субјективна категорија. Како таква, не треба да биде релевантна за низ нејзиниот дискурс да се дебатира за таков зафат каков што е трансформацијата на централното градско подрачје на една метропола. Уште помалку решавачка. Постојат архитектонско-урбанистички принципи коишто мора да се почитуваат, кога станува збор за најрепрезентаивното парче земја во една држава – плоштадот на метрополата, површините околу него, односно неговото централно градско подрачје. Не треба да се заборави и фактот дека подрачјето околу Вардар е трусно подрачје и забрането за градење. Секако, треба да се земе предвид и максимата дека архитектурата, односно градењето, не треба да ги руши вековните вредности на едно место, препознатливите белези, ниту да ги прикрие, сокрие, нагрди, или засени. Новите градби треба да ги надградат веќе постоечките и препознатливи вредносни карактеристики и просторни моменти на една локација, било таа локација да е поширока или потесна, или историски постара или понова. Многу аргументи, во естетска, урбанистичка, архитектонска, функционална, визуелна, традиционална (од аспект на почитување на нешто што веќе постоело), симетрично-асиметрична, просторна, и декоративна смисла на зборот, сведочат за тоа дека проектот „Скопје 2014“ можел поинаку да биде осмислен. Прва „на удар“ е реката Вардар. Како една оска, целина, артерија, таа најмногу загуби. Со новото урбанистичко решение, се изгуби нејзината вредност како рекреативно парче во срцето на Скопје, и се намали нејзината корист со помалото струење на ветришта по нејзиниот тек. Секако, и визуелно се намали нејзиното корито. Грубо речено, покрај новите големи објекти од левата страна, реката Вардар личи на канал. Имено, зградата на Македонската Опера и Балет, со нејзините косини и дистанцата од мајор коритото, визуелно ја прошируваше реката. Тоа го правеа и широките зелени појаси, на чиешто место сега се изградени предимензионирани објекти во однос на големината на самата река. И тоа се изградени на место на коешто според сите асеизмички експертизи, одамна е забрането да се гради. Овие објекти ја пореметуваат визурата кон Калето, и со својот архитектонски јазик, т.е. израз, се разликуваат од изразот којшто го има Камениот мост. Во овие појаси, можеше да се интервенира со минимални гестови, со цел да не се наруши визуелниот интегритет на Калето од една, плоштадот од друга, самата река како трета, и Камениот мост како четврта компонента на скапоцениот простор што го поседуваше централното градско подрачје на Скопје. За волја на вистината, можеби релативно празен беше овој простор претходно. И можеби требаше нешто да се направи, ама со почит кон постоечкото, да се надополни, да се доизгради, да се дообликува, но со минимални гестови, минимални интервенции, гестови осмислени со голема „перфидност“, со голем ум, гестови што ќе остават белег на времето во коешто биле направени. Настрана тоа што овие објекти од левата страна се градени во нејасен стил којшто не е одраз на своето време, поточно во времето во коешто се градени – 21 век. Премногу лесно се употребуваат термините „барок“, „класицизам“ и „неокласицизам“ за нив. Не треба овој стил на градбите од „Скопје 2014“ да биде нарекуван со нивно име. Камениот мост е деградиран и со градењето на мостот „Око“, Мостот на уметноста, и секако, со штотуку почнатото Панорамско тркало. Визурата кон него од мостот кај „Холидеј Ин“ е нарушена. Наместо тоа, седејќи на самиот агол на мостот, од страната од кај хотелот, и гледајќи во правец кон Калето, нашиот поглед е преоптоварен. Се испресечуваат статуи и канделабри од Мостот на уметноста и од мостот „Око“, по некој столб од Археолошкиот музеј, АЕК, зградата на Финансиската полиција и на МНР, некој лак од Камениот мост, модерни контури од Филхармонијата, може да ѕирне и по некоја стилизирана имитација на оџаците од концентрационите логори коишто се дел од Музејот на Холокаустот, па и по некоја косина од МОБ во позадината или парче од Комерцијална банка. И секако, се гледаат и гондолите во Вардар. Како круна на сето тоа, ѕиркаат осветлените ѕидини на Калето. Сето ова е напорно за човечкото око. „Воинот на коњ“ – споменикот којшто носи такво име, сместен на плоштадот, е предимензиониран. Ако целта на овој споменик е да го величи воинот качен на коњ, како што кажува и неговото име, тогаш не бил потребен толкав постамент. Фокусот требало да се задржи на самата статуа. Наједноставно би било со почитување на златниот пресек, односно односот 1.6 наспрема 1, во корист на статуата. Триумфалната порта има лоша локација, предимензионирана според локациските услови, со архитектонски јазик којшто не одговара на околните објекти. Во минатото, триумфалните порти биле градени со јасна цел – да обележат некаков успех, најчесто воен, и за низ нив да парадира војската после враќањето од походот. Останува нејасен мотивот зошто на Скопје му требаше Триумфална порта. Пресоблекувањето на зградите во други фасади, со образложение дека биле стари и дека требало да бидат реновирани, е спротивно на стремежот да се почитува авторското право, и етички е погрешно во архитектурата. Реновирањето не подразбира менување на стилот. Дискутабилен е и квалитетот на материјалите. Времето ќе го покаже нивниот квалитетот. Дискутабилна е и имитацијата на камените столбови преку нивна изведба како челични скелети обложени со гипс. Во архитектурата, не е својствено да има имитирање на едни материјали со помош на други. „Скопје 2014“, за разлика од Ајфеловата кула, тешко дека низ историјата ќе го оправда своето постоење. Имено, и Ајфеловата кула, како дел од изложба за челични конструкции, била оспорувана во почетокот, а после изложбата, било предвидено да се размонтира. Меѓутоа, поради некаков сплет на околности, опстоила до ден денес, и низ историјата станала симбол на Париз. Оптимистички е да се мисли дека проектот „Скопје 2014“ ќе го аргументира своето постоење, имајќи го предвид фактот дека објектите се градени во трусно подрачје, а нивната инфраструктура, пред сé подземната, е дискутабилна, па при секоја поплава или поголем земјотрес, можно е да сносуваат последици. Дополнителен фактор се и преголемите трошоци за одржување на целиот овој зафат. На долг рок, објектите веројатно ќе се покажат нерентабилни. И можно е да бидат напуштени еден ден, и да зјаат празни. А тоа не може да биде убаво. Во уметноста е дозволено буквално сé. Но архитектурата не е само уметност, туку и наука. И затоа делата во архитектурата оставаат поинакви последици за разлика од лошо насликаната слика или лошо отсвирениот акорд. Можно е допрва да бидат уште повидливи. Бошко Видоески, архитект http://www.porta3.mk/za-novoto-skopje/# |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
АРХИТЕКТУРАТА НА ВИСТИНАТА
Сања Раѓеновиќ-Јовановиќ, претседател на Асоцијата на архитектите на Македонија Точно е дека архитектонската школа во Македонија е под влијание на модерната. Точно е дека се придржува на Атинската повелба од 1931 година, која претставува збир на препораки за изградба на градови какви што денес ги познаваме, која е револуционерна во потенцирањето на сложените потреби на градот и радикално подобрување на условите за живот, а бара и решавање на станбениот проблем на широките маси. Никој не открил топла вода кога ги гледа како „руски монтажни комплекси“, дури и на Корбизје западни реакционерни кругови гледале како на „тројански коњ на болшевизмот“. Проблемите, недоразбирањата, дилемите, надметнувањата, дискусиите, критиките во архитектурата на професијата и архитектонската школа и' се познати. Точно е дека за да има прогрес во школата, учениците треба да се подобри од своите учители. За жал, кај нас тоа не се случи, особено после реформите во образованието и, се разбира, влегувањето на Болоња на универзитетот, за што Европа е виновна, нели. Отпор кон грандиозност, јасни и чисти геометриски форми, симетрија, пропорција, негување на однос кон колевката на европската култура и архитектурата - Стара Грција, творечки, голем и рационален ум, нема. Историјата и архитектурата се многу сериозни науки. Првата е учителка на животот, а втората секогаш не' опкружува. „Архитектурата е уметност, користи техника за да предизвика емоција“ -Ренцо Пијано. Можеме да се лутиме колку сакаме, но Скопје долго време било турска касаба, па полека почнало да прераснува во урбана балканска средина, па потоа во гратче по европски образец. Тоа почнало да се случува помеѓу двете светски војни кога е направен водоводот од Рашче, хидроцентралата „Матка“, болници, зоолошка градина, железничка станица (и денес од наведеното ништо немаме направено). Новите сознанија за старо–новите корени не се купуваат на „пластичарската улица“ (тамо е поефтино) па се делат како ефттина бужутерија да сјае повеќе (ама не е злато се' што сјае). Никако да се научи лекцијата. Историја е сигурно нешто што треба да се почитува, не смее да се дозволи да се срамиме од својата историја. Трајче, Стојче, Страше, па и Сања, бидејќи кај нас скромноста често се поистоветува со уплашеност, а на исплашен човек се знае дека може се' да му се прави, не треба да бидат скромни. Треба да бидат горди, храбри и подготвени да се соочат со реалноста и да бидат свесни каде и на што припаѓаат. И се разбира, треба да се горди на својата припадност и да ја создаваат историјата дневно. Тука нема дилеми и несогласувања, постојат научни иснтитуции и многу литература како сведоштво на минати времиња, па макар замижал некој и на едно око, но пак забораваме дека историјата никогаш не простува. Бајките се раскажуваат за деца, грубо кажано за се' уште несозреани, но тие за да допрат до целната група не се во оригиналната верзија, стигаат прочистени. Оригиналните бајки се сурови и брутални. Шарл Перо во 14. век прв ја запишал приказната за Црвенкапа, во оригиналната верзија волкот ги јаде и нејзе и баба и', без среќен крај. Така е и со архитектурата. Таа претставува наука и толку сериозна и комплексна творба така што во неа импровизација; глумата, лагата е невозможно да опстојат. Тоа значи дека тезата „барокот и проектот ’Скопје 2014‘ еден ден ќе бидат историско наследство“ е невозможна. Се разбира дека постои срам и несогласување од историски интерпретации, но не и од историски вистини. Сигурно дека историјата треба постојано да се изучува и да се пронаоѓаат релевантни артефакти, веројатно е точно дека историјата ја пишуваат победниците. Па ај да победиме и ние еднаш, еве барем во фудбал. Не мора да сме светски шампиони, барем да се квалификуваме во таа трка. Овој пат навистина мислам дека ќе немаме ни алиби, како по обичај дека некој друг ни е виновен, а ние сме најдобри, најчесни, сите не' мразат и не' мачат, веројатно за инает, што знам. Фер е да се признае дека Скопје било касаба, дека селективно после земјотресот се рушеле објекти и споменици од една причина, дека биле градени со лош квалитет и дека не било исплатливо нивното реновирање, а од побуди кои ако ги наведам сигурно ќе бидам правилно разбрана, но повторно нема да ви одговара. После Втората светска војна многу малку области од човековото творештво доживуваат толку квалитетно и квантитетно унапредување како архитектурата и урбанизмот. Европа на срушени градови реагирала со творечка обнова. Југославија реагирала на сличен начин. Во Скопје е тоа уште поизразено поради катастрофалниот земјотрес. Важно е да се каже дека изградбата се случувала во земја која во добар дел немала ни искуство, ни кадар, како што имал поголемиот дел од Европа. Раководството на социјалистичка држава одлучило да реализира смел, сложен и скап проект за индустријализација, електрификација, регулација на реки, поврзување со автопатишта на една главно аграрна земја со голем дел селско население. Тоа население донесено во градовите требало да се смести во станбени населби кои биле урбанизирани, каде плански граделе за секоја од нив градинки, училишта, амбуланти, супермаркети, паркови, игралишта за деца, спортски сали (се' уште се во функција, нови и подобри нема). За разлика од останатите источни земји, југословенските (тука спаѓаат и македонските) архитекти не само што не го прифатиле т.н. соцреализам во архитектурата, туку биле и промотери на модерна архитектура. За мала земја ова е огромно сведоштво. Архитектите во Југославија (се разбира тука спаѓаат и македонските) ја применувале Атинската повелба. Потврда за ова се и 12 европски градови (од кои 9 престолнини) кои биле домаќини на изложби на современа архитектура на Југославија. Модерната кај нас многумина ја сметале за потикнувачка. „Скопје 2014“ денес не може да се прифати ни како изложба од ААМ, евентуално само во Министерство за култура, каде посетителите пак ќе бидат доведени со уцена. Постојат повеќе значајни меѓународни документи кои се однесуваат на прашањето на градовите, одржливиот развиток, планирањето, архитектурата. Атинската повелба е првиот, има и многу други Habitat I и Habitat II, Европска урбанистичка повелба на Советот на Европа, Лисабонска стратегија итн. Се задржав на Атинската повелба како пионер и значаен документ врз кој се потпираат архитектонските школи, благодарение на неа вештината на планирање на просторот денеска е толку напред отидена. Каде отишле парите од обновата на Скопје, кој со службена кола и државен бетон направил викендица е маѓепсан круг од кој нема излез. Кој го пошуми Водно, кој го насели, а кој ја исече шумата и го пренасели, знаат и птиците. Кој за багателни цени ги откупи општествените станови - па речиси сите. Некогашната моќна градежна оператива од Македонија градеше во СССР, Африка и Азија, не плоштадчиња на Трајче и Сања (па мој е, колку и на Трајче), Олимпиското село во Минхен на пример, комплекси во Русија слушајќи го Чајковски. Денес тие работници или возат такси или се без работа и седат дома гледајќи турски серии или се пред пензија и работат во „моќните“ компании за 9.000-11.000 денари плата. Тие исти градежни компании денес ги купија по багателни цени заедно со целиот нивни имот, деловни објекти, бетонски бази, градежни машини, но ја немаат моќта, можат само да глумат локалпатриоти. Точно е дека „Скопје 2014“ остава без здив. Се прашуваш зар е можно ова, па ги триеш очите мислејќи дека си во лош сон. И пак е тука и си велиш - како дозволивме да ни се случи ова. Па после си велиш - толку е несериозно да не можеш да го сфатиш сериозно. Е сега уште ни преостана да снимаме сатирични документарци за изграденото, што веќе и го прават во регионот или перформанси како со ајкулите за што повторно известуваше регионот. Судот на историјата не може дека го дочека бидејќи и конзерва од ЈНА има подолг рок на траење. Штета што архитектурата не е филм, па ќе можеше да го исклучиме. Поразот мора да се прифати и признае, за да може да се победи. http://www.utrinski.mk/?ItemID=CFDD816546348E448E661191A4E1557D |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Статија посветена на стоковните куќи во Скопје.
Доколку има посоодветна тема за оваа статија, администраторите/модераторите слободно нека го преместат овој пост во таа тема. http://www.urbancult.mk/cult/retro/item/4960-prikazna-za-skopskite-stokovni-kukji ПРИКАЗНА ЗА СКОПСКИТЕ СТОКОВНИ КУЌИ
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
Интересен текст од Едвард Браун, напишан за неговата посета на Скопје и Косово во 1669 (на англиски): http://www.albanianhistory.net/texts/1669/
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Првата студентска бригада му ја врати младоста на Скопје
http://okno.mk/node/35654 Совршена архитектура без апликации http://okno.mk/node/35582 Скопјанецот кој ја исклучи струјата и го спаси Скопје од пожари http://okno.mk/node/35560 Не копирајте, бидете уникатни http://okno.mk/node/35494 Видео интервју со Богдан Богдановиќ од 2008: „Скопје е град-личност“ http://okno.mk/node/35426 На Скопје му треба нов Кензо Танге http://okno.mk/node/35377 Буре барок http://okno.mk/node/35338 Планирањето на Скопје - развој меѓу визијата и стварноста http://okno.mk/node/35758 Per Astra ad aspera http://okno.mk/node/35714 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Скопље - Катастрофа и градилиште (Kнига за Скопје во PDF. Бесплатно преземете ја од линкот подолу.)
http://okno.mk/sites/default/files/Skoplje%20katastrofa%20i%20gradiliste.pdf |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Американците и Русите во разурнатото Скопје
http://okno.mk/node/35324 Каква власт, таква архитектура! http://okno.mk/node/35284 Подигнувањето објекти на кејот ќе биде грешка на векот http://okno.mk/node/35268 Пластична операција Скопје 2014 http://okno.mk/node/35214 На Скопје му треба нов живот и нова архитектура http://okno.mk/node/35144 Можевме, но не направивме светски град http://okno.mk/node/35128 Кукла http://okno.mk/node/34942 Проблематизација на можностите за перспективен урбан развој на Скопје http://okno.mk/node/34896 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
damjan4o ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Sep-2010 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 358 |
![]() ![]() |
фамилија Рубен
http://grad.sk/articleout?cid=6256&l=59&scID=4092 |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Плоштад
http://okno.mk/node/33566 Конкурс за Народната и универзитетска библиотека http://okno.mk/node/33569 Град на солидарноста http://okno.mk/node/34629 1992 - 40 Години Сојуз на архитекти на Македонија http://okno.mk/node/34695 Херојот Ленче http://okno.mk/node/34812 Скопје - вчера, денес и утре http://okno.mk/node/34841 Во Скопје преовладува кич во архитектурата http://okno.mk/node/34662 Edited by Џоле - 20-Jan-2014 at 11:35 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <123> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |