build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Останати теми > Останати теми
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Служби за тревожење и спасување

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 6>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 15-Aug-2016 at 23:12



~

уште еднаш секоја чест за Спасителите


09.08.2016 - Храбриот Ведран цели три часа се борел со студената вода пред да го пронајде својот татко - http://kurir.mk/makedonija/vesti/foto-hrabriot-vedran-tseli-tri-chasa-se-borel-so-studenata-voda-pred-da-go-pronajde-svojot-tatko/ [1]

16.08.2016 - Документарниот филм „Сведоштва на спасувачите во поплавите“ на ТВ Нова - http://denesen.mk/web/?p=453664
http://tvnova.mk/vesti/makedonija/svedoshtva-nemashe-vreme-za-broenje-gledavme-da-spasime-shto-poveke-luge/

http://tvnova.mk/vesti/makedonija/svedoshtva-gi-oblekuvavme-nurkachkite-opremi-po-pat-vo-prashanje-bea-sekundi/





~

слично невреме една недела покасно еве ја зафати и Москва [1] ќе речам конспиративно ова ко честитка за најавата за обновување на јужен и турски тек колку и ова да делува фантастично, а вие слободно думајте околу случајности, иако истовремено има поројни поплави со жртви и во Луизиана [2] но таму вакво нешто ко и кај останатите приобални области подложни на циклони регуларно се случува [3] додека ова со Москва е исклучок

http://infomax.mk/wp/поплава-во-москва-за-еден-ден-паднал-до/

би било добро да можеме да видиме како се организирани и како реагираат при вакви ситуации и нивните СТС

а еве стандарден нивни план за изолирана група настрадани, токму ко за во нашата интервенција на ЦК во Стајковци

Operational strategy and plan Overall objective The survival and the immediate needs of the population affected by massive floods are secured and met through theprovision basic food and non-food items (food parcels, bed linen sets, blankets, pillows, hygiene kits and plasticsheets and tarpaulins to cover the houses with damaged roofs). In total, the Russian Red Cross is targeting 1,562families (around 5,467 persons) to be provided with food and non-food items including beddings and hygiene kits. The62 already distributed family sets with non-food items will be replenished in the framework of this operation. Thedistributions will be implemented on the basis of the situation assessment and the beneficiary selection criteria agreedwith the local authorities, beneficiary representatives and the emergency commissions of the local governments. Proposed strategy The Russian Red Cross branches` staff and volunteers have been actively engaging in the response over the pastweek in the affected areas since the massive rain and floods started. The operation is relief-focused, providing theaffected population, with essential household items and temporary shelter. Relief items are being distributed based onbeneficiary selection criteria and in close coordination with the authorities and other actors. • Bed linen (1 set per person) • Household items (1 set per family), containing 3 blankets, 3 pillows and 3 mattresses – 1,562 sets in total • Supplementary food parcels based on the minimal requirements SPHERE standards (1 per family) • Hygiene kits (1 per family) – 1,562 kits in total
The following types and quantity of relief items will be purchased:
  • Food parcels 1,500

  • Hygiene kits 1,500

  • 3 blankets + 3 pillows +3 mattresses 1,500

  • Tarpaulins or plastic sheets 1,500

  • Bed linen 5,250


  • The content of the hygiene kits and the food parcels is as follows
    Composition of hygiene kits

  • Towel (70x140 cm) - 1 piece

  • Toilet soap - 1 piece

  • Soap - 2 pieces

  • Shampoo - 0.4 l

  • Toilet paper - 2 rolls

  • Tooth paste - 0.1 kg tube

  • Tooth brush - 3 items

  • Sponge - 1 item

  • Detergent - 0.5 kg

  • Items of feminine hygiene - 2 packs

  • Napkins - 1 pack


  • Composition of food parcels

  • Sugar - 2 kg
  • Wheat flour - 4 kg
  • Vegetable oil - 2x0.9 liters
  • Noodles - 1 kg
  • Tea - 0.2 kg
  • Canned beef - 4*0.5 kg
  • Canned fish - 8*0,25 kg
  • Oat flakes - 2 kg
  • Condensed canned milk with sugar - 2 x 0.4 kg
  • Buckwheat - 2 kg2
  • Rice - 2 kg2


  • *Note: The contents of the food parcels and hygiene kits are adapted for Russia based on the previous DREF operations.

    In addition, the following relief items that were distributed from Russian RC branches stocks in Dagestan will bereplenished:
    • Hygiene kits – 62 sets
    • Household items (containing 3 blankets, 3 pillows and 3 mattresses) - 62 sets.
    All relief items will be purchased in the local market based on tender procedures

    ...

    http://adore.ifrc.org/Download.aspx?FileId=13391


    Edited by beTon - 16-Aug-2016 at 10:50
    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3893
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 15-Aug-2016 at 20:12

    кој што сака нека мрчи но СТС одговорија експресно ... Секоја Чест за интервенцијата камо вака да реагирале и порано при сите непогоди посочени подоле



    ~

    на статистикава долу и фалат уште графи за спремност на службите, односно време на интервенција

    http://meta.mk/vizuelizatsija-site-katastrofi-i-nesreki-vo-makedonija-niz-brojki/


    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3893
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 15-Aug-2016 at 15:21

    оправдувањето е на место, но требаше и да посочи кој е дежурен кривец во вакви околности, ако не ЦУК тогаш мора да е ДЗС, а ако не ДЗС тогаш можеби АМС

    иако што е до интервенцијата јас воопшто немам замерки, напротив само пофалби до службите, но околу превенција е тука веќе може да се тимарат од екипираност и стручност па се до експедитивност, ко впрочем што треба и може секоја институција да се чешла

    Салиу: Срамота е некој да ја негира работата на Дирекцијата за заштита и спасување

    Поради тоа што немал право да реплицира, Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Шабан Салиу надвор од собраниската сала даде изјава за медиумите во која посочи дека е срамота некој да ја негира работата на Дирекцијата.

    „Некоретно е да се поништува работата на сите претставници од Дирекцијата за заштита и спасување кои помагаат колку што можат“, посочи Салиу.



    http://tvnova.mk/vesti/makedonija/saliu-sramota-e-nekoj-da-ja-negira-rabotata-na-direkcijata-za-zashtita-i-spasuvanje/



    ~


    15.08.2016 - МВР реагира: Шпекулациите за наводно непостапување на полициски службеници во поплавите се крајно некоректни

    МВР во изминатите денови почнувајќи од 06.08 непосредно по случувањата на поплавите во регионот на с.Стајковци, с.Сингелиќ, с.Црешево и с.Арачиново и другите зафатени подрачја во континуитет ја информираше јавноста за ангажманот и бројноста на припадници на различни организациони единици на Министерството во пружање на помош на настраданите граѓани во посочениот реон.

    МВР испраќа демант на шпекулациите кои деновиве излегуваа во јавноста.

    Истиот го пренесуваме во целост:

    Како што е познато токму припадниците на Министерството за внатрешни работи од Единицата за брзо распоредување, Единицата за специјални задачи, Посебната единица за поддршка и Единицата за јавен ред и мир заедно со припадниците на АРМ беа првите што на лице место учествуваа во спасувањето на граѓани во критичниот период на 06 и 07 август, а понатаму плански и континуирано се ангажирани за помош и санација на штетите од аспект на безбедноста на граѓаните во тој дел од скопското подрачје.

    Од таму МВР ги отфрла како крајно некоректни сите шпекулации како и политички изјави за наводно непостапување или отсуство на полициски службеници на критичните места во периодот на самите случувања како и во наредните денови.

    Имено на подрачјето на северната скопска обиколница во критичниот момент на 06.08 кога беше поплавена и оштетена, сообраќајот беше пренасочуван од клучка Хиподром до клучка Радишани и обратно, а согласно тековните распореди за работа од 08,00 до 20,00 часот од автопатската мобилна единица имаше една патрола од двајца полициски службеници, еден сменоводител и двајца самостојни инспектори, а од 22,00 часот уште една патрола, а одкога почнаа поплавите се зголеми ангажманот на полициските единици така што освен автопатската полиција, ангажирани беа и пет патроли од Единицата за јавен ред и мир за пренасочување на сообраќајот на подрачјето на Гази Баба, а потоа беа ангажирани и специјалните единици.

    Имено како што и предходно информиравме од страна на СВР-Скопје ангажирани беа 243 полициски службеници и 50 возила, а од страна на Одделот за специјални полициски операции беа ангажирани 213 полициски службеници, 39 дефендери, еден џип чироки, еден хермелин, еден чамец, еден камион и еден хелихоптер со техничка опрема.

    http://kurir.mk/makedonija/vesti/mvr-reagira-shpekulatsiite-za-navodno-nepostapuvane-na-politsiski-sluzhbenitsi-vo-poplavite-se-krajno-nekorektni/



    Edited by beTon - 15-Aug-2016 at 16:16
    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3893
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 15-Aug-2016 at 11:33

    што прават овие се прашувам, кафекувари да не се!? наместо тие да ги бркаат научниците да им дадат материјал за работа, тоа професорите ги таманат нив како неодговорни, иако ко по обичај на тапат е премиерот зошто не ги построил, но истиот и врвки да им врзува пак бадијала, и не дека не работат, но сработеното е налик ова старите руските лимузини од кои денес нема никој фајде [1] а впрочем се има капацитет и за далеку повеќе [2]

    тоа министрите немаат абер што им прават подредените, а не пак политичарите, затоа пак политиколози ќе мудруваат дека системот е успан, наместо да понудат решенија како истиот да се мобилизира, можеби ко што предложувам горе преку државни-форуми но исфорсирани на ниво како што е форумов на build.mk каде ентузијасти од разонода натепале материјал до колена, а не пак некој што тоа му е обврска и работа ... дури тогаш може да видиме кој и што работи по институциите, но и да се надеваме на нешто повеќе од постојниве турни-ме-да-кинисам ефекти од волјата на политичарите

    09.08.2016 - Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување имаат 600 вработени

    Вкупно 597 вработени имаат двете институции кои главни за справување и санирање на штети и справување со катастрофи како со оваа со која се справува државата сега после невремето кое го зафати скопскиот регон пред три дена.

    Според податоците од Ребалансот на буџетот за 2016 година Дирекција за заштита и спасување има вкупен буџет од 266 милиони денари и ДЗС има 274 вработени, додека Центарот за управување со кризи има буџет од 151 милион денари и вкупно ЦУК има 323 вработени.

    Основна функција на Дирекцијата за заштита и спасување е заштита и спасување на луѓето, животната средина, материјалните добра, природните богатства, животинскиот и растителниот свет и културното наследство од природни непогоди и други несреќи во мир, вонредна состојба и воена состојба во Република Македонија.

    Активностите на Дирекцијата за заштита и спасување се насочени кон отстранување на последиците од настанатите природни непогоди и други несреќи и давање помош на настраданото население, испитување на езерата во Република Македонија за присуство на неексплодирани убојни средства, отстранување и уништување на неексплодирани убојни средства што ќе се пронаоѓаат во езерата, ангажирање на силите за заштита и спасување во гасење на пожари со противпожарните авиони и противпожарни возила, спасување од поплави и други евентуални природни непогоди, преземање на превентивни мерки за заштита од поплави и други природни непогоди како што се санација на свлечиштата, градење на земни насипи на местата загрозени од поплави, учество на силите за заштита и спасување во спасувачки мисии во други земји кои ќе побараат помош од Република Македонија.

    Центарот за управување со кризи ги извршува работите во врска со управувањето со кризи, изработување и ажурирање на единствената процена на ризиците и опасностите по безбедноста на Републиката, како и предлагање мерки и активности за нивно разрешување во кризна состојба.

    Активностите на Центарот за управување со кризи се насочени кон континуирано обезбедување на целосна поддршка на системот за управување со кризи, имплементација на редефинираната Национална платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи, достигнување на потребните капацитети за планирање, организација и координација со мерките и активностите за превенција за ризици од катастрофи, обезбедување, развивање и унапредување на систем за рано преупредување преку постојано следење и проценување на ризиците и опасностите кои претставуваат закана за безбедноста, oрганизација и подготовка на респектабилни капацитети за справување со настанати несреќи, кризи и кризни состојби и координација со активностите за надминување на предизвиканите последици и штети.

    http://emagazin.mk/vesti/vest/24723?title=centarot-za-upravuvane-so-krizi-i-direkcijata-za-zashtita-i-spasuvane-imaat-600-vraboteni
    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3893
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 15-Aug-2016 at 09:39


    камо со оваа бројка на припадници на службите за тревожење да бевме превентивно ангажирани во отклонување на ризиците, дефинитивно јавни прозивки но по државни форуми до тоа и би довеле, не дека волја немаме, а сигурно и какви такви проценки и стратегии, но и соработка со повеќе земји на полето на природни непогоди, јасно и одговорност како земја со блиско катастрофално минато ...

    за жал ни фали Остен кој сите навреме би ги спотерал кон целта, а не ретроактивно институционално препукување за тоа кој имал или немал надлежност некаде да интервенира, ко што најчесто е случај во оправдувањата после секој скорешна непогода во транзицијата, што вели Мирка Велиновска поназад зар има некој да одговарал до сега заради неагилност, штама, но бадијала со страв некого да поучуваш, него само транспаретна одговорност да се бара па од срам за да не бидат табани од своја фела на свој институционален форум та одговорните да засукаат работи, нели онаа поговорката Од Чаламот Си Патиме та и најболно е кога некој функционер ќе го земат сите на одговорност бар да ги образложува своите политики, нешто што би било неопходно дури и за воспитувачките во градинките а не пак службениците по државните и локалните институции, ко што вицепремиерот дава отчет во собрание овие да даваат отчет секојдневно и по сектори пред цела јавност, а ова особено важи и за науката, по која логика да земаат државни пари а одговороста и дострелите да им завршуваат само пред студенти и колеги
    14.08.2016 - Тодоров: Ангажирани се 564 војници, исчистени се над 1.000 куќи

    Владата на Република Македонија, обезбеди и стави во функција вкупно 1000 водни пумпи (вакум пумпи за испумпување на вода) и 180 муљни пумпи (пумпи за вадење на кал), агрегати за муљните пумпи, како и црева во должина од најмалку 30 метри по пумпа, кои во координација со припадниците на Армијата на Република Македонија и силите за заштита и спасување беа распоредени во подрачјата опфатени од поплавите, особено во утврдените најкритични и приоритетни населени места, рече вицепремиерот Никола Тодоров во своето обраќање.

    Во функција на справување последиците од силното невреме и поплавите, на помош на Градот Скопје и Општина Гази Баба се дојдени противпожарни единици од Свети Николе, Куманово, Битола, Кавадарци, Прилеп, Тетово и Гевгелија, со соодветни тимови и противпожарни возила и цистерни за вода.-Исто така, Владата на Република Македонија, преку Министерството за транспорт и врски и Јавното претпријатие за државни патишта со сите нивни ресурси успеа да обезбеди дополнителна механизација, алат и работна сила во сите населени места и за обиколницата од преку 50 приватни компании, единиците на локалните самоуправи, јавните претпријатија, и државните институции.

    Од Одделот за специјални полициски операции во периодот од 6-12.08.2016 година ангажирани се над 2000 припадници со ПМВ и специјални оклопни возила, механизација и хеликоптери, кои учествуваа во евакуирање на лица, потрага по исчезнати лица, укажување на медицинска помош и извлекување возила, чистење на поплавени куќи, испумпување на вода од дворови, чистење на јами, тампонирање на улици, чистење на речно корито и одводни канали.

    Од страна на СВР Скопје на дневна основа се ангажираат од 200 до 300 полициски службеници со околу 50 возила (24 часовно покривање на кризното подрачје) кои преземаат мерки за одржување на јавниот ред и мир на подрачјето зафатено со криза, рече Тодоров.Тој нагласи декја во кризните региони на Република Македонија се ангажирани 564 лица од составот на Армијата на Република Македонија кои се распоредени во пет сектори.

    Од страна на дел од припадниците на Армијата на Република Македонија извршено е отстранување на последиците од елементарната непогода при што се исчистени преку 1000 куќи, голем број згради, најмалку 10 канали и клучните главни шахти.-Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика, во соработка со Црвениот крст на Република Македонија формираа два прифатни центри и два дистрибутивни центри. Формирани се дисперзирани амбуланти во населените места Стајковци и Ченто, каде што се пружа здравствена заштита на примарно ниво, а дополнително во амбулантите е обезбедена и специјалистичка здравствена заштита, со цел истата да се доближи до пациентите, поблиску до местото на живеење, односно на местото на криза и тоа:

       - Во двете амбуланти се присутни лекар специјалист за инфективни болести и медицинска сестра (од 8 – 20 часот) со цел давање вакцина и серум за тетанус на повредени лица кои учествуваат во санирање на подрачјето, а вршат и скрининг на евентуални заразни болести. Екипи од ендокринолози од Клиниката за ендокринологија, од ГОБ „8 Септември“ и од Здравствен дом Скопје ги посетуваат инсулинозависните пациенти во овој регион, им делат терапија и се информираат за нивната здравствена состојба. Во овој регионима вкупно 284 лица на инсулин. Во здравствениот пункт во населеното место Стајковци е обезбеден инсулин од сите видови. Со зајакнувањето на примарната здравствена заштита и обезбедувањето дополнителна специјалистичка здравствена заштита се покриени над 14.000 жители во поплавените подрачја.

    Согласно дневните извештаи од Министерството за здравство, итната медицинска помош во изминатите денови по поплавите извршила 482 интервенции во овие подрачја, рече Тодоров. Со цел обезбедување континуирана здравствена заштита за жителите од кризните подрачја, на две места (на последна постојка на автобус бр.45 во населбата Ченто и на автобус бр.65 во Стајковци) е поставено 24 часовно присуство на возила на Итната медицинска помош. Здравствениот систем одговори со полн капацитет, а сите болници имаат доволно капацитети за сместување на повредени лица.

       - Во двете дисперзирани амбуланти се обезбедени потребните лекови, и тоа: лекови за хронично болни лица кои имаат потреба од секојдневно примање терапија, како што се лекови за висок крвен притисок и кардиоваскуларни заболувања, а обезбедени се и лекови неопходни при појава на други здравствени симптоми. Министерството за здравство обезбедува и оброци храна за лицата во поплавените подрачја и на дневна основа се обезедуваат околу 1.400 оброци. Дополнително, здравствена заштита се обезбедува и со патронажните тимови, над 50 тима се вклучени во оваа акција и досега се посетени над 2.100 лица.

    Тимови од Центрите за јавно здравје, во координација со Министерството за здравство започнаа со дезинфекција во домовите каде се создадени услови. Досега е извршена е дезинфекција на површина од вкупно 15.400.000 метри квадратни. Веќе е почната и ларвицидна дезинсекција на поплавените површини по ниви и секаде каде има поголема количина на вода и тоа 30 Ха на потегот кај Смилковско езеро и 300 метри во должина на каналот во Стајковци, рече Тодоров.

    Тој наброи уште само еден дел од преземените активности и активности кои континуирано се спроведуваат:

  • Од кал и тиња се исчистени главните сообраќајници во афектираните подрачја;

  • Тампониран и пуштен е во употреба делот од обиколницата на Автопатот;

  • Отстранета е водата во најголемиот дел од поплавените домаќинства, се вршат активности за расчистување на калта.

  • Оспособена е електричната инсталација и пуштена е електрична енергија до крајните корисници (со исклучок на поедини случаи).

  • Оспособена и пуштена е во употреба телекомуникациската мрежа;

  • Обезбедено е сместување во прифатните центри (еден објект на Министерството за образование и наука и еден објект на Министерството за труд и социјална политика) каде Црвениот крст на Република Македонија пружа згрижување на лицата.

  • Обезбедена и дистрибуирана е вода, храна, лекови, хигиенски материјали, облека, обувки, ќебиња и душеци за граѓаните во афектираните подрачја. Во организација на Министерството за труд и социјални работи, прифатот и дистрибуцијата ја врши Црвениот крст на Република Македонија.
  •           
  • Обезбедена и дистрибуирана е храна за неколку дена за преживените животни во фармите лоцирани во афектираните подрачја.

  • Се подигнуваат и нештетно се отстрануваат мрши од угинатите животни, и континуирано се вршат активности процесот на дезинфекција, дезинсекција и дератизација.


  •    - Граѓаните на Република Македонија многупати досега ја покажале својата хуманост и својата солидарност секогаш кога тоа било потребно. Горд сум што и овие денови уште еднаш нашите сограѓани од сите краеви на државата уште еднаш на дело ја покажаа својата солидарност и што дојдоа во кризните подрачја да помогнат во санацијата на регионот. Горд сум и на сите граѓани кои иако не можеа да дојдат и да помогнат во расчистувањето на штетите од поплавите, донираа храна, вода, финансиски средства за нашите сограѓани. На крај Ве повикувам сите да бидете рамо до рамо со волонтерите и граѓаните. Сега не е време за политички говори и дискусии. Сега е време за работа. На сите нас сега местото ни е во кризните региони. Секој со својот ангажман може да придонесе за побрзо санирање и побрза обнова на домовите, населените места и населбите кои ги зафати оваа поплава. Тоа е она што го очекуваат граѓаните. Тоа е она што го очекуваат нашите сограѓани од кризните региони. Да бидеме таму и да им помагаме. Тоа е наша обврска, рече Тодоров.

    http://denesen.mk/web/?p=453280

    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3893
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 15-Aug-2016 at 08:58


    Originally posted by beTon

    Flood potential is mapped at river basin scale, as well as estimated for larger urban areas. Based on these estimates, for example, elaborated is the Flood Defense plan of the City of Skopje, as well as other major towns of Macedonia.


    ова би требало да е Оперативен план за одбрана од поплави но едно го нема закачен на нет како документ од посебен јавен интерес, а не гледам нит да е имплементиран преку тоа ИПАРД грантовите во ГИС-от на катастар - како што го има сторено пример општина Пехчево [1]

    доколку со време ваквите проекции и се достапни на јавноста, дури и без институциите да спроведуваат превентивни кампањи за однесување при дадени ризици, самите медиуми ќе ги обработатуваат иститен идниректно опоменувајки за опасностите ... но неопходно е и самата власт преку ЦУК не само кампањски во јавноста, туку постојано да делува едукативно по школите, ако не за ризиците за освестување на младите од неопходноста на Црвениот Крст и Волонтирањето [1][2][3][4]



    Edited by beTon - 15-Aug-2016 at 09:49
    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3893
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 14-Aug-2016 at 23:00

    барајки соодветни ризик-мапи за поплави меѓу геолошките не најдов, иако би требало да ги имаме
    2.1 Has your country carried out hazard mapping/assessment?
    ...
    Flood potential is mapped at river basin scale, as well as estimated for larger urban areas. Based on these estimates, for example, elaborated is the Flood Defense plan of the City of Skopje, as well as other major towns of Macedonia. All available data are used for estimating flood potential.

    Phenomena's are treated isolatelly. Multi-hazard approach has not yet been used, except as academic exercises
    ...
    http://www.unisdr.org/2005/mdgs-drr/national-reports/Macedonia-report.pdf


    како генерални има неколку полуостровски ризик-мапи на нет, меѓу кои и за земјотреси, но и за поплави

    http://europa.ba/wp-content/uploads/2015/09/FLOOD-PREVENTION-AND-MANAGEMENT-GAP-ANALYSIS-EXECUTIVE-SUMMARY1.pdf

    нешто што би требало да е блупринт за секоја интервентна служба



    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3893
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 14-Aug-2016 at 19:43


    нема зошто kloesk камо да можев да помогнам отповеќе, можеби постовиве се во тој котекст, Да не Се Заборави и Дај Боже Да Не Се Повтори сето ова, иако скептичен сум дека ќе успеам токот на историјата да го променам, а за кој недвојбено укажуваат и сите технократски научници но и сите духовни мистици, дека вакви и поголеми катастрофи ќе има подоста во блиска иднина, а заради што неопходно е цел системот итно да се мобилизира околу еваулација на сите ризици, бекап за сите ситуации, и нормално ефективна распределба на човечки потенцијал и ресурси во однос Службите за Тревожење, но и нов систем за Цивилна Заштита кој би се спровел локално преку општините
    ако не локално бар регионално, или евентуално сета воена и полициска резерва да се впрегне програмски околу дадени стратегии за разни непогоди, да купуваме од искуствата на Србија и нато агресијата врз неа односно како успеаја и покрај санкции и покрај воен налет на 19 држави и' да преживеат и' да не колабираат, а што недвојбено e заслуга и на тамошната територијална одбрана првата фуснота од следниот линк [1] еве може нешто да купиме и од турските искуства како партнер со кого имаме и стратешки одбрамбен сојуз [2]

    http://ipacivilprotection.eu/turkey.html#l1 [3]


    ~

    сите понатамошни текстови околу обновата на Стајковци но и за поплавата најсоодтветно е да одат во нишката Скопски Средини

    http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1217&PID=214906#214906


    Edited by beTon - 14-Aug-2016 at 19:47
    Back to Top
    kloesk View Drop Down
    Newbiе
    Newbiе


    Joined: 07-May-2016
    Online Status: Offline
    Posts: 0
      Quote kloesk Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 14-Aug-2016 at 16:43
    Originally posted by beTon


    официјален апел за финансиска помош нема [1]

    но има разни иницијативи на здруженија и поединци еве една

    https://www.gofundme.com/2rzg2nnk


    Многу ти благодарам за помошта ќе донирам оттука
    иначе за Бурса, таму има Турци коишто се по потекло од Македонија
    а каде што живеам јас (Измир) скоро сите се (кои што се по потекло од Македонија) оригинални Македонци имено Македонци-муслимани а во Маниса мислам дека има некои Македонски села

    Edited by kloesk - 14-Aug-2016 at 16:46
    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3893
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 14-Aug-2016 at 15:15


    релативно е кој што мисли од лаици, макар и навистина понудиле издржана анализа и решение, просто се додека тоа не е јавна дебата помеѓу експерти бадијала, и иако логично е да ја има и по медиумите, сепак истата е повеќе од неопходна за на институционален форум, каде сите останати засегнати па и заинтересирани ќе ги подржат или оспорат државните политики ... само ваков проактивен ангажман може да ја размрда дадена фела, инаку и понатака ќе си дремат во својот мал свет на его-мудрувања
    за да се случи ова, мора сите одговорни бар во јавната администрација и при образовно-научните институции   да бидат ПРИМОРАНИ на активна дебата, просто тоа може да биде врзано и околу бодување на платите, или пак бодување заради кариеризам односно еден од условите за напредување во служба итн. битно "одговорните експерти" да се уозбилат да се спуштат на земја и да почнат јавно и транспаретно да комуницираат и меѓусебно и со јавноста! нормално дека таквите Форуми ќе треба редовно да се модерираат за да не се претворат во политичка жабокречина, а тоа верум и ќе биде случај штом секој граѓанин што сака да земе учество на некој институционален форум би се зачленувал верификувајки го својот идентитет и со лична карта и отисок или лајв видео снап [1 [2 [3 опција идеална и за е-гласење и на избори но уште побитно и на референдуми, иако таквиот е-граѓанин мора да е особено заштитен од хакирање што би се постигнало со редовно ажурирање на податоците односно нивна проверка, што пак од друга страна е кибернетичко искушение [1
    но доколку сакаме здрава јавна дебата и решенија, бар сите одговорни во администрацијата, но и сите кои сакаат да допринесат во обликување на политиките на државата, не гледам зошто не би си дозволиле ваков луксуз, за ним предностите земено технократски од каков и да е државен-форум можат да бидат само на арно ... а дури кога инфорамциите од јавен интерес на сите би им биле јавно достапни, дури тогаш и аматери би можеле да помогнат, ко во случајот со стружанецот и невремево [1] но немајки каде таквата информација да се апсорбира доажурира и преиспита, истата ко во случајот и со скопскиот воздухопловец чија видео-прогноза дополнително можела да спаси нечиј живот [2] ќе заврши зафрлена на фејсбук за домашни пријатели ...

    нормално околу сето ова треба и претпазливост за ваквите информации да не биднат злоупотребени дали криминално или терористички, заради што секоја тема и не би требало да заврши во етер, а уште помалку на истата да коментираат лаици, ова пред се мислам за воено-полициски теми, но дефакто интерно секоја служба при ваков форум би требало да има и свој затворен подфорум, а каде би си пеглале интерните недоумици како вработени односно тимски би си помагале во слободно време, хм вакво нешто би требало да е задолжително и за јавна кујна а не пак администрација но ај што нема свест за ова та нема ни кој да ги спотера


    Back to Top
    phenomenon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member
    Avatar

    Joined: 26-Oct-2010
    Location: Kumanovo
    Online Status: Offline
    Posts: 2691
      Quote phenomenon Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 14-Aug-2016 at 11:56
    Originally posted by beTon



    впрочем интернетот како појава е создаден токму како вмрежување на институции [1] а ние го користиме претежно за опуштање и сензацинализам, нормално на сеирџија и банка да му дадеш ќе ја пушти во вода а не пак едикојси јавен интерес

    вака и сите медиумите ќе имаат поголем пул за истражување, бидејки ќе можат и однапред да чујат што имале да кажат експертите пред дополнително да дообработ некоја тема, еве гледам сега се ко изгубени околу барае инфо за ерозијата орографијата и сл. па само еден двајца професори консултираат, а впрочем имаме и академици во овие области
    Balkans - the most erosive part of Europe? - https://www.academia.edu/14896140/The_Balkans_-_the_most_erosive_part_of_Europe

    http://esdac.jrc.ec.europa.eu/viewer

    http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3347&PID=214634#214634




    Мислиш ним им се потребни експерти и дека ќе се согласат со нивното мислење, а за да постапат согласно истото не може ни да стане збор.

    Не експерт, застани и прашај кој бил на улица, без разлика дали е таксист, келнер, физички работник или собирач на пластични шишиња, да ти каже дали ако на Водно се истура таков облак како пред десетина дена над Скопска Црна Гора, ќе има поплава со кататрофални последици, со голем број човечки жртви и огромна материјална загуба. Ако сите овие нестручни лица се согласат, зошто тогаш се градеше, се гради и ќе се гради на Водно и се соголува планината, стихијно, без никаков план?

    Нема ли место Скопје да се шири? Малку ли место има за градење накај Долно Лисиче, Кондово, Бардовци или пак да се урбанизираат Ќерамидница и Маџир-маало со современи деловни и станбени згради, наместо со голубарници?

    開始されていないだけの戦いが失われ、
    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3893
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 14-Aug-2016 at 11:35


    впрочем интернетот како појава е создаден токму како вмрежување на институции [1] а ние го користиме претежно за опуштање и сензацинализам, нормално на сеирџија и банка да му дадеш ќе ја пушти во вода а не пак едикојси јавен интерес

    вака и сите медиумите ќе имаат поголем пул за истражување, бидејки ќе можат и однапред да чујат што имале да кажат експертите пред дополнително да дообработ некоја тема, еве гледам сега се ко изгубени околу барае инфо за ерозијата орографијата и сл. па само еден двајца професори консултираат, а впрочем имаме и академици во овие области
    Balkans - the most erosive part of Europe? - https://www.academia.edu/14896140/The_Balkans_-_the_most_erosive_part_of_Europe

    http://esdac.jrc.ec.europa.eu/viewer

    http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=3347&PID=214634#214634


    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3893
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 14-Aug-2016 at 11:01

    како што и на овој форум доста инфо е сконцентрирано во форма на сведоштво, иако преку дебата помеѓу ентузијасти, да се надеваме дека на такви форуми и експертски ќе се демистифицираат доста недоумици за кои системот или нема време или не е ни свесен, можеби рефлексно потпрен на тоа дека има институции кои треба да си ја тераат работата, но дури кога истите јавно и секојдневно ќе се повикуваат на одговорност, ем истата постојано ќе биде некаде архивирана како недоследност, дури тогаш што од срам што од страв истите ќе почнат да работат поозбилно ако не под полна пареа, просто џабе премиерот да ти е воркохолик, па и светец ко што велам претходно, доколку системот нема начин како да го спотера да биде поажурен бадијала, од неколку стебла не биднува овоштарник, капак и нив некој нонстоп сака да ги поткршува
    едно време ставија смајли-оценување по шалтерите за да се нафура на агилност првиот ешалон на администрацијата, а слично направија и со неплаќачите на данок кои почнаа да ги ставаат на столб на срамот, но дури кога ова дигитално би било промовирано преку форумска дискусија да секоја институција катадневно биде проверувана, кудена и фалена, и од браншата но и од самите граѓани, дури тогаш ќе видиме ефект од истите, и тоа не треба секоја институција да има посебен форум, него напротив заради поголем срам односно јавен резил за одговорните треба и' да се групирани, пример еколозите, географите и геолозите да имаат заеднички форум и како Наука и како Институции, а потем и во соодветни подфоруми да бидат како област застапени

    мислам дека редно време е сите да се уозбилат и картите да ги отворат на сите нивоа, она што е за фалење да пофалат, она што се туѓи искуства да ги споделат и споредат, а она што е за маргинализирање и да го посочат, ете сето тоа да стои некаде подвлечено, а на тоа камо да може да даде поука и некој наш учен иселеник пр. ко за темава околу скопскиот смог [1] од кој ај што гинат ами и се измачуваат многу сограѓани, а дури кога вака и јавно дилемите би се посочувале во отворена дебата, воедно и граѓаните ќе се анимираат кон агилност ако не пожртвуваност за својата околина, а не вака ко сега сите активно се нафурани дека државата е успана и нефункционална, што не е точно, но дефинитвно е закржлавена! форумите би биле некое нејзино интелектуално подмачкување! блогови, фејсбуци и слични социјални мрежи се претежно место за лечење фрустрации, затоа тоа Министерството за Информатичко Општество треба што поитно да исфорсира вакви јасни државни форумски проекти кои би биле и продолжена рака на законот за Слободен Пристап до Инфорамции



    Edited by beTon - 14-Aug-2016 at 11:01
    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3893
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 14-Aug-2016 at 10:11

    имаме и алатки и кадар [1][2] / [3][4] само треба да ги впрегнеме и спотераме најпрво во научните институции, најнапред тие мора да изготват скрининг па и самоиницијативно, а потем и да посочат смерници за дадени решенија, а тоа во денешни услови да биде и јавно покриено преку одреден форум каде секој екперт би можел да земе учество и да даде свој допринос, а не преку фејсбук да се препукуваат кој колку и што се разбирал, смешно, но вистинито освен на build.mk и avijacija.mk немаме ниту еден друг специјализиран технички форум во земјава ...
    ... а не пак државата да покренела соодветни при институциите и универзитетите, каде во од би се посочувале сите потреби, но и би се акцентирале сите фалики во системот, вака сме практично закржлавени на ниво на акција-реакција, односно реагираме супер закаснето на сите искушенија, кои за среќа сеуште не немаат закачено катаклизмично, иако неретко тоа за влакно се избегнало ... на соодветни јавни институционално-едукативни форуми под државна капа во најмала рака нема да се дозволи ваквите отрезнувачки грешки да се заборават, навистина е штета што не ги користиме придобивките од овие е-времиња и сите учени не се впрегнати во одреден задолжителен систем на евалуација - ако не проекции на решенија
    за очекување беше за овие 8 години бар на овој форум да се јават градежниците кои секој во својата област би ги анализирал тековните случувања, но до сега освен архи-ентузијасти никој нит се јави нит се појави, иако сите самобендисано пазат од сенка, наводно некој можел партиски да ги етикетира и обои, абе ајде зар не сме сите зоо-политикон па дури и кога сме неутрални, на страна што немора да стават име и презиме, нејсе, бидејки се виде дека ова не е случај, а експертите ни преку билд не сакаат опуштено да комуницираат, дал пеглајки ги разликите и светогледите, дал актуелизирајки ги проблемите и грешките, тогаш дефинитивно Власта треба и законски да ги примора на тоа, и' тоа на форуми кои ќе бидат јавни, а во чии подфоруми би можело да земат учество и сите граѓани со свои прашања и предлози до надлежните професори но и службеници, јасно доколку се верифицирани како македонски жители

    мислам дека најнапред би требало да се покрене Bезбедносен форум за полициските и противпожарните службеници, односно бранша, а потем и Медицинско-Социјален форум, а каде ќе бидат повикувани за јавно мислење и професорите од сродните но и другите факултети соодветно на засегнатата тема или подфорум, нормално за оние теми кои се од јавен интерес ... воедно места каде и самите службеници соодветно би ги решавале своите дилеми или споделувале своите искуства, нешто што сигурен сум веќе и го прават некаде вонинстутиционално по мрежава [1][2][3]



    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3893
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 14-Aug-2016 at 09:39



    Originally posted by Makedonche

    Izvor e porta3.com, ke mora da procitam kako se postira


    не се замарај, ако веќе однапред не си го сторил тоа, еве ти линкот

    http://www.porta3.mk/doneseni-proceni-i-planovi-realizacija-katastrofa/

    или воопшто не се замараме, или ако и се нафатиме тоа го правиме лефтерно, такви ни се и образовниот систем, и институциите, но и компаниите, недоносени и во стратегиите и во реализацијата, ако не половично тогаш без капацитет да финишираат, а неретко и без воопшто абер дека нешто им недостасува, но нит најдобрата едукација, политика или економија нема да излезат на крај со сеирџискиот менталитет, заради што и да носиме реформи истите неможеме адекватно да ги спроведеме, еден напред двајца назад

    ~

    што вели проф. Трендафиловски тоа нема ни катедра за ерозија при шумарски или геолошки, а не пак соодветно екипирани служби по општините, всушност на хартија и во некоја нова форма ги има, веројатно тоа треба да се Еколозите кои сега се задолжителни и за секоја поголема фирма а не само институција, но јасно е како ден дека општ еколог ко пазач (освен ако законски не му е наложено) неможе да излезе на крај со чаламот на надредените, и да ги примора на нечија експертиза, да не е без ич стручни лица навистина имаме во сите области но проблем е нивното менаџирање искористување, а општествената кусогледост се манифестира и преку дремежот на академиците,
    но и здруженијата на градежниците, архитектите, урбанистите, кои или сензационалистички мрчат по медиуми, или тук таму еднаш годишно ќе направат ако направат некоја трибина на која партиски ќе кршат клечки околу своите приоритети, наместо истите да се веќе научно етаблирани и зацртани, а да се спори само за нивната имплементација

    Back to Top
    Makedonche View Drop Down
    Newbiе
    Newbiе

    BANNED

    Joined: 13-Aug-2016
    Online Status: Offline
    Posts: 0
      Quote Makedonche Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 14-Aug-2016 at 00:56
    Izvor e porta3.com, ke mora da procitam kako se postira
    Back to Top
    Makedonche View Drop Down
    Newbiе
    Newbiе

    BANNED

    Joined: 13-Aug-2016
    Online Status: Offline
    Posts: 0
      Quote Makedonche Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 14-Aug-2016 at 00:54
    Донесени процени и планови, реализација катастрофа
       
    inShare
    Деновиве во јавноста имаше голем број реакции од страна на стручната јавност и експерти во однос на поплавите настанати од невремето на 6 август 2016 година, кое ја опфати Македонија и кое особено го погоди Скопскиот регион, а предизвика катастрофални последици, хуманитарна катастрофа и огромни материјални штети…
    Најмалку 22 изгубени човечки животи, оштетени пет илјади семејства, уништени стотина автомобили и ниви претворени во мочуришта…
    Читателите сакаме да ги потсетиме на документот усвоен од Советот на Град Скопје на својата 71 седница, одржана на 3 септември 2008 година, кога е донесена ПРОЦЕНА на загрозеност на Градот Скопје од природните непогоди и други несреќи.
    Ви пренесуваме дел од од горенаведената Процена, што се однесува на Загрозеност од поплави и уривање на високи брани.
    File062
    Под поимот поплава се подразбира постепено поплавување на теренот со излевање на водите од природните и вештачките водотеци како последица на високи водостои, пробивање или рушење на насипи, вештачки акумулации, како и поплавување на теренот од последиците на абнормални хидролошки ситуации, големи количества на паднат дожд при што доаѓа до прелевање на реките и езерата. Поплавените води може да ги покријат површините изложени на поплави за неколку часа, како што е случајот со ненадејните поплави или да се задржи неколку недели, како што е случај со есенскиот и пролетниот период.
    Причини за настанувањето на поплавите може да се поделат на:
    -       поплави настанати поради јаки врнежи
    -       поплави настанати поради зголемување на мразот во водотеците
    -       поплави настанати поради лизгање на земјиштето или потреси
    -       поплави настанати поради рушење на брани и воени дејствија
    -       поплави настанати поради промени во речните текови како последица на урбанизацијата
    Додека повеќето од поплавите се појавуваат поради една причина, најголемите поплави се појавуваат како резултат на взаемно дејство од две или повеќе причини како што е силен дожд во комбинација со пролетно истекување на водите од истопениот снег. Честопати се случува да количеството на вода од интензивни дождови го надмине носивиот капацитет на одводниот систем при што се создава застој во системот и поплавување на подруми или улици.
    При проценка на загрозеноста од поплави на одредено место треба да се опфатат следниве параметри:
    -      причина поради која настанала поплавата
    -      големина на зафатеното подрачје
    -      времетраење на поплавувањето
    -      висина на поплавениот бран
    -      вкупната количина на водена маса
    -      брзина на поплавениот бран
    -      количината на наносот и другите продукти на поплавувањето
    Појавата на поплавата на одредено место предизвикува голем број на опасности кои ги загрозуваат луѓето, културните и материјалните добра. Овие опасности се многубројни и разновидни ако поплавата ненадејно дојде и го зафати градското подрачје.
    Општи податоци за водотеците во Скопската котлина
    Главниот водотек во Скопската котлина е реката Вардар која припаѓа на егејскиот речен слив и припаѓа на групите на долги реки (301 km) со средна широчина, значителена брзина и непостојан речен режим.
    Низ Скопската котлина реката Вардар поминува во должина од 55 км каде ширината се движи од 40-80 м, а длабочината од 1,2-2,5 м. Со средна брзина на вода од 2 м/с односно при максимален водостој и до 3,5 м/с. Во овој дел е извршена делумна регулација на коритото со изградба на насипи во должина од околу 30 км од кои 10 спротиводно и 20 км низводно од Скопје каде премините се сконцентрирани во Скопје и во просторот до с. Сарај има 15 мостови. Реката Вардар има вкупно 37 притоки од кои 15 од левата и 22 од десната страна.KPO_2072
    Според карактеристиките на сливот и количината на водите на речниот тек на реката Вардар низ Скопската котлина ги разликуваме следните делници:
    -      Устие, Пчиња – Таор, клисурест дел, со должина од 8,1 км и пад од 9%. Со изградба на акумулацијата Башино село оваа делница ќе биде потопена.
    -      Таор – Долно Лисиче, рамничарски со голем дел мандри и спрудиви во коротото со должина од 13,4 км и пад од 35%.
    -      Лисиче2 – Аеродром со должина од 12,5 км и пад од 67%. На овој дел левиот брег е во многу лоша состојба каде во 1979 година водите го пробија насипот.
    -      Градски потег (Аеродром – Влае – устие Треска) извршена е регулација со должина од 12,05 км и останува за доградба уште 2,3 км на десниот брег на реката.
    -       Устие – Треска – Дервенска Клисура – со најстабилно речно корито, мала длабочина, со должина 19 км и со пад 4%.
    Анализирајќи ги одредени податоци, може да се заклучи дека Градот Скопје е во многу неповолна положба во однос на опасноста од појава на големи води, а имено:
    -       на подрачјето на градот имаме нагло зголемување на сливот од 1580 км2 на 4625 км2, што предизвикува голема концентрација на површински води и создава опасност од формирање на бранови на големи води.
    -       средниот пад на речните сливови е многу голем, што исто така е причина за брза концентрација на површински води.
    Реките Вардар, Треска и Лепенец пред влезот во Скопската котлина минуваат низ долги клисури, каде што имаат долги падови и не настанува излевање на големите води, туку тие со голема енергија и со голем транспортен нанос навлегуваат во котлината.
    Релативно кратките должини на горните текови, како и големиот пад на сливот предизвикуваат брзо надоаѓање на водата, релативно мали временски интервали на појава на шприцеви на брановите и опасност од временско совпаѓање на поедини бранови на големите води.
    Проценка на загрозеност од поплави на подрачјето на градот Скопје
    За појавата на поплави од големи размери во Скопје постојат историски записи. Од 1923 година кога се воведени Хидролошките набљудувања на потеците на реката Вардар забележани се 4 големи поплавувања и тоа:
    -   Поплавата од декември 1935 година, протокот на вода бил проценет на 1056 м3/сек., а бил поплавен мал дел од градот од околината на Скопје.
    -   Поплавата во декември 1937 година, протокот на вода бил проценет на 1080 м3/сек., а биле поплавени низводните делови додека градот бил заштитен со насипи.
    -   Поплавата од ноември 1962 година, протокот на вода бил проценет на 1310 м3/сек., а бил поплавен понискиот дел од градот, вкупно 6751ха.
    -   Поплавата од ноември 1979 година, протокот на реката Вардар бил проценет на 980 м3/сек. Со поплавата било опфатено подрачје од 7550 ха. Поплавата добила пошироки размери поради пробивањето на насипот пред железничкиот мост на населбата Маџари.
    Од настанатите поплави може да се забележи дека битно влијание имаат врнежите. Просечните годишни врнежи на подрачјето на Скопје изнесуваат 520,2 мм. Меѓутоа катастрофалните поплави се резултат на обилните врнежи на целото сливно подрачје на реката Вардар, кога количеството на врнежи изнесувало 80-100 мм за време од 24 часа.
    Врз основа на хидролошките информации од водомерните станици може да се даде временска прогноза за очекуваните големи води на големите реки и тоа:
    -    За реката Треска од Македонски Брод до Скопје максимално до 12 часа порано.
    -    За реката Вардар од Саркино до Скопје максимално 5 до 6 часа порано.
    -    За реката Лепенец од Генерал Јанкович до Скопје максимално 3 до 4 часа порано.
    Поминувањето на големите води низ коритото на реката Вардар е условено од пропусната моќ на коритото како делот што е регулиран така и во делот што не е регулиран.KPO_2092
    Пропусната моќ во делот на коритото што е регулиран на реката Вардар во градската делница може да оди следниот преглед:
    -    Пешачкиот мост кај Градски парк со проток од 1120 м3/сек.
    -    Пешачкиот мост кај Старо Сајмиште со проток од 1175 м3/сек.
    -    Камениот мост со проток од 1160 м3/сек.
    -    Мостот кај улица Илинденска со проток од1260 м3/сек.
    -    Мостот кај хотелот Холидеј Ин со проток од 1125 м3/сек.
    Споредувајќи ги протоците на речното корито на реката Вардар се констатира намалена пропустна моќ на речното корито за 10 до16%.
    Причината за ваквата состојба со поплавата од 1979 година може да се констатира дека мостовите Гоце Делчев и Камениот Мост имаат доволна висина над пропишаната скала додека на пешачкиот мост кај Кале водата ќе минува над мостот, а кај останатите мостови водата ќе се доближи до долниот раб на мостовата конструкција.
    Брани и акумулации
    Браните со своите придружни објекти овозможуваат повеќенаменско искористување на водните ресурси. Акумулираната вода се користи за задоволување на потребите на водостопанството, на населението и индустријата, за наводнување, производство на електрична енергија, заштита од поплави, обезбедување на биолошки минимум, спорт, рекреација и туризам.
    Почетоците на големите брани датираат уште од 1938 година кога била изградена првата брана „Матка” на реката Треска, во непосредна близина на градот Скопје.
    Брана Матка
    Браната Матка одалечена е 14 км од градското подрачје на излезот на реката Треска од каноњот и нејзината намена е за произвотсво на електрична енергија.
    Самата конструкција се состои од следното: нејзиниот лачен дел е изведен од десет појаси со височина од 3 м, чија дебелина почнува од 1,60 м кај најнискиот а завршува со 1,00 м кај највисокиот појас.
    Целата брана представува лачен извитоперен sид. За изведување на лачниот дел на браната, со оглед на времето за кое требало да биде подигната и другите барања, статички, конструктивнo морало да се постават повеќе услови: прво, целиот лачен дел на браната со вкупна зафатнина од околу 2500 кубни метри бетон и 150 тони арматура, да се изврши за три месеци, за да се избегне лошиот период на време, кога е можно поголемо надоаѓање на Треска.
    Висината на браната изнесува 29.5 м а должината на браната 65.87м.
    Површината на сливното подрачје на акумулацијата изнесува 1800 км2 а должината на акумулацијата 5900 м. со средна ширина од 40 м. Корисна зафатнина изнесува 2.600.000 м3. Инсталираната моќ на ХЕЦ „Матка„ изнесува 4.16 МW со средно годишно производство на електрична енергија од 23.350.000 kwh. Бројот на турбините е три и инсталиран проток од 18.75 м3/сек.
    При евентуално уривање на браната просечната брзина на челото на бранот низ Скопје би изнесувала 33.4 к/ч, што би значело дека за растојание од 3 км бранот би стигнал за 550 секунди, а неговата висина би била 6 м.
    На делот од браната до Скопје дирекно на удар од поплавениот бран се селата: Долна Матка, Шишево, Глумово, Чичино и Сарај по должината на Треска кaко и Љубин и Кондово низводно по реката Вардар. На овој дел поплавениот бран би напредувал со изразито стрмно чело.
    Последиците што би настанале во регионот на општина Гази Баба би биле: поплавување на околу 5600 хектари, загрозени животите на околу 35000 луѓе и околу 10000 станови и куќи. Поплавени ќе бидат одредени населби и села како: Триангла, Маџари, Трубарево, Јурумлери, Скопско Поле, Колонија, Кадино, Мралино, Петровец, Огњанци и др. населени места. Ќе бидат зафатени и дел од индустриската зона вклучувајки ги поранешната фабрика Газела, поголем дел од МЗТ, простории на Технометал-Вардар и други објекти околу нив. Поплавени и онеспособени ќе бидат околу 7км од железничката пруга Скопје-Куманово и околу 20 км патишта.
    За да се намалат последиците од поплавниот бран при делумно или целосно рушење на браната Матка потребно е да се превземат следве превентивни мерки:
    1.   Да се обезбеди превентивно тревожење на месното население за евакуација од загрозената обележана зона на плавење. За таа цел треба да се изгради систем за надгледување на браната и изведување на населението од загрозениот регион од поплави при евентуално рушење на браната Матка.
    2.   Системот за надгледување и известување го сочинуваат набљудувачки места (луѓе и видео камери), подцентар во Х.Е. Матка, Градски центар за тревожење на град Скопје и алармни станици, телекомуникационата мрежа и белези за максимално ниво на поплавениот бран.
    3.   Намалување на нивото на водата на езерото Матка со што ќе се намали акумулацијата, а со тоа и ризикот од големината на поплавениот бран.File058
    4.   Намалување на водите на р.Треска до браната „Матка” со регулирање на испустот на браната „Козјак”.
    Брана Козјак
    Со изградба на браната Козјак се откриваат нови можности за нови поголеми извори на електрична енергија. Намената на оваа акумулација е слична со намената на акумулацијата Матка , односно за производство на електрична енергија како заштитна функција.
    Типот на браната е камено-насипна со глинесто јадро. Висината на браната изнесува 126.10 м, а должината на круната 305 м. Волуменот на браната изнесува 3.440.588 м3, а додека волуменот на акумулацијата изнесува 550.000.000 м3 и инсталиран проток од 100 м3/сек.
    Инсталираната моќ на Х.Е:изнесува 80MW со средно годишно производство на ел.енергија од 156.0 х 103 kwh.
    Преку браната во вонредни услови, има можност да се евакуира проток над 1900 м.к/сек. Со усвоените капацитети на евакуационите органи на браната, објектот има голема сигурност, во споредба со реалните хидролошки определувани големи води. Заштитната функција на акумулацијата е во интервентно регулирање на истекувањето во зависност од хидролошката состојба во загрозеното подрачје.
    Со изградба на браната „Козјак” се создава опасност од појава на катастрофален поплавен талас при нагло истекување на водата од акумулацијата и притоа загрозување на населението во подрачјето низводно од браната.
    За да се намалат последиците од поплавениот талас при делумно или целосно рушење на браната „Козјак”, поребно е да се превземат следниве превентивни мерки:
    1.   Преку системот за набљудување и известување да се обезбеди навремено известување и тревожење на населението на потенцијалното загрозено подрачје.
    2.   Техничкото набљудување на браната ќе се врши според елаборат. Непосредното набљудување и контрола ја врши стручна служба на браната и дежурните лица, додека посредното ќе се врши со помош на сите инсталирани уреди на браната.
    3.   Постапка според оперативниот план за известување и тревожење
    4.   Намалување на нивото на водата на акумулацијата со тоа и ризикот од големината на поплавниот бран.
    5.   Намалување на водите на р.Треска до браната Матка со регулирање на испустот на браната.
    Големи води на реката Вардар
    Големите води што би се јавиле на реката Вардар ( без акумулацијата Козјак) се проценети со следните вредности:
    А) Делницата од Рашче – до вливот на Треска
    Веројатноста на појава – 10 год. голема вода: Q = 250м3/сек
    Веројатноста на појава – 30 год. голема вода: Q = 400м3/сек
    Веројатноста на појава -100 год. голема вода: Q = 600м3/сек

    Б) Делницата од вливот на Треска – до сливот на Лепенец
    Веројатноста на појава – 10 год. голема вода : Q = 600м3/сек
    Веројатноста на појава – 30год. голема вода: Q = 800м3/сек
    Веројатноста на појава на – 100 год. голема вода: Q =1100 м3/сек

    В) Делницата на вливот на Лепенец- до с. Зелениково
    Веројатноста на појава – 10 год. голема вода : Q = 652 м3/сек
    Веројатноста на појава – 25-30 год. голема вода: Q = 810 м3/сек
    Веројатноста на појава – 100 год. голема вода: Q = 1200 м3/сек
    При појава на големите води и сегашната изграденост на водостопанските заштитни објекти би се поплавиле околу 8730 хе при Q = 1200 м3/сек. Во оваа површина претежно се наоѓаат земјоделско замјиште и дел од градските населби, како и селски населби во рамничарскиот дел.
    Со поплава би биле зафатени населбите : Ѓ. Петров 1, населбата Хром, пералиште Хром, Центарот на градот, Долно Лисиче, Маџари, Хиподром, индустриската зона Гази Баба, с. Огњанци, с. Ржаничино и поголем дел од Скопско Поле.
    Покрај опасноста на поплави од големите води на реките Вардар, Треска, Лепенец и Маркова река, исто така и поројните текови може да предизвикаат поплавување и оштетување на објекти и површини во зоната на нивното делување. Во Скопскиот регион регистрирани се 134 поројни текови кои се групирани во 7 поројни серии ( Водњанска, Маркова река , Зелениковска, Ѓ. Петров, Долен тек на р. Лепенец, Скопска Црна Гора и долниот тек на р. Пчиња). На некои од овие поројни текови, особено на оние што го напаѓаат градското подрачје, извршено е нивно уредување, а на значително поголемиот број поројни текови предстои потреба од нивно уредување. Заради поголема заштита на Скопското поле од надворешни води потребно е да се изврши реконструкција на ободниот канал. Сегашниот ободен канал дава заштита од појава на 10 годишни води, а би требало да биде димензиониран на 100 годишни води, бидејки во полето што ги штити сега се изградени повеќе населби, индустриски и други објекти.
    Можни места за излевање на големите води и можности за трајни решенија
    Критични точки
    Врз основа на хидруличните пресметувања на пропусната моќ на речното корито и врз основа на искуствата од последните поплави, лоцирани се критичните (црни точки) каде може да дојде до излевање на големите води.
    Според овие согледувања критичните места се следни:
    -    Усек кај село Таор – Критичното место се наоѓа на р. Вардар.
    Поради малата пропусна моќ се појавува забавено течење и нивото на водата се издигнува спротивно на подолг потег, така што постои голема опасност од пробивање на левиот одбрамбен насип. За време на поплавата во 1979 година на овој профил протокот изнесуваше 60м3/сек, што е значително помалку од водите што дотекувале во р. Вардар, што значи дека разликата на водата се излева и се акумулира во Скопско поле.обиколница
    -    Левиот брег на пробната делница и мостот на ранжираната станица Трубарево.- Поради незавршената изградба на левиот брег на регулацијата на Вардар и малата пропусна моќ на мостот, постои опасност од пробивање на левиот (стариот) одбрамбен насип и повторување на ситуацијата од поплавите во 1979 година.
    -     Централното градско подрачје.- Особено опасно место е пешачкиот мост кај Кале, каде поради малата висина на мајор коритото постои опасност од зачепување на крајните отвори од предмети што ги носат големите води. Ваквото зачепување би предизвикало катастрофални последици за десниот дел од градот.
    -     Потегот од устието на Треска до мостот на патот Скопје- Тетово.- Опасноста кои предизвикуваат забавување на течението и издигнување на нивото на р. Вардар со што се загрозува левиот брег кај железниот мост за с. Сарај.
    -     Изворот Рашче.- Поради опасноста на р. Вардар да донесе поголеми количини нанос, постои можност речното корито да се издигне и реката да го промени својот тек, со што со дирекна ерозија би бил загрозен изворот.
    -     Река Лепенец.- Представува опасност со својата ерозивна активност и транспортирање на
    Ne jadite gomna.... štetno e
    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3893
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 13-Aug-2016 at 22:33



    во овој миг минуваат седум дена од трагедијата, која доколку бар малку имаа акал сите особено одговорните, па и оние кои случајно имале прилика да им помогнат, сето ова немаше да се случи односно далеку поинаку ќе се одвиваше, но нели секогаш нашите служби се најпаметни кога некој предвреме ќе ги предупреди, мислам дека со 3к за миг можеше да се спречи постојнава штета од 30мил. евра и непроценливата штета во загуба на човечки животи, но нели скапо им е на надлежните да отворат чекмеџето за нечиј превентивен проект, та дури и за метео-аматери [1] а не пак институции [2] иако не им е скапо за отпосле да санираат последици, и тоа не еднаш!
    уште еднаш Бог Да Ги Прости Жртвите, Сочуство До Нивните Семејства, Охрабрување до сите Стајковчани, нема утеха за загубите и нема можност таа штета да се надокнади, но Фала Му На Бога што преку оваа несреќа ќе се спречат идни ризици, а како поука вашите сограѓани заради неа утре ќе куртулат посреди слични непогоди, воопшто сите скопјани, за сметка на отрезнувањето околу урбаниот и ерозивниот јавашлук

    Благодарност до сите Служби за Тревожење, до Војската, до Црвениот Крст, до сите Волонтери, но и до сите Донатори, оваа непогода нека ви биде за идна поголема хомогеност, извинување до сите што неможам директно да помогнам во средување на последиците, иако индиректно се трудам преку нишкава тоа да го сторам како морална подршка, евентуално инфо абер за ваше доопремување и доекипирање за во иднина, бидејки навистина ако не природни или политички посекако наскоро ќе дрмаат економски предизвици, а само заеднички фокус околу надминување на истите може да ни биде на сите од помош, најнапред нашите политичар и мора да разберат дека со гневење на народот мирот не се осигурува за во иднина, ова мислам на шарените, додека она црно-црвените исто бар сега додека не слегне прашината околу трагедијава нека ја подзапрат или прикријат ако веќе неможат да ја стoрнираат градежната ренесанса заради договoрни пенали, а не е лошо и оние проекти што можат да ги прекинат тоа и да го сторат па макар платиле и некој пенал, а како што повеќе средства би се пренасочиле кон изготвување и имплементирање на ЛЕАП-и локални еколошки акциони планови во кои главен акцент би се ставило токму на минимизирање на ризиците од Природни Непогоди макар истите се и само теоретски возможни [1][2] Молете Се Постојано Литургиски за Божја Помош и Заштита за Мир и Слога и во и на Земјата помогнете на непознат, на сиромашен, раселен, прогонет, настрадан, имајте разбирање за паднатите, за грешните, за отфрлените, сочувајте го бар мирот во своето срце [3]



    Edited by beTon - 13-Aug-2016 at 22:44
    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3893
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 13-Aug-2016 at 18:08

    додека едни опструираат туѓи багери [1] други несебично ги позајмуваат своите [2] [3]

    во секој случај брзо е излезено во пресрет на настраданите, а некаде веќе целосно е завршено со чистењето и средување на инфраструктурата [1][2]

    Војниците неуморно работат на расчистување на теренот од рано наутро - http://www.mreza.mk/vojnitsite-neumorno-rabotat-na-raschistuvane-na-terenot-od-rano-nautro-foto-galerija/



    http://www.time.mk/?q=АРМ&search=news

    http://daily.mk/search/АРМ







    http://www.telegraf.mk/aktuelno/makedonija/ns-newsarticle-preporaka-a-ne-i-naredba-za-evakuacija-decata-zenite-i-postarite-da-gi-napustat-domovite-foto.nspx








    Edited by beTon - 13-Aug-2016 at 18:19
    Back to Top
    beTon View Drop Down
    Senior Member
    Senior Member


    Joined: 25-Jun-2008
    Online Status: Offline
    Posts: 3893
      Quote beTon Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 13-Aug-2016 at 15:15


    помош посекако сеуште ќе треба, бар додека да се нормализира ситуацијата, а истата добро е и самите семејства да ја акцентираат на фејбук доколку им е нешто неопходно, можеби паметно е во кординација со Црвен Крст и нивните списоци да се отвори една ваква страна, иако подобро е да има соодветен форум заради полесна прегледност, каде и по потреба и по локација би се барало и давало помош, фејсбук постовите едноставно ги затрупуваат старите објави, патем размислувајте дека доаѓа и школска година, затоа и неопходно е вакво нешто да покрене некој кој е во кординација со Надлежните за да опремата стигне во вистински раце

    исто сите најави за помош и најави на волонтерски групи нема да биде лошо медиумите да ги превземаат од една ФБ страница ако не форум т.е. сите да ги објавуваат таму ... вака ЦУК на едно, КШ на друго, студенти на трето, а сдс ентузијасти на десетто место, ваков карамбол не би требало да се допушти од ЦУК во иднина



    ФБ-групата Humanitarna pomos za poplavenite semejstva vo Skopje ве известува и ве повикува:

    Утре, сите коишто нема да бидеме во можност да бидеме со лопата во рака (види настан: да бидеме на едно место, онаму каде што сме потребни - сите пунктови постануваат еден и КООРДИНИРАН ПУНКТ на Сквер Јадран за донации за настраданите во поплавените делови на Скопје, од 10 до 22 часот

    "ВЕДНАШ ПО ПРИСТИГНУВАЊЕТО И ПАКУВАЊЕТО, СЕКОЈА ДОНАЦИЈА ЌЕ БИДЕ УПАТЕНА ОНАМУ КАДЕ ШТО Е НАЈНЕОПХОДНА!"

    "Ситуацијата од теренот потврдува дека се неопходни уште многу донации! Да докажеме дека сме хумани и дека можеме повеќе! И тие што веќе дониравме, да донираме пак дури треба! А МНОГУ ТРЕБА

    "Наместо на едно кафе во град, донирајте за спас на нечиј живот!"
    НАЈНЕОПХОДНИ ДОНАЦИИ

  • Средства за дезинфекција

  • Средства за лична хигиена

  • Конзервирана и сува храна (храна којашто не треба да се готви или да се чува во фрижидер)

  • Храна за бебиња

  • Пелени за бебиња (сите броеви)

  • Пелени за возрасни

  • Прибор за чистење

  • Кофи

  • Ракавици за чистење

  • Лопати

  • Гумени чизми

  • Работнички колички

  • Лекови коишто се издаваат без лекарски рецепт

  • Батериски ламби

  • Плински боци и плински уреди за готвење

  • Свеќи и кибрит

  • Медицински маски

  • Хирушки ракавици

  • http://www.exclusive.mk/News.aspx?IdNews=18251

    Back to Top
     Post Reply Post Reply Page  <1234 6>

    Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



    This page was generated in 0.221 seconds.

    Copyright ©2007 - 2025  build.mk

    Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.