Author |
Topic Search Topic Options
|
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#21 Posted: 15-Mar-2010 at 23:37 |
ПОКРАЈ НАЈАВАТА НА ВЛАДАТА ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ ТРАНЗИТНИ ТУРИСТИ Нема пари за градење хотели и рестораниЕлена Костовска
Изградба на угостителски објекти и туристички атракции покрај патиштата во земјава ќе го поттикне транспортниот туризам, но тоа нема да може да се случи набргу зашто стопанството нема пари за вложување. Ова е реакцијата на туристичкиот сектор на антикризната мерка на Владата за изградба на повеќе придружни крајпатни објекти на коридорите 8 и 10 и за вцртување маркички за изградба на комерцијални објекти, со што би се овозможило транзитните патници да придонесат за развој на националната економија. Од Министерството за економија велат дека изградбата на објектите ќе почне во мај откако ќе завршат процедурите за потребните дозволи. Ќе градат и државата и приватните инвеститори кои ќе купат или ќе станат концесионери на државно земјиште или ќе ги земат на стопанисување, одржување или за изградба постојните паркинзи или објекти. - Нормално е дека ако имаме попатна инфраструктура ќе имаме можност да заработиме, но тоа нема да биде брзо. Што ако се добијат маркичките, со кои пари ќе се гради кога нема можности за поволни кредити субвенционирани од Владата? Годинава се очекува поголема навала на туристи кои по копнен пат ќе патуваат кон Грција, но за да преспијат или да застанат во земјава, тоа треба да им биде планирано, па треба да се направи и добра промоција. Не верувам дека летово ќе се направи нешто, освен можеби да се постават пристојни тоалети и можеби изградба на некои објекти во рамки на бензинските станици - вели Роза Сирачева од Туристичката комора. Таа додава дека ако има поволни можности за финансирање на инвеститорите, сигурно ќе има заинтересирани зашто се работи за многу исплатлив бизнис. Во Министерството за економија очекуваат новата понуда да го зголеми престојот на попатните туристи. - Ќе се градат ресторани, мотели, бензински пумпи, на неколку паркинзи ќе има културни манифестации и штандови за продажба на сувенири или локални производи, а ќе биде поставена и туристичка сигнализација со кафеави табли. Бидејќи низ земјава транзитираат околу два милиона патници, сметаме дека треба да го задржиме нивното внимание и да одвојат барем еден ден или неколку часа за одмор, од кои секој би имал позитивен ефект - вели Селвет Барути, портпарол на Министерството. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=1&tabid=1&EditionID=1968&ArticleID=136315
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#22 Posted: 20-Nov-2009 at 16:47 |
Туристите ни бегаат со полн гас
 И варењето ракија може да биде атракција за странските туристи
Годишно низ
Македонија транзитираат од 3 до 5 милиони луѓе, а се случува некогаш
дневно да минат и по 500 автобуси кои воопшто не застануваат на патот
од 200 километри од северната до јужната граница
Странските туристи ја претрчуваат Македонија сакајќи што побрзо да
ја поминат. Некогаш дневно поминуваат и по 500 автобуси кои воопшто не
застануваат на патот од 200 километри од северната до јужната граница.
Ова беше истакнато на еден неодамнешен форум за винските патишта. Како
главна причина за таквото нешто беше посочено немањето прописен тоалет
покрај автопатот од Куманово до Гевгелија.
- Знаете ли дека
Турците кога одат по нашите патишта ги паркираат возилата во ниви за да
спијат. Тоа се оние кои ја пропатуваат Македонија патувајќи за Турција.
Ако би се изградиле попатни објекти, паркинзи, ресторани, чешми,
тоалети, сервиси за коли.., би било поинаку - истакна сопственик на
туристичка агенција од Кавадарци.
Само за илустрација, беше
кажано дека во бивша СФРЈ во еден наврат само за осум часа во хотелот
„Парк“ кај Неготино биле услужени туристи од 35 автобуси. Тогаш во
Тиквешко имало само две винарници, а сега има педесетина.
НЕМА НИ ТОАЛЕТИ
Туристичките агенции од Србија истакнаа сериозни забелешки.
-
Транзитниот туризам ви е катастрофално лош. Можеби сте земја која во
Европа најлошо го користи транзитниот туризам - констатираа гостите на
форумот.
Владата, беше речено, не може да ги менаџира сите проблеми.
-
Може да се интервенира, по забелешките дека нема тоалети. Но, не може
Владата да ги држи тие тоалети, да поставува вработен кој ќе седи и ќе
ги чисти. Тие би се дале под концесија - рече Зоран Николовски од
Министерството за економија.
Владата е свесна дека грешиме со транзитниот туризам.
-
Годишно 3 до 5 милиони луѓе поминуваат низ Македонија. Порано имаше
милионски суми од транзитниот туризам. Државата е тука да направи
инфраструктура и да помогне во маркетингот, но локалната самоуправа
треба да помогне, а да се ангажира и приватниот сектор - потенцира
претставникот на Министерството за економија.
Надлежните
размислуваат како да се менаџираат работите со транзитниот туризам.
Владата в година ќе дава паркинзи на концесија, а можеби и локации за
сервиси. Потребен бил и маркетинг, зашто на нашиот Коридор 10 освен две
табли за Стоби не постои ништо друго. Затоа сега се поставувале знаци
за винските патишта.
На форумот, на кој учествуваа
претставници на централната и на локалната власт, домашни туристички
агенции, винарници и угостителски објекти, беше потенцирано дека
странците што доаѓаат се жалат дека не можат да купат сувенири и
разгледници од регионот на виното. Посебна приказна бил проблемот што
луѓето што ги имаат клучевите од некој верски објект, кој сакаат да го
посетат туристи, понекогаш морале да ги бараат по нивите.
-
Имаме многу работи кои не знаеме да ги искористиме, за разлика од
нашиот јужен сосед кој од секој камен прави легенда и пари - беше
кажано.
РОСОМАН ЧЕКА ДАНЦИ
Општина Росоман имала што
да им понуди на туристите, но жителите на општината немале чувство за
туризам, се пожали градоначалникот Стојанче Лазов. Росоманскиот крај
бил омилена дестинација, особено за туристи од Турција чии предци се
родени тука.
- Имаме неколку винарници и можеме да
организираме дегустации на вино. Од старата џамија правиме музеј.
Дански туристи се заинтересирани да доаѓаат напролет за да го гледаат
цутењето на праските, како атракција во регионот со најмногу праски во
Македонија. Но, немаме доволно сместувачки капацитети за туристите.
Фали интерес кај росоманци да го курдисаат овој бизнис. Најверојатно
луѓето многу работат земјоделство, па немаат време да се бават со
туризам. А некои од туристите сакаат да преспијат токму во локални
автентични куќи - рече градоначалникот Лазов.
Тој смета дека
Росоман има предуслови за развој на туризам. Но, како што рече,
земјоделците треба да сфатат дека во тоа има пари. Засега повеќе сакале
да работат по нивите одошто да пречекуваат туристи.
- Не знаат дека кога ќе ги спојат земјоделството и туризмот ќе им биде подобро и ќе имаат поголема добивка - рече Лазов.
Тој потсети дека туризмот може да биде многу доходна гранка, но во внатрешноста многу малку и' се посветува внимание.
- Во светот цели села живеат од туризам. Зошто да не може и Росоман -праша тој.
ФОНТАНА СО ВИНО
На форумот беше предложено
на алтернативните туристи да им се понуди да видат како се калемат или
кројат и изнесуваат лозови прачки, како се сади лозје и се бере грозје.
Туристите да може, ако посакаат, сами да пробаат да варат ракија или да
прават вино.
- Не смејте се. Ако некој оди во Тунис, на
пример, за да се слика на камила за едно евро, зошто кај нас не би
можел да се слика во лозјето - беше коментарот на некои од присутните
на дебатата.
Падна и предлог за тиквешкиот гроздобер и за
свети Трифун да се направи фонтана од која ќе тече вино, а посетителите
да може бесплатно да пијат. Беше дадена и идеја за отворање мини-пазар
до хотелот во Неготино, како оној во Росоман, со цел да се привлечат
туристите да застанат и да купат земјоделски производи. Присутните се
согласија дека треба да ги здружат силите за да можат да ја продадат
македонската винска приказна.
Во таа приказна, беше речено,
многу успешно би можеле да се вклопат и ски-центарот „Кожуф“,
Тиквешкото Езеро со Полошкиот манастир, до кој се стигнува по воден
пат, необичните фигури создадени од природата во Конопиште, Музејот на
виното и многубројни други убавини кои се испреплетуваат со винските
патишта во Македонија.
- Во светот за пет евра ти продаваат
камен, но имаат приказна за него. Некои земји дваесет проценти од
буџетите ги полнат од туризмот. Бог ни дарил богатство, кое ние само
треба да му го покажеме на светот - беше заклучено на дебатата што ја
организира фондацијата „Тиквешки вински пат“.
Светлана Дарудова
Царински арач
Не
можеме да влеземе во Македонија и да излеземе ако не платиме рекет, се
пожалија српски туристички агенции. Според нивните тврдења, 5 евра од
автобус ги чинел влезот во Македонија, а 15 излезот.
-
Полицијата, исто така им наплатува рекет од 10 до 20 евра на српските
автобуси. А така не можете да развивате транзитен туризам - рекоа
гостите од Србија.
Претставникот од Владата рече дека слушнал „прикаски оти се земал рекет“.
- Ако е некаква утеха, сто души вработени на границата се во „ќорка“ во моментов - рече Николовски. http://dnevnik.com.mk/?ItemID=2C169A4AFCE6FF4B8FDE21C15A00B236 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#23 Posted: 09-Aug-2009 at 18:33 |
за стража воопшто има урбанистички или некаков план за вон населено место или па неккаков план од страна на миснистерството пошто се работи за заштитен појас на магистрален пат?! Или се тоа само времени објекти натрупани, па и не баш времени, туку има и доста цврста градба! А за паркингот може да нагаѓаме зашто и во голем дел зависи од конституција на теренот.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#24 Posted: 09-Aug-2009 at 18:08 |
Originally posted by Andrej_LJ
Во право си! Таа кај Велес стварно не бев сигурен затоа што ретко го минувам тој пат. А за Петрол Компани, можев барем сликата да ја видам има табла... 7 браќа како да беше разнесена во војната ама незнам дали ја обновија.
|
7 Браќа беше разнесена не само за војната туку и пред/после нејзе (не ми текнува точно) неколку пати. Си имаа луѓето проблеми со локални моќници. Објектот вечно се гради и незнам дали е воопшто довршен. На таа бензинска имам точено бензин само еднашка и имам впечаток дека и ден денеска воопшто не е разработена за разлика од на пример Петрол Компани или Бунар Петрол кај Гостивар каде често сум застанувал и секогаш имало гужва. Кога сме кај одморишта, летово поминувајќи кај Стража ја видов стандардната свињарија. Одмориштето се има доста разработено од кога Охрид е повторно интересен за туристи од регионот но нема никакви капацитети за паркинг (колите се натрупани во неколку реда покрај патот често навлегувајќи во него), луѓе претрчуваат, небезбедно е, неосветлено е ноќе (освен во делот кај Лукоил), рестораните или што и да се (освен Лукоил) се сеуште запустени, прљаво е, полно со кучиња скитници........... @Klover За Макоил незнам не сум поминал натака одавна.
Edited by pbanks - 09-Aug-2009 at 18:09
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#25 Posted: 09-Aug-2009 at 17:58 |
Originally posted by pbanks
Првата е на Макоил кој го има земено целиот комплекс на бивши Мотел Македонија.
|
Функционира ли комплексот или само пумпата?
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#26 Posted: 09-Aug-2009 at 17:57 |
Во право си! Таа кај Велес стварно не бев сигурен затоа што ретко го минувам тој пат. А за Петрол Компани, можев барем сликата да ја видам има табла... 7 браќа како да беше разнесена во војната ама незнам дали ја обновија.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#27 Posted: 09-Aug-2009 at 17:56 |
@Andrej
Си ги утнал. Првата е на Макоил кој го има земено целиот комплекс на бивши Мотел Македонија.
Втората е Петрол Компани пред Тетово. 7 Браќа е многу погломазен објект веднаш после патарината кај Скопје.
Edited by pbanks - 09-Aug-2009 at 17:56
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#28 Posted: 09-Aug-2009 at 17:55 |
Последнава ми е фаворитка
|
 |
Andrej_LJ
Senior Member
Joined: 20-Oct-2008
Location: Ljubljana
Online Status: Offline
Posts: 2954
|
Quote Reply
#29 Posted: 09-Aug-2009 at 17:52 |
Бензинска пумпа на патот Скопје-Велес (на Макоил):   Бензинската пумпа Петрол Копмани на автопатот Скопје-Тетово  Бензинска пумпа во стушко...ЊУ СТРУГА!
Edited by Andrej_LJ - 09-Aug-2009 at 17:58
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#30 Posted: 06-Jul-2009 at 03:19 |
Еве она што го зборев во предходниот пост во врска со реновирањето на ресторанот "113-ка". 01.  02.  03.  04.  05.  06.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#31 Posted: 28-May-2009 at 10:00 |
Она едно кафанче покрај Е-75 во близина на селото Удово пред Гевгелија приметив дека е реновирано комплетно. Мислам дека било срушено старото па сега е подигнато ново со истите димензии и не е веќе обична импровизирана трафика.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#32 Posted: 23-Mar-2009 at 13:11 |
Еве го уште еднаш мотелот кај бензинската на Макоил јужно од Велес
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#33 Posted: 03-Nov-2008 at 12:40 |
Стража - нашето најпознато одмориште. Во иста катастрофална состојба како што ја памтам последниот пат кога бев... 1.  2.  3.
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#34 Posted: 21-Oct-2008 at 15:05 |
Статијава може да се квалификува во повеќе нишки но мислам дека најсоодветно место е овдека
Велешкото Езеро мека за транзитни туристи
Велешкото
езеро Младост и ова лето беше мека за туристите. За прв пат после
десетина па и повеќе години, со изградбата на хотелот Романтик,
реновирањето на мотелот на некогашниот агрокомбинат Лозар и уредувањето
на дел од плажите, покрај големиот број на домашни туристи на бреговите
на ова езеро се одмараа и поголем број странски гости. Патувајќи кон
соседна Грција, транзитните туристи не го одминуваа ни Велешкото Езеро
изградено во далечната 1963 година и кое е единствено пријатно катче за
одмор по автопатот од Куманово до Гевгелија. И додека транзитните
туристи отседнуваа во новоизградениот хотел Романтик, кој за добрата
услуга и квалитетна храна и годинава, како и лани, освои златен медал
на меѓународниот саем за туризам во Нови Сад, Србија, велешани,
скопјани и туристи од други градови на Македонија престојуваа во
другите угостителски објекти и на бреговите од езерото под прекрасната
борова шума. Според некои анализи, ова лето Велешкото Езеро го посетиле
неколку илјади домашни и странски туристи.
Ако пристапниот пат од езерото до автопатот Скопје-Велес, кај
клучката кај Новачани, беше целосно асфалтиран и ако беше поврзан со
пат со автопатот Велес-Скопје, бројот на туристите, според хотелиерите,
ќе беше значително поголем. Ветувањата на општината Велес дека целосно
ќе го уреди просторот за кампирање, ќе донесе вода и ќе изгради
санитарни објекти и ова лето не се оствари. Токму поради тоа и бројот
на камперите беше мал.
Со ангажирањето на Министерството за транспорт и врски за продажба
на државно земјиште на кое ќе бидат изградени шест хотели, десетина
мотели и поголем број помали угостителски објекти и спортски терени се
верува дека езерото Младост ќе прерасне во вистински туристички центар. Пуштањето
во работа на Академијата на Прокредит банка е само еден чекор напред за
привлекувањето на поголем број инвеститори за изградба на угостителски
објекти на бреговите на езерото. Во општината Велес, а посебно во
Министерството за транспорт и врски веруваат дека покрај хотелот
Романтик, на бреговите на езерото Младост во најскоро време ќе никнат
уште десетина нови угостителски објекти, кои ќе го привлечат вниманието
на домашните и на странските туристи. |
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=03BA701E4D48574BB2B2FF320DDB42E3
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#35 Posted: 11-Oct-2008 at 22:33 |
 lsl мотелот и ресторанот за кои зборуваш ги имаш на сликата, тоа е бивши Мотел Македонија кој Макоил го купи и ја изгради бензинскава пумпа покрај него. Имам постирано за ова има и слики од лани ова време само ти промакнало. еве неколку слики и од денеска ама контра сонце  1  2  3
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#36 Posted: 11-Oct-2008 at 03:32 |
Слушнав нешто дека МакОил ќе правеле некој хотел со ресторан на нивната бензинска онаа кај велес. Кај и да е ќе почне да се гради. Сликава ја сликав летоска онака узпат ми беше, па ете денеска се најде.
Edited by lslcrew - 11-Oct-2008 at 03:34
|
 |
BOJAN
Senior Member
Joined: 09-Sep-2008
Location: SKOPJE
Online Status: Offline
Posts: 3438
|
Quote Reply
#37 Posted: 14-Sep-2008 at 19:05 |
Еден исчекор е направен, но тоа е само почеток! На две работи се чудам, најпрво зошто земјава не ги поддржува овие стопанственици, бидејќи тие се битни и за безбедноста на патиштата. Процентот на сообраќајни несреќи се зголемува доколку луѓето немаат каде да се одморат по пат. Посебно ризична група се турците од Германија кои одат во Турција преку лето и туристите од средноевропските земји кои минуваат по Коридорот 10. За критика се и стопанствениците бидејќи не дошле на идеја да отворат бензински пумпи, мотели и одморалишта по патиштата. Големи пари стојат во ваквата идеја.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#38 Posted: 13-Sep-2008 at 18:34 |
Отворен нов мотел во Велес
Нов мотел вчеравечер беше отворен во Велес. Мотелот
„Монтенегро ривиера“, сопственост на Зоран Тодоровски, има девет дво и
трокреветни соби и два апартмана, со 22 легла, ресторан за 100 гости,
летна тераса и конференциска сала и опфаќа корисна површина од 450
квадратни метри. Мотелот се наоѓа на влезот во градот, непосредно до
автопатот Скопје - Гевгелија, кај клучката кај Башино Село и е наменет
за одмор и на транзитните туристи. | http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=EF03714819F5884AA83B69887D2A2BBB
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#39 Posted: 26-Aug-2008 at 13:54 |
 Во продолжение
ВЕСТ АЛАРМИРА: СТРАЖА Е ЛЕГЛО НА ЗАРАЗИ, А СИТЕ СЕ ПРАВАТ НЕНАДЛЕЖНИ
Министри, и вие јадете лајна!
Сите
државни органи, инспекции и ресорни министри до кои се обративме вчера,
затвораат очи пред ужасниот факт дека на Стража покрај тоните ѓубре,
измет и смрдеа од мочка се продава храна, а нема ниту вода, ниту
санитарен јазол. Дали треба некој да у
Патниците кои попатно одмораат на Стража, таму јадат мекици, кифли и
пити од рестораните кои се залепени до ѓубрето и во кои се шири смрдеа
од измет и мочка. Околу сите ресторанчиња кои се наоѓаат на
единственото место за одмор на патот Маврово-Охрид, не само што се
создадени депонии од ѓубре, туку и во кујните каде што се подготвува
храната смрди на измет и мочка. Бидејќи во рестораните нема тоалети, а
на Стража нема ниту еден санитарен јазол, патниците вршат нужда и
фрлаат ѓубре зад рестораните.
Овие ресторани и покрај тоа што не ги исполнуваат основните хигиенски и
санитарни услови за добивање дозвола за работа, на големо на патниците
им продаваат пирошки, мекици, кифли и пити. Иако е голема веројатноста
оние кои јадат во овие ресторани да добијат труење од храната,
надлежните никаде ги нема да ги санкционираат и да ги затворат.
Санитарната инспекција, Дирекцијата за храна и министерствата за
здравство и за екологија им дозволуваат на овие ресторани нормално да
работат.
Уште пофрапантен е фактот дека покрај леглото на зараза на Стража само
изминатиов месец барем десетина пати на пат за Охрид поминале безмалку
сите министри, вклучувајќи го и премиерот. А, никој ниту ја забележал,
ниту пак се ангажирал да се расчисти депонијата.
Ниту ЈП "Македонија пат" ниту општините Маврово, Ростуше и Зајас не сакаат овде да чистат и велат дека не биле надлежни за тоа.
Од Санитарната инспекција вчера ни рекоа дека од 1 јануари 2005 година
тие не се надлежни да вршат контроли дали рестораните ги исполнуваат
потребните санитарни и хигиенски услови, туку тоа е обврска на
Дирекцијата за храна.
"Ние реагираме само ако има случај на труење од храна. Тогаш, откако
Министерството за здравство ќе направи записник, ние излегуваме на
терен да испитаме која е причината за труењето", вели Вера Менкова од
Санитарната инспекција.
Во Дирекцијата за храна пак не гледаат никаков проблем во условите во
кои работат рестораните на Стража. Дирекцијата се уште нема директор, а
во соопштението што ни го прати преку кабинетот на министерот за
здравство Бујар Османи, вели дека рестораните редовно се контролирани и
имаат дозвола за работа.
"Објектите лоцирани на Стража, кои што се во надлежност за Дирекцијата
за храна, редовно се контролирани од Инспекторите за храна. Истите се
евидентирани во Дирекцијата за храна и за нивното работење е издадено
одобрение. По налог на инспекторите за храна во објектите е воведена
струја и вода, а за угостителските објекти наложено е да се инсталираат
подвижни санитарни јазли. Во неколку наврати, санитарните јазли се
дислоцирани од локалната управа, но повторно се поставени. Постои
објективен проблем со хигиената во околината на Стража, но тоа не се
должи на нехигиенското работење на угостителските и трговските објекти,
туку се должи на големата фреквенција" велат од Дирекцијата за храна и
од кабинетот на министерот Османи.
Зошто дозволуваат Стража постојано да биде затрупана со ѓубре и да
смрди на мочка и измет побаравме и во Министерството за екологија. Од
таму ни рекоа дека министерот Неџати Јакупи бил на службен пат, па
затоа прашањето писмено да им го испратиме и најскоро што може ќе
добиеме одговор. Но, до затворањето на весникот одговор не добивме. |
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156168&idg=8&idb=2459&rubrika=Makedonija
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#40 Posted: 26-Aug-2008 at 09:57 |
ЕДИНСТВЕНОТО МЕСТО ЗА ПОПАТЕН ОДМОР НА ПАТОТ МАВРОВО - ОХРИД ЗАТРУПАНО ВО СМЕТ И ИЗМЕТ
Стража си го чува ѓубрето
Стража смрди на измет и мочка, а за над 1.000 патници кои тука дневно застануваат нема ниту тоалет ниту канти за отпадоци
Стража, единственото место за попатен одмор на патот Маврово - Охрид,
смрди на измет и мочка. Целосно е затрупано со ѓубре. Лименки, шишиња,
ќесиња и хартии се расфрлани и на двете страни од патот. Најстрашно е
за викендите кога бројот на патници кои запираат на ова место е речиси
двојно поголем, а никој не го чисти ѓубрето што тие го фрлаат.
Над 1.000 патници кои дневно застануваат да одморат на Стража, нема
каде да вршат нужда и да фрлат отпадоци. Во ниту еден од рестораните на
паркиралиштето кај зимскиот пункт на ЈП "Македонија пат" нема тоалети и
канти за ѓубре, а без употреблив санитарен јазол е и бензинската
станица на "Лукоил". Таму има тоалети, но вработените не ги пуштаат
патниците да влезат во нив, оти нема вода.
Единственото веце кое е во функција е кабина на "тојфор" поставена
веднаш над рестораните. Но и кабината не е секогаш отклучена. Работи
повремено, а кога е отворена се чекаат редици за да се влезе внатре.
"Немаме многу голем избор. Или ќе се стискаме до Охрид, или ќе се
скриеме зад грмушките како што прават поголемиот број патници. На друго
место нема каде да се застане. Срамно е да не можат да направат еден
тоалет и да се постават контејнери, кога знаат дека толку многу луѓе,
меѓу кои и странци, секојдневно ја минуваат оваа делница", ни рекоа
едни скопјани кои преку Стража минуваа одејќи на викенд во Охрид.
Идриз Цека, генерален директор на ЈП "Македонија пат", вели дека иако
зимскиот пункт е на јавното претпријатие, тие немаат никаква обврска да
ја одржуваат хигиената на Стража.
"Ние само ги одржуваме патиштата. Чистењето и изградбата на санитарните
јазли е во надлежност на општините Маврово, Ростуше и Зајас, кои
граничат токму на оваа точка", вели Цека.
Од општините Маврово, Ростуше и Зајас објаснуваат дека освен
бензинската пумпа на "Лукоил", останатите објекти се од привремен
карактер и не плаќаат никакви комуналии, па затоа комуналните
претпријатија не се надлежни да го одржуваат овој дел од патот.
Руфат Хусаини, градоначалник на Зајас, вели дека е во тек подготовка на
урбанистичкиот план за Стража со кој на местото на сегашните објекти ќе
биде предвидена градба на угостителски објект со други придружни
содржини.
"Имаме обезбедено и пари од холандската организација СНВ која финансира
проекти за туризам. Се надевам дека многу наскоро ќе го решиме овој
проблем и Стража ќе ги добие сите потребни услови за кратка починка на
патниците кои таму запираат", вели Хусаини. |
http://www.vest.com.mk/default.asp?id=156107&idg=8&idb=2458&rubrika=Makedonija
|
 |