build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Депонии и комунална механизација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1234 8>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 23-Jul-2011 at 11:38
еве слика од опожарениот камион,во меѓувреме добро го `очерупале` за делови и старо железо.собраното ѓубре сеуште е внатре, и за де изгасни го отваравме камионот од горна страна како конзерва.настана на 4-5 метри од гинекологија,имаше многу чад,а во тек беше операција внатре,па беше доста густо


неколку денови после изборите(многу чудно) се асфалтираше и патот до градската депонија(дива е,на 300 метри од болница)

Back to Top
FoSsiL View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Mar-2009
Location: Аеродром
Online Status: Offline
Posts: 4699
  Quote FoSsiL Quote  Post ReplyReply #22 Posted: 22-Jul-2011 at 22:59
zemljak misli kako na sogragranin.. sozitel, od ista zemja... komsija
Македонија - Земја на чудата!
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 4078
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #23 Posted: 22-Jul-2011 at 20:35
Originally posted by gjoko

не е нов камионот земљак,позајмен е од Скопје бидејќи од сите три камиони кои ги имаше Кичево,најдобриот од нив изгоре во пожар пред 2 месеца,па на молба Скопјеани дадоа еден на заем.Иначе ЈП`Комуналец` Кичево има подогнато кредит за обнова на возен парк,а што ќе се купи на крај ќе видиме,засега има земено еден трактор за собирање на картон

ПС.ако има некој желба можам да поставам слика од опожарениот камион


Abe kakov zemljak, vo centarot na gradot ziveam Big%20smileBig%20smile(se salam)
Pa jas ne znam, vidov deka e nov pa si mislev deka e nov
Aj daj slika od opozareniot kamionCheers

EDIT: fossil fala sto mi kaza sto e zemljak, jas prasav i vo kicevo pa tie mi rekoa deka zemljak e covek sto raboti na niva Big%20smile pa zatoa pogresno razbrav


Edited by my Macedonia - 23-Jul-2011 at 10:50
Back to Top
gjoko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 18-Jun-2011
Location: kicevo
Online Status: Offline
Posts: 6554
  Quote gjoko Quote  Post ReplyReply #24 Posted: 22-Jul-2011 at 20:23
не е нов камионот земљак,позајмен е од Скопје бидејќи од сите три камиони кои ги имаше Кичево,најдобриот од нив изгоре во пожар пред 2 месеца,па на молба Скопјеани дадоа еден на заем.Иначе ЈП`Комуналец` Кичево има подогнато кредит за обнова на возен парк,а што ќе се купи на крај ќе видиме,засега има земено еден трактор за собирање на картон

ПС.ако има некој желба можам да поставам слика од опожарениот камион
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Online
Posts: 4078
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #25 Posted: 22-Jul-2011 at 19:35
I Kicevo dobi nov kamion za gjubre








Edited by my Macedonia - 22-Jul-2011 at 19:36
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #26 Posted: 18-Jul-2011 at 21:37

Македонија и Бугарија - вљубеници во депониите


 

Двете држави се единствени во Европа каде што целиот комунален отпад се депонира, ништо не се рециклира или компостира, со што би се заштедиле пари и би се заштитила околината

 
 
%20 

Ние сме една од ретките земји во која не се селектира отпадот

И покрај тоа што е спротивно на сите европски стандарди ѓубрето да се фрла само на депонии, тоа и понатаму е единствениот начин на кој земјава се „ослободува“ од својот отпад. Во Европската Унија само 38 проценти од комуналниот отпад се депонираат, другото се пали во инценератори, се рециклира или се компостира. Од државите во ЕУ, само уште Бугарија го третира ѓубрето како нас, според последните статистички податоци од Еуростат и од Државниот завод за статистика(ДЗС).

Според ДЗС, во земјава лани вкупното количество собран комунален отпад изнесува 545.763 тони, кој целосно се фрла во депониите. Домаќинствата создале 78 отсто од ѓубрето, а фирмите и институциите 22 отсто. Секој жител на Македонија во просек направил 351 килограм отпад.

Данците се ѓубреџиски рекордери

Ако негативната страна на статистичките извештаи покажува дека ѓубрето во Македонија не служи за ништо освен за да ја загадува околината со депонирање, позитивната е дека го нема многу, односно дека ние сме долу на европската листа според количеството по жител, далеку од просекот што изнесува околу 500 килограми годишно. 

Најмалку ѓубре од европските земји произведува Полска со само 264 килограми од човек за една година. Затоа, пак, рекордер е Данска со дури 833 килограми, два и пол пати повеќе од нас. Но таму половина ѓубре се рециклира, а само четири проценти се фрлаат.

Според извештајот може да се забележи дека северните земји имаат развиено повисока свест, па има драстични разлики во третирањето на отпадот. Сепак, и меѓу нив има „шампиони“ во користењето депонии како најлесно средство за ослободување од отпадот, па така Летонија, Романија, Малта и Литванија речиси стопроцентно го употребуваат нашиот метод. Затоа, пак, Германија е единствената земја што не употребува ниту една депонија, а близу до неа се Холандија и Шведска, кои само еден отсто од ѓубрето го фрлаат на депонии. 

Еден по друг пилот-проект

Како град со најмногу жители, можеби и не е толку невообичаено најголемото ѓубре да се произведува токму во Скопје. Лани во главниот град биле собрани 140.262 тони отпад или 25,7 отсто од вкупното количество во земјава. Фактот дека неодамна градските власти добија 5.020 канти за селектирање на отпадот раѓа трошка надеж дека ќе дојде ден кога ќе почнеме ѓубрето да го третираме на вистинскиот начин. Кантите се во четири бои и во нив ќе се сепарираат четири различни видови отпад - стакло, хартија, лименки, мешовит отпад.

Од скопската градска управа велат дека имаат посебни стратегии, кои се на пат да се реализираат. 

- Многу сериозно работиме на развојот на нова стратегија за управување на отпадот. Веќе во значителна мера се почнати некои појдовни активности поврзани со рециклирањето. Веќе работиме на неколку проекти со Владата, УНДП и со општините. Со Центар ќе се реализира проектот за подземно депонирање на контејнерите, кои ќе бидат во три бои за различен отпад. Во овој проект ќе инвестираме по 10 милиони денари, заедно со општината Центар, а проектот ќе го имплементира ЈП „Комунална хигиена“ - велат од одделението за односи со јавноста на градот Скопје.

Освен овие активности, под покровителство на УНДП почна проект за вклучување на собирачите на отпад од контејнерите. И со УСАИД се работеше на пилот-проекти за селектирање на отпадот.

„Дрисла“ може да влезе во ЕУ

Каква стратегија има земјава за отпадот? Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека од големиот број депонии само „Дрисла“ ги исполнува стандардите на ЕУ. 

- Во земјава постојат 55 комунални депонии, но ниту една од овие, освен депонијата „Дрисла“, не е во согласност со барањата од Директивата на ЕУ за депонии. Во националниот план за управување со отпад се предвидува изградба на од пет до седум регионални комунални депонии, а сегашните треба да бидат затворени. Регионалните депонии ќе ги опфаќаат планските региони, во согласност со Законот за рамномерен регионален развој - вели Ана Карамфилова-Мазневска, раководителка на секторот за отпад во Министерството за животна средина и просторно планирање. 

Таа вели дека веќе се почнати постапки за доделување концесија за депонии во југоисточниот и полошкиот регион.

- Управувањето со отпадот е еден од најсериозните еколошки проблеми во Македонија. Покрај рамковниот закон за управување со отпад, донесени се и законите за управување со пакување и отпад од пакување, со отпад од батерии и акумулатори, како и со отпад од електрична и електронска опрема - вели Карамфилова-Мазневска, додавајќи дека веќе се подготвуваат повеќе национални и локални планови и програми за правилно третирање на отпадот.

 

Неорганизирано се фрла и е-отпадот 
 Несоодветно фрлените електронски уреди и делови, т.н. е-отпад (електронски и електричен отпад), претставуваат опасност за животната средина и здравјето на луѓето бидејќи содржат токсични елементи, кои се шират преку почвата, подземните и површинските води, како и низ воздухот преку чадот од депониите, укажуваат експертите. Фондацијата „Метаморфозис“, која спроведе истражување за да го процени количеството е-отпад во Македонија, предупредува дека ваквите ризици се особено големи во услови на кревки институции, нецелосно законодавство и недоволна заштита на животната средина. 
Резултатите од истражувањето покажуваат дека најголем процент од домаќинствата во земјава моментно користат фрижидери (99 отсто), машини за перење алишта (94 отсто), шпорети (92 отсто), телевизори со катодна цевка (92 отсто), мобилни телефони (86 отсто), персонални компјутери и ДВД-плеери (52 отсто), лаптоп-компјутери (29 проценти). Оттука, според „Метаморфозис“, може да се види застапеноста на уредите, кои поради сé пократкиот век на користење за одреден период ќе станат е-отпад. 
Голем број уреди, пак, што веќе не се во употреба, а претставуваат е-отпад, сепак се чуваат во домовите, 29 отсто мобилни телефони, 22 проценти фрижидери, 19 отсто телевизори со катодна цевка. 
Многу домаќинства ги отстраниле старите електрични и електронски уреди, но поради тоа што не постои организиран начин за фрлање на е-отпадот во Македонија, речиси сите се донирани, продадени како половна стока или оставени на улица, до контејнер.
- Вкупно 34 отсто од домаќинствата веќе го отстраниле фрижидерот, 27 отсто машината за перење алишта, 24 отсто шпоретите, 23 проценти телевизорите со катодна цевка, 16 отсто мобилните телефони, пет отсто персоналните компјутери и по еден отсто ДВД-плеерите и лаптоп-компјутерите - информира „Метаморфозис“.
Фондацијата го спроведе истражувањето во рамки на проектот „Балканска мрежа за застапување при управување со е-отпад“.


%20

 
  
Автор: Биљана Стојановска

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=71811842309&id=9&&prilog=0setIzdanie=22333
Back to Top
OCB View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Feb-2011
Location: 54
Online Status: Offline
Posts: 921
  Quote OCB Quote  Post ReplyReply #27 Posted: 10-May-2011 at 14:38
„Комунална хигиена“ се поднови со шест специјални возила



Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, денеска промовираа шест нови специјални возила за потребите на јавното комунално претпријатие.

“Со овој чекор јасно се потврдува посветеноста на Градот Скопје да го опреми јавното претпријатие „Комунална хигиена“ со нова механизација и значително да ја подобри хигиената во Скопје. Шасијата на новите камиони е од марката IVEKO, а надградбата е на словенечката фирма ATRIK. ЈП „Комунална хигиена“ во 2009 година имаше само шест половни возила со кои опслужуваше 600.000 жители. Од 2009 година досега ова јавно претпријатие го опремивме со 18 нови возила, а во јули веќе очекуваме да пристигне нова пратка камиони што ќе бидат набавени преку кредит од Светската банка. Во „Комунална хигиена“ се прави и реорганизација на работењето, а со ставањето во употреба на новите камиони, канти и контејнери очекуваме проектот за обнова на ова јавно претпријатие да се заокружи – рече денеска градоначалникот Трајановски.



Нови 1.300 контејнери и 4.500 канти со капацитет од 120 литри се поставени на повеќе локации низ градот, како донација за Градот Скопје од Владата на Република Македонија.



Градот Скопје за потребите на ЈП „Комунална хигиена“ набави 116 жичeни комбинирани контејнери, за селектирање ПЕТ амбалажа, лименки и хартија. Контејнерите се долги 3,2 метри, високи 1,3 метри и широки 1 метар. Со поставувањето на овие контејнери Градот Скопје од минатиот месец им овозможува на граѓаните да вршат селекција на отпадот и да придонесат за почиста животна средина со намалување на количеството отпад што завршува на депониите зашто дел од селектираниот отпад може да се рециклира.

За набавка на контејнерите за селективно собирање на отпадот Градот Скопје издвои 3 милиони денари. Претходно, Градот Скопје за потребите на ЈП „Комунална хигиена“ има набавено 130 жичени контејнери за собирање пластика.

http://vox.mk/168/Item.aspx?Id=255fa507-55b1-4094-9b46-e4c5b8db4d47
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #28 Posted: 29-Mar-2011 at 12:59

Новата депонија не е закана за комуналците

Проектот за изградба на регионална депонија кај струмичкото село Добрашинци, на местото на досегашната, влегува во завршна фаза, а во трката за иден концесионер останаа три компании од Австрија и една од Италија. Која ќе го добие управувањето со идната депонија, во која ќе се складира отпадот од 10 општини од југоисточниот дел на државата ќе се знае за неколку месеци. Од повеќето состаноци на координативното тело на градоначалниците од југоистокот досега е познато дека општините се согласуваат да продолжи изградбата на депонијата и да се собира и транспортира отпадот. Неизвесно е само дали ќе бидат затворени дивите депонии, бидејќи од тоа ќе зависи висината на цената за собирање на отпадот.

- Можноста за затворање на дивите депонии во југоисточниот регион не е исклучена. Најверојатно ќе се случи да се побара опција да се понуди формирање цена со и без затворање на дивите депонии - вели Каја Шукова од Министерството за екологија.

Оттаму уверуваат дека комуналните претпријатија од регионот нема да згаснат, бидејќи идниот концесионер од нив ќе го преземе само собирањето на отпадот.

- Никој не размислува да се укинат јавните претпријатија во регионот, бидејќи знаеме дека тие не се занимаваат само со собирање на отпадот, туку и со вода, јавни зеленила, гробишта итн. Тоа укажува на фактот дека ЈП нема да бидат укинати. Само делот што е за управување со отпад ќе биде даден на концесионерот - додава Шукова.

Во струмичкото комунално претпријатие велат дека собирањето и транспортот на отпадот учествува со триесет отсто во нивните приходи. Со изградбата на новата депонија ќе останат без тој приход, но се песимисти дека сегашната цена од 2,6 денара од квадратен метар за отпад ќе остане иста.

- Дали цената за собирање и транспортирање на отпадот ќе се формира како досега по квадратен или кубен метар или, пак, според килограми, ќе зависи од тие што претендираат да го добијат управувањето со депонијата, односно да предложат цена која ним ќе им одговара. Тие како приватни концесионери мора да имаат добивка од сето тоа - вели Панче Орцев, директор на ЈПКД „Комуналец“.

Новата регионална депонија ќе има капацитет од 1,2 милион кубни метри. Ќе се простира на површина од 12 хектари, а нејзината изградба ќе чини 22 милиона евра. Проектот е поддржан од италијанското министерство за животна средина, а планирано е во депонијата да се депонира цврст отпад за период од 25 години.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=02ABA740C7826D41919428D5C598B96B
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #29 Posted: 26-Mar-2011 at 11:11

Дрисла по 11 години доби машини, но половни


Првпат по 11 години депонијата Дрисла доби нова опрема, односно два булдожера, два камиона и по еден компактор, багер, гасеничар и цистерна за вода

 

 
%20  
Механизацијата, која беше промовирана вчера, е половна, но во добра состојба, и со неа се очекува депонијата да штеди по 250 илјади евра годишно. Вкупната вредност изнесува 41 милион денари, кои се обезбедени од претпријатието и од градот. Исто така, беа инвестирани и 20 милиони денари за да се направи пат во самата депонија и систем за зафаќање на отпадните води.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=32511215114&id=14&prilog=0&setIzdanie=22241
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #30 Posted: 25-Mar-2011 at 16:29








ПРОМОВИРАНА НОВАТА МЕХАНИЗАЦИЈА ЗА ЈП „ДРИСЛА“

Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, директорот на ЈП „Дрисла“, Горан Ангелов, и советници во Советот на Град Скопје, денеска /25.03.2011 година/ ги промовираа новите возила и маханизација што се набавени за ЈП „Дрисла“.


За потребите на ова јавно претпријатие се набавени вкупно 7 половни возила, поточно 2 болдожера за работа на депонијата од марката CATEPILLAR D6RLGP, 1 компактор за работа на депонија, од марката CATEPILLAR 816B, 1 багер гасеничар, од марката CATEPILLAR 330BL, 2 камиона - кипер троосовинец, од марката IVECO EUROTRAKKER и цистерна за вода, од марката MERCEDES BENZ AG 1517 37 E2.


- Со овие возила сме чекор поблизу до остварување на целта за претворање на Дрисла во модерна и современа депонија. Во 2009 година Дрисла беше целосно отворена депонија којашто создаваше големи непријатности за околното населенија, додека денеска истата се покрива со земја барем еднаш во неделата. Во наредниот период ќе работиме во насока на воведување современ систем на справување со цврстиот отпад - изјави Градоначалникот Трајановски.


Директорот на ЈП Дрисла, Горан Ангелов, изрази голема благодарност до Градоначалникот Трајановски и до Советот на Град Скопје за целокупната поддршка којашто ја дале на препријатието во изминатиов период. Според него, со набавката на овие возила, ќе се подобри работната способност на претпријатието и истото на годишно ниво ќе заштедува до 250.000 евра.


Вкупната вредност на опремета изнесува 40.816.200 денари со ДДВ, од коишто 20.000.000 денари се средства од Град Скопје, 15.000.000 денари се обезбедени од сопствени приходи на ЈП "Дрисла". Ова претставува нaјголема набавка на опрема и на механизација за ова јавно претпријатие досега, додека последната набавка на машини е направена во 2000 година.


Покрај во механизација, изминатиов период Град Скопје инвестираше дополнителни 20 милиони денари за изградба на пат во самата депонија, изградба на систем за зафаќање за извор на вода до Маркова Река и изградба на систем за зафаќање на отпадните води.
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4079&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #31 Posted: 15-Feb-2011 at 23:05

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ЕКОЛОГИЈА ГО РЕШАВА ПРОБЛЕМОТ ВО ВЕЛЕС


Две странски компании заинтересирани за депонијата од Топилницата


Компанијата што ќе биде избрана на конкурсот, ќе мора да ја транспортира и да ја преработува подалеку од градот, на безбедно место. По отстранувањето на згурата фирмата има обврска целосно да го исчисти просторот од отровите


Две странски компании се заинтересирани за преработка и дислокација на депонијата со згура на Топилницата за цинк и олово во Велес. Тие се јавиле на конкурсот што Министерството за животна средина и просторно планирање го распиша кон крајот на минатата година со цел да го реши проблемот со најголемиот загадувач на Велес и околината. На ридот висок 28 метри има околу 2 милиони тони згура. Во згурата која е отпад од топењето на концентратите од високата печка на Топилницата, се наоѓаат од 6 до 10 отсто цинк, од 0,5 до 2 отсто олово, 3 до 6 отсто алуминиум, а присутни се и помали количества на арсен, антимон и други отровни метали. И покрај тоа што Топилницата не работи повеќе од 6 години, згурата и понатаму го загадува градот и земјоделските површини на кои се одгледуваат градинарски култури.

Според условите на конкурсот, Министерството за животна средина и просторно планирање предлага активна ремедијација со отстранување на згурата од сегашната депонија која се наоѓа на неколку стотини метри од Велес. Компанијата што ќе биде избрана на конкурсот, ќе мора да ја транспортира и да ја преработува подалеку од градот, на безбедно место. По отстранувањето на згурата фирмата има обврска целосно да го исчисти просторот од отровите. Инаку, сите досегашни студии и анализи направени од домашни и странски експерти, укажуваат дека згурата покрај тоа што ги труе жителите на Велес, ги загадува и земјоделските површини на Башино Село и велешките бавчи на кои се произведуваат градинарски култури, водите на Вардар, како и подземните води во околината на "рени" бунарите од кои до пред 6 години жителите на Велес пиеја вода.

Граѓаните и екологистите на Велес даваат целосна поддршка на обидот на Министерството конечно да го реши овој горлив проблем кој остави траги врз здравјето на жителите, особено на најмладите. Екологистите очекуваат што поскоро да се отстрани овој црн рид над градот кој продолжува да им го загорчува животот на жителите од Велес и неговата околина.

http://www.vecer.com.mk/?ItemID=A733808E0B989B4DA45C154406F248A9
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #32 Posted: 08-Feb-2011 at 17:38

На повидок решение за велешката депонија

Странски фирми се заинтересирана за преработка и дислокација на депонијата со згура во близина на Велес, остаток од тридецениската работа на Топилницата. Две компании се јавиле на конкурсот од Министерството за животна средина и просторно планирање, едната понуда била прифатлива, па се очекува таа да го добие решението за користење на депонијата.

Инвеститорот предлага активна ремедијација и две варијанти за затворање на индустриското жариште. Згурата што е складирана на депонијата за индустриски отпад на МХК „Злетово“ ќе се транспортира и преработува надвор од Македонија. Министерството има намера овој наследен проблем да го затвори за жителите на Велес, но не соопшти детали од каде е компанијата која има подобра понуда, ниту за која цена ќе биде дадена на користење. Додека траел конкурсот депонијата ја посетиле фирми од Израел, Бугарија и од Албанија.

Депонијата е извор за загадување на Велес со тешки метали. Таа е тешка 1,7 милион тони и во неа има 8 проценти цинк и 1 отсто олово, што овозможува нејзина економска експлоатација, сметаат стручњаците. Градот долго ги чувствува проблемите со загадувањето, бидејќи жариштето и по седум години од затворањето на Топилницата. Велешките екологисти резервирани околу можноста да се реши проблемот.

- Ако се случи некоја компанија да ја преработува депонијата тоа е одлично решение и треба да се поддржи. Но, треба да се има предвид и за каква фирма станува збор, дали таа е сериозна, какво искуство има и слично. Во очекување на тие информации, го поддржуваме надлежното Министерство во настојувањата да го отстрани овој црн рид над градот, кој и натаму им го загорчува животот на велешани - изјави д-р Ненад Коциќ, претседател на Еколошкото друштво „Вила Зора“.

Во меѓувреме, оваа невладина организација заедно со Општина Велес засади седум илјади рози на јавните површини, во училиштата и градинките во градот. На овој начин преку кореновиот систем се отстрануваат тешките метали опасни по здравјето, олово и кадмиум, кои ги има во велешката почва до 50 сантиметри длабочина. Ова е прв таков зафат на Балканот. (П.П.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=0F5C18DF95D7B743AC5EA7B8131BEC9E
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #33 Posted: 24-Jan-2011 at 01:07

Европски пари ќе го исчистат североистокот

Општините од Североисточниот плански регион очекуваат со поддршка од фондовите на ЕУ што поскоро да го решат проблемот со складирање на комуналниот смет преку изградба на модерна регионална депонија. Овој регион, како и Источниот, веќе има поддршка од ИПА за зајакнување на административните капацитети на национално и локално ниво и за усогласување на домашното со европското законодавството за управување со отпад, што се реализира преку Министерството за животна средина и просторно планирање.

- Веќе се почнати првичните активности од проектот за јакнење на капацитетите и за приспособување на законодавната регулатива, како на национално ниво, така и од страна на локалните самоуправи од регионот, кои потпишаа меморандум за соработка и формираа Регионално претпријатие за управување со отпадот. Понатаму ќе следува изработката на регионален план за управувањето со отпадот, а во третата фаза ревизија на физибилити-студијата за регионална депонија, изработка на потребната техничка документација и финансиската конструкција, за на крајот да следува изработка на ИПА-апликацијата со која ќе се бараат средства за изградба на модерна фабрика за отпад - вели директорот на Центарот за развој на Североисточниот плански регион, Младен Протиќ.

Со овој проект, општините Крива Паланка, Куманово, Ранковце, Кратово, Старо Нагоричане и Липково очекуваат не само да го решат проблемот со веќе максимално искористените капацитети на локалните депонии туку и да обезбедат складирање на отпадот според европски стандарди. Целта е, покрај депонирањето, да се обезбеди и максимално искористување и намалување на отпадот од домаќинствата преку селектирање, рециклирање, биокомпостирање и слично. Според сегашните процени, се очекува намалување на отпадот од домаќинствата за околу 40 проценти, што треба да биде потврдено со анализите кои допрва ќе бидат направени.

- Регионалната депонија нема да служи само за класично одлагање на отпадот, туку ќе биде модерна фабрика, која според согледувањата на Министерството за животна средина нема да зафаќа повеќе од еден до 2 хектара површина. Функционирањето, пак, ќе биде усогласено со потребните стандарди за зачувување на еколошката средина и безбедно одлагање на отпадот - истакнува Протиќ.

Некои општини, меѓу кои и Крива Паланка, веќе имаат донесено и локални планови и програми за управување со отпадот, а останатите работат на нив. Врз нивна основа, како и според искуствата од европските земји и помошта од странски експерти, ќе се утврди најдобриот модел за изработка на регионалниот план за соодветно третирање на отпадот.

Иако ова е обемен и долгорочен проект, општините очекуваат негова што побрза и непречена реализација, затоа што сегашните депонии се со веќе истрошен век на експлоатација и се соочуваат со големи проблеми околу складирањето на отпадот. Тие повеќе наликуваат на диви ѓубришта, обично на несоодветни локации, кои ја загрозуваат околината и им предизвикуваат штети на населението и на општините. Депонијата во Крива Паланка се наоѓа веднаш до меѓународниот пат и до Крива Река. Пред 7 години беше извршена санација, но со последните поплави истата е нарушена и потребна е повторна интервенција.

- Векот за експлоатација на депонијата е во завршна фаза. Очекуваме решение со изградба на регионалната депонија. Во спротивно, ќе бидеме принудени да бараме нова локација во општината - вели градоначалникот на Крива Паланка, Арсенчо Алексовски.

http://www.time.mk/read/NONE/c664af4331/index.html
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #34 Posted: 19-Jan-2011 at 03:02

Четири компании во трка за изградба на депонија во струмичко

Четири компании остануваат во трката за иден концесионер на регионалната депонија кај селото Добрашинци.

Од вкупно шесте кои ја поминаа првата фаза за конкурентен дијалог за финансирање, проектирање, изградба и управување со регионалната депонија за цврстиот комунален отпад во југоисточниот регион, три од Австрија и една италијанска компанија денеска ги доставија своите понуди со првичните технички решенија.

- Втората фаза на конкурентниот дијалог е поделена на две фази. Ова е првата фаза. Сега се само првичните решенија и се недоработени решенија, значи се работи само за концепти. Во втората фаза ќе се достават подетално разработени решенија каде што ќе видиме конечно каков тип на решение се нуди и каков финансиски план за работа - вели Каја Шукова, претседател на Комисијата за избор на концесионер на регионалната депонија Шапкар.

Врз основа на избраното решение компаниите кои остануваат во трката за иден концесионер ќе ги изготват своите финансиски планови за работа.

Според најавите најверојатно името на идниот концесионер би требало да биде познато некаде кон крајот на годината кога се очекува да заврши и последната трета фаза.

Регионалната депонија во Струмичко ќе биде изградена на површина од 12 хектари и ќе чини над 20 милиони евра.

Во периодот на експлоатација кој ќе трае 25 години треба да се депонира околу 1.200.000 метри кубни цврст отпад од вкупно десет општини од југоисточниот плански регион.

http://daily.mk/cluster3/4e9c417d89d0640e5054ee364b6c4766/555092
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #35 Posted: 17-Jan-2011 at 14:29

„Дрисла“ ќе добие нова печка за медицинскиот отпад


Градот годинава ќе вложи четири милиони евра за набавка на нов инценератор, затоа што во постојниот не може да се согорува сиот медицински отпад што го создаваат здравствените установи

 
 
%20  

Санитарната депонија „Дрисла“ годинава треба да добие уште една печка за согорување на медицинскиот отпад, бидејќи единствениот инценератор во земјава не може да ги задоволи потребите на здравствените установи. За набавка на печката, градските власти треба да обезбедат четири милиони евра.

- Ќе вложиме четири милиони евра во овој проект, и тоа 25 отсто ќе се донација, а остатокот ќе се обезбеди преку кредит, кој ќе се отплаќа во период од пет до десет години. Согорувањето на медицинскиот отпад во моментов не е многу исплатливо, но доколку сите медицински субјекти во градот и пошироко склучат договори за собирање и соодветен третман на овој вид опасен отпад, тоа ќе е исплатливо за сите – велат од градот.

Вкупно 871 здравствена установа од градот, но и од земјава, имаат склучено договор со депонијата „Дрисла“ за третман на медицинскиот отпад.

- Постојнава печка не ни е доволна, па затоа планираме да се набави уште една со капацитет од четири тони дневно или околу 1.600 тони годишно - вели Дијана Вељановска, од одделението за односи со јавност на ЈП „Дрисла“.

Динамиката на собирањето на отпадот зависи од големината на установата и од генерираниот отпад. Во гинеколошко-акушерската болница „Свети Лазар“ екипи на „Дрисла“ секој понеделник го собираат медицинскиот отпад. Во „Ре-медика“, пак, отпадот се собира два пати неделно, но се прават и исклучоци во зависност од потребите на болницата.

- Во просек месечно создаваме 700-750 килограми ваков вид отпад, за што на „Дрисла“ и плаќаме околу 50 илјади денари. Но кога има по 20 операции дневно, се подразбира дека се создава и поголемо количество отпад. Првата селекција на отпадот го прави медицинската сестра или докторот, а потоа екипите задолжени за хигиената – ни изјави Драган Сиљановски, менаџер за квалитет во „Ре-медика“.
Поголемите здравствени установи водат повеќе сметка за правилното одложување на овој вид отпад, кој може да биде и опасен по здравјето на човекот. Но кај помалите ординации има исклучоци, затоа што палењето и транспортот на овој отпад чинат многу. Неретко по контејнерите во населбите каде што има стоматолошки и гинеколошки ординации или лаборатории, не ретко може да се видат расфрлани кесиња со крвна плазма, епрувети, шприцови.

- Иако отпадот е добро спакуван во црни кеси, мачките, кучињата, да не кажам и луѓето што буричкаат по контејнерите го расфрлаат. Ризично е да се живее во ваква средина, животот и здравјето ни се во опасност. Еднаш се погоди заедно со вработените од болницата да фрлам ѓубре во контејнер. Им се скина кесата, а медицинскиот отпад, кој сакаа да го камуфлираат како комунален, се растури по улицата – вели Драгица Поповска од Водно.

 

 Стариот инценератор не е по ЕУ-стандарди
 Од Министерството за животна средина и просторно планирање велат дека инценераторот, кој пред десетина години ни го подари Владата на Велика Британија, е стар и не е во согласност со ЕУ-директивите. Но оваа печка ќе продолжи да се користи сé додека не се воспостави целосен систем за интегрирано управување со медицинскиот отпад.


За килограм биоотпад 56 денари

 Секојдневно од здравствените установи се собираат 1.249 килограми отпад или месечно 37.467 килограми. Годишно во инценераторот се палат 449.600 килограми медицински отпад. За собирање, мерење и транспортирање на медицинскиот отпад од „Дрисла“ наплатуваат по 56 денари за килограм. На помалите медицински установи им се наплаќа 385 денари и тоа за кутија од пет килограми. За собирање на овој вид хазарден отпад „Дрисла“ има три специјални возила, а годинава се планира набавка на уште две и тоа со ладилници, во кои отпадот поради заразните својства ќе се транспортира на температура од минус 10 Целзиусови степени.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=116111953334&id=14&prilog=0&setIzdanie=22183
Back to Top
StreetStruck View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
  Quote StreetStruck Quote  Post ReplyReply #36 Posted: 17-Dec-2010 at 01:14
Ова е моментот кој МОРА да го следат сите општини! Ова е бизнис кој многу добро функционира, никогаш недостаток од ѓубре, секогаш потреба за плус енергија и рециклирани материјали, а за придобивките за околината да не збориме, да не речам и волкот сит и овците на број.
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #37 Posted: 17-Dec-2010 at 00:53
Соопштение за јавноста 16.12.2010 год. - регионална депонија

Би сакале да Ве информираме дека Владата на Република Македонија и општините во Полошкиот плански регион ја отпочнаа постапката за доделување на концесија за изградба, финансирање, проектирање и управување со регионална санитарна депонија. На повикот, објавен во мај 2010 година, се пријавија осум компании од кои една се откажа, една беше дисквалификувана, а во натамошната фаза беа предселектирани шест компании и тоа: АСА (Австрија), Хелектор (Грција), Хинкел (Германија), Катанцаро (Италија), Пор (Австрија) и Штрабаг (Австрија). 
 
Со цел да добијат подетални информации за состојбите во управувањето со отпадот, како и за потребите на општините, предселектираните компании беа поканети од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, Регионалниот центар за заштита на животната средина (РЕЦ) и општините во Полошкиот регион да престојуваат во Македонија во период од 13-15 декември. 

На тој начин им се овозможи да разговараат со градоначалниците и стручни лица од општините за клучни прашања поврзани со проектот како и да ги посетат локациите на депонијата Русино и Мечкин Дол и трансфер-станицата во Тетово.

Во текот на првиот ден на посетата, во просториите на општина Гостивар, беше организирана средба со сите градоначалници од Регионот, за да во продолжение се реализираат и одделни средби со градоначалниците и службите во Гостивар, Маврово и Ростуше, Желино, Брвеница, Врапчиште, Боговиње,

Јегуновце, Теарце и Тетово.

Претставниците на компаниите го изразија своето задоволство од приемот и сериозниот пристап на општинските власти, а од друга страна, општините ја искористија можноста, за да ги изнесат своите тековни проблеми во сферата на управувањето со отпад, и на тој начин да ги упатат компаниите во насоката во која треба да се движат нивните првични понуди. 

Крајниот рок за доставување на првичните понуди на компаниите е 25 март 2011 година, кога комисијата ќе изврши нивно оценување. 

Критериумите на оценување се дефинирани така што најквалитетната првична понуда треба да обезбеди најниски трошоци и со тоа прифатливи цени за граѓаните, притоа воспоставувајќи стандарди за управување со отпад што се во согласност со националните и ЕУ стандардите.  Се очекува дека до есента 2011 година во Полошкиот регион ќе биде избран идниот концесионер кој ќе инвестира во постројки и опрема за собирање, транспортирање, третман и финално отстранување на отпадот. 

Со имплементацијата на овој проект ќе се овозможи искористување на употребливите состојки на отпадот, а само она што не може да се преработува ќе се депонира на модерната депонија што ќе се гради на Русино. Притоа, старата депонија ќе биде целосно затворена и рекултивирана.

http://www.moepp.gov.mk/default-MK.asp?ItemID=9AA2D43D1AFCFD4BA44C28EA6A6077E6
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #38 Posted: 14-Dec-2010 at 21:16
Точно само бесплатно ќе си го реши комунална проблемот. Вака со овие цени па ќе треба да го собираат отпадот од диви депонии. Лесно е пропиши цени од неколку ијлдаи распиши строга казнена политика и пак диви депонии, ни казннена политика може да се спроведе ниту со тие цени ќе викне некој камион. Макар и поскапа губхрарина да е, пак е решение. Инаку баш прееска видов на Машински на хомологација мислам дека идеше еден таков камион, изгледа спремаат нешто.
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #39 Posted: 14-Dec-2010 at 20:59
Особено е важно да се набават возила за градежен отпад (ме потсети изгледот на возилава, многу личат на такви), и за голем отпад (како шкафови, кревети, печки и слично), наместо граѓаните да ги фрлаат на диво, тие да се фрлаат бесплатно од пред нивната куќа. Нека биде ѓубрарината малку поскапа, или whatever, само да се најде подобро решение од „јавете ни се, ќе ви наплатиме 3000 денари, и ќе биде фрлен сметот на Дрисла“.

Edited by гитардемон - 14-Dec-2010 at 21:02
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #40 Posted: 14-Dec-2010 at 20:16
ДВА НОВИ КАМИОНИ ЗА СОБИРАЊЕ СМЕТ ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ЗА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“







Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, потпретседателката на Собранието на РМ, Светлана Јакимовска, претседателот на Советот на општина Кисела Вода, Звонко Спасовски, и претставници на ЈП „Комунална хигиена“, денеска /14.12.2010 година/ ги промовираа новите две специјализирани возила за собирање смет во руралните средини на општината Кисела Вода. Новите камиони се произведени 2008 година, тие се од категоријата N2 – товарно возило, со капацитет од 5 кубни метри и постои можност за автоматско и рачно управување на циклусот на работа.

- Денеска имаме промоција на новите камиони за собирање смет од руралните средини во општината Кисела Вода, којашто ги набави овие две возила и ги донираше на ЈП „Комунална хигиена“. Прв пат се случува општина да донира камиони на јавно претпријатие, и ме радува фактот дека планови за набавување на вакви помали камиони имаат и општините Гази Баба, Аеродром, Бутел и други општини коишто имаат и рурални средини на својата територија, со што ќе се направи еден исчекор во собирањето смет во 2011 година и ќе се зголеми хигиена во градот- изјави Градоначалникот Трајановски.

Со овие две возила екипите на ЈП „Комунална хигиена“ ќе собираат смет само во руралните средини на општината Кисела Вода, (Драчево, Пинтија, Усје и Припор), односно онаму каде што големите камиони имаат отежнат или воопшто немаат пристап поради конфигурацијата на теренот и тесните улички.

Возилата за собирање смет се од марката Mitsubishi FUSO, тип FE74BB, со зафатнина на мотор од 2 977 cm3 и моќност на мотор од 92 kw. Тие се долги 4 988 mm, високи 2419 mm, a широки 1 900 mm. Имаат вграден систем од задната страна за подигнување и празнење на садови за отпад со капацитет од 1, 1 кубни метри (контејнери) или истовремено подигање и празнење 2 типски канти од 120 литри.

Цената на двета возила со вклучен ДДВ е 8 736 720 денари.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3881&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1234 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.133 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.