![]() |
![]() |
![]() |
Општинска зграда Гази Баба |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Author | |
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Гази Баба ќе се смести во неокласична зграда
![]() Општинското седиште на Гази Баба ќе се гради во неокласичен стил според идејното решение на фирмата „Архитектоника“ од Скопје, кое е избрано за победник на конкурсот што го распиша локалната самоуправа. „Архитектонка“ ја доби првата награда во износ од 60.000 денари, второнаграден труд со 40.000 денари е на „Пела проект“, а третонаграден со 20.000 денари е трудот на авторите Искра Лековска, Владимир Лековски и Јордан Тасевски. Општината Гази Баба ги откупи сите три труда, пишува Дневник. Тодор Петров, помошник на градоначалникот на Гази Баба, вели дека објектот ќе се гради на местото на сегашните општински бараки, а претходно земјиштето ќе се продаде. На парцелата е предвидена изградба на две згради - една општинска и една деловна. Двете треба да ги гради купувачот на земјиштето, со тоа што општинската зграда ќе ја отстапи на локалната власт. Општинската ќе се гради точно на местото на ресторанот „Галеб“, а деловната кај бараките. - По изработката на основниот проект, ќе знаеме точно колку ќе чини изградбата на општинската административна зграда. Очекуваме дека комуналиите за вкупно развиената површина за градба ќе бидат 3,5 милиони евра и инвеститорот ќе биде ослободен од плаќање на надоместокот. Тој треба да ја плати и закупнината за општинската администрација за период од две до три години доколку реши првин да го гради деловно-административниот објект, па потоа општинската зграда бидејќи таа ќе се гради во делот каде што сега е ресторанот - објасни Петров. http://www.skopjeinfo.mk/gradot/1725824897/gazi-baba-ke-se-smesti-vo-neoklasicna-zgrada-foto |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ПО ЧЕТИРИ ДЕЦЕНИИ ПОМИНАТИ ВО ПОСТЗЕМЈОТРЕСНИТЕ БАРАКИ
ГАЗИ БАБА ЌЕ СЕ СМЕСТИ ВО ЗГРАДА Општина Гази Баба, со јавно-приватно партнерство, на местото на старите бараки кои се наоѓаат спроти хотел "Континентал", ќе изгради две нови згради По повеќе од 38 години, општинските бараки на Гази Баба ќе бидат заменети со згради. На местото на старите општински бараки ќе се изградат две нови згради, а во едната од нив ќе се смести општината. Според најавите на општинарите, зградите ќе се градат со јавно-приватно партнерство. "Не се работи за класично јавно-приватно партнерство туку за партнерство кое ќе опфати и продажба на земјиште. Партнерот кој ќе понуди најдобра цена за земјиштето, ќе ги изгради и двете згради. Едната ќе биде за општината, а другата ќе остане негова", рече Емилија Кипровска, портпарол на Општина Гази Баба. За реализација на овој проект нема одредено колку средства ќе бидат издвоени бидејќи, според Кипровска, сè уште е рано да се одреди вкупната вредност на проектот. Гази Баба веќе распиша конкурс за избор на идејно решение за објектот во кој е планирано да се смести општината. Идејните решенија треба да се достават најдоцна до 17 ноември. На конкурсот ќе се доделат и награди - прва награда во висина од 60.000 денари, втора награда од 40.000 денари и трета награда од 20.000 денари. На местото на бараките, според деталниот урбанистички план, предвидени се петнаесеткатници, но колкава ќе биде зградата во која ќе се смести општината, ќе зависи од идејното решение. Општинарите очекуваат таа да биде на четири ката, со оглед на тоа што во неа освен општината, треба да се сместат и подрачните единици од министерствата. Општина Гази Баба е сместена во постземјотресните бараки, спроти хотелот "Континентал", од 1976 година. http://www.vest.mk/default.asp?ItemID=360EE22B4F2E3E4F9D1EB1757757FAD9 |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |