![]() |
![]() |
![]() |
Електрични тротинети |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Новите законски обврски за возачите на електрични тротинети(06.11.2019)
Возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци, се пропишува во предложените измени на Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, кој е во собраниска процедура и во кој за непочитување на законските одредби се предвидени глоби од 80 до 120 евра. Ако двајца или повеќе возачи на електричен тротинет се движат во група, се пропишува во измените, тие се должни да се движат еден зад друг. Ако на патот постои посебно уредена велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, возачот на електричен тротинет е должен да го управува возилото по десната велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека во однос на правецот на движењето на сообраќајот. На велосипедска патека, велосипедска лента, тротоар или пешачка патека, уредени и обележани за сообраќај на електрични тротинети во двете насоки, тие се движат по десната страна во правецот на движењето на возилата. Возачот на електричен тротинет, се вели понатаму во измените, може да се движи само по оние сообраќајни површини каде што е дозволено движење со такви возила. Возачот на електричен тротинет не смее да се движи по велосипедска патека, односно лента со брзина поголема од 25 км/ч. Возачот на електричен тротинет не смее да се движи по тротоар, пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци, со брзина поголема од 6 км/ч. Возачот на електричен тротинет е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото и не се попречуваат другите учесници во сообраќајот, а особено не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото или да ги загрозуваат другите учесници во сообраќајот. Електричен тротинет може да управува лице кое навршило 14 години возраст. Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото. Возачот на електричен тротинет треба да носи заштитен шлем на главата за време на управувањето на возилото. Возачот на електричен тротинет од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на намалена видливост, должен е да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото. Возач на електричен тротинет за времето додека управува со возилото не смее да води животни. https://akademik.mk/novite-zakonski-obvrski-za-vozachite-na-elektrichni-trotineti/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Електричните тротинети стануваат се позастапени во сообраќајот не само во Скопје туку и низ други градови во земјава но за истите сеуште нема никаква регулатива во однос на тоа каде смеат и каде треба да се движат.Сега за сега се движат рандом по слободен избор,многу често сум ги приметил да возат среде улица отколку на тротоар или вело патека.
Затоа решив да издвојам посебна нишка во однос на ова прашање... ---------------------------------------------------- Во тешка сообраќајка загина 26-годишен возач на електричен тротинет Според дневниот билтен на МВР, на 29.07.2020 во 13.49 часот се случила сообраќајна незгода на крстосницата од ул.„8 Септември“ и ул.„Арон Ароести“ во Битола, во која учествувале патничко возило „фолксваген туран“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Ф.Ј(21) од Битола и електричен тротинет управуван од О.П(26) од Битола. https://kajgana.com/vo-teshka-soobrakajka-zagina-26-godishen-vozach-na-elektrichen-trotinet |
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
Интересно четиво за електричниот тротинет:
![]() https://www.smithsonianmag.com/history/motorized-scooter-boom-hit-century-dockless-scooters-180971989/ |
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |