Author |
Topic Search Topic Options
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#21 Posted: 22-Mar-2009 at 17:53 |
НОВ ШАЛТЕР НА КАТАСТАРОТ ВО АЕРОДРОМ
Агенцијата за катастар на недвижен имот отвори нов шалтер за поднесување барања во Општина Аеродром. Целта на новата канцеларија, лоцирана во ТЦ „Скопјанка“, е да се олесни пристапот на жителите на една од најголемите општини во Скопје до документите што ги издава Агенцијата. Во новоотворената канцеларија на првиот кат во ТЦ „Скопјанка“ граѓаните ќе можат да добијат имотни и поседовни листови. Услугите ќе се добиваат секој работен ден од 09:00 до 16:00 часот. 
ОА - 16.3.2009 |
Скопјани имотен лист ќе може да извадат и во ТЦ "Скопјанка" Агенцијата за катастар на недвижности и Центарот за катастар на недвижности - Скопје, вчера во трговскиот центар "Скопјанка" во населбата Аеродром отворија канцеларија каде што скопјани ќе можат да добијат имотен и поседовен лист. Канцеларијата секој работен ден со странки ќе работи од 9 до 16 часот, а како што најави директорот на Центарот за катастар на недвижности - Скопје Никола Тодоров, наскоро во оваа канцеларија граѓаните ќе можат да поднесат барање за издавање потврда за имотната состојба, копија од катастарски план и други услуги. Тодоров рече дека со оваа акција сакаат Скопскиот катастар да го доближат до граѓаните, односно тие побрзо и поедноставно да дојдат до потребните документи. Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Љупчо Георгиевски најави дека, заедно со Скопскиот катастар следната недела ваква канцеларија ќе отворат и во Општина Ѓорче Петров. Вест - 14.03.2009 |
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#22 Posted: 24-Nov-2008 at 18:18 |
Миле Јанакиески на прес конференција за GPS мрежа - МТВ - 12.9.2008 Сателитско геопозиционирање на недвижностите - Дневник - 13.09.2008
Агенцијата за катастар на недвижности го презентира новиот македонски позиционен систем МАКПОС - 25.09.2008 Агенцијата за катастар на недвижности денеска пред претставници на приватни геодетски фирми и на бизнис заедницата го презентира новиот Македонски позиционен систем МАКПОС, кој е базиран на примена на сателитска технологија за глобално позиционирање и навигација.
МАКПОС треба да овозможи постојан сервис на геопозиционирање односно одредување на координати во просторот во реално време со точност од неколку сантиметри на кое било место на територијата на Македонија. Го сочинуваат 14 активни GPS станици на растојание од 50 до 70 километри рамномерно распоредени на целата територија на државата.
Директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Љупчо Георгиевски на презентацијата истакна оти МАКПОС ќе најде примена кај широк спектар на корисници во повеќе области. Со воспоставувањето на GPS системот, нагласи Георгиевски, ќе се овозможи побрзо и поекономично премерување на недвижностите и ќе се создадат предуслови за поекономично работење на приватните геодетски фирми, а со тоа и можност за намалување на цените на нивните услуги кон граѓаните.
Правата фаза од воспоставувањето на МАКПОС е завршена и се поставени пет активни GPS точки, во Скопје, Тетово, Кичево, Прилеп и Велес. До крајот на годината ќе бидат инсталирани и ставени во употреба уште две активни GPS станици, во Охрид и во Битола. Се планира МАКПОС да биде целосно комплетиран и функционален до крајот на следната година, по што ќе биде пуштен во комерцијална употреба. Дотогаш заинтерсираните корисници ќе можат да добиваат податоци бесплатно.
Агенцијата за катастар на недвижности го воспоставува МАКПОС од минатата година во соработка со Шведската агенција за меѓународен развој - СИДА. Оке Утас, тим лидер на проектот СИДА информира оти со МАКПОС веќе се покриени 45 проценти од територијата на државата. Точноста на геопозицонирањето, која ја обезбедува системот, се движи во границите од еден сантиметар до 0,5 метри за различни потреби на корисниците.
Според презентацијата, системот за глобално позиционирање ќе се применува во повеќе области, геодезија, инжинерство и инфраструктура, сообраќај, рударство, земјоделство и шумарство, управување со кризи...
Контролниот центар на МКПОС се наоѓа во Агенцијата за катастар на недвижности. Преносот на податоци од активните GPS станици се одвива преку изнајмени VPN линии и ADSL, a дистрибуцијата на податоците до корисниците би се реализирала преку GPRS, GSM и Интернет. МИА - 25.09.2008 |
 ГПС Станица
www.makpos.katastar.gov.mk www.geowildmak.com.mk/makpos_start.htm
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#23 Posted: 30-Oct-2008 at 23:00 |
Edited by beTon - 30-Oct-2008 at 23:43
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#24 Posted: 30-Oct-2008 at 22:52 |
Живко Велјановски, професор на Градежен факултет на катедрата за водовод и канализација „Водовод“ има подземен катастар за големите цевководи, а за малите нема - 25.03.2006 Мрежата на скопскиот водовод е изградена од доводни цевководи од челик со големина од 1.600 кубни метри и има должина од 40 километри. Професор Живко Велјановски од катедрата за водовод и канализација при Градежниот факултет во Скопје појаснува дека еден цевковод порано користела Железарница за своите потреби, а сега го користи скопски "Водовод°. Градот Скопје има околу 860 километри водоводна мрежа без селските населби. Од неа, 91 отсто се цевки од лиено железо, 2 отсто се ПВЦ цевки (поливинил хлорид) и само 7 проценти или малку над 60 километри се азбестно-цементни цевки и сите тие се поставени на длабочина од еден до два метра под земја. Велјановски тврди дека целиот водовод е изграден според овие стандарди, па може да се каже дека Скопје има мал процент на азбестно-цементни цевки во однос на другите градови во Македонија, каде што дури 70 отсто се од азбестно-цементен материјал. Тој посочува дека можеби и во "Водовод" не знаат точно каде се наоѓаат азбестните цевки, бидејќи нема катастар за цевководи. Поточно, има за големите дијаметри, но за малите нема. Кога биле правени инсталациите, не биле правени и изведбени проекти, па токму затоа сега не постои точна информација за мрежата по вертикала и по хоризонтала и затоа деловите од подземниот катастар на инсталации се парцијални. Овие информации можат да се надополнат само преку кажувањата на некои од постарите вработени доколку се сеќаваат. Велјановски вели дека е крајно време катастарот да се спакува во електронска форма, а не да остане во папки и во некој плакар. Здравствените организации потврдуваат дека азбестот во форма на прашина е канцероген, па во услови на негова обработка е потребна соодветна заштита на вработените. "Можеби поради тоа кај нас е создадено општо мислење дека азбестно-цементните цевки треба да се заменат. Зрачењето на азбестот не може да влијае на квалитетот на водата, но факт е дека дефектите се почести на азбестно-цементните цевки отколку кај цевките изработени од друг вид материјали, бидејќи полесно пукаат", тврди Велјановски. Тој констатира дека скопскиот водовод има најквалитетно изведена водоводна мрежа во однос на мрежите во другите градови. Исто така, потенцира дека низ скопскиот водовод поминува бунарска и изворска вода, која, пак, врви низ решетки со што се оневозможува влез на ситни организми во неа. "Водата перманентно се дезинфицира преку современи системи, со автоматски хлоринатори во Кондово, и тука не би требало да има пропусти. Кога водата се пушта од славина во домовите, содржи 0,2 до 0,5 милиграми хлор на литар, што е доказ дека водата е исправна. Дезинфицирањето и контролата го прават санитарните служби, Градскиот завод за здравствена заштита и Републичкиот завод за здравствена заштита на неколку пунктови и според конкретна законска процедура", појаснува Велјановски. Утрински - Снежана Калабакова - 25.03.2006 |
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#25 Posted: 30-Oct-2008 at 20:43 |
ГРАДСКИТЕ ВЛАСТИ СЕ ОБИДУВААТ ДА ГО НАЈДАТ КРАЈОТ НА СКОПСКИТЕ ПОДЗЕМНИ ИНСТАЛАЦИИ Скопје ќе оформи катастар за подземната мрежа - 07.13.2002 По долги години проблеми и тешкотии со подземните инсталации и водови, градските власти и Советот на град Скопје донесоа одлука за подземен катастар, која ќе помогне да се формира банка на податоци.
Советот на град Скопје завчера ја усвои одлуката со која ќе се води евиденција на подземниот катастар на град Скопје. Досега, поради немањето ваква евиденција, за многу километри подземни водови не постоеше соодветна документација. Така, при разни реконструкции и санации на улиците се јавуваа проблеми со подземната мрежа, при што често се пробиваа роковите. Овие состојби, кои во голема мера го кочеа градежништвото, а и предизвикуваа штети, се вели во одлуката, сега ќе се елиминираат. Според објаснувањата на градските власти, донесувањето на ваква одлука е од големо значење, бидејќи ќе се формира "банка на податоци" за подземните инсталации, водови, и разни мрежи во градот. За таа цел одлуката содржи оригинални теренски податоци од геодетско снимање, регистар и геодетски планови за сите површински и подземни инсталации. Она што недостига во целата оваа приказна е закон за подземен катастар кој, како што се вели, мора набрзо да се донесе. Во Скопје досега се забележуваа многу пробивања на роковите при обнова на скопските улици. И градските и општинските власти подеднакво се жалеа на подземната мрежа. Сепак, рекордер во доцнење е Општина Центар кога пред две години го реконструираше едниот крак од плоштадот Македонија, улицата Максим Горки. Наместо 5-6 месеци, тие улицата ја правеа година и пол. Изговорот им беше дека работниците на"Гранит" на секој сантиметар наоѓаат по некоја непредвидлива цевка. Од Општина Центар деновиве почнаа да ја прават улицата Македонија, поранешна Маршал Тито. Општинарите најавија проблеми со подземниот катастар, но ветија дека ќе се потрудат работата да ја завршат навреме. Вест - Ј. Ивановска - 7/13/2002 |
Скопје се' уште нема катастар на подземна инфраструктура - 08.02.2007 Обврската за изработка на ГИС и на катастар за подземни инсталации ја има Градот Скопје 
Градот Скопје се' уште нема изработено катастар за подземни инсталации. Иако веќе неколку години градската администрација се подготвува за изработка на Географски информативен систем (ГИС), кој е од големо значење за општините, за потенцијалните инвеститори, бизнисмените, за градежните претпријатија и други, засега на ова поле нема напредок. Најуочлив резултат за тоа се раскопаните улици со месеци онаму каде што се градат нови згради. Проблемот е уште поголем кога за една зграда се копа неколкупати, за секоја инсталација посебно, па не ретко се случува тие да се испреплетат, или да дојде до дефект на инсталацијата која веќе е поставена. Немањето податоци за поставеноста на подземните инсталации е голем проблем, особено при планирањето нови проекти, бидејќи инвеститорите никогаш не се начисто што ќе откријат под земја кога ќе почнат да копаат. Поради тоа, одредени проекти доцнат со месеци, а некои дури воопшто и не можат да се реализираат. Обврската за изработка на ГИС, вклучувајќи го и катастарот за подземни инсталации, ја има Градот Скопје. Тој е надлежен за изработка, одржување, водење и користење единствен ГИС на Градот, кој содржи податоци за подземната инфраструктура, улиците, сообраќајната сигнализација, катастарските парцели и зелените површини. За реализација на таа обврска, Градот неодамна организираше координативен состанок со сите субјекти кои на некој начин се потенцијални корисници, но и даватели на сервиси на ГИС, како што се општините, приватни и јавни претпријатија, екологисти, пожарникари и други. Ангажиран е и експертот за ГИС, Урлих Боес, кој ќе изврши анализа и ќе помогне при изработка на тендерската документација и пилот-апликацијата.
„Очекуваме во март да се распише тендер за набавка на хардвер и софтвер за ГИС, кој ќе овозможи почеток на изработката на овој важен систем на геоинформации кој ќе ги содржи сите податоци што се од голема важност и за општините и за јавните претпријатија, Градот Скопје, државните институции и за многу други субјекти“, велат во Градот. За побрза реализација на проектот, Градот ќе изработи и ќе достави прашалници до сите кои имаат постојни ГИС-податоци, а резултатите ќе ги ажурира градската администрација. Во изработката ќе се вклучат и општините. Во таа смисла Аеродром веќе има обучен тим кој работи на ова поле, а општинарите ја збогатија и својата компјутерска опрема со компјутери, принтери во различни формати, плотер и скенер, донација од Европската агенција за реконструкција. Утрински - Сања Наумовска - 08.02.2007 |
Податоците од подземниот катастар нема кој да ги обедини - 26.02.2007 „Телеком“, „Водовод“, „Топлификација“, ЕСМ и кабелските оператори самите си ги чуваат податоците 
Катастар на подземна инфраструктура во Скопје водат повеќе претпријатија кои имаат свои подземни инсталации. Тоа се „Македонски телекомуникации“, „Водовод и канализација“, „Топлификација“, ЕСМ и кабелските оператори. Според податоците на Град Скопје, нивната евиденција датира неколку децении, а најточен е катастарот на „Телеком“. Сепак, велат во Градот, проблемот поради кој се случува хаосот на скопските улици, каде што копа секој кога и каде што сака, лежи во тоа што нивните податоци ги чуваат тие самите, бидејќи не постои еден орган кој е задолжен да ги обедини. Тоа ја усложнува и процедурата за добивање одобрение за градење, бидејќи инвеститорот треба да се обрати до сите поединечно ако сака да интервенира под земја.
Решението, велат во Градот, е во изработка на геоинформациски систем, за кој засега нема точна законска регулатива кој треба да го направи и, што е уште поважно, кој треба понатаму да го одржува. Во него, покрај податоците за подземната инфраструктура, треба да се содржани и информации за генералниот и за деталните урбанистички планови, сообраќајниците, сопственоста и други. Според пресметките, таков систем може да се изработи за две-три години, но и понатаму мора да се надополнува, што бара капацитет на институцијата која ќе го поседува. Примерите од европските градови кажуваат дека на ГИС работат цели фирми со стотици вработени, од кои голем дел секојдневно одат на терен за да ги регистрираат сите измени.
„Градот упати прашалници со сите претпријатија кои имаат свој катастар на подземна инфраструктура во кои треба да достават податоци со кои ќе почне да се оформува ГИС. Тоа е голема и сложена работа која бара ангажирање многу луѓе и технологија, а проблематично е тоа што засега нема пропис кој вели дека Градот или, пак, некоја друга институција е таа која треба да го изработи. Во секој случај, ГИС мора да постои и затоа Градот ќе започне со некои активности“, велат надлежните во Градот. Оттаму нагласуваат дека веруваат дека податоците што ги имаат овие претпријатија се в ред, освен на кабелските оператори, кои во последно време копаат и поставуваат инсталации секаде каде што ќе наумат, а за тоа никому не даваат отчет. Утрински - Сања Наумовска -26.02.2007 |
Edited by beTon - 30-Oct-2008 at 22:37
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#26 Posted: 18-Aug-2008 at 10:44 |
Не прв пат слушаме убави прикаски, се надевам дека ова е повеќе од прикаска. Вакво нешто навистина ни е потребно.
Се гледа крајот на оштетувањата на туѓите инсталации |
|
Градските
власти изработуваат географски информациски систем (ГИС) што ќе ги
содржи сите податоци за положбата на подземните инсталации на јавните
претпријатија и на компаниите. Со тоа треба да се надминат проблемите
што настануваат кога едно претпријатие ги раскопува улиците за своите
потреби, а притоа оштетува кабли или цевки од друга фирма и им создава
проблеми на граѓаните. Претпријатијата сè уште работат според стариот
систем, односно имаат внатрешни подземни катастари за своите кабли или
цевки, па кога им требаат податоци за другите треба да доставуваат
барања за да добијат информации за трасите и за пресечните точки.
СИТЕ ПОДАТОЦИ НА ЕДНО МЕСТО
Од градот веќе подолго време ја најавуваат изработката на
географскиот информациски систем што би овозможил подобар и побрз
пристап до овие информации и евиденција на имињата на улиците, како и
бројот на објектите поврзани со катастарските подлоги. Со тоа би се
овозможиле размена на информациите и соработка со институциите на
локално и на државно ниво, како и меѓу јавните и приватните
претпријатија.
- Сите компании и јавни претпријатија што имаат подземна
инсталација имаат и свој интерен катастар во електронска форма. Но ние
сакаме сите тие податоци да ги обединиме во еден систем со кој би се
вовела авторизирана евиденција на сите улици и објекти што се поврзани
со подземната инсталација. Така би им се олеснила работата на сите
градежни фирми, како и на оние претпријатија и компании што ќе имаат
проблем со дефектите, за да можат побрзо да ги отстранат. Очекуваме да
почне втората фаза во која треба да се обезбедат дополнителните
податоци за развојот на ГИС, а ќе имаме и активна соработка со јавните
претпријатија основани од градот - велат во градската управа.
БАРАЊЕ ЗА СЕКОЕ КОПАЊЕ
Компаниите и јавните претпријатија што имаат подземни инсталации,
како ЕВН, „Водовод и канализација“, телекомот, „Топлификација“ и други
се служат со веќе постојниот систем за добивање податоци, така што
секогаш кога ќе треба да интервенираат на своите инсталации поднесуваат
барања до другите за да добијат податоци за пресечните точки.
Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ има подземен
катастар за целата водоводна, фекална и атмосферска мрежа, кој е
најразвиен од сите и покрива 99 отсто од инсталациите.
- Имаме катастар за нашата инсталација на кој работиме уште од
1998 година. Тој ќе биде доставен на увид до јавноста и до градот за да
се обединат податоците на сите компании. Кога се гради, изведувачот на
работите треба да побара од сите компании што имаат подземна
инсталација каде се наоѓаат пресечните точки, а доколку се направи
дефект на некоја од инсталациите, одговорноста е на изведувачот. Но
дефекти при копањето не се случуваат често ниту од наша страна, ниту од
страна на другите фирми што имаат подземна инсталација - изјави Игор
Арнаудов, генерален директор на „Водовод“.
Слични шеми во електронска форма имаат и во „Топлификација“,
„Македонски телекомуникации“ и во ЕВН, кои ќе ги достават до градот за
да се обработат и спојат во еден географски информациски систем.
Од „Топлификација“ велат дека за какво било ископување треба да се
побараат шеми за подземните цевки, но ако тие не се точно нацртани
можат да се случат несакани дефекти.
- Нашите цевки се големи, се наоѓаат во бетонски канали и се
покриени со бетонски капак, па затоа при копање не се случува да се
пробие некоја од нив. А ние секогаш навреме се информираме за
локацијата на другите подземни инсталации - објасни Христо Кировски,
извршен директор за производство на топлинска енергија.
Од ЕВН додаваат дека ќе го достават до градот софтверот во кој е
документирана електричната мрежа, но сепак се надеваат дека ГИС нема да
биде јавен од безбедносни причини, поради можни саботажи врз нивната
мрежа.
Граѓани се жалат дека им се случувало додека некој работи на нивната улица да им ги оштети инсталациите.
- Една фирма што поставуваше цевки за фекална канализација неколку
пати ги скрши водоводните цевки и по цели денови немавме вода. Сè уште
ги чувствуваме последиците од тоа - вели жител на Горно Лисиче. |
| http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=161&ArticleID=5683
|
 |