![]() |
![]() |
![]() |
Мост Лисиче-Маџари |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Сообраќаен мост ќе ги поврзе Лисиче и Маџари, се бара проектант
![]() Со цел да се олесни движењето на граѓаните и да се скрати патувањето меѓу двете страни на реката Вардар во Скопје, потребно е да се изградат нови осум моста. Во населбата Лисиче, освен еден пешачки мост, според ГУП-от е зацртан и сообраќаен мост кај улицата „Индустриска 1“, кој треба да ги поврзе Лисиче и Маџари. Токму деновиве Град Скопје подготвува основен проект со урбанистички проект со сите фази за сообраќајниците: „Февруарски поход”, „Маџари”, со мост на реката Вардар, раскрсницата со улицата „Индустриска 1”, како и раскрсницата со булеварот „АСНОМ”. За таа цел, Град Скопје распиша тендер за избор на фирма со најповолна понуда, која би го изработила основниот проект, заедно со урбанистичкиот Со цел да се олесни движењето на граѓаните и да се скрати патувањето меѓу двете страни на реката Вардар во Скопје, потребно е да се изградат нови осум моста. За некои е планирано да бидат пешачки, за некои – за возила, како оној кај спортскиот центар „Јане Сандански“, мостот „Михајло Апостолски“ кој е готов, но сè уште не е пуштен за сообраќај. Во населбата Лисиче, освен еден пешачки мост, според ГУП-от е зацртан и сообраќаен мост кај улицата „Индустриска 1“, кој треба да ги поврзе Лисиче и Маџари. Токму деновиве Град Скопје подготвува основен проект со урбанистички проект со сите фази за сообраќајниците: „Февруарски поход”, „Маџари”, со мост на реката Вардар, раскрсницата со улицата „Индустриска 1”, како и раскрсницата со булеварот „АСНОМ”. За таа цел, Град Скопје распиша тендер за избор на фирма со најповолна понуда, која би го изработила основниот проект, заедно со урбанистичкиот. Како што се наведува во тендерот, урбанистичкиот проект е за инфраструктурата со сите фази за наведените сообраќајници, а основната цел е подобрување на функцијата на примарната мрежа сообраќајници во градот, зголемување на проточноста на сообраќајот, како и зголемување на безбедноста во сообраќајот на овој дел од градот. Проектот за инфраструктура треба да содржи планско решение за постојната и планираната подземна инфраструктура во сите фази. – Постојната сообраќајница со својот непречен профил веќе не ги задоволува потребните сообраќајни услови од аспект на пропусна моќ, ниво на услуга, економичност и безбедност во сообраќајот – се образложува во тендерот. Освен тоа, треба да се предвидат пешачки и велосипедски патеки на пресекување со мостот. Проценетата вредност на изработката на проектот, без ДДВ, е осум милиони денари. Заинтересираните можат да ги достават своите понуди до Град Скопје најдоцна до 12.5.2023 година, во 12 часот, кога и ќе се спроведе нивното јавно отворање. Инаку, во Генералниот урбанистички план и натаму се предвидени клучните мостови што се дел од примарната сообраќајна мрежа, оној кај Владата и во Маџир Маало. Мостот кај Владата е продолжение на булеварот „Климент Охридски“, кој откако ќе ја премости реката, треба да минува во тунел под Калето и да се поврзе со улицата „Никола Карев“ во Чаир, за која, исто така, е предвидено да прерасне во булевар од примарната мрежа, односно урбан автопат. Идејата за урбани автопатишта каде што може безбедно да се вози со поголема брзина е стара повеќе децении, од планот од 1965 година. Оттогаш е и идејата за изградба на булеварот „Крушевска република“, кој треба да мине со мост преку Маџир Маало и треба да служи како брза попречна врска меѓу северниот и јужниот дел на градот. Доколку се изгради булеварот, во секој случај ќе се изведе и мостот. Мост што има шанси поскоро да биде изграден е оној што е предвиден во Карпош – продолжение на улицата „Љубљанска“, која поминува покрај ТЦ „Сити мол“. Во Карпош е планиран и друг мост преку Вардар, како продолжение на булеварот „Илинден“. Овој булевар е зацртан преку Влае, покрај брегот на реката Лепенец, до Волково, каде што треба да излезе на северната обиколница. Меѓутоа, во тој реон нема тесно грло, поради постоење на мостот „Обединети нации“ и поради вториот мост во Хром, кои значително го растоваруваат сообраќајот. https://www.vecer.press/сообраќаен-мост-ќе-ги-поврзе-лисиче-и-м/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
На fb гледам доста коментари од луѓе кои го бараат овој мост. Имајќи ја предвид гужвата на бул. Србија и бул. Киро Глигоров, и те како е потребен. Поврзување на Ново Лисиче со Синѓелиќ значајно ќе го подобри сообраќајот.
|
|
Градот убав никна, но го откорнаа
|
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
Апел до Град Скопје да се зафати веднаш со процедури за реализација на мостот НовоЛисиче - Маџари кај Вардариште. Ова можеби и е единствениот мост за кој не треба во Скопје да се прави експорпријација за да се поврзат улиците кои би ги поврзувал од двете страни, што му ја прави цената исклучително поефтина за разлика од други планирани мостови во Скопје.
Секој кој што прошол барем еднаш дневно по Перо Наков знае каква гужва неподнослива е тоа кај Тинекс/Годел во која може да се заглави и до еден саат. Исто така гужвите на раскринцата кај Хилтон и таа кај ФОН. Единствениот градски излез за една голема индустриска зона и населба. Од друга страна зашто би го имале АСНОМ кој ќе завршува како автопат у ливада и не би имале соодветна инфраструктура да го наполниме со сообраќај. Профилот би требало да е нешто како мостот кај Момин Поток, односно 2+2 сообраќајни ленти со 1+1 од страна тротоар/велосипедска патека. ![]() ![]() Edited by user8642 - 25-May-2020 at 20:00 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12 |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |