build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Изградба и ентериери
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Доградба на тераси/балкони (пресметки)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ddd2007ddd View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 24-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote ddd2007ddd Quote  Post ReplyReply #21 Posted: 31-Oct-2009 at 17:02
Дали ќе може некој да ми каже како да пресметам колку ќе ме изнесува да доградам тераса - балкон на станбена зграда ?
 
Зградата се наоѓа во општина Центар - Скопје. Изградена е во 1956година. Висината во еден стан од подот до таванот е околу 3м. Зградата има вкупно приземје+3+поткровје.
 
Постои можност станарите да си пуштат од задната страна на зградата тераси - балкони.
 
Се што ме интересира е следново:
1. Со колкави димензии би требало да биде голем еден столб, доколку има 4 столба кои ќе ги држат доградените тераси ?
2. Колкава количина на бетон ( цимент ) и останат попратен материјал би бил потребна само за овие 4 столбови ?
3. Колкава количина на бетон ( цимент ) и останат попратен материјал би бил потребна само за една плоча на попуштената тераса, доколку е со димензии - широка 4,5м и долга околу 2м (во зависност од добиената дозвола) ?
4. Колкава би била доволна дебелина на плочата на доградената тераса, со претпоставка дека некои ќе си ја направат како и соба ?
5. За колкав временски период би можело од прилика да се догратат сите тераси с о горенаведените димензии ?
 
Овие прашања ме интересираат се со цел да можам да си ја продолжам терасата, но и да ги информирам останатите станари за потребната цена за заедничко инвестирање.
 
Се надевам дека од општина Центар ќе добиеме дозвола за попуштање на становите, бидејќи веќе становите на приземје имаат попуштено тераси одамна. Исто така зградата има двор кој се води на државата и претпоставувам дека ќе ни дозволат да градиме на државно земјиште.
 
И за крај би сакал да ве прашам уште нешто.
 
Според Општи урбанистичко-архиктектонски услови нашиот блок на заеднички станбени објекти ги имаме добиено следниве податоци:
- Процент на изграденост 40,39%
- Коефициент на искористување 2,83
- Површина на парцелата 374 м2
- Бруто развиена површина 1056м2
Како што може да се види од горните податоци процентот на изграденост е 40,39%. Дали станарите може да попуштат тераси се додека проценот на изграденост стигне до 70% ? На пример површината на зградата е 150м2. За да стигне до 70% на изграденост дали може станарите да си доградат отпозади уште 112м2 бидејќи површината на парцелата е 374м2 ??? Question
За поточно да ми одговорите, ќе ви кажам уште неколку податоци од Општи урбанистичко-архиктектонски услови .
- Максимална дозволена висина на венецот на објектот Н-- 21,00м
- дозволена височина на венецот до слеме Н -- 4,50м
 
Ова се податоците кои ги знам за зградата. Според ДУП Дебар Маало 2, сеуште нема никакви промени, па така да остануваат истите податоци кои погоре ги напишав.
 
Можеби за некои нема да бидат логични моите прашања, но нека разбере дека јас не сум градежник и не знам ништо од градежништвото. Wallbash
 
Исто така би сакал ОДНАПРЕД ДА СЕ ЗАБЛАГОДАРАМ на сите оние на било каков начин што ќе помогнат.
 
 
 
 
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.047 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.