![]() |
![]() |
![]() |
Хидросистем Злетовица |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234> |
Author | |
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() ![]() Колку возење има од Злетово до бранава и дали е достапна само од тој правец? Edited by Cloverstack - 19-Jun-2011 at 19:19 |
|
![]() |
|
ko4ani ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-May-2010 Online Status: Offline Posts: 288 |
![]() ![]() |
Еве ви некои слики од браната сликите се од октомври месец 2010 тогаш го асфлатираа и патот а сега 2011 г. се е завршено околу изградбата машините и постројките што стоеја кај браната се размонтирани и однесени и браната сега се полни со вода тогаш беше стигната едно 20 м. (така ми рекоа) а требало да се наполни 70 м. висина.
1 ![]() 2 ![]() 3 ![]() 4 ![]() 5 ![]() 6 ![]() |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
За Карбинци во вода ќе се фрлат 800.000 евра Наместо само да се изгради цевковод од филтер-станицата во Штип до Карбинци и на разумен начин да се реши проблемот со доведувањето на водите до малата општина, сега залудно ќе се потрошат 800.000 евра Иван БојаџискиШтип - Од изградбата на регионалниот хидросистем „Злетовица“ остана вишок од 3,5 милиони евра. Јапонската банка за техничка соработка, која со 82,5 милиони долари ја кредитираше изградбата на овој регионален проект, го прифати барањето на Владата овие пари да се употребат за изградба на нови филтер-станици и адаптација на постојните во Пробиштип, Штип и во Карбинци. Пробиштип и Карбинци немаат филтер-станици, додека Штип има, но таа ќе претрпи технолошки измени за да може да прифати и преработи површински води какви што се тие од браната „Кнежево“. Според одлуката на Владата, од овие пари малата рурална општина Карбинци со околу 4.000 жители ќе добие 800.000 евра за изградба на филтер-станица. Ова ни го потврди и Стојан Миланов, директор на регионалниот хидросистем. Карбинчани посакале да си градат ваков објект, а на нивното барање им било удоволено. Но, оваа одлука слободно може да се стави на контото на македонскиот јавашлак. Имено, штипската филтер-станица е лоцирана на една височинка на средината помеѓу оваа општина и општината Карбинци. Од неа до Карбинци има нецели пет километри. Филтер-станицата во Штип е една од поновите, изградена е и предадена во употреба во 1990 година, а технолошки е извонредно опремена. Штип, благодарение на станицата, пие една од најубавите води во државата. Овој капацитет може да преработи 500 литри вода во секунда, а во најтоплите летни денови преработувала најмногу до 230, колку што биле потребите на најголемиот град во Источниот регион. Тоа говори дека неговата искористеност е со само 40 проценти. И наместо само да се изгради цевковод од филтер-станицата во Штип до Карбинци и на еден таков разумен начин да се реши проблемот со доведувањето на водите од системот до малата општина, сега залудно ќе се потрошат 800.000 евра од јапонскиот кредит. Како малата сиромашна, рурална општина ќе го враќа кредитот, останува отворено прашање. Дали јапонскиот кредитор знае за ова е големо прашање. Инаку, Македонија ги формира своите плански региони со намера дел од потребите да се решаваат врз заедничка основа. Намерата е да се заштеди таму каде што е можно тоа. Тоа го потврдува и Ратко Димитровски, претседател на Источниот плански регион. „Регионот постои за да решава прашања и потреби од заеднички интерес и на еден таков начин да обезбеди ефикасен регионален развој со помалку пари. Парите за регионалната функција ни се намалени за десет пати и поради тоа сме обврзани да штедиме секаде каде што е можно тоа. Но, во однос на прашањето со јапонскиот кредит, тука немаме ингеренции да дејствуваме, но е јасно дека секое дуплирање на капацитети не е добра работа“, тврди Димитровски. http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=617AA11321A0F546AEB00E0AC34A286C |
|
![]() |
|
StreetStruck ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-Nov-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 415 |
![]() ![]() |
Се навратив поназад во нишкава и има информации дека за предвидените 7 мали проточни хидроцентрали се потребни 20 милиони, а за системот за наводнување 40 милиони.
Исто така постоела можност малите хидроцентрали да ги градат приватњаци, но сфатливо ми е зошто државата сака сама да ги изгради баш поради тоа што од нив всушност треба да ги вадат парите. Хидроцентралите се најпрофитабилниот дел од целиот систем. Искрено само малку ми е чудно зошто системот за наводнување чини дупло од централите, ама од друга страна не го знам ни пределот, ни што е потребно за да се изгради системот за наводнување. Како и да е и пред 3 години кружи информацијата за потребата од 60 милиони, што е за мене позитивно бидејќи не се мачкаат очи со набилдани цифри, а заедно со 100-те милиони од претходната фаза се стигнува до бројката од 160 милиони евра за заокружување на Хидросистемот Злетовица. |
|
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
kocani. ![]() Newbiе ![]() Joined: 12-May-2010 Location: нема Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
Патот од Злетово до Браната е целосно од ново асфатиран и уреден(беше многу оштетн од тешките камиони ) Братанта е изградена цела и се полни со вода се доградуваат некои придружни објекти испусти и сл. асфалтната база е преместена и тоа место се уредува а населбата за работниците ке си остане каде што е. Се градат и викендици околу браната.
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Ми личи дека градоначалнициве продаваат ефтин популизам, занемарувајќи ги долгорочните потреби на своите општини. Наместо долгорочно и квалитетно да се реши водоснабдувањето (што е само дел од позитивните ефекти на Злетовица во нивните општини), некои од нив уценуваат, потпирајќи се на постоечкото понеквалитетно и на долгорочен период тешко одржливо водоснабдување. Не сум воопшто изненаден од ваквото однесување, но сум изненаден зошто овие општини не биле задолжени со одредени обврски уште пред започнувањето на проектот. Сега им е лесно да се „пазарат“... Но пазарот требало да се направи на време и баш би сакал да видаам дали вака потценувачки гледале на Злетовица во периодот пред да биде одлучено проектот да се реализира. Сега кога Злетовица им е сервирана на тацна, а нив им се оставени адути, просто требало да се очекува дека ќе не задеси ваква „Македонштина“.
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Штип подготви проекти за 1,5 милион евра Приспособувањето на филтер-станицата на ЈКП „Исар“ да може, освен
подземна, да преработува и површинска вода, со што ќе може да се прифати
и водата за пиење од хидросистемот „Злетовица“, е еден од приоритетните
проекти што ги подготви штипската локална самоуправа. Тој е еден од
подготвените проекти за очекуваните 1,5 милион евра од Европската
инвестициска банка, од која Владата обезбеди кредит од 54 милиони евра,
средства кои потоа ќе ги дава како грантови за развој на општините. |
|
![]() |
|
Plugger ![]() Senior Member ![]() Joined: 15-Sep-2008 Online Status: Offline Posts: 378 |
![]() ![]() |
Водата од хидросистемот Злетовица треба да стигне до секој корисник02.01.2011 - 17:55 | Општините Свети Николе и Штип се во најповолна положба, во однос на останатите 4 , за користење на водата за пиење од Хидросистемот Злетовица. Овие две Општини ќе преземат две третини од вкупното количество, што значи дека Проектот за водоснабдување е успешен. Градоначалникот на Штип, Зоран Алексов вели дека се на чекор од изнаоѓање в заемно прифатливо решение за цената на водата. - Тоа ќе ни значи зелено светло да можеме да финансираме дел од средствата што ги добиваме од Европската инвестициона банка за преадаптација на филтер станицата за прифаќање на површинските води од ХС ,, Злетовица,,- изјави Зоран Алексов, градоначалник на Штип. На неодамнешната прес конференција, првиот човек на ЈП Злетовица, потенцираше дека цената на водата е многу чуствителна тема и дека од нивна страна веќе е подготвена студија за утврдување на висината на тарифата, врз чија основа се донесени акти за критериумите за користење на водите , кои се доставени до градоначалниците и надлежните инситуции. - Со заклучок на Владата е договорено најкасно до 20 јануари актот биде ставен во владина постапка и согласно законот за јавни препријатија актот го утврдува Јавното претријатие , а согласност дава владата. - изјави Стојан Миланов, директор на ЈП ,, Злетовица,, Иако приемот на водите е во надлежност на Локалните самоуправи, а нивна обврска е само нивна дистибуција, Миланов додаде дека нема да седат со скрстени раце, туку напротив ќе предлагаат и изнаоѓаат решенија, за побрза изградба на нови и преадаптација на постоечките филтер станици, со цел секоја капка вода да стигне до предвидената дестинација. http://sitel.com.mk/video/biznis/vodata-od-hidrosistemot-zletovica-treba-da-stigne-do-sekoj-korisnik Edited by Cloverstack - 04-Jan-2011 at 04:39 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Државата ги плаќа ратите за хидросистемот Златовица![]()
Државата
го спасува проектот хидросистемот „Злетовица“ тежок 120 милиони долари.
До последниот ден од минатата година висеше дилемата како да се
сервисира првата рата од доспеаниот кредит од 80 милиони кон јапонската
банка.
Во последен миг, ден пред истекот на рокот и 2010, 99 милиони денари како прва рата ги уплати министерството за земјоделство. -Доколку Јавното претпријатие не остварува сопствени приходи, а ратите од кредитот од јапонската банка е досепан, тогаш според потпишаниот договор, државата, поточно Министерството за земјоделство е обврзано да ги помирува ратите се до постигнување на рентабилитет на Злетовица, објасни директорот на ЈП ХС Злетовица, Стојан Миланов. Надлежното Јавно претпријатие изготви и студија со која ја позиционира како што велат, прифатливата продажна цена за метар кубен вода за шесте општини - потенцијални корисници. -Овој акт по 20 Јануари, ќе биде ставен во владина процедура за негова верификација, а потем, до крајот на месецов, откако општините би дале согласност, ќе ја објавиме цената за продажба на водата од Хидросистемот Злетовица, дополни Миланов. Општините не попуштаат. Ако цената е до четири денари за метар кубен, водата од Злетовица ќе е корисна за 120 илјади жители, ако е повеќе, инвестицијата не ќе служи никому. До старт на продажба на водата, а со тоа и отплата на кредитот, државата е жирантот на најголемата инвестиција во источна Македонија за последните две децении. Дејан Ефремов- дописник од Штип
02.01.2011, 15:59
http://www.time.mk/read/NONE/4e1a368c57/index.html |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
ЗАВРШЕНА ПРВАТА ФАЗА ОД ХИДРОСИСТЕМОТ „ЗЛЕТОВИЦА“„Скада системот“ со потребната технологија е лоциран во новата управна зграда на хидросистемот „Злетовица“ во Пробиштип, а со него ќе се координира искористувањето на водата од акумулацијата до потрошувачите од шесте општини во источна Македонија. Во употреба „Скада системот“ го предаде Стојан Миланов, директор на ЈП ХС „Злетовица“ од Пробиштип. - Со ова ја завршуваме во целост првата фаза од изградбата на ХС „Злетовица“ со што е искортистен кредитот од јапонската банка за обнова и развој вреден 70 милиони евра, истакна Миланов пред присутните на отварањето на „Скада системот“. Од овие средства, подвлече тој, досега само за првата фаза се искористени 66,5 милиони евра. Владата во ХС „Злетовица“ учествуваше со 25 милиони евра, средства кои беа искористени за експропријација на земјиштето и изградба на одделни делови по „пакети“ од првата фаза. Според Миланов, од досега реализираните делови од првата фаза се изградени брана со акумулација на Злетовска река кај село Кнежево, со можност за акумулирање на 23 милиони метри кубни вода, асвалтен пат од село Злетово до село Кнежево каде што се наоѓа аклумулацијата, водозафати за општините Штип, Кратово, Пробиштип, Свети Николе, Лозово и Карбинци,како и цевковод во должина од 73 километри. Тој посочи дека се прават напори од наредната 2011 година да започне
реализацијата на втората и третата фаза од Хидросистемот во кои се
планирани наводнување на 4100 ха земјоделско земјиште во Пробиштипско и
Кратовско и производство на 50 милиони КВ часа електрична енергија од 6
мини хидроцентрали на Злетовска река. За ова, рече Миланов, Владата веќе
го избра кредиторот на овие две фази, а тоа е Европската инвестициона
банка, со која се започнати преговорите за подготовка на потребнната
техничка документација. http://telma.com.mk/index.php?task=content&cat=1&rub=8&item=5061 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() 42° 6'29.72"N 22°18'30.48"E Edited by Cloverstack - 23-Sep-2010 at 19:08 |
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Може да добијам координати од ХС „Злетовица“ ???
![]() |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Би ги замолил по стручните членови и оние што не читаат да се регистрираат и да ми објаснат една работа. Пред некој ден во Штип имаше земјотрес (http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=9AAC704D65BC4E46BB0ECD2F96AAEE05). Има ли шанси овој земјотрес да се поврзе со полнењето на акумулацијата Кнежево (дел од хидросистемот Злетовица). Пред неколку години што имаше неколку помали земјотреси во Скопје се поврзуваа со полнењето на Козјак (http://217.16.70.245/?pBroj=1352&stID=3632&pR=3), па ме интересира што мислат луѓе од оваа струка, можно ли е земјотресот да е резултат на некоја индуцирана сеизмичност што порано се манифестирала поради тежината на водата што се собира во акумулацијата.
Edited by lslcrew - 14-Sep-2010 at 03:47 |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Неколку слики од изградбата, превземени од Panoramio (Google Earth) од повеќе јузери.
01. ![]() 02. ![]() 03. ![]() 04. ![]() 05. ![]() 06. ![]() 07. ![]() 08. ![]() 09. ![]() 10. ![]() 11. ![]() 12. ![]() |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |