Author |
Topic Search Topic Options
|
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#381 Posted: 27-May-2010 at 15:38 |
Нов јагленов комплекс во РЕК „Битола“Во РЕК „Битола“ денес ќе
биде отворен јагленов комплекс на рудникот „Суводол“ и ќе биде пуштена
во употреба нова рударска опрема |
|
|
|
 |
|
Во комплексот се утврдени геолошки резерви од 55.000.000 тони
јаглен, од кои можат да се експлоатираат 50.000.000 тони.
-
Технологијата на експлоатација на подинската јагленова серија, исто како
и онаа во рудникот „Суводол“, ќе се состои од ископ со континуирани
БТО-системи, со користење дел од опремата од Суводол, и со еден
комплетно нов БТО-систем, кој денеска свечено почнува да работи - велат
од ЕЛЕМ.
Вкупната инвестиција за двете нови рударски машини
изнесува нешто помалку од 17 милиони евра, од кои 15 отсто се средства
на АД ЕЛЕМ, додека преостанатиот износ е банкарски кредит. |
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=5271092543&id=10&prilog=0&setIzdanie=21992
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#382 Posted: 19-May-2010 at 23:10 |
Дождовите донесоа извоз на струја
 Во првите четири месеци од годинава „Електрани на Македонија“ извезува речиси трипати повеќе електрична енергија отколку што увезува. Според податоците на Македонскиот електропреносен систем-оператор (МЕПСО), од јануари до април годинава се извезени вкупно 219 гигават-часа електрична енергија од ноќните вишоци. Цената на оваа струја е за околу 30 отсто поевтина од цената на дневната електрична енергија.
Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Димитар Петров, вели дека со Законот за енергетиката е дозволен извоз на ноќните вишоци на струја, кои се објавуваат транспарентно на веб-страницата на МЕПСО.
- На крајот на годината ние како регулатор ќе ги објавиме во извештај од сметководството сите приходи на ЕЛЕМ за извоз на струјата, како и расходите за увозот. Ако има вишок на приход, тоа ќе влијае врз намалување на електричната енергија - вели Димитров.
ЕЛЕМ годинава произведува големи количини ноќни вишоци на електрична енергија главно од хидроелектраните, чии акумулации се полни поради обилните врнежи. Само за споредба, лани во периодот од јануари до април биле извезени само 2,5 гигават-часа што е речиси 100 пати помалку. Поделено по месеци, во јануари, ЕЛЕМ извезол 72,3 гигават-часа електрична енергија, во февруари 60,7 гигавати, во март 12,9 и во април 73 гигават-часа.
Вкупното производство на електрична енергија на хидро и на термоелектраните во првите четири месеци годинава изнесува 2.428 гигават-часа, што е за 5,4 отсто повеќе од планираното, или 4,7 отсто повеќе од лани. Но годинава потфрлиле термоелектраните, додека хидроелектраните го надминале планот. Така, сите ХЕЦ заедно во првите четири месеци произвеле 1.015 гигават-часа, што е речиси двојно повеќе од планот со енергетскиот биланс за 2010 година. Споредено со лани, пак, сите ХЕЦ произвеле за 153 отсто повеќе електрична енергија во првите четири месеци од годинава. Термоелектраните произвеле вкупно 1.413 гигават-часа струја, што е за 20,1 отсто помалку од планот со билансот, или 26,4 отсто помалку од минатата година во истиот период.
Според поранешниот директор на МЕПСО, Атанаско Тунески, извозот на 219 гигават-часа е за пофалба, но тој смета дека можеле да се извезат уште најмалку 200 ако не се испуштеле во системот големи количини вода од хидроелектраните без од нив да се произведе струја.
Во однос на увозот, во првите четири месеци од 2010 година „Електрани на Македонија“ увезе 78,7 гигават-часа електрична енергија. Тоа е за 30 отсто помалку од минатата година. Заедно со директните потрошувачи или големите фабрики што сами се снабдуваат со енергенси, увезени се вкупно 570 гигават-часа. Тоа е за околу 8 отсто помалку од 2009 година, а околу 24 отсто помалку од планираното со енергетскиот биланс.
Потрошувачката на електрична енергија до април годинава изнесува 2.780 гигават-часа, на што ако се додадат извезените 219 гигавати, се добиваат вкупните потреби од 2.999 гигават-часа за овој период. Бруто-потрошувачката до април е за 9 отсто пониска од планираната, а 6,4 отсто помала од лани. Вкупните потреби, кои ја вклучуваат бруто-потрошувачката и извозот, се за 2 отсто повисоки од лани, и за 2,2 отсто пониски од планираното. Вкупните загуби при производството и во дистрибуцијата заедно изнесуваат 72 гигават-часа во првите четири месеци од годината, кои се за 2 отсто повеќе од лани и за исто толку помалку од планираните.
Горан Ризаов
|
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#383 Posted: 16-May-2010 at 18:44 |
 „“’’%’“‘&’“ Дали некој во МК може да замисли и опција со пруга како секаде во свет што се прави, а воедно и се подобрува комуникација на таа област.
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#384 Posted: 16-May-2010 at 18:38 |
Мариово ќе ја спасува Македонија од енергетската криза
16.05.2010 16:00
 | Село Мариово |
| |
При крај се истражувањата околу наоѓалиштата за јаглен
во Мариово. Досегашните испитувања, кои ги прави ЕЛЕМ, само ги
потврдиле претпоставките од 70-тите години, дека тука има околу 111
милиони тони на јаглен, од кои 90% можеби се екслоатабилни. „Најверојатно
експлоатацијата ќе се изведува јамски, подземна експлоатација,
дебелината на јагленовиот слој се движи до 16 метри“, вели Златко
Илиовски, Градежен институт Македонија. Се планира годишно да се
произведуваат околу 2,5 милиони тони на јаглен, а имало доволни
количества за 30 годишна експлоатација. Има две опции како би се
искористувал овој јаглен, едната е со помош на подвижна лента да се носи
до РЕК Битола, а втората е тука во Мариово да се изгради термоелектрана
со моќност од 300 мегавати.  | РЕК „Битола“ |
| |
„Праксата покажува дека спрема овој квалитет на јаглен најисплатлива
варијанта, најекономски оправдана варијанта, би била термоелектраната да
биде во близина на јагленовото наоѓалиште“, истакна Трифун Милевски,
дипл. рударски инжинер во ЕЛЕМ. Само отворањето на рудникот би
чинело околу 110 милиони евра, а термоцентралата чини околу 350 милиони
евра. Експертите поделени. За едни јагленот е одлична можност да се
намали увозот на струја, а за други јамската експлоатација била скапа
варијанта, поевтино било јагленот да се увези. „Во овој момент со
јамска експлоатација мислам дека се уште не одговара да се експлоатира
бидејќи ќе добиеме најмалку 20 проценти поскапа струја“, рече Стојан
Петкоски, рударски инжинер. Бидејќи резервите со јаглен во РЕК
„Битола“ и РЕК „Осломеј“ се проценуваат до 2025 година, доколку државата
не вложи под итно во нови капацитети Македонија може да доживее
катастрофа. |
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=123204
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#385 Posted: 07-May-2010 at 14:27 |
Стопанска банка обезбеди 30 млн кредит за реновирање на РЕК Битола07 мај 2010, 14:55 Извор: Макфакс
Скопје
Договор
за кредит во висина од 30 милиони евра во денарска противвредност
потпиша денеска Стопанска банка со АД „ЕЛЕМ и македонската влада.
Станува збор за најголем одобрен кредит од една комерцијална банка
во Македонија во последната година и е наменет за модернизација на „РЕК
Битола“.
На денешната свеченост беше подвлечено дека модернизацијата на трите
термо блокови во „РЕК Битола“ е од исклучително значење за целокупниот
електроенергетски систем во Македонија.
Министерот за финансии Зоран Ставрески изјави дека се работи за
најголемата инвестиција во „РЕК Битола“ од нејзиното пуштање во работа
во 1988 година.
„Проектот за модернизација и автоматизација на „РЕК Битола“
покренува инвестиции во вкупен износ од 55,9 милион евра, од кои 30
милиони евра кредитно задолжување кај Стопанска банка, додека
останатите средства во висина од 25,9 се сопствено учество на АД
„ЕЛЕМ“, изјави Ставрески.
Тој додаде дека денешното потпишување за кредит во износ од 30
милиони евра, за кој владата обезбедува државна гаранција, претставува
многу значаен чекор во напорите кој ги превзема владата за остварување
на побрз економски раст и развој
Директорот на Стопанска банка Глигор Бишев информираше дека кредитот
е со рок на отплата од 14 години, со вклучени 3 години грејс период, а
каматната стапка е утврдена на месечен еурибор плус 4,75 проценти
поени, што во моментов изнесува 5,16 отсто.
„Стопанска банка учеството во овој значаен проект го обезбеди на
тендер на кој понуди најдобри кредитни услови и со тоа уште еднаш ја
потврди својата сигурност, стабилност и капитална сила“, изјави Бишев.
Првиот човек на АД „ЕЛЕМ Влатко Чингоски изјави дека кредитното
задолжување во овој инвестициски зафат пред се ќе биде насочено кон
продолжување на експлоативниот век на термоблоковите за најмалку уште
120 милиони работни часови како и зголемување на довербата во
работливоста на термоелектраните.
„Истиот треба да резултира и со зголемување на инсталираната моќност
на секој од трите агрегати, за дополнителни 8,32 MW по блок, односно
дополнителни 25 MW инсталирана можност за трите блока, преку
подобрување на степенот за искористување на агрегатите за 3,7 отсто,
тоа ќе значи зголемува на производството на струја од 160 до 200
гигаватчаса на годишно ниво без зголемување на потрошувачката на
јаглен“, рече Чингоски. /крај/ап/ http://makfax.com.mk/_tools/article/106910/view
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#386 Posted: 06-May-2010 at 14:57 |
Имаме алтернативни извори на енергија, но немаме проекти
Проектот
„Сончев парк" во Кадино, претставува прв пионерски обид за примена на
алтернативните извори на енергија, сонце и ветер, за производство на
електрична енергија во Македонија. Спроведен е од македонската фирма
„СИЕТО" во два дела: првиот дел беше изградба на првата енергетски
независна, еколошка куќа во Македонија, која беше пуштена во работа
2006 година, а вториот дел е изградба на првата фотонапонска постројка
чија струја целосно се предава на дистрибутивниот центар на ЕВН.
Осумнаесет месеци истражувања му биле потребни на сопственикот на
иновативната компанија „СИЕТО“, Ѕвонко Марковски, да го направи
проектот за својата еко-куќа во Кадино. Објектот што е целосно
независен од електро- дистрибутивната мрежа, е опремен со ветерна
турбина, сончеви колектори и фотонапонски панели кои ги користат силата
на ветерот и сончевите зраци за сопствено производство на електрична и
топлинска енергија. Системот произведува струја која зиме делумно ги
задоволува потребите на семејството Марковски, а лете создава вишок кој
тие го даваат на ЕВН во замена за „зимската“ струја. - Во зима системот
задоволува 10-40% од нашите потреби, а недостатокот на енергија го
надополнува од мрежата на ЕВН. Но, вишоците во лето се огромни.
Вишоците одат за ЕВН преку инвертори кои енергијата ја праќаат во
мрежата и така ја кредитираат ЕВН - вели Ѕвонко, кој по професија е
електроинженер. Тој во дворот на неговата куќа најпрвин експериментално
инсталирал ветерна турбина од 400W, фотонапонски соларен панел од 50W и
акумулаторски батерии од 200Ah. Системот за загревање на топла вода од
сонце се состои од пет колектори со вкупна површина од 10 метри
квадратни кои се насочени кон југ под агол од 35 степени во однос на
хоризонталната оска. Со примена на најнови достигнувања во
градежништвото од аспект на термичка изолација, ориентација и
местоположба на куќата во однос на страните на светот, оваа опрема
произведува доволно количество електрична енергија, подготовка на
санитарна топла вода и греење во пролет и есен. - Со години испитував
материјали, опрема, средства и други мерни индикатори, а потоа, врз
база на добиените резултати одбрав најсоодветни градежни материјали и
начин како да ја изградам куќата. На крајот, резултатите од моето
истражување ми го потврдија она што веќе го знаев: за да се заштеди
енергија, мора да се промени традиционалниот начин на градење, како и
начинот на поставување на инсталациите во објектот - вели Ѕвонко.. http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2028&Itemid=75
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#387 Posted: 06-May-2010 at 14:43 |
РЕК „Битола“ ќе добие нова опрема вредна 17,3 милиони евра
06.05.2010 | автор: Мк Фондови
Раководството на ЕЛЕМ потпиша договор вреден 17,3 милиони евра со германската компанија „Тисен Крупп“.
Имено, согласно со потпишаниот
договор, германската компанија треба да изврши достава и монтажа на за
набавка и монтажа на главниот транспортен систем за јаглен во РЕК
„Битола“.
Според планираното, набавката и комплетната монтажа на опремата треба да биде извршена во наредните 12 месеци.
Прокетот е финансиски подржан од „Дојче Банка АГ“ при што ЕЛЕМ ќе
вложи 2,6 милиони евра сопствени средства, а останатите 14,7 милиони
евра ќе се обезбедат преку кредит со период на отплата од 10 години.
http://www.mkfondovi.com/mk_MK/news/16063-%D1%80%D0%B5%D0%BA-%E2%80%9E%D0%B1%D0%B8%D1%82%D0%BE%D0%BB%D0%B0%E2%80%9C-%D1%9C%D0%B5-%D0%B4%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%B5-%D0%BD%D0%BE%D0%B2%D0%B0-%D0%BE%D0%BF%D1%80%D0%B5%D0%BC%D0%B0-%D0%B2%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B0-17,3-%D0%BC%D0%B8%D0%BB%D0%B8%D0%BE%D0%BD%D0%B8-%D0%B5%D0%B2%D1%80%D0%B0.html
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#388 Posted: 03-May-2010 at 19:03 |
Ако планираат да работи на плин тогаш досега работела на угљик! Дај нека научат бе јазик!
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#389 Posted: 03-May-2010 at 18:19 |
Термоелектраната
Осломеј за 15 години ќе работи на плин
Рудникот
Осломеј -запад со залихи од 13 милиони тони јаглен овозможува првата
термоцентрала во земјава изградена пред 30 години да работи уште 15
години.
Според долгорочните планови за инвестиција во овој
енергетски капацитет кој годишно произведува близу 600 гигавати часови
електрична енергија, од 2025 година ќе работи на плин. Потврдија првите
луѓе на ЕЛЕМ, денеска на одбележувањето на тридецениското производство
на електрична енергија,од ТЕЦ Осломеј.
За Електрани на Македонија
овој рударско енергетски комбинат е еден од приоритетните во земјава.
Има инсталирана моќ од 125 мегават часови и има произведено 15 илјади и
135 гигават часови на електрична енергија.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=60122
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#390 Posted: 03-May-2010 at 07:51 |
“Осломеј“ прославува 30 години

РЕК “Осломеј“
денес слави 30 години од вклучувањето во електроенергетскиот систем на
Република Македонија.
Денешната свеченост ќе биде одржана во подружницата во Кичево. На неа
свое обраќање ќе има генералниот директор на компанијата “Електрани на
Македонија, Влатко Чингоски, информираат од ЕЛЕМ. http://www.netpress.com.mk/vest.asp?id=71486&kategorija=2
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#391 Posted: 23-Apr-2010 at 12:40 |
SO KOI PARI KJE GRADAT ELEKTRANA SO IMA E NA OVIE BOLNI SE IZGLEDA SAMO ZA KRADENJE GI BIVA A ZA GRADENJE IC.cccc od ovaa nasa vlada i nasive politicari samo gluposti.koja mizerija se
Нуклеарка во Мариово, сепак, ќе се гради
Владата не
се откажува од плановите за изградба на нуклеарна централа во Мариово.
За вицепремиерот
Пешевски сопствена нуклеарка е подобро
решение отколку да се закупи струја од нуклеарката „Белене“ |
|
|
|
 |
|
Секоја година по еден нов енергетски објект. Од аспект на
инвестициите, вака може да се опише новата енергетска стратегија на
Македонија со важност до 2030 година. Во документот прецизно се наведени
и роковите кога сите овие, хидроцентрали, термоцентрали или гасни
централи треба да се изградат, што државата ќе ја чини помеѓу 4 и 5
милијарди евра. Дел од нив ќе гради државата, додека за другите ќе се
бараат странски инвеститори. Власта е убедена дека проекциите ќе се
остварат. Колку за споредба, во изминативе 20 години (последната
стратегија е донесена во 1995 година) е изградена само електроцентралата
„Козјак“. Со новата стратегија се предвидува и поинтензивно воведување
на гасните централи.
- Стратегијата претставува документ што треба да и помогне на Владата во
носењето одлуки, но тоа не е единствен документ на кој оваа или идните
влади ќе се базираат при носењето инвестициски одлуки во делот на
енергетиката. Разгледуваме и други стратегии што се правени за
регионален развој, така што кога ќе се земат сите предвид сметам дека
реализацијата на проектите во стратегијата ќе се случи во предвидените
рокови. Дури за некои проекти сум оптимист дека ќе се направат и порано
од предвиденото - вели вицепремиерот Владимир Пешевски.
Тој сепак нагласува дека уште отсега е јасно дека некои од проектите ќе
доцнат по година-две, а можеби и повеќе.
Според министерот за економија Фатмир Бесими, во стратегијата се
предвидуваат две сценарија, од кои првото предвидува дека потребите за
енергија до 2020 година во Македонија ќе се зголемуваат за 3 отсто
годишно, додека второто сценарио, со зголемена енергетска ефикасност,
предвидува порастот да биде 2,5 отсто на годишно ниво. Владата не се
откажува ниту од плановите за изградба на нуклеарна централа во Мариово.
За вицепремиерот Пешевски сопствена нуклеарка е подобро решение отколку
да се закупи струја од нуклеарката „Белене“ во соседна Бугарија, како
што предлагаат дел експерти.
- Изградбата на нуклеарка, освен снабдување со енергија, ќе значи и
можност за голем број нови вработувања во земјата - ни изјави Пешевски.
Сепак, како што вели министерот Бесими, за изградба на нуклеарка треба
да се запазат и строгите меѓународни прописи и да постои консензус во
државата и согласност од соседите. Изработката на стратегијата од страна
на МАНУ, државата ја чинеше 200.000 евра, што според власта не е многу,
бидејќи една обична студија чинела близу 500.000 евра.
Ќе плаќаме колку Европејците?
На нашето прашање за
порастот на цената на струјата со новата стратегија, министерот
Бесими
одговори дека во иднина нема да има регулирана цена односно понудата и
побарувачката ќе ја одредат цената.
- Може да се инсистира до
2015 цените да бидат и понатаму вештачки ниски, со што ги одвраќаме
потенцијалните инвеститори или да се приспособуваме постепено кон
европскиот пазар - вели Бесими.
Македонските граѓани досега
плаќаа цена што е трипати пониска од просечната во ЕУ, или за 50
проценти пониска од соседните земји. Според вицепремиерот Пешевски,
од
август или септември годинава ќе почне и реализацијата на п
роектот за
енергетска сиромаштија, со кој на социјалните случаи државата ќе им
плаќа по 10 евра од сметката за потрошена електрична енергија.
|
Кога и што ќе се гради
2011 -изградба на хидроцентралата „Св. Петка“
2014 - когенеративна централа ТЕ-ТО на ЕЛЕМ
2015- хидроцентрала „Бошков мост“
2016- Галиште и Луково поле
2017 - Градец
2019- Термоцентрала „Битола 4“ и „Чебрен“
2021- хидроцентрала „Велес“
2022 - термоцентрала „Мариово“
2024 - термоцентрала „Неготино“ и „Битола 1“
2026 - термоцентрала „Битола 2“
2026 - нуклеарна електроцентрала во Мариово
|
| http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=423101027585&id=10&setIzdanie=21966
Edited by lslcrew - 23-Apr-2010 at 13:28
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#392 Posted: 22-Apr-2010 at 21:50 |
„Зелените милијарди“ -
недостапни за Македонија |
|
|
Тешко доаѓаме до пари од меѓународните фондови за климатски
промени, зашто ни е недоречена законската регулатива и немаме Национален
совет за одржлив развој,
сметаат експертите |
|
|
|
 |
|
Македонија не може да користи пари од меѓународните фондови за
климатски промени тешки стотици милиони долари, поради недореченоста во
постојната законска регулатива, немањето подзаконски акти и
некоординацијата во изработката и претставувањето на проектите пред
меѓународните институции и фондови, велат експертите.
- За да ја заштитиме планетата треба да се дополнат и да се изменат
одредени законски акти и да се формира Национален совет за одржлив
развој. Без тоа државата не може да конкурира за проекти за климатски
промени, ниту пак, да користи кредити или донации од меѓународните
финансиски институции - предупредува Томе Костадиновски, експерт за
енергетика и климатски промени.
Неопходна е интервенција во неколку законски акти, вели Костадиновски.
Законот за градежни производи, вели тој, донесен уште во 2006 година, не
е во функција зашто не се донесени подзаконските акти за негово
спроведување. На Законот за енергетика и правилникот за енергетска
ефикасност на згради им недостига методологија за пресметки, со што е
одложена нивната примена до 2011 година. А енергетиката, земјоделството и
градежништвото се трите сектори, кои имаат најголемо влијание врз
климатските промени и планетата Земја.
Надлежните државни органи тврдат дека регулативата е добра, а
апликациите за користење на овие средства ги поднесуваат самите
компании. Како пример го посочуваат осовременувањето на производството
во „РЕК-Битола“, со што оваа компанија ќе може да повлече „зелени пари“
од странство. Досега, пари по основа на редукција на емисиите на
јаглероден диоксид и заштита на климата користи единствено
когенеративната централа „Когел- север“.
За поголема искористеност на меѓународните фондови за климата се залага и
невладиниот сектор. Од „Заедно за климата“ предлагаат воведување
„зелена гилотина“, по урнекот на постојната регулаторна гилотина, со
која ќе се поедностават и олеснат административните процедури за
добивање чиста енергија како и пристапот до фондовите. |
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=42210103473&id=10&prilog=0&setIzdanie=21965
Edited by Cloverstack - 22-Apr-2010 at 21:51
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#393 Posted: 22-Apr-2010 at 07:06 |
За енергетиката ни требаат од 4 до 5 милијарди евра

Усвоена Стратегијата за развој на енергетиката до 2030 година
Долгорочен развој на енергетскиот сектор со цел сигурно и квалитетно
снабдување на потрошувачите со енергија предвидува новата Стратегија за
развој на енергетиката во Македонија до 2030 година, што ја усвои
Владата на завчерашната седница.
„Со донесувањето на
Стратегијата Македонија влегува во групата земји што имаат јасни и
прецизни цел и план, како да создадат стабилен, одржлив и ефикасен
енергетски систем, како и интегриран енергетски пазар што подразбира
прилив на инвестиции во енергетскиот сектор“, изјави министерот за
економија Фатмир Бесими.
Тој истакна дека станува збор за
најзначајниот стратегиски документ што има цел да се справи со сите
предизвици на глобализацијата, со кој ќе се поттикнат енергетската
ефикасност и користењето на чиста, обновлива енергија.
При
утврдувањето на потребите од енергијата во земјата, во Стратегијата се
анализирани две сценарија: основно сценарио и сценарио на засилени
мерки за енергетска ефикасност. Во првото сценарио се земени предвид
веќе преземените мерки за енергетска ефикасност, како и обврската до
2015 година цената на електричната енергија да се зголемува додека не
се достигне пазарната висина, како и реализација на мерките од
Националниот акциски план за енергетска ефикасност (НАПЕЕ), со заштеда
на енергија во износ од 33 проценти до 2020 година. Според основното
сценарио, растот на енергетскиот сектор до 2020 година се предвидува да
биде со просечна стапка од 2,64 проценти.
Во второто сценарио се
предвидуваат дополнителни мерки за енергетска ефикасност, за секој
сектор одделно. Се очекува спроведување на поставената цел од НАПЕЕ,
преку реализација на сите планирани мерки до 2016 година и подолго со
донесување нови мерки за заштеда на енергијата. Според ова сценарио, со
засилени мерки за енергетска ефикасност потребите од финална енергија
до 2020 година ќе растат со просечна годишна стапка од 2,2 проценти.
„За
реконструкција и за изградба на нови енергетски објекти се планирани
средства во износ од четири до пет милијарди евра, во зависност од
сценариото што ќе се реализира“, соопшти вчера Министерството за
економија.
Со овие приоритети во Стратегијата долгорочниот
енергетски развој ќе се постигне со одржување, ревитализација и
модернизација на постојната и изградба на нова, современа
инфраструктура за потребите на производство, ќе се подобри енергетската
ефикасност во производството, преносот и во користењето на енергијата,
како и користењето на домашните ресурси (резерви на лигнит,
хидроенергетски потенцијал, ветерна и сончева енергија) за
призводството на струја. Во приоритетите се наведени и зголемувањето на
употребата на природен гас и на обновливите извори на енергија,
воспоставување на економска цена на енергијата, интегрирање на
енергетскиот сектор на Македонија во регионалниот и во европскиот пазар
на електрична енергија и природен гас, со изградба на нови конекции и
со усогласување на законодавството со постојната правна регулатива на
ЕУ. (М.Т.)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=251D85C73DF6BF4180C9A8895EF20A6A
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#394 Posted: 07-Apr-2010 at 13:42 |
МЕПСО почна со реконструкција на
Националниот диспечерски центар

Македонскиот
електро преносен систем оператор (МЕПСО) ја почна реконструкција на
Националниот диспечерски центар преку што оваа компанија го управува
електроенергетскиот систем во Македонија.
Во реконструкцијата ќе биде вклучена замена на постоечката синоптичка
табла на која е претставена високонапонската мрежа, сигнализацијата на
вклопната состојба поврзана со системот СКАДА, дигитални и аналогни
инструменти преку кои се врши надзор на производството, потрошувачката и
пренос на електрична енергија.
“Во реконструкцијата АД МЕПСО инвестира околу 350.000 евра. Со ова
вложување АД МЕПСО ќе добие современ диспечерски центар со кој ќе се
врши надзорот и управување со електроенергетскиот систем на Република
Македонија, а воедно е во согласност со сите стандарди пропишани од
меѓународните енергетски организации како што е ЕНТСО Е ( Асоцијација на
националните систем-оператори) во која е член АД МЕПСО“, соопштуваат од
компанијата.
Опремата и новите инструменти кои ќе бидат инсталирани се произведени
од светски реномираната компанија БАРКО. http://www.time.mk/read/1a8ff0e1cf/5783272a97/index.html
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#395 Posted: 01-Apr-2010 at 16:54 |
Избрани најповолите
понуди за изработка на техничка документација за гасоводниот систем во
земјава
Скопје, 1 април (МИА) -
Избрани се најповолните понудувачи за изработка на техничката
документација за проектот за магистрална линија на гасоводниот систем во
Македонија на јавниот оглас кој содржеше четири пакети, а беше објавен
на 18 декември минатата година.
Како што соопштуваат од Министерството за транспорт и
врски, за изработка на техничка документација на ниво на Основен и
Изведбен проект за магистралниот гасовод од Клечовце до Неготино во
должина од околу 100 км, за најповолна е избрана понудата на „Прима
Инженеринг“ ДОО, од Скопје.
За изработка на техничка документација за Основен и
Изведбен проект за гасоводот од Неготино до Битола во должина од околу
100 км, за најповолна е избрана понудата на ОАД „Укргазпроект“, од Киев,
Украина. Оваа компанија е избрана за најповолен понудувач и
за изработка на техничка документација на ниво на Основен и Изведбен
проект за магистрален гасовод од Чвор Штип до Чвор Хамзали во должина од
околу 60 км.
За изработка на техничка документација за Основен и
Изведбен проект за магистрален гасовод од Чвор Хамзали до Стојаково во
должина од околу 50 км, за најповолна е избрана понудата на конзорциумот
Diwi Consulting International GmbH, од Есен, Германија и „ДИВИ Консалт
Интернационал Македонија“, од Скопје.
Избраните најповолни понудувачи, како носители на
јавната набавка ќе имаат обврска во рок од 12 месеци по склучување на
договорите да ги изработат проектите, чија вкупна вредност за четирите
пакети изнесува 166.174.475 денари без ДДВ.
На меѓународниот оглас, се пријавија вкупно седум
конзорциуми и компании. Понуди доставија МЗТ Пумпи АД – Скопје и
„Институт Јужниигипрогас“ – Украина, Diwi Consulting International
GmbH – Германија и Диви Консулт Интернационал Македонија – ДООЕЛ –
Скопје, ДИК „Чакар - Партнерс“ – Скопје, Градежен Институт Македонија –
Скопје и „КАТ ПЛУС“ – Кичево, „Балкан Консалтинг“ ДОО – Скопје, „Прима
Инженеринг“ ДОО – Скопје, „IDOM Ingeneria y Consultoria S.A“ – Шпанија
и ОАД „Укргазпроект“ – Украина.скс/ва/12:11 http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=72777361&lId=1&pmId=504
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#396 Posted: 30-Mar-2010 at 00:54 |
ЕЛЕМ инвестира во
нови капацитети
Набавка на рударска опрема за површинскиот јагленокоп
„Брод-Гнеотино“, изградба на ХЕЦ „Света Петка“, модернизација на ТЕЦ
Битола, истражување на резервите на јаглен во Мариовскиот басен, се дел
од инвестициите што ги спроведува АД ЕЛЕМ. Површинскиот коп
„Брод-Гнеотино“ треба да го продолжи работниот век на РЕК Битола
најмалку за уште две децении. Во почетокот на април годинава се планира
рударската опрема да влезе во функција, а до крајот на истиот месец да
заврши монтажата на уште еден багер во површинскиот коп „Суводол“.
Како
што соопшти АД ЕЛЕМ, на хидроцентралата „Света Петка“ завршени се
ископите на телото на браната, темелот на машинската зграда и
регулацијата на речното корито. http://dnevnik.com.mk/?itemID=5277285D0FC4F5449FD867CB12DB6473&arc=1 |
|
 |
nenad
Senior Member
Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
|
Quote Reply
#397 Posted: 23-Mar-2010 at 12:50 |
Kolku i da ne gi pocituvm novnarskite tekstovi, ovoj ja pogoduva celta. Navistina imame moznosti da nastapime na pazarot so CO2 krediti. Sreka nasa sto nemame razvieno golema ekstenzivna industrija sto ispusta mnogu CO2, i toa ni dava manevarski prostor. Gldam deka i vladata ima sens za toa. Golemi potencijali, da kazam samo eden primer, ima vo posumuvanjeto an golinite. ili vo veke postoeckite sumi, koi ne se stopanisuvat efikasno i posle secite ostanuva golem otpad, koj so izvesni vlozuvanja moze da se upotebi kako biomasa. Postojat dosta organizacii i firmi nadvor koi baraat mesta da investiraat. Samo ne teba da bideme lakomi kako drzava, i da im dozvolime i tie da zarabotat. Vo sekoj slucaj nema da bideme vo minus.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#398 Posted: 22-Mar-2010 at 05:50 |
МАКЕДОНИЈА | 21.03.2010
Македонија може да заработува на заштита на климата
Неискористени можности за остварување добивка
Македонија, како потписник на меѓународниот „Кјото-протокол против климатските промени“, презеде обврска, но и конкретни активности, да го намали количеството од 14 милиони тони јаглероден диоксид и други гасови.
Борбата против климатските промени и за намалување на испуштањата на јаглеродниот диоксид во атмосферата од индустријата, автомобилите и од други извори е приоритет на се‘ повеќе држави и меѓународни организации и форуми во светот. Во македонското министерство за животна средина се наоѓаат во различна фаза на изготвување девет проекти според таканаречениот „Механизам за чист развој“, произлезен од меѓународниот „Кјото“ – протокол за заштита од климатските промени.
Според министерот за екологија Неџати Јакупи, „македонската економија треба да го темели својот развој врз еколошки устроена и рационализирана потрошувачка на енергија“.
Од биомаса и шумски отпад – еколошки чиста енергија
Во овој контекст тој дополнува:
„Во овој претпристапен период, и до започнувањето и по започнувањето на преговорите за зачленување во Европската унија, енергетската ефикасност ќе биде еден од главните приоритети на Владата, но и на сите државни институции. Претстои приспособување на македонското законодавство кон законодавството на Европската унија во однос на животната средина. Во овој поглед ќе ги користиме и искуствата на Република Словенија.“
Македонскиот министер за екологија Неџати Јакупи
Седум милиони евра ќе инвестира фабриката за хартија „Кочани“ во истоимениот град во енергетиката и екологијата. Заменик – управителката Оливера Јорданова вели:
„Проектот ’Од биомаса до енергија’ има за цел да го замени постојниот бојлер, кој работи со мазут заради добивање пареа, потребна заради производството на хартија. Преку согорувањето биомаса , земјоделски отпадоци и дрвен отпад, се очекува значително намалување на емисијата на штетни гасови: таа би се свела приближно на 29.705 тони јаглероден диоксид годишно од постојните повеќе од 30 илјади тони.“
Теодора Грнчаровска – Обрадовиќ, државен советник во ресорното министерство и национален координатор за климатски промени, посочува кои алтернативни енергетски извори ќе се користат во Македонија, како и на одделни проекти:
„Има неколку проектни идеи за рехабилитација на термоцентралата во Битола, проекти за употреба на обновливи извори на енергија – малите хидроелектрични централи, ветровата енергија, геотермалната енергија ... Потоа, претстои изработка на проектна документација за добивање енергија од користењето лозови прачки при производството на биомаса во Неготино. Во фабриката ’Тетекс’ во Тетово е навестено дека ќе се подготвува проект за искористување на шумскиот отпад како енергенс за замена на мазутот и јагленот во котларницата.“
„Македонија произведува 14 милиони тони стакленички гасови годишно“
Наташа Марковска, професорка во Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали во Македонската академија на науки и уметности, изнесува колкаво е сегашното загадување на атмосферата со јаглероден диоксид од Македонија:
„Во Македонија се произведуваат околу 14 милиони тони јаглероден диоксид – еквивалент годишно. Кандидатскиот статус за неа како земја значи дека таа ќе треба да ги применува сите заложби на Европската унија, дека со тоа ќе се наметнат ограничувањата во емисиите на јаглеродниот диоксид, тие да бидат на европско рамниште.“
Д – р Марковска предупредува:
„Ако економијата се развива според некое сценарио, кое не вклучува мерки за намалување на емисиите на јаглероден диоксид и други стакленички гасови, ние би имале 3,6 отсто просечна годишна стапка на пораст на тие емисии. Меѓутоа, ако во развојните планови се вклучат и мерки за смалување на испуштањата на тие гасови, тогаш стапката од 3,6 отсто може да се сведе на 1,4 проценти годишно.“
„Когел - Север“ – „првата ластовичка“ што ќе тргува со „јаглеродни кредити“
За неколку месеци треба да стартува со работа 20 милиони евра вредната инвестиција во гасната централа „Когел – Север“, лоцирана во комплексот на „Рудници и железарница“ во Скопје. Оваа когенеративна централа ќе произведува електрична и топлинска енергија од природен гас. Ќе се зафаќа и отпадната топлина од работењето на постројките. Сета таа топлина ќе се дистрибуира до „Топлификација“ во главниот град за затоплување на домовите и јавните објекти. Како прв проект во Македонија и во регионот, целосно изведен согласно со „Механизмот за чист развој“ од „Кјото – протоколот“, оваа гасна централа ќе заработува годишно околу 1 милион евра и од продажбата на така наречените „јаглеродни кредити“.
Александар Гечовски, директорот на „Когел – Север“ одговара на прашањето, што значи ова?
„Ние би требало да имаме годишно за околу 90 илјади тони намалено производство и испуштање на јаглероден диоксид. Е, сега, има пазар, на кој фирмата ’Камко’ од Австрија ќе биде наш брокер и ќе ги продава овие сертификувани, потврдени намалувања на емисии на јаглероден диоксид во атмосферата на некоја фирма, на пример, на некоја термоелектрана во Германија, според цени што ќе бидат во моментот на пазарот. Таа странска фирма мора законски да го намали своето производство на јаглероден двооксид за одреден процент, но и која нема можност тоа да го оствари. Таа термоелектрана има економски мотив за таа година да ги откупи овие количества на редуциран јаглероден доиксид. Практично, ова значи дека таа ги купува од нас правата да емитува јаглероден диоксид.“
Македонија, како потписничка на „Кјото – протоколот“ од продажбата на овие „јаглеродни кредити“ - сертифицирани кредити за редукција на емисиите на јаглерод диоксид, односно на потврдените намалувања на испуштањата на јаглероден диоксид и други стакленички гасови во воздухот, би можела да заработува, според одредени проценки, од 24 – 36 милиони евра годишно. Меѓутоа, овие активности, кои се предмет на интензивни бизниси во светот, вредни стотици милиони евра, во Македонија се наоѓаат само во иницијална фаза. „Когел - Север“ ќе биде „првата ластовичка во тоа јато“, првата македонска компанија што добива можност од Обединетите нации да тргува со јаглерод диоксид и да заработи од тоа. Меѓутоа, засега во земјата има само мал број експерти кои можат да и‘ помогнат на индустријата со свои советодавни услуги во оваа област.
Исто така, според убедувањата на експертите, со конкретната примена на „Механизмот за чист развој“ низ проекти и еколошка технологија во компаниите за намалување на емисиите на стакленички гасови, Македонија би можела да започне да добива и суми мерени со десеттици милиони евра годишно од фондот од 7,2 милијарди евра, кои Европската унија ги издвојува за борба против климатските промени и глобалното затоплување.
Автор: Свето Тоевски
Редактор: Жана Ацеска
|
http://www.dw-world.de/dw/article/0,,5376002,00.html?maca=maz-TB_maz_dnevnik_KOPIE-4629-html-cb
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#399 Posted: 19-Mar-2010 at 03:13 |
Во РЕК “Битола“ пуштен во работа новиот багер “Дреглајн“ вреден 2,2 милиони евра
18 МАРТ 2010
Денеска, на монтажното плато во површинскиот коп “Суводол“ на РЕК “Битола“, во присуство на менаџерскиот тим на АД ЕЛЕМ и РЕК “Битола“, во работа беше пуштен багер, “Дреглајн ЕШ 10/70“, наменет за ископ на цврст материјал.
Новиот багер, втор од ваков вид во рудниците на РЕК “Битола“, има носивост на корпа од 10 метри кубни, должина на работна стрела од 70 метри и брзина на движење 0,2 километри на час.
Багерот е монтиран на монтажното плато во површинскиот коп “Суводол“ на РЕК “Битола“ за 28 недели, односно 37 дена пред предвидениот рок, а по завршувањето на пробната работа, во функција ќе биде во новиот површински коп “Брод - Гнеотино“.
Испорачувач на опремата за оваа рударска машина е фирмата “РАНЕКС“ од Белград, монтажните работи ги извршуваше “КОЛУБАРА-МЕТАЛ“ од Вреоци, Република Србија а надзорот на монтажата го водеше стручен тим на РЕК “Битола“.
Вкупната инвестициска вредност на новиот багер- “Дреглајн ЕШ 10/70“ изнесува 2,2 милиони евра, средства на АД ЕЛЕМ.
Фото: Сашо Ристевски,
Текст: соопштение на АД ЕЛЕМ |
http://www.informator.ws/novosti-od-bitola/12040--22-.html
Edited by гитардемон - 19-Mar-2010 at 03:15
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#400 Posted: 17-Mar-2010 at 20:06 |
Има гориво дизел што се произведува од маслодајна репка но незнам во какви рафинерии се преработува. Знам дека пред една година еден франциски патнички авион ЕРБАС имал пробен лет со гориво произведено до маслодајна репка односно биогориво. Во министерстовото за земјоделие мислам дека се работи или нешто има изработено некакви си подзаконски акти за органско производство. Органското производство-неговите закон се обврска за донесување според директивите на ЕУ па види на веб страницата на министерството на земјоделие(јас ја незнам).
|
 |