build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Енергетика
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Енергетика (општо)

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 27>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #401 Posted: 17-Mar-2010 at 15:32

Decki, bi ve zamolil za mala pomos. Vrsam nekoe istrazuvanje za upotrebata na biomasata vo Makedonija pa mi trebaat podatoci vo vrska so zakonskata regulativa i potencijalite kaj nas

. Dali bi mozele da me upatite na nekoi web stranici kade mozam poveke da doznam za toa. Blagodaram odnapred

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #402 Posted: 12-Mar-2010 at 15:29

Бесими: До 2020-тата 21 отсто од енергијата од обновливи извори


За да се зголемат капацитетите на обновливите извори на енергија неопходно е до 2020 година да се иградат големите хидроцентрали Чебрен, Галиште, Бошков мост, Луково Поле и Градец, што е голема енергетска инвестицијата од околу 1,2 милијарди евра. Ова беше вчера потенцирано на јавната расправа по Стратегијата за обновливи извори на енергија изработена од академиците на МАНУ, што е надополнување на Енергетската стратегија до 2030 година. Според министерот за економија, Фатмир Бесими, фокусот на Стратегијата е насочен во насока како земјава да го развие производството на енергија од обновливи извори и тоа вода, ветер, сонце, биомаса...
- Со оваа стратегија е предвидено до 2020 г. учеството на обновливите извори во вкупната енергија да достигне околу 21 проценти - рече Бесими, укажувајќи дека се работи за енергија која ќе биде произведена од големите и малите хидроцентрали, ветерните и соларните електрани, биомасата.

Академик Глигор Каневче објасни дека Стратегијата е работена паралелно со Стратегијата за енергетика до 2030 година.
- Енергетската заедница побара до 2020 година да го реализираме процентот од 21 отсто, оти во 2005 година тој изнесуваше само 13,8 процент, што ја вбројува Македонија меѓу земјите со најниско учество на искористетност на обновливата енергија - нагласи Каневче објаснувајќи дека ЕУ во моментов посебен акцент става на биогоривата.

Каневче укажува дека според одредени сценарија можно е до 2020 година некоја од големите хидроцентрали да не бидат изградена.
- Распределбата на енергијата во 2020 се планира да биде и тоа: 34,1 процент на големите хидроцентрали, на малите 5,2 проценти, на енергијата добиена од ветер 3,9 проценти, додека на биогоривата 10 проценти, а на биотермалната енергија 6 проценти - објасни Каневче.
Големите хидроцентрали треба да обезбедат 2.000 гигават часови електрична енергија, а од малите хидроцентрали ќе се добива околу 300 гигават часови.

http://vecer.com.mk/?ItemID=A0F07A99470F6C4B891E4DD40DDDC4E1
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #403 Posted: 08-Mar-2010 at 09:53
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #404 Posted: 08-Mar-2010 at 09:44
dali nekoj znae kade moze da se najde strategijata za razvoj na energetikata . Dali moze da se simne od nekoj sajt?
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #405 Posted: 08-Mar-2010 at 01:17

ЕКОНОМСКАТА КРИЗА НЕ ГИ НАМАЛИ ИНВЕСТИЦИИТЕ ВО ЕНЕРГЕТСКИОТ СЕКТОР


Хрватска и Србија атакуваат да станат лидери во енергетиката

Хрватска до 2020 година планира да вложи околу 15 милијарди евра, а Србија секоја година по милијарда евра за развој на секторот. Кај нас допрва треба да се реализира проектот за изградба на Чебрен и Галиште


Хрватска и Србија се подготвуваат да станат лидери во регионов по инвестициите во енергетскиот сектор. Економската криза не влијаела негативно во овој ресор, па така Хрватска до 2020 година планира да вложи околу 15 милијарди евра, а Србија секоја година по една милијарда евра. Како што најавуваат властите од двете земји, се подготвуваат да станат важен енергетски фактор, не само во регионов, туку и во Европа.

Хрватска во следниве четири години најмногу ќе вложи во обновливите извори на енергија, односно во правец кон Унгарија тие ќе градат електрани што ќе произведуваат струја од ветер.
Србија пак, интензивно вложува во енергетската инфраструктура, бидејќи таа е и транзитна земја, мост меѓу Русија и Средна Азија со земјите од Европа. Инвестициите во реконструкцијата на енергетските капацитети ќе достигнат милијарда евра во следните четири години. Нашиот северен сосед приоритет дава на реализацијата на Јужниот поток со што ќе се овозможат значајни количини на природен гас за европскиот пазар.

За разлика од соседните земји, Македонија која години по ред нема инвестирано речиси ништо во енергетскиот сектор, забрзано го турка вториот тендер за изградбата Чебрен и Галиште. Капацитетот треба да се гради околу три години, а инвестицијата се проценува меѓу 700 милиони евра и една милијарда евра.

Експертите предупредуваат дека ако не старуваат инвестициите, ќе ни се случи енергетски колапс, оти речиси сите капацитети се постари од 30 години. Тие реагираат дека се готват само тендери, а инвеститорите ги нема.
-Додека соседите бројат инвестиции од милијарди евра, ние едвај од милиони евра - реагираат тие, но признаваат дека светла точка е што од неодамна почна да работи првата когенеративна електрана којашто произведува електрична и топлинска енергија, инвестицијата вредна 3,5 милиони евра.

Во годинашнава програма за енергетика на Министерството за економија, централно место зазема Стратегијата за развој на енергетиката до 2030 година, којашто ја изготвија академиците од МАНУ, а Владата веќе ја одобри.
-Годинава интензивно ќе се работи на повеќе значајни стратегии, меѓу кои за енергетска ефикасност и за обновливи извори на енергија - велат од Министерството за економија.
Според нив, годинава за ХЕЦ Бошков мост ќе се продолжи постапката за прецизирање на моделот за инвестирање, за Вардарска долина ќе се изработи ажурирана физибилити студија за хидроенергетско поврзување на водниот потенцијал, а ќе се продолжи и со концесиите за малите хидроелектрични централи во групи од 30-40 локации.

Во делот на изградбата на интерконективните далеководи со соседните електроенергетски системи ќе продолжат активностите во врска со реализација
на врските со Албанија и Косово. Во делот на природниот гас ќе се интензивираат активностите за изградба на магистрални водови и гасификација на населените места. Годинава ќе се формира и Комисија за нуклеарна енергетика во РМ, која ќе треба да ги направи првичните подготовки за постапката и можноста за евентуална изградба на нуклеарна централа во земјава.


Валентина МАРЈАНОВИЌ


http://www.vecer.com.mk/?ItemID=CA92B4B3A80B2747AB60CC2022312155

Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #406 Posted: 06-Mar-2010 at 15:12
Големите води ги исклучија термоцентралите
За намалување на трошоците во работењето и заштеда на јаглен ЕЛЕМ во јануари го исклучил ТЕЦ „Осломеј“, а деновиве бил исклучен и еден блок на РЕК „Битола“
%20

За првите два месеца од годинава двојно е зголемен извозот на електрична енергија во споредба со увозот, што е резултат на максималната ангажираност на електроцентралите. Од ЕЛЕМ нагласуваат дека има висока искористеност на големите дотеци на вода, кои се на ниво на стогодишен максимум во земјата. Како што дознаваме, за да ги намали трошоците во работењето и да заштеди на јаглен, ЕЛЕМ од 1 до 15 јануари го исклучил ТЕЦ „Осломеј“ од производство, додека деновиве бил исклучен и еден блок на РЕК „Битола“.

Наспроти ова, дел експерти сметаат дека пропустот е направен уште во ноември-декември минатата година, кога Охридско Езеро не се празнело доволно, што потоа довело до поплавите. Доколку во овој период и во јануари електроцентралите работеа во „бант“, односно 24 часа со полн капацитет, проблемите со поплавите во Охрид ќе ги немаше. На тој начин езерото ќе се спуштеше за дополнителни 9 сантиметри и немаше да има никакви поплави ниту проблеми со подземните води, тврди експерт, кој сакаше да остане анонимен.

Тој додава дека сегашното прелевање на вода кај „Шпилје“ и „Глобочица“ значи директна загуба на пари. И поранешниот директор на АД МЕПСО Атанаско Тунески се сомнева дека високите коти на Охридско Езеро се предизвикани од неработењето на ХЕЦ „Глобочица“ со полн капацитет во периодот октомври 2009 - јануари 2010.

Увоз на струја
јануари - 33.728 мегават-часа
февруари -26.656 мегават-часа
вкупно - 60.384 мегават-часа
 Извоз на струја
јануари - 72.325 мегават-часа
февруари - 60.760 мегават-часа
вкупно - 133.085 мегават-часа

ЕЛЕМ ги отфрла тврдењата дека одговорноста за поплавите во Охрид и прелевањето на водата кај „Глобочица“ и „Шпилје“ лежи кај нив. Како поткрепа го наведуваат фактот што електроцентралите од 15 декември работат 24 часа под полна пареа, поради што и извозот на електрична енергија е двојно зголемен. Небулозно е тоа што некој упорно шири фама дека го форсираме увозот на електрична енергија, пред домашното производство. За ЕЛЕМ не е приоритет продажбата на електричната енергија туку стабилноста на водотеците и затоа се произведува максимум за да се потрошат акумулациите, тврдат од компанијата.

- Во јануари се продадени 72.325 мегават-часа електрична енергија, што е 100 проценти повеќе во однос на лани, бидејќи во јануари 2009 не сме продале ништо. Вкупно за јануари и февруари оваа година се продадени 133.000 мегават-часа - ни изјави Димитар Танурков, директор за производство на електрична енергија. Вишокот на произведена енергија се нуди за продажба по цена од 35-36 евра мегават-час. Од ЕЛЕМ нагласуваат дека лани цените биле повисоки околу 45-50 евра, но сега сите во регионот продаваат струја и затоа цените се пониски. Пресметките покажуваат дека благодарение на дождовите и високите дотеци од извоз на струја компанијата само во јануари и февруари заработила близу 4,7 милиони евра. Паралелно со зголеменото производство од ЕЛЕМ го намалиле и увозот за 20 отсто од претходно договореното. На тој начин се избалансирани давачките за увоз и извоз и одлевањето на средствата од државата е сведено на минимум, велат од компанијата.


http://novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=3610939176&id=9&prilog=0&setIzdanie=21927
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #407 Posted: 03-Mar-2010 at 14:38
Пуштен во функција новиот диспечерски центар на ЕЛЕМ

Во дирекцијата на АД ЕЛЕМ денеска е пуштен во функција новиот диспечерски центар за планирање, координирање и управување со производството на електричната енергија на електрани на Македонија, проект вреден 2,2 милиони евра.

Дополнително со овој нов диспечерски центар во непосредна врска е и новиот систем за далечинско мерење т.н "АМР"-систем кој е набавен и инсталиран во 2009 година од швајцарската компанија  “Телегир” со сопствени средства на електрани на Македонија во висина од 700.000 евра, рече првиот човек на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски.

“Диспечерскиот систем заедно со системот за автоматско далечинско мерење формираат комплексен систем за контрола, мерење, надзор и управување со производните капацитети во сопственост на државните електрани на Македонија со вкупна инвестициона вредност од околу 3 милиони евра”  додаде Чингоски.

Според премиерот Никола Груевски, станува збор за врна технологија која ќе обезбеди прецизно планирање и регулација на производството на електрична енергија за која Владата преку државната компанија ЕЛЕМ инвестираше 2,2 милиони евра.

“Овој диспечерски систем во иднина ќе има огромна важност, затоа што преку него континуирано ќе се следат временските проблеми, нивото на акумулациите, очекуваните количина на водени дотеци, ќе се пресметуваат потребите за електрична енергија во земјата, ќе се изготвуваат планови за производство на електрична енергија според потребите и многу други активности” рече Груевски.

http://netpress.com.mk/vest.asp?id=68972&kategorija=1
Back to Top
nenad View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 19-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 741
  Quote nenad Quote  Post ReplyReply #408 Posted: 24-Feb-2010 at 15:55
Енергетска револуција из Силицијумске долине?
Свака кућа би могла да има сопствену електричну централу, не већу од фрижидера, за 3.000 долара

Чиста, поуздана и приступачна електрична струја: К. Р. Сридар

Од нашег сталног дописника
Вашингтон, 23. фебруара – Да ли ће чувена Силицијумска долина у Калифорнији, која је свету већ подарила микрочип и персонални компјутер, створила компаније као што су „Интел” и „Гугл”, изнедрити и оно што се одавно најављује, али предуго очекује: револуцију у чистој енергији?

Ако је судити по ономе што је у познатој емисији АБЦ телевизије „60 минута” представио оснивач компаније „Блум енерџи”, тако нешто се управо догађа. К. Р. Сридар, чије име говори о индијском пореклу, у поменутој емисији је представио свој патент „блум кутија”, „флексибилни систем горивних ћелија који производи чисту, поуздан и приступачну електричну струју”.

Оно што се видело у емисији изгледало је заиста обећавајуће, мада је оно кључно – срж те нове технологије – остављено за званично представљање, сутра у Сан Хосеу. Ипак, предочено је оно најважније: да није реч о голубу на грани, него да је врабац већ у руци.

Показано је наиме да један центар за обраду података „Гугла” већ 18 месеци користи четири „блум бокса” као искључиви енергетски погон. Пет оваквих црних кутија, не већих од кућног фрижидера, користи се и у централи компаније за интернет трговину „Ибеј”, чији је директор посведочио да му обезбеђују више струје него 3.000 соларних ћелија на крововима њихових зграда, као и да су им за девет месеци донели уштеду на рачуну за струју од 100.000 долара.

Међу корисницима је и највећи ланац дисконтних трговина „Волмарт”, а све укупно 20 америчких компанија.

Према ономе што је већ показано, сваки „блум бокс” се састоји од мноштва горивних ћелија у облику танких плочица, отприлике десет са десет сантиметара. Направљене су од запеченог песка, а са једне стране премазане зеленом, а са друге црном бојом. Шта су те супстанце, то је тајна. Те плочице се пакују у јединице величине цигле, а потом у веће пакете димензија фрижидера.

Функционишу тако што са једне стране увлаче кисеоник из ваздуха, а са друге стране неко гориво: природни или био гас, па чак и соларну енергију. Оно што се потом збива унутра, то је хемијска реакција (без сагоревања) која производи електричну струју. Она се, како се тврди, потом преноси бежично, али како је остварено оно што је давно замислио Никола Тесла, није показано.

К. Р. Сридар је, како каже, ово смислио после решења до којег је дошао кад је пројектовао уређај који му је поручила НАСА за производњу кисеоника на Марсу.

Као фирма, „Блум енерџи” постоји већ осам година, а досад је финансирање овог програма прикупила 400 милиона долара, што није мало за један „старт-ап” ни у Силицијумској долини. Оно што овом подухвату даје озбиљну димензију јесте то да је највећи део предузетничког капитала обезбедила фирма која је својевремено веровала и у идеје оснивача „Гугла” и „Амазона”, данас две најуспешније компаније у новој интернет економији.

Цена једног „блум бокса” данас је око 800.000 долара, али К. Р. Сридар сматра да би за пет до десет година могао да је сведе на 3.000 долара и тиме отвори врата масовном коришћењу свог изума и остварење визије да свака кућа има сопствену електричну централу.

Наравно, поред извесног узбуђења уочи сутрашње презентације, појавиле су се и прве сумње. Тако Мајкл Кенелос из Грин тек медија сматра да транзиција од класичног начина производње и дистрибуције електричне енергије ка неком новом није питање неколико година, већ неколико деценија. Такође је скептичан у погледу тога да би мала фирма могла да у овој области надмаши џинове као што је „Џенерал електрик”. А на питање како оцењује шансе да за десет година свако има сопствени „блум бокс”, одговара: „Двадесет одсто”.

http://www.politika.rs/rubrike/Svet/Energetska-revolucija-iz-Silicijumske-doline.sr.html

Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #409 Posted: 14-Feb-2010 at 15:33

Денеска во Штип пуштена во употреба нова трафостаница

Виолета Кожинкова Коментари (0)   
13.02.2010 16:32
 

 

Денeска во Штип свечено пуштена во употреба новата 400 на 110 киловолтна трафостаница, што со вкупна вредност од 13 милиони евра е најголема инвестиција во високо напонската мрежа во државата во последните 20 години.

Со изградбата на оваа трафостаница, освен што значително ќе се намалат загубите во преносната мрежа, ќе се овозможи и стабилност на високонапонскиот систем најмалку за наредните десет години.

Директорот на МЕПСО, Владимир Здравев за 2012 го најави и стартот на изградбата на новиот 410 киловолтен далновод Штип-Ниш со што Македонија, освен со Бугарија, енергетски ќе се поврзе и со Србија.

Планирано е со новата трафостаница да се задоволат потребите не само на постоечките потрошувачи, туку и на новите, во слободната индустриска зона кај Штип, што треба да почне да се гради во март.

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=119847



www.mia.com.mk



Edited by La Linea - 14-Feb-2010 at 15:35
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #410 Posted: 11-Feb-2010 at 06:51
Врнежите на ЕЛЕМ му заштедија 21 милион евра!

Измените на Законот за енергетика што се крчкаат, не го ограничуваат ЕЛЕМ, тврди генералниот директор на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски


Со зголемено електропроизводството за 4,9 насто, компанијата Електрани на Македонија - ЕЛЕМ минатата година успеа да заштеди 21 милион евра бидејќи придонесе да се намали увозот на струја. Оваа заштеда, според генералниот директор на АД Електрани на Македонија, Владо Чингоски, е инвестирана во нови производствени капацитети.
-Ваквиот биланс во ланската кризна година е резултат на поволната хидролошка состојба, добрата координација меѓу термо и хидрокапацитетите и доброто менаџирање со компанијата. Според Енергетскиот биланс за 2009 година ЕЛЕМ требаше да произведе 5.609.000 мегавати, а реализираното производство е 5.886.177 мегавати електрична енергија, или натфрлање на производството за 280.000 мегавати. Притоа, термоелектраните го исполнија планот со 99,29 проценти, а хидроелектраните 36,7 отсто повеќе од планираното. Тоа придонесе наместо планираните 704.000 гигавати електрична енергија, ЕЛЕМ во 2009 година за тарифните потрошувачи да увезе 355.000 гигавати, или за над 50 отсто помалку од планираното - рече Чингоски.

Според него, ЕЛЕМ лани инвестирал над 25 милиони евра во поголеми капитални инвестиции, а заедно со ремонтите и модернизацијата на дел од опремата вкупните инвестиции ќе надминат 40 милиони евра.
-Покрај тоа, ЕЛЕМ лани транспарентно продаде 277, 37 гигавати електрична енергија на македонскиот пазар преку 21 аукција, во вкупна вредност од околу 9,5 милиони евра, при што оствари чист профит од 1,5 милиони евра, што е вложен наменски во реконструкција и модернизација на двата агрегата во погонот "Енергетика" - истакна Чингоски.

Запрашан дали со измените на Законот за енергетика ќе се ограничи делувањето на ЕЛЕМ, Чингоски рече дека, според негови сознанија, се работи за целосно нов закон, со кој се врши доусогласување со Европските директиви, кои постојано се менуваат.
-Во новиот закон нема ограничување за ЕЛЕМ, чија основна функција е да произведе по најекономичен пат доволно електрична енергија за тарифните потрошувачи, а вишокот на енегија да го нуди на домашниот пазар на аукции - одговори Чингоски.

Според него, несфатливо е некој што произведува, да не може да го продава својот производ.
-Никаде во Европа не постои таков модел. Една од целите на новиот закон и на сите директиви на ЕУ е зголемување на либерализацијата на пазарот, како единствена можност за воведување конкуренција и фер третман на сите компании, а тоа ние го поддржуваме - нагласи Чингоски.
Тој информираше дека е формирана нова фирма "ЕЛЕМ-трејд", преку која ќе оди не само увозот, туку и целокупната продажба на вишокот струја, што ќе го произведе ЕЛЕМ.

http://vecer.com.mk/?ItemID=F25BD89796375D4D817FBEF94E41DC81
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #411 Posted: 22-Jan-2010 at 17:10
Ќе има комисија за нуклеарна енергија

Првите забелешки на измените на Законот за енергетика Министерството за економија очекува да ги добие во почетокот на февруари, кога се закажани средби со претставници на Европската енергетска заедница (ЕЕЗ), кои од Виена ќе допатуваат во Скопје. - Сега измените на Законот за енергетика се во работна верзија и се уште можат да претрпат измени. Новиот законски текст се изработува под будно око на ЕЕЗ и на Европската комисија и од Владата ќе добие зелено светло дури откако ќе ги исполни сите критериуми што ги поставуваат овие европски организации - изјави министерот за економија, Фатмир Бесими, на вчерашната конференција за печат.
Министерот Бесими најави дека развојот на енергетиката е еден од главните приоритети за оваа година. Во оваа област ќе се формира комисија за нуклеарна енергетика, која треба да ги направи подготовките за евентуална изградба на нуклеарна централа во Македонија.
На прашањето дали министерството ќе плати консултант за да помине тендерот за „Бошков мост“, Бесими одговори дека нема потреба од тоа бидејќи Владата немала проблеми околу тендерите. Тие биле успешни, иако практиката покажува друга реалност, тендерите за „Чебрен“ и за „Галиште“ никако да се реализираат, затоа Министерството ангажира консултанти за да ги подобри условите за концесија. Министерот нагласи дека со исклучок на овие две хидроцентрали, другите проекти се остваруваат.
- Досега се реализирани три пакети на мали хидроцентрали, а од почетокот на следниот месец ќе биде распиша четврт тендер за концесија. Исто така, успешно беа потпишани договори за концесија на минерални суровини, така што освен „Чебрен“ и „Галиште“, немаме друг проблем околу тендерите - изјави министерот Бесими.

С.Ј.
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=9&tabid=1&EditionID=1921&ArticleID=131778
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #412 Posted: 08-Jan-2010 at 05:43

Фијаско на енергетските проекти

Нестручната администрација и лошите понуди се главни причини за пропаста на тендерите

Маја Томиќ


На Владата никако да и' тргнат работите со тендерите во енергетиката. И покрај сите нејзини искажани залагања и напори, очигледно, странските компании покажуваат воздржаност од инвестирање. Во 2009 година една од причините за тоа, секако, беше економската криза која ги запре инвестициите воопшто, не само кај нас и не само во енергетиката, туку и пошироко.

На Владата и' недостасува прецизна стратегија како да ги привлече инвестициите од овој вид, кои се од особена важност за земјата, пред се', поради се' поголемата зависност од струја. Досегашната политика на поништување и повторно распишување тендери особено по доаѓањето на оваа Влада, само уште повеќе ги одолжи процедурите и реализацијата на тендерите, кои и онака по нивната специфичност, траат подолго од другите. Таа практика дополнително негативно влијае врз инвеститорите и врз нивните одлуки за вложување во нов енергетски капацитет кај нас.

Уште веднаш, по доаѓањето на ВМРО на власт, летото 2006 година, беше поништен претквалификациониот тендер за ТЕЦ „Неготино“, за кој претходно беше одбрана понудата на ЕВН, вредна 750 милиони евра. По низа административни перипетии, вториот обид на Владата за продажба на ТЕЦ на бугарската „Хач“ беше неуспешен, за потоа да реши да го поништи и тој тендер и да ја врати централата повторно во 100 процентна сопственост на државата, како што остана до денес.

Зошто енергетските проекти досега паѓаа во вода, Владата никогаш официјално не објасни, односно не покажа со прстот кон себе, како еден од виновниците.

Според неодамнешната изјава на министерот за економија Фатмир Бесими дадена за „Дневник“, една од главните причини за неуспешноста на енергетските тендери е нашата администрација која не е доволно обучена и стручна за да ги заврши до крај ваквите проекти. Затоа, за да го спаси тендерот за ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“ од повторното пропаѓање, Владата неодамна решила да го ангажира како консултант ИФЦ, кој е дел од Светската банка. Нивни експерти треба да го направат проектот, односно наредниот тендер што треба да биде атрактивен и да ја зголеми неговата рентабилност. Со тоа Владата смета дека испраќа добра порака до инвеститорите дека е сериозна и дека сака да го заврши овој проект до крај.

Се проценува дека проектот е вреден повеќе од 600 милиони евра, со што, ако се реализира, ќе биде највредната странска инвестиција во земјава. За овие две хидроцентрали што треба да се градат на Црна Река, во изминатите години двапати се поништуваа и се одложуваа тендерите. Откако пред крајот на 2008 година Владата го поништи и распиша нов тендер за ХЕЦ „Чебрен“ и за „Галиште“, во октомври 2009 година реши да го пролонгира тендерот до април 2010 година. Тоа беше на барање на трите инвеститори кои претходно пројавија интерес: германскиот РВЕ со словенечки ХСЕ, австрискиот „Вербунд“ и италијанскиот „Енел“.

Што беше тоа што не им се допадна во дадената понуда од страна на Владата, никој од власта официјално не кажа. Очигледно, некои работи во тендерската понуда е потребно да се менуваат, ако сакаме да се привлечат инвеститорите. Неофицијално, инвеститорите немале гаранција дека проектот ќе биде економски исплатлив и бараат нови, подобри технолошки решенија. Големата висина на браната се посочува како причина за нивната колебливост, сметаат експертите.

Инаку, тендерот за ХЕЦ „Чебрен“ и „Галиште“ првпат беше објавен на почетокот на 2006 година. Тогаш интерес пројавија дури 12 компании, но на крајот беа доставени само две понуди, од „Вербунд“ и од РВЕ. Тој тендер од оваа Влада беше поништен, бидејќи инвеститорите побараа државата да гарантира дека ќе плаќа пенали ако Црна Река нема доволно количество вода според прикажаното во проектната документација.

На крајот на септември 2009 година пропадна и последниот тендер за ХЕЦ „Бошков мост“. Тоа беше четвртиот обид за наоѓање инвеститор за оваа хидроцентрала на Мала Река. Министерството за економија тогаш објави дека ја прекинува постапката за претквалификација, бидејќи на меѓународниот повик не пристигна ниту една понуда. Исто така, и на претходниот тендер за „Бошков мост“што траеше до почетокот на 2009, ниту една компанија не даде понуда. Владата тогаш најави дека ќе направи промена во тендерските услови за наредниот повик, што и се случи, но тендерот повторно доживеа фијаско. Министерот Бесими тогаш изјави дека Владата нема да се откаже од „Бошков мост“ и дека набрзо ќе почнат да се прават измени во тендерските барања, но дека не се знае кога ќе има следен тендер.

Вредноста на „Бошков мост“ се проценува на 70 милиони евра, моќноста би била 68,2 мегавати, а годишното производство на струја 117 гигават-часа.

Проектот „Вардарска долина“ , стар веќе 30 години уште се наоѓа во пишана фаза, иако оваа Влада многупати го споменува во енергетските инвестициски планови. Станува збор за проект вреден дури 1,2 милијарди евра, со кој треба да се изградат 12 хидроцентрали на Вардар. Во октомври 2008 година беше распишан и меѓународен тендер за интерес за претквалификација. Крајниот рок беше до 16 март 2009 година, а потоа се пролонгира за до крајот на јуни. Но, и во двата случаја не стигна ниту една понуда од инвеститор. Засега не се знае дали и кога повторно ќе биде распишан нов тендер и дали Владата ќе менува некои услови дадени во претходниот повик. Експертите велат дека ништо не било јасно напишано во јавната понуда, така што и не е чудно што не се јавила ниту една странска компанија. Инаку, пред да биде реализиран овој проект, треба да се помести железничката пруга и автопатот Скопје - Велес во должина од најмалку 20 километри во што треба да инвестира државата.

Според првичната процена на францускиот конзорциум кој учествувал во подготовка на проектот, станувало збор за тотално нерентабилна инвестиција. Како поатрактивен и со поголем економски ефект бил оценет проектот „Чебрен“ и „Галиште“ . Една од причините за таа констатација била дека Вардар нема доволно количество вода за работење на 12 централи по неговото течение, како и дека водните ресурси не се еднакво распоредени во текот на годината.

Она на што во најскоро време можеме да се надеваме во енергетиката се малите хидроцентрали. Во наредните три години треба да се изградат 23 мали хидроцентрали, а последното потпишување на договорите за концесија се случи во октомври 2009 година, кога се дадоа концесии за 16 ХЕЦ што треба да бидат завршени до 2012 година. Тие се дел од проектот од вкупно 400 мали централи на вода, колку што се планирани за изградба во наредните десетина години. Тој тежи вкупно 300 милиони евра. Вкупниот капацитет на сите 400 хидроцентрали треба да изнесува 250 мегавати, а ќе произведуваат 1.200 гигават-часа струја годишно. За споредба, тоа е онолку колку што произведува еден блок на РЕК „Битола“.

Последната инвестиција во енергетиката во последните 20 години во Македонија е ХЕЦ „Козјак“, која најмногу ги задоволува потребите за струја на Скопје и на околината. Експертите одамна апелираат за итни проекти поради се' поголемата зависност од увоз на струја, за што годишно се трошат стотици милиони евра. Сите домашни капацитети во просек произведуваат 5.600 гигават-часа струја годишно, а според последниот енергетски биланс за 2010 година потребни се за 11 отсто повеќе струја од 2009 година, кога се потрошија околу 9.000 гигават-часа.

Очигледно ќе поминат уште многу години до конкретна реализација на предвидените енергетски проекти и до првите количества струја што ќе потечат од нив. Државата ниту оддалеку не располага со средства за вакви капитални инвестиции, тешки стотици милиони евра, па единствениот излез е во странскиот капитал. А него власта не знае како да го привлече.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=FABC8F635096FA43AF060EBA9B18C92C
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #413 Posted: 19-Dec-2009 at 20:06

Енергетските потреби на Македонија во 2010 поголеми за 13,9 отсто од годинава

Скопје, 18 декември (МИА) - Македонија во 2010 година ќе треба да потроши вкупно 130.000 тераџули енергија, или за 13,9 отсто повеќе во однос на 2009 и за осум отсто повеќе од 2008 година. За таа намена државата ќе треба да издвои 383 милони евра.

Тоа се предвидува во Предлог енергетскиот биланс за 2010 година што денеска Министерството за економија го претстави пред Македонската енергетска асоцијација (МЕА).

Според Предлог енергетскиот биланс, 44.10 отсто од енергијата Македонија ќе ја обезбеди од увоз, а 55,9 отсто од сопствено производство. Потребите од нафта во 2010 година се предвидува да изнесуваат 864.412 тони или за 5 отсто повеќе од годинава, а за природен гас 145 милиони кубни метри. Предвидените потреби за електрична енергија изнесуваат 8.600 гигават часови од кои од увоз треба да се обезбедат 1.490 гигават часови. Вкупните потреби за задоволување на тафирните потрошувачи на електрична енергија за 2010 изнесуваат 6.500 гигават часови или за 1,7 отсто повеќе од 2009 година, од кои ЕВН Македонија предвидува 1.100 гигават часови да се потрошат за надополнување на загубите или за 7 отсто помалку во однос на 2006 година. ЕЛЕМ догодина треба да произведе 6.018 гигават часови електрична енергија или за 6 отсто повеќе од годинава, а да увезе 400 гигават часови, додека ЕВН Македонија треба да увезе 436 гигават часови.

Како што истакна претставникот на Министерството за економија Виолета Кецкаровска на денешната седница на МЕА, за зголемувњето на потребите од енергија во однос на минатата година постојат три причини. Првата е глобалната економска криза која придонесе за помала потрошувачка на енергија во 2009 година поради прекинот на производството во металната индустрија, втората е што квалификуваните потрошувачи во годинава потрошија помалку енергија од планираното и третата што во 2010 година треба да стартуваат со производство Те-то и Когел, кои ќе произведуваат електрична енергија на природен гас поради што ќе биде неопходна поголема количина на гас.

Академик Томе Бошевски го критикуваше Министерството за лабаво планирање и за нејасен третман на загубите на електричната енергија во преносот. Според него, за 2010 година се предвидени за 15 отсто повеќе загуби во преност, односно наместо 172 гигават часови предвидени се загуби од 211 гигават часови електрична енергија. Загубите во дуистрибуција кај регулираните потрошувачи се предвидени да бидат 669 гигават часови, што е за 27 отсто повеќе од 2009 година кога беа 526 гигават часови.

Замерки за начинот на кој ЕВН Македонија ќе треба да ги надополни комерцијалните загуби имаше и преставникот на ЕЛЕМ Димитар Танурков, кој посочи дека за таа намена е предвидено да се искористи производството на малите хидроелектрани.

Тоа предизвика полемика меѓу присутните поради што од МЕА побараа Регулаторната комисија за енергетика при дефинирањето на цената на електричната енергија да каже дали комерцијалните загуби на ЕВН Македонија се надополнуваат од малите хидроелектрани на слободниот пазар или по договорена цена.

Претставниците на големите квалификувани потрошувачи со исклучок на Скопски легури, истакнаа дека очекуваат во 2010 година да се надмине кризата и дека со 80 до 90 отсто ќе ги релизираат предвидувањата за потребите од енергија, додека за претставниците на Макпетрол и ГАМА планираната потрошувачка на природен гас е нереална и за 25 отсто повисока од потребната.

По искажаните забелешки од МЕА, Министерството за економија треба да го достави Предлог енергетскиот биланс за 2010 година до Владата, која треба да го усвои со што станува официјален документ.


http://www.mia.com.mk/default.aspx?vId=70084839&lId=1&pmId=504

Edited by ovaj_stariov - 19-Dec-2009 at 20:10
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #414 Posted: 17-Dec-2009 at 21:22

Појака струја за Драчево и за Пинтија

„ЕВН Македонија“ вчера ја предаде во употреба 110-киловолтната трафостаница „Драчево“, од која со електрична енергија се снабдува источниот дел од Скопје и индустриската зона во Пинтија. Новата трафостаница официјално во работа ја пуштија претседателот на УО на „ЕВН Македонија“, Георг Валднер, вицепремиерот Владимир Пешевски и директорот на МЕПСО, Владимир Здравев.

„Пуштањето на новата модерна трафостаница ќе придонесе за подобро и поквалитетно снабдување со струја на населените места Драчево, Студеничани, Батинци, Лисиче и Љубош, како и индустриската зона во Пинтија.

Трафостаницата има вградено два трансформатора од 31,5 мегаволт ампери и најсовремена опрема за заштита и управување. Вкупната инвестиција чини 3,2 милиони евра“, рече Валднер.

Тој истакна дека новата трафостаница ќе обезбеди и поголема доверливост и можност за двојно повеќе нови приклучоци. „Во изминатите три години ’ЕВН Македонија‘ инвестираше 120 милиони евра во дистрибутивната мрежа, со што успеа за 42 отсто да ги намали прекините во снабдувањето со електрична енергија“, нагласи Валднер, додавајќи дека пред два месеца беше пуштена трафостаницата во Теарце, а наскоро се надева дека ќе биде предадена и трафостаницата во Петровец, која веќе е готова. Наскоро треба да биде готова и трафостаницата во Бунарџик што се прави во соработка со Владата и со МЕПСО.

Вицепремиерот Пешевски посочи дека пуштањето во погон на трафостаницата со која ќе се снабдуваат 35.000 жители од Драчево и од околината е доказ за зајакнувањето на соработката меѓу „ЕВН Македонија“ и МЕПСО. (МИА)
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=B4E48D63B7A6A5408E5384EC945DD652
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #415 Posted: 15-Dec-2009 at 18:20
Еве околу зголемувањето на капацитетот

Значи со исто количество јаглен, а со зголемување на ефикасноста, ќе се добие зголемување од (на трите блока вкупно):

25 MW (досегашната инсталирана моќност е 675 MW)

200 GWh (досегашното годишно производство е околу 4200 GWh)


Модернизација на агрегатите во РЕК Битола

А.Д. ЕЛЕМ и руската компанија „Силовие машини“ (ОАО Силовы́е маши́ны) од Санкт Петерсбург денеска потпишаа договор за модернизација на трите блока на РЕК Битола, согласно тендерот од септември 2008 година. Според договорот, руската компанија по принципот „клуч на рака“, во периодот 2010-2012 година треба да изврши модернизација и автоматизација на турбо агрегатите и генераторите на трите блока. Предвидена е модернизација на турбините со замена на постојните ротори со нови како и модернизација на виталните делови на генераторите, на системот за вибродијагностички мониторинг, на турбо агрегатите и на системот за водење на блоковите и автоматизација на процесите. Инаку компанијата „Силовие машини“ е основана во 2000 година и во нејзин состав влегол и оригиналниот производител на турбините и генераторите за РЕК Битола.

Со модернизацијата инсталираната моќност на секој агрегат треба да се зголеми за дополнителни 8,32 MW по блок, односно вкупно 25 MW за трите блока. Сегашната вкупна инсталирана моќност на РЕК Битола изнесува 675 MW. Исто така треба да се зголеми и годишното производство на електрична енергија за 160-200 GWh годишно. Ова зголемување треба да се реализира преку подобрување на степенот на корисно дејство на агрегатите и без зголемување на специфичната потрошувачка на јаглен.

Со модернизацијата исто така треба да се постигне продолжување на експлоатациониот век на термоелектраните за уште 120.000 работни часови, намалување на трошоците за одржување на блоковите, зголемена доверливост и создавање на предуслови за поквалитетна регулација и управување на системот. Трите блока во електраната се во употреба од 1982, 1984 и 1988 година редоследно за блок 1, блок 2 и блок 3. Блоковите фабрички проектирани да работат 200 илјади работни часови досега имаат изработено: 199, 188 и 159 илјади часови.

Реализацијата на проектот ќе започне во јуни наредната година. Првиот блок треба да биде  готов до октомври 2010 година, вториот ќе се модернизира во 2011, а третиот во 2012 година. Проектот ќе се одвива така што вон вообичаените периоди за ремонт нема да биде нарушено производството на електрична енергија

Вкупната инвестиција изнесува 55,9 милиони евра, од кои 35 милиони кредитно задолжување, а станатите се сопствено учество на ЕЛЕМ. Од Министерството за финансии како најдобар понудувач за кредитот е избрана Стопанска банка. Директорот на ЕЛЕМ, Влатко Чингоски, најави  дека трошоците за модернизација на РЕК Битола соодветно ќе бидат третирани од Регулаторот со што ќе влијаат на цената на електричната енергија.

РЕК Битола обезбедува над 70% од домашното производство на електрична енергија. Ова е најголема инвестиција во комбинатот од пуштањето во работа на третиот блок во 1988 година.



http://www.build.com.mk/portal/?p=838


Edited by Cloverstack - 16-Dec-2009 at 00:55
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #416 Posted: 15-Dec-2009 at 17:28
Не, сигурен сум 100% дека Романија го модернизираше својот дел, ама на wikipedia вика дека и Србија го модернизирала својот така да никој не греши Big%20smile.

The Romanian part of the dam was modernized and the nominal capacity of the 6 units was increased from 175 MW to 194.4 MW thus giving an installed capacity of 1,166 MW [2] and increasing the entire power generation capacity of the dam to 2,192 MW. On the Serbian part of the dam, modernization is still in progress - so far unit 6 has been modernized, and revitalization of the remaining five is in the preparation phase.

http://en.wikipedia.org/wiki/Iron_Gate_I_Hydro_Power_Plant




Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #417 Posted: 15-Dec-2009 at 14:51
la linea da ne mislis na srbija.ili gresam.oni ja moderniziraa hec gerdap (nivniot del) i dosta se zgolemi kapacitetot na centralata.a za rek bitola citav pred nekoe vreme kje se zgolemi iskoristenosta i kapacitetot normalno samo ne se sekjavam za kolku< = < =
Back to Top
La Linea View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
  Quote La Linea Quote  Post ReplyReply #418 Posted: 15-Dec-2009 at 13:05
Ме интересира дали со модернизацијата ќе се крене (и колку?) капацитетот на РЕК „Битола“, како што направи Романија на својот дел од ХЕЏ „Џердап“.
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #419 Posted: 15-Dec-2009 at 09:06

ОЈСЦ „Силовие машини“ од Русија ќе ги модернизира трите агрегати на РЕК „Битола“

вторник, 15 декември 2009
 
АД „ЕЛЕМ“ и руската компанија ОЈСЦ „Силовие машини“ од Санкт Петерсбург денеска ќе потпишат договор за модернизација на трите агрегати на РЕК „Битола“, согласно тендерот од септември 2008 година
 
 
 
 
Вкупната инвестиција за реализација на проектот за модернизација и автоматизација на сите три агрегати на термоелектранта „Битола“ изнесува 55,9 милиони евра, од кои 35 милиони кредитно задолжување, а станатите се сопствено учество на АД „Електрани на Македонија“.

Според договорот, руската компанија по принципот „клуч на рака“ треба во периодот од 2010 до 2012 година да изврши модернизација и автоматизација на турбо агрегатите и генераторите на трите енергетски блока во РЕК „Битола“.

Во наредните три години треба да се изврши модернизација на турбините со замена на постојните ротори со нови како и модернизација на виталните делови од генераторите, на системот за вибродијагностички мониторинг на турбо агрегатите и на системот за водење на блоковите и автоматизација на процесите.                                    http://www.kirilica.com.mk/vest.asp?id=38768                                            

< = < =
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #420 Posted: 13-Dec-2009 at 01:01
Бизнис-стратегиите за увоз на струја ќе го уништат РЕК „Битола“



Јагленот е најдостапниот извор на енергија во државата, сметаат експертите.

Не смееме да дозволиме бизнис-стратегиите за увоз на струја во државата, кој некој сака да ги протежира, да бидат на сметка на вложувања и отворање нови јагленокопи. Тоа може да го уништи електроенергетскиот сектор во Македонија, а во исто време да удри по џебот на граѓаните со уште подебели сметки за електрична енергија.

Ова е пораката од советувањето на тема „Јаглените во Македонија и нивното место во стратегијата за развој на енергетиката во државата до 2020 година“ изработена од МАНУ што се одржа во Битола под покровителство на Сојузот на рударски и геолошки инженери на Македонија. Во услови кога во Македонија не се практикува нуклеарна, сончева или енергија од гас, јаглените се најдостапниот извор на енергија во државата, сметаат експертите.

„Секоја компарација на цената на чинење на увозен јаглен со цената на чинење на најскапата варијанта на ископан јаглен кај нас со јамска или површинска технологија секогаш ќе дава ист резултат. Најевтин е сопствениот јаглен“, рече Благој Ѓоргиевски, инженер во РЕК „Битола“, претседател на организациониот одбор на советувањето.

Токму поради овие факти експертите сметаат дека стратешкиот пристап во енергетскиот сектор во Македонија е повеќе од потребен. Затоа што последните рударскоенергетски капацитети во државата се активирани пред трисетина години без никаква традиција во експлоатацијата на јаглени. Оттогаш па досега единствено е отворен новиот рудник „Брод –Гнеотино“ крај РЕК „Битола“ и ништо друго во активирање на нови јагленокопи.

Продолжувањето на векот на РЕК во иднина ќе зависи од отворање јамски рудник крај селото Живојно и конечно активирање на подинските серии во Суводол. Во Пелагонија, според процените на експертите, на располагање се околу 111 милиони тони јаглен.„Јаглените од Пелагонискиот басен имаат вредност која се движи до 2 илјади килокалории. Тоа е доволно за термоенергетското производство за наредните две децении. Но, како рудари треба да ја потенцираме и јамската експлоатација на јаглените на локација Живојно. И не смее да се прави фама околу таа јамска експлоатација. Потребни се околу 6 години стручна подготовка за отворање на ваков рудник. Благодарение на големите резерви јамската експлоатација во иднина ќе мора да доминира. Таа е предвидена во стратегијата за енергетика, како и во стратешките планови на ЕЛЕМ“, истакна Ѓеоргиевски.

Но, обезбедувањето гориво за РЕК „Битола“ за наредните 15 години не е единствениот проблем на комбинатот. Ако не се направи модернизација на блоковите стари три децении, хавариите ќе станат секојдневие во РЕК, предупредуваат експертите.

„Само јагленот не е доволен за продолжување на животот на РЕК ‘Битола‘. Под итно треба РЕК да се стави на здрави нозе. Мора да се ревитализира и опремата во комбинатот која е на границата на сигурна работа. Тука мислам на генераторите, турбините, електрониката на кои треба да им се продолжи животот. Тоа мора да се заврши во наредените две до три години за да не стравуваме од хаварии“, предупреди академик Томе Бошевски.

Во стратегијата за развој на енергетиката во државата не е заобиколена ни еколошката компонента, особено за капацитет како РЕК. „Предвидена е еколошката ревитализација на комбинатот, која чини 120 милиони евра. Интервенцијата ќе се врши во котелот каде што настанува согорување, односно ќе се обезбеди опрема за отстранување на штетните гасови“, напомена академик Бошевски. Според него, сите норми што Европската унија ќе ги постави до 2016 година ќе важат и за нашите термоелектрани. Така, за да може РЕК „Битола“ да работи до 2025 година, ќе мора да направи еколошка ревитализација. Строгите европски екокритериуми ќе важат подеднакво и за старите и за новоизградените термоелектрани, заврши академик Бошевски.



http://bitolainfo.com/index.php?option=com_content&view=article&id=271:2009-12-11-17-30-21&catid=9:biznis&Itemid=5
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 1920212223 27>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.348 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.