Author |
Topic Search Topic Options
|
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#401 Posted: 05-Dec-2008 at 09:32 |
 Малку закаснија но добро како велат„никогаш...“. Кај мене во населба минатата година ги сменива сите тел. линии со нови кабли и разводни ормани и кутии. Е сега ќе се вадат тие и ќе стават оптика, чудна математика.Но едина добра околност е што секаде поставива пластицни цевки така бар во мојата околина нема да има повторно копање на улици, третоари дворови ... незнам за другите делови за градот. Во секој случај идеме во кумуникации напред, но за жал не и во цените.
|
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#402 Posted: 05-Dec-2008 at 07:07 |
„Оптички кабел до дома“, проект на Македонски Телеком за 2009
Одборот на директори на Македонски Телеком АД-Скопје (МТ) на состанокот одржан вчера го усвои годишниот Бизнис план на компанијата за 2009 година. Бизнис планот, како што соопшти Телеком, овозможува инвестиции за развој на мрежата, воведување нови телекомуникациски решенија и услуги за корисниците. Одборот на директори на МТ го одобри и почетокот на спроведувањето на проектот „Оптички кабел до дома“, кој е еден од клучните проекти на компанијата во 2009 година. Со проектот „Оптички кабел до дома“ се овозможува изградба на телекомуникациска мрежа која нуди ултра брз интернет пристап до 100 Мбпс, поголем проток на информации и други услуги. Проектот ќе стартува во урбаните области почнувајќи со Скопје, Тетово, Битола, Куманово и Охрид, а подоцна постепено ќе се имплементира и во останатите градови. Инвестицијата е вредна неколку милиони евра, информира Македонски Телеком.
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#403 Posted: 27-Nov-2008 at 14:29 |
ВЕСТ: Телеком Словенија сака да го купи Космофон
Словенечкиот
телеком е заинтересиран да го купи мобилниот оператор, кој од неодамна
нуди и фиксна телефонија "Космофон", информираа вчера од седиштето на
компанијата во Љубљана. "Телеком Словенија" е веќе присутен во
Македонија преку Интернет и фиксниот оператор "Он.нет". Словенечкиот оператор очекува продажбата на "Космофон" да финишира во февруари или во март. "Сега
сме сконцентрирани на најавената продажба на вториот мобилен оператор
во Македонија, но заинтересирани сме за влез и во останатите бивши
југословенски држави", вели портпаролката на Словенечки телеком Даринка
Павлич - Камиен, чија изјава вчера ја пренесе агенцијата "Ројтерс". Словенечкиот
телеком веќе е во преговори со банките за обезбедување 400 милиони евра
синдикален заем, наменет за планираните преземања во регионот на
поранешна Југославија. Интерес за купување на "Космофон" пред еден
месец најави и австриски "Мобилком", кој е веќе присутен на
македонскиот пазар преку третиот мобилен "Вип оператор". Продажбата на
"Космофон", пак, е неопходна за да се спречи враќањето на монополот на
"Дојче телеком" на македонскиот пазар. Германската компанија е
сопственик на Македонски телеком и на "Т-Мобиле Македонија", а со
купувањето на 25 отсто од акциите на грчки ОТЕ, го презема и
управувањето со македонскиот "Космофон". |
http://netpress.com.mk/vest.asp?id=44877&kategorija=7
БОРБА ЗА ВТОРИОТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР
Норвешки „Теленор“ фрли јадица за „Космофон“
Весна Дамчевска Наталија Томовска
Норвешкиот
мобилен оператор „Теленор“ ја известил македонската Влада дека е
заинтересиран за купување на македонскиот оператор „Космофон“ кој е во
сопственост на грчки ОТЕ. - Писмено не известија дека се заинтересирани
да го купат „Космофон“. Секако, тоа е приватна компанија, но од нас ја
добија информацијата за условите за работа во Македонија - изјави
премиерот Никола Груевски по средбата со стопанствениците од Норвешка
во Осло. Покрај „Теленор“ за продажбата на „Космофон“ досега интерес
покажаа австрискиот мобилен оператор „Мобилком Австрија“, и „Телеком
Словеније“. Борис Немчиќ, извршен и генерален директор на „Мобилком
Австрија“, изјави дека се сериозно заинтересирани за купување на
„Космофон“. Словенечкиот телеком, пак, пред два дена на својата
веб-страна и официјално соопшти дека аплицирале за кредит за купување
на мобилниот оператор „Космофон“ во Македонија. Денот, пак, кога ќе се
продава овој мобилен оператор засега се држи во строга тајност.
„Космофон“ во моментов има 650 претплатници, а неговата вредност
неофицијално се проценува на повеќе од 300 милиони евра. Со продажбата
ќе се спречи монополот на „Дојче телеком“, кој годинава откупи 25
проценти од управувачкиот пакет-акции на ОТЕ. Комисијата за заштита на
конкуренцијата, за да го спречи монополскиот однос на „Дојче телеком“,
кој ги контролира двата мобилни оператори „Космофон“ и „Ти-мобајл“,
одлучи дека еден од тие оператори треба да биде продаден. Доминантните
акционери одлучија да се продаде „Космофон“ за да се спречи монополот
во државава.
Во Осло заинтересирани за индустриските зони
Норвешките
инвеститори и понатаму се заинтересирани да управуваат со
индустриско-технолошките зони во Македонија, изјави премиерот Никола
Груевски по средбата со инвеститорите во Норвешка. - Практично,
тоа значи да се дадат зоните под концесија на 99 години. Ние имавме
еден тендер за концесионерство, но тој не успеа, пред се бидејќи зоните
ги нудевме на концесија од 40 години - вели Груевски. Во
Македонија се планирани шест индустриско-технолошки зони. Со нивното
давање под концесија, концесионерот сам би донел инвеститори кои би
вложиле во Македонија. Во Норвешка постојат и државни инвестициски
фондови и тие покажале интерес за одредени инвестиции во Македонија. |
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1561&ArticleID=102959
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#404 Posted: 27-Nov-2008 at 03:03 |
„Турксел“ го мерка „Космофон“
Турскиот мобилен оператор „Турксел“ е меѓу кандидатите заинтересирани да го купат „Космофон“.Според пишувањето на грчкиот весник „Имерисија“, турскиот оператор во кој еден од главните сопственици е финската компанија „Телиа Сонера“, ќе се јави на огласот за продажба на „Космофон“. Вториот македонски мобилен оператор ќе се продава поради влезот на „Дојче телеком“ во грчки ОТЕ со што се создаде монопол на пазарот за мобилна телефонија во Македонија.Интерес за купување на „Космофон“ веќе изразија „Телеком Австрија“, кој во земјава е сопственик на мобилниот оператор „Вип“ и Телекомот на Словенија, кој го поседува „Он.нет“.
|
Edited by vardar - 27-Nov-2008 at 03:04
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#405 Posted: 25-Nov-2008 at 00:35 |
НОВИ МОЖНОСТИ ЗА ШИРЕЊЕ
Телеком Словенија го сака Космофон
Телеком Словенија објави дека сака да го купи македонскиот мобилен оператор Космофон. Покрај Космофон, обелоденето е дека има интерес и за купување на хрватскиот Метронет, Х1 Телеком и Оптима Телеком. - Наш приоритет е географско ширење во ЈИЕ каде веќе имаме третина од широкопојасните приклучоци и четвртина од мобилните корисници - изјави Бојан Дремељ, главниот извршен директор на Телеком Словенија, во чија сопственост се македонските компании Онтел и Он.нет. Космофон, кој е сопственост на грчки ОТЕ, се очекува да биде продаден во февруари или март идната година поради заштита на конкуренцијата во Македонија, откако Дојче Телеком купи 25 проценти од ОТЕ. Словенечката телевизија излезе со проценка дека Телеком Словенија за Космофон би требало да плати меѓу 266 и 319 милиони евра. Интерес за купување на Космофон неодамна искажаа и од Телеком Австрија.
За реализација на оваа аквизиција, управата на Словенечки Телеком минатата недела во Лондон преговарала со банки за добивање на кредит од 400 милиони евра. Телеком Словенија е најголем фиксен, мобилен и интернет оператор во Словенија, со пазарна капитализација од 951,4 милиони евра.
|
Edited by vardar - 25-Nov-2008 at 00:37
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#406 Posted: 07-Nov-2008 at 18:10 |
па каснат малку веќе CableTel истрчаа пред нив со Triple Play но само за територија на СК засега, што значи историски не се први во секој случај, но се најраспространети и најексплоатирани како мрежа во моментов...
Кејблтел воведува фиксна телефонија - 05.11.2008
Нова услуга наречена “Трипл Плеј“, составена од фиксна телефонија, интернет и видео, воведе од денеска операторот во кабелската телевизија „Кејблтел“.
Притоа на корисниците и се нудат три вида на пакети, “Трипл Плеј“ за цена од 1.290 денари, “Трипл Плеј Плус“ кој ќе чини 1.490 денари и “Трипл Плеј Лукс“ која изнесува 1.690 денари месечна претплата.
Од компанијата најавија дека до февруари идната година ќе ги понудат своите услуги во десет градови ширум државата, а до септември планираат покриеност на целата територија.МакФакс - 05.11.2008 |
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#407 Posted: 07-Nov-2008 at 16:55 |
Одлична понуда, многу интересно. Прочитајте
Originally posted by Net Press
Македонски телеком нуди интерактивна телевизија

Македонски
телеком од 12 ноември воведува телевизија преку интернет протокол -
IPTV, услуга која ќе биде позната под брендот МаxTV. Оваа услуга ќе се
нуди и во пакет заедно со интернет и фиксна телефонија како 3 Маx.
Корисниците на Т-home основните телекомуникациски услуги (говор и
интернет) како и телевизија ќе ги добијат на едно место, на иста
сметка. Основниот пакет на услугата МаxTV ќе чини 999 денари, а за 3
МаxTV ќе има два пакета со еднократна претплата од 1.200 денари, и цена
на пакетот од 1999 денари со вклучени 25 гигабајти интернет сообраќај,
500 вклучени минути во мрежата на телеком и преку 70 ТВ канали, односно
2.499 денари со неограничен интернет сообраќај, неограничени разговори
во мрежата на Македонски телеком и исто така преку 70 ТВ канали.
“Една од карактеристиките на оваа услуга е што на пример програмите
во живо можат да се паузираат и да се гледаат во било кое време, можат
да се изнајмат филмови од големата видеотека на барање без да го
напуштите вашиот дом“, рече Николај Бекерс, главен извршен директор на
Македонски телеком, на денешната презентација.
Меѓу другите карактеристики кои ги вклучува услугата се електроснки
програмски водич што ја покажува целокупната програма за 14 дена, слика
во слика на ТВ екраните, како и можност за контрола од страна на
родителите врз програмата со вклучување забрана на одредени содржини.
Оваа услуга за прв пат е воведена во Франција пред 5 години. Во
Германија пак на пример, основниот пакет на ваква услуга чини над 50
евра. |
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#408 Posted: 18-Oct-2008 at 15:52 |
3G е унифициран од страна на ITU како конекција со можност за 14.1 Mbit/s downlink и 5 Mbit/s uplink. Овие брзини го прават многу поповелен од било која предходно измислена услуга. А башка и не се користи само за луѓе. Го користат телевизии за пренос во живо. Пример да речеме сега А1 у живо известува од Охрид. И ќе си направат договор за 3Г и ќе си пренесуваат. Ова масовно се користи низ свет за многу сервиси, кај нас допрва ќе се развива.
Edited by lslcrew - 18-Oct-2008 at 15:54
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#409 Posted: 18-Oct-2008 at 15:26 |
Originally posted by beTon
значи ова дека космофон за џабе трчале по 3г и подобро нешто поспор 2,5г но насекаде него 3г и сеуште баш не насекаде?! можеби има нешто врска околу стабилноста на конекцијата или брзината ова 3г? а што е со лиценцата за 3г која е поентата тогаш, плус тв која ќе може и можат да ја гледаат само 10% од претплатниците?!
|
абе со тек на време сигурно ќе се покрие цела Македонија. И Мобимак кога почнуваше на времето ги покри прво Скопје и Охрид па после се друго, па патни правци, па...... слично беше и со Космофон а верувам дека тоа ќе иде сепак побрзо овој пат бидејќи ја немаат траумата на бркање локации, катастар, градежни зафати туку треба само да направат апгрејд на технлогоијата.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#410 Posted: 18-Oct-2008 at 15:24 |
значи ова дека космофон за џабе трчале по 3г и подобро нешто поспор 2,5г но насекаде него 3г и сеуште баш не насекаде?! можеби има нешто врска околу стабилноста на конекцијата или брзината ова 3г? а што е со лиценцата за 3г која е поентата тогаш, плус тв која ќе може и можат да ја гледаат само 10% од претплатниците?!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#411 Posted: 18-Oct-2008 at 15:11 |
Еве вака нешто на кратко: Класичната телефонија со оние порано што беа вап сервиси е 2Г. ГПРС се зема како 2.5 Г, после тоа следи пиграција на 2.5г кон УМТС - мрежа што беше многу скапа. Оваа мрежа беше предвесник на 3Г, ова беше 2.99Г. И после со мала интервенција се стандардизираше УМТС-от како 3Г и се извршија некои промени што не утицаа на предходните корисници. Сега веќе има 3Г-еволушн ова ќе биде идната 4Г, ама сега се е на база на лабораторија. Овој бебенвок е уствари widened GPRS односно све работи како ГПРС (2.5Г) само што со многу поголеми брзини од оној првиот ГПРС што беше.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#412 Posted: 18-Oct-2008 at 15:04 |
lapsus linguae. За тоа и зборував, поентата ми беше дека понудата на Т-Мобиле може да тера преку постоечката инфраструктура.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#413 Posted: 18-Oct-2008 at 15:02 |
Има разлика, вебенвон работи преку стандардните фреквенции 90/1800/1900 MHz, односно преку стандардните сервиси, преку класичната технологија за мобилна телефонија . А 3Г е мрежа што работи на 2100-2400 MHz. Протокол не е битен воопшто. Тука е и UMTS мрежата. Значи све зависи од опсегот на базните станици. Порано во светски рамки беа скапи базните станици за УМТС (ги произведува ериксон), па беше светски тренд да се постуваат само во градовите. Зборам за почетоците.
Вака рафрлав некако на куп, инаку ја струдирам телекомуникации, ама ваквите успити уште не ми дошле на ред, па овие информации се онака факултативно што сум истражил нешто по нет.
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#414 Posted: 18-Oct-2008 at 14:47 |
 мислам дека за Т мобиле нема да има такви ограничувања бидејќи се работи за стандардниот протокол кој може да се користи и сега а не за 3Г со тоа што отида чекор понапред, структуираа пакети и понудија стикчиња за да може човек со лаптоп да се закачи.
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#415 Posted: 18-Oct-2008 at 14:08 |
Originally posted by La Linea
Размислувам и за овој пакет - 450 денари = 1 гигабајт... |
и јас размислував за 3G од космо но кога разбрав од прва рака дека и не е баш цела територија покриена се разочарав или подобро речи куртулив од една до две год. договор за плаќање услуга која можам да ја користам претежно по урбаните средини и автопатите, на планина работите стоеле нешто по изместено т.е. нема сигнал бидејќи оваа нетот бара нови антени(технологија) за постојните репетитори на мобилните оператори, па како и во се прво одат со рекламна кампања а после кон реално ширење на мрежата... туку ај ако некој има нешто инфо за шетачкиов веб на Thd кажете па да се спореди ситуацијата на терен...
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#416 Posted: 18-Oct-2008 at 13:31 |
Правиме прогрес во полето на телекомункациски технологии.
Со „Те-мобајл“ пристап од Интернет од најнедостапни места |
|
|
|
|
Мобилниот
оператор „Те-мобајл“ ја претстави услугата „веб енд вок“ со која
корисниците со помош на УСБ-модем ќе имаат пристап до Интернет и од
најнедостапните места во земјава.
Модемот
овозможува мобилно сурфање без потреба од жичена конекција за пренос на
податоци. УСБ-модемот е бесплатен за корисниците што ќе потпишат
договор за услугата „веб енд вок ХЛ“ на 24 месеци. Со овој тарифен
модел тие ќе добијат еден гигабајт Интернет за месечна претплата од 450
денари. УСБ-модемот е со дополнителна СИМ-картичка, која се користи
само за пренос на податоци. Притоа корисникот нема потреба при секое
користење на УСБ-модемот да ја префрла картичката во и од телефонот.
Поседувањето дополнителна картичка не е со дополнителни плаќања,
единствено се плаќа за преносот на податоци. „Те-мобајл“ нуди пакети со
месечна претплата од 150 денари за 20 мегабајти интернет-сообраќај
вклучен во претплатата, од 300 денари и 150 мегабајти
интернет-сообраќај вклучен во претплатата. |
|
Размислувам и за овој пакет - 450 денари = 1 гигабајт...
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#417 Posted: 17-Oct-2008 at 20:38 |
Космофон ќе го смени сопственикот, но кога?
Во моментов
Дојче Телеком не прави профит во Македонија од работењето на Космофон
бидејќи мобилниот оператор егзистира како посебен правен субјект на
пазарот на електронските комуникации, вели претседателот на Комисијата,
Чедомир Краљевски
Космофон
дефинитивно ќе оди на продажба. Комисијата за заштита на конкуренцијата
(КЗК) со носењето на вакво решение само го потврди пишувањето на ВЕЧЕР
дека Космофон ќе мора да ја промени сопственоста бидејќи се создава
концентрација на капитал, а со тоа и на моќ на Дојче Телеком на
македонскиот телекомуникациски пазар, што настана по договорот за
купување на дел од грчки ОТЕ, кој е стопроцентен сопственик на
Космофон. Освен дека од Комисијата го прифатиле предлогот на Дојче
Телеком и на ОТЕ за продажба на Космофон за да не се створи
концентрација на мобилниот пазар во земјава, од КЗК не обелоденија
други детали. Оттаму се правдаат дека станува збор за ембарго ставено
од Дојче Телеком да не се објавуваат осетливи податоци од решението,
вклучително и за крајниот рок до кога Космофон ќе треба да се продаде и
судбината на Германос. - Решениете е доставено до Дојче Телеком и
ОТЕ, но треба да поминат одреден број на денови за да го прочитаат, да
видат што содржи и да одлучат кои делови од образложението на решението
ќе бидат подготвени за објавување на веб-страницата на Комисијата. Ние
сме должни да го објавиме само диспозитивот на решението, но во него ќе
ги нема поединостите и деловите што се содржани во образложението - ни
изјави претседателот на КЗК, Чедомир Краљевски.
Запрашан дали купопродажбата меѓу Дојче Телеком и ОТЕ е завршена
работа, Краљевски рече дека најверојатно е така и дека е капитално
завршена. Во моментов, рече тој, нема монопол на пазарот во Македонија,
но изјави дека концентрацијата во земјава се уште не е спроведена во
органите надлежни за тоа - Централниот регистар. - Во моментов
Дојче Телеком не прави профит во Македонија од работењето на Космофон
бидејќи мобилниот оператор егзистира како посебен правен субјект на
пазарот на електронските комуникации - рече Краљевски.
Доколку Дојче Телеком не го прифати решението, тогаш КЗК има можност
да поведе прекршочна постапка и да го казни до 10 проценти од
остварениот промет во претходната година. На КЗК на располагање му се и
други механизми, како на пример, забрана за обавување на дејност во
одреден временски период и враќање во состојбата во која се наоѓале
пред донесувањето на решението.
Неофицијално дознаваме дека интересот за Космофон е голем. Неколку
реномирани светски компании веќе покажале интерес за негово купување,
што е логично имајќи предвид дека компанијата и нејзиниот менаџмент
само во изминатава година реализираа големи и амбициозни проекти - како
воведување на фиксна телефонија, 3-Г, а наскоро и вајмакс што Космофон
го направија уште поатрактивен пред процесот на продажба.
http://vecer.com.mk/?ItemID=BAB870DA3055B1468DA5F6341F5E9B66 |
Edited by lslcrew - 17-Oct-2008 at 22:05
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#418 Posted: 14-Oct-2008 at 13:15 |
малку time aut еве нешто интересно (гледано од денешен агол) како ќе ни изгледаат денешните муабети утре 
Записник од дебатата за инфраструктура во Битола - 9.03.2005. ... Доц. д-р Пеце Митревски од ТФБ го презентираше столбовите на инфраструктура. (1.44MB,PDF). Тој го нагласи значењето на инфраструктурата, и пред сé, развојот на физичка инфраструктура, а потоа апликации.
Во рамките на својата презентација тој преглед на проектите на МАРНет, кој во „старите добри времиња“, користел 1 МBit надворешна линија, и тоа:
• SEEREN – поврзување со +4MBit, „двојно повеќе од некои други држави, иако 17 пати помалку од трети“ • MANI – поврзување со ласерски линк изведен со поддршка од НАТО, сопствена инфраструктура поради високи цени на МТнет. Базна станица на врвот на МТВ. • GMON – наследник на MANI недовршен, сепак само на подрачјето на Скопје. • SEEGRID – целиот регион да стане дистрибуиран сметачки систем од големи размери.
Д-р Митревски го заклучи предавањето со ефектна анимација која приклучувањето на евроинтегративните процеси го претстави преку метафората на логирање на интернет преку дајал-ап. ___________________
Пепи Чемерикиќ, директорот на Он.нет го спроведе своето излагање без формална презентација, преферирајќи да ги изложи своите погледи „понародски, не формално“.
Како пример за тоа што сé што може да даде и иницира приватниот сектор го наведе развојот на телевизиските станици во земјата, којшто е остварен во услови на:
• долготрајно немање закон што би го поттикнал развојот • со приватна иницијатива • пренос на искуства од странство • и постоење на монополи од друга страна (како МТВ) како инхибирачки фактор.
Според Чемерикиќ, сличен е случајот и со МТ, која од заедничка фирма на сите, отиде во рацете на стопанственик заинтересиран за профит, со што државата го утнала комуникацискиот аспект (на својот развој). Како илустрација на состојбата во која моментно се наоѓа државата со својот сопственички удел во МТ, тој се послужи со анегдотата за настан виден на „Дискавери чанел“: алпинист со заглавена рака во лавина, којшто за да се спаси морал да ја исече.
Чемерикиќ заклучи дека државата (претставена преку Управата за телекомуникации) не може да е независна додека таа има удел во МТ. Според него флавна стратегија треба да биде создавање на услови за развој на приватна иницијатива.
Осврнувајќи се на состојбата во образовната инфраструктура, тој рече дека „Колку што има линк МАРНет, имам јас дома (1 Mbit АДСЛ е достапен)“, додавајќи дека и на МАРНет му треба конкуренција, пред сè во областа на релугација на интернет домени.
Како дополнителна илустрација тој се послужи со метафората дека при правење колачи (успех во користење на ИКТ), потребно е брашно (приватни инвеститори) и квасец (државата/регулатива чија улога е да биде катализатор, а не активен учесник во пазарниот натпревар).
За споредба, Чемерикиќ извести дека Јамајка дава 5 милиони долари за зголемување на пенетрацијата, додека кај кај нас едногодишното доцнењето на законот и мерките со кои се дозволува влез на нови оператори гарантирало дополнителен профит од 90 милиони евра од граѓаните за МТ. ...
|
Edited by beTon - 14-Oct-2008 at 13:18
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#419 Posted: 02-Oct-2008 at 08:22 |
Се' поизвесна продажбата на „Космофон“

Се очекува „Дојче телеком“ за десетина дена да го прими решението за продажба на „Космофон“
Станува извесно дека вториот мобилен оператор „Космофон“ ќе се продава. Ова е препораката што ја дава Комисијата за заштита на конкуренцијата, како начин да се избегнат нови прегрупирања во телекомуникацискиот пазар и концентрацијата на моќ, која „Дојче телеком“ ја стекна со купувањето на ОТЕ, сопственикот на „Космофон“. Првиот човек на антимонополската управа, Чедомир Кралевски, вели дека одлуката и препораката за продажба се' уште е во работна верзија, но сите индиции одат во таа насока.
„Се' уште се работи на оформување на одлуката, која треба да се заокружи со решение кое ќе му се ковертира на ’Космофон‘, но се' оди во насока на давање препорака за продажба на овој оператор. Оваа одлука е поткрепена со утврдената концентрација на моќ во телекомуникацискиот сектор со преземањето на ОТЕ од страна на’„Дојче телеком‘, со што се овозможи една фирма да има контрола врз најголемиот дел на услуги и клиенти во мобилната телефонија“, објаснува Кралевски.
Засега е неизвесно за колку време вториот мобилен оператор ќе мора да го добие новиот сопственик, но се очекува решението да биде изготвено најдоцна за десетина дена и во него Германците да добијат рок до кога треба да го продадат „Космофон“.
Од „Космофон“ информираат дека нивната судбина е во рацете на новиот сопственик „Дојче телеком“ и се чекаат новите сопственици.
Продажбата на „Космофон“ стана актуелна откако „Дојче телеком“ го купи грчки ОТЕ, кој е сопственик на „Космофон“ во Македонија. Новото групирање создава монопол во мобилната телефонија, бидејќи „Дојче телеком“ во земјава работи и со „Т-мобиле“. Поради тоа, и ОТЕ веќе најави дека размислува за продажба на својата ќерка - фирма во Македонија. Инаку, „Космофон“ и „Т-мобиле“ заедно држат 90 отсто од пазарот на мобилна телефонија. Остатокот му припаѓа на австриски ВИП. Интерес за купување на „Космофон“ во земјава веќе пројави третиот мобилен оператор ВИП, но и „Мобилком“ Австрија, словенечки „Телеком“ и други европски оператори. (А.С.)
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#420 Posted: 23-Sep-2008 at 08:43 |
„Кејблтел“ воведува фиксна телефонија |
|
|
|
|
Кабелскиот
оператор „Кејблтел“ од 1 октомври стартува со уште два нови сервиса,
фиксна телефонија и пеј пер вју (плати за да гледаш) или популарно
наречено - домашно кино. Во фиксната телефонија на „Кејблтел“ граѓаните
ќе можат да одберат повеќе пакети, а разговорите помеѓу корисниците на
мрежата на овој оператор ќе бидат целосно бесплатни.
Во однос на домашното кино станува збор за понуда на широк спектар
филмови од најпознатите филмски куќи, за што на корисникот му е
потребен дигитален приемник, кој „Кејблтел“ го нуди бесплатно.
- Со воведување на овие нови сервиси „Кејблтел“ конечно ќе стане
оператор што нуди трипл плеј-услуги, што подразбира понуда на три
разновидни сервиси: телевизија, интернет и телефонија - изјави вчера
Џефри Ален Фенш од „Кејблтел“.
Поради овие новитети и дополнителните инвестиции од 5,5 милиони
евра за модернизација на електронските комуникациски мрежи, од 1
октомври овој оператор ја зголемува месечната претплата за кабелска
телевизија за 100 денари и ќе изнесува 450 денари. Од раководството на
„Кејблтел“, како што велат, со оглед на услугите што ги нудат, не
очекуваат дека ова зголемување ќе доведе до одлив на нивните корисници. | http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=190&ArticleID=7673 |
|
 |