Author |
Topic Search Topic Options
|
alexsend
Senior Member
Joined: 11-May-2011
Location: Скопје, Центар
Online Status: Offline
Posts: 2086
|
Quote Reply
#421 Posted: 13-May-2011 at 19:09 |
И покрај сите утки повторно се форсира Бауер...ова ми личи на нешто...
На крај краева само да е квалитетно
|
 |
<Fresno>
Senior Member
Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1161
|
Quote Reply
#422 Posted: 13-May-2011 at 18:37 |
Не е никаква пречка проектов за Јужен булевар, освен во делот кај кружниот тек, што може да се реши со дополнително понирање на трасата. Барем така изгледа на скицата. А ова со Бауер БГ стварно ме интересира како ќе се развива. Ако не извршат санација на улициве што досега ги реконструираа и ако тековниве проекти ги направат неквалитетно, ептен очигледна ќе стане работава.
|
 |
G.I. Joe
Senior Member
Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 417
|
Quote Reply
#423 Posted: 13-May-2011 at 16:50 |
lugje bez vizija
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#424 Posted: 13-May-2011 at 16:50 |
А дали се размилсува за Јужен и за трасата и за кружниот тек колку простор одзема? Немаме никакви информации свака част Коце само ленти сече и со два збора се започнуваат проективе.
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
G.I. Joe
Senior Member
Joined: 05-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 417
|
Quote Reply
#425 Posted: 13-May-2011 at 16:49 |
gologanov na smetka na juzen ..zalosno ..
|
 |
StreetStruck
Senior Member
Joined: 18-Nov-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 415
|
Quote Reply
#426 Posted: 13-May-2011 at 16:38 |
Ајде аирлија работа..... Али Бауер БГ   ТОП!
|
"Поробените треба да тежнеат кон слободата, а слободните кон совршенство"- Јане Сандански
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#427 Posted: 13-May-2011 at 16:15 |
Немам ниеден графички програм на компјутеров.
Мислам на кривината која ти доаѓа во десно, кога одиш од Рамстор (Нова Македонија и Макпетрол ти се од десна страна) и вртиш десно полукружно накај Домот Кузман. Тука доаѓаш во „судар“ со излезот од кружниот тек кој оди накај Домот Кузман.
И дали пред кружниот ќе има семафори?
Edited by krale - 13-May-2011 at 16:17
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#428 Posted: 13-May-2011 at 16:11 |
Ај нацртај каде зашто вака ич не си ми јасен. Ако добро те сватив тоа што мислиш баш не е црна точка, јасно е кој има предност. Особено што ваквиот кружен ток треба да е 12% поефикасен од обичен. Решениево не дека е којзнае какво сјајно, ама среднорочно ќе служи за гужавата тука. Јужен булевар не е, ама за некоја далеку помала сума од јужен булевар може ќе се покаже како некој компромис на можности и потреби, нормално не загрозувајќи го евентуално во иднина градење јужен булевар. Кружниот ток некаде го имаме постирано во копски сообраќај поназад. Колку што го разбрав Коце едена од улогите на семафорите околни ќе биде и да го регулираат приливот во кружниот ток.
|
 |
krale
Senior Member
БАНИРАН
Joined: 28-Dec-2009
Online Status: Offline
Posts: 1487
|
Quote Reply
#429 Posted: 13-May-2011 at 16:03 |
Вртењето полукружно во ДЕСНО, одејќи од Рамстор пред кружниот тек, е потенцијална црна точка, бидејќи се спојува во една лента со излезот од кружниот тек.
Лентата во десно откај Рамстор не оди на кружен, туку врти пред кружниот, а потоа се спојува.
Исто така, од кружниот тек до Климент Охридски ќе си останат по се изгледа 3 ленти. Барем според скицава.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#430 Posted: 13-May-2011 at 15:25 |
ПОЧНА ПРОШИРУВАЊЕТО НА УЛИЦАТА МИТРОПОЛИТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ
|
|

Градот
Скопје денеска /13.05.2011 година/ ја почна реализацијата на првата
фаза од капиталниот проект за проширување и реконструкција на улицата
Митрополит Теодосиј Гологанов. Проширувањето на оваа сообраќајница ќе
се реализира на потегот од улицата Франклин Рузвелт до улицата
Костурски херои (еден крак) и кон улицата Мито Хаџивасилев Јасмин до
свртувањето в десно кон улицата Народен фронт (втор крак). Стартот на
градежните работи на оваа улица го означија градоначалникот на Град
Скопје, Коце Трајановски и премиерот на Република Македонија, Никола
Груевски.
-
Денеска почнуваме уште еден во низата капитални проекти кои што ќе
имаат огромно позитивно влијание врз идниот развој на Скопје и ќе ги
подобрат условите за живот на неговите жители – проектот за проширување
и реконструкција на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов. Градежните
работи на оваа улица ги почнуваме во пресрет на летото кога очекуваме
нивото на сообраќај во градот значително да се намали, а со тоа и да се
создадат добри услови за работа. Улицата Митрополит Теодосиј Гологанов
наскоро ќе прерасне во модерна сообраќајница. Таа ќе се проширува од
десната страна во насока од општината Карпош кон општината Центар во
вкупна должина од 1.600 метри. Сообраќајницата ќе добие 4 сообраќајни
ленти (по две во секоја насока) со вкупна широчина од 13 метри и
тротоари од двете страни со широчина од по 3,5 метри. Од десната страна
на булеварот ќе биде поставено ново улично осветлување. Се предвидува и
посебен џеб за возилата од јавниот превоз, како и пешачки и
велосипедски патеки на тротоарите. Атмосферските води од
новопроширената улица ќе се слеваат во постоечката атмосферска
канализација која што е во функција. Во текот на градежните работи
за проширување на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов ќе се изврши
усогласување на подземните инсталации – рече градоначалникот
Трајановски.
Тој додаде дека при
проширувањето, улицата 9.Мај ќе биде отворена како еднонасочна, при што
овој дел ќе биде семафоризиран. Еднонасочен сообраќај ќе се воведе и на
улицата Костурски херои. Исто така, семафоризација ќе биде направена во
делот на свртувањето од улицата Мито Хаџивасилев Јасмин кон улицата
Народен фронт, при што и оваа уличка ќе добие четири ленти.
-
Она што ќе биде белег на овој проект, а воедно и заштитен знак на оваа
модерна сообраќајница, е турбо кружниот тек што ќе се формира во делот
меѓу улиците Митрополит Теодосиј Гологанов, Костурски херои и Мито
Хаџивасилев Јасмин (кај Католичката црква). Овој кружен тек ќе
претставува прв објект од ваков тип во Скопје. Приливот на возила кон
кружната крстосница ќе го контролираат двете нови семафоризирани
крстосници, на улицата 9.Мај и на свртувањето кон улицата Народен
фронт. Реализацијата на проектот во голема мера ќе придонесе за
решавање на сообраќајните
проблеми во централното градско подрачје, ќе се зголеми проточноста на
возила и ќе се намали времето на патување, што ќе придонесе за заштита
на животната средина. Треба да се нагласи дека формирањето на кружниот
сообраќаен тек директно ќе влијае врз зголемувањето на безбедноста во
сообраќајот во овој дел од градот – потенцира Трајановски.
Претседателот на Владата на
Република Македонија, Никола Груевски, истакна дека ваква градежна
експанзија Скопје не памети од по земјотресот во 1963 година, во
последните 40 години.
-
Ја поздравувам најголемата реконструкција на улици што во градот се
случува во последниве две години - улицата Илинденска прерасна во
булевар, булеварот Србија е проширен, се реконструираше улицата Мито
Хаџивасилев Јасмин, се обновуваат булеварите Крсте Мисирков, Кузман
Јосифовски Питу и Васил Аџиларски...Градот се гради и добива нов лик –
рече премиерот Груевски.
На проширување и реконструкција
на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов ќе работат екипите на
градежната фирма „Бауер БГ“, а градежните работи треба да завршат за
пет месеци. За целосна реконструкција
на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов Градот Скопје ќе потроши околу
72 милиона денари. Втората фаза од овој капитален проект продолжува со
подготовка на техничка документација за проширување на улицата
Митрополит Теодосиј Гологанов од вкрстувањето со улицата Франклин
Рузвелт до улицата Московска, со иста ширина. |
http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4216&mid=482&tabId=&tabindex=0
|
 |
ebivetre
Senior Member
Joined: 07-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 183
|
Quote Reply
#431 Posted: 13-May-2011 at 15:13 |
Шуќур!
Малку ме секира само да не ја направат еднонасочна таа уличката (эаборавив како се викаше) што иде од Универэална кон кружниот. Така ми личи од скицата...
|
 |
Supervisor
Senior Member
Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
|
Quote Reply
#432 Posted: 13-May-2011 at 15:04 |
Одлично се надевам квалитетно ќе се изработи само мислам дека можат и побрзо да работат па и пред 5 месеци да завршат реално 3-4 би биле ОК со оглед на тоа дека се работи за сообраќајница која има клучна врска со централно подрачје од страна на Карпош.
|
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#433 Posted: 13-May-2011 at 14:39 |
ПОЧНА ПРОШИРУВАЊЕТО НА УЛИЦАТА МИТРОПОЛИТ ТЕОДОСИЈ ГОЛОГАНОВ
| | Градот Скопје денеска /13.05.2011 година/ ја почна реализацијата на првата фаза од капиталниот проект за проширување и реконструкција на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов. Проширувањето на оваа сообраќајница ќе се реализира на потегот од улицата Франклин Рузвелт до улицата Костурски херои (еден крак) и кон улицата Мито Хаџивасилев Јасмин до свртувањето в десно кон улицата Народен фронт (втор крак). Стартот на градежните работи на оваа улица го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и премиерот на Република Македонија, Никола Груевски. - Денеска почнуваме уште еден во низата капитални проекти кои што ќе имаат огромно позитивно влијание врз идниот развој на Скопје и ќе ги подобрат условите за живот на неговите жители – проектот за проширување и реконструкција на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов. Градежните работи на оваа улица ги почнуваме во пресрет на летото кога очекуваме нивото на сообраќај во градот значително да се намали, а со тоа и да се создадат добри услови за работа. Улицата Митрополит Теодосиј Гологанов наскоро ќе прерасне во модерна сообраќајница. Таа ќе се проширува од десната страна во насока од општината Карпош кон општината Центар во вкупна должина од 1.600 метри. Сообраќајницата ќе добие 4 сообраќајни ленти (по две во секоја насока) со вкупна широчина од 13 метри и тротоари од двете страни со широчина од по 3,5 метри. Од десната страна на булеварот ќе биде поставено ново улично осветлување. Се предвидува и посебен џеб за возилата од јавниот превоз, како и пешачки и велосипедски патеки на тротоарите. Атмосферските води од новопроширената улица ќе се слеваат во постоечката атмосферска канализација која што е во функција. Во текот на градежнитеработи за проширување на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов ќе се изврши усогласување на подземните инсталации – рече градоначалникот Трајановски. Тој додаде дека при проширувањето, улицата 9.Мај ќе биде отворена како еднонасочна, при што овој дел ќе биде семафоризиран. Еднонасочен сообраќај ќе се воведе и на улицата Костурски херои. Исто така, семафоризација ќе биде направена во делот на свртувањето од улицата Мито Хаџивасилев Јасмин кон улицата Народен фронт, при што и оваа уличка ќе добие четири ленти. - Она што ќе биде белег на овој проект, а воедно и заштитен знак на оваа модерна сообраќајница, е турбо кружниот тек што ќе се формира во делот меѓу улиците Митрополит Теодосиј Гологанов, Костурски херои и Мито Хаџивасилев Јасмин (кај Католичката црква). Овој кружен тек ќе претставува прв објект од ваков тип во Скопје. Приливот на возила кон кружната крстосница ќе го контролираат двете нови семафоризирани крстосници, на улицата 9.Мај и на свртувањето кон улицата Народен фронт. Реализацијата на проектот во голема мера ќе придонесе за решавање на сообраќајните проблеми во централното градско подрачје, ќе се зголеми проточноста на возила и ќе се намали времето на патување, што ќе придонесе за заштита на животната средина. Треба да се нагласи дека формирањето на кружниот сообраќаен тек директно ќе влијае врз зголемувањето на безбедноста во сообраќајот во овој дел од градот – потенцира Трајановски. Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, истакна дека ваква градежна експанзија Скопје не памети од по земјотресот во 1963 година, во последните 40 години. - Ја поздравувам најголемата реконструкција на улици што во градот се случува во последниве две години - улицата Илинденска прерасна во булевар, булеварот Србија е проширен, се реконструираше улицата Мито Хаџивасилев Јасмин, се обновуваат булеварите Крсте Мисирков, Кузман Јосифовски Питу и Васил Аџиларски...Градот се гради и добива нов лик – рече премиерот Груевски. На проширување и реконструкција на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов ќе работат екипите на градежната фирма „Бауер БГ“, а градежните работи треба да завршат за пет месеци. За целосна реконструкција на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов Градот Скопје ќе потроши околу 72 милиона денари. Втората фаза од овој капитален проект продолжува со подготовка на техничка документација за проширување на улицата Митрополит Теодосиј Гологанов од вкрстувањето со улицата Франклин Рузвелт до улицата Московска, со иста ширина. |
| http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=4216&mid=482&tabId=1&tabindex=0
|
 |