build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Интернет и телекомуникации

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324 28>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #421 Posted: 21-Sep-2008 at 21:16
Можеби се заинтересирани за инфраструктурата, па после едното место на пазарот да го отстапат на друг нов инвеститор. Сега имаше промена некоја во законот за телекомуникации, и веќе лиценците се укинати. Незнам како правно ќе се реши ова, тука сум збунет, ај ќе почекаме да идиме ваљда Краљевски пази што се дешава

Edited by lslcrew - 21-Sep-2008 at 21:20
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #422 Posted: 21-Sep-2008 at 14:51
лсл веќе спомна дека нема логика да се продаде на вип, освен ако мобилком планираат да го купат космофон па да го шитнат после вип Crazy Big%20smile 
 
ВИП сака да го купи „Космофон“

Раководството смета дека ВИП успеал да донесе вистинска конкуренција и новитети

Раководството на третиот мобилен оператор во земјава ВИП изрази јасна заинтересираност за купување на вториот мобилен оператор „Космофон“, откако од централата на ОТЕ протекоа информации дека тој ќе се продава. Според главниот извршен директор на „Телеком Австрија“, Борис Немшиќ, нивната заинтересираност за купување на конкурентскиот „Космофон“ е едно од логичните решенија.

„Логично е да сме заинтересирана страна, бидејќи ние ја донесовме конкуренцијата во Македонија и сме едно од логичните решенија на тој процес. Трансакцијата меѓу ’Дојче телеком‘ и ОТЕ го менува пазарот во Македонија и треба да се следат тие процеси. Комисијата за заштита на конкурентноста излезе со оцена дека операторите ’Т-мобиле‘ и ’Космофон‘ заедно поседуваат 90 отсто од пазарот во Македонија, што значи монополска позиција, доколку зад нив стои еден ист сопственик“, подвлече Немшиќ.

Мобилниот оператор ВИП ја одбележа првата година од работењето на македонскиот телекомуникациски пазар и е задоволен од постигнатите резултати. Раководството на компанијата смета дека ВИП успеал да донесе вистинска конкуренција и новитети на македонскиот телекомуникациски пазар, како и драстичен пад на цените во мобилната телефонија од 50 отсто. Операторот ВИП досега има околу 250 илјади корисници и покриеност од 90 отсто од населението, а за развојот на компанијата се инвестирани 50 милиони евра, отворени се 11 продавници, 3.000 продажни места и современ контакт-центар. Во компанијата се вработени над 170 лица, од кои над 60 отсто имаат директен контакт со корисниците.

Главниот извршен директор на операторот ВИП, Никола Љушев, е задоволен од првичните резултати на услугата преносливост на броеви. Според него, моментно троцифрена е бројката на корисници кои поднеле барања за префрлање во ВИП-мрежата, а нема ниту едно барање на нивни корисник да премине во друга мрежа.

Операторот ВИП се' уште не знае дали ќе конкурира на новиот тендер за 3Г-технологија. Моментно се проучуваат условите на тендерот и се прави евалуација на неговата профитабилност. „Мислам дека имаме доволен период пред нас од 60 дена во кој сите подготовки ќе ги спроведеме како што треба и соодветно на тоа ќе одговориме на понудите“, најави Љушев. (А.С.)



Utrinski


Edited by pbanks - 21-Sep-2008 at 21:56
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #423 Posted: 19-Sep-2008 at 13:25
 
 
Вип со 250.000 корисници во првата година

Вип мобилниот оператор успеа да донесе конкуренција на македонскиот пазар и да ги намали цените во мобилната телефонија за повеќе од 50 отсто.

Во развојот на Вип мобилниот оператор се до сега се вложени 50 милиони евра а услугите на Вип ги користат 250.000 корисници.

“Клучот на успехот за се што направивме во оваа година е нашата определба да ги ставиме корисниците на прво место. Заради нив и нивните потреби, за не ограничена квалитетна мобилна комуникација што од првиот ден станавме достапни на целата територија на Македонија. Истовремено интензивно ја градевме сопствената мрежа со која обезбедивме покриеност на населението за 90 отсто во една година“, рече Никола Љушев, главен извршен директор на Вип оператор.

Вип оператор за една година има отворено 11 сопствени продавници и 3.000 продажни места ширум Македонија, и најсовремен контакт центар кој работи 24 часа на ден.

Во наредниот период Вил најави дополнителни инвестиции во развојот на мрежата и креирање нови и иновативни услуги за корисниците. Исто така зголемување на мрежата на роаминг партнерство ширум светот.


Автор на веста: Нетпрес

 
 
 
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #424 Posted: 18-Sep-2008 at 08:52
Еве денеска им искочи каталог со весниците. Имаа продавници во

- Скопје (4+1 во најава)
- Куманово
- Битола
- Гостивар
- Тетово
- Струмица
- Штип
- Струга
- Прилеп
- Кавадарци
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #425 Posted: 17-Sep-2008 at 22:12
Браво за 2be, една од ретките инвестиции кои се реализираат како што се најавени Cheers

2bе влезе на македонскиот пазар


Водечката мрежа на продавници за мобилни во Бугарија - 2bе влезе и на македонскиот пазар. 2bе веќе девет месеци е присутен во земјава и има отворено 19 продавници, а од неодамна почна соработка со Т-Мобиле. Според Станислава Арнаудова, извршен директор на 2bе, од соработката со Т-Мобиле очекуваат обезбедување на најквалитетни телекомуникациски производи и услуги по најповолни цени на пазарот.
- Сакаме да ги направиме мобилните технологии достапни за сите во Македонија. Не случајно ова е првиот странски пазар каде се одлучивме да инвестираме. Гледаме голем потенцијал за развој - рече Арнаудова.

Инвестицијата е над два милиони евра. 2bе ќе вработи над 130 луѓе во првата година од работењето и до крајот на 2008 ќе отвори 25 продавници.
- Сакаме први на пазарот да ги донесеме најновите мобилни телефони, по најниски цени и со атрактивните тарифни модели на Т-Мобиле да ги погодиме специфичните потреби на корисниците. Нашата компанија нема да продава репарирани телефони, како што е случај во Бугарија бидејќи тоа не го дозволува македонската регулатива - изјави Златко Нешовски, генерален директор на 2bе Македонија.



http://www.vecer.com.mk/?ItemID=0547BA300105E74899694C48D9AA7178
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #426 Posted: 16-Sep-2008 at 14:53
ОТЕ ја почна продажбата на "Космофон"
Грчкиот оператор ги избра консултантските куќи "НМ Ротчајлд анд санс лимитид" и "ЕФГ телесис фајнанс" да ја подготват продажбата на "Космофон"

Грчката компанија ОТЕ почна со подготовките за продажба на мобилниот оператор во Македонија, "Космофон". Медиуми од Грција вчера јавија дека "Космоте", ќерката-фирма на грчката компанија ОТЕ, избрала два финансиски советника за процесот на продажба на "Космофон". Консултантските куќи "НМ Ротчајлд анд санс лимитид" и "ЕФГ Телесис фајнанс" ќе ја советуваат грчката компанија во продажниот процес.
Во вчерашното издание на грчкиот весник "Та неа", пак, пишува дека "Космофон" ќе биде првата жртва на договорот за стратешко партнерство меѓу грчкиот ОТЕ и "Дојче телеком". Според весникот, во договорот за стратешко партнерство, фирмата-ќерка на ОТЕ во Македонија била исклучена од "трнливите прашања", за кои грчката Влада има право на вето.
"'Дојче телеком' е присутен во Македонија преку својата фирма-ќерка 'Т-Мобиле', факт што го принуди ОТЕ да ја убие својата компанија во Македонија", пишува "Та неа".
Претседателот на Комисијата за заштита на конкуренцијата, Чедомир Краљевски, вели дека се уште се во тек обработката и анализата на податоците што им се потребни за да донесат одлука како да се спречи потенцијалниот монопол на македонскиот телекомуникациски пазар.
"Космофон" има лиценци за ГСМ мобилна телефонија, за 3Г мобилна телефонија и за вајмакс безжична телефонија, а веќе на пазарот нуди и безжична фиксна телефонија. Во јавноста веќе се шпекулира дека компанијата ќе се продава топтан со сите лиценци. Се шпекулира и со повеќе имиња на заинтересирани купувачи, меѓу кои и третиот мобилен "Вип оператор", словенечкиот "Телеком", турскиот оператор "Туркчел" и "Теленор", кој е присутен во Србија.
"Дојче телеком" во Македонија управува со "Т-Мобиле Македонија" и со фиксниот оператор "Македонски телеком", а ОТЕ со "Космофон". "Т-Мобиле" и "Космофон", пак, покриваат над 90 насто од пазарот на мобилна телефонија во земјава, а единствената конкуренција е третиот оператор "Вип". (Т.Ј.)

http://www.vest.com.mk/default.asp?id=157029&idg=8&idb=2475&rubrika=Makedonija
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #427 Posted: 13-Sep-2008 at 09:56
Извадок од интервју со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески од Дневник

* Министерството објави дека ќе се распише конкурс за да се доделат три фреквенции за третата генерација мобилна телефонија - 3Г. Очекувате ли на конкурсот да се јави нов - четврти мобилен оператор?

- Владата донесе одлука за доделување три одобренија за користење радиофреквенции наменети за 3Г-технологија според претходно утврдени критериуми со почетна висина на еднократниот надоместок за користење радиофреквенции од 10 милиони евра. На овој начин се врши дополнителна либерализација на пазарот на електронски комуникации и се овозможува поголема конкурентност. Исто така, се обезбедуваат пристапни и квалитетни услуги до најсовремените технолошки достигања за граѓаните.Секоја 3Г-лиценца е фактички воведување нов оператор. Радиофреквенциите на 3Г даваат предност затоа што со таа технологија може да се даваат услуги и од фиксна телефонија. „Космофон“ веќе ја искористи оваа технолошка можност. Почна со давање услуги од третата генерација на мобилната телефонија, а работи и како фиксен оператор. Интерес за да развие мобилна мрежа пројави и „Он нет“.Компаниите што ќе бидат избрани согласно со тендерската постапка ќе може да ги обезбедуваат услугите од оваа современа технологија, која паралелно на светските трендови ја воведуваме и во Македонија.

* Со што ги натеравте „Македонски телеком“, „Т- Мобиле“ и „Космофон“ да го прифатат укинувањето на концесиските договори по неколкугодишно натегање?

- Со престанувањето на важноста на договорите за концесија склучени помеѓу Министерството за транспорт и врски и Македонски телекомуникации, „Т-Мобиле“ и „Космофон“ се овозможува еднаква и рамноправна положба на сите оператори на пазарот за електронски комуникации во однос на остварувањето на нивните права и обврски што произлегуваат од Законот за електронските комуникации. Заради обезбедување на правата загарантирани со договорите за концесија, а кои што не се спротивни на одредбите од Законот за електронските комуникации и не ги ставаат во поповолна положба во однос на останатите оператори, со овие измени се овозможува операторите да не и' плаќаат на Агенцијата повисоки надоместоци од оние што им биле гарантирани со договорите за концесија. Исто така, на операторите им се обезбедува континуитет во користењето на радиофреквенциите што им беа доделени со договорите за концесија. Измените и дополнувањата на Законот за електронските комуникации предвидуваат обезбедување ефикасност и објективност во жалбената постапка, односно се обезбедува одлуките на Агенцијата да може да се спроведуваат без непотребно одлагање, а на незадоволната страна и' се гарантира правото на судска заштита. Предложените измени во законот се поздравени и од страна на Европската комисија.


http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=EDFC10E50231564A92308E46B17E9ACF
Back to Top
vardar View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
  Quote vardar Quote  Post ReplyReply #428 Posted: 09-Sep-2008 at 11:44
 

И ПОКРАЈ НАЈАВИТЕ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА КОНКУРЕНЦИЈАТА


Четврти мобилен оператор засега ќе нема


Четврти мобилен оператор засега ќе нема иако пред година и половина наголемо се најавуваше дека во земјава има потреба од проширување на конкуренцијата на овој пазар. Од Министерството за транспорт велат дека постојано го следат развојот на пазарот на електронски комуникации и ако се констатира зголемена побарувачка, ќе се имплементира проектот за воведување на четврти мобилен оператор.
Очигледно е дека желбата за влез на уште еден мобилен оператор полека спласнува откако Вип оператор кој деновиве ќе слави една година успеа да ги спушти цените на услугите во мобилната телефонија и да ја покачи стапката на пенетрација на 106 проценти. Влезот на четврти мобилен оператор остана статус кво", најверојатно и поради јавниот повик што во април минатата година го распиша Агенцијата за електронски комуникации, на кој не конкурираше некој светски бренд иако се пријавија шест компании (две домашни и по една од Германија, Русија, Швајцарија и од Индија).

Размислувањата на експертите за влез на уште еден мобилен оператор се поделени. Едни сметаат дека влез на четврта голема компанија ќе значи енормно намалување на цените на услугите што ги нудат мобилните оператори што е во интерес на корисниците. Искуствата од воведување на трет оператор во европските држави покажале дека цените во мобилната телефонија поевтинуваат околу 15 проценти, а со воведувањето на четврти, тие се снижувале за дополнителни 8 отсто. Таков е случајот во Хрватска каде тамошните телекомуникациски власти на четвртиот мобилен оператор му доделија комбинирана дозвола за втората (2-Г) и третата (3-Г) генерација мобилна телефонија. Во Романија, каде има четири мобилни оператори, се нуди претплата и мобилен телефон за само 10 евра.

Други размислувања одат во насока дека потребите на македонскиот пазар се исполнети и дека на евентуалниот четври мобилен оператор ќе му се исплати само ако работи како виртуелен кој би ја користел мрежата на постојните оператори, а својата понуда да ја насочи кон одредена група корисници. Оваа опција, сметаат експерти, е многу реална бидејќи мрежите на постојните оператори имаат капацитет технички да ги опслужат сите сегашни и идни потреби во Македонија.

 
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #429 Posted: 04-Sep-2008 at 22:18
Ме буни малце тоа како ОТЕ може да биде монопол, а како тоа ако мобилком ако го купи тоа не е монопол, кога веќе ВИП е влезен на пазарот?! Со телеком Словенија ситуацијата е друга. Они се влезени во фиксната телефонија преку он.нет, ама во мобилната сеуште не се влезени. Сепак би сакал да слушнам и некое попознато име додека се распише тендерот.
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #430 Posted: 04-Sep-2008 at 22:09

ВТОРИОТ МОБИЛЕН ОПЕРАТОР ЌЕ СЕ ПРОДАВА


Космофон пикиран од Мобилком и Телеком Словенија


Проценките се дека Космофон вреди околу 300 милиони евра и дека продажбата би завршила за девет до 12 месеци


Мобилниот оператор Космофон ќе се продава откако ќе се официјализира влезот на Дојче Телеком во грчки ОТЕ. Тоа значи дека германската компанија ќе учествува во управувањето во ОТЕ и на тој начин настанува и директно учество, односно контрола и врз Космофон, кој поседува 33 проценти од мобилниот пазар во Македонија. Ваков можен развој на настаните најави Панагис Вурлумис, претседателот на Управниот одбор на ОТЕ. Според него, продажбата на Космофон мора да се случи бидејќи фирма-ќерка на Дојче Телеком во земјава (Т-Мобиле Македонија) контролира околу 55 проценти од пазарот и поради регулативата еден од двата оператора ќе мора да се продаде.

Сепак, Вурлумис најави дека ОТЕ нема да брза со продажбата на Космофон. Прво, влезот на Дојче Телеком во ОТЕ треба да се официјализира откако ќе биде одобрен од ЕК со што германската компанија ќе има управувачко мнозинство во ОТЕ. Тој момент ќе предизвика нов монопол во мобилната телефонија во Македонија што е предмет на анализа на Комисијата за заштита на конкуренцијата која има рок од 90 дена да се произнесе во врска со концентрацијата што ќе настане.

Космофон вреди 300 милиони евра
Извори на ВЕЧЕР велат дека во Космофон веќе се подготвуваат да бидат продадени. Проценките се дека за тоа ќе бидат потребни од девет до 12 месеци. Како потенцијални купувачи се спомнуваат австриски Мобилком кој е газда на операторот ВИП, како и Телеком Словенија. На Мобилком би му одговарало да го купи Космофон кој се проценува дека вреди меѓу 250 и 300 милиони евра бидејќи ќе наследи приближно 650.000 активни телефонски линии, плус фиксна телефонија, вајмакс и 3-Г лиценца со чии услуги од компанијата најавуваат дека ќе стартуваат деновиве. Одличен залак Космофон би бил и за Телеком Словенија. Кога различните телекомуникациски услуги на оваа компанија би се споиле со интернет услугата што ја нуди неговиот Он.нет, би можел да стане вистинска конкуренција на Дојче Телеком на македонскиот пазар.

Дојче рашири чадор на Балканот
Договорот овозможува Дојче телеком да ја купи целата компанија ОТЕ, но со согласност од следните грчки влади. Зделката треба да биде одобрена од парламентот и од Европската комисија за конкуренција. До 2011 година Германците можат да докупат уште 15 отсто. За Дојче Телеком, преземањето на ОТЕ значи пристап до пазари како Бугарија, Романија, Србија и Албанија, проширувајќи ја дејноста во Централна и Источна Европа - од Балтичко до Средоземно Море.

http://vecer.com.mk/?ItemID=D87EEBB8A854504F976E6B94DD4C3469
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #431 Posted: 04-Sep-2008 at 17:18

11.08.2008 www.telekom.si

Telekom Slovenia Awarded EIB Loans

Today, Telekom Slovenia signed two contracts with the European Investment Bank on the loan of EUR 87 million altogether. The contracts cover two loans of EUR 61 million and EUR 26 million respectively which the bank awarded to Telekom Slovenia for the financing of the project of establishing mobile telephony in Kosovo.

The EUR 61 million loan is insured by a bank guarantee issued by Raiffeisen Zentralbank Oesterreich Ag as agent and Nova Ljubljanska banka, d.d. For the EUR 26 million loan, the EIB did not demand a commercial bank guarantee, it assumed the corporate risks itself on the basis of Telekom Slovenia credit standing.

Т2 вложуваат волку во косово па немало да вложат во 100 Gbit/s порт, туку ако влезат и тука и го купат космо ќе завршат исто доста добра работа и за себе а и за нас...



Edited by beTon - 14-Oct-2008 at 13:01
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #432 Posted: 04-Sep-2008 at 16:54

Originally posted by UrbanFreak

Да не ти е Пепи пријател или роднина што вака ги фалишBig%20smile

Далеку од тоа дека имаат најстабилен интернет Он Нет и далеку од тоа дека имаат 40 Gbps линк према Словенија. Сите наши ИСПа заедно немаат ни приближно толку. Можеби е точно е следново: Сопствениците на Оннет Словенси Телеком имаат од Словенија према горе на располагање толкав линк. Колку од тоа понатака они им оставаат на Косовскиот провајдер кој го имаат и ОННЕт е голем прашалник.

абе фалењето оди од лично задоволство, веќе некое време сум на нивниот адсл и работите и летаат и се доста стабилни, инаку веќе он.нет не одат преку мт.нет линковите откако ги презедоа словенците нормално кабелот одма го пуштија од горе па сега директно сме врзани на портот за виена а дека им оставаат цела цевка на нашиве тоа е сигурно, само е спорно дали системот е сеуште оној 40ката или како што вели пепи дека е сега 100, ова го кажа во емисија кај јанко кога со трендо го промовираа он.тел, можеби е само маркетинг но треба да се провери, па од таа стотка една третина да е ослободена за земјава по реципроцитет и тоа би било ептен екстра дали?! 

Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #433 Posted: 04-Sep-2008 at 13:31
Да не ти е Пепи пријател или роднина што вака ги фалишBig%20smile

Далеку од тоа дека имаат најстабилен интернет Он Нет и далеку од тоа дека имаат 40 Gbps линк према Словенија. Сите наши ИСПа заедно немаат ни приближно толку. Можеби е точно е следново: Сопствениците на Оннет Словенси Телеком имаат од Словенија према горе на располагање толкав линк. Колку од тоа понатака они им оставаат на Косовскиот провајдер кој го имаат и ОННЕт е голем прашалник.
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #434 Posted: 04-Sep-2008 at 12:34

околу IP адресите најверојатно тоа било случај на почетокот додека да направат компактна затворена мрежа на која  ќе се поврзува на бугарскиот порт?!

Реагираат и корисниците на кабелски интернет преку „Кејблтел“, дека според интернет-протокол (ИП) адресите се претставени во светот како да се жители на Бугарија. Тие при пребарувањето на интернет биле лоцирани како да се наоѓаат во Софија, поради што кога ќе отвореле насловна страница на „Гугл“, текстот бил на бугарски јазик.

- Кога се јавив на бројот за поддршка на корисниците и побарав да го сменат името на државата на ИП-адресата, ми одговорија дека е најважно да можам да си го отворам имејло, а другото и не е толку важно. Дали некој од надлежните во земјава води сметка за тоа како не' претставуваат во светот и какви услуги добиваат граѓаните во Македонија - прашува корисник на услугите на „Кејблтел“.  - Дневник 07.11.2007

додека за големината на портовите на кејблтел незнам ништо поконкретно освен дека се преку Бугарија, и повторно е прашање на капацитетот на оптиката што ја имааат поставено кај нас. инаку како најстабилни во моментов се он.нет кои влечат оптика од словенскиот Т-2 кој е колку што можам да најдам на нет на 40 Gbit/s WDM канали , иако директорот на он.нет Предраг Чемерикиќ кај Јанко во јади бурек последниот пат спомна нешто дека од 2008 се на 100  Gbit/s WDM канали од Словенија, но ништо поконкретно и официјално нема на нет...



Edited by beTon - 04-Sep-2008 at 12:34
Back to Top
UrbanFreak View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
  Quote UrbanFreak Quote  Post ReplyReply #435 Posted: 04-Sep-2008 at 11:53
Колку да се надоврзам, сите земаат интернет од некаде. Неотел од Србија, Бугарија и Косово мтнет исто од Србија и сателитски, Он нет. Причината е едноставна, главните чворишта во европа се во Франкфурт и Виена, па сите патишта водат натака. Географски ние сме релативно далеку но спредувајќи со земјите од соседството не стоиме воопшто лошо. Јас на работа имам неотел а дома телекабел и од двете сум презадоволен. 99% стабилност така што и не сум се јавувал многу во нивните центри за поддршка.
Back to Top
theone View Drop Down
Groupie
Groupie
Avatar

Joined: 05-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 0
  Quote theone Quote  Post ReplyReply #436 Posted: 04-Sep-2008 at 10:54
i

Edited by theone - 24-Aug-2012 at 00:23
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #437 Posted: 04-Sep-2008 at 10:29
@beton

Од технички аспект дијагнозата која ја даваш за Cabletel нема некоја логика. Проблемите кај нив се што делумно градат нова мрежа, делумна интегрираат постоечка (Cabletel стартуваше со купување на некои 13 кабелски оператори сите со разлилно ниво на развој и технолошка поставеност). Значи сето тоа е работа во прогрес во моментов, се инсталира многу нова опрема и мислам дека некаде во текот на 2009 веќе ќе бидат консолидирани.

Првата WiFi земја во светот беше само добра приказна на BBC. Тоа беше еден голем филм ништо повеќе. На крајот на краиштата да имаше логика за потполна WiFi покриеност на одредена територија сигурно немаше ние да бидеме првата земја.


Edited by pbanks - 04-Sep-2008 at 10:29
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #438 Posted: 04-Sep-2008 at 10:25
Никогаш не ми ја јавила ип адресата како бугарска, нема везе. Паќањето на мрежата се должи на тоа што уште работат на спојување на сите предходно посебни оператори. И тука малку се преоптеретија. Друга работа кај цаблетел на пример ме лажат со доунлоудот. Јас дома мерам едно, они тамо дупло.


Edited by lslcrew - 04-Sep-2008 at 10:26
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #439 Posted: 04-Sep-2008 at 10:22
колку што знам кејблтел влечат оптички кабел од Бугарија па и IP адресата се јавува како бугарска т.е. од Бугарија па и затоа има прекини во пакетите што се испорачуваат, незнам колкав капацитет има нивната оптика но далеку повеќе главоболки имаат од мт.нет и он.нет кои за сега се главни кога станува збор за нет, кои бар уште едно две три години ќе бидат најстабилни на ова поле, само незнам зошто оф.нет се откажа од вифи услугата дали заради екологија или арамилук, бидејќи многу тешко е да се заштиш од упади во таков систем, но добро е бар за скопје има алтернатива на тој план  www.skopjewifi.com  
Мрежата има 6 пристапни точки(сите се наMikroTik), сервиси(game servers-COD1/2,WOWC,CS; SIP:Voip, DC HUB, Jabber, FTP Servers, Web Servers,...), повеќе од 100 корисници.
Членоството е бесплатно! Бујрум!
, додека единствен комерцијален wifi оператор остана- стана канал16 од Ресен со хотспотови скоро на сите комерцијални плажи на преспанско како и во Ресен... не проколнаа тоа фалбите на bbc за wifi пионери!
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #440 Posted: 04-Sep-2008 at 09:38
Јас ич не сум задоволен од цаблетел. Еве баш сега ми снема интернет, и ако свртиш во инфоцентар или гледаат да те одјебат или па цел ден не ти крева мангупот.
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2021222324 28>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.297 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.