Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#441 Posted: 31-Aug-2009 at 15:44 |
Канадска инвестиција вредна 200 милиони долари
Канадска
инвестиција вредна 200 милиони долари. Во Македонија влегува фирма за
рециклирање на отпад и производство на енергија. Отворање на нови
работни места и обновлива енергија – е тоа што и е потребно на
Македонија вели претставникот на компанијата Дени Радев.
„Да
се собере отпадот и да се произведе обновлива енергија. Електрична
енергија што и е потребна на Македонија. Се работи за инвестиција од
200 милиони американски долари. Тоа е долг процес, многу пари, но се
надеваме дека за една година ќе биде завршена работата, изјави Дени
Радев – ЕИТИ интернационал.
Македонските бизнисмени од Америка и
Канада се во постојана трка за привлекување странски инвестиции.
Светската економска криза ги спречува членовите на Македонија 20245 во
нивната мисија. Претседателот на организацијата е оптимист.
„Има
заинтересирани, но не е баш најдобра климата поради економската криза
во Америка, што е многу тешка. Јас мислам дека кога ќе се подобри таа
клима мислам дека ќе има доста заинтересирани, изјави Митре Кутаноски –
претседател на хуманитарната организација “Македонија 2025“.
Економската
криза го забави процесот на инвестирање Но, сепак тоа не е пречка
странските компании да го прошират производството или да отворат нови
погони во Македонија –смета Премиерот Груевски. Тој во Торонто оствари
средби со македонски и канадски бизнисмени заинтересирани за вложување
во земјава.
„Сретнав многу компании, се сретнав со сите
здруженија на Македонци, разменивме мислења, бараа многу информации,
добија многу информации. Многу од компаниите ќе дојдат и во Македонија
да не посетат. Се надевам дека дел од овие разговори ќе вродат со плод
и дека доаѓањето на некои од нив во Македонија кое што веќе го најавија
и го потврдија ќе резултира и со некоја инвестиција, изјави Никола
Груевски.
Премиерот Груевски и членовите на македонската
делегација, работната посета на Канада ја завршија со бизнис форумот во
Торонто на средба со македонски и канадски бизнисмени.
http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?mId=44&eventId=52728 |
|
 |
kire85
Senior Member
Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
|
Quote Reply
#442 Posted: 17-Aug-2009 at 21:19 |
Originally posted by micko_v
Гледам дека многу се форсира варијантата на јаглен и нуклеарна енергија, додека не видовме никаква студија од МАНУ кога станува во прашање соларната енергија. Зборуваме за 2,5 милијарди евра и мин. 15 години реализација за нуклеарка, а за таа сума и во многу пократко време можеме да покриеме дел од потребите со соларни централи иако цената на мегават би била веројатно дупла повисока во однос на гасна централа.
|
 Toa mi bese i mene muabetot......kako sto si znaeme nie da gi organizirame rabotite, edna trafika da se krene moze da trae godina dena, a ne pa nuklearna centrala. Ne deka sum protiv, no se plasam deka ako si go zacrtaat ova resenie u glava i gi zanemarat site drugi opcii, moze da cekame i do 2050 za izlez od energetskata kriza.
|
 |
micko_v
Senior Member
Joined: 19-Jun-2009
Location: Firenze, Italia
Online Status: Offline
Posts: 123
|
Quote Reply
#443 Posted: 17-Aug-2009 at 16:27 |
Гледам дека многу се форсира варијантата на јаглен и нуклеарна енергија, додека не видовме никаква студија од МАНУ кога станува во прашање соларната енергија. Зборуваме за 2,5 милијарди евра и мин. 15 години реализација за нуклеарка, а за таа сума и во многу пократко време можеме да покриеме дел од потребите со соларни централи иако цената на мегават би била веројатно дупла повисока во однос на гасна централа.
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#444 Posted: 15-Aug-2009 at 13:00 |
Мариово спас за енергетската криза?
15.08.2009 13:40
Дали
Мариово ќе ја спаси Македонија од енергетската криза? Започнаа
истражувањата за наоѓалиштата на јаглен во овој крај, инвеститор е
ЕЛЕМ. Според студијата направена во 70-тите години, во
Мариово има околу 111 милиони тони на јаглен, количество доволно за 30
годишна експлоатација. Целта е наоѓање нови извори на енергија, бидејќи
Суводол кај Битола ги црпи последните количини. „Најмногу до сега
се истражени регионите околу селата Манастир и Бешиште, засега само
овој регион има највисок степен на истраженост, тие се ревидирани, а
извршени се и други подземни работи“, изјави Александар Иваноски,
инженер - геолог. Но експертите поделени. Според едни ова
богатство е одлична можност во Мариово да се направи термоелектрана
која би произведувала 1.400 гигават часови енергија на годишно ниво, со
што би се намалил увозот кој сега изнесува околу 2.600 гигават часови. „Тоа
е доста квалитетен јаглен, со карактеристики слични на лигнитот во РЕК
Битола, ние сега имаме еден домашен ресурс, домашен јаглен и со него
може да правиме и да располагаме како сакаме“, вели Зоран Божинкочев,
Земак. Според ЕЛЕМ во зависност од количините на јаглен кои што
би се пронашле тука и дали тој е исплатлив да се експлоатира, ќе зависи
дали во иднина тој јаглен би се транспортирал до РЕК Битола или тука би
се изградила мини термоелектрана. Според други експерти пак
најголемиот дел од јагленот треба да се копа јамски, бидејќи е на
длабочина од над 100 метри, што во старт е поскапа варијанта. Поскапо
ќе било да се копа отколку да се увезува. Според нив Македонија од
енергетската криза може спаси само со нуклеарка во Мариово. „Во
овој момент со јамска експлоатација јас мислам дека се уште не одговара
бидејќи ќе добиеме најмалку 20 проценти поскапа струја, отколку со
површинска експлоатација на јагленот. Треба прво да се изгради чебрен и
да се размислува за нуклеарка, тоа е поголем енергетски потенцијал за
Мариово отколку јагленот“, изјави Стојан Петкоски, рударски инженер. Но
сите се во едно согласни, Македонија може да доживее катастрофа доколку
под итно не започне со инвестирање на нови енергетски објекти кои кај
нас не се изградени со децении.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=112616
Edited by Cloverstack - 15-Aug-2009 at 13:30
|
 |
kire85
Senior Member
Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
|
Quote Reply
#445 Posted: 11-Aug-2009 at 17:09 |
Stvarno ne znam za ova.....pred nekoj mesec se aktualizira temava vo Makedonija da se izgradi nuklearka i sea se fatija site ko slep za stap za centralava, kao demek utre ke pocneme da ja gradime. Ne deka sum protiv, ako nesto takvo e navistina ostvarlivo uopste kaj nas, ama so edna mizerna iskoristenost na vodite, veterot i sonceto vo Makedonija stvarno smesno mi izgleda tolku mnogu da se diskutira za ova. Mozebi energetskite centrali koi koristat prirodni i neiscrplivi izvori ne bi davale tolku energija kako edna nuklearka, ama nasite potrebi bi gi zadovolile za da ne mora da uvezuvame struja, sto vsusnost bi trebalo da bide prioritet broj eden, a ne da letame vo oblaci i da se zanesuvame deka za 30-40 godini cel balkan od nas ke se snabduva.
|
 |
DiKej
Newbiе
Joined: 04-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#446 Posted: 10-Aug-2009 at 21:48 |
Originally posted by shaun.r
nerekov za nego deka nee ekspert, tuku najgolem ekspert od oblasta na nuklearnata energetika e Bosevski
|
Ok shaun
|
 |
shaun.r
Groupie
Joined: 06-Jul-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#447 Posted: 10-Aug-2009 at 10:21 |
Originally posted by DiKej
Браво за Хаџи-Мишев. Многу ми се свиѓаше текстот. Без кратење од новинарите, без додавање на глупости итн.. @Newbie: Незнам зошто мислиш дека само Бошевски е експерт. Хаџимишев е исто така експерт, само што неговите квалитети се во сенка поради цената на парното, па граѓаните го сметаат за лопов, безобразен и незнам си уште што не. Незнам дали ја имаш читано енергетската стратегија (он има удел во изработувањето). Таму главен акцент на периодот додека не се изгради нуклеарка (2030) се става на "те-то" објектите. Така да паѓа во вода дека он не е експерт. Мене многу ми се свиѓаат неговите ставови, и бизнис идејата што ја има, затоа и го поддржувам. Поздрав Во прилог енергетската стратегија: http://www.economy.gov.mk/WBStorage/Files/Strategija%20za%20razvoj%20na%20energetikata%202008-2020%20so%20vizija%20do%202030%20%28web%29.pdf
|
nerekov za nego deka nee ekspert, tuku najgolem ekspert od oblasta na nuklearnata energetika e Bosevski
|
 |
DiKej
Newbiе
Joined: 04-Aug-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#448 Posted: 10-Aug-2009 at 10:08 |
Браво за Хаџи-Мишев. Многу ми се свиѓаше текстот. Без кратење од новинарите, без додавање на глупости итн.. @Newbie: Незнам зошто мислиш дека само Бошевски е експерт. Хаџимишев е исто така експерт, само што неговите квалитети се во сенка поради цената на парното, па граѓаните го сметаат за лопов, безобразен и незнам си уште што не. Незнам дали ја имаш читано енергетската стратегија (он има удел во изработувањето). Таму главен акцент на периодот додека не се изгради нуклеарка (2030) се става на "те-то" објектите. Така да паѓа во вода дека он не е експерт. Мене многу ми се свиѓаат неговите ставови, и бизнис идејата што ја има, затоа и го поддржувам. Поздрав Во прилог енергетската стратегија: http://www.economy.gov.mk/WBStorage/Files/Strategija%20za%20razvoj%20na%20energetikata%202008-2020%20so%20vizija%20do%202030%20%28web%29.pdf
|
 |
shaun.r
Groupie
Joined: 06-Jul-2009
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#449 Posted: 10-Aug-2009 at 08:06 |
Originally posted by Cloverstack
Многу интересно и информативно интервју и фала богу без новинарска „поетска слобода“ (тресење глупости), туку е пренесено точно како што било дадено.
А следново не може а да не се искоментира. Зарем кај нас толку многу експерти толку долго време всушност наметнуваат непостоечка дилема со водата за ладење на потенцијалната нуклеарка???
Нуклеарната
електрана нема потреба од вода за ладење на реакторите, туку од вода за
ладење на ладилните кули, но тоа е друг процес. Во центарот на Париз
има нуклеарка. Денес се прават суви кули, или полусуви, хибридни
ладилни кули, кои воопшто или многу малку трошат вода. |
Инаку веќе некое време го менувам ставот околу тоа дали да се гради нуклеарка и се повеќе сум за таа опција. Но мораме да бидеме свесни дека огромна пречка и проблем ќе биде генералната неспособност на нашите институции. За проектот да биде успешен, ќе мора многу работи радикално да се сменат кон подобро!
|
edinstven ekspert za nuklearna energetika e Tome Bosevski eden od avtorite na strategijata..bidejki imam zavrseno elektro i bas energettika i sum poupaten vo ovaa problematika , i mene me cudat ekspertite od tipot na toj Tanasko koj e profesor na masinski fak(sto negledam dopirna tocka da polemizira okolu nuklearka pa i okolu hidroenergija) i mu go zabvoraviv imeto  tipot mi bese mentor na diplomskata i ne vazi za nekoj epten strucnjak...Inace zborot mi bese deka dodeka studirav se zborese deka Tome Bosevski uste vo 60 tite ima izraboteno studija za nuklearka u Mariovo so planirani Cebren i Galiste...e sega me cudi zasto na nivo na jugoslavija togas nikoj ne nasol za shodno da ja problematizira taa nuklearka..
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#450 Posted: 10-Aug-2009 at 05:09 |
Многу интересно и информативно интервју и фала богу без новинарска „поетска слобода“ (тресење глупости), туку е пренесено точно како што било дадено. А следново не може а да не се искоментира. Зарем кај нас толку многу експерти толку долго време всушност наметнуваат непостоечка дилема со водата за ладење на потенцијалната нуклеарка???
Нуклеарната
електрана нема потреба од вода за ладење на реакторите, туку од вода за
ладење на ладилните кули, но тоа е друг процес. Во центарот на Париз
има нуклеарка. Денес се прават суви кули, или полусуви, хибридни
ладилни кули, кои воопшто или многу малку трошат вода. |
Инаку веќе некое време го менувам ставот околу тоа дали да се гради нуклеарка и се повеќе сум за таа опција. Но мораме да бидеме свесни дека огромна пречка и проблем ќе биде генералната неспособност на нашите институции. За проектот да биде успешен, ќе мора многу работи радикално да се сменат кон подобро!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#451 Posted: 10-Aug-2009 at 04:02 |
На Македонија и' е потребна нуклеарка

Димитар Хаџимишев, прв човек на „Топлификација“
Гордана Дувњак Мирче Јовановски
Господине Хаџимишев, каде ја гледате енергетската иднина на Македонија?
Јавната
расправа е неопходна. Проблемот е што нема идеи. Има критики, но нема
идеи. Македонија нема многу опции. Тешко е да се прави стратегија кога
има многу опции, но кога има малку, работата е дефинирана. Ние имаме
премалку можности за потребите. Прво, хидроенергијата во Македонија е
маргинална. Она што е останато е многу скапо. Со Светска банка се
расправаме дали тие проекти економски воопшто се оправдани. На крај
ставот е: нека одат на тендер, ако некој има интерес да ги прави, ќе ги
прави. „Чебрен“ и „Галиште“ се огромни инвестиции. Има неколку
варијанти како може да се реализираат. Единствената опција е
меѓународен тендер, да се види дали некој ќе има интерес да го прави
тоа за пазар. За нив, најверојатно, ќе има интерес од големите
компании, на кои таков капацитет им служи како резерва. Затоа РВЕ и
„Вербунд“ се заинтересирани. Но, хидроенергијата не го решава
проблемот, бидејќи целокупните нови хидрообјекти се од еден до 1,2
терават-часови. Ако застане „Суводол“, Македонија ќе изгуби 4
терават-часови. А за развој, во првите седум-осум години и' требаат
најмалку 4 нови терават-часови.
Што е со другите енергетски ресурси со кои располага нашата земја?
Остануваат
две опции. Кај термоелектраните има две опции: јаглен или гас. Кај
јагленот, пак, има три опции: лигнит, со можност ние да произведуваме
или да купуваме од некого, на пример од Косово, и да го носиме тука.
Таа варијанта е многу малку веројатна и никој не ја препорачува,
бидејќи е врзана со еколошки проблеми. Втората можност е да се увезе
квалитетен јаглен. Тоа е реална варијанта ако „Суводол“ осиромаши
предвреме. Таму и сега се додава јаглен од „Брод Гнеотино“ и од
подинските слоеви, без што рокот на експлоатација на рудникот би бил
многу кус. Може да користи и квалитетен јаглен, но тој не може да се
употреби во постојните котли. Значи, ако се земе јаглен од увоз, мора
да се прави инвестиција во котлите. Инвестициите, пак, се
проблематични, од друга страна, бидејќи Светска банка и ЕУ велат: ако
влезете во ЕУ, ќе мора да се применат и еколошките стандарди на ЕУ, што
подразбира и инвестиции од 130-140 милиони евра за екологија. Плус, во
2020 година да се стават надвор од погон.
Се поставува
прашањето дали сето тоа има економска логика. Со влегување во ЕУ ќе
треба да се плаќа и за емисиите на јаглероден диоксид (ЦО2). И Светска
банка и експертите проценуваат дека по 2012 година цената на струјата
произведена од јаглен многу ќе поскапи, бидејќи и Бугарија и Романија
се во ЕУ, а и Србија се стреми кон ЕУ. Од 2012 година, Бугарија и
Романија ќе имаат обврска да плаќаат за емисиите на ЦО2. Тие плаќања
значително ќе ги зголемат цените за електрична енергија. И тоа на
пазарот на Балканот ќе ја зголеми цената на електричната енергија од
јаглен. Но, Македонија нема друг избор. Со нашиот трговски биланс, со
над 1 милијарда долари дефицит, замислете уште да купувате гориво за
електрична енергија. Или да купувате електрична енергија. Суштината на
јагленовата опција, која е предвидена во стратегијата, е дека ние имаме
јаглен, но, за несреќа, е во подземен коп. Површинските ископи со
„Суводол“ и „Брод Гнеотино“ завршуваат. Опцијата со македонски јаглен
во која било стратегија мора да се разгледа. Би било несериозно да се
оди на гас или нуклеарка без да се каже дали домашните ресурси кои се
на 80, 100 метри под земја се економски исплатливи.
Какви се процените?
Сите
модели во инвестициите се проби. Значи, таквите електрани се некаде 56,
57, 58 евра за мегават-час, што е конкурентна цена за 2012 година. Но,
Светска банка вели „да, но немаш за ЦО2“. Ако се додадат тие трошоци,
доаѓа до околу 70 евра, со што инвестицијата станува ризична. Но,
јагленовата опција мора да се проба, има реалност со таквите бројки и
затоа останува. Друго е прашањето дали ќе се прави. Следната фаза, која
и' ја предложивме на Владата, кога ќе биде усвоена стратегијата, е да
формира тимови за јагленовата опција, за гасната опција, за нуклеарната
опција... Тимот за јагленовата опција ќе си ангажира меѓународен
експерт, консултант. Немаме капацитет, некој кој ќе изработи
претфизибилити-студија. Тоа е првиот документ што се прави за една
инвестиција.
Зошто е неопходен надворешен експерт, не може ли некој домашен да го направи тоа?
Која
било банка им верува само на одреден број фирми. Мојата
физибилити-студија банката нема да ја гледа. Можеби е најдобра, но,
вели, простете, не знаеме кои сте. Нам за проектот на гасната централа
ни предложија четири фирми. Ако не, одете во друга банка. За сите овие
активности се потребни шест-осум месеци, значи во рок од една година
откако ќе се усвои стратегијата ќе се има став за инвестирање.
Разработени се и опции, на пример, дали ЕЛЕМ ќе инвестира, значи
државна инвестиција, дали ќе се оди на јавно-приватно партнерство или
на меѓународна концесија... Една од опциите е државата, односно ЕЛЕМ,
да исфинансира 2,5 милијарди евра.
Иако изгледа чудно, но ако
му дадат на ЕЛЕМ цена колку што треба да има, значи да има 50 милиони
евра профит, колку што мора да има според методологијата, тој ќе стане
инвестиционо способен и ќе почне да работи. Меѓутоа, таа опција е
генерално лоша, бидејќи државата е лош стопанственик, нема капацитети и
тие инвестиции се проблематични.
Втората опција е гасот. Таму,
дефинитивно, застанавме на став дека во Македонија може да има две
големи гасни централи, едната што ја правиме ние („Топлификација“) и
уште една. За да се направи таков објект, треба да има потреба од
топлина и во градот треба да има некој кој претходно трошел топлина да
му се супституира. Бидејќи, ако се донесе нова гасна електрана во
Скопје, ќе ја забранат од екологија. Гасот е чист, но тој произведува
азотни оксиди што се проблематични. Не можевме да ја направиме гасната
електрана ако претходно не користевме мазут и сега правиме подобрување
на средината.
Што е со идејата за нуклеарка. Дали имаме основни предуслови, пред се', вода за ладење на реакторите?
Нуклеарната
електрана нема потреба од вода за ладење на реакторите, туку од вода за
ладење на ладилните кули, но тоа е друг процес. Во центарот на Париз
има нуклеарка. Денес се прават суви кули, или полусуви, хибридни
ладилни кули, кои воопшто или многу малку трошат вода.
Сакате да кажете дека технолошки нема пречка за изградба на нуклеарка? Што е со економските аспекти?
Економските
аспекти, по истите модели што ги проверувавме јагленовите опции,
покажуваат дури и подобри карактеристики, меѓу 50 и 52 евра за
мегават-час, за инвестиции од три милијарди евра, што е скапо. Со
претпоставка дека трошокот за гориво е околу 12 отсто од цената на
струјата. Нуклеарката покажува и подобри резултати, во зависност кое е
времето на враќање со трошоци на деактивација. Освен водата, заблуда е
и складирањето на горивото. Еве една анегдота: кога поранешна
Југославија се подготвуваше да прави шест нуклеарки, клучниот проблем
не беше складирањето на горивото, туку Југославија бараше да и' остане.
Руските понуди беа дајте ни го горивото, поевтини сме. Значи, има кој
го сака, има и каде да се складира. Од друга страна, кај нас се вели
дека не не' бидува комунална хигиена да водиме, а не пак нуклеарка.
Јасно е дека не не' бидува, но, исто така, јасно е дека интересот е
голем. Кој ќе направи прв нуклеарка во регионот - тој ќе биде добар.
Според мое лично мислење, „Белене“ апсолутно не е во предност и тоа се
докажа. Дојде Бојко Борисов и го стопира. Нуклеарка на Балканот ќе
направи некоја моќна компанија од моќна држава ако државата каде што се
прави даде услови да му биде партнер. Мојот предлог беше државата да
има учество 20 отсто, да најде моќен оператор и тој да биде главен, а
се знае кој е, тоа е Америка. Нуклеарната електрана има многу повеќе
политичка димензија отколку техничка.
Сите земји во околината излегоа со свои планови да градат нуклеарки. Не мислите дека е малку доцна за Македонија?
Не
е предоцна, но мора да се најде партнер-оператор кој ќе има интерес, со
добра поддршка, кој ќе го забрза тоа. Се разбира, од денеска за
петнаесетина години, меѓутоа, затоа се јагленовата и гасната опција да
се премости тој период. Но, тоа дефинитивно без поддршка на моќна
држава и моќен партнер нема шанса да се направи. Не случајно Бугарите
го зедоа ЕРВЕ. По Американците, кои се најмоќни, тие се, нема друг.
Мислам дека Европа станува интересно место за инвестиции во
енергетиката, посебно Балканот, бидејќи Балканот има дефицит и, второ,
со изградбата на два далекувода со кои се поврзуваат два големи
импортери на енергија, Грција и јужна Италија, најлесно е да изградиш
какви било инвестиции во држави како Македонија и Албанија.
Зошто толку се одложуваше со донесување на стратегијата?
Прво,
ние во енергетскиот сектор немаме капацитет. Тој сектор беше и се' уште
грото е државен, каде што се менуваат тимовите како што ќе дојде
партија, партиските структури имаат многу слаб супорт во тој сектор и,
едноставно, ако не беше ова јадро кое одамна работи во општата
енергетика, каде што се врзани економијата, енергетика и пакетите кои
во МАНУ и на Електротехничкиот факултет одамна се носеа, немаше шанси
ни да се изработи. Иако стратегијата на Македонија е многу лесна,
бидејќи има само три-четири опции. И покрај тоа, и ова се донесе многу
тешко. МАНУ одеше на тендер, што е глупост.
Колку се точни шпекулациите дека меѓу акционерите на „Топлификација“ има високи функционери на власта?
Тоа покажува незнаење за акционерството. Кој сака - може да провери,
доволно е да купи една акција од „Топлификација“, сега чини околу 60
евра, и го добива целиот список на акционери. Проблемот со акционерите
е друг. Не за нас, туку за секое акционерско друштво. Што фајде што ги
знаат, никој не ги прашува од каде им се парите што купиле акции.
Акционерската структура на „Топлификација“ е многу едноставна, најголем
акционер е „Потеза“ со околу 18 отсто акции, потоа има еден акционер
кој има 1,5 отсто и потоа речиси сите се под еден отсто.
„Топлификација“ има 2.500 акционери на последното собрание.
„Топлификација“ е единствена фирма во Централна и Источна Европа кај
која со приватизацијата расте бројот на акционери. Кај сите други
бројот на акционери опаѓа, бидејќи управните одбори ја преземаат
фирмата. Поради тоа, ние сме една од ретките компании што има
акционерско собрание со 400 акционери.
Македонија е исполитизирано општество. Какво е влијанието на политиката врз бизнисот?
Јасно
е оти има големо влијание во бизнисот. За „Топлификација“ можам да
кажам дека во овие 19 години на транзиција остана имуна на политика.
„Топлификација“ никого не спонзорирала во политиката. Мора да
соработуваме со секоја власт, бидејќи сме во доменот на енергетиката.
Пред регулаторот, нашата цена ја дефинираше Владата и мораше да
соработуваме со секоја власт и тоа од ниво на референт до премиер.
Меѓутоа, енергетскиот сектор генерално е под големо влијание на
политиката. Ние сме го почувствувале тоа. Главно преку добивањето цени.
За 17 години сум имал средби со сите премиери со часови. Дури и
да имало барања, биле многу мали и на пониски нивоа, за вработувања
итн. Од тој аспект „Топлификација“ во периодот на транзиција немала
таков ефект. Влијанието на политиката била преку цените на топлинската
енергија. http://utrinski.com.mk/?ItemID=8954C8C50113D74C956501E95B1B0AC6 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#452 Posted: 04-Aug-2009 at 01:59 |
Ветерници - страшни џинови или енергетски пријатели?

До 2020 година, државите на ЕУ ќе добиваат 20 отсто од енергијата преку обновливи извори
Миркица Поповиќ
Економската и климатската криза уште повеќе ги алармираат државите
од ЕУ да работат активно на исполнување на амбициозната енергетска
стратегија, која предвидува до 2020 година државите на ЕУ да добиваат
20 отсто од енергијата преку обновливи извори. Во 2008 година, во ЕУ
вкупно 64.949 мегавати-енергија доаѓаа од ветерниците. На глобално
ниво, градбата на овие фарми со ветерници креирала 35.000 нови работни
места.
Во Македонија за фарми со ветерници се' уште се
преговара. Израелско-британската фирма ЕИЏ во ноември 2008 потпиша
договор со Општина Свети Николе за изградба на 90 ветерници. Интерес за
изградба на фарма со ветерници во Овчеполието лани пројавија и
шпанската фирма „Инвал“ и австриската „Нова енергија“. Засега нема
прецизни рокови кога би стартувала изградбата на фарми со ветерници во
нашата држава.
Неодамна енергетските експерти и аналитичари во
државава ја критикуваа националната енергетска стратегија на МАНУ,
делумно бидејќи во неа воопшто не е предложен план за користење
обновливи извори енергија, како што е енергијата на ветрот. Трпе
Груевски од Здружението за обновлива енергија тогаш потенцира дека,
наместо предлогот на МАНУ за градење нуклеарна централа, потребно е да
се инвестира во соларни централи и ветерници. „Македонија има 265
сончеви дена во годината, а во Скопје 230 се такви. Според извршените
мерења на брзината на ветрот, во државата има 20 поволни локации на кои
има услови за добивање струја“, образложи Груевски.
Владата,
барем за оваа година, нема предвидено буџетски средства за инвестирање
во енергијата од ветер. На оваа тема, на минатонеделната седница за
собраниски прашања, Лилјана Поповска од ДОМ го праша министерот за
финансии, Зоран Ставрески, дали Владата размислува за земање „зелени
кредити“, со кои би се финансирале обновливите извори на енергија.
Ставрески изјави дека Министерството за финансии и Владата се отворени
за разгледување на овие можности, во насока на одредбата за користење
извори на обновлива енергија и зачувување на животната средина. „Ќе ги
испитуваме можностите што стојат на располагање кај одредени институции
од каде што би можеле да се добијат такви средства и, зависно од
просторот во фискалната стратегија за задолжување на земјата за оваа
намена, ќе направиме соодветни планирања за следните години“, додаде
министерот.
Деновиве и од нашата најблиска ЕУ-држава Грција
стигнаа најави дека таа во наредниот период поактивно ќе се вклучи кон
остварување на енергетската стратегија на ЕУ. Имено, Грција произведува
само 985 мегавати-енергија со помош на ветерници, што е само 1 отсто на
глобално ниво. Најголем дел од енергијата се произведува од ветерниците
на грчкиот остров Крит и од ветерниците поставени на фармата на
ветерници на планината Панахаико, близу Патра. Негативниот став на
населението за изградба на ветерници е една од причините зошто Грција
недоволно ги користи можностите и местоположбата што ја има. Имено,
голем дел од жителите на грчките острови, за кои енергетските експерти
сметаат дека се најповолни локации за поставување ветерници, се плашат
дека монструозната големина на ветерниците и бучноста од работата на
перките ќе бидат непривлечни и непријатни за туристите.
Меѓутоа,
како што велат и од грчкото здружение за енергија од ветер, климатските
промени не можат да чекаат на естетика. Поради тоа, минатата недела
Грчкиот национален совет за енергетска стратегија предложи сценарио за
користење обновливи извори на енергија, пред се' ветерници, природен
гас и големо штедење енергија за подобро справување со потенцијалниот
недостиг од енергија во државата. Иако поради економската криза
енергетската побарувачка е видно намалена, сепак, според извештајот за
долгорочно енергетско планирање на советот, во следниот период ќе дојде
до нагло растење на енергетските потреби.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=AC9B1CB666CB5345B63AA25F7B835180 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#453 Posted: 29-Jul-2009 at 02:50 |
Отстранети 50 стари трансформатори
ЕВН Македонија отстрани 500 стари трансформатори кои беа надвор
од употреба и кои претставуваа потенцијална закана за околината поради
присуство на старо нееколошко масло. Како што информираат од
компанијата се работи за масло кое во светот не се користи повеќе од
две децении, а кое доколку дојде во допир со други материи испушта
отровни состојки опасни за животната средина и за здравјето на луѓето.
Оваа сложена активност, екипите на ЕВН Македонија ја завршија пред
предвидениот рок. -Трансформаторите не биле проверени и отстранети
со децении, велат од ЕВН Македонија и додаваат дека сега тие се
дислоцирани во специјални бункери во Германија каде целосно се
разложуваат и уништиваат.
ЕВН Македонија ја започнаа оваа акција во соработка со
Министерството за животна средина и просторно планирање, а главна цел е
отстранувањето на отровни материи од трансформаторите. Од
дистрибутивната компанија велат дека со континуирано вградување на нови
трансформатори, старите ќе се уништуваат на соодветен еколошки начин.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=74C39BB1F53F9941A218B4916D693BB8 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#454 Posted: 25-Jul-2009 at 02:21 |
Конкурентни инвестиции во енергетиката
Стратегијата
предвидува нашата енергетика да биде добро интегрирана во енергетскиот
пазар во регионот и во светот и ќе има и увоз и извоз на енергија, вели министерот за економија Фатмир Бесими

Државата мора да осигури дека големите инвестиции во енергетиката,
особено во хидроелектраните, ќе бидат конкурентни на поширокиот пазар,
порача Питер Јохансон од Светската банка, зборувајќи на вчерашната
јавна расправа по Предлог-стратегијата за развој на енергетиката
2008-2020, која ја изработи МАНУ.
Тоа беше неговата критика на
мегаломанските проекти и тендерски услови, кои се нудат од страна на
државата. Јохансон, исто така, препорача ценовни и тарифни реформи за
централното греење и електричната енергија, како и на регулаторната
рамка во целина со заштита на социјално загрозените семејства.
-
При читањето на нацрт-верзијата на стратегијата не можеме, а да не
признаеме дека се работи за добри приоритети. Но, треба да се каже дали
може поинтензивно да се работи на ефикасноста, односно повеќе да се
зборува за заштедите во енергијата - посочи Јохансон.
Академик
Томе Бошески нагласи дека на земјава и' се неопходни големите
акумулациски хидроцентрали. Според него, покрај за производство на
електрична енергија, хидроелектраните ќе служат и за регулирање на
водостојот. Тој смета дека „идните концесионери сигурно добро ќе ја
преиспитаат и нивната економска оправданост“.
Водачот на тимот
што ја подготви стратегијата, академик Глигор Каневче, објасни дека
остануваат двете главни сценарија за развој на енергетиката, едното со
нуклеарна централа со моќност од 1.000 мегавати и една термоцентрала од
300 мегавати, а другото со три термоцентрали од по 300 мегавати.
Во
двете сценарија е предвидена изградба на нови хидроелектрани со вкупна
моќност од 780 мегавати, три топлински гасни електрани за комбинирано
производство на електрична и топлинска енергија (ТЕ-ТО) со вкупна
моќност од 564 мегавати. Се предлага и поголемо користење на природниот
гас во домаќинствата и индустријата како супституција за електричната
енергија.Професорот Константин Димитров, од Македонскиот центар за
енергетска ефикасност (МАЦЕФ), коментираше дека стратегијата дава
насоки за финансирање на проектите.
- Државата треба да одбере
едно од сценаријата што се предложени во рамките на своите финансиски и
политички можности. Кое ќе се одбере зависи од тоа колку ќе успееме да
привлечеме странски капитал на повеќе начини, преку концесии,
инвестиции, но и колку можеме како држава да издвоиме пари од сопствени
извори - рече Димитров.
Според него, енергетиката е таква
област кај што мора многу да инвестирате, а парите ви се враќаат на
долг период. Но, тој посчи дека „во енергетиката инвестициите се
сигурни и парите се враќаат, но не преку ноќ“.
Министерот за
економија Фатмир Бесими најави дека стратегијата предвидува оти во
наредниот период нето-увозот на струја ќе се намали, но тоа „не значи
дека ќе се задоволи домашната потрошувачка со домашно производство“.
-
Нашиот енергетски пазар ќе биде отворен и ќе има поголем проток на
енергија, и увоз и извоз. Тоа е битно од економски аспект затоа што
нето-увоз на енергија значи одлив на девизи, а нето-извоз значи прилив
на девизи - рече Бесими, додавајќи дека станува збор за стратегија што
предвидува нашата енергетика да биде добро интегрирана во енергетскиот
пазар во регионот и во светот.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=2D0444661FF81149BA19E84BB602EC95 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#455 Posted: 22-Jul-2009 at 23:13 |
Македонија изолиран остров и во енергетиката

Новата стратегија не предвидува можности за регионално поврзување во енергетскиот сектор
Соња Маџовска
Македонија е изолиран остров и
во енергетиката, тврдат експертите. Новата енергетска стратегија не
предвидува можности за регионално поврзување во енергетскиот сектор, со
што автоматски ни се заканува енергетски мрак, за што вината нема да се
бара во идните генерации, туку во сегашните кои не успеале да направат
ништо да го спречат за тоа. Според аналитичарите од оваа сфера,
изминативе години повеќе се растураше отколку што се градеше, затоа е
дојдено пет до дванаесет, кога натрупаните проблеми треба да почнат да
се решаваат.
„Не е познато според која методологија е
направена стратегијата. Недостасува инвестициона менаџмент-анализа. Не
се дадени можности за регионално поврзување. Македонија се третира како
изолиран остров, што сметам дека не треба да биде стратегиска
политика“, вели Вангел Фуштиќ.
Енергетската стратегија во
земјава ја изработи МАНУ, без да консултира странски експерти, или
компаниите кои работат во земјава. Само за споредба, во Хрватска на
нивната енергетска стратегија работеле 75 лица од 27 домашни и две
странски институции.
„Домашната стратегија не може да се
нарече стратегија, туку предлог на стари предлози на можни енергетски
проекти. Нема компаративни анализи, стратегиско планирање, нема анализа
за финансиска изводливост, нема нови идеи. Нема одговор како
домаќинствата во 2015 година ќе ја плаќаат цената на струјата.
Конкретно за старите проекти, ’ХЕЦ5‘ е невозможно да профункционира до
2015 година. Требаше да биде готова до април годинава, а се' уште нема
ниту брана ниту машинска зграда. ’Бошков мост‘, исто така, се
предвидува да профункционира до 2015 година. Нема шанси. Ако се земе
фактот дека се' уште не е завршена тендерската постапка, а за изградба
на еден ваков проект се потребни најмалку осум години. Тоа важи и за
проектот Вардарска Долина“, вели професорот Атанаско Туневски.
Експертите
сметаат дека земјава не треба ниту да размислува за изградба на
нуклеарка. За нејзина изградба се потребни многу повеќе средства
отколку што се проектирани во стратегијата, само 2 милијарди евра, а
Македонија нема ниту доволно вода, ниту соодветна локација на која би
можело да никне нуклеарка. „Ниту една нуклеарка не е изградена во мала
земја. Ако се случи една хаварија, Македонија ќе ја снема. Таа идеја не
треба веќе ни да се споменува. Наместо нуклеарка, треба да инвестираме
во соларни централи и ветерници. Земјава има услови за тоа. Имаме 265
сончеви дена во годината, во Скопје 230 дена се такви. Според
извршените мерења има 20 локации, на кои има услови за искористување на
ветерот“, порача Трпе Груевски од Здружението за обновливи извори на
енергија.
Од ЕВН, пак, сметаат дека во земјава се одржува
нереална цена на струјата што ги одвраќа инвеститорите. „Македонија не
треба да остане изолиран остров и треба да се вклучи во регионалните
проекти, а не да ни пропаѓаат проекти. Стратегијата е фокусирана на
актуелната состојба и нема развојната димензија“, истакна Сашо
Псалтировски од ЕВН. Според него, во стратегијата нема концепт, ниту
како да им се помогне на социјалните категории, а тоа не можно во земја
со огромен број сиромашни.
Инаку, во нацрт-документот што ги
дава насоките за развој на енергетиката до 2020 годинасо визија до 2030
година, МАНУ предвидува две сценарија, без или со изградба на атомска
централа. Во првото сценарио за реализација на инвестициите Македонија
ќе треба да обезбеди 4 милијарди евра, а пет милијарди со изградба на
нуклеарка. Пари за проектот МАНУ препорачува да се обезбедат преку
поскапување на струјата што ја плаќаме најевтино во регионот.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=8C6E5C1587EAEC45B021901ABFDED82B |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#456 Posted: 20-Jul-2009 at 02:25 |
Законот за енергетика наесен ќе се менува
По
предупредувањето од Европската енергетска заедница дека Законот за
енергетика не соодветствува со политиките на Европската Унија, можно е
тој наесен да претрпи измени. Како што информираше министерот за
економија Фатмир Бесими иако досега официјален извештај до македонските
институции не е пристигнат, сепак нашето законодавство ги следи
препораките со цел да се приближи кон она на ЕУ.
-Потребата за усогласување со политиките на ЕУ е значајна и поради
економскиот ефект кој ќе го има земјава со зачленување во европското
семејство, смета Бесими. Тој појаснува дека она што сакаме да го
продадаме во Европа, мора да биде според стандарите на Унијата. Инаку,
деновиве Европската енергетска заедница од Владата побара за два месеци
да се смени Законот за енергетика. Заедницата има забелешки за
состојбите во енергетиката и либерализацијата на енергетскиот пазар. http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=6B3C6E406EE5004084E8C48BFE42929C |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#457 Posted: 10-Jul-2009 at 14:58 |
Нова трафостаница во Хиподром
Нова трафостаница од 10 киловолти е пуштена во употреба во населбата
Хиподром, во близина на спортскиот полигон, соопштија од ЕВН.
-
Со новата трафостаница е решен долгогодишниот проблем на жителите од
оваа населба, кои се соочуваа со низок напон и неквалитетно снабдување
со електрична енергија поради интензивна дивоградба на семејни објекти.
Новата трафостаница со новите нисконапонски изводи претставува трајно
решение за квалитетно снабдување со електрична енергија - велат од ЕВН.
Досега
жителите од оваа населба се напојуваа преку долг и стар извод од
трафостаницата Маџари, што беше причина за честите прекини на
електричната енергија.
- Трафостаницата беше изградена во
рекордно време, а ЕВН Македонија и понатаму ќе биде отворена за
соработка со сите редовни и совесни потрошувачи и ќе одговара на
нивните потреби - вели Карл Хајнц Грасман, заменик-претседател на УО на
ЕВН Македонија. |
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=892C784DC912064BB154BA81E42B9A1F
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#458 Posted: 09-Jul-2009 at 03:15 |
Три компании во трката за Чебрен и Галиште
Според Фатмир
Бесими, министер за економија, потенцијалниот инвеститор влегува во
јавно приватно партнерство со државната енергетска компанија Електрани
на Македонија
Конзорциумот составен од германската компанија RWE-AG и
словенечки HSE, италијанската ENEL SpA и автсиската компанија Verbund
се трите потенцијални инвеститори за изградба на големите хидроцентрали
Чебрен и Галиште. Тие имаат обврска до 15 октомври годинава до
Министерството за економија да ги достават своите понуди, по што ќе се
врши нивно финасиско вреднување. Според Фатмир Бесими, министер за
економија, потенцијалниот инвеститор влегува во јавно приватно
партнерство со државната енергетска компанија Електрани на Македонија. -
На тендерот за изградба на големи хидроцентрали на Црна Река се јавија
десетина компании, но за Комисијата само три од нив ги исполнија
условите. Владата го прифати нејзиниот избор и сега тендерот влегува во
втората фаза - вели Бесими. Тој нагласи дека компаниите веќе се
поканети да ја подигнат тендерската документација.
Според министерот на 23 февруари годинава е извршена презентација за
сите заинтересирани инвеститори, при што детално се објаснети условите
на вториот по ред тендер. ЕЛЕМ како парнер во проектот има обврска да
ги плати трошоците за експропријација на земјиштето каде што ќе бидат
лоцирани објектите, но и да изгради трафостаница и далноводи. -
Електрани на Македонија имаат обврска да ги изградат и патиштата до
хидроцентралите, машинската зграда, како и да обезбедат концесија за
вода, но и останатите потребни лиценци, објаснува Бесими. За министерот
преку учеството на ЕЛЕМ државата ќе треба да го обезбеди својот интерес
од изградбата на овие енергетски капацитети кои ќе бидат значајни за
електроенергетскиот систем во земјава.
ЕЛЕМ во новата компанија што ќе се формира со потенцијалниот
инвеститор ќе партиципира и со ТЕЦ Тиквеш која во моментов произведува
околу 200 гигават-часови електрична енергија. Она што ќе биде биде
пресудно во изборот на новиот инвеститор е висината на влогот што ќе ја
понуди за инвестицијата. Според досегашните проценки за изградба на
двете хидроцентрали ќе бидат потребни околу 700 милиони евра. Бесими не
знаеше во новата компанија колкав ќе биде процентот на партиципација на
ЕЛЕМ.
Двете хидроцентрали се со капацитет од приближно 600 мегавати.
Предвидено е Чебрен да биде со моќност од 330 мегавати, а Галиште од
околу 200 мегавати. Произведената електрична енергија треба да биде
наменета за домашниот пазар.
http://www.vecer.com.mk/default.asp?ItemID=FDB402BF337101449551302272E8CD3E |
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#459 Posted: 30-Jun-2009 at 20:05 |
Барем некој спомнал за ова, невероватно земја со толку сонце, а ние ќе изигаваме „нуклеарна земја“
Се забележува и на недоволниот третман на соларната енергија. „Во
Европа пет милиони колектори се продаваат, со 30 до 50 проценти годишна
стапка на развој на соларната енергија или на апликацијата на соларната
енергија, што до 2020 година ќе биде околу 150 до 200 милиони колектори
во Европа, или тоа би било повеќе 0,5 метри квадратни на жител“,
нагласи Илија Насов, Асоцијација на соларна енергија. |
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#460 Posted: 30-Jun-2009 at 19:43 |
Јавна дебата по нацрт енергетската стратегија. Веста за жал не вклучува премногу детали...
Може ли Македонија да има нуклеарка?
30.06.2009 20:03
 | Томе Бошевски |
| |
Дел
од експертите и енергетските компании со критики, изготвувачите со
пофалби за енергетската стратегија. Согласни се во едно - итно се
неопходни инвестиции. „Профитот во изминатите 20 години, кој
се слеваше заради ниската, депресивната цена на електричната енергија,
не отиде назад во развојот на електро-енергетскиот систем“, изјави
академик Томе Бошевски. Од „Гама“ порачаа - власта да лобира барем еден крак од гасоводите во регионот да минува низ наша територија. „Ресорните
министерства задолжени за овие прашања да бидат поприсутни и да
лобираат да еден таков крак помине низ Македонија, затоа што тоа се
огромни средства коишто се прибираат за транспорт на природен гас“,
рече Ристо Манов од „Гама“. Дел од енергетските компании доставиле забелешки дел допрва тоа ќе го сторат. „Стратегијата
е повеќе фокусирана на претставување на актуелната состојба, отколку на
потребата од реформа на енергетскиот сектор“, вели Илија Спировски, ЕВН.
„Писмено ќе доставиме забелешки до изготвителите“, изјави Илија Хаџидаовски, „Макстил“. Се забележува и на недоволниот третман на соларната енергија. „Во
Европа пет милиони колектори се продаваат, со 30 до 50 проценти годишна
стапка на развој на соларната енергија или на апликацијата на соларната
енергија, што до 2020 година ќе биде околу 150 до 200 милиони колектори
во Европа, или тоа би било повеќе 0,5 метри квадратни на жител“,
нагласи Илија Насов, Асоцијација на соларна енергија. Во делот на
нуклеарната енергија поделени мислења. Од Министерството за животна
средина без прецизен одговор дали за нив е прифатлива изградба на
атомска централа во земјава. „Идните програми за спроведување на
стратегијата ќе дадат поцелосен преглед за начинот на спроведување на
избраната опција којашто Владата ќе ја прифати, затоа што нуклеарната
енергана е само една од двете понудени опции“, рече Теодора Крнџарова,
Министерство за животна средина. Идејата за нуклеарна централа
веќе е оспорувана од поголем дел експерти. Тврдат дека немаме ниту вода
за ладење ниту може да се вклопи во системот. |
http://a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=110777
|
 |