![]() |
![]() |
![]() |
Булевар Илинден |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2223242526 36> |
Author | |
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
НАДЛЕЖНИТЕ РЕШИЈА
Првите 500 метра на Илинденска готови во јуни Ако нема проблеми со временските услови, проширувањето на првата делница на Илинденска, од крстосницата со улицата Наум Наумовски - Борче до Рузвелтова, во должина од 500 метри ќе доцни само 15 до 20 дена. Ова било договорено на состанокот што градоначалникот Коце Трајановски го имаше со фирмата изведувач „Гранит“. - Во моментов се реализираат повеќе активности како подготовка за завршната фаза. Асфалтот е изгребан, се поставува финалниот слој на новооформените коловозни ленти, дислокацијата на подземната инфраструктура е при крај и поставени се новитеподземни инсталации. Исто така, во тек се подготовки за поставување на новото улично осветлување и за проширување на крстосницата кај фонтаната. По целата траса се поставени рабници и трасирани се пешачки и велосипедски патеки, а во тек е и изградбата на новата ограда за бараките на Град Скопје, која беше дислоцирана од старата траса. Изведена е и мрежата за сливници со регулациони шахти за атмосферските води - велат од одделението за односи со јавност на Градот. Оттаму додаваат дека динамиката за останатите два дела кои треба да се прошират, од Рузвелтова до булеварот 8 Септември и од Фонтаната до булеварот Свети Климент Охридски, ќе се одреди кога ќе почнат градежните работи и тогаш ќе се знае дали првичниот рок ќе бил незначително пробиен или работите навремено ќе завршат. |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Еве неколку слики од денес од самрак
1. Се поставуваат канделабрите. Ми се допаѓа што ги има од двете страни, со овој профил од 4 ленти, улицата ќе блеска навечер. ![]() 2. ![]() 3. Се прават припреми за враќање на оградата од општината. Залепена до самиот рабник на улицата. ![]() |
|
![]() |
|
leonid23 ![]() Senior Member ![]() ![]() БАНИРАН Joined: 30-Nov-2009 Location: Strumitza Online Status: Offline Posts: 579 |
![]() ![]() |
Илинденска не доцни, туку „одмара“ за викенди
Иако градоначалникот Трајановски призна дека проширувањето на улицата ќе доцни поради подземна инфраструктура, од неговиот кабинет смируваат дека се' е во предвидената динамика Откако градоначалникот Коце Трајановски пред три дена призна дека проширувањето на улицата Илинден ќе доцни поради проблеми со подземни инсталации, вчера од неговиот кабинет пристигнаа смирувачки изјави дека се' се одвивало како што предвиделе. Градоначалникот Трајановски, како што пренесоа медиумите, деновиве се пожали дека подземните инсталации ја закочиле изведбата на „Т“ раскрсниците кај фонтаната „Лотосов цвет“ и таа кај Зоолошката градина. За тоа на колку време ќе биде одложено завршувањето на правата фаза од проширувањето, Трајановски најави одговор за вчера, по состанок со изведувачот „Гранит“. Но, наместо одговор дали на крајот од летото „Илинденска“ ќе биде пуштена за сообраќај, по одржаната средба од Градот не прецизираа ништо. Си дадоа екстра-време од две-три недели, со тоа што крајниот рок го дополнија со плус денови, кои во почетокот на градежните работи не беа споменати. - Реализацијата на втората фаза на Илинденска, од фонтаната до раскрсницата 8 септември, се реализира во рамки на предвидените рокови во проектот. Предвидени беа 120 работни дена, но без викенди и државни празници, а во оправдано доцнење се и деновите во кои поради временските услови не ќе може да се работи - изјавија од градското одделение за односи со јавност. Она што градоначалникот Трајановски го спомена како клучно, дека не е истражено какви инсталации има под земја на местата каде се проширува, од Градот вчера го негираа. Тие сега тврдат дека во зафатот за „Илинденска“ влегле со целосен увид на подземјето. - Во овој проект Градот влезе со целосно предвидени ситуации за состојбата со подземните инсталации, имотно-правните односи и со комплетна сообраќајна студија за времени сообраќајни решенија. Нашата инфраструктура беше благовремено дислоцирана, а згора на тоа беше инсталирана нова атмосферска канализација со огромен зафат на атмосферски води - изјавија градските власти. Од „Гранит“ вчера останаа недостапни да кажат дали „Илинденска“ ќе биде изградена навреме. Градските власти сепак признаваат дека понекогаш може да се јави мал застој поради другата инсталација, која е обврска на операторите. - Дислоцирањето оди малку побавно од предвиденото, но независно од забавувањеѕо на работите околу овој дел на инфраструктурата, Град Скопје очекува на задоволство на граѓаните проектот во оваа фаза да заврши во предвидените рокови - изјавија надлежните. Според најавите, проширувањето на булеварот Илинден ќе се изведува во две фази. Во првата се врши проширување на потегот од улицата Наум Наумовски-Борче до Рузвелтова, во должина од 640 метри, а во втората фаза се работи на потегот од Рузвелтова до булеварот 8 Септември, во должина од 800 метри. Булеварот ќе има четири коловозни ленти. Во првиот дел, улицата ќе биде без средишно зеленило, а во делот од Рузвелтова до Карпош 3 ќе има жардиниери. Инвестиција ќе чини 80 милиони денари, односно 1,3 милион евра. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3F8F192F5D79CC48B7F2C2E59A518669 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
1. Од Рузвелтова
![]() 2. ![]() 3. ![]() 4. ![]() 5. ![]() 6. Еве го профилот на тротоар кој останува ![]() ![]() |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
ОК, се гледаат контурите и јас барем сум задоволен за делот Фонтана-Рузвелтова. Идеално ќе беше да не се чепка страната од кај Општина Центар, но жртвата не е преголема.
За потегот од фонтана до влада пак не ми се допаѓа тоа што го гледам. Не дека претходно со паркираните коли имаше простор за пешаците, ништо чудно сега да остане и повеќе простор за нив во споредба со претходно. Но, профилот на улицата претходно ми беше посоодветен за овој простор. Имаме дискутирано порано баш ме интересира како ќе се реши раскрсницата со Ленинова. Семафоризација ќе оди на живци но без семафори тек сега нема да може да се пресекува илинденска таму. |
|
![]() |
|
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
Целата ограда ја срушија. Веќе немам намера ни да погодувам што ни зготвиле овде
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
Вчера поминувајќи покрај бараките сфатив што всушност прават со оградата. Отприлика половина, оној дел што е накај фонтана, беше малце поиздаден накај улицата. Само тој дел е срушен, и веројатно само ќе го повлечат малце поназад, ќе го израмнат со останатиот. Инаку комплетниот тротоар од јужната страна е срушен. Кога ќе завршат, ќе го обноват тротоарот, но ќе биде потесен. Од страната на бараките ќе нема тротоар воопшто.
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Освен бараките на центар, има и матична служба што е на град Скопје, понатака нешто на други служби, подрачни единици на министерства. На кратко, државни служби.
Инаку во неделата пројдов од тука кај бараките на општина центар и немаше никаква активност. Ме зачудува темпото, од една страна изгледа може би брзо, од друга страна па не изгледа така. |
|
![]() |
|
Djole88 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-May-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 611 |
![]() ![]() |
Супер напредуваат тука, гледам се работи со брзо темпо,зошто ова е една од најважните градски сообраќајници. Само ме интересираат неколку работи, па некој ако знае нека ми објасни.
1.Дали потегот кој што се работи сега кога ќе биде завршен ќе биде пуштен за сообраќај или веднаш ќе се прави и делот до влада? Малку лошо би било кај раскрсницата кај Фонтана од две да се преминува во една лента 2. Дали овие бараки што се од десна страна на Илинденска се на општина Центар или на АРМ? Ептен би било добро кога и тие бараки би ги немало, па би имале велосипедска патека + зелен појас и од десна страна 3.Дали има најави(дати) кога се ќе средуваат 1виот дел(од Фонтана до Влада) и 3тиот дел(ул.Рузвелтова до раскрсница со 8ми Септември? Може за овие прашања имало предходно во некои од најавите, ама јас барем набрзина кога ги проаѓав не успеав да најдам вакво инфо |
|
![]() |
|
alexgizh ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 07-Jan-2009 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1976 |
![]() ![]() |
Луѓе, јас повторно гледам дека голем дел од оградата е урнат. Овојпат не би рекол дека сама паднала (на толку голем појас).
Дали е теоретски можно да тој работникот не знаел што зборува кога ми кажа дека еден дел од оградата се срушил, ама ќе го изграделе пак? |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
1
![]() 2 ![]() 3 ![]() 4 ![]() 5 ![]() 6 ![]() 7 ![]() 8 ![]() 9 ![]() |
|
![]() |
|
SkyBoy ![]() Senior Member ![]() ![]() Suspended Joined: 24-Feb-2010 Online Status: Offline Posts: 738 |
![]() ![]() |
![]() И веројатно немаше појма да имаме за недомаќинсково расфрлање со пари на граѓаните, доколку Коце немаше потреба јавно да ја истакне својата великодушност, само и само заради стекнување на некакви симпатии виза ви рушење нечив дом.
За што бе емоции. Живееле у руина, сеа има 3 стана!
Каква е таа потреба од глумење лудило, ќе обештетиш толку колку што треба/вреди па макар и да договорот бил таков (за повеќе од нормалното).
Ама изјавава е убитачна. Да работеше у некоја фирма, ќе добиеше отказ инстант.
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Не ми е јасно што сака да каже градоначалникот со оваа изјава. Дека свесно ја оштетиле градската каса? Дополнително, ваквата (барем декларирана) великодушност не е баш наша пракса... Зарем на едни се штеди за средствата да бидат пренасочени кон други? Би било убаво Коце да се дообјасни зошто институциите за некого да бидат мајка, а за некого маќеа. Edited by Cloverstack - 23-Apr-2010 at 23:10 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Новиот булевар ја
проголта старата куќарка
Семејството Милкиќ имало станарско право на куќата и во неа живеело од пред 1968 година кога ја добиле куќата како вработени во Зоолошката градина. За возврат за урнатата барака добија еден двособен и еден еднособен стан во новите згради до Општина Бутел, а од ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор и еднособен социјален стан за којшто ќе плаќаат минимална кирија. На уривањето присуствуваше само една од наследниците која со многу емоции следеше како домот во којшто одраснала, а токму тука го формирала и своето семејство, се срамнува со земјата. Сепак, најде сила во името на своите родители да му се заблагодари на градоначалникот Коце Трајановски, што по долги преговори постигнале договор на задоволство на двете страни. Градоначалникот Трајановски рече дека градските служби особено
внимавале на тоа семејството да не биде оштетено и затоа им доделиле
станови со многу поголема вредност од куќата што се руши. Градежните работи на проширувањето на "Илинденска" со поинтензивна
динамика почнаа да се реализираат од минатата недела откога делОТ од
булеварот од Фонтаната до "Рузвелтова" е затворен за сообраќај.
Проширувањето на овој дел ќе треба да заврши до јуни годинава. |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Направија голема збрка што точно треба да биде „градската куќа“ на плоштад и што ќе сместат таму, но отсекогаш било јасно е дека тој објект ни одалеку не може да ја прими администрацијата. |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Нели според Скопје 2014 офицерски на плоштад требаше да биде за градската администрација? Или само за матичното беше тоа?
|
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Иако ретроспективно е небитно, а за Илинденска е веќе предоцна, сепак треба сериозно да се покрене прашањето зошто немаат каде да одат. Државата периодов се расфрла со пари за секакви објекти, ама за градската администрација на Скопје, иако тоа е проблем кој по секое мерило би требало да биде на врвот на приоритетите, ете не успеаја да најдат решение... Се уште не се ни размислува во тој правец, а каде тек е времето за проекти, тендери, изградба... Така да мислам дека администрацијата уште долго ќе остане во бараките, а Илинденска уште долго ќе остане унаказена на тој сегмент. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2223242526 36> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |