Author |
Topic Search Topic Options
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#481 Posted: 10-Mar-2009 at 06:26 |
МАКЕДОНСКО-КОСОВСКА ЕНЕРГЕТСКА СОРАБОТКА
Од Косово ќе увезуваме јаглен
Ќе се гради и заедничка акумулација во реонот на Луково Поље, која преку мала хидроцентрала ќе биде споена со мавровските хидроцентрали, најави министерот Фатмир Бесими
Македонија ќе увезува јаглен од Косово за производство на струја. Ќе се гради и заедничка акумулација во реонот на Луково Поље, која преку мала хидроцентрала ќе биде споена со мавровските хидроцентрали. Ова се дел од енергетските проекти што вчера по заедничка работна средба ги најавија македонскиот министер за економија Фатмир Бесими и неговата колешка, министерката за енергетика и минерали на Косово, Јустина Широка-Пула.
Според министерот Бесими енергетскиот тим за проектот Луково Поље веќе е екипиран, а според постоечката студија на Електрани на Македонија инвестицијата ќе чини околу 40 милиони евра. -Водите од овој регион ќе бидат прибрани во заедничка акумулација која преку мала хидроцентрала ќе биде поврзана со централите Маврво, Врбен и Вруток - вели Бесими. Тој појаснува дека со тоа ќе се зголеми постоечкиот капацитет, а со тоа и производството на струја. Бесими додаде дека постои политичка волја од двете страни да се стартува со заеднички економски проекти и пред двете држави да воспостават дипломатските односи.
Бесими потсетува дека дел од овие капитални енергетските проекти е изградбата на 400-киловотниот далновод меѓу Македонија и Косово, со што ќе има и заедничко поврзување на двата електроенергетските системи. За Бесими постои политичка волја јагленот од Косово да се искористи во македонските енергетски капацитети за производство на електрична енергија. -Наскоро ќе биде подготвен проектот со кој детално ќе се прецизира продажбата на лигнитот од Косово за Македонија - вели Бесими.
Тој додава дека изработена е драфт верзијата на меморандумот за соработка што многу скоро ќе биде потпишан меѓу двете министерства.
Косовската министерка Широка-Пула смета дека со заедничките капитални проекти ќе се надминат тесните грла во енергетскиот сектор, а ќе се интензивира и меѓусебната соработка. Во фаза на изработка од страна на косовските и на македонските експерти е физибилити и финансиска студија за проектот Луково Поље. Според косовската министерка, соработката ќе се темели и на помали проекти за обновливи извори на енергија, како и за енергетска ефикасност. -Ќе ги искористиме вашите искуства во приватизацијата на енергетскиот сектор, бидејќи во моментов во Косово овој сектор се реконструктуира - вели Широка-Пула.
На официјалната министерска средба вчера присуствуваа и енергетски компании од Косово и Македонија, меѓу кои и претставници на државните компании ЕЛЕМ и МЕПСО.
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#482 Posted: 07-Mar-2009 at 18:45 |
ИНТЕРВЈУ: АКАДЕМИК ГЛИГОР КАНЕВЧЕ Мораме веднаш да инвестираме во - енергетиката
Во стратегијата е предвидено дека треба да се насочиме и кон
поефикасно искористување на домашниот јаглен и хидроенергијата и
другите обновливи извори на енергија, природниот гас, а не ја отфрламе
и опцијата за нуклеарна енергија

На Македонија до 2020 година и' се потребни речиси три милијарди евра инвестиции во енергетскиот систем.Ова е предвидено во
Националната енергетска стратегија што ја изработи Македонската
академија за науки и уметности, а Владата треба да ја разгледа на една
од следните седници. Со академик Глигор Каневче разговаравме што ќе се
случи ако не се остварат овие инвестиции?
- Ние ја разгледувавме
и таа опција како сценарио во стратегијата. Со оглед дека ќе бидеме се'
повеќе интегрирани во регионалниот пазар, можно е да се увезува и
електрична енергија во поголеми количества. Меѓутоа, не верувам дека
Македонија ќе може, со туѓо производство на енергија, да остварува
толкав прилив на девизи кои ќе можат да го покријат дефицитот. Се чини
дека треба навистина да се направат сите напори да се оствари
стратегијата. Инаку, Македонија и сега е силно енергетски зависна, ги
увезуваме сите потреби на нафта, на природен гас па и одредено
количество на јаглен и електрична енергија. Тоа е навистина голем товар
за трговскиот дефицит на земјата.
ПОТРЕБИТЕ ЌЕ РАСТАТ
* На што би требало најпрво да се посветиме?
-
Треба веднаш да почнат акции во сите насоки. Најбитно е да почне
процесот, затоа охрабрува оваа најава на владата за диверзификација на
снабдувањето со енергија. Во стратегијата е предвидено дека треба да се
насочиме и кон поефикасно искористување на домашниот јаглен и
хидроенергијата и другите обновливи извори на енергија, природниот гас,
а не ја отфрламе и опцијата за нуклеарна енергија. Прво, најзначајна е
изградбата на голема термоелектрана-топлана на природен гас која ја
гради „Топлификација“ со приватно партнерство во Скопје- Север веднаш
до постојната топлана и која треба да биде во погон во 2010 година.
Исто така слична таква електрана планира да изгради и ЕЛЕМ до 2014
година.
Овие две, заедно со една мала термоелектрана-топлана која се гради
во скопската железарница, која исто така ќе биде готова до 2010 година,
во потполност би ги задоволиле потребите од топлинска енергија во
Скопје и на некој начин до 2015 година би ја намалиле во голем степен
нашата увозна зависност од електрична енергија. Ако во меѓувреме се
изгради и хидроцентралата „Бошков мост“, би стигнале да ги задоволуваме
сами своите потреби во таа година. Е сега, потребите ќе растат со текот
на времето и ќе има потреби од нови централи. Во тој период, меѓу 2015
и 2020 година, планираме да влезат во погон хидроцентралите „Чебрен“ и
„Галиште“. Колку што сум јас запознаен, тендерот не е пропаднат меѓутоа
требаше да се направат некои измени во условите. „Галиште“ е планирано
да почне да работи во 2016 година заедно со „Луково Поле“, во 2017
година „Градец“ и во 2018 година- „Чебрен“. Сето тоа во зависност од
зголемувањето на енергетските потреби. Во меѓувреме ќе биде довршена и
„Света Петка“.
*Експертите предупредуваа дека во
тендерските услови хидроцентралите „Чебрен“ и „Галиште“ се
предимензионирани, дека се планира повеќе вода отколку што реално има
во Црна Река. Колку е тоа точно?
- За Црна Река
постојат повеќе мерења и типови на акумулации. Овие проекти произлегоа
како некој оптимум од сето тоа. Секогаш има секоја варијанта предности
и недостатоци. Едната од двете централи ќе биде реверзибилна централа,
односно ќе има систем за враќање на водата и повторно користење, што ќе
биде многу значајно за исполнување на очекувањата и одржување на
стабилноста на системот. Ние имаме релативно мал број, но големи
потрошувачи на електрична енергија. Така голем потрошувач кога ќе се
вклучи или исклучи ствара големи разлики, нестабилност и проблеми.
Поради тоа ќе мора и кај термоцентералите да се одржува одредена
резерва за да се реагира во тие моменти. Друг проблем е тоа што кај нас
постои голема разлика во потрошувачката на електрична енергија во текот
на денот и во текот на ноќта. Токму во тој дел реверзибилната
хидроцентрала ќе биде многу корисна оти ноќе кога немаме потреба од
електрична енергија таа ќе троши, а дење кога треба, ќе произведува.

ПРИРОДЕН ГАС
* Гасификацијата во
Македонија одамна се чека да заврши. Се зборува со години колку е
потребна, но никако да заврши проектот. Сега Владата најави дека е
избран консултант и се вршат подготовки. Во сред гасната криза кога
цела Европа патеше, Македонија беше поштедена од големи последици
бидејќи е неразвиена. Зошто е толку битна гасификацијата?
-
Природниот гас е далеку најблагородно гориво од сите фосилни горива. И
тоа од повеќе аспекти. Прво, од еколошка гледна точка природниот гас е
чисто гориво и испушта многу низок степен на штетни материи, а сулфурот
е сведен практично на нула. Од таа причина многу е згоден за користење
во урбана средина. Гасоводот во Македонија е изграден, но не создадовме
дистрибутивна мрежа и не изградивме термоцентрали-топлани до сега од
проста причина што електричната енергија кај нас беше многу евтина.
Дури и топланите кои имаа можност да паралелно користат и природен гас
и мазут, во далеку поголем степен го користеа мазутот. Гасификацијата
на градовите, односно изградбата на дистрибутивна мрежа не е едноставна
работа. Тоа е една макотрпна работа за која ќе мора да се најде некој
стратегиски партнер, голема компанија, која ќе биде заинтересирана да
ја финансира изградбата. Како што знаете, почнаа првичните процеси во
неколку градови.
Во Скопје се оформи акционерско друштво кое ќе треба да ја води
акцијата и избравме одбор на директори каде јас сум претседател. Ние
испративме писма со намери до повеќе компании и домашни и странски и се
јавија неколку заинтересирани, меѓутоа сето тоа сега се совпадна со
светската економска криза и акцијата е малку стопирана и одложена.
Сепак, проектот останува и тоа сигурно ќе се заврши со економска
оправданост. А ние, во стратегијата планираме покрај изградба на
дистрибутивна мрежа во градовите кои се поврзани со постојниот
магистрален гасовод, да се продолжи со изградба со главните водови и
кон Тетово и кон Велес, Неготино, Битола и Охрид. Од економски аспект,
еден од најголемите проблеми кај нас е користењето на електричната
енергија за греење и за загревање на вода. Околу 18 отсто од
електричната енергија која се користи во домовите се употребува за
нивно загревање, но голем дел од нашите градови немаат друга
алтернатива.
ДОМАШНА НУКЛЕАРКА
* Колкави се потребите на Македонија за природен гас и како очекувате да се развиваат?
-
Има потреба од природен гас и повеќе отколку што поддржува сегашниот
капацитет на магистралниот гасовод. Веќе се работи на регионално
поврзување преку еден план за нов гасовод кој што ќе може да се
снабдува со гас од различни извори за да не се случи повторно гасна
криза. Има повеќе најави за големи гасоводи во соседството, како Јужен
поток, Набуко, Син поток, Бел поток и други. Се појави и можноста да се
користи транспорт во течна состојба со бродови и истовар во блиски
пристаништа. Сите овие гасоводи ја заобиколија Македонија за жал.
Затоа, Македонија мора да се поврзе во планираниот регионален гасовод.
Србија успеа да направи договор со Русија за продажба на Нафтената
Индустрија на Србија (НИС) во кој го приклучија договорот за изградба
на гасовод и големи инвестиции. Бугарите многу добро стојат во тој план
и тие се главната раскрсница на Балканот. Успеаја да водат мудра
политика и со Европската унија и со Русија. Грција исто така успеа да
воспостави многу добри односи со Русите. Вештината е во паралелно
добрите односи и на тоа поле мораме ние да се подобриме.
*
Бугарија веќе почна да гради втора нуклеарка, два реактора се уште
работат во Козлодуј, а сега се гради и Белене која треба да почне да
работи за пет шест години. Нуклеарка најави и Албанија заедно со
Хрватска, претходно и Грција, Словенија ја има Кршко, а сега и
Македонија не ја отфрла оваа можност. Првото прашање е дали се можни
толку нуклеарни централи на толку мал простор. И второ дали Македонија
има такви услови за своја нуклеарна централа?

- Грците сигурно дека имаат потреба од повеќе енергија. Албанија и
Хрватска најавија дека нуклеарката ќе ја градат заедно и ќе ја поделат
енергијата. Ние, во нашиот план предвидуваме нуклеарката да почне да
работи по 2025 година. Таа би била на некој начин алтернатива на
можните термоцентрали на јаглен со подземен коп. Може да се случи
цената која што треба да се плати за испуштање на стакленичките гасови
од централите на јаглен да биде превисока за да тие можат економски да
опстојуваат. Во таков случај, нуклеарката би била спас. Значи, овие
планови многу ќе зависат од сценаријата во светот и Европа за
намалување на стакленичките гасови според протоколот од Кјото. Ние
сигурно до тогаш ќе бидеме во ЕУ и ќе мора да ги исполниме обврските.
Со оглед на тоа дека денес периодот за изградба на нуклеарните централи
е многу долг, преку 15 години од првичните акции. За да може
македонската нуклеарка по 2025 година да работи ние мораме да започнеме
со активностите сега. Нуклеарка во Мариово
* Дали е исклучена можноста Македонија да се вклучи со инвестиција во бугарската НЦ „Белене“?
-
Во случајот со „Белене“ повеќе се работеше за желба на некои политичари
од Бугарија отколку реалност. Бугарија ја заврши финансиската
конструкција на проектот со тоа што државата задржа 51 отсто од
сопственоста, а 49 отсто му отстапи на инвеститорот РВЕ. Тука не остана
простор за трет инвеститор. А, да откупувате струја со однапред дадени
пари треба да бидете многу богата земја. Ние сега не сме во можност да
платиме за струја што би ја добиле за пет години.Изградба на домашна
нуклеарка ќе значи ангажирање голем број наши фирми. Се работи за
армија луѓе при изградбата плус приближно еден вработен на еден мегават
моќност што значи уште 1.000 вработени во нуклеарната централа. Затоа
предност има домашната нуклеарка. Ако градиме нуклеарна централа, таа
најверојатно ќе биде во Мариово, затоа што тој терен е многу поволен и
од сеизмички и од аспект на населеност. |
Извор: Дневник
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#483 Posted: 01-Mar-2009 at 16:44 |
Владата, во пресрет на изборите, презентира Инвестициска програма
01 March, 2009 04:54:00
Големина на фонт:
И Македонија ќе има атомска централа. Ова го соопшти премиерот Никола Груевску ден пред официјалното започнување на изборната кампања. Тој денеска најави инвестициска програма за реализација на стратешки инфраструктурни проекти вредна околу 8 милијарди евра. Груевски вели дека амбициозната инвестициона програма планира да ја реализира во следите 7 години а во неа се вклучени проекти во осум области : енергетиката, транспортот, водоснабдувањето, животната средина, образованието, културата и инвестирање во изградба на социјални згради и познати спортски сали. Само за енергетика Владата планира инвестиција од 3 милијарди и 850 милион евра а како што беше кажано најинтересен проект е тој за изградбата на атомската централа . „Владата донесе одлука за започнување со подготвцителни активности за нуклеарна програма и во тек е формирање на Агенција за имплементација на нуклеарна енергетика.Доколку во иднина се донесе таква одлука за изградба на нуклерана централа, за која што во моментов нема одонесено Владата затоа отвораме Агенција која што ќе работи на тоа, рокот за изградба на нуклеарната централа би бил 15 години, односно некаде 2025 до 2030 година“ вели Груевски Инвестициите во 30 енергетски проекти Груевски планира да ги реализира со кредитирање на земјата во вредност од 1 милијарда евра и 2.6 милијарди евра од концесиите во јавно – приватно партнерство. 250 милион евра ќе се обезбедат од буџетот. Се планира и изградба на многу други објекти кои се од општествен интерес. „Отворање на рудници, изградба на хидроцентрали, термоцентрали , гасни централи, гасификација , нуклерана програма, далноводи, ветерници и тн. Вкупната вредност на енергетските проекти е 3, 85 милијарди евра. Реализацијата на овие проекти ќе го подобри квалитетот на живеење на сите граѓани, ќе го стимулира развојот на долг рок и значително ќе ја подигне конкурентноста на македонската економија“ Премиерот Груевски најави и изградба на нова зграда на Министерството за надворешни работи, наУставниот Суд, државната Архива како и проширување на просторот на Собранието. Наим Вренези
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#484 Posted: 22-Feb-2009 at 22:59 |
БУГАРСКИОТ ХОЛДИНГ СО АМБИЦИОЗНИ ПЛАНОВИ ЗА РЕГИОНОТ
БЕХ планира енергетска експанзија во Македонија
Бугарскиот
енергетски холдинг (БЕХ) планира експанзија на енергетскиот пазар во
Македонија, а потоа и во останатите земји во регионот. Претставници на
компанијата објавуваат дека цел на БЕХ е во следните неколку години да
стане регионален лидер во овој сектор. -Според планираното
инвестициите ќе се реализираат преку заеднички претпријатија. БЕХ во
иднина има намера да учествува и во програми за истражување на гасни
наоѓалишта во земји, кои се богати со тој енергенс - изјавила Галина
Тошева, директор на бугарската компанија.
БЕХ прво ќе се насочи кон македонскиот пазар, а потоа ќе тргне кон
другите земји од југоисточна Европа. Пазарите во Албанија и во Србија
се планирани за подоцната фаза на проширување. -Кога станува збор за
регионот, тоа значи прво Македонија, а потоа и Албанија. Србија исто
така би можела да се најде во фокусот на фирмата - рекла Тошева, која
македонскиот пазар го оценила како многу интересен, со оглед на брзиот
развој на енергетскиот сектор и фактот дека македонските власти
најавија тендери за хидроелектрани.
Во Македонија, БЕХ планира и ангажирање во секторот за гас. Лани
"Булгаргас холдинг", кој подоцна стана дел од БЕХ, објави дека со
француската фирма "Далкиа" планира заедничко учество во проект во
сектор за гас во Македонија, вреден 100 милиони евра.
Паралелно
со ширењето во регионот, БЕХ во Бугарија планира реализација на проекти
вредни околу 900 милиони евра, во следните 2-3 години. Дел од тие
проекти се изградба на гасовод меѓу Бугарија и Грција, во вредност од
125 милиони евра, гасовод меѓу Бугарија и Романија вреден 30 милиони
евра, како и терминал за течен природен гас, вреден околу 500 милиони
евра. Исто така најавите се дека БЕХ ќе се концентрира и на стратешки
проекти, како што се 3.300 километри долгиот гасовод "Набуко", потоа на
гасоводот "Јужен поток" и на изградбата на нуклераната електрана
"Белене".
За 2009 година, бугарската енергетска компанија планира консолидиран приход од околу 3 милијарди евра.
Во состав на холдингот БЕХ се единствената бугарска нуклерана
електрана "Козлодуј", потоа "Булгаргас", "Булгартрансгас", "Булгартел",
кој се бави со телекомуникации, НЕК од секторот на електромрежа и
неговиот оператор ЕСО, електраната на јаглен "Марица Исток 2" и
рудникот за јаглен "Марица Исток". Планирано е дел од оваа групација да
стане и третата по големина бугарска енергетска компанија
"Топлификација Софија", која е во големи долгови. |
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=10D28D86781DF449BDFB4D0F1002F409
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#485 Posted: 29-Jan-2009 at 21:11 |
ВО ПОВЕЌЕ СКОПСКИ НАСЕЛБИ
Поставени нови трафостаници
Десет
нови 10-киловолтни трафостаници се пуштени во употреба во скопските
населби Гази Баба, Припор, Ѓорче Петров, Влае, Крушопек, Злокуќани,
како и во селата Скопско Поле, Лисиче и Сингелиќ, информираат од „ЕВН
Македонија“. Жителите од овие населби имаа големи проблеми со
снабдувањето со електричната енергија во изминатиот период, со чести
прекини на енергијата. Од ЕВН објаснуваа дека испадите во мрежата биле
поради преоптовареност на старите трафостаници, кои беа делумно или
целосно оштетени. Новите трафостаници се со двојно зголемен капацитет
за да се надминат проблемите со кои се соочуваат граѓаните и да се
постигне квалитетна испорака на електрична енергија. |
http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1609&ArticleID=106529
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#486 Posted: 27-Jan-2009 at 11:57 |
ТВ Алфа: МАНУ предлага дури и нуклеарка за да имаме струја
Инвестирање
во големи хидроцентрали – дури и изградба на нуклерка, за Македонија да
има стабилно и сигурно снабдување со струја во следните 20 години. Ова
е главната препорака на МАНУ во Енергетската стратегија на Макеоднија
која е испратена на разгледување до Владата, објави вчера Алфа
телевизија. Стратегија се заснова на колку што е можно поголемо
искористување на домашните ресурси и што помал увиоз на струја. Оттука,
проекциите, зависно од различните сценарија, предвидуваат најмалку 2, а
најмногу 5 милијарди евра инвестирање во енергетски објекти. Меѓу
наведените проекти се големите хидроелектрани: Чебрен, Галиште и Бошков
Мост, нови ископи ја јаглен, а не се исклучува ниту можноста за
изградба на нуклеарна централа. Енергетскиот документ на МАНУ треба
целосно да одговори - како ќе се задоволат енергетските потреби на
земјава во следните 20 години. Откако ќе го разгледа Владата, ќе следат
јавна расправа и конечно усвојување.
Се очекува стратегија да
се усвои до крајот на февруари. Таа доаѓа во период на рекорден увоз на
струја во земјава, зачестени дефекти во струјната мрежа и лоша
енергетска слика за земјава. Денеска, околу илјада жители од
скопското село Визбегово, останаа без струја 3 часа. Жителите велат
дека честопати имаат вакви прекини. Струјните испади особено
зачестија од крајот на минатата година, по што експертите оценија дека
во мрежата малку се инвестирало. |
http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=14817
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#487 Posted: 06-Jan-2009 at 10:09 |
 Дај боже за една година да може да се направат сите потребни истражувања за во 2009 да добиеме јасна слика како стоиме со јаглен, што е од клучно значење за сите енергетски проекции што ги правиме. Досега слушаме само шпекулации, од тоа дека сме многу т'нкина ова поле, до тоа дека ги немаме чепнато главните резерви. А за електрификацијата, случајно го гледав тој дел од седницата. Бесими беше задолжен до средината на февруари да изготви детална информација за тоа кои села се неелектрифицирани и колку би чинела нивната електрификација, како би можела владата да излезе со рок до кога треба да се заврши таа работа и конечно како држава ова елементарно прашање да го оставиме зад нас.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#488 Posted: 06-Jan-2009 at 03:45 |
Ќе се бараат нови наоѓалишта на јаглен
Министерството
за економија годинава ќе потроши 650.000 евра за испитување на локации
каде би можело во наредниот период да се експлоатира јаглен за
производство на струја. Според Програмата за детални геолошки
истражувања на минерални суровини за производство на електрична
енергија во 2009 година, која министерот за економија, Фатмир Бесими ја
претстави на последната владина седница, испитувањата ќе се вршат за
веќе постојни наоѓалишта како што се Суводол и Брод Гнеотино, кои во
моментов се под концесија на ЕЛЕМ и се експлоатираат за потребите на
ТЕЦ Битола, како и наоѓалиштата Живојно и Лавци. - Во наоѓалиштето
Неготино, ЕЛЕМ ќе испитува колкави количини јаглен има за потребите на
неготинската термоцентрала. Во наоѓалиштето Буковјани ќе се испитува
јаглен за потребите на ТЕЦ Осломеј. Министерството за економија ќе врши
испитување на наоѓалиштето Страгомиште, како и колкави количини на
јаглен има во Делчево и Пехчево за потребите на евентуално некоја нова
мала термоцентрала - вели Бесими.
Предвидени се и испитувања на наоѓалишта на јаглен за потребите на
индустријата, односно за широка потрошувачка. Такви се детектирани три
наоѓалишта - во Катланово, Искупштина и во Берово. - Согласно
проценките, предвидено е во текот на 2009 година да се вршат
истражувања во сите овие наоѓалишта со што ќе имаме јасна слика за тоа
колкав е нивниот капацитет и евентуалната нивна корисност за
продолжување на векот на траење на постојните термоцентрали и
евентуално отворање на нови капацитети во земјава. За оваа намена
досега имаме обезбедено 22,7 милиони денари, а дополнително ни се
потребни уште 17,9 милиони денари - вели Бесими.
20 милиони денари за свеќите да се заменат со светилки Владата
и во текот на оваа година ќе продолжи со електрификација на селата каде
се уште жителите користат свеќи за осветлување. Според министерот за
економија, Фатмир Бесими, за оваа намена се издвоени 20 милиони денари
буџетски пари, но дополнително ќе се утврдува за кои локации и за кои
села ќе бидат потрошени.
За вицепремиерот Зоран Ставрески, носењето струја до секој дом и во
секое село во земјава е приоритет на Владата. Според него, потребна е
подлабока анализа уште колку села има во државата што не се
електрифицирани. - Можеби треба да се донесе политичка одлука за
ова прашање. Најпрво Министерството за економија треба да ни подготви
информација колку села се и колку чинат трошоците за електрификација и
тоа да го ставиме како еден од приоритетите на Владата при
распределбата на средства за следните буџети. Овој процес мора да го
завршиме за да нема повеќе село во Македонија што ќе остане без струја
- смета Ставрески.
Минатата година државата на преносниот оператор МЕПСО му префрли 8,8
милиони денари за електрификација на само две села: Бекирлија - општина
Лозово и Батање - општина Карбинци.
http://vecer.com.mk/?ItemID=F6B0D7DD08B7B0429AA3A74F30958F9F |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#489 Posted: 06-Jan-2009 at 03:30 |
Владата ги чешла инвестициите на ЕВН
Компанијата
„Ернст и Јанг“ ќе врши независна ревизија дали Австријците вложиле 96
милиони евра, а резултатите ќе бидат познати во февруари
 Несогласувањата кулминираа со изјавата на премиерот Груевски дека е разочаран од работата на австриската компанија
Владата проверува дали „ЕВН Македонија“ ги исполнила условите од
купопродажбениот договор кои предвидуваат Австријците да инвестираат 96
милиони евра до 2009 година во реконструкција на дистрибутивната мрежа.
И од ЕВН и од Министерството за економија потврдуваат дека независната
ревизија ќе ја врши компанијата „Ернст и Јанг“, а резултатите ќе бидат
познати во февруари.
Несогласувањата меѓу Владата и „ЕВН
Македонија“ кулминираа завчера, кога премиерот Никола Груевски изјави
дека е разочаран од работата на австриската компанија, која според него
е најлош странски инвеститор во земјава. Премиерот Груевски и вчера му
порача на ЕВН да се однесува совесно, одговорно и согласно со законите
во државата.
- Во Брвеница и Демир Хисар веќе шест месеци имаме
неотворени готови спортски сали поради тоа што ЕВН одбива да пушти
струја. Тоа е една многу чудна работа, запирање на проектите на Владата
и монополистичко однесување. Не е толку страшно што половина година
државата чека ЕВН да приклучи струја за спортските сали што ги
направила, туку уште потрагично е што многу компании во приватниот
бизнис, фабрики или други објекти што се градат, чекаат и молат со
месеци монополот ЕВН да им приклучи струја - изјави Груевски.Од „ЕВН
Македонија“ велат дека Агенцијата за млади и спорт се' уште не платила
за приклучокот, иако за овој проект се потпишани договори и испратени
фактури.
- Како големи поддржувачи на спортот и образованието,
му даваме целосна поддршка на проектот за изградба на спортски сали и
затоа имаме добра соработка и специјален третман на Агенцијата за млади
и спорт. Постапуваме според законот, бидејќи поинаку не знаеме да
работиме - велат од ЕВН.
Во ЕВН се изненадени од изјавата на
премиерот и жалат што тој не може да го види напредокот на австриската
компанија. Тие велат дека дефектите се двојно намалени во однос на
претходните години. Како главна причина за дефектите од ЕВН ги
посочуваат кражбите на струја и неприклучените нови трансформатори.
Австријците сметаат дека Владата систематски ги опструира.
-
Работевме на подобрување на состојбите во Македонија и ќе продолжиме во
иднина. Ќе работиме согласно со законите во државата и во интерес на
потрошувачите. Државните институции се тие што треба да ни овозможат
пристап насекаде и да се обезбедат социјални пакети за тие што не можат
да платат струја - велат од „ЕВН Македонија“.„ЕСМ дистрибуција“ беше
продадена во 2006 година за 225 милиони евра плус обврска за 96 милиони
евра инвестиции во следните три години. Во тој период ВМРО-ДПМНЕ беше
во опозиција, а сегашниот директор на „Електрани на Македонија“, Влатко
Чинговски, од името на партијата јавно ја осуди продажбата, нарекувајќи
ја тројански коњ.
Следеа серија несогласувања, а ЕВН побара
државата да им врати 22,5 милиона евра бидејќи затекнатата состојба во
ЕСМ не соодветствувала со објавеното во тендерот. Во ноември 2007
година владата на Груевски преку соопштение во јавноста најави дека е
заинтересирана да ја откупи ЕСМ, која веќе една и пол година беше
сопственост на ЕВН. На крајот на 2007 година се најавија проверки на
остварените инвестиции на ЕВН, а лани власта побара 18 милиони евра за
непочитување на договорот. Австријците одговорија дека не постојат
докази за неисполнување на инвестициите од договорот бидејќи нема
ревизорски извештај и најавија тужба пред Арбитражниот суд во Лондон.
Владата
и „ЕВН Македонија“ се судрија и за Законот за енергетиката, со кој ЕЛЕМ
доби право и да тргува со струја. ЕВН имаше забелешки и за новата
методологија за пресметка на цената на струјата. Австријците тврдат
дека со неа се доведени во прашање ликвидноста на компанијата,
работните места и понатамошните инвестиции, надвор до договорот за
купопродажба.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=DFD22E3EA46051479E4AFA007C783178 |
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#490 Posted: 05-Jan-2009 at 02:07 |
Гасната војна нема да не' смрзне

Ако испораката на гас секне, „Топлификација“ ќе се префрли на мазут
Соња Маџовска
Откако настана проблемот меѓу руски „Гаспром“ и Украина поради неплатени долгови и одбивањето на Киев да ја прифати новата повисока цена на рускиот гас, вчера од „Гаспром“ изјавија дека ги обезбедува неопходните количества природен гас за Европа. Рускиот гигант „Гаспром“ уште еднаш ја обвини Украина, која има улога на транзитна земја, дека е одговорна за намалувањето на доставувањата на европските клиенти. Поради длабочината на проблемот и претседавачот со Европската унија, Чешка, свика итен состанок на земјите- членки на Унијата за денеска во Брисел.
Македонските компании кои користат гас смируваат и велат дека нема да имаат проблеми во работењето, особено „Топлификација“ од каде што порачуваат дека ако настане посериозен проблем во снабдувањето со гас ќе се преориентираат на мазут и граѓаните нема да останат без парно греење.
Информациите околу снабдувањето со гас го вклучија алармот откако викендов и шефот на бугарската компанија „Булгаргас“ предупреди дека поради намалена испорака на руски гас кон Бугарија е доведено во прашање и снабдувањето со гас во Македонија, Турција и Грција, земји кои со овој енергенс се снабдуваат преку Бугарија, која пак, викендов добила дури за 15 проценти помалку руски гас преку Украина.
Во земјава дваесетина компании го користат гасот како енергенс.
Првиот човек на „Топлификација“, Димитар Хаџимишев, уверува дека граѓаните нема да останат без парно греење.
„Македонскиот оператор ’Макпетрол‘ е во непосредни разговори со Бугарија. Според нив, нема непосредна опасност за прекин на доставувањето гас. А ако се случи тоа, ние ќе можеме уште 2-3 дена да користиме гас. Има одреден период на отказ во кој можеме да се преориентираме на мазут.
Така, нема никаков проблем за снабдувањето со топлина и за снабдувањето со гас во овој момент“, објаснува Хаџимишев. Според него, веќе извесно време „Топлификација“ бара целосно да премине на користење мазут, што е за 2,5 пати поевтино од гасот.
Извори од фирмата велат дека ако им се дозволи целосно користење мазут, тоа ќе доведе до драматично намалување на цената за парното греење, дури и повеќе од 60 отсто, односно тоа може да значи поголемо намалување и од цената на парното што ја имавме до август. И онака овој месец се очекува Регулаторната комисија за енергетика да ја намали цената на парното, но со сегашната поставеност на користење во комбинација на гасот и мазутот, очекувањата се дека намалувањето на цената на парното може да биде околу 20 до 30 отсто.
Инаку, од „Топлификација“ велат дека тие веќе подолго време од Министерството за животна средина бараат целосно да се преориентираат на мазут и за тоа се во тек преговори.
Според информациите од ГАМА, состојбата со снабдување со гас кај нас е нормална, а доколку дојде до промени - потрошувачите навреме ќе бидат информирани.
Што се однесува до проблемот меѓу „Гаспром“ и Украина, вчера од
„Гаспром“ изјавија дека го доставуваат гасот до украинскиот систем за транспорт со целосно почитување на договорот за транзитирање и според барањата на европските потрошувачи. Според портпаролот на компанијата, Сергеј Купријанов, намалениот притисок во украинскиот систем за транспорт на гас се должи на непочитувањето на ангажманите од украинска страна.
„Гаспром“ ја повика, исто така, Европската унија да го контролира транзитот на руски гас преку Украина за Европа и вети дека ќе го зголеми обемот на енергенсот за да ги компензира загубите.
Полска, Романија и Бугарија потврдија дека доставувањата на руски гас, кои минуваат преку Украина, се намалени.
Заменик-претседателот на Управниот одбор на рускиот гигант „Гаспром“, Александар Медведев, завчера во Прага изјави: „Од 31 декември Украина одби да преговара со ’Гаспром‘ и избегнува достава на природен гас, наменет за европските потрошувачи, нарушувајќи ја на тој начин обврската на транзитна држава“. Тој додаде дека ја повикале Украина да се воздржи од таквите незаконски дејства и украинските претставници да се вратат во Москва со цел веднаш да се договори спогодба за доставување природен гас, која ќе биде прифатлива за двете страни.
Претходно Медведев изјавуваше дека преговорите со Украина се одвиваат тешко и дека единствен излез е да се најде начин Украина да се заобиколи, а гасот да се испорача до другите земји.
На 1 јануари Русија го запре доставувањето природен гас за Украина, бидејќи Киев не ги исплати на време старите долгови кон „Гаспром“ и не беше постигната спогодба за цените по кои рускиот енергетски гигант ќе ја доставува суровината на Киев во 2009 година. „Гаспром“ најави и тужба за украинската компанија „Нафтогас“ пред Меѓународниот арбитражен суд.
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#491 Posted: 02-Jan-2009 at 22:03 |
Нека не те чуди!! Маџир маало неможе да мрдне од 180 VAC погоре!
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#492 Posted: 02-Jan-2009 at 20:35 |
Мојот дом во деновите пред и по Нова 2009-та.
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#493 Posted: 02-Jan-2009 at 14:49 |
Потпишан договор за изработка на Базна студија за искористување на извори на енергија

Министерот
за економија Фатмир Бесими, и претседателот на Македонската академија
на науките и уметностите академик Георги Старделов денеска во
просториите на Акедемијата потпишаа договор за изработка “Базна студија
за искористување на обновливите извори на енергија на Република
Македонија“.
МАНУ во наредните четири месеци треба да ја изработи студијата во
која ќе има детален преглед на расположивите ресурси на обновливи
извори на енегија во Македонија и можноста за нивно користење, пишува
на владиниот сајт. Исто така, во неа ќе биде утврден целниот процент на
електрична енергија произведена од повластени производители кои
произведуваат електрична енергија од обновливи извори на енергија,
начинот и динамиката на постигнување на целниот процент, како и целниот
процент на вкупната потрошувачка на обновливи извори на енергија.
“Стратегијата за искористување на обновливите извори на енергија во
Република Македонија, односно стабилноста на енергетскиот систем е еден
од врвните приоритети на Владата. Првиот работен ден од годинава го
почнуваме со симболично потпишување на овој значаен договор од областа
на енергетиката“, изјавил министерот Бесими по потпишувањето на
договорот.
Тој посочи дека енергетиката е една од најзначајните теми на светско
ниво бидејќи, како што рече, геополитички и стратешки е многу значајна
на глобално ниво.
- Особено сум задоволен што годинава ја почнуваме со еден ваков
голем проект кој МАНУ го доби на најтранспарентен начин преку јавен
оглас, што е уште една потврда за кредибилитетот, компетентноста и
современоста на оваа наша институција да работи на значајни проекти и
директно да придонесе за идните политики од областа на енергетиката на
владите и на Министерството за економија“, додаде министерот Бесими,
истакнувајќи дека стратегијата е базирана на научни основи и оти во неа
ќе бидат имплементирани последните светски практики.
Министерот за економија нагласи дека другата значајност на овој,
како што го нарече, меѓугенерациски договор е што ќе придонесе за
заштита на животната средина.
- Сведоци сме дека светот се соочува со глобалното затоплување, а
еден од главните генератори за неговото појавување е токму секторот за
енергетика, како најодговорен за значајната емисија на јаглерод
диоксид, еден од главните предизвикувачи на затоплувањето. Ние денеска
сме сведоци на еден договор како Македонија ќе пристапи кон
искористување на алтернативните извори на енергија, што значи „0“
емисија на јаглерод диоксид, рече министерот Бесими. Со тоа,
како што кажа, како земја кандидат за членство во ЕУ Македонија
предвреме влегува во реализација на Проектот до 2020 година 20 отсто од
енергијата на ниво на Унијата да се произведува од обновливи извори на
енергија, бидејќи е евидентно дека дотогаш ќе стане членка на ЕУ.
Академик Старделов рече дека задолжен за изработка на стратегијата
ќе биде Истражувачкиот центар за енергетика, информатика и материјали
на МАНУ со кој раководи академик Јордан Поп Јорданов.
“Убеден сум дека МАНУ има историска шанса да го покаже својот
колективен ум и знаење, бидејќи денеска не потпишуваме само договор за
изработка на еден голем проект, туку почнуваме да готвиме стратегија
која ќе биде методолошки поинаква од сите останати“, рече академик
Старделов, посочувајќи дека се планира таа да стапи во сила веднаш и да
влијае на сегашноста, а не да го опишува идното време. http://netpress.com.mk/vest.asp?id=47388&kategorija=2 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#494 Posted: 29-Dec-2008 at 00:20 |
Англичани ќе инвестираат во регионална депонија

Реализацијата е неизвесна поради страв од загадување на животната средина
ШТИП - Англиската групација „Вирвољ“ е подготвена да инвестира 30
милиони евра во изградба на најсовремена регионална депонија во
источниот дел на земјава. Во оваа современа фабрика отпадоците би се
претворале во топлинска енергија која може да се користи за греење
станови. Сепак, реализацијата е неизвесна поради страв од загадување на
животната средина. Ниту една општина од Брегалничкиот регион не сака
депонија на свое подрачје, па затоа и не е избрана локација.
Идејата
за проектот „Регионална депонија“ кај локалните власти на Штип, пред
новогодишните празници ја образложи директорот на англиската групација,
Крис Прат. Тој појасни дека ја имале предвид студијата која за
регионалната депонија, која своевремено ја подготвиле општините од
истокот.
„Ние сме конгломерат од повеќе фирми кои го здружија
капиталот и знаењето во рециклажа на отпадот. Слични инвестиции
реализиравме во Англија, Франција, Шпанија. Наша цел е да ја
елиминираме концентрацијата на секаков вид отпад и, секако, од тоа да
правиме профит. Тука го гледаме двостраниот интерес - општините да се
ослободат од отпадот, а ние да произведуваме чиста енергија од отпад“,
изјави Крис Прат.
Првиот човек на „Вирвољ“ потенцира дека
депонијата е, всушност, најсовремена фабрика за трансформација на сите
видови отпадоци во топлинска енергија. Услов за да се гради таков
капацитет е регионот да има отпадок од 150.000 тони на годишно ниво.
Брегалничкиот регион го исполнува тој услов. Прат вели дека топлинската
енергија ќе може да се употребува за затоплување станбени и деловни
објекти.
„Подготвени сме проектот да го реализираме како
јавно-приватно партнерство. Наша обврска ќе биде целосно да го
финансираме проектот, а општините да обезбедат услови за собирање и
транспортирање на отпадот", потенцира Прат.
Според него,
депонијата ништо и никого не загадува, а просторот околу неа ќе личел
на цветна градина. "Вирвољ" имала готов проект и во оваа работа сакала
да инвестира 30 милиони евра.
„Станува збор за успешно
менаџирање со отпадот, нешто што во светот во кој свеста еколошки се'
повеќе се развива е од поголемо значење. Во таа смисла ние сме
подготвени да работиме со регионот и Општина Штип како негов центар",
вели Крис Прат.
Сепак, тука има еден голем проблем. Имено,
општините од регионот цели пет години не можат да се договорат каде да
биде депонијата. Имаше повеќе локации, последната во Општина Карбинци,
но таму се побуни населението. Всушност, регионалната депонија никој не
ја сака во својот атар. И тоа се' поради фактот што населението нема
информации за каков вид депонија станува збор, а смета дека тоа е извор
на големо загадување.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=53E4CFB5E9CB954D883006E7B636CEEA |
Уффффффф...................... Ај да ми легне материјалов, па ќе дадам мислење у некој од наредниве денови.....
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#495 Posted: 22-Dec-2008 at 01:05 |
Хрватски „Алстом“ ќе ја модернизира „Енергетика“ за 2,7 милиона евра
Хрватската компанија „Алстом“ ќе биде изведувач на реконструкцијата на два турбоагрегата во подружницата „Енергетика“, во што „Електрани на Македонија“ ќе инвестира 2,7 милиона евра.
- ЕЛЕМ успешно ја заврши тендерската постапка и за изведувач преку тендер ја избра хрватската компанија „Алстом“ од Карловац. Предмет на инвестицијата е модернизација на старите турбини произведени во периодот од 1964 до 1966, кои со години не беа во функција и кои по реконструкцијата комбинирано ќе произведуваат електрична и топлинска енергија - велат од ЕЛЕМ. Со тоа, државната компанија ќе има на располагање приближно 30 мегавати нова инсталирана моќност за потребите на домашниот електроенергетскиот систем.
Подружницата „Енергетика“ се предвидува да произведува годишно до 160 гигават-часови струја, плус со можност за производство до 200 гигавати топлинска енергија. Како погонско гориво ќе се користи природниот гас, кој досега на истата локација се користеше само за производство на топлинска енергија. Оваа инвестицијата се очекува значително да ги намали трошоците за производство на топлинска енергија и да ја зголеми ефикасноста на агрегатите при производството на електрична енергија. Хрватската компанија „Алстом“, според договорот, ќе треба да ја заврши реконструкција пред почетокот на наредната грејна сезона, најдоцна до средината на октомври 2009 година.
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#496 Posted: 18-Dec-2008 at 10:37 |
Се гради трафостаницата во Штип
МЕПСО
интензивно работи на изградбата на новата трафостаница во Штип со која
треба да се подобри високонапонската електроенергетска мрежа во тој
регион. Вчера таму се поставуваа порталите, високи 27,5 метри со кои
трафостаницата ќе се приклучи на 400-киловолтниот далновод што ги
поврзува Македонија и Бугарија. - Ова е наша најголема инвестиција
во реонот на источна Македонија, реализирана во последните десетина
години, вредна повеќе од 11 милиони евра. Таа е финансирана од МЕПСО и
со кредит од Европската банка за обнова и развој. Трафостаницата почна
да се гради на 3 март годинава, а се планира да биде завршена и
вклучена во електроенергетскиот систем на пролет идната година - изјави
портпаролот на МЕПСО, Никола Стојанов. Според него, оваа трафостаница
ќе ги задоволи потребите на реонот на источна Македонија за наредните
10 години и ќе обезбеди стабилно снабдување со струја и за
потенцијалните странски инвеститори што ќе инвестираат во
технолошко-индустриско-развојната зона Штип, која се наоѓа во
непосредна близина на трафостаницата. |
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=213AD636EBDFA6479668C7267168DE9F 1  2  Од МИА
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#497 Posted: 16-Dec-2008 at 05:00 |
Македонија и Бугарија се поврзаа со нов далновод
Кај трафостаницата „Дуброво“, во близина на ТЕЦ „Неготино“, вчера
свечено беше пуштен во работа новиот 400- киловолтен далновод Дуброво -
Црвена Могила , што ги поврзува Македонија и Бугарија.
Далноводот
е првата 400 -киловолтна врска меѓу енергетските системи на Македонија
и на Бугарија. Тој е изграден во согласност со Договорот за енергетска
соработка меѓу двете земји, со средства на МЕПСО и на бугарскиот НЕК-
преносен оператор, како и со заем од ЕБОР, за кој државна гаранција
даде Владата. Вкупната инвестиција на проектот изнесува 32 милиони
евра, од кои 19 милиони се за далноводот. Тој е долг 150 километри, од
кои 70 се на територијата на Македонија. Предвидено е НЕК да исплати
средства во износ од 9,5 милиони евра, што МЕПСО ги инвестира за
изградба на далноводот на бугарска територија, со доставување на
електрична енергија за Македонија. На вчерашната свеченост присуствуваа
премиерите на Македонија и на Бугарија, Никола Груевски и Сергеј
Станишев.
Со пуштањето во работа на овој далновод, започнува
реализацијата на Коридорот 8. Премиерот Груевски посочи дека тој е од
исклучително значење за Македонија и за Бугарија, но и за целиот
регион, бидејќи ќе обезбедува сигурност во снабдувањето со електрична
енергија. „Во последните години енергетскиот дефицит станува предизвик
на Македонија и за регионот поради што е неопходен оптимален пристап за
зголемување на производните капацитети со дополнителни инвестиции за
изнаоѓање нови извори на енергија и за енергетско поврзување со
регионот“, рече Груевски.
Тој додаде дека Владата иницира
сериозен инвестициски циклус од 1,5 милијарда евра во следните
четири-пет години во делот на хидроцентрали, термо и гасни централи,
како и во обновливи извори на енергија. Груевски потсети дека неодамна
се склучени договорите за концесија за изградба на 400 мали
хидроцентрали, деновиве ќе се објави јавниот повик за изградба на
„Чебрен“ и „Галиште“ и дека во завршна фаза е постапката за избор на
стратегиски партнер за хидроцентралата „Бошков мост“. (МИА)
|
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=519BFA2FACBC5C4999638CDA1E433F5F
|
 |
Vladimir P
Senior Member
Joined: 06-Apr-2008
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 3304
|
Quote Reply
#498 Posted: 15-Dec-2008 at 12:01 |
Бугарија ја поддржува Македонија за ЕУ, НАТО и визната либерализација
Скопје, 15 декември (МИА) ... ... Двајцата премиери најавеното пуштање во употреба на далноводот Дуброво - Црвена Могила го оценија како важен елемент за развој на Коридорот 8, како и за поттикнување на инвестициите. ... |
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#499 Posted: 13-Dec-2008 at 03:10 |
Новата методологија може да ја остави Македонија без струја

На ЕВН ќе и' се признаваат нереално ниски трошоци, поради што ќе остане без пари за набавка на струја од ЕЛЕМ
Практичната примена на новата методологија за пресметка на цената на
струјата што ја подготви Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ)
може да го доведе во прашање снабдувањето со струја на потрошувачите.
Бидејќи со неа ќе се признаваат голем дел од трошоците на ЕЛЕМ за
сметка на малиот процент признати трошоци на „ЕВН Македонија“, што ќе
има финансиски последици врз компанијата. Пред се', се доведуваат во
прашање нејзините идни инвестиции во мрежата, но и плаќањето на
обврските за набавка на струја од ЕЛЕМ, бидејќи дистрибутерот може да
се доведе во неликвидност за покривање на тековните обврски.
Од
„ЕВН Македонија“ се незадоволни поради лошата распределба на признати
трошоци, односно на големата поддршка која со методологијата и' се дава
на државната ЕЛЕМ, наспроти ограничувањата на ЕВН, која исклучиво се
финансира од наплата на сметките на струјата. ЕЛЕМ во иднина може да
пријавува до РКЕ се' поголеми трошоци што ќе и' бидат одобрени и врз
основа на тоа да бара и зголемување на цената на струјата.
„Суштинските
делови ги нема во оваа методологија и може да дојде до загрозување на
позицијата на ЕВН на пазарот на енергетика. Доколку на ЕВН не и' се
признаат одредени тарифи, може да се предвиди неликвидност на фирмата,
а со тоа и запирање на инвестициите, како што е онаа во ’Бунарџик‘. Но,
ќе се загрозат и сите обврски што ги има ЕВН кон ЕЛЕМ“, изјави Карл
Хајнц Грасман, заменик-претседател на УО на „ЕВН Македонија“,
потсетувајќи дека компанијата досега инвестира 90 милиони евра во
мрежата.
Новата методологија за пресметка на цената на
електричната енергија најверојатно ќе биде готова за еден месец, а РКЕ
и претставници на енергетските компании МЕПСО, ЕЛЕМ и „ЕВН Македонија“
вчера одржаа подготвителна седница на која ја разгледуваа предложената
методологија.
Според претседателот на РКЕ, Славе Ивановски,
методологијата не би требало да значи зголемување на цената, туку таа
може да даде можност и за нејзин пад. Тој рече дека во иднина на
потранспарентен начин ќе се пресметуваат трошоците, а РКЕ ќе има
подобар увид во нивната реалност. Тоа би значело дека цената на
струјата може и да се намали, бидејќи кога ќе се признаат реалните
трошоци на компаниите, тогаш ќе се види колку тие инвестирале или не и
дали имало или немало толкави трошоци колку што претставиле во своите
извештаи. „Се обидовме да направиме транспарентен пристап, со многу
попрецизни податоци во однос на она што се прикажува од регулираните
компании како инвестиции, така што сметам дека ќе имаме и многу пофер
однос“, рече Ивановски.
Инаку, со новата методологија и
понатаму на „ЕВН Македонија“ ќе и' се признаваат загуби на струја од 11
проценти, иако од компанијата побарале поголем процент што ќе биде
признат во цената. Од ЕВН побарале и ризикот на земјата да се земе
предвид при определување на цената на струјата, односно нивните
досегашни вложувања да се вреднуваат со одредена стапка на ризик, а
забелешки доставиле и во однос на признавањето на инвестициите, но тие
не биле прифатени од РКЕ.
„Она што досега е дадено како нацрт
во методологијата е сосема доволно да им се обезбеди нормално работење
на компаниите“, изјави Ивановски, додавајќи дека методологијата е
организирана согласно со обврските од Законот за енергетика.
Инаку, Ивановски се' уште ја извршува функцијата директор на РКЕ, иако мандатот му е завршен пред неколку месеци.
Законската
регулатива предвидува усогласување на методологијата на секои три
години и тоа требаше да се случи до крајот на 2007 година. Одложувањето
за две години е поради бавноста на другите законски измени со кои треба
да се уредува либерализацијата на пазарот со струја.
Од „ЕВН
Македонија“ се надеваа дека новата методологија, за разлика од
претходната, ќе ги прикаже реалните трошоци во работењето и ќе овозможи
и формирање реална висина на цената на струјата.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=670192DFF1355C46BA9A35B195CF90FD |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#500 Posted: 13-Dec-2008 at 03:07 |
Да се искористат обновливите извори на енергија
„Подобрувањето на енергетската ефикасност, како и поголемото
вклучување на обновливите извори на енергија во енергетската
потрошувачка е една од главните програмски определби на Владата во
енергетскиот сектор во наредниот период", рече министерот за економија
Фатмир Бесими во поздравниот говор на отворањето на меѓународниот форум
„Енергетска ефикасност - регионална соработка“, што се одржа вчера во
МАНУ во рамките на „Недела на енергетика - Македонија 2008“.
Бесими рече дека во Македонија има поволни услови за искористување на обновливите извори на енергија.
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=40D42DFEB7734F44AFC7DBA8F0FCA4CA |
На овој семинаров додека се дебатираше за енергетска ефикасност снема струја!
|
 |