![]() |
![]() |
![]() |
Вандализам и примитивизам |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2324252627 42> |
Author | |
ant11 ![]() Groupie ![]() Joined: 29-Mar-2011 Online Status: Offline Posts: 38 |
![]() ![]() |
![]() |
|
ant11 ![]() Groupie ![]() Joined: 29-Mar-2011 Online Status: Offline Posts: 38 |
![]() ![]() |
Уништено зеленилото и хидрантската мрежа на паркингот пред Зоолошката градинапонеделник, 27 август 2012, 11:56Случајот е пријавен во полиција, а во прилог на пријавата, како што соопштува Град Скопје, доставени се и аматерски фотографии снимени од случаен минувач што биле објавени на порталот www.zase.mk-http://zase.mk/avtobus-parkiran-na-noviot-parking-kaj-zooloska. Во моментот се утврдува висината на направената штета, а Град Скопје ги замолува граѓаните доколку имаат било каква информација за сторителот да се обратат до најблиската полициска станица. |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
секојдневна карактеристика се затоа што се толерираат од страна на оние кои треба да ги спречуваат, а штетата никогаш не се наплаќа и не се оправа, и така навиката си тлее и си останува со години
цивилизацираните земји за кои што збориш, се на многу поголем степен, многу поголеми дивјаци од дивјаците тука, ама затоа државата си има спроведено ред онаму каде што треба кај нас се казнува само арач ако треба да се собере, никогаш казната кај нас не претставувала превентивна мерка... така да, проблемот не е во нацијата, која може слободно да кажам дека полека се враќа во нормала |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() И јас сум Македонец и не се однесувам како неандерталец, исто како и ти, забеган, ама ваквиот начин на однесување и ваквите навики се секојдневна карактеристика на граѓаните на Република Македонија, а особено забележливи се кај нас скопјани. Дали се Македонци или не, тие кои ги вршат ваквите идиотизми оставаат лош впечаток кај македонската и кај светската јавност. Пред некој ден во муабет со човек кој е вработен во агенција за посредништво при вработување во странство, дознав дека на неговата агенција, која работи во повеќе држави на Балканот, па и пошироко, од одредена компанија за крстарења со луксузни бродови им било напоменато дека ќе примаат работници за на брод од било која држава во која агенцијата работи, само не од Македонија, бидејќи двајца Македонци кои работеле на нивен брод оставиле доста негативен впечаток кога ја демолирале кабината во која престојувале на бродот. Бидејќи нивната агенција за посредништво при вработување во странство работи во повеќе држави, тие и понатаму соработуваат со истата таа компанија за крстарење со луксузни бродови, но не смеат да им испратат Македонци за работа на брод, бидејќи тие двајца нашинци веќе ни го огрдиле образот како нација за таа конкретна компанија со нивниот однос и со нивните постапки. Така функционираат цивилизираните општества, ги прифаќаат цивилизираните работници и емигранти, а нецивилизираните ги враќаат назад во дивото племе, па сега на нас останува да продолжиме да го даваме максимумот од себеси за да се покажеме и докажеме како цивилизирано општество, а истовремено и да се надеваме дека нецивилизираните меѓу нас нема да се појават таму каде што не треба, за да не би не прикажале пред светот како диво племе. Edited by Dexter26 - 26-Jul-2012 at 20:48 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
зошто на секој примитивизам се става национален нагласок??? и јас сум македонец па не се однесувам како неандарталец...
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Македонска работа- граѓаните крадат кабли од соларниот полнач за мобилни
СКОПЈЕ / 25.07.12 / 20:10 Каблите за полнење на мобилни релефони за некои Скопјани се повредни отколку уникатната можност батрериите да ги полнат со струја добиена од соларни панели. Првиот соларен полнач на мобилни телефони што на почеток на месецов мобилниот оператор ВИП го постави на плоштадот Македонија деновиве не работеше поради тоа што едно по едно исчезнаа сите кабелчиња за поврзување на уредите, објави НВО Гринбокс на својата интернет страница. ![]() Од Вип ја поправиле штетата, но десетици луѓе деновиве неуспешно се обидуваа да ги приклучат телефоните поради тоа што полначот сé уште не беше реактивиран. „Вредните“ кабли кои чинат неколку стотини денари сега се фиксирани и покриени со што далеку од тоа дека се безбедни, но ако некој повторно се одлучи да ги земе барем ќе треба малку да се потруди. „Уверени дека им носи повеќекратна полза на граѓаните, на животната средина и на заедницата во целина, соларниот полнач на мобилни телефони овозможува бесплатно полнење на скоро сите видови мобилни телефони, со помош на енергијата на сонцето. Од таму, нејасно е зошто некој би имал нешто против неговото функционирање“ вели извршниот директор на ВИП Никола Љушев. При пуштањето во употреба на полначот на почетокот од месецот градоначалникот Коце Трајановски побара граѓаните совесно да го користат новиот уред. Уредот чини околу 500,000 денарии е дело на ВИП во соработка со Агенцијата за енергетика на Република Македонија и со поддршка наГрад Скопје и општина Центар. Соларниот полнач, изработен од компанијата ХБ Солар Балкенерџи, работи по принципот на конвертирање на сончевата енергија во електрична преку фотонапонски панели. Изработен е како независен островски систем кој ќе служи за напојување на мобилните телефони, како и за осветлување на објектот. На горниот дел од соларниот полнач се поставени монокристални фотонапонски модули кои сончевите зраци ги претвораат во еднонасочна електрична енергија која потоа преку соларен контролер ја полни батеријата, а потоа преку инвертор еднонасочната струјасе претвора во наизменична. Батеријата е потребна за вечерните часови кога нема сончево зрачење и ги напојува мобилните телефони, како и лед светлото кое е поставено на соларниот полнач. Директорот на Агенцијата за енергетика, Лазар Гечевски, при пуштањето во употреба истакнадека вакви полначи ќе се поставуваат во сите поголеми градови во Македонијакои ќе изјават желба за тоа и ќе најдат спонзори./крај/ (еР) гб http://www.ereporter.com.mk/mk-mk/Details.aspx?Title=21212 ПРЕДЛАГАМ ОВАА ТЕМА ДА ОДИ ВО НАУКА И ТЕХНОЛОГИЈА |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
ај несовесен што ја „тетовирал“, туку несовесен што ја поставил таму...
![]() а за вандализам си има решение и кај нас не се спроведува |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Z|evzek ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2012 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 423 |
![]() ![]() |
Мора нешто да се направи за да се спречат ваквите чинови во градски парк :/
|
|
![]() |
|
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
Беше само прашање на време.
|
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
Срамежливата Венера доби „тетоважа“ Скулптурата на срамежливата Венера Пудика во Градскиот парк доби „тетоважа“ на грбот ![]() Несовесен граѓанин со спреј се потпишал на скулптурата што беше поставена пред неколку дена, која, за жал, веднаш злоупотребена од граѓаните. Оригиналната скулптура на Венера е пронајдена во една од термите на археолошкиот локалитет Скупи и датира од 2 век, кога градот го доживува најголемиот архитектонски, урбан и естетски подем. Фотографија: Маја Јаневска-Илиева http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=6161281326&id=14&setIzdanie=22606 |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
двогледот беше брутално демолиран одма после неговото поставување, а кога беше украден не се сеќавам, така да, или на вечер касно им пали мозокот, или не нашле нешѓто поинтересно па се вадат на нешто што сите го заборавиле...
|
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Или Вечер доцнат со веста, или доцна им пали новинарскиот мозок. Истите овие вандализми се случија летото 2011, а не сега. Редовно се шетам на Водно и барем еднаш месечно се симнувам по асфалтот за да видам дали има нешто ново и за да прошетам подолго време. Одлично помнам дека двогледот го снема уште во јули 2011, а ова за соларните светилки е од неодамна, од март 2012, ако добро помнам. Исто така, во јули 2011 беа испокршени клупите на средно Водно и горе кај крстот, речиси секој пат кога се шетам на Водно поминуваат екипи на Паркови и зеленило, но не превземаат ништо, последен пат бев во средата, 2 мај 2012, го заградуваа големиот летниковец на средно Водно, а исто така горе кај крстот имаат поставено некакви дрвени бараки, претпоставувам за сендвичари и слично, но ништо не превземаат околу испокршените клупи на средно Водно и горе кај крстот. Горе кај крстот поставија нови клупи околу самиот крст лани откако почна со работа жичницата, но кога веќе имаат искршени клупи малку подоле од крстот, на кои само треба да им стават по некоја нова даска, тоа не би требало нешто многу да ги чини. А за двогледот мислам дека е подобро воопшто да не набавуваат нов двоглед, гледав како идиотски постапуваа кон него детиштата кои се пијаничеа кај паркингот кај видиковецот и мислам дека нема смисла да се трошат пари за да има со што да се задоволуваат пијаните мозоци на оние припадници на македонската младина кои сеуште не се социјализирале со цивилизираниот свет. Edited by Dexter26 - 05-May-2012 at 02:46 |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
МУ НЕМА КРАЈ НА ПРОСТОТИЛАКОТ Украден панорамскиот двоглед на Видиковец Електронскиот двоглед за панорамско разгледување пред нецели две години во употреба го пушти градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Работеше со уфрлување на две монети од по пет денари. Со двогледот се овозможуваше прекрасна и детална глетка на градот од овој дел на Водно ![]() Електронски двоглед кој служеше за панорамско разгледување на Скопје, а беше поставен на паркингот на вториот видиковец на Водно, најпрво беше вандалски искршен, а подоцна и украден. Туристичката атракција за скопјани која Градот го чинеше 5 илјади евра, а беше произведена од компанијата "Пинакл скоупс" од Канада, не успеа да додржи ни цели две години. Засега непознати сторители покрај двогледот успеале да ги украдат и неколкуте трафоа од соларните светилки и да оштетат дел од урбаната опрема на истиот паркинг. Направената штета од вандализмот на несовесните граѓани Градот го чини околу десет илјади евра. Надлежните велат дека се немоќни во борбата со ниската култура на граѓаните и засега не планираат да постават нов двоглед на истото место. - Постојано апелираме граѓаните да ја чуваат околината и одговорно да се однесуваат кон поставената урбана опрема и на другите јавни површини, но очигледно е дека сето тоа е попусто. На панорамскиот двоглед на Водно најпрво му беше оштетен механизмот за наплата, а еве сега еве и целиот е украден. Ова остава слика дека граѓаните не сакаат да имаат уште една разонода кога би го посетиле паркингот на вториот видиковец на Водно, велат од Град Скопје. Од таму информираат дека засега не се разгледува можноста за поставување на вакви слични уреди за набљудување, а причините се финансиски. Електронскиот двоглед за панорамско разгледување пред нецели две години во употреба го пушти градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Работеше со уфрлување на две монети од по пет денари. Времето за разгледување беше околу 2-3 минути, а со двогледот се овозможуваше прекрасна и детална глетка на градот од овој дел на Водно. Радиусот на завртување на овој двоглед беше околу 285 степени. Паралелно со панорамскиот двоглед Градот Скопје пред две години на двата видиковци на Водно постави и 24 светилки на соларна енергија, од кои денес само десетина функционираат. (Д.С.) вечер |
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Велес - катастрофа! |
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Најдена му е сродна душа на Скопје - Осијек http://www.skyscrapercity.com/showthread.php?t=1088847&page=123 Edited by N23 - 26-Mar-2012 at 23:36 |
|
![]() |
|
MGS ![]() Senior Member ![]() Joined: 10-May-2011 Location: Охрид,МКД Online Status: Offline Posts: 307 |
![]() ![]() |
Абе пред некој ден ја ставија новата фасада на гимназиската сала. Ова треба да се фати и јако млатење да добијат. ![]() http://www.ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=40295 |
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Ова е сосема вообичаена ситуација на "новиот мост". Интересно после само пар саати, кантава отиде како старо железо... Edited by Cloverstack - 21-Mar-2012 at 01:44 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
За Гологанов. Паверот на улица е ставен од локалната меана и сервисот одма позади неа. За наша жал, а поради немоќ на државата, станува збор за сомнителни газди и за сомнителна клиентела која доаѓа. Плус тоа е кафана у која не се поштуе никој закон. Мене страшно ме иритира што се и се дозволува на таа кафана, што нон-стоп коли се паркирани на тротоарот а и баш така фино си ставиле коцки за да се качат на тротоар. Коа државата нема моќ, или е соучесник, тоа ќе ни се дешава. |
|
![]() |
|
WNBARCH ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 15-Apr-2011 Online Status: Offline Posts: 86 |
![]() ![]() |
одржување е science fiction за скопје.може го тупам со примерот теодосиј гологанов но сеуште не е изметен вишокот песок од паверот на тротоарите(и после има прашина во воздухот).некој пред амсм и си ставил и павер елементи на коловозот за да може полесно да се качи па тие се расфрлале на улица и имаш павер на сред нова улица-загрозена сигурност и на колите и на пешаците.после раскрсницата ,каде што најверојатно не е спуштен тротоарот некој со бетон си направил рампа оштетуваќи го тротоарот,улицата и е намелна чирината на улицата....и се ова си се толерира...
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2324252627 42> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |