Author |
Topic Search Topic Options
|
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#501 Posted: 03-Sep-2008 at 11:39 |

ВЛАДАТА ДЕНОВИВЕ ЌЕ ОДЛУЧИ КОЈ ЌЕ ГИ ГРАДИ ХЕЦ ЧЕБРЕН И ГАЛИШТЕ
РВЕ и Вербунт го трчаат последниот круг!
Владините министри ќе треба да решат кому ќе му дозволат да ја реализира најголемата инвестиција во енергетскиот сектор, за што ќе се вложат околу 700 милиони евра
Владата деновиве треба да одлучи кој ќе биде најповолниот понудувач на тендерот за изградба на големите хидроцентрали Чебрен и Галиште, проект вреден околу 700 милиони евра. Од Министерството за економија велат дека Комисијата, која интензивно работела на еволуација на понудите на германската РВЕ и австриската компанија Вербунт ја подготвила потребната документација, според која, владините министри ќе треба да одлучат кому ќе му дозволат да ја реализира најголемата инвестиција во енергетскиот сектор во земјава.
Новиот министер за економија Фатмир Бесими, кога седна во министерската фотелја најави дека енергетскиот сектор ќе има приоритет во неговиот мандат, особено изградбата на Чебрен и Галиште, ХЕЦ Бошков мост и малите хидроцентрали.
Тендерот за избор на инвеститор кој треба да ги гради хидроцентралите Чебрен и Галиште требаше да финишира летово, но се одложи поради предвремените парламентарни избори. Централите, кои треба да никнат на Црна Река, според тендерските правила, треба да почнат да се градат следната година во пролет и проектот да заврши за седум години.
Годишното производство на електрична енергија од двете централи се проценува на околу 1.100 гигават-часа. Според тендерските услови новиот инвеститор ќе добие и 50 години концесија над ХЕЦ Тиквеш. За оваа бенефиција веќе имаше реакции од енергетските експерти, оти според нив, предолг е периодот за кој хидроцентралата Тиквеш се издава под концесијата. ХЕЦ Тиквеш годишно произведува околу 200 гигават-часови електрична енергија, но и го одржува во стабилност електро-енергетскиот систем на земјава. Во меѓувреме сите надежи на жителите од Мариово се свртени кон изградбата на Чебрен и Галиште. Мештаните очекуваат хидроцентралите да го вратат животот во нивните села, кои ,пак, речиси се изумрени. Со нивната изградба, не само што се очекува да заживее крајот, туку според експертите водата од акумулациите треба да го освежи сушниот крај, и да ја смени климата.
По завршувањето на тендерот за Чебрен и Галиште од министерството за економија потврдуваат дека треба да се заокружи и постапката за изградба на ХЕЦ Бошков мост, како и на малите хидроцентрали.
Валентина МАРЈАНОВИЌ
|
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#502 Posted: 04-Aug-2008 at 11:39 |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=F1D064D2D8F4DD41AD1847043900E3B3
„Чебрен“ и „Галиште“ надеж и перспектива на Мариово

Земјиштето крај акумулациите што ќе се создадат достигнува цена и до 20 евра
Виктор Цветаноски
ВИТОЛИШТЕ – БЕШИШТЕ - Сите надежи на жителите од Мариово се свртени
кон изградбата на „Чебрен“ и „Галиште“ и тие очекуваат хидроцентралите
колку-толку да го вратат животот во нивните села кои веќе се изумрени
или се' уште живуркаат со малку душа. „Со нивната изградба, ако ништо
друго, дневно во некои од селава ќе поминуваат луѓе, ќе купат нешто од
селските продавници, од сточарите сирење, јагне или теле, а од
пчеларите мед. Што е уште поважно, ќе имаме многу вода која ќе го
освежи нашиот сушен крај и ќе ја смени климата. Сигурно ќе имаме шанса
да ловиме во езерата. А Црна е богата со риби“, вели Стојко Пашовски,
кој никогаш не си заминал од родното Витолиште.
Мариовци се
сигурни дека најголемата македонска инвестиција од најмалку милијарда
евра ќе биде вложена во нивното Мариово, до сега заборавено од Господ и
од луѓето. Поснаодливите, тие кои знаат дека изградбата на акумулациите
носи благодат, веќе се подготвуваат. Луѓе однадвор кои се добро
информирани до каде ќе стасаат водите на езерата веќе почнале да
купуваат земја во нивна близина за изградба на викендички.
Селаните
од Бешиште тврдат дека земјата крај акумулациите што ќе се создадат
допрва веќе достигнала цена од десет до дваесет евра за квадрат, во
зависност на кое место се наоѓа. Еден прилепчанец се сетил прв и купил
големи површини по багателна цена и сигурно ќе препродава плацови за
викенд-куќички и ќе заработи многу пари, зашто од речиси цела
Македонија имало луѓе кои се интересирале да имаат свое катче во
Мариово.
Акумулацијата за хидроцентралата „Чебрен“ ќе покрие дел
од синорот на Бешиште, Зовиќ, Чаниште, Рапеш и Маково. Под вода ќе се
најде и манастирот во кој засега никој не живее и до кој не може да се
стаса со возило. Велат некогаш бил многу богат манастир, имал плодни
ниви крај Црна и четири воденици.
Браната ќе биде висока 187
метри, а бешиштани очекуваат со започнувањето на изградбата на
„Чебрен“, многу да добие нивното село, зашто сметаат дека кај нив ќе
бидат базите и за изградба на браната ќе се користат материјали од
нивниот синор. А таму каде што ќе работат луѓе, ќе има и живот.
Мерењата до каде ќе стаса акумулацијата се вршеле пред шест години.
Тогаш се предвидувало со патишта да се поврзат сите села, а главниот
пат да поминува преку Бешиште. Сметаат дека новите инвеститори немаат
причина многу да ги менуваат основните проекти.

Витолиште,
центарот на прилепскиот дел на Мариово, се наоѓа меѓу двете акумулации,
но за него од поголема полза ќе биде поблиската – „Галиште“, која ќе ги
поплави викендичките во близина на мостот на Црна над кој водата ќе се
искачи повеќе од 10 метри височина. Се планирало да се изгради
викенд-населба со 29 куќички, но по добрите вести се' се одложува за
подоцна.
Во Мариово, кое сите овие години умира полека, секој
ден се згаснува по некое огниште. Стојан Ристески, кој три дена е
матичар во Витолиште, а два во Дуње, тоа го поткрепува со конкретни
бројки. Вели дека од поодамна не запишал во книгите новородени деца. За
време на дваесетината години, колку што работи како матичар во Мариово,
имал запишано само две деца. „Порано имаше по некое венчавање, ама сега
дали има едно или две годишно. Умирањата се најчести“, вели тој.
А
така не била во минатото. Од книгите што ги разгледувал видел дека од
1925 до 1975 година само во прилепскиот дел на Мариово имало запишано
17.000 новороденчиња. Од седумдесеттите години досега, тој број не е
поголем од неколку стотини. „Сега во 14 села на прилепско Мариово
живеат меѓу 400 и 450 жители. Во три од нив нема ниту еден човек, пред
згаснување се уште две-три села, во кои има по неколку души, во две
села живеат по десетина луѓе, но и на нив им се гледа крајот“,
констатира Ристоски.
Во селската продавница во Витолиште
разговараат Стојко Крајоски, Стојан и Стојко Пашовски. Велат, половина
Мариовци се викаат Стојан или Стојко и се' додека има Стојковци и
Стојановци, Мариово ќе постои. Центарот на поранешната Витолишка
општина сега има стотина жители, главно старци. Тие се жалат дека многу
поубаво им било кога била општината, зашто често им помагала во
решавањето на проблемите на селото. „Без неа немаме ништо. Еве сега
имаме дефекти на водоводот, а пари немаме да го поправиме. Ако беше
општината, таа ќе ни го решеше проблемот. Вака при водовод, останавме
без вода“, велат тие.
Во Витолишта луѓето живеат, главно, од
сточарство, а за земјоделство нема услови, бидејќи немаат вода за
наводнување. „Дури немаме вода ни за стоката. Имаме една чешма во
близина на селото и таму ја тераме да се напојува. Да ни направеа
неколку мали езерца, проблемот ќе беше решен. Јас чувам стотина крави
од стара сорта буша. Исто по толку имаат уште четворица говедари. Ама
месото тешко го продаваме. Увезуваат од странство, а нашето останува.
Ни велат потемнувале, а тие што купуваат знаат дека е многу
поквалитетно од увозното. Своевремено, во бивша Југославија, ни го
земаше ’Подравка‘ од Копривница и со него ја правеше запршката за
гулашот, бидејќи беше подобро од сите други меса“, вели Стојко Пашовски.
Добитокот
и шесте помали фирми за мермер кои вработуваат по петнаесетина
работници се сето стопанство на мариовскиот крај. Се отвораат
перспективи и за развој на селскиот туризам. Во Витолиште за малку пари
се купуваат стари куќи. Прилепчанка која живеела во Скопје веќе купила
5-6 куќи и била подготвена да плати за секој стар објект што сакале да
го продадат. Зошто ќе ги користи, за препродавање или за селски
туризам, во Витолишта никој засега не знае да каже.
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#503 Posted: 02-Jul-2008 at 10:45 |
Двојно зголемен капацитетот на ХЕЦ Пена
|
|
Најстарата
хидроцентрала во Македонија Пена, по завршената ревитализација од
страна на чешката компанија „Хидропол“, работи со зголемена моќност.
Наместо досегашните 2,5 мегавати, сега ХЕЦ Пена работи со капацитет од
4,1 мегават што е скоро двојно повеќе од претходно.
Освен зголемувањето на моќноста, преку процесот на ревитализација
зголемен е и прагот на ефикасноста на оваа хидроцентрала за 90%, со што
се овозможува и целосно искористување на водата. ЕВН Македонија соопшти
дека хидроцентралата е и комплетно автоматизирана и може да се управува
од далечина.
ХЕЦ Пена e изградена во 1926 година. Поврзана е со електроенергетскиот
систем на 35 киловати дистрибутивно напонско ниво. Таа беше
ревитализирана од страна на чешката компанија „Хидропол“ според РОТ
договорот.
Претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија Георг Валднер, на
Хидропол му додели сертификат за успешно завршување на ревитализацијата
и модернизацијата на ХЕЦ Пена.
Според Валднер, ревитализацијата на ХЕЦ Пена има големо значење за
стабилноста на електроенергетскиот систем во тетовскиот регион. Со неа,
вели тој, се продолжува животниот век на најстарата хидроцентрала во
Македонија и таа и во иднина ќе ги задоволува потребите на граѓаните.
ХЕЦ Пена е една од седумте мали хидроцентрали што се дадени под
концесија на чешката компанија Хидропол, која има обврска да ги
ревитализира и да менаџира со нив до 2013 година кога треба да и ги
предаде на ЕВН Македонија. Неодамна заврши и ревитализацијата на ХЕЦ
Калиманци. По завршувањето на овој зафат, ХЕЦ Калиманци стана првата
автоматизирана хидро централа во ЕВН Македонија. |
| http://www.total.com.mk/ShowNewsAdv.aspx?ItemID=11325&mid=303&tabId=1&tabindex=2
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#504 Posted: 19-Jun-2008 at 23:54 |
Да бевме асална и организирана држава смите ќе си ги изградевме Чебрен/Галиште и другите хидро потенцијали и самите ќе гфи одржувавме и со нив ќе располагавме. Но со ваквиот бахат однос (примери милион од изминатите 15 години со неодржување, рапидно и намерно поткопување и пропаѓање на разно разни проекти) мораме се што вреди и е од национален интерес да продадема, за да некој друг понатака ни го организира, препакувам, одржува и сето тоа дебело наплати неколкукратно.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#505 Posted: 19-Jun-2008 at 23:03 |
 Не се слагам со тебе околу дилемите што ги имаш за тоа дали воопшто треба да форсираме хидроелектрани. Хидроелектраните злато вредат од многу аспекти, а во услови на енергетска криза и климатски промени тоа е уште повеќе изразено. А што се однесува до текстот кој силно критички се осврнува врз тоа како владата влегла во концесијата на Тиквеш/Чебрен/Галиште, многу работи што се таму спомнати држат вода. Текстот ми отвори многу дилеми окллу тоа колку добри понуди сме добиле, но останува фактот дека сето тоа одеше преку меѓународен тендер и дека подобри понуди не стигнаа... Како најдобро понатака, искрено не ми е воопшто јасно...
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#506 Posted: 19-Jun-2008 at 09:34 |
Јас имам дилеми дали воопшто сите овие ХЦ треба да се градат и дали можеби и до сега сме претерале со изградба. ХЦ само ни го ублажуваат енергетскиот проблем но не го решаваат. Како што ќе расте потребата за струја нема веќе ни да го ублажуваат. Така да од тој аспект мислам дека треба да се ориентираме на други решенија.
Можеби овие проекти се далеку побитни за водостопанството.... Незнам... Но...
Уништуваме доста природни текови и создаваме некои чудни вештачки езера... Кањонот на Треска на пример по целата должина на денешен Козјак, Св. Петка и Матка веројатно би бил далеку поспектакуларен доколку низ него би течела реката отколку ваков каков е... Видете ги само сликите од изградбата на Св. Петка...
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#507 Posted: 19-Jun-2008 at 09:20 |
Зошто "дебатираат" сега, не е малце касно за тоа 
ЕКСПЕРТИТЕ ДЕБАТИРАА ЗА ИЗГРАДБАТА НА ХИДРОЦЕНТРАЛИТЕ ЧЕБРЕН И ГАЛИШТЕ НА ЦРНА РЕКА
Повеќе ќе изгубиме, отколку што ќе добиеме
Државата е сопственик на акции во Телеком, а сепак има проблем да ја добие дивидендата и тоа многу лесно може да се повтори со новиот инвеститор на централите Чебрен и Галиште - предупреди професорот Атанаско Тунески
Македонија повеќе губи отколку што добива со изградбата на хидроцентралите Чебрен и Галиште бидејќи новиот инвеститор ќе добие до 50 години концесија над ХЕЦ Тиквеш, реагираше енергетскиот експерт и професор Атанаско Тунески на вчерашната дебата по повод изградба на овие два најголеми енергетски објекти во земјава. Според него, предолг е периодот за кој хидроцентралата Тиквеш се издава под концесијата бидејќи таа годишно произведува околу 200 гигават-часови електрична енергија.
-Просечната цена на струјата во моментов се движи околу 100 евра за мегават-час, што значи дека годишното производство од тиквешката хидроцентрала изнесува 20 милиони евра. Ако тоа се помножи со бројот на годините на концесија сумата ќе достигне милијарда евра - вели Туневски.
Тој појаснува дека на овој начин државата влегува во оваа компанија со голем мираз. Според Туневски, бројот на годините на концесија треба двојно да се скрати, а државата не треба да учествува во новата компанија со добивање на акции на сметка на давањето на ХЕЦ "Тиквеш", туку треба да учествува во делот на производството на енергија. Оваа централа е проценета дека вреди околу 200 милиони евра.
-Ние знаеме дека државата е сопственик на акции во Телеком, а сепак има проблем да ја добие дивидендата. Тоа многу лесно може да се случи и со новиот инвеститор на централите Чебрен и Галиште бидејќи постои опасност тој да прикажувал мал профит, за да не може државата да го добие својот дел - нагласува Туневски. За Слаѓана Тасева, претседателка на невладината организација Транспарентност - Нулта Корупција, која ја организираше дебатата, целта на овој собир не е да се спречат вложувањата, туку да се поттикнат вистинските инвестиции.
-На новата Влада сакаме да и порачаме дека треба да се земат сите аспекти предвид пред да се избере новиот инвеститор. Особено, во предвид треба да се земе аспектот на користење на водата, бидејќи тој се одразува врз животот на граѓаните и животната средина - вели Тасева.
За Станислава Додева, експерт за води итно е потребна детална анализа на состојбата со водата, бидејќи Македонија е сиромашна со водни ресурси, а студијата за вода за земјава е стара и се однесува за водите во период од 1961-1990 година.
Меѓународниот тендер за изградба на Чебрен и Галиште е во тек. Во трка се две компании, а по конституирањето на новата Влада ќе се одлучи чија понуда е подобра.
|
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#508 Posted: 30-Apr-2008 at 23:25 |
Добро мислев дали ќе учествуваме во финансискиот дел (во градењето)
Во секој случај РВЕ има ненормално подобра понуда....дури е сомнително како двете понуди се толку различни
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#509 Posted: 30-Apr-2008 at 23:10 |
Originally posted by vardar
а дали делот наш се плаќа или е "подарок"??? |
Во вакви работи „подароци“ нема... Делот си го плаќаме покрај другите работи и со отстапување на ХЕ Тиквеш како дел од концесијата.
Edited by Cloverstack - 30-Apr-2008 at 23:11
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#510 Posted: 30-Apr-2008 at 23:01 |
Аха фала, за годините разбрав само не и за сопственичкиот дел....па нели кога се иде на концесија објектот/проектот е во целосна сопственост на инвеститорот нешто како систем BOT build-operate-transfer....а дали делот наш се плаќа или е "подарок"???
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#511 Posted: 30-Apr-2008 at 22:49 |
Процентот значи колкав дел од акциите ќе припаднат на државата, а годините се значат за колку години компанијата ќе го остапи објектот на државата целосно. Бар вака го разбирам.
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#512 Posted: 30-Apr-2008 at 22:43 |
Ова не го сваќам што точно значи????? Ај некој нека нека објасни ако може
Германската РВЕ понуди 47% учество во проектната компанија за АД ЕЛЕМ и 39 години проектен период, а австриската „Вербунд“ 33% учество и 50 години концесиски проектен период |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#513 Posted: 30-Apr-2008 at 17:41 |
Originally posted by гитардемон
е ај сега колку фирми доставиле понуда? две или пет?
|
Како што кажаа на ТВ (Телма и А1), од првично најавените компании (меѓу кои и тие спомнати од макфакс), на крајот само RWE и Verbund доставиле понуди. Во текстот на макфакс исто така упаѓа во очи и концесија од 70 години, што според понудите очигледно не е точно, а и цената се разликува - во текстот стои 500 милиони, а на Телма кажаа 700 милиони вкупна цена. Текстот на макфакс ми изгледа по малку "obsolete".
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#514 Posted: 30-Apr-2008 at 17:38 |
пиши за чебрен дека ќе биди во близина на село манастир, па за сите шо незнајме кај е то еве со координати http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%9C%D0%B0%D0%BD%D0%B0%D1%81%D1%82%D0%B8%D1%80многу ме интересира како ќе изгледа ова, пошто црна досега беше само една гнасна никаква најзагадена река (од половина тек па натаму) со големо езеро... да не остани исто само со три езера сега
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
гитардемон
Senior Member
Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5424
|
Quote Reply
#515 Posted: 30-Apr-2008 at 17:34 |
Отворање на понудите за „Чебрен“ и „Галиште“
Скопје /30/04/ 08:06
Понудите од тендерот за
изградба на хидрооелектраните „Чебрен“ и „Галиште“, за што во најтесниот круг
останаа пет странски компании, ќе бидат отворени денеска.
Хидроелектраните „Чебрен“ и
„Галиште“треба да се градат на Црна Река, каде што е веќе лоцирана ХЕЦ
„Тиквеш“. Долгорочно се очекува тие значително да ги намалат потребите
за увоз на струја и да
ја подобрат
снабденоста со електрична енергија на македонскиот пазар.
Концесионерите ќе се избираат помеѓу германската РВЕ, австриската „Вербунд“, двете
италијански компании „Енел“ и „Едисон“ и норвешката компанија „Статкрафт“.
Германската
РВЕ, неофицијално, важи за фаворит. Претставници на оваа компанија
минатиот месец имаа сопствена промоција на идеите за инвестирање,
најавувајќи дека
се подготвени да вложат над 500 милиони евра за „Чебрен“ и „Галиште“,
што е
досега највисока понудена инвестиција во енергетиката.
Предвидено е „Чебрен“
и „Галиште“ да бидат централи со поголема моќност, „Чебрен“ со
330 мегавати и „Галиште“ со 193 мегавати, а со изградбата на
двете хидроелектрани ќе се заокружи енергетскиот потенцијал на Црна Река.
Според најавите, во изградбата на „Чебрен“ и „Галиште ќе се ангажираат околу 2.000
лица.
Согласно тендерот што Македонија го распиша за „давање на концесија за вода за
производство на електрична енергија од хидрооелектраните „Чебрен“ и „Галиште“,изградбата на централите
треба да започне идната пролет, а концесионерот треба на двете централи да
работи паралелно и тие да бидат завршени за седум години.
Правото на
користење на централите е 70 години, заедно со ХЕЦ „Тиквеш“.
Електраната „Чебрен“
треба да се гради на Црна Река блиску до селото Манастир, а „Галиште“ ќе биде
во близина на постојната акумулација „Тиквеш“.
Инвестициската
вредност на „Чебрен“ е 320 милиони евра, а на „Галиште“ околу 200 милиона евра.
Проектите за двете централи се направени уште пред десетина години /крај/ег/
Copyright 2008 makfax. Сите права се задржани. Текстов
не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со makfax.
преземено од: http://www.makfax.com.mk/look/novina/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=2&NrArticle=110081&NrIssue=646&NrSection=10
е ај сега колку фирми доставиле понуда? две или пет?
Edited by гитардемон - 30-Apr-2008 at 17:35
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#516 Posted: 30-Apr-2008 at 16:23 |
Значи RWE со понудата го прегази Verbund... Освен ако нема други крупни разлики кои во текстов не се спомнати... Во секој случај долго чекавме на конкретизирање на работата околу овие две многу важни електрани и еве конечно тоа е на повидок  Штета само што изградбата е планирано да трае многу долго (7 години)
|
 |
UrbanFreak
Senior Member
Joined: 28-Oct-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1732
|
Quote Reply
#517 Posted: 30-Apr-2008 at 15:58 |
РВЕ и „Вербунд“ доставија понуди за „Чебрен“ и „Галиште“
30.04.2008 13:57
Германската РВЕ и австриската „Вербунд“ се единствените компании кои поднесоа понуди на тендерот за изградба на хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“.
Германската РВЕ понуди 47% учество во проектната компанија за АД ЕЛЕМ и 39 години проектен период, а австриската „Вербунд“ 33% учество и 50 години концесиски проектен период.
Двете компании понудија банкарска гаранција од 10 милиони евра.
Тендерската комисија на денешното јавно отворање на понудите утврди дека документацијата на двете компании е уредна и комплетна.
Гец Ханау од германската РВЕ е задоволен што дале, како што рече, конкурентна понуда и се надева на фер и транспарентен процес.
„Се надеваме на фер и транспарентен процес. Ја поднесовме понудата и сега се зависи од тендерската комисија и од Владата дали одлуката ќе биде донесена сега или подоцна“, изјави Ханау пред Министерството за економија по јавното отворање на понудите.
Претставниците на австриската „Вербунд“ не дадоа изјава по отворањето на понудите.
Хидроелектраните „Чебрен“ и „Галиште“ треба да се градат на Црна Река каде што се наоѓа и ХЕЦ „Тиквеш“.
Предвидено е тие да бидат централи со поголема моќност и тоа „Чебрен“ со 330 мегавати и „Галиште“ со 193 мегавати со што се очекува тие значително да ја подобрат снабденоста со електрична енергија на македонскиот пазар.
Според тендерот, изградбата на двете хидроелектрани треба да почне идната пролет, а концесионерот треба на двете централи да работи паралелно и тие да бидат завршени за седум години.
Крајниот рок за доставување на понудите беше денеска до 10 часот. По денешното јавно отворање на понудите следи периодот на евалуација и изборот на најповолен понудувач.
|
Извор: А1
|
 |
blejdsk
Senior Member
Joined: 05-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 320
|
Quote Reply
#518 Posted: 28-Apr-2008 at 15:10 |
Abe so se raspravate za edno e*ano bukvice,,,so e bitno kako se pisuva ili izgovara, Kako i da go kazes ili napises TOCNO e...
Aj.....
|
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#519 Posted: 28-Apr-2008 at 14:49 |
Originally posted by kire85
Ако го пишуваме како што се чита на германски, тогаш е Фербунд....тоа што другите цело време го пишувале грешно е друга работа...
Иначе според таа логика ќе требаше за Volkswagen да пишуваме Волксваген
|
Па тоа ми ми беше и зборот од кога ме корегиравте, дека ако цело време грешно го пишувале, тогаш проблемот кон кој ми беше насочена критиката е уште поголем.
|
 |
kire85
Senior Member
Joined: 27-Nov-2007
Location: Düsseldorf
Online Status: Offline
Posts: 400
|
Quote Reply
#520 Posted: 28-Apr-2008 at 14:40 |
Originally posted by pbanks
Знам дека v=f имам учено германски... сепак мислам дека транскрипцијата на кирилица тука треба да биде Вербунд. Така и беше во последниве 2 години колку што името на фирмава се сретнува по медиумите. Ако ете заклучиме дека Фербунд е правата варијанта исходот е уште полош 
|
Ако го пишуваме како што се чита на германски, тогаш е Фербунд....тоа што другите цело време го пишувале грешно е друга работа... Иначе според таа логика ќе требаше за Volkswagen да пишуваме Волксваген 
Edited by kire85 - 28-Apr-2008 at 14:42
|
 |