![]() |
![]() |
![]() |
Коридор 8 |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2425262728 54> |
Author | ||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Консултант ќе работи на проектот за пругата Крива Паланка – Деве Баир
Делегацијата на Европската унија го одобри предлог – проектот за изработка на основниот проект за делницата Крива Паланка – Деве Баир, а кон средината на месецов беше распишан и оглас за избор на консултант што во рок од 22 месеци ќе треба да го изработи основниот проект за третата фаза од изградбата на железничкото поврзување на нашата земја со Бугарија. Министерството за транспорт и врски денеска соопшти дека заинтересираните компании треба да се пријават до 20 ноември. Со изготвувањето на основниот проект ќе се знае и конечната сума што ќе треба да се одвои за изведбата на пругата, која во моментов се проценува на околу 330 милиони евра. Од ИПА фондовите на Европската унија се обезбедени 3,5 милиони евра за подготовка на проектната документација. Од надлежното министерство информираат дека во тек се градежните работи за реконструкција на железничката пруга од Куманово до Бељаковце со должина од 31 километри, која треба да се заврши во третиот квартал од 2016 година. За делницата од Бељаковце до Крива Паланка во должина од 34 километри веќе е потпишан договор за изработка на основниот проект со компанијата Обермаер Хелас ЛТД, која треба да ја изготви документацијата во рок од 24 месеци. Процесот за избор на градежна компанија што ќе ја реализира втората фаза од железничкиот Коридор 8 веќе е започната. Предквалификацијата ќе започне наредниот месец, додека во март 2015 година ќе следува и финалната постапка за избор на изведувач. Договорот со најповолниот понудувач треба да се потпише во август 2015 година, а градежните работи ќе почнат во првиот квартал од 2016 година. Инвестицијата оваа делница е во висина од 145 милиони евра, за што преговорите со Европската банка за обнова и развој се веќе финализирани и се очекува потпишување на договорот за заем. http://www.build.mk/?p=39926 |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Како што видов накратко на некои од вестите,одбарна е втората варијанта.Тоа е трасата која малку `скршнува` према патот за Битола,па оди низ с.брждани,с.Јудово па вероватно со тунел излегува кај с.Сливово(или Мраморец од Латас) па правец Охрид
|
||
![]() |
||
mackomk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 130 |
![]() ![]() |
|
Шпанска и француска компанија за две години ќе ја градат железничката пруга кон Албанија
Македонски Железници Инфраструктура го потпиша договорот за проектирање на новата пруга кон Албанија. Конзорциум од компании од Шпанија и Франција ќе ја проектираат пругата од Кичево до Лин, Албанија. За 22 месеци откако ќе се направи проектот ќе започне со изградба на пругата, изјави директорот на Инфраструктура, Асани за Канал 5. Потпишан е договор со конзорциум од шпанската фирма „Типса“ и француската „Луи Берже“ за изведбениот проект и дизајн за изградба на пругата Кичево - Лин, граница со Албанија, дел од Коридорот 8, информира денеска директорот на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани. Асани кој вршеше увид на градежните работи на новата железничка станица најави дека реконструкцијата на станицата ќе заврши најдоцна до мај идната година. Се очекува главната станица да се модернизира по теркот на европските. Ќе има три лифта за движење до пероните, нови чекални, информационен систем и електронски влез во станицата. Пероните ќе се подигнат максимум до 55 сантиметри на ниво до влез во возовите. Парите за реконструкција се обезбедени од европските фондови |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
камионското лоби во Албанија е толку јако што можи во секое време да смени министер,а можеби и влада,и нема така лесно да дозволат некој да им го земи бизнисот.
Само да се присетиме на Австралија која е демократија во вистинска смисла,каде камионското лоби никако не дозволува да се изгради поглемата железница |
||
![]() |
||
mr bombastic ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 10-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 420 |
![]() ![]() |
|
Ѓоко, сигурно е тоа дека чекаат финансиска инекција однадвор у тоа нема сомнеж, него работата беше што се објави тендер за избор на консултант (значи европските фондови веќе обезбедија финансии за тој што ќе го прави проектот) што ќе го изработи проектот и ќе спреми тендерска документација за избор на градежна компанија и веќе одамна требаше да биде избран тој консултант ама сите можни рокови се пробиени и никој ништо не кажа околу сето ова. А за тоа дека е скапо да инвестираме сами тоа е точно, ама и без албанците да се многу заинтересирани за железницата мислам дека за нас самите би било добро да се изгради таа пруга накај границата со Албанија (кредити од европски банки) и секако да не пропуштат и "заборават" да пуштат крак од таа пруга накај Охрид со тоа што така уште повеќе би добил на значење западниот дел од Коридорот 8 а туризмот би добил додатен импулс...значи да не чекаме други да бидат заинтересирани туку да си го завршиме нашиот дел (веќе кажав, секако со кредити од ЕБОР,ЕИБ итн.) а пошто коридорот е паневропски сигурно дека и Албанија кога-тогаш ќе се зафати со работа ![]() |
||
![]() |
||
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
|
Веројатно за патнички воз Скопје-К. Паланка за некои 20 години. |
||
23ka.wordpress.com
|
||
![]() |
||
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
|
Оваа делница не би можела да се искористи на пример Кочани-Делчево-Благоевград? Каков е теренот отприлика знае некој? |
||
![]() |
||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
Дали мислат возот низ Куманово да вози како трамвај? Еве ги должините на делниците: Ж.С. Куманово - Лопате 2.9 km Лопате - Куманово Ново 4.0 km Kуманово Ново - Перо Чичо 2.0 km Перо Чичо - Проевце 1.7 km Edited by phenomenon - 08-Oct-2014 at 00:03 |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
![]() |
||
avijacijamk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Jan-2013 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 364 |
![]() ![]() |
|
За мене е несватливо иако сепак сум некомпетентен, порано ајде можда било ќорсокак али сега еве да речеме компаниите како Џонсон и таа во Кочани што е може да бидат корисници на истата. Во Штип исто е и една од базите на Лукоил...Али изгледа тоа не било замислено така за жал. Еве во горниот текст се споменува реконструкција на Куманово-Кичево? Што е битно Кичево?Ако е пругата до Албанија да но којзнае кога.. |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
кај нас тој коридор го викаат `ќорсокак`,а за кај вас незнам
![]() тешко таа делница некогаш да биди реконструирана,за жал |
||
![]() |
||
avijacijamk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Jan-2013 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 364 |
![]() ![]() |
|
Јас сум малку не информиран но да прашам пругата до Кочани во кој коридор спаѓа?Постојано се возам со воз и ми е криво кога гледам дека од сите реконструкции овој дел е целосно заборавен а возот си оди....Штета што не се реконструира
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
НА ПРУГАТА КУМАНОВО - БЕЉАКОВЦЕ
Се вадат старите шини од 90-тите години 7 октомври 2014 - 16:16 Тој појасни дека пругата кога ќе се изгради ќе овозмо'и дви'ење на максимум 32 пара возови дневно, а тоа значи транспорт на 750 до 1.000 тони стока по еден пар возови. Тоа ќе биде голем инпут за македонската економија, но и на индустриските капацитети што се поврзани со транспорт на стока, но и на патници, бидејќи превозот со воз секаде во светот е побезбеден и попријатен ![]() Работниците ангажирани од германската компанија "Вибе" ја подготвуваат старата траса на пругата од Куманово до Бељаковце за поставување на нови прагови и шини. За да се увери дека работите течат според предвидената динамика вчера кај патниот премин кај кумановското село Лопате беше директорот на "МЖ - Инфраструктура", Ирфан Асани, заедно со претставникот на "ЕПТИСА", кој ги надгледува работите што се одвиваат на оваа траса. - Може да се каже дека ова е работен состанок на терен. Од Лопате до станицата Шупли Камен се врши демонтирање на старите шини од колосекот граден во 90-тите години на минатиот век. На голем процент од делницата од Куманово до Бељаковце е завршен процесот на експропријација на земјиштето, а веќе почнува и со поставување на сигнализација и телекомуникациски водови. Во постојан контакт сме и со жителите на Перо Чичо, но и со населението на други села долж трасата со цел да им објасниме каков ќе биде бенефитот на пругата кога ќе се изгради и пушти во функција - рече Асани. Тој појасни дека пругата кога ќе се изгради ќе овозможи движење на максимум 32 пара возови дневно, а тоа значи транспорт на 750 до 1.000 тони стока по еден пар возови. - Тоа ќе биде голем инпут за македонската економија, но и на индустриските капацитети што се поврзани со транспорт на стока, но и на патници, бидејќи превозот со воз секаде во светот е побезбеден и попријатен - нагласи Асани. Градежните активности на овој дел од пругата кон Бугарија почнаа во март годинава и тоа претставува првата фаза од овој проект тежок 40 милиони евра, пари обезбедени од ЕБОР. Изведувачот „Вибе" првата фаза треба да ја заврши на 17 септември 2017 година. Покрај рехабилитација на постојната пруга преку подобрување на техничките карактеристики, замена на старите и дотраени прагови и шини со нови, поправање на лежиштата и обновување на изолацијата, предвидено е да се изгради нов мост во месноста Лопате. Ќе се обноват постојните мостови, а ќе бидат инсталирани и нови кабелски водови, огради и безбедносни бариери за заштита од бучава и вибрации. Дополнително ќе се постават нови сигнално-сигурносни уреди и ќе се изградат три нови железнички станици: Куманово Ново, Шупљи Камен и Бељаковце, како и шест стојалишта во Лопате, Перо Чичо, Проевце, Доброшане, Клечовце и Довезанце, како и изградба на подвозници и надвозници. Се преземаат активности за подготовка на документација и обезбедување пари и за останатите две делници за железничкото поврзување со Бугарија. Основниот проект за секцијата Бељаковце - Крива Паланка во должина од 34 километри треба да биде готов до првиот квартал 2015 година, по што се очекува старт на градбата. Изградбата на таа делница ќе чини 144 милиони евра, што се планира да бидат обезбедени од меѓународни финансиски институции. - Во преговори сме со ЕБОР, ги пегламе разликите. За оваа делница ќе има нова форма на финансирање, односно плаќањето, менаџирањето и изградбата ќе бидат одговорност на "МЖ - Инфраструктура" - велат оттаму. Кон средината на април годинава Европската унија го одобри проектот за последната делница на пругата кон Бугарија - од Куманово до границата со Бугарија. За таа цел ЕУ алоцираше 3,5 милиони евра, грант од ИПА компонентата за регионален развој во рамките на Оперативната програма за регионален развој. Во следниот период е предвидено да биде распишан јавен повик и се планира во првата половина од 2015 година да заврши постапката за избор на консултант кој ќе треба да го изработи основниот проект за рок од 20 месеци, со што ќе се заокружи целиот проект за 'елезничката пруга кон Бугарија со комплетна проектна документација. Железничката пруга до границата со Бугарија во целост е вредна 560 милиони евра и комплетно треба да заврши во 2022 година. - За железничкото поврзување со Бугарија имаме целосна координација со бугарските власти. Откако од наша страна ќе биде готов изведбениот проект за третата, последна делница, тогаш и Бугарија ќе започне да го завршува својот мал дел од својата страна на пругата до македонска граница – истакна Асани. Запрашан дали Македонија ќе се вклучи во проектот за брзата железница од Будимпешта до Солун, што како идеја ја турка НР Кина, Асани вели дека веќе наголемо се работи на санација на црните точки на пругата од Коридорот 10 што треба да обезбедат брзини на движење на возовите од 120 километри на час, а такво нешто се планира да се направи и на пругата на Коридорот 8 од Куманово до Кичево. (С.Бл.) Фото: Д.Митрески вечер |
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
вероватно чекаат финансиска инекција однадвор.премногу скапо би чинело сами да ја градиме.тука мора да се земи во обзир и фактот што на албанска страна пругата не е во добра состојба,возовите возат со минимална брзина и треба голема инвестиција за реконструкција.
албанците не се многу заинтересирани за железничкиот сообраќај,вероватно поради камионџиското лоби. Фиер и валона се поврзани со пруга,но таму воз не поминал многууу години. е сега покрај таква ситуација ние да инвестираме над половина милијарда евреи,мислам дека не вреди. мора заедно да се турка овој проект |
||
![]() |
||
avijacijamk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Jan-2013 Location: Macedonia Online Status: Offline Posts: 364 |
![]() ![]() |
|
А што се случува со линијата од Кичево-Лин(Албанија)? Нели и тоа е дел од Коридор 8?Тоа се објави дека ќе се прави и ништо од тогаш
|
||
![]() |
||
katani ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-Jan-2013 Location: Bulgaria Online Status: Online Posts: 128 |
![]() ![]() |
|
На предната страница снимките показват, че само са извадени релсовите звена или бъркам?
|
||
![]() |
||
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
|
Види на претходната страница, веќе ги сликав. |
||
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
||
![]() |
||
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
|
Како што објасни Владимир(поздрав ако чита) првите 10 км од Куманово према Бељаковце се скоро завршени до финишен слој на камен.Исчистена траса,тампонирано,ставен крупен камен,па чакал,треба уште завршниот слој.Кој иде натаму нека слика
|
||
![]() |
||
geny ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 16-Mar-2013 Location: Bulgarya Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
|
Eдна слика от Кюстендил-Гюешево 3км преди гара Гюешево
|
||
![]() |
||
geny ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 16-Mar-2013 Location: Bulgarya Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
|
Колеги даите некоя слика от 2-7дена назад да видиме поне за момента където извадиха старото трасе Поздрави!
|
||
![]() |
||
geny ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 16-Mar-2013 Location: Bulgarya Online Status: Offline Posts: 306 |
![]() ![]() |
|
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2425262728 54> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |