![]() |
![]() |
![]() |
Инфраструктура (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2526272829 33> |
Author | ||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||
Имам гледано документарна за вакуумските цефки. Ова е прескапо за изведба, ама стварно е фасцинантно.
|
||||
![]() |
||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|||
Јас и на германскиот ICE со 200км/ч имам осетено на ушите што значи влез во тунел па не на такви брзини. Веројатно е рано да се зборува за некаква стандардизација на пругите но мене јапонскот модел на корито ми изгледа подобар отколку моделот на монореил на германскиот Трансрапид. Е сега како што и самиот кажа некои работи кои изгледаат ситни вака можат да бидат кобни на високи брзини. Едно е еднократно да се достигне брзина од ~600км/ч што е случајот денеска а друго е секојдневно да се има просечна брзина од 600км/ч. Затоа мислам дека можеби е најдобро да се размислува за некакви тунелски решениа по целата должина на трасите. Нешто во стилот на dig&cover каде цената не би била преголема и каде што тунелот би можел да биде префабрикуван во компоненти и само склопуван на терен. Колку што знам во хипотетичките сценарија за желеница на иднината се зборува и за вакумски цевки каде возот би идел со огромна брзина така да ова размислување иде и во тој правец. |
||||
![]() |
||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||
Железницава граби со постигање нови брзини. Но сите овие прототипови кои се јавуваат низ свет се на различни пруги и различни погони. Сметам дека треба да се иде кон унификација на магнетните пруги како што тоа е направено до негдека со железната. Да не ни се јави во иднина секој различен воз да иде на различна пруга. Но се уште е рано за ова. А што се однесува до брзината, вероватно пробивање на брзина на звукот ќе значи и сериозно изрипување од коловоз. Тоа е одприлика 1235 km/h што и не е нешто малку. Така да оваа брзина би требало и да претставува некој максимум. Но има и една друга работа. Што поголема е брзината толку повеќе ефект имаат и атмосферските промени кои и не изгледаат така битен фактор. Замислете воз со брзина на 300 што се дешава кога ќе влезе во тунел. Има значително опѓање на воздушниот притисок и може да направи значителни здравстени оштетувања.
|
||||
![]() |
||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|||
Малку ќе ви направам derail на дискусијата. Што мислите за оваа постигната брзина на TGV? Зарем не мислите дека и тоа е веќе доста над реалниот максимум на конвенционалната железница? Од безбедносен аспект мислам дека е нереално да очекуваме движење со вакви брзини (само некои ~300км/ч помалку од авионски превоз). Мислам дека фокусот многу повеќе треба да се сврти кон железниците на магнетна левитација каде што реалниот максимум според мене е многу поголем. |
||||
![]() |
||||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|||
Ни на крај памет, тоа во денешни услови би била права лудост. Немаме таков промет да се дуплираат колоцеците. Нашиот приоритет би требало да биде, и е, да се оспособат пругите бар до 120 км/час и второ да се направи прстен во МК (да имаме алтернативни правци) а не слепи краци како сега.
Во некоја иднина бар тука има простор кој е на железница каде може да се одвои нов крак-рампа за депо.
Ако погледаш по Европа тоа никаде го нема, TGV и ICE, најбрзите возови не идат чак ни на насипи него она потребно ниво на припрема на подлогата, него како автопатот се заградени од страна и тоа е тоа. Еве ти еден пример кога обараа рекорд од 574 km види го теренот А во врска на диви премини, е тука треба огради како секаде надвор, надвозници и подвозници, и наравно култура да тоа не се унисти и искорне. Еве еден повторно пример како пред 135 год е решено во Велес премин за луѓе ![]()
Повторно да го земеме примереот од светот тој што (ако) гради згради покрај магистрали и железница нивната цена е секогаш многу ниска, па ако му се „исплатува“ нека гради, а кој сака нека живее во бука за ситни пари - суров капитализам. |
||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
Кај Пролет (што упорно ја викаш Пролече), се прави гужва затоа што од сообраќајната мрежа во ГУП-от, на терен се уште фалат многу алки. Конкретно претпоставувам мислиш на поврзувањето меѓу Аеродром и Кисела Вода. Тоа може да се изведе и низ насип, не знам што тука не е јасно - тоа е целата поента на дискусијава. Од друга страна пак и да постоеше „вијадуктот“ што си го умислил, без реализација на сообраќајните решенија во ГУП-от, ефектот врз сообраќајот ќе беше пак ист како сега. Значи обратно ги поставуваш работите. И како тоа делови од градот намерно се правеле „далеку“. Ваљда не гледаш некаква завера во тоа, па ете намерно ги раздвоиле?!?
Edited by Cloverstack - 23-Jul-2008 at 05:45 |
||||
![]() |
||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||
Значи пишува горе "многу работи" што не значи во прилог на вијадукт.
Не треба да се цвложат пари да ни бидат поестетски, него да се вложат пари да не биде градот испопресечен ради 1000 насипи низ градов. пресечени се кислеавода и аеродром, пресечена е ќерамидница со автокоманда. Затоа зборам. Делови кои реално се блиску, намерно се прават далеку. Ако е на вијадукт тогаш нормално ќе си тече сообраќајот и нема да има згуснуваше на одредени точки како што сега пример е раскрницата кај пролече. Значи ако пругата е на столбови тогаш доле има сосена нормална комуникација, сосема нормално тече све. А за cost/benefit еве земи ја обиколницата. Колку точно коштаа вкупно 1500 метри вијадукт. И тоа збориме за вијадукт за автопат кој е далаку поширок од таков за пруга. Сигурно се исплати! Значи се слагаме дека треба има размислување околу железничките премини. Треба прво приоритетните за кои ти се залагаш, но според мене треба радијално од железничката кон надвор да се крева пругата на стобови. Воопшто нема да се направи застој во железничкиот сообраќај пошто ако се работи од едната страна тога може да се обезбеди пристап до станицата од другата страна, односно кај лисиче скретниците. Со оглед на тоа може многу брзо да работи. Но македонија е далеку за воопшто на памет да и паѓаат вакви објекти. Имаме многу поприоритетни инвестиции во железницата, така да ова е само размислување. А додека Македонија стигне да мисли на вакви работи, верувај дека Скопје ќе има потреба од ова што го зборам. |
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
1. Не знам како оваа констатација оди во прилог на „вијадуктот“
2. Многу полесно тоа може да се деси на улица... 3. Во право си дека не е исто, ама баш обратно од тоа што ти кажуваш. Пешачко преминување на пруга е неспоредливо побезбедно од преминување на улица. И плус тоа ги мешаш термините - тврдиш дека нема денивелација. Насип со мостови е класична денивелација. Премини (дали сообраќајни или чисто пешачки), треба да има ни премалку, ни премногу, туку на местата каде што има реална потреба од тоа. А ова што викаш за естетиката, дури и кога би се сложил дека треба да се вложат астрономски суми за пругите да ни биле поестетски, пак нема да се сложам дека една таква конструкција е поестетска. Убаво среден и зазеленет насип е далеку поприфатливо решение и од овој аспект. Па не за џабе такви големи мостовски конструкции како што предлагаш се последен избор, само негде каде што навистина нема друго решение (на пример веќе изградени, густи урбани средини). Дури и да имавме толку пари за твојов „вијадукт“, нема таква cost/benefit анализа што би оправдала такво нешто. Не знам како можеш да ги игнорираш толку очигледните работи. Стварно ти е фикс идеја ова. |
||||
![]() |
||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||
1. На скопје му треба добро зонирање, поради многу работи.
2. За дебили ај до негде ок, но може да се деси и мали деца од незнаење и невнимателност, но ова ај на страна. 3. Улици и возови не е исто, и јас ипак стојам на тоа дека треба главните пруги низ скопје на долгорочен план да бидат денивелирани. Сега на пример не гледам потреба од денивелација на пругата што проаќа низ скопје север, 90% е низ ниви. Нормално за 20 години ако се наметне потреба би требало. Но за пругата за Солун и оваа за белград треба да се мисли. За некоја година ќерамидница ќе се урбанизира. сите тие фабрики можеби ќе ги снема и ќе се направат станбени блокови. Тогаш ќе треба. Што со тутунски. Што ако за неколку години можеби се дислоцира од сред центар, и вамо се направат згради?! Не би се сложил дека треба тук-там по некој пролаз под пругата да направиме. сепак има и една друга компонента, а тоа е естетиката, не е само функционалноста. Но пари за луксузи немаме, така да за почеток можеме да размилислуваме како што викаш ти. Но сепак стојам на тоа да запазиме континуитет и да се мисли за целосна. Можеби кога е градена железничката во центар биле поучени од искуството дека железничка на земја не им одговарала у ценатр па затоа ја кренале. Можеби ова е една од причините. п.с. Јас сум за строго дислоцирање на тутунски кога веќе го спомнав, можеме да дискутираме во друга тема. |
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
Јас веќе спомнав и добро зонирање, а акого погледнеш ГУП-от и ГЕ, ќе видиш дека ниту има нити е планирано пруги без премини да поминуваат по места со голема фреквенција. А кој не сака да кружи стотина метри и плус е доволно голем дебил да не примети воз (воз е дефинитивно многу тешко да не се примети или да се игнорира), или да сака да заштеди пола минута и да се обиде да му претрча за влакно, за таков човек би немал преголеми симпатии ако настрада. По твојава логика зошто не ги направиме сите улици на вијадукти? Колку луѓе настрадале преминувајќи улица??? ![]() |
||||
![]() |
||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||
Зашто ќе имаш насип, а од двете страни на насипот згради. И иди после натерај ги луѓето да не преминуваат диво, натерј ги да кружат 200 метри, а преку пруга им е само 20 метри.
|
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
Ама зошто побогу? ![]() Што фали на насип, а мостови да има секаде каде што има вистинска потреба? Тоа што ти го замислуваш е ужасно скапо, а колку многу што е скапо исто толку многу е и непотребно. Би бил тоатално неоправдан проект, дури и кога би имале пари да го реализираме. Edited by Cloverstack - 23-Jul-2008 at 02:30 |
||||
![]() |
||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||
Па јас се залагам за комплетна денивелација, а ти споомна на одредени премини. Може да се почне со одредени премини но да се иде кон целосна, зашто како и да е ќе се наметне потреба од целосна, пошто градското јадро се шири, се повеќе населби со згради се всадуваат во центарот. Замисли кога цело она поле помеѓу желеничка и кисела вода, кога еден ден ќе биде населено. Тогаш веќе секое метро ќе претставува див премин. Јас многу добро знам колку животи има однесено пругата кај мене у маало. Со оглед на финансиската состојба треба да се почне од црните точки, нормално и оние кои поради други причини се приоритетни па да се иде кон целосна. Но притоа да се иде по еден проект, одноно да се иде на унифицирани премини кои во иднина би се споиле во еден континуален вијадукт.
|
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
Помеѓу Драчево и Долно Лисиче, два кај Маџари, кај Илинден, кај Ѓорче Петров... Нормално сето ова е луксуз во моментов, но кога ќе бидеме појаки финансиски дефинитивно треба да се оди на што поголема денивелација на железничката мрежа (како што постепено прават ЕУ државите, тоа е наведено и во транспортните стратегии на ЕУ) Инаку поволностите од денивелацијата мислам дека се прилично очигледни... Не знам зошто спомна цела железница низ скопје да идела по „вијадукт“ како што викаш, ако не ти се јасни поволностите од денивелација (без разлика како таа ќе се постигне). Нормално прво поголема безбедност, потоа непречено одвивање на патниот сообраќај и на крај возовите ќе може да се движат со поголеми брзини наместо со ограничувања. Edited by Cloverstack - 23-Jul-2008 at 02:14 |
||||
![]() |
||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||
Кловер фала на одговорот. Ме интересирање дали воопшто има некој долгорочен плат да се крене на вијадукт железничката низ Скопје.
За коипремини милиш дека треба да бидат третирани со денивелација?! Не те сваќам зашто воопшто би се денивелирале?! Не ја сваќам потребата. објасни ми поконкретно, ако не ти е тешко еден пример?! |
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
За дупли колосеци на некои делници сигурно има долгорочни планови, али во моментов ништо конкретно. Инаку има дупли колосек помеѓу Автокоманда и станицата Скопје-Север во должина од 4km. А тоа што викаш кај депото Лисиче, мислам дека не би бил никаков проблем да се редизајнира за дупли колосек кој ќе служи исклучиво за транзит и да има дополнителен засебен влез за депото - само треба малку кеш. Иначе во Скопје не е воопшто како што кажуваш. Поголемиот дел од мрежата во Скопје е денивелирана. Нема врска дали е тоа изведено со еден континуиран вијадукт како што викаш ти (што би било прескапо, а тотално непотребно), или со комбинација од мостови, насипи, добро зонирање... Али дефинитивно треба да се иде на денивелација на уште неколку железнички премини во и околу Скопје. |
||||
![]() |
||||
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|||
Ме интересира дали знаете, дали Македонија некогаш имала планови за дупла железница?! Според железничката станица, тамо железничката е способна за дупла железничка, пошто така и е направена, од нејзе искачаат по две пруги од двете страни. Накај кислеа вода, едната пруга се користи за транспорт, а другата за пристам во депото. Накај ќерамидница, едната пруга иде за Куманово, адругата врти према железара. Е сега ако некогаш во иднина се иде на дупла пруга, како тогаш ќе ги надоместиме пруги што се користат за до депото. И да ве праам дали Некогаш имало план пругата да биде целосно изведена од Скопје на вијадукт или тоа е планирано како што е сега, односо непосредно пред и после железничката?!
|
||||
![]() |
||||
Vladimir P ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Apr-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 3304 |
![]() ![]() |
|||
Во сегашна состојба на инфраструктурата од граница до Драч би било ~ 4 часа
![]() И не забораветего кракот во иднина со Сопотница или Битола која благодет би бил |
||||
Клуб на љубители на железниците во Македонија, Macedonian Railways Fan Club
https://www.facebook.com/767277056651521/ |
||||
![]() |
||||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|||
![]() Сигурно си има некоја специфика, ипак овие бројки не ги тресат од ракав, а горе доле се потврдени од повеќе извори. Инаку за она што викаш на која страна да сме тежнееле, во однос кое пристаниште ќе ни биде најповолно (за најголем дел од трговската размена) е сосема јасно. Со неопходите инвестиции, Драч во најголем број случаи ќе биде подобра опција и од Солун, дури и под претпоставка дека грците во иднина ќе бидат максимално коректни. Ама поентата на студијата е сепак дека за финансиска одржливост на проектот (како што нагласив во нормални услови, а не во услови на блокада на пример), е потребно поврзување долж целиот коридор. Занчи не е само прашање на пристаниште (кое од наш аспект е најголема болка), туку и меѓусебно социо-економско поврзување на регионите долж коридорот, кои историски биле прилично изолирани еден од друг, а имаат голем економски потенцијал во однос на поврзувањето. Потоа поширокото регионално значење за Турција, Романија и особено Италија, која на проектов гледа како импулс за развој на јужните делови од земјата и алатка за влијание на Балканот. Како потенцијално голем адут за коридорот се спомнува косовскиот јаглен за кој во иднина се предвидува дека ќе има побарувачка многу пошироко од самото Косово. Уште еден голем потенцијал на коридорот лежи во преоптовареноста на Босфор, па се предвидува дека железницата ќе добие улога на во иднина неопходен „бајпас“ за ограничениот капацитет на теснецот, а дури и под нормални услови железничката опција значи заштеда на време. Интересно е да се спомне дека дури и најпесимистичките проценки предвидуваат рентабилност, односно трошоците за функционирање и одржување би биле покриени и со најпесимистичките проекции за сообраќај по коридорот. Што се однесува до финансиската стапка на поврат, за нејзе има шаренолики проекции кои зависат од многу фактори, така да не е гарантиран брз поврат на инвестицијата од чисто финансиски аспект, но не е ни исклучен. Уште поважна работа која треба да се има во предвид е економската стапка на поврат, која ги опфаќа сите директни и индиректни социо-економски аспекти. За инфраструктурни проекти оваа стапка обично е значително повисока од финансиската стапка, а конкретно за овој проект, поради неговите специфики, во студијата со право е заклучено дека економската стапка на поврат е исклучително висока. Така да не знам што се одолговлекува... Но за сите други освен за Македонија и Албанија ова е проект кој носи поголеми или помали поволности. За Македонија и за Албанија ова е проект од круцијално стратешко значење. Мора да се свестиме и голем дел од енергијата да ја насочиме во негова што побрза реализација! Edited by Cloverstack - 14-Sep-2008 at 04:23 |
||||
![]() |
||||
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
|||
Ne toa e vo red mene me buni sumata za Struga-Albanija. Zosto tolkava suma za taa delnica pa toa e tolku kratko. |
||||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2526272829 33> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |