build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Проекти > Станбени
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

ЗСФ КОМ

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930 42>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
skopskodete View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 17-Feb-2017
Online Status: Offline
Posts: 926
  Quote skopskodete Quote  Post ReplyReply #541 Posted: 25-Oct-2018 at 22:34
Секако дека сите процедури се поминати, тоа сите го знаеме, но не разбирам зошто вика дека нема парцела која може да ја замени оваа.
Секако дека му е поисплатливо да гради зграда на празно место, но ако компаниите барем малку сакаат да бидат и општествено одговорни, ете на пример, до железничка станица постојат десетици трошни куќи (од страна на општина Аеродром) на чие место е планирано голема зграда со 9 ката, па компензацијата со тамошните сопственици пак не би влијаела премногу врз инвеститорот. Таа локација е и поблизу до Центар, за разлика локацијата кај Мајчин Дом, a и со самото градење зграда таму тој простор би се развил и средил, за разлика како што е сега...
Не разбирам зошто таа локација долги години се игнорира иако е атрактивна.

Edited by skopskodete - 25-Oct-2018 at 22:48
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #542 Posted: 25-Oct-2018 at 16:59
Денес истекува забраната од 15 дена и најверојатно ќе се продолжи со изградба...
------------------------------------------------------------------------------
Зградата кај Мајчин дом е „планирана“ од планери, советот и онака е само гласачка машина

Сопственикот на компанијата ЗСФ-КОМ ДООЕЛ увоз-извоз Скопје Фатмир Етеми одржал средба со граѓаните на Аеродром и соопштува: „Се одржа средба на која присуствуваа граѓани и граѓанските активисти од Аеродром. На средбата се дискутираше за изградбата на објектот кај Мајчин дом.
Јас сум тука со вас, бидејќи вашето мислење ми е важно, сакам да ви го објаснам мојот став, се надевам на разбирање и заедничко решение.
Изминатиот период се правеа анализи и се бараа можности за откажување од градбата. Баравме соодветно правно и економски оправдано решение. Прво се направи темелна анализа на достапните парцели за да се замени локацијата. Заклучено е дека во моментов нема соодветна парцела во Аердодром што ни одблиску може да ја компензира вредноста на плацот кај Мајчин Дом. Разгледани се сите опции на цела територија, секако надвор од урбаното јадро.
Имаше обиди да се најде локација и надвор од општината на територија на Градот Скопје, за што има сериозни правни пречки, но реално нема ни соодветна локација. Процедурата за носење нов ДУП или ГУП би траела околу 3 години, што е голема загуба земјаќи ги предвид сите тековни трошоци како месечната рата за кредит инвеститорот го има подигнато за оваа намена.
Ова земјиште е голема инвестиција, плацот е купен со веќе зацртана маркица за градба, согласно сите законски и правни процедури. Ова беше овозможено од претходното раководство на општината. Во случај да се откаже од градбата кај Мајчин дом, Општината би требало да му исплати на г-дин Етеми повеќе од повеќе од 8 милиони евра за досегашните инвестиции и трошоци. Тука се вклучени 5,5 милиони евра трошоци за земјиште и комуналии, трошоци за камати, штети на компанијата за инвестиции, досегашни трошоци за одржување и 184.000 евра секој месец, рата за кредитот подигнат за изградба на овој објект.
Ќе засадиме 150 пораснати дрва, проектот е целосно енергетски ефикасен“.
И инвеститорот е во право кога вели дека се испочитувани сите законски и правни процедури кои овозможуваат да се гради овој објект. Но проблемот е како воопшто дошло до формирање на градежно земјиште на таа локација, а предвидениот обејкт со ДУП И10 изработен од „Билд Урбан“ дооел Скопје, има најголема дозволена површина за градење и најголема висина на тој потег на булеварот.
Точно е дека предходниот совет во општината го изгласал ДУП-от. Но не е тајна дека советот нити разбира, ниту може да разбере урбанизам. Гласањето во советот е партиска одлука и се гласа по партиска диртектива. Но пред воопшто да стигне планот до советот на општината прашањето е кој го изработил урбанизмот, кој го одобрил и кој дал позитивно мислељње. Како и секој ДУП така и ДУП И10 е изработен од носител на изработување на урбанистички планови, односно овластен планер, потписник на планска документација и фирма со лиценца за оваа дејност.
Изработувањето на урбанистичките планови се одвива во две фази:
• нацрт на план,
• предлог на план.
На нацртот на планот задолжително се врши стручна ревизија. На урбанистичките планови изработени во форма на нацрт на план се издава мислење, а на урбанистичките планови изработени во форма на предлог на план се издава согласност од Министерство за транспорт и врски.
Тоа значи дека планот ги поминал сите правни процедури, но како и најголем дел од ДУП-овите во Скопје и овој е неодговорно и нестручно направен. Планирањето е одамна сведено на само што повеќе квадрати за инвеститорите, а државата си уфрла како ќе и текне објекти онамо каде има уште некое преостанато државно земјиште, без разлика дали е тоа соодветно за намената. Планерите се само послушници, секогаш барајќи изговор и алиби во правилниците и ГУП-от (кој секако дека е лошо направен). Единствен услов при изработка на урбанизмот е профитот кој е најчесто во спрега инвеститор – планер – началник за урбанизам – градоначалник. И сега дојдовме до работ на провалијата и не знаме какко назад. Јасно е дека не се работи само за зеленило. Општина Аеродром нема да биде ни повеќе ни помалку загадена (а е една од најзагадените) поради овој објект. Тамо е проблем и квадратурата на зградата и сообраќајниот пристапот и дозволената висина и компатибилните намени и паркингот за објектот и соседната локација на која е предвидена Градска болница каде пред околу два месеца заврши конкурсот за објектот и близината на спортскиот центар „Јане Сандански“ кој нема паркинг.
Се ова биле должни да го согледаат и градоначалниците и планерите и сите инволвирани во процесот на донесување на ДУП-от. И за да биде трагедијата поголема никој не понесува одговорност, а точно се знае кој планирал, кој ревидирал, кој дал позитивно мислење. Истите планери и натаму „планираат“ истите архитекти во општините одобруваат, Министерство за транспорт дава мислења, а советот и онака е само гласачка машина.
Градоначалникот се истрча, стоејќи пред погрешна локација највуваше дека ќе се справува со лошиот урбанизам и побрза да изјави дека мораториумот во Општина Центар е незаконски.

И што после оваа рашамонијада каде е се со закон дозволено, секој има право, рацете се врзани, урбанизмот е катастрофален и никој не е крив?

https://www.porta3.mk/zgradata-kaj-mjachin-dom-e-planirana-od-planeri-sovetot-i-onaka-e-samo-glasachka-mashina/?fbclid=IwAR0_RIXXB0DBb5Ubx-Dj7Abb2bEdxo9vWz25r40yN79vhO3iWWM5LJo7sLg#
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #543 Posted: 25-Oct-2018 at 13:03
Еве серија денешни фотки,на дел од објектот е поставено скеле и почнато е со работа на фасадата,а исто така се привршува и со поставувањето на врати и прозори по катовите.Патем како позитивно би го истакнал денешното уривање на импровизираните бараки во кои подолго време живееа бездомници и средување на просторот кој беше затрупан во ѓубре а се наоѓаше само на неколку метри одалеченост и од овој нов станбен објект и од НБРМ.









Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #544 Posted: 15-Oct-2018 at 13:35
Од фб

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #545 Posted: 13-Oct-2018 at 14:44
Еве уште по некој рендер



Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #546 Posted: 10-Oct-2018 at 18:33
Денешна состојба од градилиште





https://novatv.mk/aerodromtsi-povtorno-protestiraat-kaj-majchin-dom/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #547 Posted: 10-Oct-2018 at 18:26
Стопирана контроверзната градба на 15 дена – ќе се бара трајно решение

Стопирана е изградбата на деветкатницата во општина Аеродром.
Иако вчера тврдеше дека нема решение, денеска градоначалникот Златко Марин вели дека инепкторите утврдиле неправилности на градилиштето, поради што издале решение за забрана на градежни активности во следните 15 дена
Градбата е стопирана и вегуваме во барање на решение низ дискузија. Ги преземам сите мерки и напори со сите засегнатистрани трајно да го заштитиме плацот пред Мајчин дом. Преземам иницијатива за решавање на проблемот со разговор со граѓаните, инвеститорот и град Скопје.“ - изјави Златко Марин – Градоначалник на Општина Аеродром.

Инвеститорот на деветкатницата пак за ТВ24 вели дека забраната е спротивна на законските прописи и дека е донесена под притисок на јавноста. Најави дека одлуката ќе ја обжали пред надлежните органи.

„Никако не можам да се согласам со одлуката. Јас уредно ги имам платено сите комуналии и уредно сум го пријавил обејктот како што налага законот. Одлуката е спротивна на законските прописи и ќе предизвика огромна штета, а за ваквото постапување инспекторите може да понесат одговорност.“ - изјави Фатмир Етими.

Од уставниот суд пак без конкретен одговор зошто досега не е одлучено за претставките за кои градоначалникот Марин тврдеше дека биле доставени. Од таму велат дека веќе се оформени два предмета за спорната парцела, а истите би требало да се најдат на дневен ред на следната седница на судот.

Од пред два дена, во зеленилото пред Мајчин дом почна да се гради деветкатница, за која сегашниот градоначалник Златко Марин во предизборната кампања ветуваше дека нема да се гради, а претходниот градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, Ивица Коневски - на 5 април минатата година, го стави на гласање ДУП-от и со мнозинството на членови на ВМРО во советот на оппштината го изгласа.

https://www.24.mk/stopirana-kontroverznata-gradba-na-15-dena-–-kje-se-bara-trajno-reshenie

--------------------------------------------------------------
Ќе видиме дали ова ќе биде само колку да се каже нешто или навистина ќе се стопира изградбата...
Колку што знам барањето на инвеститорот за да не гради е општината да му исплати сума од 8 до 10 милиони евра,па не очекувам таков потег на локалните власти,но ќе видиме.Инаку стопирањево е поради неправилности на градилиштето.

Од фб




Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #548 Posted: 09-Oct-2018 at 18:38
Малку подетално и за конкретната зграда и за новата болница која треба да се гради на соседната парцела.

Може ли да се спаси урбанизмот, овој пат во Општина Аеродром

Револтот на граѓаните на Скопје расте. Овој пат на ред е Општина Аеродром чии граѓани денес во 17 часот закажаа протест пред „Мајчин Дом“. Револтот е поради отпочнување на работите на станбената зграда на градежна парцела 5.51, пред „Мајчин дом“, на аголот на бул:„Јане Сандански“ и улицата „Васко Карангелевски“. За поменатиот објект на 19.09.2018 г. издадено е Одобрениe за градање на А2-домување во станбени згради од Втора категорија на инвеститорот ЗОФ КОМ, ДООЕЛ, Скопје врз основа на Основен проект изработен од бирото ГМС проект од Скопје. На поменатата локација со ДУП за градска четврт И10, од ноември 2016 изработен од Билд Урбан ДООЕЛ, Скопје предвиден е објект со бруто развиена површина за градба од 20006 квадратни метри, но како по обичај во ДУП-овите, со напомена дека „бруто развиената површина е презентирана без површините од можни конзоли и еркери и сл.“, што значи дека вкупната површина на објектот ќе биде уште поголема. Процентот на изграденост изнесува 59%, најголем во тој план (но што вообичаено би одговориле планерите, помал од дозволениот со закон од 70% изграденост). Дозволената висина е 30 метри, П+8+Пк. Основната класа на намени е А2 – домување во станбени згради, но дадена е можност за 40% компатибилни класи на намени Б5, Б1, Б2, Б4,В3,В4 и Д3. Б5- хотелски комплекси, Б2- големи трговски единици; Б1 -мали комерцијални и деловни единици; Б4 – деловни простори; и внимавајте сега В3 -култура; В4- државни институции; Д3 -спорт и рекреација, можеби ќе направат игралиште за доброто на заедницата. Звучи неверојатно како приватниот инвеститор има можност да изгради простор наменет за култура и за државни институции.

За маката да биде уште поголема истиот ДУП предвидува на местото на „Мајчин дом“ објект со намена В2 – здравство и социјална заштита. За таа локација Министерството за здравство веќе спроведе конкурс кој го нарече нова Градска болница, но и по завршување на конкурсот, поради недоволно прецизната проектна програма и краткиот рок за изработка на проект од таков обем, заврши со 3Д визуелизации и остана нејасно дали се работи за објект од секундарна или терцијарна здравствена заштита.

Едниот објект, станбената зграда е вметнат на единствената слободна површина на булеварот „Јане Сандански“, а болницата на државно земјиште кое им се нашло на тој потег. Собраќајниот пристап до објектите ќе претставува сериозен проблем, бидејќи се работи за зграда со околу 250 стана, што значи околу 300 паркинг места, а болницата е објект со голема фреквенција, бидејќи идејата е нели, да се растерети Клинички центар. Во непосредна близина е спортскиот центар „Јане Сандански“ кој го нема решено паркирањето за потребите на истиот, (Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање вели, паркирање во рамки на сопствена парцела, чл.61) и кој кога спортот во државата би бил на пристојно ниво (како до лани РК Вардар) создава не сообраќаен хаос, туку сообраќаен колапс.
Граѓаните бараат градоначалникот на Општина Аеродром де се повлече од функцијата. Не е само оваа зграда спорна во плановите, но стоејки пред оваа парцела, тогаш кандидатот за градоначалник се колнеше дека ќе ја запре градбата на овој објект. Градоначалникот не е планер и не може да разбира урбанизам, но затоа не треба да зборува напамет и исклучиво за политичка потреба во кампања. Денес од општината велат: „Барање за дозвола за градба на плацот пред Мајчин дом во меѓувреме пристигна и Општината е законски обврзана да го процесира, согласно со позитивните законски регулативи и параметрите на сѐ уште активниот ДУП И10“. И за жал и за волја на вистината ова е точно. Се додека е овој ДУП на сила не постои начин да не дозволи градба на објектот, доклоку истиот е во рамки на ДУП-от. Во меѓувреме од Министерството за животна средина општината се обезбедила на 31.10.2013 година и со Одлука за неспроведување на стратегиска оцена која е достапна на сајтот на општината, па доколку планот биде доставен на Уставен суд нема основ да се обори, како во случај на Општината Карпош. Тамо беше оборен на правен основ, Одлука за неспроведување на стратегиска оцена не беше ставена на сајт на општината. Уставен суд е составен од правници и да сака на друг, освен правен основ не може да оборува ДУП.

Каде лежи проблемот? Проблемот е во ГУП-от, чив носител е Агенцијата за планирање на просторот. Таа и денес гордо нагласува дека е носител на ГУП кој ни ги направи сите проблеми. Тие велат дека ГУП-от е одржлива визија и развој на градот Скопје, согласно потребите на граѓаните, потенцијалот на инвестициите и реалните можности на градот.
ГУП претставува основа за изработка на Урбанистичка документација од пониско ниво.
Планското решение од сите аспекти овозможува потполна просторна интеграција, активно користење и вклучување на природните и културните наследени вредности во современите текови на животот. Овој значаен стратешки документ за просторот на Град Скопје е усвоен со Одлука бр. 07-5068/1 на Советот на Град Скопје на седумдесет и седмата седница одржана на 23.12.2012 година. ГУП е со важност од 10 години, значи до 2022 година. А планерите на ДУП-овите само се вклопија во лошо изработениот ГУП и се важна карика во спрегата инвеститорски и политички моќници.

Единствен начин да се реши проблемот е државата да застане цврсто зад општините, кои ќе направат ревизии и евалуации на ГУП-от и ДУП-овите, ќе се изготви нов Закон за просторно планирање и Правилници за урбанизам, по кои ќе се изработат нови планови. Но не со истите планери, истите луѓе од општините и министерството. А дотогаш ќе ги стопира спорните ДУП-ови (како Општина Центар). Тоа е тешка одлука, (некој би рекол и незаконска) се губи и многу време и многу работа. Да, се губи, урбанизмот не порази сите. Граѓаните го губат градот, проектантите остануваат без работа во и онака тешка состојба, градежните фирми исто така. Но ова беше само прашање на време кога ќе се случи, и уште ќе се случува.

https://www.porta3.mk/mozhe-li-da-se-spasi-urbanizmot-ovoj-pat-vo-opshtina-aerodrom/
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #549 Posted: 09-Oct-2018 at 10:31
Originally posted by ironm

Мислам дека коментарот ти е со многу ниски и недолични констатации, бидејќи можам најмалку 10 градови во местата што ги спомна да ти посочам кои се архитектонски ремек дела, а нема да најдеш толку во Македонија. Истовремено си земаш за право да кажеш дека твојот став е став и на останатите од форумов. Проблемот во места како Чаир, Тетово, Гостивар е повеќе од политичка природа отколку некаква визија и замисла за урбанизам. Сакаш да кажеш дека жителите на тие места се среќни што немаат повеќе зеленило или дека сообраќајот е хаотичен? Дека нив тоа им било визијата? Побарај податоци за тоа колку пари се инвестирани во Аеродром од страна на сите мк влади споредено со местата што ги спомнуваш.


Сите тие места имаат локални самоуправи кои ги имаат нужните ингеренции да направат амбиент за хумано урбано планирање пред се,а потоа за воведување на некаков по префинет ред.

Originally posted by ironm

Твојот проблем очигледно не е само од урбанистичка гледна точка бидејќи спомна и етнички состави, па дури ти смета и доселеници од провинција (??), како демек тие го валкаат Аеродром повеќе од другите или заради нив паѓаат стандардите за градба и површината за зеленило. Охрид ја има најголемата урбана мафија во МК и доживува најголемо урбанистичко силување од сите градови во МК. Последно кога проверив етничкиот состав во Охрид кажуваше дека 85% од жителите се етнички Македонци. Си видел некаде парк во Охрид?И за крај, Skopje East Gate е проект на тие со коишто ти не ја споделуваш истата визија. Се надевам нема да одиш во тој дел од градот откако ќе заврши проектот бидејќи ќе те затрујат и тебе со својата визија.


Охрид како и голем дел од останатите етнички македонски средини сеуште страдаат од типичниот балкански урбан модел,кои своите корени ги вади од време турско.
Тој урбанистички концепт е ориентален,типичен за народи како турци,албанци,арапи..но не е типичен за македонци,тој беше наметнат.
Со тек на време нормално послем толку долг период и толку генерации кои израснале со тоа,се формирала и жичка во менталитетот која повторно излезе на површина посебно од 2000та наваму,а највеќе во последната декада.

Во социјализмот многу се направи за да се воведе некаков ред и поред во тој аспект,многу делови на македонските градови добија прилични и плански населби,европски концепции за развој,беше оставен и патоказ за проширување на потенцијалот во иднина како на пример во Стар Аеродром,каде наместо бараките можеше да никнат згради со 1/3 од сегашната катност на тие што се изградија...

Инаку да ти потенцирам во еден сегмент дека станува збор за два вида на замисла на урбанизмот,то ест дека македонскиот и албанскиот се различни е овој пример

Ѕидовите на куќите




Edited by kiriOK - 09-Oct-2018 at 10:45
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #550 Posted: 09-Oct-2018 at 09:34
Иако не ти беше (само) тоа поентата, да се задржиме на последното.

Урбанизмот не го прават Албанците во случајов. Го правеше Ивица, сега го прави Марин.

Претходната гарнитура по системот „добро е нека се гради“ го донесе овој хаос во Скопје. Од оние чудовишта кои веќе го претворија Водно во една обична фавела, до Настел и Импексел во Тафталиџе па се до ова чудо што се случува во Аеродром а особено во Мичурин.

Во 90те сите бевме шокирани од она што се случуваше во дебар маало и мал ринг. Но ако Тифани е најголемиот експонент на тоа време, тоа значи дека многу подлабоко сме заглибиле од тогаш.

Е сега. Се согласувам со тебе дека Приштина, Тетово и компанија се урбанистичка катастрофа. Но ако до скоро можевме да се пофалиме дека ни е друго нивото (како земја или како град, не како етникум), тоа е минато свршено време.

Подеднакво како и ти жалам за ваквиот крај на една прекрасна општина како Аеродром, од готово вересија. Но проблемот го лоцираш на погрешно место. Во случајов треба само да се погледне во огледало.


Edited by pbanks - 09-Oct-2018 at 09:35
Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #551 Posted: 09-Oct-2018 at 09:19
Мислам дека коментарот ти е со многу ниски и недолични констатации, бидејќи можам најмалку 10 градови во местата што ги спомна да ти посочам кои се архитектонски ремек дела, а нема да најдеш толку во Македонија. Истовремено си земаш за право да кажеш дека твојот став е став и на останатите од форумов. Проблемот во места како Чаир, Тетово, Гостивар е повеќе од политичка природа отколку некаква визија и замисла за урбанизам. Сакаш да кажеш дека жителите на тие места се среќни што немаат повеќе зеленило или дека сообраќајот е хаотичен? Дека нив тоа им било визијата? Побарај податоци за тоа колку пари се инвестирани во Аеродром од страна на сите мк влади споредено со местата што ги спомнуваш.

Твојот проблем очигледно не е само од урбанистичка гледна точка бидејќи спомна и етнички состави, па дури ти смета и доселеници од провинција (??), како демек тие го валкаат Аеродром повеќе од другите или заради нив паѓаат стандардите за градба и површината за зеленило. Охрид ја има најголемата урбана мафија во МК и доживува најголемо урбанистичко силување од сите градови во МК. Последно кога проверив етничкиот состав во Охрид кажуваше дека 85% од жителите се етнички Македонци. Си видел некаде парк во Охрид?

И за крај, Skopje East Gate е проект на тие со коишто ти не ја споделуваш истата визија. Се надевам нема да одиш во тој дел од градот откако ќе заврши проектот бидејќи ќе те затрујат и тебе со својата визија.
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #552 Posted: 09-Oct-2018 at 08:54
Originally posted by ironm


Originally posted by kiriOK

Originally posted by Cloverstack

И?



И како тргнало Аеродром полека по урбанизам,сообраќај,зелени зони,екологија ...се доближува до Чаир,Тетово,Гостивар,Приштина... уште промена на етничко население му фали,доселеници од провинција како да малку го променија и го менуваат духот на општината.
Ти си од оние што се за чиста Македонија?


За Македонија каде нема да има депопулација на остатокот за сметка на неколку скопски општини и за Македонија во чии главен град ќе постои една населба како Аеродром која како до пред неколку години ќе биде пример за урбано планирање и урбан живот, не само во рамки на Македонија него и пошироко во регионот.

До не така одамна,така добро осмислена и квалитетна на многу полиња населба како Аеродром неможеше да најдеш во цела Бугарија,Албанија,Косово,Србија се до Белрад...а сега решиле оваа населба да ја прават Приштина.

Инаку и мала дигресија колку да ти одговорам и на суштината на твоето прашање...и самиот знаеш,не е тајна дека албанскиот етникум нема иста визија и замисла на урбанизам како и македонците,неговиот урбан менталитет се гледа по населените места каде живее,погледни ги градовите и населбите во Албанија,Косово и тие во Македонија каде е присутен... не викам дека е лошо,секој како ќе сија нареди...ама јас а сигурно и другите на форумов и пошироко не би зимале пример од таму.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #553 Posted: 09-Oct-2018 at 08:53
Багерот веќе почнал со работа,инаку ЗСФ не изненадија нешто многу со дизајнот,ова им претставува некоја варијанта со оној што го изведуваат на ул.Прашка во Карпош само со поголема должина.

Back to Top
ironm View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 07-Jun-2018
Location: Frankfurt
Online Status: Offline
Posts: 886
  Quote ironm Quote  Post ReplyReply #554 Posted: 09-Oct-2018 at 08:30
Originally posted by kiriOK

Originally posted by Cloverstack

И?



И како тргнало Аеродром полека по урбанизам,сообраќај,зелени зони,екологија ...се доближува до Чаир,Тетово,Гостивар,Приштина... уште промена на етничко население му фали,доселеници од провинција како да малку го променија и го менуваат духот на општината.

Ти си од оние што се за чиста Македонија?
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #555 Posted: 09-Oct-2018 at 08:23
Инаку ЗСФ трокира со дизајнот. Истиот штос го реплицира од објект во објект. Овој ќе биде веројатно најлош објект што го имаат изведено.
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #556 Posted: 09-Oct-2018 at 08:21


Пошто си опседнат со тоа прашање. Кои се решенијата. Енклави, ѕидови, логори?


Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #557 Posted: 09-Oct-2018 at 08:18
Originally posted by Cloverstack

И?



И како тргнало Аеродром полека по урбанизам,сообраќај,зелени зони,екологија ...се доближува до Чаир,Тетово,Гостивар,Приштина... уште промена на етничко население му фали,доселеници од провинција како да малку го променија и го менуваат духот на општината.

Edited by kiriOK - 09-Oct-2018 at 08:19
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #558 Posted: 09-Oct-2018 at 08:01
И?
Back to Top
kiriOK View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Apr-2012
Location: Tamworth,UK
Online Status: Offline
Posts: 1023
  Quote kiriOK Quote  Post ReplyReply #559 Posted: 09-Oct-2018 at 07:49
Чисто да се знае кој гради,а и кои би можеше евентуално да бидат новите станари

http://www.zsf.com.mk/sq/shtepi/

Edited by kiriOK - 09-Oct-2018 at 07:50
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 21563
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #560 Posted: 09-Oct-2018 at 06:44
Багерите пристигнуваат ноќе на парцелата кај Мајчин дом

Багерите за копање на темелите на деветокатницата на последното парче зеленило кај Мајчин дом, веднаш до тротоарот на булеварот, со засилено темпо се истовараат во текот на ноќта.

На ФБ жителите на Аеродром се организираат за најавениот протест, денеска во 17 часот.

И покрај опструкциите и бришење на нивните објави, тие повторуваат дека протест ќе има.

Во текот на вчерашниот ден беше оградена парцелата која доби дозвола за градба и потпис од актуелниот градоначалник Златко Марин, кој во опозиција стоеше токму на таа парцела и обвинуваше дека градежната мафија предводена од Орце Камчев сака да гради зграда и бараше мораториум и промена на ДУП-от.

Но, сега ја потпиша дозволата за градба, со оправдување дека ништо не можело да се стори, бидејќи парцелата е во приватна сопственост.

Ова дополнително ги налути аеродромци, кои бараат оставка од него.



https://ako.mk/багерите-пристигнуваат-ноќе-на-парце/

Еве и рендер(изгледа ќе му конкурираат на Настел Тафталиџе по должина)


Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 2627282930 42>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.215 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.