![]() |
![]() |
![]() |
Булевар Илинден |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2728293031 36> |
Author | |
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
![]() Доколку навистина тој сообраќај е поголем отколку што Дебармаалските улици можат да се справат, проблемот може да се реши со комбинирање на еднонасочен режим на некои од нив. Во Дебармаало и независно од вртењето лево од Илинденска може да се размислува за воведување на еднонасочен режим на некои улици и улички. Во случајов е многу битно да се разграничи што е магистрален правец, а што локални улици и да се даде приоритет на првото. Edited by Cloverstack - 26-Aug-2009 at 13:51 |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
![]() Искрено вчера почнав да куцам пост со предлог за вакво решение но подоцна ми се виде незгодна целата комбинаторика. Вака "од ѓутуре" вртењето од Илинендска кон Ленинова не е воопшто ретко што значи не така мала маса коли ќе се впушта по малите улички кај Партизан и по Орце Николов од другата страна. На овие места веќе има солидно количество сообраќај дали ова ќе ја прекомплицира ситуацијата? Секако како што велиш и самиот треба да се направат мерења, после полесно би дискутирале. Но апсолутно се слагам дека најдобро решение е да се укинат вртењата од Илинденска во овој дел и да се семафоризира раскрсницата. |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Каде? Не памтам ваква работа. Посочи, ова е битна информација ако е точна. Инаку сосема те разбирам за дополнителната лента за лево, но сепак сум апсолутно против форсирање на 5 ленти на сметка на ионака тесни тротоари. Дополнителни ленти кај вкрстувања е одлична работа, ама ако нема место (како во случајов) не треба да се оди по секоја цена. На крајот на краиштата Ленинова не е некоја толку прометна сообраќајница па да се форсира вакво решение на вкрсувањето со нејзе. А тротоари по 1,5 метри (или дури и помали ако е точна информацијата од погоре) таму не доаѓаат во предвид. Па нема ваљда да си играме играчки со тротоарите. Плус тоа, дополнителна лента на Илинденска не ги решава вртењата во лево од Ленинова кон Илинденска. А ова проблематично вртење тек ќе стане речиси неизводливо доколку Илинденска се претвори во булевар. Прво кај Ленинова треба да има семафори. Па побогу, цела Илинденска е наредена со семафори, а ваму каде што и те како прави логика да има, ги изоставиле. Ама (!) не зборам за раштимани семафори како сега, кои би биле повеќе затка, туку подразбирам дека треба да функционира прецизен зелен бран со убава сигнализација за брзината со која треба да возиш за да поминеш непречено (претпоставувам 50km/h). Со семафори кај Ленинова ќе бидат решени вртењата лево од Ленинова кон Илинденска, а ќе се створат услови и за вртењата во лево од Илинденска кон Ленинова по овој терк: Крстосницата кај Ленинова се комбинира со крстосницата кај фонтана за индиректно вртење лево. Кај „фонтана“ ионака веќе има семафори, а класичното вртење лево и таму предизвикува голем проблем, па таа крстосница е идеален кандидат за комбинирање. И не само што со еден потег се решава главниот проблем на двете крстосници, туку со ваков режим на сообраќај, наместо 3 циклуси на семафорите би имале 2 циклуси, што го олеснува протокот по магистралната оска, а тоа и треба да е приоритет. Внатрешниот сообраќај низ Дебар Маало е логично да направи мало прилагодување кон приоритетната цел. Овој начин на регулирање има широка примена во вакви случаи и се користи овој знак (кај нас сум го видел со плава основа наместо сива): ![]() ![]() Треба да се направи анализа за да се утврди обемот на сообраќајните текови во Дебар Маало, па доколку е поефикасно би можело да се оди и „обратно“, тоа ништо суштински не би сменило: ![]() Edited by Cloverstack - 26-Aug-2009 at 05:29 |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Колку што се сеќавам, а мислам и дека поназад имаме евидентирано, овдека е најавена широчина на лента од 3,25. Односно 4х3,25=13 и останатото тротоари. Останатите 5 метри (или колку и да се) во тротоари. Но може би тука и клучниот проблем не е само широчината и бројот на лентите туку најголемото закрчување го прават оние кои свртуваат од/кон Ленинови и другите улички, каде што се чека на раскрница по правило на првенство на минување. а поради гужвата и навиката да се влегува во раскрница и покрај тоа што нема од карши простор да се излезе се создаваат грото од гужвите на овој потег.
Тука ми паѓа на памет едно решение кое еве ќе го нафрлам како идеја да го евидентираме. Доколку е можно кога веќе се иде со потесни тротоари јас би ги скусил уште малку ако може и би идел со лента од 3 метри да се отвори простор за 5 ленти. 3*5=15+2*1,5 (1,75 2,00 колку и да е широк профилот). Може би звучи лудо, но еве што ми е идејата. ![]() Edited by lslcrew - 26-Aug-2009 at 00:17 |
|
![]() |
|
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
Фала за забелешките, очекував брз одговор од тебе за точните димензии. Во секој случак се сложуваме дека има простор да се изгадат 4те ленти и да има културен тротоар. Сепак не станува збор за некоја улица со голем број дуќани и премногу голем број пешаци па од пешачки аспект вероватно 3м би биле доволни. Па надлежните нека засукаа ракави и кога веќе ги испосекоа дрвата и поставиа добра инфраструктура за атмосферска канализација, нека го довршат почнатото, барем до парк кај што е и најтесното грло. |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
@ Urban Freak
3,75m за лента е најдарежливиот автопатски стандард (низ Европа некаде се градат автопати и со 3,5m лента). Од друга страна 1,5m за тротоар е тотален масакар, двајца подебели не би можеле да се разминат без интимности ![]() Должината на тој тротоар е значителна, влезовите на објектите се директно на тротоарот, нема дополнителна велосипедска патека... мора да се изведе доста пошироко. Јас лично би одел на 3m по лента (но никако под тоа!!!). Толку има кај Рекорд, толку има Водњанска, толку има мостот кај Народна Банка, толку има надвозникот кај Бит Пазар... тоа му доаѓа како некој минимум (освен за неважни сообраќајници). Значи вкупно 4х3m=12m за коловоз и по 3m за тротоари. Верувај, на раздвижена локација, 3 метри за тротоар не е никаков луксуз, особено кога ќе додадеш огради, светилки, дрворед и сл... На местата каде има повеќе од 18m нека гледаат паметно да го искористат тој простор, без разлика колку е мал! Edited by Cloverstack - 25-Aug-2009 at 23:43 |
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
Најлошото од се е што нема никакви најави за проширување на точно овој дел од улицата. А некакво оплеменување, макар и на тесниот простор е задолжително, колку толку да се прикрие руглото! Може на пример да се стават убави модерни светилки, на нив да се закачат саксии со цвекиња итн. Начини има, но нема најави за проширување. А треба да почнат баш од овој дел пошто е најургентно.
|
|
![]() |
|
UrbanFreak ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 28-Oct-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1732 |
![]() ![]() |
Искрено откако ги исекоа дрвата улицата освен што изгледа далеку погрда делува и доста поширока. Сепак мислам дека за таков профил на улица и за тој дел од градот, не би требало паркингот да е на самата улица или на лентата за велосипеди каде моментално се паркираат. Ме интересира дали не би можела на овој дел улицата да се реши со 4 ленти (по две во обете насоки) и без окој класичен меѓу простор кој обично зафаѓа лента плус? Според гугл рт на тој дел Илинденска е широка околу 18м. Тоа би дошло 9 м по страна. Ако одземеме барем 1,5м тротоар би останале 7,5 метри или 3,75 метри по лента, што мислам дека е доволно.
Паркингот мислам не би смеел да биде тука, прво поради немање физички место а втото поради фактот што самото паркирање во Скопје доведува до хаос преку нагло престројување, нагло отварање врата, непочитување предност и сл. А што се однесува до убавината на улицата, изгледа дека освен дрвата и 2-3 згради руглото искочи на виделина со падот на крошните. Се повеќе мислам дека да бевме нормална развиена држава плановите на ЛСЛ за хилтата одамна ќе се оствареа. Edited by UrbanFreak - 25-Aug-2009 at 23:06 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
@ Andrej_LJ
Ако веќе се напушта тунелот и се оди на проширување на површинската улица, не ми прави логика тоа да се направи половично и сегментот во голема мерка повторно да остане тесно грло. Особено не ми прави логика тоа да се прави поради паркинг за станарите затоа што мислам дека тоа може да се реши многу побезболно. Еве ги моите забелешки: - Сегментот е практично во центар, па кога има гужва, често има гужва во двата правци. Затоа систем со флексибилни ленти не е баш најсреќно решение. Немам ништо против концептот генерално, баш напротив, ама за оваа конкретна локација мислам не одговара. - Илинденска како една од главните градски оски не смее да биде оставена со една лента во правец, а најмалку на овој најкритичен дел. Доволна е една мала незгода или некој банален квар во правецот на кој функционира една лента и веднаш огромен проблем на една од главните градски артерии. - Дополнителен проблем би било и она што го спомна пбанкс - лошо паркирани возила. Исто така проблем ќе има додека пристапиш до паркираното возило, додека отвориш врата и влезеш, додека се вклучиш во сообраќај... Сето ова значително ќе ја ремети проточноста. Не би било страшно доколку се работи за помалку значајна сообраќајница, ама повторно нагласувам овдека зборуваме за многу значајна соораќајна оска. - Со паркинг лентата, кога ќе се одземе просторот во близина на вкрстувањата (од безбедносни причини) зборуваме за околу 50 паркинг места кои се премалку и нема да решат скоро ништо, а ќе создадат огромни проблеми за сообраќајот. - Станарите не мораат да паркираат баш до влезната врата, особено не оние што живеат челно на Илинденска. Знам дека е многу згодно да излезеш од дома, директно да влезеш во кола и веднаш да си на главна улица и истото по обратен редослед кога се враќаш дома, ама таква привилегија никој не ти должи, особено ако живееш во центар. Доколку проблемот со паркинг за станарите не може да се реши со регулирање на паркирањето на околните улички, искористување на просторите зад објектите и паркинг просторот кој ќе доаѓа во пакет со идните новоградби, тогаш треба да се бара решение во непосредна близина, а не со узурпирање на сообраќаен коридор од калибар на Илинденска. Има изобилство простор да се направи поголема подземна гаража кај празниот простор и бараките позади минисерството за земјоделие (42° 0'11.42"N 21°25'32.49"E) или на границата спрема паркот(42° 0'10.53"N 21°25'25.04"E). Кај првата локација може да се оди и над земја. Оваа гаража би користела и за станари и за дојденци во квартот и за посетители на паркот. Станарите нема да се претргнат ако некогаш дојдат во ситуација да пропешачат малце (навистина малце). Јас живеам во планска населба далеку од центарот, па пак пешачам 100-200 метри до паркинг.
@ pbanks Не гледам ни теоретска ситуација каде би имало таква диспропорција во насоката на сообраќајот за да би било оправдано со флексибилен режим да се оди на такви екстреми како 3+1 или 1+3. Мислам дека со 4 ленти очигледното решение е фиксно 2+2. Edited by Cloverstack - 25-Aug-2009 at 21:22 |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
ЛСЛ не би се сложил дека е аљкаво решение. Напротив ова се практикува во многу градови во светот особено во делови каде како на Илинденска не е возможно ширење во полн профил или пак во делови каде има огромни движења во еден правец (како што опиша Андреј шпиц кон центар и од центар). Значи јас сум дефинитивно про тоа решение.
За трите ленти. Мислам дека и двајцата не ме разбравте. Јас сум за 4 ленти (кога веќе се шири улицата) но не сум за узурпација на едната од нив за паркинг. Значи 4 сообраќајни ленти кои ќе се користат по методологијата која ја понуди Андреј. Така по потреба може да имаме и 3 ленти кои водат од/кон центар. Инаку Андреј лентата за паралелно паркирање нема да реши ништо. Ти го кажувам ова меѓу другото од искуство бидејќи канцеларијата до скоро ми беше на почетокот на Илинденска. Двата тротоари беа наредени со коли, во некои делови и во два реда а од страната на парк под прав агол со улицата (значи многу повеќе автомобили отколку кога би ги паркирале паралелно на улицата). И покрај тоа најчесто сите паркинг места беа полни. Значи една лента не само што нема да го реши туку нема ни да го ублажи проблемот со паркирањето. Таму треба да се изнајде друго решение. Клучот е повторно во принудување на луѓето да користат јавен транспорт и алтернативни транспортни средства. Да продолжам со личниот пример. Секогаш кога сум си одел подоцна од работа, да речеме кај 9-10 навечер улицата била полупразна од коли. Значи главната гужва не ја прават жителите туку дојденците во бројните канцеларии кои се наоѓаат таму (ЛСЛ апсолутно си грешка дека во тој дел нема динамика). Во тој правец правење на паркинг ленти или било какво стимулација луѓето да сметаат на паркинг место во тој дел спрема мене не треба не треба да има. |
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
Пбанкс, и јас би сакал да ја нема таа лента затоа што тротоарите би добиле на површина а исто така и зеленилото, но едноставно треба луѓето кои живеат на улицата да паркираат некаде. Плус мислам дека сме одлични во тоа да од улица направиме паркиралиште. Пример е прекрасната Рузвелтова, која си е навистина голема 4 лентова улица (сум ја видел во време на одмори кога сите ленти се слободни), но поради константното паркирање на двете крајни ленти, е претворена во тесно грло. Затоа подобро да добиеме 3 ленти кои НАВИСТИНА би биле за возење и една која НАВИСТИНА ќе биде за паркирање, отколку Рузвелтова 2, односно по 2 за возење и паркирање/узурпирање. Инаку сметам дека сите пречни и паралелни улици на Илинденска (или најубаво парцелата Партизанска-Рузвелтова-Градски Парк-Св. Кл. Охридски), особено Ленинова, треба да станат едносмерни. На оние улици каде што може, би направил по две ленти за возење и една за паркирање, на оние потесните, по една за возење и паркирање. Пропратено со убаво обележување, строга контрола и коректен однос како кон локалните жители, така и на гостите. Ова дава одлични резултати во градовите низ Грција, Софија, Загреб, Љубљана и ред други. Сепак се работи за кварт за живеење (може би најубав во Скопје), не транзитна зона, по вина на незавршени ред други проекти.
|
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
Како идеја е интересна, но далеку од трајно решение, па не би го употребил нити за додека се изгради тунел, предолго е ваква крпеница. Без разлика дали со четврта паркирна или не. Наизменична лента ми е премногу аљкаво решение за било каде.
Кога веќе разгледуваме 4 ленти во опција, во никој случај не можеме да си дозволиме таков луксуз паркирање на илинденска, а поготово не смееме во тој теснец од фонтана до влада. А башка и незнам кој би паркирал кога по целиот тој потег има едвај десетина дуќани и то на краевите од потегот каде што во близина и има паркинзи. Нема некои кафичи, нема ресторани, нема никакви содржини, освен балкони од станбените згради. Кој би паркирал?! Башка има изобилство од паркинг во околните улички од страна да се паркира. Во тој теснец секоја лента е богатство и треба да се користи за возење. А идејава на пбанкс за само три идеи па од друга страна е неквалитетна. Ако имаме само три ленти, всушност тротоарите од ширина на две ленти ќе се скусат на ширина од еднаипол лента, па не сме "ни таму ни вамо". Во таква ситуација тротоарите или комплетно ќе се зафатат од автомобили, или па и да се завати само едната лента, онаа пола лента што останува за пешаци а претесна за човек сам да иде, ане па да се разминат луѓе. Решението да се иде со 4 ленти сега, а некоаква најкомпетентна среднорочна супституција за тунелското решние како крајно решение, нормално и како опција го оставам рушењето на еден ред куќи како едно од двете долгорочни можни решенија. Edited by lslcrew - 25-Aug-2009 at 19:11 |
|
![]() |
|
pbanks ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 9141 |
![]() ![]() |
Навистина одлична идеја Андреј, не ми текнало на вакво решение за Илинденска иако ми е добро познато како концепт. Единствена измена е што комплетно би ја откачил паркинг лентата. Сепак со проширувањево треба да добиеме проточен булевар а доколку една лента служи за паркирање а другата лента е постојано подзакрчена заради скопските мајстории во паралелното паркирање мислам дека ќе имаме проблеми.
|
|
![]() |
|
Andrej_LJ ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2008 Location: Ljubljana Online Status: Offline Posts: 2954 |
![]() ![]() |
Сега штом успеаа да да ја уништат една од најубавите скопски улици, барем нека ја прошират на 3/4 ленти и нека се среди навистина таа улица. Тоа подразбира убави тротоари, повторно засадување на зеленило, оградување на тротоарите од коловозите, места за контејнери, клупи и многу жардињери со цвекиња (не долгнавести како на булеварите а округли, релативно мали), убави модерни светилки. Оваа улица заслужува да е многу убава!
Еве како може да изгледа улицата со 3/4 ленти. Може улицата да содржи 3 ленти за возење и една лента за паркирање. Над самите коловози на секои пар стотина метри би се поставиле електорнски уреди со стрелка \/ или икс (X). Во која насока има поголем сообраќај, би се отварале и регурилирале по 2 ленти во насока, а во таа насока каде што има полаку сообраќај, по една лента. Паркинг лентата би била константна, на една страна на улицата. А) Утринска гужва (Карпош -> Центар): КАРПОШ \/ \/ X тротоар || коловоз | коловоз | коловоз | паркинг || тротоар X X ^ ЦЕНТАР * Две ленти во насока Центар и една лента во насока Карпош. Отворено (зелена стрелка надолу \/) Затворено (црвен X ) Б) Попладневна гужва (Центар кон Каропш): КАРПОШ \/ X X тротоар || коловоз | коловоз | коловоз | паркинг || тротоар X ^ ^ ЦЕНТАР * Две ленти во насока Карпош и една кон Центар. Со ова решение барем би се ублажил метежот на потегот Влада-Фонтана од каде што кон Карпош е предвиден 4 лентов булевар. Со не многу пари и малку памет улицава може да биде ем убава ем корисна, како што и треба и заслужува да биде! |
|
![]() |
|
mitatos ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 06-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1739 |
![]() ![]() |
Dokolku se sredat fasadite na tie starite kuki , sigurno skopje ke me potseti na nekogasnoto staro skopje, mnogu ubavi gradbi ima vo toj del.
|
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
lele kakva katastrofa, mi go rasipi denot
kako glaven grad so vakvi kuki, sto znam, mi lici na go*na
|
|
![]() |
|
kire85 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Nov-2007 Location: Düsseldorf Online Status: Offline Posts: 400 |
![]() ![]() |
hahahah ja prvava slika koga ja vidov mi veruete ili ne od 100 pati da mi recevte da pogodam kade e, nemase ilindenska da kazam......neverojatno kolku golema razlika ima bez drvoredot....
![]() |
|
![]() |
|
shaun.r ![]() Groupie ![]() ![]() Joined: 06-Jul-2009 Location: skopje Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
auuuuuuu
![]() ![]() |
|
![]() |
|
dacito ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Sep-2008 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 131 |
![]() ![]() |
Јако еј, објективе на Илинденска да не знаеш дека се од Илинденска многу лесно можеш да кажеш дека се негде у Куба, жими се
![]() ![]() ![]() |
|
![]() |
|
lslcrew ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 14-Jan-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 10988 |
![]() ![]() |
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 2728293031 36> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |