build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Депонии и комунална механизација
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Депонии и комунална механизација

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 8>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 14-Dec-2010 at 20:16
ДВА НОВИ КАМИОНИ ЗА СОБИРАЊЕ СМЕТ ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ ЗА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“







Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, потпретседателката на Собранието на РМ, Светлана Јакимовска, претседателот на Советот на општина Кисела Вода, Звонко Спасовски, и претставници на ЈП „Комунална хигиена“, денеска /14.12.2010 година/ ги промовираа новите две специјализирани возила за собирање смет во руралните средини на општината Кисела Вода. Новите камиони се произведени 2008 година, тие се од категоријата N2 – товарно возило, со капацитет од 5 кубни метри и постои можност за автоматско и рачно управување на циклусот на работа.

- Денеска имаме промоција на новите камиони за собирање смет од руралните средини во општината Кисела Вода, којашто ги набави овие две возила и ги донираше на ЈП „Комунална хигиена“. Прв пат се случува општина да донира камиони на јавно претпријатие, и ме радува фактот дека планови за набавување на вакви помали камиони имаат и општините Гази Баба, Аеродром, Бутел и други општини коишто имаат и рурални средини на својата територија, со што ќе се направи еден исчекор во собирањето смет во 2011 година и ќе се зголеми хигиена во градот- изјави Градоначалникот Трајановски.

Со овие две возила екипите на ЈП „Комунална хигиена“ ќе собираат смет само во руралните средини на општината Кисела Вода, (Драчево, Пинтија, Усје и Припор), односно онаму каде што големите камиони имаат отежнат или воопшто немаат пристап поради конфигурацијата на теренот и тесните улички.

Возилата за собирање смет се од марката Mitsubishi FUSO, тип FE74BB, со зафатнина на мотор од 2 977 cm3 и моќност на мотор од 92 kw. Тие се долги 4 988 mm, високи 2419 mm, a широки 1 900 mm. Имаат вграден систем од задната страна за подигнување и празнење на садови за отпад со капацитет од 1, 1 кубни метри (контејнери) или истовремено подигање и празнење 2 типски канти од 120 литри.

Цената на двета возила со вклучен ДДВ е 8 736 720 денари.

http://www.skopje.gov.mk/ShowAnnouncements.aspx?ItemID=3881&mid=482&tabId=1&tabindex=0
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 26-Nov-2010 at 19:34
Зарем се доволни 20 години експлоатација за вакви проекти?

Италијански искуства за санитарна депонија

ПРИЛЕП - Јавното претпријатие „Комуналец” од Прилеп од збратимениот италијански град Верона доби физибилити-студија за изградба на санитарна депонија. Според првичните пресметки на италијанското претпријатие, модерниот начин на отстранувањето на комуналниот отпад ќе чини 11,4 милиони евра.

Студијата е резултат на повеќемесечната соработка на „Комуналец“ со италијанското претпријатие „Амија“, кое го изработи проектот. „Комуналец“ ќе анализира кои се предностите или недостатоците на студијата за санитарна депонија.

Директорот на „Комуналец“, Златко Ристески, објаснува дека санитарната депонија во почетокот треба да го презема органскиот отпад, кој е половина од вкупниот отпад што се исфрла од домаќинствата и од фирмите. „На депонијата ќе се отстранува по природен пат биогасот, а во втората фаза ќе се депонира само неорганскиот отпад. Депонијата е проектирана за 40.000 тони отпад на годишно ниво во период од 20 години“, објаснува Ристески.

Тој посочува дека во наредните два месеца ќе ги проучи пресметките на италијанското претпријатие за капацитетот, но и за чинењето на депонијата. Општината потоа треба да одлучи дали ќе се гради современа санитарна депонија што ќе бара и пари од европските фондови. (Д.Р.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=675EBCD9D5A433459DFE00A0CA287892
Back to Top
leonid23 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
БАНИРАН

Joined: 30-Nov-2009
Location: Strumitza
Online Status: Offline
Posts: 579
  Quote leonid23 Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 23-Oct-2010 at 00:28

„Комунална хигиена“ со шест нови камиони за смет

Шест специјални возила за собирање смет што ќе му служат на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ вчера беа промовирани во рециклажниот двор во Карпош.

Скопскиот градоначалник Коце Трајановски и директорот на „Комунална“, Ракип Дочи, ги претставија капацитетите и можностите на овие возила. Камионите се од марката „мерцедес бенц“, модел атрик и со мотор евро 3-стандард.

Тие се со зафатнина од 20 кубни метри и се со вграден систем за подигнување и за празнење контејнери со капацитет од 1,1 кубен метар, но и за типски канти од 120 литри. Празнењето на садовите е со брзина од 20 до 24 секунди, односно двојно побрзо од брзината на подигнување што ја имаат сегашните камиони. Зафатнината е од 1,5 до 4,5 кубни метри. Шесте возила со вклучен ДДВ чинат вкупно 50.197.200 денари, односно секој по 8.366.200 денари.

Скопскиот градоначалник потенцираше дека до март 2011 година се очекува возниот парк на „Комунална хигиена“ да се обнови со вкупно 40 возила. Новите камиони, според Трајановски, треба да пристигнат во март наредната година. Тој потенцираше дека со набавка на новите камиони нема да има потреба од нови вработувања.

Со оглед на староста на сегашните возила, претпријатието секојдневно има на располагање од 6 до 16 камиони за собирање смет, во зависност од тоа колку од нив се исправни.

- Има период и кога во текот на една недела комуналниот смет се собира со шест до осум камиони, што значи дека еден камион им е на располагање на 100.000 жители, што е катастрофална бројка - информира Трајановски.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=01BA15A974ABD44BA5B67B4635760985
Back to Top
IN_MOTION View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 11-Jul-2009
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 203
  Quote IN_MOTION Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 21-Oct-2010 at 18:04

Сега пред 5 минути еден ваков камион видов во акција, кај мене на улица. Супер е многу се тивки (за разлика од претходните), целите светат и мн брзо си ја вршат работата.  5+

Изгледа од оваа фирма се  http://www.atrik.si/index.php?PRODUCTS:Refuse_collection_vehicles:AP%2FAPO



Edited by IN_MOTION - 21-Oct-2010 at 18:09
Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 21-Oct-2010 at 16:47
Епа аирлија нека се Мерцедесите .
Ја се извинувам што пак ја промашив нишката
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 21-Oct-2010 at 12:32



Back to Top
toasumjas View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 25-Jun-2010
Location: Skopje/ljubljan
Online Status: Offline
Posts: 434
  Quote toasumjas Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 21-Oct-2010 at 10:04
Ако некој е у близина може да удри некоја фотка.:

ПОКАНА ЗА ПРОМОЦИЈА НА НОВИТЕ КАМИОНИ НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“
Градот Скопје Ве поканува на промоцијата на новите шест камиони за собирање смет на ЈП „Комунална хигиена“ којашто е закажана за утре /21.10.2010 година, четврток/ во 11 часот во Рециклажниот двор на „Комунална хигиена“, на булевар Илинден, зад бензинската пумпа на Макпетрол.

На промоцијата на новите камиони ќе присуствува градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.

http://www.skopje.gov.mk

Edited by toasumjas - 21-Oct-2010 at 10:04
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 22-Sep-2010 at 10:54

Странци ќе ја градат регионалната депонија кај Добрашинци

Шест странски компании, три од Австрија, и по една од Германија, Италија и од Канада останаа во конкуренција за изградба и управување со регионалната депонија крај село Добрашиници, во Струмица. Претставници од шесте компании ја посетиле локацијата каде што во иднина треба да се складира отпадот од десет општини од југоисточна Македонија.

Оваа депонија е прва во државата што треба да се гради со давање под концесија, а уште неколку такви треба да бидат изградени во други региони од државата.

Во наредните месеци компаниите треба да ги објават понудите за изградба и управување со регионалната депонија, а не се исклучува можноста за собирање и транспорт на отпадот од сите општини во југоисточниот регион.

Инвестицијата за изградбата на депонијата се проценува на над 20 милиони евра. (Р.Т.)

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=3D2B0133304FC044801BF105495A2858
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 26-Aug-2010 at 08:19

Странци во трка за сметот од Полог

Осум странски компании ја почнаа „трката“ за собирање и депонирање на комуналниот отпад од Полошкиот регион. Фирми од Италија, Грција, Канада и од Австрија искажаа заинтересираност, а нивните понуди минатата недела беа отворени во Центарот за развој на Полошкиот плански регион, во Џепчиште.

Избраната фирма-оператор ќе преземе обврска да го организира целокупниот систем за депонирање, собирање и пренос на отпадот. За таа цел ќе бидат формирани и подружници во секоја општина во која функционира јавно комунално претпријатие. Во општините во кои досега нема основано јавно комунално претпријатие за собирање на отпадот, услугата ќе ја врши некоја од подружниците.

Според Неџати Јакупи, првиот човек на Министерството за екологија, станува збор за реномирани фирми што имаат повеќегодишно искуство во оваа сфера. Во наредниот период фирмите ќе ги анализираат состојбата и условите, по што треба да излезат со конкретна понуда. Во последната фаза ќе се склучи договор, кој ќе важи 25 години.

- Ова е првата фаза во процесот на концесионирање на депонијата Русино и е чекор напред кон трајно решавање на проблемот со сметот во Полошкиот регион. Во понатамошната постапка на конкурентен дијалог, фирмите ќе ја посетат депонијата, ќе остварат средби со градоначалниците и подетаљно ќе се запознаат со условите. Дури после ќе ги достават крајните понуди - вели министерот Јакупи.

Тој е убеден дека процесот за избор на концесионер нема да трае долго, бидејќи станува збор за фирми што се специјализирани, а и во Министерството веќе имаат искуство.

Според студијата за концесиски договор, во наредниот период секоја фирма одделно ќе ги изнесе варијантите што се однесуваат на техничките и на финансиските аранжмани.

Најприфатлива варијанта за градоначалниците на Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Гостивар, Желино, Маврово и Ростуше, Јегуновце, Теарце и на Тетово е формирање заедничко претпријатие со мешовита сопственост. Во него ќе се вклучат и вработените од комуналните претпријатија.

За министерот Јакупи нема опасност од отпуштања бидејќи, како што вели, поради обемот ќе бидат потребни повеќе работници.

Иако, во студијата стои дека со новиот начин на управување со отпадот ќе се наплаќа и депонирање на сметот, за Јакупи нема дилема - ѓубрарината нема да поскапи.

Проблемот со депонирањето смет годинава ескалира со протести на жителите на селата што се во близина на депонијата Русино. Тие се противеа на неконтролираното депонирање на ѓубрето од тетовските општини. Додека траеја блокадите, на претоварната станица во Тетово се натрупаа илјадници тони смет. Поради опасноста од еколошка катастрофа, беше воспоставен дијалог меѓу локалните самоуправи на Тетово и Гостивар. По постигнатиот договор камионите на тетовското комунално претпријатие го префрлија сметот.

Од сите девет полошки општини велат дека имаат проблеми со диви депонии. Се фрла се' и сешто - од комунален, па до медицински отпад. Проблем претставуваат и ниската еколошка свест на граѓаните и дивите депонии што ги има на секое ќоше од државава.

Зоран Г.Маџоски

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=C0B127F96C194D46A87193F0C1DC8288
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 20-Aug-2010 at 16:02
Осум компании заинтересирани за Полошката депонија poloska_deponija.jpgСкопје - Осум компании се пријавиле на Јавниот повик за доделување концесија за финансирање, проектирање, изградба и управување со регионална депонија за комунален цврст отпад во Полошкиот плански регион.

Според соопштението на Министерството за животна средина и просторно планирање и општините, јавното отворање на пријавите е извршено денеска во Центарот за развој на Полошкиот плански регион, во тетовското село Џепчиште.
Јавниот повик е објавен врз основа на Одлуките на Владата, Министерството за животна средина и просторно планирање и Советите на општините Боговиње, Брвеница, Врапчиште, Желино, Маврово и Ростуша, Јегуновце, Теарце, и Тетово.

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2557&Itemid=125
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 27-Jul-2010 at 16:15
Осум компании заинтересирани за изградба и управување со регионалната депонија во Василево deponija_vasilevo.jpgСтрумица – Осум компании од Канада, Австрија, Германија, Бугарија и од Турција се јавија на тендерот за избор на концесионер, кој ќе ја гради и ќе управува со регионалната депонија во општина Василево. По консултациите во десетте општини од Југоисточниот плански регион - Струмица, Гевгелија, Радовиш, Валандово, Ново Село, Богданци, Василево, Дојран, Босилово и Конче, ќе се знае кои од фирмите aпликанти ќе ја поминат првата и ќе влезат во втората фаза. - Регионалната депонија ќе се гради според европските стандарди и ќе има капацитет од 1,2 милиона кубни метри комунален отпад. Во неа ќе се складира и рециклира сметот од југоисточниот плански регион во наредните 25 години. Депонијата ќе располага со пет специјални комори за заштита на животната средина од загадување, вели градоначалникот на Василево Ване Стојанов. Депонијата ќе биде лоцирана во близина на селото Добрашинци, општина Василево, и ќе зафаќа површина од околу 12 хектари. За нејзината изградба, која се очекува да почне во текот на 2011 година, ќе бидат инвестирани околу 22 милиона евра капитален проект кој долгорочно ќе го реши проблемот со комуналниот отпад во десетте општини. (МИА)

http://www.porta3.com.mk/index.php?option=com_content&task=view&id=2507&Itemid=125
Back to Top
ovaj_stariov View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1315
  Quote ovaj_stariov Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 24-Jul-2010 at 00:58
Значи навистина се опасни овие од Еколог,да подариш возила во вредност од 300 000 долари не е мала работа,БРАВО!

„Еколог“ подари транспортери за чиста околина



ТЕТОВО - Компанијата "Еколог" вчера подари три професионални камиони за собирање и транспорт на отпад на општините Тетово, Гостивар и Сарај. Под мотото "За подобра и чиста околина", генералниот менаџер на компанијата Љазим Дестани, им ги врачи клучевите на современите возила на градоначалниците на трите општини, чија вкупна вредност изнесува 300.000 долари.

"Со оваа донација им помагаме на општините да ја подобрат лошата состојба и даваме придонес на граѓаните за успешно справување со отпадот на најсовремен начин и да го заштитиме населението од можни последици", беше истакнато на вчерашната свеченост. Со оваа донација компанијата по втор пат издвојува средства за иста намена по онаа од 2005 година свесни за значењето на екологијата и важноста за нејзиното одржување во градот од каде што потекнува компанијата "Еколог".

"Се гордееме што успеавме да развиваме бизнис во светски стандарди. Даваме придонес да ја видиме Македонија во ЕУ толку посакувана дестинација. Камионите што ги подаруваме се адекватни на нивната намена, опремени со механизација што одговара на современите трендови", подвлече Љазим Дестани. Компанијата "Еколог" во Тетово постои веќе десет години со 130 вработени, а свои претставништва има во Германија, Кина, Турција, САД, Кувајт и во Обединетите Арапски Емирати. (Г.Е.)


http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=BA50D95F321CC34A8DAD1DF8A00ED7E2
build.mk, гради форумска историја
Back to Top
гитардемон View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 19-Feb-2008
Online Status: Offline
Posts: 5422
  Quote гитардемон Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 06-Jul-2010 at 01:45
Ме интересира дали некој мери колку јадење фрламе како ѓубре? Читав некаде дека Англичаните годишно фрлаат по 44 килограми јадење, на глава на жител! Тоа е ужасно огромна бројка! Мислам дека не сме баш нешто најсјајни во проценката на големината на оброците и и ние си дозволуваме да фрламе огромни количини храна. Настрана тоа што не рециклираме во државава.
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 05-Jul-2010 at 21:15
Лани секој фрлил по 354 килограми ѓубре



 
Државниот завод за статистика соопшти дека вкупното количество на собран комунален отпад во Република Македонија во 2009 година изнесува 552.230 тони  

 
%20  
%20Споредено со 2008 година, вкупното количество на собран комунален отпад во 2009 година бележи пораст од 4 отсто. Најголемо количество на собран комунален отпад е регистрирано во скопскиот регион - 144.529 тони или 26 отсто од вкупното собрано количество во Република Македонија. Од вкупното количество на собран комунален отпад, 455.480 тони или 82 отсто се собрани од домаќинствата, а останатите 18 отсто од правни и физички лица (комерцијален отпад). Вкупното количество на создаден комунален отпад во Република Македонија во 2009 година изнесува 725.976 тони. Годишното количество на создаден комунален отпад во 2009 година изнесува 354 килограми по жител, што е за 1,4 отсто повеќе од истото количество во 2008 година. Целокупното количество на собран комунален отпад (100 отсто) се одлага на депонија.
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=75101232535&id=10&prilog=0&setIzdanie=22025

Edited by Cloverstack - 05-Jul-2010 at 21:16
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 10-Jun-2010 at 16:16

Странци во игра за депонија во Василево

СТРУМИЦА - На штотуку завршениот меѓународен тендер за избор на концесионер што ќе ја гради и ќе управува со регионалната депонија во Општина Василево се јавија осум компании од Германија, Канада, Австрија, Турција и од Бугарија.

По консултациите во десетте општини од југоисточниот плански регион, односно по завршувањето на административните, правните и стручните постапки, ќе се знае кои од фирмите-претенденти ќе ја поминат првата фаза и ќе влезат во конкуренција во втората изборна фаза.

Откако ќе завршат сите законски процедури за конкурентен дијалог со заинтересираните компании, ќе бидат создадени услови за почеток на работите околу реализацијата на овој капитален проект, поддржан и од италијанското министерство за екологија. Со ова долгорочно ќе се реши проблемот со комуналниот отпад во општините Струмица, Ново Село, Босилово, Василево, Гевгелија, Валандово, Дојран, Богданци, Конче и Радовиш.

„Депонијата ќе се гради според европските стандарди и ќе има капацитет од 1,2 милиона кубни метри комунален отпад. Во неа ќе се складира и ќе се рециклира сметот од југоисточниот плански регион во наредните 25 години. Депонијата ќе располага со пет специјални комори за заштита на животната средина од загадување“, изјави градоначалникот на Василево, Ване Стојанов.

Депонијата за собирање и за рециклирање на цврстиот отпад ќе биде лоцирана во близина на селото Добрашинци и ќе зафаќа површина од околу 12 хектари. За нејзината изградба, која се очекува да почне во текот на 2011 година, ќе бидат инвестирани околу 22 милиона евра. (МИА)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=77A60AE455DD10438DB682C8FA3D64AF
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 01-Jun-2010 at 19:22

На повидок трајно решение со отпадот во Полог

На тендерската постапка за изградба на депонијата „Русино“ кај Гостивар, до крајот на годинава ќе се избере најповолен понудувач

Гојко Ефтоски

ТЕТОВО - Во седиштето на Полошкиот плански регион во тетовско Џепчиште вчера официјално беше прогласен за отворен тендерот за изградба на депонијата „Русино“ кај Гостивар. Тоа, практично, ќе значи почеток за трајно решение со еден од најтешките комунални проблеми со кои најсериозно се одрази минатата година во Тетово.

Во изминатите неколку месеци било работено на подготовка на проектот за меѓународен тендер, кој веќе се распиша на принцип на конкретен дијалог првпат применет во нашата земја, а до крајот на годината треба да се избере најповолен понудувач. Проектот содржи прашања за собирање, пренос, рециклирање и преработка на комуналниот отпад во сите девет општини во Полошко-мавровскиот регион. „Проектот е поддржан од Министерството за животна средина на Италија. Во фаза на подготовка на тендерот имавме меѓуопштинска соработка на највисоко ниво“, рече Неџати Јакупи, министер за животна средина и просторно планирање, кој најави учество и помош од искусни меѓународни експерти.

Градоначалниците на Тетово и Гостивар, Сади Беџети и Руфи Османи, побараа исполнување на обврските за успешно решавање на проблемот, изградба на депонија со нови европски стандарди како и паралелно решавање на инфраструктурните потреби до „Русино“, кое наполно ќе ја обезбеди животната средина. Од новиот концесионер ќе се бара брз почеток на работите чиј старт се очекува на почетокот од идната година, но и вклучување во реформи на постојните комунални претпријатија што подразбира приспособување на нивната работа кон потребите на идната модерна депонија и кадровска поставеност, која ќе гарантира поголем успех. На новинарско прашање дали сегашната претоварна станица во Тетово каде што, всушност, беше дивата депонија ќе биде дислоцирана, тетовскиот градоначалник рече дека биле на пат да се реши и тоа прашање.

Претседателот на Полошкиот плански регион, Фатмир Изаири, најави поинтензивна работа и поголемо инвестициско вложување на идниот концесионер во првите две години кога се очекува да биде изграден и пристапниот пат од магистралата до депонијата „Русино“.

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=7E7111437C175941B63BF2A2F1033CA7

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 31-May-2010 at 02:43

Источниот регион доби 2,5 милиони евра за регионална депонија

Парите од ИПАРД фондовите ќе го помрднат од мртва точка проектот за депонијата

Иван Бојаџиски


Штип - Помош од 2,5 милиони евра од ИПАРД фондовите доби Источниот регион за изработка на проект за управување со отпадот, меѓу граѓаните познат како проект регионална депонија. Овој регион е прв во државава кој доби вака финансиска подршка за почеток на реализација на идејатата за изградба на регионална депонија, за која се зборува десет години. На градоначалниците од регионот веста им јас соопшти министерот за животна средина Неџати Јакупи, на состанокот на Советот на регионот одржан викендов во одморалиштето на планината Плачковица.

Ратко Димировски, претседател на Советот на регионот, вели дека источниот регион ја добил оваа сериозна подршка поради фактот дека тој досега покажал најдобри резултати во однос на регионалните проекти и пред странските донатори излегол со повеќе проекти од значење за единаесетте општини со 120.000 жители, иако регионалната депонија ќе биде наменета за поширокиот терен во кој живеат 230.000 граѓани.

"Наше барање беше да нема отпуштања на вработените во јавните претпријатија и сите населени места кои ќе ја користат регионалната депонија да имат исти цени и исто ниво на услуга. За проектот да биде исплатлив и самоодржлив регионалната депонија, покрај општините од нашиот регион, ќе ги опслужува и општините Кива Паланка, Свети Николе, Лозово, Кратово и Ранковце, а во опција е и Велес", вели Димитровски.

Во минатото имаше многу идеи за локацијата на регионалната депонија. На тој список беше просторот помеѓу селата Тркање и Бања во општина Кочани, Баргала во општина Карбинци и актуелната штипска депонија Трештена Скала. Со проширувањето на кругот на општините за кои ќе се гради депонијата се дошло до заклучок дека таа теба да биде во Овчеполието, на простор помеѓу Свети Николе и Куманово. "На изборот на локацијата ќе работиме во рамките на проектот, но во основа на идејата е таа локација да биде некоја централна точка поради потребите кои ги наложува транспортот на сметот", вели Димитровски.

Се очекува уште во текот на втората половина од годината европски стручњаци за упавување со отпадот да дојдат во Македонија и да работат на проектот заедно со наши стручњаци. Откако ќе бидат детектирани сите прашања ќе се пристапи кон реализација на проектот кој, според првичните проценки, ќе чини најмалку 15 милиони евра, пари кои доминантно ќе бидат донација од европските фондови за вакви намени.

Истокот долго време работи на оваа проблематика но досега не успеа да најде решение. Секогаш, кога ќе се споменеше некоја локација, доаѓаа протести од локалното население кои тврдеа дека не сакат "ѓубре" покрај своите места на живеење. Се наоѓаа мал милион изговори работата да не ја биде. Дали сега процесот тргнува од мртва точка ќе се види наскоро.

http://utrinski.com.mk/?ItemID=1C7A4A813AFDBF4AA71CFB072B5246A7
Back to Top
SkyBoy View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar
Suspended

Joined: 24-Feb-2010
Online Status: Offline
Posts: 738
  Quote SkyBoy Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 28-May-2010 at 00:01

„Комунална“ ќе се поднови со возила за 130 милиони денари

Ќе се купуваат 12 возила за собирање смет, кипери, цистерни за миење улици

Советот на Скопје по подолго натегање меѓу позицијата и опозицијата ја поддржа инвестициската програма на „Комунална хигиена“, која предвидува набавка на нови возила во вредност од 130 милиони денари. Новите возила за подигнување на сметот би требало да ја заменат дотраената механизација, која едвај ги задоволува потребите на градот.

Сепак, и покрај очигледната потреба да се инвестира во „Комунална хигиена“, во Советот се разви едночасовна дискусија која резултираше со воздржано гласање на опозицијата. На дел од советниците програмата на „Комунална“ им се виде многу амбициозна, иако директорот Ракип Дочи образложи дека сите планирани набавки се неопходни за нормално функционирање на претпријатието. „Во Загреб, град со 800.000 жители, сметот го собираат 110 камиони, а во Скопје имаме едвај 10 или 12 возила кои се веќе амортизирани, а мораат да работат во три смени“, објасни Дочи.

„Комунална хигиена“ треба да инвестира во 12 нови комунални возила за собирање смет, кои чинат 62 милиона денари, потоа во кипери, цистерни за миење улици, како и две возила за подигнување амбалажа и хартија. Вкупната инвестиција за сите планирани набавки на возила е околу сто милиони денари.

На седницата, која е продолжение на истата на која се расправаше за проектот „Скопје 2014“, точка на дневен ред беше и субвенционирањето на „Комунална хигиена“ за реализација на програмата за третман на бездомни кучиња. Јавното претпријатие доби помош од Градот Скопје од три милиони денари за реализација на програмата во изминатите четири месеци кога биле истретирани околу 1.100 бездомни животни.

И за оваа точка опозицијата и позицијата имаа различни гледишта, а повеќето советници во дискусиите лицитираа со бројки колку кучиња скитници има на градските улици. Генерален заклучок е дека бројката, и покрај неколкугодишниот третман на бездомниците, не е драстично намалена. Советниците побараа во иднина да се воведе и регистер на домашни миленици поради се' позачестените случаи нивните сопственици да ги пуштаат на улица откако ќе одлучат дека не сакаат повеќе да ги чуваат.

Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 04-May-2010 at 07:47

Ѓубрето го обедини југоистокот

Расфрланото ѓубре и смрдеата од депонијата кај струмичкото село Добрашинци се очекува наскоро да бидат минато, бидејќи на тоа место се планира изградба на регионална депонија. Предвидено е тука да се складира отпадот од десет општини во југоисточниот дел на државата. Жителите од селото Добрашинци, кои секојдневно ги чувствуваат последиците од депонијата, знаат дека тука треба да се гради нова, но не знаат како сето тоа ќе функционира. - Од досегашната депонија ја чувствуваме смрдеата секој ден. Знаеме дека ќе се гради нова, но како и на кој начин, не знаеме. Дали повторно ќе има смрдеа и чад или ќе се смени нешто, не знам- вели Симеон Трајков од Добрашинци. Министерот за животна средина и дел од градоначалниците од југоисточниот регион деновиве ја посетија депонијата. Убедени се дека нивниот проект ќе успее. - Сфативме дека нема политика во екологијата. Складирањето на отпадот мора да го решаваме во интерес на граѓаните, бидејќи основна цел на секој градоначалник е да има чиста и здрава животна средина - вели Николчо Чурлинов, градоначалник на Валандово. Министерството за животна средина објави дека почнува првата фаза за претселектирање на најсоодветни кандидати за изградба на депонијата. Тендерот е објавен и на официјалната веб-страница на Европската Унија, со цел да се обезбеди учество на искусни приватни оператори со депонии. - Нашата визија е да имаме чисти градови и населби. Да ги затвориме постојните ѓубришта и да изградиме санитарна регионална депонија што ќе ги им служи на десетте општини од овој регион - рече министерот за животна средина, Неџати Јакупи. Регионалната депонија треба да биде со капацитет од 1,2 милион кубни метри. Ќе се простира на површина од 12 хектари, а нејзината изградба ќе чини 22 милиона евра. Проектот е поддржан од италијанското министерство за животна средина, а планирано е во депонијата да се депонира цврст отпад за период од 25 години.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=F1CBF7F0E948BD4EB9EC75988CE2D71A
Back to Top
axel View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
  Quote axel Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 27-Apr-2010 at 11:41

Се бара трајно решение за отпадот во Полог

ТЕТОВО - Тетово и другите осум општини во Полошкиот регион интензивно работат на пронаоѓање трајно решение за справување со отпадот. Во оваа функција се остварените контакти со компании во земјата и во странство за натамошно облагородување на сметот со рециклажа и производство на електрична енергија.

Токму поради актуелноста на проблемот неодамна расправал и Советот на Полошкиот планински регион, при што се разгледувала студијата подготвена од експерти од оваа област. Советот, составен од градоначалниците на сите девет општини во Полошкиот регион, со мали забелешки, ја усвоил студијата и врз основа на тоа наскоро ќе биде распишан меѓународен тендер за давање на депонијата „Русино“ кај Гостивар под концесија, врз принцип на јавно-приватно партнерство.

Фатмир Изаири, претседател на Советот на Полошкиот плански регион и градоначалник на општина Желино, вели дека во сите општини постои интерес за долгорочно решение на прашањето со отпадот. Општините и јавните комунални претпријатија се заинтересирани за акционерско учество со компанијата што ќе ја преземе депонијата „Русино“.

„Завршуваме со подготовките за распишување меѓународен тендер. Тоа најверојатно ќе се случи во првите денови од мај и ќе трае 37 денови. Во тој период очекуваме да се јават заинтересирани фирми од земјата и од странство, пред се', оние со кои веќе е контактирано, а тие се од Италија и од Австрија“, вели Изаири. Според него, инвестицијата на компанијата што ќе го користи отпадот во полошкиот крај ќе изнесува од 30 до 35 милиони евра.

Тетово најсериозно го почувствува проблемот со комунален отпад, кој складиран на дивата депонија кај железничката станица, два месеца се пренесуваше во „Русино“. Граѓаните девет месеци беа изложени на сериозните опасности што може да ги предизвика отпадот. Поради тоа, Советот на Тетово донесе одлука со прецизирани права и обврски во сферата на справувањето со комуналниот отпад. (Г.Е.)

http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=76FA0D4DBEF1BE40B933AA90770CC17D
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 8>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.141 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.