![]() |
![]() |
![]() |
Инфраструктура (општо) |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 33> |
Author | |
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
ова е од фершпед, мислам, ама не сум сигурен
|
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Како се вика станицава или што и да е ова?
(помеѓу Транспортен Центар и Станица Маџари) На една мапа на скопскиот железнички јазол гледам во овој реон има ознака „Локо Маџари“. Што значи тоа? 1 ![]() 2 ![]() 3 ![]() Edited by Cloverstack - 14-Apr-2012 at 21:07 |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Делегацијата од канцеларијата на Светска банка во посета на ЈП МЖ Инфраструктура
На 09.03.2012 година Делегација од канцелеријата на Светска банка во Скопје беше во посета на ЈП МЖ инфраструктура . Представниците од Светска банка се интересираа за реализацијата на проектите каде што беа користени кредити од Светската банка, при што го посетија диспечерскиот центар за далечинска регулација на сообраќајот – Телекоманда кој се наоѓа во Трубарево. Тие можеа лично да се уверат во функционирање на системот и регулирањето на сообраќајот вдолж целиот Коридор 10 од Табановци до Гевгелија. Директорот на ЈП МЖ Инфраструктура Ирфан Асани ги запозна гостите со реализацијата на сите досегашни проекти за кои финансиски средства беа обезбедени преку кредити од Светската банка. Последниве години Светска банка финансираше во две области за железница и тоа: Реформи во железницата ( Railway reform) кој се состоеше од компонентите: Техничка помош за преструктуирање на железницата Социјална компонента Механизација за одржување на пруги и модернизација на инфраструктурата Олеснување на трговијата и транспортот во Југоисточна Европа ( ТТФС ) кој се состоеше од следниве компонентите за железница : Подобрување на граничните премини за железничкиот сообраќај Креирање на комуникациски систем на Коридорот 10 на железничкиот сообраќај При тоа беа реализирани следниве проекти: · Изработка на Студија за намалување на трошоците и вработените · Изработка на студија за трансформација на железницата · Изработка на студија за пристап кон инфраструктурата · Набавка на механизација како дрезини , двонаменски возила и сервисни возила за ефикасност во одржувањето на инфраструктурата · Набавка на шини и прагови · Набавка на оптички кабел за Коридорот 10, со опрема за поставување спојување и мерење · Набавка на мултиплексни уреди за интегрирана ТК мрежа · Набавка на систем за далечинско управување со сообраќајот – Телекоманда · Набавка на информатичка опрема · Информатички систем за управување со инфраструктурата Посебно беше истакнато дека сите проекти се навреме имплементирани и успешно завршени и ЈП МЖ Инфраструктура веќе ги користи бенефитите од нив. Со инсталирање на најсовремена опрема за Интегрираната комуникациска мрежа и системот за далечинско управување со сообраќајот, ЈП МЖ Инфраструктура може да се вброи во најмодерните железници на Балканот па и пошироко. На крајот Директорот Асани истакна дека трендот на модернизација мора да продолжи во делот на рехабилитација на системите во железничките станици кои се застарени заради што е потребна нивна замена, како и зголемување на ефикасноста и мобилноста на екипите за отклонување на дефектите со набавка на поголем број на дрезини, сервисни и двонаменски возила, за што очекува подршка и продолжување на успешната соработка со Светска банка. Izvor: MZI, http://www.mzi.mk/news-info.php?id=85&&cat=7 Edited by BOJAN - 20-Mar-2012 at 23:02 |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Тркало, целокупната носечка конструкција на мостот се наоѓа под горниот строј од пругата, т.е. шините и дрвените прагови, така што нема никаква опасност за самиот железнички сообраќај, дури ваквите мостови се пракса на сите помали реки, канали и сл. Не сум никаков експерт, но од фотографиите може да видам дека оваа пруга е во солидна состојба, а нема и никаков знак крај неа кој би укажувал на ограничување на брзината. Единствено овие стапки од човек ме загрижуваат, ако наиде неочекувано воз, на него би му немало спас или скокање во река или прегазување.
|
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Случајно налетав на сликиве и ме заинтересира каква е безбедноста на ваков мост, дали е доволно издржлива конструкцијата?
![]() 1. ![]() 2. ![]() 3. ![]() 4. ![]() Edited by Тркало - 13-Mar-2012 at 07:15 |
|
![]() |
|
mon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Dec-2009 Location: Europa Online Status: Offline Posts: 758 |
![]() ![]() |
se najde na Skopjani. ![]() |
|
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/ exYU: http://malezeljeznice.net |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Уште подобро доколку би се искористиле за градско-приградска железница: http://www.build.mk/?p=5814 http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1197 Со тоа би се искористил неискористениот потенцијал на транспортниот центар и на постоечката железничка мрежа. Се разбира ќе требаат сериозни вложувања, но бенефитите во однос на вложувањата извесно ќе бидат далеку поголеми. |
|
![]() |
|
zabegan ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Jul-2008 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 7859 |
![]() ![]() |
а за другото се согласувам, имам дадено ист пример, барем како привремено решение додека не се отворат музеи за таква намена |
|
Architects create dreams...politicians create nightmares
|
|
![]() |
|
mon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Dec-2009 Location: Europa Online Status: Offline Posts: 758 |
![]() ![]() |
Neznam samo sto i kako ce se realizira zamislata za sanacija na zeleznickata vo Skopje.
Ogromna gradba za malce vozovi... Mozebi idejava e neostvarliva ama slobodnite (neiskoristenite) koloseci bi mozele da se osposobat za postavuvanje na nekoi vozila od minatoto, kako svoeviden muzej na otvoreno ili slicno...
|
|
Železničko modelarstvo:
MK: http://outmacedonia.blogspot.se https://www.facebook.com/groups/1683232238510889/ exYU: http://malezeljeznice.net |
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4078 |
![]() ![]() |
- Remont na prugata na Koridor 10
- Sanacija na Stanicata vo Skopje - Rehabilitacija, nadradbi i sanacii na stanicite niz mkd Ako ova se realizira togas 2012 e uspesna godina za MZI. |
|
![]() |
|
stratus ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Aug-2010 Location: Bitola/Skopje Online Status: Offline Posts: 754 |
![]() ![]() |
И се да се оствари пак ништо, сите се само: визибилити студии, тендерски документации, ваков-таков проект... бла бла
Но да се надеваме дека се предвесник на нешто поголемо |
|
![]() |
|
gjoko ![]() Senior Member ![]() Joined: 18-Jun-2011 Location: kicevo Online Status: Offline Posts: 6554 |
![]() ![]() |
половина да се оствари ќе биде повеќе од супер
|
|
![]() |
|
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4078 |
![]() ![]() |
Проекти предвидени за реализација во 2012 г.![]()
ПРОЕКТИ ПРЕДВИДЕНИ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА ВО 2012 г.
А) КОРИДОР 10 и 10д
. Ремонт на пруга на Коридор 10..............................................17.600.000 Е За реализација на овој проект обезбедени се средства како кредит од ЕБРД.Планиран е ремонт на 53 километри од Коридорот 10 на делниците Табановци – Куманово , Ногаевци – Неготино и Миравци – Смоквица.Направен е и објавен тендер за ремонт на две делници и тоа : Табановци – Куманово во должина од 13,3 км. и Миравци – Смоквица во должина од 13,1 км . Во тек е еволуација на понудите и избор на најповолен понудувач. Почетокот на работите се предвидени за март 2012 година.Со реализација на овој проект би се елиминирале сегашните бавни возења на тие делници и би се овозможило покачување на брзината до проектираната односно 120 км/час. 2. Изработка на техничка документација за Коридор 10 и 10д.........1.700.000 Е Средствата за реализирање на овој проект се обезбедени преку ИПА оперативната програма ОПРД 2007/2009. Потребно е да се изработи Идеен проект , Физибилити студија , Студија за влијание на животната средина и Основен проект за делницата Куманово – Дељадровци во должина од 3,4 километри, Физибилити студија и Студија за влијание на животната средина за делницата Драчево – Велес во должина од 35 километри и Физибилити студија , Студија за влијание на животната средина и Основен проект за делницата Битола – Кременица во должина од 16 километри како дел од Коридорот 10д. Во тек е избор на компанија за изработка на техничката документација. 3. Санација на железничка станица Скопје.............................2.900.000 Е Средствата за реализирање на овој проект се обезбедени преку ИПА оперативната програма ОПРД 2007/2009 .За негова реализација има изготвено идеен проект. Избрана е консултантска фирма која до крајот на 2011 година има задача да изработи основен проект и тендерска документација со спецификација за објавување на тендер за изведувач на работите. Со реализација на овој проект ке се подобрат условите за користење на станицата од страна на инвалидизираните лица и лицата со посебни потреби со поставување на лифтови и подвижни скали приспособени за таквите лица. Исто така ке се постави нов информациски систем за патниците, систем за разглас и друго со што станицата би добила европски лик.
Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011 се во фаза на одобрување. Во подготовка е тендерска документација за ангажирање на консултант.Овој проект би се реализирал на 5-8 железнички станици по должина на Коридорот 10 и кракот 10д и би се состоело во архитектонско , техничко и информативно подобрување на станиците за поудобно и порационално користење на истите.
Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011 се во фаза на одобрување .Во подготовка е тендерската документација за ангажирање на консултант за изработка на техничката документација за избор на изведувач . Овој проект би се реализирал по должината на Коридор 10 од Табановци до Гевгелија.Придобивката од овој проект е во зголемување на безбедноста во железничкиот сообраќај.
Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011 се во фаза на одобрување .Во подготовка е тендерската документација за ангажирање на консултант за изработка на техничка документација за избор на изведувач . Овој проект би се реализирал по должината на Коридор 10 од Табановци до Гевгелија.Придобивката од овој проект е во автоматска регулација на брзината на возот , што во краен случај значи оптимизација на процесот на возењето и можност за примена на автоматско кочење при поминување на возот на црвен сигнал.
Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011 се во фаза на одобрување. Тендерската документација за ангажирање на консултант ќе се направи во текот на 2012 година , по изработка на Физибилити студијата , Студијата за животна средина и Основниот проект. Бенефит од овој проект би било железничко поврзување со Р. Грција и поголем и побрз економски развој на Пелагонискиот регион. Б) КОРИДОР 8
Средствата за реализирање на овој проект се обезбедени од Инвестициската рамка за Западен Балкан . Во тек е избор на консултант за изработка на основни проекти за рехабилитација на пругата Куманово – Бељаковци со должина од 30 км. и изработка на тендерска документација за избор на градежна фирма која ќе ја врши рехабилитацијата
Куманово – Бугарска граница ................................................500.000 Е За реализација на овој проект обезбедени се финансиски средства како донација од ЕБРД. Потребно е да се изработи Физибилити студија и Студија за оценка на влијанието врз животната средина и социо-економскиот живот за делот Куманово – Бугарска граница. Консултантската куќа Ептиса треба да го изработи финалениот нацрт на Физибилити студијата до 31.11.2011 година , додека Студијата за оценака на влијанието врз животната средина и социо-економскиот живот треба да се изработи до 15.12.2011 година , за да потоа се објави на веб страницата на Министерството за животна средина и просторно планирање каде по 120 дена се добие Извештајот за адекватноста на Студијата.
Средствата за реализирање на овој проект од Ревидираната ИПА оперативна програма за регионален развој за железничка инфраструктура – ОПРД 2010/2011 се во фаза на одобрување. Во подготовка е тендерска документација за ангажирање на консултант кој би изработил Основен и изведбен проект и тендерска документација.Првичната наша проценка беше дека финансиските средства се доволни , но по изработка на идејниот проект и физибилити студијата се дојде до констатација дека за реализација на овој проект средствата се недоволни за целосно завршување. Мислиме дека е потребно од следните средства на ИПА оперативната програма за регионален развој на железничката инфраструктура да се аплицира за додатни 5.000.000 Е за целосно и успешно завршување на овој проект.
на релацијата Ѓ.Петров – Гостивар...................................200.000 Е Финансиските средства за реализирање на овој проект се предвидува да бидат од сопствени извори. Се појави потребата да покрај 14 осигурани патни премини со сигнално-сигурносни уреди , се осигураат со такви уреди уште два за кои по мислење на Општините се многу фрекфентни и неопходно потребни за комуникација на месното население. Едниот патен премин е во близина на село Радуша , додека другиот е во близина на Тетово. Реализацијата на овој проект целосно ќе биде реализиран од вработените на ЈП МЖ Инфраструктура.Бенефит од овој проект е заштитата и безбедноста на населението при преоѓање со патничко возило преку пруга која е во ниво со патот, при што со светлосни сигнали и звучен аларм се сигнализира наидувањето на возот. http://www.mzi.mk/news-info.php?id=45&&cat=3 |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Добро, можеби Владимир им дал дозвола да ги користат фотографиите за нивната страница. Инаку сегментот информации им е релативно добро пополнет засега.
|
|
![]() |
|
Danielbtmk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Jan-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 693 |
![]() ![]() |
Мизерија е... Инаку 99% од сликите во галеријата им се превземени од форумов. Гледам и од Владимир има доста слики...
![]() |
|
![]() |
|
nylon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 23-Oct-2010 Online Status: Offline Posts: 168 |
![]() ![]() |
Кретени!!! Па ваков сајт за 500 денари ќе им направи некое дете што се разбира малку повеќе во компјутери. Американците пред пола век отидоа на месечината ние уште се занимаваме со работи како дали ќе има честитка на албански на интрото, правопис...
За ваква работа во нормална средина директорот би требало да си даде оставка. ![]() |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5422 |
![]() ![]() |
Македоснки железници
![]() |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() А и веб сајтот не е оригинален дизајн, туку позајмен е, помнам барем уште 3 други веб сајтови кои го имаат кристално истиот дизајн, исто така напишани во PHP програмерски јазик. Чиста 0 (НУЛА) од креативност. ![]() |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Новата интернет - страница на Македонски железници - Инфраструктура профункционира: http://www.mzi.mk/index.php.
И една вест: ИСО 9001/2008 во ЈП МЖИ Започна работатата за воведување на стандардизација по ИСО 9001/2008 во ЈП МЖ Инфраструктура . Таа работа и е доверена на фирмата СИВ Консалт од Скопје. За таа цел формирана е Комисија со која ќе раководи Помошник директор за комуникации г-дин Петар Спасовски. Се очекува добивањето на сертификатот и имплементацијата на стандардите да биде во првата половина од 2012 година. Оваа вест не е преземена од njuz.net, вистинита е ![]() |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Друже, благодарам за информацијата. Мислам дека и те како може да се санира мостот, требаат финансиски средства. Се надевам дека носивоста на мостот не е нарушена, што би било да речеме доколку треба да помине товарен воз од 20-тина вагони за Кичево. Знам дека тоа речиси никогаш не се случува, но теоретски дали може мостот да го издржи тој товар е вистинското прашање. Толку ниска брзина преку мостот укажува дека нешто сериозно не е во ред со него. |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 33> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |