build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура > Градска инфраструктура
  Active Topics Active Topics RSS Feed: Велосипедски патеки и пунктови
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Велосипедски патеки и пунктови

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <12345 49>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #41 Posted: 17-Nov-2021 at 20:03
Ок е дечко, знаеме дека си запрен во средниот век, кога не постоеле велосипедите.

Исто така, веројатно си слеп и немаш видено како изгледа една улица во Тетово, бидејќи нели е се во рамки на изготвените сообраќајни режими и во согласност со надлежното СВР.
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #42 Posted: 17-Nov-2021 at 17:56
Што е пресмешно? Нормално е, не дозволуваат покрај целиот активистички притсок да се прават глупости, и тоа цел притисок не доаѓа од ниедно локално здружение или актвисти него е медиумска скопска шема. Мнозински сакаат да возат коли и така си го обликуваат градот. Различни потреби имаме, различни решенија ќе спроведуваме, нема ништо чудно. Нека се направи сообраќаен режим во согласност со надлежното СВР, па нека се спроведува.
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #43 Posted: 17-Nov-2021 at 17:26
Ова е пресмешно
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19923
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #44 Posted: 17-Nov-2021 at 13:32
КАСАМИ ОТСТРАНИ ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ВО ТЕТОВО НА БАРАЊЕ НА СУДОТ



Градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами својата агенда за активности што ќе ги направи во првите 100 денови, ја започна со рушење на велосипедската патека која се наоѓа на двете страни од булеварот „Илинденска“. Тој вели дека само спроведува судска одлука бидејќи велосипедската патека, направена од претходната локална власт, била направена без согласност на СВР Тетово и како таква го загрозувала сообраќајот на овој булевар.

„Тука сме за да реализираме едно судско решение, со кое на барање од судот се покренува постапка за противзаконско поставување на оваа патека. Судот бара да се тргнат овие пречки и овој булевар да се врати во првобитната состојба. Судот веќе имал постапка против Општината и против поранешната градоначалничка и тие постапки ќе одат и понатаму. Значи постапуваме по барање на полицијата и одлука на судот бидејќи овој проект е направен спротивно на законот“, изјави градоначалникот Билал Касами.

Од тетовската полиција велат дека тие поднеле барање за покренување прекршочна постапка против правно и одговорно лице, бидејќи не било соодветно постапено по нивните предупредувања.

„Секторот за внатрешни работи Тетово, во два наврати годинава, испрати соодветни писмени предупредувања законски да се регулира обликувањето на новата велосипедска патека во Тетово.И откако адекватно не е постапено по двете предупредувања, СВР Тетово во април поднесе барање за покренување прекршочна постапка против правно и одговорно лице“, велат од полицијата.

Оваа велосипедска патека на булевар Илинденска беше изградена пред неколку месеци. Бидејќи на почетокот беше лошо проектирана, поминуваше преку бетонски и други препреки, Општината често пати беше предмет на потсмев на социјалните мрежи сè додека не беа отстранети пречките. Тогашната општинска власт никогаш не соопшти колку чинеше изградбата на оваа велосипедска патека долга околу 2 километри, но според некои неофицијални информации таа чинела околу 50.000 евра.

На барање на новинарите, Касами уште еднаш зборуваше за одлуката за раскинување на договорите за дело на над 350 времено вработени во Општина Тетово.

„Се работи за една од злоупотребите на претходната власт, а тоа се, во поголемиот дел, фиктивните договори за дело. Даден е налог да се прекинат сите договори за дело. Овие лица што биле вака ангажирани се информирани да достава извештај што имаат направено согласно договорот. Кога сé ова ќе се комплетира како информација и ако се констатираат злоупотреби тогаш ќе се информираат соодветните органи за да се постапува понатаму поради оштета на јавниот интерес. Јас им дадов налог на сите сектори да ме информираат за сите лица кои биле реално ангажирани и вршеле обврски во секторот. Потоа ќе направиме проценка за тоа кои лица ќе бидат неопходни за натамошно непречено функционирање на Општината“, рече Билали.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/kasami-otstrani-velosipedska-pateka-vo-tetovo-na-barane-na-sudot/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19923
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #45 Posted: 16-Nov-2021 at 09:02
BEST WAY FOR TRANSPORT IN SKOPJE [4K]

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19923
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #46 Posted: 06-Nov-2021 at 17:35
ЗАПОЧНА ИЗГРАДБАТА НА ПОЛИГОН ЗА ВЕЛОСИПЕДИ (PUMP TRACK) ВО ВЕЛЕС

Градоначалникот Марко Колев денес изврши увид на градежните активности за изградба на модерен полигон за велосипеди ( PumpTrack) во Велес. Полигонот за велосипеди ќе биде на површина од 660 м2, и е совршено место за учење на основните вештини за возење на велосипед. Се наоѓа во Градскиот парк кај поранешниот скејт парк.

Дополнително, Општина Велес размислува на дополнување на останатиот дел од овој простор за иновативни велосипедски активности со што овој простор ќе биде пријатно катче за спорт и разонода за сите генерации. Со завршувањето на сите градежни активности, патеката за велосипеди се очекува да биде во функција во средината на месец декември.

За изградба на адреналинската патека за велосипедисти, се обезбедени 4.000.000 денари од буџетот на Општина Велес.







https://veles.gov.mk/zapocna-izgradba-pump-trach/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #47 Posted: 12-Oct-2021 at 19:49
Според одредени членови на форумов, ова биле ситници и само сме претерувале ние што возиме и сме се правеле паметни.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19923
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #48 Posted: 12-Oct-2021 at 10:34
Велосипедистите бараат „ослободување“ на патеките од контејнери, канделабри и непрописно паркирани возила





Контејнери поставени на велосипедските патеки, канделабри кои го попречуваат движењето, непрописно паркирани автомобили, поставување на урбана опрема на патеките, високи рабници… Ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат велосипедистите додека возат низ Скопје.

– Вакви „детали“ ја прават целата разлика. Вакви детали влијаат на чувството на безбедност и задоволство на граѓаните при користење велосипед и влијаат на процентуалното учество на велосипедскиот сообраќај во вкупниот. Важно е да се зголемува велосипедската мрежа, но важно е да се прави тоа и по стандарди. Вакви „детали“ за жал има и на најдобрите патеки низ градот! Минување низ автобуски постојки, остатоци од канделабри, неспуштени рабници на пешачки острови, незаштитени пешачки острови…- велат од граѓанската иницијатива „На Точак“.

За коплетно да се промени моменталната состојба на терен, да се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот вклучително и на велосипедистите се со цел колку што е можно поголем број на граѓани велосипедот да го користат како превозно средство за да стигнат на работа или пак до училиште, од „На точак“ бараат конечно да се направат конкретни промени кои се повеќе од потребни

Поради вакви ситуации бараме строги политики за правила за урбана опрема (контејнери, тераси од кафеани. билборди), за јавно паркирање, физичка заштита на патеките и квалитетно уредување и озеленување, како и стандардизирање на планирањето и проектирањето на велосипедската инфраструктура (димензиите, решенијата на крстосници, густина на велосипедска мрежа итн.) и пропишување на градски процедури, прирачници и детали по примерот на европските градови – децидни се велосипедистите.

https://www.slobodenpecat.mk/velosipedistite-baraat-osloboduvanje-na-patekite-od-kontejneri-kandelabri-i-nepropisno-parkirani-vozila/
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #49 Posted: 02-Sep-2021 at 22:14

(11) Широчината за едносмерна велосипедска патека (за еден ред велосипеди) изнесува најмалку 1.20м, за двосмерна велосипедска патека (два реда велосипеди кои можат да се разминат) најмалку 2,00м, додека широчината на велосипедската лента на коловоз или одвоена патека изнесува најмалку 1,50м

Правилникот за урбанистичко планирање
Back to Top
user8642 View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 18-May-2020
Online Status: Offline
Posts: 2019
  Quote user8642 Quote  Post ReplyReply #50 Posted: 02-Sep-2021 at 21:10
Би требало да е со правилникот за сообраќјни знаци, во делот за хоризонтална сигнализација.
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #51 Posted: 02-Sep-2021 at 20:11

Знае ли некој како се регулирани стандардите за велосипедските патеки во државава? Некој правилник ли, или што?

Конкретно ме интересира колку е минимална ширина за двонасочна велосипедска патека.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19923
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #52 Posted: 23-Aug-2021 at 14:55
Во тек се завршните работи на надолната flow” велосипедска патека од Средно Водно до Скопје







https://www.facebook.com/CityofSkopje/

Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19923
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #53 Posted: 20-Aug-2021 at 14:06
Скопје цели кон велоград



Секој поголем град што има повеќе од половина милион жители треба и да одговара на нивните потреби. Следствено на тоа, треба да има широки и големи улици, градски превоз што ќе ги превезува жителите од местото на живеење, да има водоводна и канализациска мрежа со капацитет што ќе одговара на бројот на жители, но и да ги задоволува рекреативните потреби на неговите жители.
За таа цел градските власти со полна пареа работат на задоволување токму на овие потреби кај жителите на метрополата. Изминатите години интензивно се градеа и сѐ уште се градат булевари, се поврзуваат населени места, интензивно се реконструира и се инсталира нова водоводна мрежа, се градат паркови, се поставуваат игралишта и места за рекреација на жителите, за Скопје да биде град што ги задоволува потребите на сите.

ВЕЛОПАТЕКА ЗА БЕЗБЕДНО ВОЗЕЊЕ ВЕЛОСИПЕД

Екипите на градските власти интензивно работат на изградбата на новата двонасочна велосипедска патека на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба.
Станува збор за продолжение на постојната велосипедска патека во должина од 550 метри, на потегот од клучката „Естекада“ до бензинската на „Лукоил“, преку која велосипедски ќе се поврзат населбите Автокоманда, Ченто и Маџари.
Како што истакна градскиот татко, Петре Шилегов, во текот на оваа година се направени повеќе од 100 километри велосипедски патеки.
– Освен на оваа делница, се работи на велопатеката на булеварот Видое Смилевски-Бато, како и на велолентите на улиците Христо Татарчев и Рузвелтова и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, со што со право Скопје веќе може да се нарече велоград. Нашата идеја е на граѓаните на Скопје да им овозможиме инфраструктура преку која на алтернативен начин ќе се движат низ градот и ќе го користат велосипедот како побрзо и поздраво средство за движење од една до друга точка. Нашата работа е токму тоа. Ние во изминатите три години успеавме да развиваме до 20 километри велопатеки годишно – рече Шилегов.
Градот Скопје минатата година целосно го реконструира коловозот на булеварот Александар Македонски, во должина од 5.300 метри, кој е од исклучително значење, бидејќи се наоѓа на источниот влез на Скопје, а велосипедски патеки се предвидени и на новиот дел од улицата Васко Карангелевски, на булеварите АСНОМ и Никола Карев и на клучката кај Момин Поток.

ЗНАЧАЈНА ПАТЕКА ЗА ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ

Со изградбата на велосипедските патеки не се задоволуваат само потребите на велосипедистите и рекреативците, со тоа се поттикнуваат и оние што не ги практикуваат велосипедите како превозно средство да ги сменат своите навики и да се одлучат да го користат како брзо и еколошко превозно средство.
Досега жителите на овој потег од Скопје беа доста ограничени кога беше во прашање возењето велосипед, бидејќи немањето велопатека на овој потег го правеше користењето велосипед доста ризично за велосипедистите.
– Како жител на Маџари, многу голем проблем ми причинуваше тоа што немаше велосипедска патека за нас што редовно ги користиме велосипедите, бидејќи мораше на одредени делови да се симнуваме на улица и да возиме со автомобилите. Мислам дека на сите ни е јасно колкав ризик претставува тоа, особено доколку се земат предвид сообраќајните шпицеви, кога метежот е навистина голем – вели Зоран Илиевски.
И градоначалникот Шилегов ги повика жителите од овој дел на градот да користат велосипеди во своето секојдневно движење за да придонесат за поздрава животна средина.

Освен на оваа делница, се работи на велопатеката на булеварот Видое Смилевски-Бато, како и на велолентите на улиците Христо Татарчев и Рузвелтова и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов, со што со право Скопје веќе може да се нарече велоград. Нашата идеја е на граѓаните на Скопје да им овозможиме инфраструктура преку која на алтернативен начин ќе се движат низ градот и ќе го користат велосипедот како побрзо и поздраво средство за движење од една до друга точка. Нашата работа е токму тоа. Ние во изминатите три години успеавме да развиваме до 20 километри велопатеки годишно, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов

https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/skopje/скопје-цели-кон-велоград/
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19923
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #54 Posted: 17-Aug-2021 at 15:25
АВТОКОМАНДА И ЧЕНТО СЕ СПОЈУВААТ СО ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА

Изградбата на новата двонасочна велосипедска патека на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба е во тек. Станува збор за продолжение на постојната велосипедска патека во должина од 550 метри, на потегот од клучката „Естекада“ до бензинската на Лукоил, преку која велосипедски ќе се поврзат населбите Автокоманда, Ченто и Маџари.

Градот Скопје во текот на оваа година надмина 100 километри велосипедски патеки. Освен на оваа делница, каде што сме денеска, се работи на велопатеката на булеварот Видое Смилевски Бато, како и на велолентите на улиците Христо Татарчев и Рузвелтова и на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов со што со право Скопје веќе може да се нарече велоград. Нашата идеја е на граѓаните на Скопје да им овозможиме инфраструктура преку која на алтернативен начин ќе се движат низ градот и ќе го користат велосипедот како побрзо и поздраво средство за движење од една до друга точка. Нашата работа е токму тоа. Ние во изминатите три години успеавме да развиваме до 20 километри велопатеки годишно – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов, кој заедно со градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски изврши увид во градежните работи на оваа значајна велосипедска делница.🚴
Шилегов ги повика граѓаните во своето секојдневно движење да користат велосипеди или јавен превоз со што ќе придонесат за поздрава животна средина.🍃
✅За потсетување, Градот Скопје минатата година целосно го реконструираше коловозот на булеварот Александар Македонски во должина од 5.300 метри кој е од исклучително значење бидејќи се наоѓа на источниот влез на Скопје.
Значајно е да се нагласи и дека велосипедски патеки се предвидени и на новиот дел од улицата Васко Карангелевски, на булеварите АСНОМ и Никола Карев и на клучката кај Момин Поток.





https://www.facebook.com/CityofSkopje
Back to Top
ehrlich View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 31-May-2012
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 1365
  Quote ehrlich Quote  Post ReplyReply #55 Posted: 28-Jul-2021 at 16:33
Навистина се нема осет со крадењево.
Back to Top
<Fresno> View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 13-Jun-2010
Online Status: Offline
Posts: 1121
  Quote <Fresno> Quote  Post ReplyReply #56 Posted: 28-Jul-2021 at 11:10
100000 евра... overpriced.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19923
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #57 Posted: 28-Jul-2021 at 10:07
ВОДНО ЌЕ ДОБИЕ И НАДОЛНА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА ЗА ЦЕЛОСНО ОДВОЈУВАЊЕ НА ПЕШАЦИТЕ ОД ВЕЛОСИПЕДИСТИТЕ

На Водно кон почетокот на наредниот месец ќе почне изведбата на втората планинска велосипедска патека во рамките на проектот „Велосипедски парк Водно“. Откако лани во октомври беше пуштена во употреба нагорната патека, сега ќе се изведе и надолна, со што велосипедистите ќе можат да се качат до Средно Водно и да се симнат без да имаат контакт со пешаците.

„Со ова, се комплетира трасата Скопје – Средно Водно – Скопје и велосипедистите ќе можат да се искачат на Водно и спуштат безбедно низ шума без никаков контакт со друг тип на сообраќај. Новата планинска велосипедска патека ќе биде околу 3,6 километри долга и истата е предвидено да ја прати природната конфигурација на теренот, без да ја нарушува природната средина. Со просечна стрмнина од 6%, патеката е спаѓа во таканаречената семејна категорија или безбедна за употреба од страна на сите генерации. Исто како и на првата Пионерска патека којашто е наменета за нагорно движење, ќе биде поставена соодветна сигнализација со цел да се означи нејзината намена и насока на движење“, вели Марко Тодоров раководител на Секторот за локален економски развој на Град Скопје.

Изведбата на првата патека како што велат од Град Скопје придонесе да се зголеми безбедноста бидејќи велосипедистите се движеа низ исти рути со пешаците, па често се случуваа несреќи.

„Во иднина, предвидуваме изведба на уште неколку патеки од сличен тип во делот помеѓу Средно Водно и врвот Крстовар. Тука, се надеваме на големо задоволство кај ентузијастите кои посериозно се занимаваат со овој спорт, е предвидена и сертифицирана надолна велосипедска патека од поекстремен карактер и можност за ставање на Водно и Скопје на мапата на професионалниот планински велосипедизам, преку одржување на интернационални натпревари“, додава Тодоров.

Патеката ќе ја изведува фирмата „Алианс АСЕ“ од Љубљана, Словенија, експерти за планински велосипедизам со 10 годишно искуство кои работеле на вакви патеки во преку 50 дестинации низ светот. Ќе чини околу 100.000 евра.

https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/vodno-ke-dobie-i-nadolna-velosipedska-pateka-za-tselosno-odvojuvane-na-peshatsite-od-velosipedistite/
Back to Top
Denko View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 14-Aug-2010
Online Status: Offline
Posts: 2271
  Quote Denko Quote  Post ReplyReply #58 Posted: 17-Jul-2021 at 11:29

Tamu kade sto nema velosipedska pateka se vozi pokrajnata desna strana na kolovozot.
Back to Top
stef4o View Drop Down
Moderator Group
Moderator Group
Avatar

Joined: 20-Oct-2015
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 19923
  Quote stef4o Quote  Post ReplyReply #59 Posted: 17-Jul-2021 at 10:48
РЕПОРТАЖА: Не секоја скопска населба нуди нормални услови за возење велосипед [фото]





Скопје за првпат во својата историја годинава ја надмина должината од 100 километри велосипедски патеки на својата територија, а градските власти се гордеат со податокот дека секоја година успеваат да изградат над 10 километри нови велосипедски патеки во главниот град. Градот Скопје пред две години за првпат го доби и Планот за унапредување на велосипедскиот сообраќај 2019-2021 година, којшто дава патоказ кон унапредувањето на овој вид превоз во македонскиот главен град за изминатиов период.

И покрај напорот што е вложен од градските власти во годините зад нас, се чини дека не секоја населба во Скопје има подеднакни услови за нормално возење велосипед, што подразбира постоење на велосипедска патека од главните вело коридори до самото населено место. Даме Груев, Волково, Сарај, Драчево, Радишани, Железара, Шуто Оризари се дел од скопските населби каде што постоењето велосипедска патека е “мислена именка”.

Ги свртевме со велосипед овие населени места и се уверивме дека во одредени делови од Скопје не само што не постојат услови за возење велосипед, туку тоа може да биде и опасно по безбедноста и животот на граѓаните.

Велосипедската прошетка ја започнавме од кружниот тек во населбата Ѓорче Петров, каде што и завршува патеката за движење на велопедистите. Од тука натаму, кон населбите Даме Груев, Ново Село, Кисела Јабука и Волково велосипедистите имаат секојдневни маки со своето движење. Во овој дел од Скопје живеат околу 40.000 жители.

Тие мора да одберат – да го споделат тесниот простор на патеките со пешаците или да возат по коловозот на улиците. Првата опасна точка за велосипедистите е надвозникот пред населбата Даме Груев. Просторот наменет за движење на велосипеди и пешаци е исклучително тесен, а додека бевме на терен, забележавме десетици велосипедисти како возат по коловозот наменет за возилата.

Со еден од жителите од населбата Даме Груев поразговаравме. Тој ни посочи дека движењето по надвозникот е опасно, бидејќи самиот простор за движење на велосипедисти и пешаци е тесен, а подлогата не е реконструирана и можеш да си ги оштетиш гумите од велосипедистот. Затоа, вели нашиот соговорник, велосипедистите овде се движат по асфалтираниот коловоз за возилата.

„Би направил некоја друга патека, да биде означена, ама џабе, и да биде означена, пак ги паркираат колите. Колите ги паркираат кај што треба да поминува велосипедот“, се жали нашиот соговорник од населбата Даме Груев.

И навистина, кога продолживме кон самата населба, забележавме паркирани автомобили на пешачката патека од двете страни на улицата Лука Геров. Движејќи се кон Волково по главната сообраќајница, на одредени делови ја снемува и самата велосипедска патека, правејќи го исклучително опасно движењето со ова превозно средство на две тркала.

Во разговор со жителите од овој дел од Скопје, тие ни споменаа дека во нивните населби нема ниту еден километар изградена велосипедска патека.

„Не само во мојата населба, општо, да се вози велосипед не е баш безбедно. Не само заради тоа што нема доволно место каде да се вози, туку и затоа што мислам дека велосипедот не е доволно почитуван во сообраќајот“, ни посочи млад жител од населбата Даме Груев.

Веднаш по него, се сретнавме и со постар жител во осмата деценија од неговиот живот, кој до денешен ден не се откажува од превозното средство на две тркала. Тој додава дека населбата Даме Груев и околните населени места не се плански градени за денешниот број на жители. Улиците се тесни, а за да се изведат велосипедски патеки треба да се руши зеленило, огради, па дури и куќи.

Откако се уверивме во лошата состојба во овој дел од општина Ѓорче Петров, прошетката со велосипед ја продолживме кон Сарај. Услови за возење велосипед има до мостот пред населбата Сарај, каде што и завршува велосипедската патека. Од тука па натаму, кон Сарај, Љубин, Матка или друго населено место од оваа скопска општина може да се движите единствено по тесна пешачка патека, и тоа онаму каде што ја има.

Пред влезот во Сарај, се сретнавме со две велосипедистки кои јулскиот попладневен ден го беа искористиле за да се провозат до Матка. Да се вози до ова познато рекреативно место во Скопје е ризично, а речиси половина пат од Сарај до Матка нема воопшто никаква пешачка патека.

„Доста е ризично, бидејќи возиме по улица најголем дел. Има многу сообраќај, многу коли, доста е ризично“, вели една од соговорничките.

Таа ни кажа дека доста е ризично за велосипедистот да биде учесник во сообраќајот, и самата таа неколку пати имала инцидент со својот точак, бидејќи е приморана да вози по улица.

„Има многу сообраќај, многу коли“, вели таа.

Недостатокот на основна инфраструктура за возење велосипед може многу лесно да се забележи и во други населби низ Скопје. Па така, исклучително опасно за возење велосипед е потегот од крајот на проширувањето на булеварот Борис Трајковски во Пинтија кон населбата Драчево. На овој потег, во моментов не постои ниту пешачка, ниту велосипедска патека, па граѓаните се приморани да бираат движење по улица или во прашина и кал да ја минуваат крај патот оваа траса.

На влезот пред мостот во населбата Драчево со години наназад како предупредување за велосипедистите стои закачен велосипедот – споменик со натпис „Системската негрижа за велосипедистите уби човек“. Градот Скопје кон крајот на јуни годинава го почна проширувањето и реконструкцијата на оваа улица во должина од над 2,3 километри, со што Драчево конечно ќе може да се поврзе преку велосипедска патека со останатиот дел од Скопје. Целосната изведба на оваа улица во булеварско решение ќе трае неполни две години, а до тогаш на граѓаните кои со велосипед патуваат кон Драчево им преостанува единствено со огромно внимание да се движат по коловозот.

Во Скопје не постојат велосипедски патеки ниту во населбите Шуто Оризари, Радишани и Железара, каде што живеат десетици илјади граѓани. Па така, на пример, доколку сакате со велосипед да посетите пријател или да завршите некаква работа во Железара, по патека со велосипед ќе може да возите единствено до булеварот Александар Македонски. Од тука па натаму, по улиците 16-та Македонска бригада и Коце Металец нема патека за движење велосипедисти, за што постојат и сообраќајни знаци за крај на велосипедска патека. Како и во многу населби во Скопје, и тука на велосипедистите им е оставен избор – да се движат по пешачка патека или да го споделат коловозот со возилата.

По долготрајната прошетка со велосипед низ главниот град, нашиот впечаток е дека постои нееднаков третман во развојот на велосипедската инфраструктура односно не секоја скопска населба им нуди нормални услови за движење на велосипедите. Во изминативе години се вложија средства во развој на неопходната инфраструктура во централните скопски општини Центар, Карпош и Аеродром. Сепак, за Скопје да постане вистински вело град, неопходно е во секоја од населбите во главниот град да има одвоени патеки за движење на точаци.

https://meta.mk/reportazha-ne-sekoja-skopska-naselba-nudi-normalni-uslovi-za-vozenje-velosiped-foto/
Back to Top
bakigvg View Drop Down
Newbiе
Newbiе


Joined: 03-Nov-2015
Online Status: Offline
Posts: 18
  Quote bakigvg Quote  Post ReplyReply #60 Posted: 16-Jul-2021 at 09:23
Лудило
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <12345 49>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.199 seconds.

Copyright ©2007 - 2024  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.