![]() |
![]() |
![]() |
Топлификација |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
И КОГА ЌЕ ГО ПЛАТИМЕ ДОЛГОТ „ТОПЛАНА СЕВЕР“ ПАК ЌЕ НЕМА ПАРИ ЗА ПАРНО ГРЕЕЊЕ ВО ЧАИР И БУТЕЛ, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ГАНИУ
Долгот на Општина Чаир кон „Топлана Север“ не е причина зошто веќе неколку дена не се испорачува топлинска енергија и жителите на Чаир и Бутел во Скопје останаа без парно греење, вели градоначалникот Висар Ганиу. Тој вели дека Општината има долг од 9 милиони денари кој било договорено да се плаќа на рати, односно по 700.000 денари секоја недела. Но и покрај тоа, компанијата не испорачува топлинска енергија ниту на градинките и училиштатата. „Три училишта и една градинка се приклучени на парно греење. Градинката ‘Снежана‘ нема греење, а сите сметки се подмирени. Тоа е спротивно на Законот за енергетика. Ние вчера плативме 2 милиони денари и правиме напори да го подмириме целиот долг. Но, и тогаш Топланата ќе има пари да купи гас само за неколку дена. Ни почнува учебната година наскоро и навистина не знам како ќе се реши овој проблем“, рече градоначалникот Ганиу на денешната прес-коференција на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС). Проблем со парното греење имаат и корисниците на „Балкан енерџи груп“ (БЕГ), кои по Нова година се жалат дека радијаторите им се млаки односно не се испорачува топлинска енергија во текот на целиот ден. Градоначалничката Данела Арсовска вели дека Град Скопје не може ништо да направи, бидејќи БЕГ има добиено лиценца од Владата и е во тешка финансиска состојба со оглед на наследените долгови и енергетската криза. „Би сакала да ја прокоментирам и изјавата на новиот мандатар дека Владата нема да дозволи Скопје да остане без парно. Би ја поздравила оваа изјава на мандатарот и сакам да го посетам дека обврската за ова е на Владата, дека БЕГ има добиено концесија од Владата, а не од Градот и секако тоа е обврска и одговорност на Владата. Воедно се доцни веќе пет месеци за преземање мерки за ублажување на ефектите од кризата. Несериозно е префрлање на одговорноста на институции што немаат ниту средства, ниту одговорност за хаосот настанат во енергетиката. Оваа Влада има, исто така, обврска кон општините и граѓаните, особено бидејќи тие се оставени без средства и задолжени се до максимум“, рече Арсовска. ЗЕЛС денеска побара помош од Владата поради зголемените сметки за струја како резултат на енергетската криза. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/i-koga-ke-go-platime-dolgot-toplana-sever-pak-ke-nema-pari-za-parno-greene-vo-chair-i-butel-veli-gradonachalnikot-ganiu/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ганиу: Плативме дел од долгот, греење ќе имаме за два дена
Општина Чаир вчера платила два милиона од вкупниот долг кој изнесува девет милиони евра, по што добиле одговор дека ќе имаат парно греење за само два дена. Градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу и потпретседател на Заедницата на единиците на локална самоуправа на денешната прес-конференција информираше дека Општина Чаир имала долг од девет милиони евра, при што усно се договориле со институциите кон кои должат, неделно да исплаќаат по 700.000 денари. – Правиме напори да ги добиеме средствата од фирмите што имаат долг, со цел да го исплатиме целиот долг. Минатата година плативме околу 500.000 денари за електрична енергија, а сега сметката е 1,4 милион денари, и покрај тоа што воведовме рестрикции и намалено трошење на осветлувањето, рече Ганиу. Тој додаде дека проблемот настанува и поради тоа што над 70 проценти од домаќинствата од Бутел и Чаир во последните неколку години не ги користат услугите на Топлификација, но смета дека мора да се направат измени со кои училиштата нема да треба да плаќаат индустриска струја, бидејќи како што вели самиот, тие не произведуваат ништо, а од друга страна поради високите сметки за струја, се во опасност да останат со ладни радијатори. https://www.slobodenpecat.mk/ganiu-plativme-del-od-dolgot-greenje-kje-imame-za-dva-dena/ |
|
![]() |
|
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
Што е со овие БЕГ проблемот? Не се кредитоспособни па да купат поголеми количини? Што е тешко па државата да гарантира за нив кога и така имаат стабилни очекувани приходи.
Аха, нема проблем значи, нема што операторите да бараат поефтини енергенси кога немаат мотив, разликата на крај ќе се покрие од држава и граѓани. ![]() |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
КУПИ ДЕН, ПОМИНИ Радијаторите ќе останат млаки, гас се купува само за неколку дена
Не стивнуваат реакциите на граѓаните дека имаат проблем со снабдувањето со топлина, млаки радијатори, а топлина добиваат 1 час подоцна од предвиденото со правилникот на Регулаторната комисија за енергетика. Компаниите снабдувачи тврдат дека испорачуваат топлинска енергија според правилата, а детектираните дефекти ги отстрануваат навреме. Моментално обезбедуваат природен гас за дневните потреби и очекуваат субвенции од владата. Регулаторната комисија, пак, ги повика граѓаните да го искористат правото на жалба до компаниите. Експерти и добри познавачи на проблематиката велат дека поради необезбедените количини на гас за цела сезона и монополската положба во дејноста, радијаторите сѐ почесто ќе остануваат млаки, а граѓаните незадоволни иако ќе плаќаат повисоки сметки. И опозицијата ја повика владата да не калкулира и да ги обезбеди потребните количини гас за нормално греење во Скопје, а ако не е способна тоа да го направи, да распише брзи избори. – Од Нова година радијаторите се млаки. Мораме да вклучуваме греалки на струја. Сега покрај високата сметка за БЕГ ќе плаќаме уште повеќе за струја. Вака е сега кога е потопло, а како ќе биде, ако температурата оди многу степени под нулата? – прашува скопјанка од Карпош. Граѓанин од Чаир, пак, вели дека во екот на грејна сезона ќе мора да купува инвертер, зашто парното не работи. – Изѕемнавме, а имаме и мали деца. Парно плаќаме цела година, а кога ни е потребно го нема. Велат не плаќале за парното на Скопје север и затоа немале пари да купат гас. Па и општината не плаќала. Што да правиме сега ние кои редовно плаќаме, а немаме топлина? Што прават тие во Скопје север, дали работат нешто? Ние треба да им ја подобриме наплатата или тие имаат законски механизми и не ги користат. Па после се чудат зошто се откажува парното и се купуваат инвертери во овој дел од Скопје – вели тој. Маријан Ненов од невладината „Но пасаран“ вели дека скопјани најверојатно нема да имаат топли радијатори во целата грејна сезона, но нивните сметки ќе бидат повисоки за 14 отсто. – Компаниите снабдувачи со топлинска енергија ја почнаа грејната сезона без да обезбедат доволно количини гас, а месечните набавки тешко дека ќе можат да ги реализираат со оглед на случувањата со овој енергенс во Европа. Во меѓувреме, сѐ почести ќе ги оставаат млаки радијаторите за да добиваат време, а граѓаните ќе бидат незадоволни. Сѐ додека во снабдувањето со топлина имаме монопол кој управува и со цената на испорачаната топлина и со џебовите на граѓаните во Скопје ќе имаме секоја сезона ваква состојба – вели тој. Решението на проблемот, според него, е во враќањето на парното кај граѓаните, односно во Град Скопје. – Решение има, а тоа е да се предаде парното на Град Скопје како што планираше претходниот градоначалник, но притоа ќе треба да им се застане на пат на одредени олигарси кои го кочат процесот и се борат за сопствените профити. Веќе е формирано јавно претпријатие ГЕС кое треба да се стави во функција, а државата да му ја предаде на управување мрежата на Градот и да го реши проблемот со нејзина легализација. Моменталниот проблем немаше да го има ако снабдувачите навреме обезбедија природен гас и потребните резерви на мазут кои им се пропишани со правилата за снабдување со топлинска енергија – вели Ненов. Според него, граѓаните во случаите кога се незадоволни од греењето имаат опција да се жалат кај компаниите првостепено, потоа кај Регулаторната комисија за енергетика и да тужат. – Секако оние кои ќе се одлучат да тужат ќе треба да бидат поупорни и да го искористат патот по кој одеа исклучените од парно и одлуката од Судот за човекови права во Стразбур. Инаку, тешко дека Регулаторна ќе одлучи во нивна корист бидејќи веќе се познати врските на регулаторите со сопствениците на компаниите кои испорачуваат топлинска енергија – вели Ненов. Од Регулаторната комисија за енергетика велат дека за редовно снабдување со парно треба да се активираат и државата и општините. Државата да ги помогне компаниите да купат гас, а општините да ги помогнат граѓаните и сето тоа за да се надмине разликата во цената. – БЕГ давал по 2 милиони евра во јануари за набавка на гас, а годинава ќе треба да даде 13,8 милиони евра. Разликата во цената ќе ја надополнат Владата и општините на Град Скопје – изјави првиот регулатор Марко Бислимовски на прес-конференцијата на која ја кажа новата цена на парното во Скопје. Од компаниите снабдувачи со топлинска енергија велат дека имаат проблеми со снабдувањето со гас за цела сезона бидејќи цената на гасот на светските берзи е висока. Од БЕГ која има најголем број корисници на топлинска енергија велат дека момент – Во услови на енергетска криза и раст на цената на енергенсите, пазарната цена по која компанијата го купува природниот гас е повеќе од 4 пати повисока од цената која е предвидена во тарифата. Групација БЕГ во моментов ги користи сите свои тековни средства за набавка на ограничени количини природен гас за неколкудневна испорака. Оттука произлезе неопходноста да се оптимизира режимот на испорака на топлинска енергија без притоа да се нарушат пропишаните критериуми, сѐ со цел да се овозможи неопходното време надлежните институции да спроведат мерки за надминување на оваа енергетска криза, преку обезбедување финансиски средства за набавка на природен гас и субвенционирање на домаќинствата приклучени на системот за централно греење – велат од БЕГ. Од Скопје север не ја споделуваат информацијата за обезбедените количини гас за сезоната, а од ЕСМ Енергетика информираа дека навреме се обезбедени потребните количини гас за сезоната. И опозицијата денеска ја повика владата да не тактизира и да обезбеди потребни количини гас за нормално греење во Скопје и ако не е способна да распише брзи избори. За проблемите со ладните радијатори, од Регулаторната комисија за енергетика ги поучуваат граѓаните да се жалат во компаниите, а потоа и кај неа. Досега до РКЕ се пристигнати 50 индивидуални приговори во однос на квалитетот на испораката на топлинска енергија од страна на потрошувачи на БЕГ. – Според правилникот за снабдување со топлинска енергија прва инстанца каде што потрошувачите треба да поднесат приговор доколку не се задоволни од услугата се снабдувачите од каде што екипи мора да излезат на терен и да спроведат мерење, по што се должни да изготват писмен извештај за фактичката состојба и да го достават до потрошувачот, согласно роковите од Правилникот. Доколку потрошувачот не е задоволен од одговорот, во втора инстанца тој може да поднесе приговор до РКЕ. РКЕ има оформено комисија која работи на решавање на приговори на потрошувачите. Поради енергетската криза РКЕ веднаш ги става во процедура поплаките кои се доставени до Комисијата и во прва фаза со ургенција бара од БЕГ да излезе на терен и да изврши мерење на фактичката состојба по што бара извештај како постапиле во однос на пријавениот проблем – рекламација од потрошувачот – велат од Регулаторната комисија за енергетика. Оттаму информираат дека во порамнетите сметки снабдувачот е должен да ја фактурира само потрошената енергија, по пропишаниот квалитет на услуга од правилата за снабдување со топлинска енергија. – Снабдувачот има обврска во текот на грејната сезона да обезбеди минимална температура од 2о степени Целизиусови. Снабдувачите мора да наплаќаат само за она што испорачале што значи дека порамнетите сметки треба да се помали – велат од РКЕ. Од БЕГ, пак, велат дека системот за централно греење со кој управува БЕГ е целосно во функција и испораката на топлинска енергија до потрошувачите е согласно правилата за снабдување. – Во периодот од 6 до 9 јануари 2022 во диспечерскиот центар на БЕГ Снабдување регистрирани се рекламации на потрошувачи од 204 објекти, од вкупно 2700 објекти кои се приклучени на системот за централно греење со кој управува БЕГ. Во 39 објекти се констатирани технички неисправности во топлинските станици на објектите и тие се веднаш отстранети. Во останатите објекти од кои е рекламирано, извршено е мерење на внатрешната температура и констатирано е дека сите објекти имаат внатрешна температура еднаква или повисока од 20оC, односно испораката на топлина е во согласност со правилата за снабдување. Само во еден објект измерена е внатрешна температура од 19,5оC и во него е покачено нивото на испорака со цел да се постигнат пропишаните 20оC – појаснуваат од БЕГ. Оттаму додаваат дека ваквиот режим на испорака на топлинска енергија е оптимизиран, односно во споредба со претходниот период намалени се внатрешните температури на објектите кои претходно на барање на потрошувачите имаа повисоки температури од пропишаните. Според членот 47 од правилата за снабдување со топлинска енергија донесени од Регулативната комисија за енергетика и водни услови, во текот на грејната сезона снабдувачот има обврска да обезбеди минимална температура од 20+1º C во грејните простории во времето од 6.00 до 22.00 часот во текот на денот при потполно отворени радијаторски вентили. Притоа, снабдувачот го гарантира договорениот квалитет за испорака на топлинска енергија единствено во објекти во кои внатрешната грејна инсталација е технички и функционална исправна и во кои не е нарушен енергетскиот биланс. Во правилата се регулирани и условите кога може на дневно ниво да се прекине парното, а тоа да не е поради дефект или „виша сила“. „Снабдувачот во текот на грејната сезона при високи надворешни температури на воздухот, може да ја прекине испораката на топлинска енергија во времето од 6.00 до 22.00 часот, но притоа е должен да обезбеди температура од 20+1ºС во внатрешните простории на потрошувачот“, стои во истиот член. Во Правилникот се уредува и прашањето на греење при екстремно ниски температури. „При ниски надворешни температури на воздухот снабдувачот може да го продолжи периодот на греење со цел заштита на енергетските објекти на системот за далечинско греење и постигнување на пропишаната температура во внатрешните простории, а притоа рационално да се однесува кон потрошувачката на енергијата“, се вели во правилата за снабдување со топлинска енергија. https://plusinfo.mk/kupi-den-pomini-radi-atorite-e-ostanat-mlaki-gas-se-kupuva-samo-za-nekolku-dena/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОБВРСКАТА ЗА ГРЕЕЊЕ СЀ УШТЕ Е НА БЕГ „Адора инженеринг“ не е вклучена во производството и испораката на топлина
Адора инженеринг ДООЕЛ Скопје“ на никаков начин не е вклучена во оперирањето со производството и испораката на топлинска енергија во Скопје и нема никакво влијание и контрола врз нејзиниот квалитет. „По реакциите на граѓаните за квалитетот при испораката на топлинска енергија во Скопје, сакаме да ја информираме јавноста дека ‘Адора инженеринг’ нема никакви ингеренции и улога во производството и испораката на топлинска енергија, а со тоа и во настанатата ситуација. Впрочем, иако ‘Адора инженеринг’ на јавна лицитација ги купи топланите Исток и Запад, во моментов лиценциран производител на топлинска енергија во главниот град е Производство на топлина – Балкан Енерџи ДООЕЛ Скопје (БЕГ)“, соопшти „Адора инженеринг“. Оттаму додаваат дека Групацијата „БЕГ АД Скопје“ ги оперира и е одговорна за квалитетно производство и испорака на топлинска енергија во Скопје. Лиценцирани компании кои го снабдуваат градот со топлинска енергија се компаниите од групацијата „БЕГ АД Скопје“, која е единствен правен субјект кој го менаџира производството, дистрибуцијата и снабдувањето со топлинска енергија во главниот град. „Сакаме да потенцираме дека во овој момент, ‘Адора инженеринг’ и БЕГ немаат воспоставено никаков партнерски однос. ‘Адора инженеринг’ во септември 2021 година ги купи од ‘Топлификација АД во стечај’“, топланите Исток и Запад и основните средства за производство на топлинска енергија. До денешен ден, овие основни средства не се предадени на ‘Адора инженеринг’ и со нив управува ‘Производство на топлина Балкан Енерџи ДООЕЛ’, фирма ќерка на групација БЕГ АД Скопје“, соопшти „Адора инженеринг“. Од компанијата додаваат дека до овој момент БЕГ нема партнерски однос за топланите со „Адора инженеринг“, иако законот е дециден дека купувањето на имот во стечај наметнува нови партнерски договори со новиот сопственик, „Адора инженеринг“. Производството на топлинска енергија е регулирана дејност за јавно добро на граѓаните, каде што еден од основните услови за добивање лиценца за производство на топлинска енергија е да си сопственик на топланите и основните средства за производство на топлинска енергија или да имаш договор за нивен закуп. „Адора инженеринг“ од институциите на државата очекува правна заштита во насока на разрешување на моменталните и идни партнерски односи со корисникот на топланите и компетентните институции на државата, под чија надлежност е оваа регулирана дејност, при тоа почитувајќи ги сите законски прописи со што ќе се овозможи заштита на вложениот домашен капитал, зачувување на јавниот интерес и подобрување на условите кон корисниците. „Адора инженеринг“ се надева дека настанатата ситуација ќе има благовремена разрешница, а сè во интерес на јавното добро и на граѓаните. https://plusinfo.mk/obvrskata-za-gree-e-s-ushte-e-na-beg-adora-inzhenering-ne-e-vkluchena-vo-proizvodstvoto-i-isporakata-na-toplina/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СЕ ОГЛАСИ БЕГ: Мора да штедиме на парното, гасот е четири пати поскап, ги користиме сите средства за набавка на ограничени количини
Откако скопјани речиси сите овие денови се жалат на недостиг од топлинска енергија или млаки радијатори несоодветни за овој период од годината, се огласија од БЕГ. „Во врска со зачестените информации во медиумите во однос на квалитетот на централното греење, сакаме да истакнеме дека системот за централно греење со кој управува БЕГ е целосно во функција и испораката на топлинска енергија до потрошувачите е согласно Правилата за снабдување на топлинска енергија. Внатрешната температура кај потрошувачите се одржува на ниво од 20+1 оC и не се дозволува истата да падне под 20оC“, велат од компанијата во своето соопштение до јавноста. Нагласуваат дека во периодот од 6-ти до 9-ти јануари 2022 во диспечерскиот центар на БЕГ Снабдување регистрирани се рекламации на потрошувачи од 204 објекти, од вкупно 2.700 објекти кои се приклучени на системот за централно греење со кој управува БЕГ. Во 39 објекти се констатирани технички неисправности во топлинските станици на објектите и истите се веднаш отстранети. Во останатите објекти од кои е рекламирано, извршено е мерење на внатрешната температура и констатирано е дека сите објекти имаат внатрешна температура еднаква или повисока од 20оC, односно испораката на топлина е во согласност со Правилата за снабдување. Само во еден објект измерена е внатрешна температура од 19,5 оC и во истиот е покачено нивото на испорака со цел да се постигнат пропишаните 20 оC. „Ваквиот режим на испорака на топлинска енергија е оптимизиран, односно во споредба со претходниот период редуцирани се внатрешните температури на објектите кои претходно на барање на потрошувачите имаа повисоки температури од пропишаните. Во услови на енергетска криза и раст на цената на енергенсите, пазарната цена по која компанијата го купува приодниот гас е повеќе од 4 пати повисока од цената која е предвидена во тарифата. Групација БЕГ во моментов ги користи сите свои тековни средства за набавка на ограничени количини природен гас за неколку дневна испорака. Оттука произлезе неопходноста да се оптимизира режимот на испорака на топлинска енергија без притоа да се нарушат пропишаните критериуми, се со цел да се овозможи неопходното време надлежните институции да спроведат мерки за надминување на оваа енергетска криза, преку обезбедување на финансиски средства за набавка на природен гас и субвенционирање на домаќинствата приклучени на системот за централно греење. Дополнително во услови на енергетска криза апелираме сите да ја штедиме енергијата и да не се троши повеќе од пропишаното согласно европските стандарди и домашната регулатива“, се вели во соопштението од БЕГ. Претходно од Регулаторената комисија за енергетија објавија дека граѓаните имаат право да се жалат, а тие постапуваат по нивните жалби, како и дека ако граѓаните добиваат помалку енергија од пропишаното, сметките за парно треба да им бидат пониски. https://faktor.mk/se-oglasi-beg-mora-da-shtedime-na-parnoto-gasot-e-chetiri-pati-poskap-gi-koristime-site-sredstva-za-nabavka-na-ogranicheni-kolichini |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
РЕГУЛАТОРНА КОМИСИЈА ГИ ПОВИКА СКОПЈАНИ ДА СЕ ЖАЛАТ ПРОТИВ КОМПАНИИТЕ ЗА ПАРНО АКО НЕМААТ ГРЕЕЊЕ
Потрошувачите кои не добиле соодветна услуга од снабдувачот со топлинска енергија, можe да поднесат приговор до Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Во исто време, снабдувачот е должен да ја прилгоди температурата ако има поплаки од управител, односно од заедница на сопственици, и барање за повисока температура од минимум пропишаната . „Снабдувачот има обврска во текот на грејната сезона да обезбеди минимална температура од 20+1º C во грејните простории во времето од 06:00 до 22:00 часот во текот на денот. Дополнително, согласно член 10 од Правилата за снабдување со топлинска енергија, управителот, односно заедницата на сопственици, поднесува писмено барање до снабдувачот за промена на режимот и нивото на испорака на топлинска енергија на мерното место. Снабдувачот е должен да постапи по барањето за температурниот режим на објектот кои што се доставено од страна на управителот, односно заедницата на сопственици. По поплаките до снабдувачите, мора екипи од снабдувачот да излезат на терен и да ја проверат фактичката состојба на терен. Потрошувачите не постојат за да ги финасираат снабдувачите, туку за да платат услуга која треба да им биде обезбедена“, изјави претседателот на РКЕ Марко Бислимоски. Регулаторната комисија за енергетика уште минатата година побара да се направат измени во Законот за енергетика со кои ќе се зголемат ингеренции и ќе се прецизираат надлежности во однос на изрекување на повисоки казни кон операторите на дистрибутивните системи, ако поради нивна неажурност и лоша организација ги оставиле потрошувачите без греење во време на грејна сезона. Вчера, Владата ги повика надлежните компании, градските и општинските власти итно да постапуваат по своите надлежности и да обезбедат топлинска енергија во домовите на жителите на Скопје, откако граѓани на Центар, Скопје Север и Топанско Поле, во медиуми и на социјалните мрежи се пожалија дека деновиве се без парно или греењето е многу слабо. Регулаторната комисија за енергетика, минатата недела одлучи цената парното греење во Скопје од овој месец да се зголеми за 14 отсто. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/regulatorna-komisija-gi-povika-skopjani-da-se-zhalat-protiv-kompaniite-za-parno-ako-nemaat-greene/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
И Владата бара греење
Владата ги повикува надлежните компании, градските и општинските власти итно да постапуваат по своите надлежности и да обезбедат топлинска енергија во домовите на граѓаните на Град Скопје.Владата ги помага и граѓаните, и општините, и Градот Скопје, но, како што наведуваат, кога се во прашање финансиски обврски кон давателите на јавни услуги, први повикани се надлежните локални власти. Од Владата велат дека во текот на следната недела ќе се разгледуваат можности за дополнителна помош, но едностран раскин на договорните обврски и прекин на греењето на штета на граѓаните и домаќинствата во зимски услови не може да биде ниту оправдано ниту прифатливо. Граѓани на Скопје, пред се од Скопје Север и Топанско Поле, деновиве со реакции до медимите се пожалија дека се без парно или греењето е многу слабо. Од Топланата Скопје Север потврдија дека не испорачуваат топлинска енергија и дека очекуваат од понеделник Општина Чаир да си го подмири долгот, за да може да купат гас. Од БЕГ пак, и покрај реакциите на жители на скопски Центар се жалат дека и денеска останале без парно, сооопштија дека “во услови на енергетска криза системот работи во оптимизиран режим се со цел внатрешната температура во домовите да се одржува на 20 степени. доколку некои објекти се соочуваат со локален проблем или имаат температура во домовите под 20 c, треба да пријават во центарот за грижа на потрошувачи. Согласно одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената парното греење во Скопје од овој месец е зголемена за 14 отсто. https://nezavisen.mk/vladata-gi-povika-nadlezhnite-kompanii-i-lokalnite-vlasti-da-obezbedat-greenje-za-skopjani/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
БЕГ почнаа да го пуштаат парното се покасно наутро(околу 7) а го исклучуваат рано навечер околу 21 часот.
Со вакви ценовни шокови тешко ќе се справуваат особено во недостаток на енергенси. И тоа при релативно топла зима(барем досега) но при константни пониски температури мислам дека би се случило големо оптоварување на трафостаниците бидејќи реално сите што се греат на парно догреваат со клими и греалки. |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Скопјани со ладни радијатори за Божиќ, се огласија и од БЕГ
Откако над 500-тини домови од Скопје Север и Топанско Поле, деновиве останаа без парно во сред зима, денеска скопјани и од други делови на градот реагираат дека се без парно греење или истото е многу слабо. -БЕГ го исклучија целосно парното во Центар и Карпош, се жалат граѓани на социјалните мрежи. -Нема парно и во Аеродром, празничка честика од државата, вели друг граѓанин . -Дојде околу 9 и ова е едвај нешто што би можело да се нарече парно греење, коментира една скопјанка. -Радијаторите пред и по Нова година беа млаки, а некои денови скроз ладни Жителите револтирани велат редовно си ги плаќаат фактурите, а токму на Божиќ кога сите се дома, останале без парно греење. Од операторот со мрежата за парно-греење БЕГ велат дека системот работи во оптимизиран режим кој треба да ги одржува домовите на граѓаните со приклучоци за топловодна енергија до 20 степени во нивната внатрешност. „Системот за централно греење е целосно во функција и се испорацува топлинска енергија до потрошувачите Во услови на енергетска криза системот работи во оптимизиран резим се со цел внатрешната температуре во домовите да се одржува на 20 степени“, информираат од БЕГ. Од таму додаваат доколку некои објекти се соочуваат со локален проблем, дека треба да пријават во Центарот за грижа на потрошувачи. Инаку, регулаторна соопшти дека парното од овој месец поскапува за 14%. https://skopjeinfo.mk/skopjani-so-ladni-radijatori-za-bozhikj-se-oglasija-i-od-beg? |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Во ек на зима Скопје север без греење – „Топлана“ не може да се справи со новата цена на природен гас
Веќе неколку дена оваа населба во Скопје Север нема парно греење. Во екот на зимата, на ниски температури, жителите од овој дел од градот останаа без греење. Агим Лека, вели дека не е фер што немаат греење, иако имаат склучено договор. -Како што реков, се однесуваат како што им е ќеифот, не се казнуваат од никого, не поднесуваат сметка пред никого, а граѓаните остануваат без услугата која ја плаќаат за да биде квалитетна. И ова што се случува сега со покачувањето на цената на сред сезона не е во ред, бидејќи ние склучуваме договор со компанијата. Склучуваме договор по одредена цена, тие не ни ја кажуваат бидејќи во меѓувреме можат да се покачат цените… тогаш ќе мора да бараме алтернативни извори, вели Агим Лека граѓанин. Граѓаните се обиделе да стапат во контакт со „Топлана Скопје Север“, но како што велат, телефонот им бил исклучен, па поради тоа биле принудени да се јават на приватни броеви за да добијат одговор. : -Се обидовме да контактираме со Топлана, но телефонот беше исклучен. Се јавивме на приватните броеви што ги имаме и ни рекоа дека најлошо е тоа што поради празниците нема да имаме греење до понеделник или вторник, велат граѓаните. Од „Топлана Скопје Север“ ни рекоа дека проблемот е поголем отколку што изгледа. Објаснуваат дека побарале помош од надлежните органи поради недостигот на гас. Во одговорот што ни го испратија, пишува: -Врз основа на договорот за снабдување со природен гас за 2022 година со Макпетрол Пром Гас имаме обврска авансно да ги плаќаме месечните планирани количества природен гас. Поради енормно зголемените цени на природниот гас друштвото претрпе ненадоместлива штета и не беше во можност да ги обезбеди потребните финансиски средства за природен гас. Од страна на Макпетрол Пром Гас на ден 05.01.2022 година во 10 часот направен е прекин во испораката на природен гас, а со тоа и прекин во испораката на топлинска енергија до корисниците. Од “Топлана Скопје Север“ додаваат дека за да се надмине проблемот потребно е да се вклучат и надлежните институции за да се исплати заостанатиот дол за испорачаната топлинска енергија, со што истовремено би се обезбедила и дополнителна финансиска помош која би придонела за натамошното функционирање на Топланата. https://mk.tv21.tv/vo-ek-na-zima-skopje-sever-bez-greene-toplana-ne-mozhe-da-se-spravi-so-novata-tsena-na-priroden-gas/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Жителите во Чаир и дел од Бутел останаа без парно
Повеќе од петстотини домови во населените места Скопје- Север, Топанско поле и Џон Кенеди останаа без парно греење во еден од најстудените денови во годината. Жителите велат дека не е прв пат да останат без парно греење, иако сметките редовно ги плаќаат а институциите не им даваат одговор зошто се исклучени. Според жителите, проблемот настанал поради неподмирени долгови на АД Топлификација Скопје- Север кон компанијата која треба да обезбеди природен гас за да може да има снабдување со парно. „Од вчера немаме парно не можам да кажам точно во колку часот е прекинато, но јас тоа го увидов вечера вечерта, радијаторите беа ладни. Да ви кажам право ова не првпат што се случува, се случува речиси секоја година без никаква одговорност се прекинува снабдувањето со парно греење и никој не дава објаснување, многу чудно однесување на компаниите“, изјави Агим Лека- жител. „Вчера пробавме да ги бараме од Топлификација нивниот број е исклучен воспоставивме контакт преку приватни телефони и ни рекоа дека најлоша варијанта е дека за празниците односно до понеделник или вторник нема да имаме парно . Ние сме колатерална штета тука, ние што плаќаме сметки редовно во јануари во најладниот месец да немаме греење дома да се снаоѓаме како во 19 век“, рече Горан Пендароски- жител. Од АД Топлификација Скопје- Север неофицијално велат дека парното е стопирано поради ненаплатени долгови од Општина Чаир која сеуште има неподмирен долг за користење на парно за училиштата, и затоа тие неможат да платат за испорака на гас. „Од АД Топлификација Скопје-Север не сакаа да одговорат пред камерите која е причината поради која жителите немаат парно греење. Оттаму неофицијално појаснуваат дека станува збор за долг кој се должи кон приватна компанија од која треба да се снабди гас.“ Од општина Чаир потврдија дека долгот кон АД Топлификација ќе го исплатат, но и да биде подмирен тоа нема да биде гаранција дека жителите ќе имаат парно бидејќи проблемот во самата Топлификација. „Следната недела ќе се изврши исплата на дел од долгот. Но мора да нагласиме и да се плати целиот долг, доволно е само неколку дена да има парно бидејќи компанијата има проблем со покачувањето на цената на гас. Значи и општина Чаир не е главната причина зошто нема парно греење“, велат од Општина Чаир. Низ годините неколку пати досега жителите на овие населби остануваат по неколку дена без парно греење. Последниот пат исклучувањето беше поради тоа што АД- Топлификацијација Скопје- Север не успеало да обезбеди гаранција за испорака на природен гас. https://alsat.mk/mk/zhitelite-vo-chair-i-del-od-butel-ostanaa-bez-parno/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ИНФОГРАФИК Во сите делови на Скопје нема иста цена на парното, каде е најевтино?
![]() ![]() Според објавените одлуки од страна на Регулаторната комисија за енергетика може да се види дека сите снабдувачи со централно греење не ги снабдуваат своите корисници по иста цена. Регулаторната комисија за енергетика наведува дека за стандарден стан со грејна површина од 50 m2 , просечна годишна потрошувачка на топлинска енергија е 7.500 kWh и ангажирана моќност се пресметува за 6,25 kW . Според овој пример, пресметавме колку пари треба да платат граѓаните за парно греење во текот на една година, со актуелниве цени. Како што може да се види од табелата најмалку ќе плататат корисниците на централното греење приклучени на ЕСМ Енергетика, а тоа се домаќинста од Железара, Автокоманда, Триангла, Маџари и Хиподром, а најмногу од Скопје-Север. Но, во Скопје-Север се уште постои и паушална наплата од 37,98 денари за квадратен метар на 12 месечни рати и 75,95 денари за квадратен метар за 6 месечни-рати. https://www.slobodenpecat.mk/infografik-vo-site-delovi-na-skopje-nema-ista-cena-na-parnoto-kade-e-najevtino/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Радијаторите ладни – граѓаните се греат под ќебе или на клима, а плаќаат парно и тоа поскапо!
Корисниците на БЕГ се жалат дека радијаторите пред и по Нова година им се млаки, а некои денови скроз ладни. Велат дека во текот на денот им го намалуваат греењето или сосема го исклучуваат. Оваа грејна сезона смрзнуваат и дома се дозатоплуваат со ќебиња, греалки или клими. Од БЕГ за ваквата состојба со кус одговор. – За секоја рекламација во врска со испораката на топлина или недоволна испорака на топлина се постапува во најкус можен рок. Доколку се констатира температура пониска од 20 степени во внатрешните простории на објектите, нашите екипи веднаш интервенираат сè со цел во услови на енергетска криза и висока берзанска цена на природниот гас, на нашите потрошувачи да им гарантираме пропишано ниво на квалитет на нашата услуга, потенцираат од БЕГ Корисниците на централното парно греење што им го испорачува „Балкан Енерџи“ се жалат дека радијаторите пред и по Нова година им се млаки, а некои денови скроз ладни. Велат дека во текот на денот им го намалуваат греењето или сосема го исклучуваат. Оваа грејна сезона смрзнуваат и дома се дозатоплуваат со ќебиња, греалки или клими. – Греењето е многу слабо, а плаќаме редовно цела година по околу 5 илјади денари. Поради тоа што ни е ладно, дополнително ја вклучуваме и климата за да се затоплиме, вели еден жител на зграда во центарот на Скопје во близина на хотел „Бристол“. Ваков проблем со млаки радијатори имаат и станарите на зградите во Капиштец, Аеродром и Ново Лисиче. Посочуваат дека собите во становите им се ладни и внатрешната температура им е под 20 степени. – Ладно е навечер, во дневна со ќебе, наутро исто ладно. Немам против кога има сонце на пладне, во ред, но на овие температури не може. Цела година плаќаме сметки и затоа не се во право самоволно да одлучуваат за тоа – констатира една жителка на Аеродром. Дополнителното вклучување на греалка или клима за затоплување им е исто така трошок на овие жители со оглед дека струјата и парното поскапеа по Нова година. Реагираат до БЕГ да им пуштат посилно греење или, пак, да не ги плаќаат сметките и во краен случај да ги откажат договорите со компанијата. ВЕЧЕР ги праша во БЕГ дали штедат во овој период со оглед дека цената на природниот гас отиде до плафон и дали имаат набавено доволни количини за да нема исклучувања или намалување на интензитетот на греење до крајот на грејната сезона? – „Балкан Енерџи – Груп“, Регулаторната комисија за енергетика и Владата се максимално ангажирани за да се обезбеди континуирано загревање и топлинска енергија на потрошувачите приклучени на системот за централно греење до крајот на грејната сезона, кусо одговорија од БЕГ. Оттаму велат дека за секоја рекламација во врска со испораката на топлина или недоволна испорака на топлина се постапува во најкус можен рок. – Доколку се констатира температура пониска од 20 степени во внатрешните простории на објектите, нашите екипи веднаш интервенираат сè со цел во услови на енергетска криза и висока берзанска цена на природниот гас, на нашите потрошувачи да им гарантираме пропишано ниво на квалитет на нашата услуга – потенцираат од БЕГ. Според одлуката на РКЕ, јануарските сметки за парно греење ќе бидат потешки за 14 отсто и тоа се однесува не само на корисниците на БЕГ, туку и на Елем Енергетика и Скопје Север. Поскапувањето се должи на енормниот раст на цената на природен гас на светските берзи, енергенс кој го немаме во државата и зависни сме од увоз. Со ова поскапување цената се враќа на онаа од 2018 година. https://www.vecer.press/радијаторите-ладни-граѓаните-се-гре/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
РКЕ: Парното во Скопје од 1 јануари поскапо за 14%
Од 1 јануари 2022 година парното во Скопје поскапува за 14% , соопшти првиот човек на Регулаторна Марко Бислимовски. Цената на парното греење што ќе важи од утре, 1 јануари ќе се зголеми за 14,05 отсто за сите корисници во Градот Скопје, односно и за трите компании кои ги снабдуваат граѓаните – Балкан енерџи груп (БЕГ), ЕСМ Енергетика и Скопје Север, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. Како што информира претседателот на РКЕ Марко Бислимовски, основен критериум за формирање на цената на парното греење е цената на природниот гас која лани просечно се движела околу 240 долари за нормален кубен метар, а годинава на БЕГ производство му е понудена цена од 1480 долари. -Доколку ја вкалкулиравме ваквата цена на природниот гас во крајната цена за парното ќе требаше да има зголемување од околу 190 отсто, но тоа не е опција. Затоа се одлучивме да побараме помош од Владата, Град Скопје и скопските општини да помогнат да се надмине разликата во цената, рече Бислимовски. Посочи дека вообичаено БЕГ давал по два милиони евра во јануари за набавка на гас, а годинава ќе треба да де 13,8 милиони евра. Разликата во цена, како што кажа, ќе ја надополнат Владата и општините на Град Скопје. Нагласи дека е набавен гас за ЕСМ Енергетика и за топланата Скопје Север, како и за првите 15 дена од работењето на БЕГ. Како опција, која не ја препорачува од еколошки аспекти, сите топлани можат да се префрлат на работа на мазут за само неколку дена, а БЕГ како најголем снабдувач е должен да има резерви од мазут за 15-дневно работење. https://kanal5.com.mk/rke-parnoto-vo-skopje-od-1-januari-poskapo-za-14/a510195 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Гаспром не дава доволно гас за С. Македонија: Скопјани можат да останат без парно греење од 1 јануари
Првиот ден од новата 2022 година за речиси 60 илјади скопјани може да биде многу студен. Корисниците на парно греење на компанијата БЕГ (Балкан Енерџи Груп) од 1 јануари можат да останат со студени грејни тела затоа што не е набавена потребната количина гас за следната година. Како што во моментот стојат работите, на помалку од 48 часа до истекот на годината, природен гас за потребите на корисниците во Скопје, не е набавен. Алтернативните опции се набавката да оди преку БЕГ, но оттаму потоа да им го наплаќаат парното греење на корисниците по далеку повисоки цени, или Владата да ја субвенционира набавката со најмалку 13 милиони евра и да нема покачување на цената. Од БЕГ најавија дека ќе одговорат на прашањата на ДВ на оваа тема во текот на денот. Од Владата велат дека преговорите се во тек. Очекувањата биле дека „Макпетрол“ ќе ги набави потребните количини гас за следната година во договор со рускиот „Гаспром“, откако од БЕГ се пожалија дека немаат пари за набавка. Макпетрол во средата се пофали дека бил постигнат договор со рускиот енергетски гигант, и тоа по 30% пониска цена од берзанската, но притоа соопшти дека договорената квота не го опфаќа и БЕГ. Притоа, во изминатите години, набавката на гас за БЕГ одеше преку неговиот сопственик- АД ТЕ-ТО чија централа ја произведува топлинската енергија за Скопје и за поголемиот дел од државата, а фирмата се јавува и како трговец со гас. Според последните информации, Макпетрол денеска повторно се вклучил во преговори со Гаспром за да се обезбедат дополнителни количини за потребите на БЕГ. Кој ќе плати: корисниците или Владата? Според информации на Дојче веле, од Гаспром, за следната 2022 година, требало да се обезбедат околу 400 милиони кубни метри гас, колку што се потребите на индустриските капацитети и домашните потрошувачи во Северна Македонија. Руската компанија, наводно, одобрила само 100 милиони кубни метри гас. Речиси истовремено, во средата исто така беше обелоденето дека БЕГ испратил барање до Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) за зголемување на цената на градското парно за 300 проценти. Од РКЕ му возвратија на БЕГ со барање докази за цената по која компанијата планира да набавува природен гас. Според неофицијални проценки, на БЕГ му се потребни околу 38 милиони кубни метри гас за да „ги згрее“ скопјани во текот на зимската сезона. Но, паралелно со јавното барање за зголемување на цената на парното, според извори на ДВ, БЕГ од владата бара околу 13 милиони евра за набавка на гас. Доколку се прифати таквото барање, не би имало зголемување на цената. Мазутот како излезно решение? Од владата не ја коментираат оваа информација и велат дека до нив нема пристигнато такво барање од БЕГ. „Деновиве веќе треба да се знае по која цена е обезбедена количината на гас потребна за државата за наредниот период. Преговорите сѐ уште не се завршени“, велат од владата, но дополнуваат дека доколку има потреба „ќе се преземат и вонредни мерки за заштита на економската стабилност на домаќинствата“. Сепак, од владата за ДВ тврдат дека тие не се страната која преговара со Гаспром за увоз на гас. Тоа веројатно го прави Макпетрол, но извесно е дека сметката на крајот ќе се плаќа од државниот буџет, затоа што на владата не и остануваат многу опции за надминување на сѐ поизгледната криза. Доколку актуелниот енергетски ќорсокак не се реши набргу, проблемот ќе мора да се решава со увоз и користење на мазут за производство на топлинска енергија. Единствено излезно решение, во таа варијанта, е владата да прогласи нова енергетска кризна состојба и по итна постапка да увезе мазут. Дополнителниот проблем што може да произлезе од тоа решение е нивото на загадување кое овој енергенс ќе го предизвика во главниот град, затоа што, доколку еднаш започне производството на топлинска енергија со мазут, тој процес ќе трае до крајот на грејната сезона. Зависност од рускиот гас Северна Македонија е целосно зависна од рускиот гас кој доаѓа од Бугарија преку ткн. Трансбалкански гасовод. Компаниите ТЕ-ТО и БЕГ се во сопственост на руски бизнисмен преку фирми регистрирани на Кипар и Британските Девствени Острови. Во јуни 2019 година, Финансиската полиција отвори истрага за пријавување лажен стечај во ТЕ-ТО АД, како и за перење пари. Компанијата ги демантираше наводите на Финансиската полиција, а неколку месеци подоцна успеа да добие и државна помош од владата. Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во декември 2019 година соопшти дека нема докази за перење пари и ја отфрли кривичната пријава во тој дел, за речиси една година подоцна да се отфрли и пријавата на Финансиската полиција за лажен стечај. https://www.dw.com/mk/гаспром-не-дава-доволно-гас-за-с-македонија-скопјани-можат-да-останат-без-парно-греење-од-1-јануари/a |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
Наместо субвенции за инвертери и други глупости кои суштински горат јаглен и мазут (и ќе биде така уште 10-15 години), да се субвенционира приклучокот на градско парно и тој да биде задолжителен за сите новоизградени згради е многу попаметно.
Во моментов, исто така, да се субвенционираат трошоците на операторите за да стигаат поевтини сметки (за разлика од субвенционирањето на сметките за секој индивидуален потрошувач да не мора да се дрнка со бирократија). Сепак, мора да бидат наградени оние кои го избрале централното греење. Edited by гитардемон - 29-Dec-2021 at 12:58 |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЕКСКЛУЗИВНО: ПАРНОТО ЌЕ НЕ ИЗГОРИ - БЕГ бара поскапување од 300 отсто, како ќе пресече Регулаторна
Драматични вести доаѓаат за корисниците на парно греење во Скопје. Балкан Енерџи Груп бара цената на парното да се зголеми за 300 отсто веќе од први јануари следната година, дознава Фактор. Во барањето кое го доставиле до Регулаторната комисија за енергетика тие наведуваат дека цената на гасот им е драстично зголемена, односно токму за 300 проценти, во однос на јули минатата година кога РКЕ ја донесе последната одлука за цената на топлинската енергија. Колкаво зголемување ќе одобри РКЕ не е познато, но укажуваат дека земјава нема домашно производство на гас и тој се набавува единствено од увоз, а цената на светските берзи е драматична. Официјално од Регулаторната комисија за енергетика велат дека колку точно ќе поскапи парното ќе се знае кога БЕГ ќе достават докази за тоа по која цена ќе го склучат договорот за набавка на гас за следниот период. Барањето на БЕГ сега им е вратено, а за зголемувањето ќе се одлучува кога ќе се достават бараните докази од страна на регулаторот. Инаку, БЕГ има резервирано количини на гас само до крајот на годинава или нешто малку од почетокот на наредната година, а потоа ќе мора да набави нов количини кои ќе бидат по драстично повисоки цени. Фактор ја праша РКЕ дали БЕГ има доставено барање за корекција на цената на парното и колку е бараното зголемување. Исто така, се интересиравме колкава била цената на гасот при носење на последната одлука, а колкава е сега. „Балкан Енерџи ДООЕЛ достави барање за промена на одобрениот регулиран максимален приход за 2022 година, почнувајќи од први јануари 2022 година. Како основ за ова барање, БЕГ го посочува стрмниот пораст на цените на природниот гас на меѓународните пазари, кој е за повеќе од 300 отсто повисокод цената на природниот гас што РКЕ ја одобри во јули 2021 година“, потврдија од РКЕ за Фактор. Од Регулаторната комисија велат дека ова барање ќе се анализира во моментот кога БЕГ ќе достави доказ, односно договор за набавка на природен гас, во кој ќе биде дефинирана цената на природниот гас, што за РКЕ ќе биде показател дали бараниот процент е соодветен. Но, она што е многу извесно е дека парното сигурно значително ќе поскапи, што се потврдува и од фактот што РКЕ ќе им сугерира на општините каде што има граѓани кои користат парно - парично да им помагаат на тие граѓани. „Со оглед на исклучително комплексната состојба на пазарот со енергенси, кога е во прашање цената на природниот гас кој во нашата држава единство доаѓа од увоз, а со самиот факт дека централното градско подрачје е корисник на топлинската енергија, РКЕ во процесот кога ќе стартува со анализа ќе ја информира Владата, Градот Скопје и општините на чие подрачје има корисници на топлинската енергија, за да ги разгледаат можностите за финансиска помош на домаќинствата кои користат парно. За ваша информација, во поголем дел од земјите во нашето опкружување и во Европа, цената на топлинската енергија се определува на локално ниво, на подрачјето каде има мрежа“, објаснуваат од Регулаторната комисија за енергетика. Фактор ја праша и БЕГ колкаво барање за зголемување на цената на парното доставиле до РКЕ, на што тие ни доставија премногу општ и нејасен одговор. „Согласно Правилникот за регулирање на цени за топлинска енергија и системски услуги донесен од стана на Регулаторната комисија за енергетика, друштвата кои се носители на лиценца за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија имаат обврска до РКЕ да достават податоци за трошоци за регулираниот период. Врз основа на тие податоци, Регулаторната комисија за енергетика ги утврдува тарифните ставови според кои се фактурира испорачаната топлинска енергија кон крајните потрошувачи“, се вели во штуриот одговор кој го добивме од БЕГ. Доколку оваа драматична најава навистина се реализира, и цената на парното навистина се зголеми за 300 отсто, тоа би значело дека една сметка која сега изнесува 1.500 денари, би се искачила на 6.000 денари. Тоа е ценовен шок кој нема да си го дозволат многу од граѓаните и ќе се префрлат на струја, што, пак, ќе го оптовари тој систем. Затоа мора да се најде решение овој ценовен шок за корисниците на парно да не биде толку стравичен, па ќе се бара од општините финансиски да помагаат, а секако во тоа нема да се изземе од одговорност ниту Владата, која ќе мора да најде начин како да не „изгорат“ од ценовниот удар на парното овие граѓани. Министерот за економија Крешник Бектеши пред само две недели изјави дека не е сигурен дали парното ќе мора да поскапи бидејќи, како што рече, цената на топлинската енергија зависи од цената на рускиот гас. Според него, веќе се почнати преговори со руски „Гаспром“ од страна на „Макпетрол“ кој е главен увозник на природен гас. „Имајќи предвид дека ние имаме само еден влез, еден интерконектор со Бугарија каде што главно количествата се обезбедени од страна на Гаспром и во Република Бугарија и сме зависни во делот на цената што ќе ја понуди компанијата“, рече Бектеши. Тој додаде дека цената на парното греење зависи од цената на природниот гас. „Тоа не е проблем само на С Македонија, тоа е голем проблем и на ЕУ заради политиките кои ги прави Русија преку Гаспром. За тоа, нашата цел како Влада е да направиме диверзификација во делот на снабдување со природен гас. На почетокот на наредната година ќе почне со изградба новиот интерконектор со Република Грција и на таков начин да ја зголемиме конкурентноста и во овој дел на енергијата во нашата држава што нема да придонесе позитивно само во нашата држава, туку и во регионот, бидејќи ќе имаме повеќе можности за снабдување со природен гас“, рече Бектеши. ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена обвини дека ќе поскапи и парното поради неспособната на власта да се справи со енергетската криза и побара одговорност од власта за ваквата состојба.Од партијата наведоат дека покрај повисоки сметки за струја граѓаните сега ќе се соочат и со поскапо парно.Оттаму додаваат и дека сето ова е поради неправилното менаџирање со енергетскиот сектор, а тоа доведува земјата секој ден да тоне во подлабока криза. Инаку, последната одлука на РКЕ во однос на цената на парното беше во јули годинва, кога се донесе одлука за намалување за 4 проценти. Во главниот град на земјава, Скопје, околу една третина од домаќинствата, или околу 60 илјади домаќинства се приклучени на парно греење. Инаку, цената на гасот урива рекорди и таа неодамна достигна 2.200 долари, но неколку дена се намалувала, така што вчера била на ниво од 1.800 долари за 1.000 кубни метри. Се очекува дека овој страшен ценовен шок на гасот би можел да се стабилизира во март наредната година, но прашање е како ќе се издржи овој критичен период. https://faktor.mk/ekskluzivno-parnoto-kje-ne-izgori---beg-bara-poskapuvanje-od-300-otsto-kako-kje-preseche-regulatorna |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Железарското парно млако, станарите се затоплуваат со ќебиња
Корисниците на ЕСМ, или железарското парно, се жалат дека радијаторите во последно време им се млаки. Велат дека во текот на денот им го намалуваат греењето баш кога не треба, а тоа е рано сабајле и попладне по 16 часот. Зошто е тоа така оваа грејна сезона не знаат и потсетуваат дека минатите години радијаторите не се пипале со рака од што биле жешки. Оваа грејна сезона смрзнуваат и дома се затоплуваат со ќебиња. Велат дека од АД ЕСМ неофицијално им кажале дека штедат на енергенси, меѓутоа директорот Далибор Богдановски за весникот ВЕЧЕР изјави дека испорачуваат топлинска енергија без никакви ограничувања согласно мрежните правила на Регулаторна комисија Корисниците на ЕСМ или железарското парно се жалат дека радијаторите во последно време им се млаки. Велат дека во текот на денот им го намалуваат греењето баш кога не треба, а тоа е рано сабајле и попладне по 16 часот. Зошто е тоа така оваа грејна сезона не знаат и потсетуваат дека минатите години радијаторите не се пипале со рака од што биле жешки. – Греењето е многу слабо, а плаќаме цела година. Со свои средства вложивме во потстаница, радијатори, цевки и сè попратно што беше потребно, за на крај да добиеме катастрофа греење – се пожали Гордана Трпковска. Посочуваат дека собите во становите им се ладни и внатрешната температура им е под 20 степени. – Катастрофа, ладно навечер, во дневна со ќебе, насабајле исто ладно. Немам против кога има сонце на пладне, во ред, но на овие температури не може. Цела година плаќаме сметки и затоа не се во право самоволно да одлучуваат за тоа – констатира Бранка Василкоска. – Пред 10 години вриеше во Железара од парното, не се спиеше. Како тогаш можеше да е толку пуштено и да е толку топло, прозорци сме отворале и врати од што беше жешко, а сега што е ова нула од парно, катастрофа – коментира Светлана Несторова. Лиле Стојчевска исто така забележува дека радијаторите се млаки од 16 до 20 часот. – Не можам да разберам зошто е тоа така. Ајде ноќе да го намалат, разбирам, ама поручек баш кога ни е најпотребно – се прашува таа и ги повикува и другите корисници на железарското парно да реагираат заедно до ЕСМ да им пуштат посилно греење или, пак, да не ги плаќаат сметките и во краен случај да ги откажат договорите со компанијата. Ефка Митрова посочува дека веќе се информирала во ЕСМ Енергетика и оттаму и кажале дека парното нема да биде исто затоа што штеделе. – Но, им реков да штедат преку ноќ, а не преку дење млако, а во три часот наутро да го пуштаат најјако. Ми рекоа дека сум во право и дека треба група од граѓани да поднесеме жалба – вели Митрова. Директорот на АД ЕСМ “Подружница Енергетика”, Далибор Богдановски за весникот ВЕЧЕР изјави дека оваа година согласно мрежните правила водејќи се од надворешните температури, порано почнале со испорака на топлинска енергија кон своите потрошувачи, односно пред самиот старт на грејната сезона и продолжиле континуирано да испорачуваат топлинска енергија без никакви ограничувања. – Ние како компанија АД ЕСМ ги почитуваме тие правила и секој наш потрошувач може да пријави кај нас во подружница “Енергетика” во службата за грижа на корисници која работи 24 часа за време на грејната сезона и на инфо мејл. Информациите се проследуваат до техничките служби кои, исто така, имаат 24-часовно дежурство и веднаш се излегува на терен каде е пријавен дефектот – вели Богдановски. Тој објаснува дека во процесот на снабдување и дистрибуцијата на топлинска енергија има строго дефинирани мрежни правила за топлинска енергија објавени на страната на Регулаторна комисија. – За цените на топлинската енергија од сите топлани одлучува Регулаторна комисија за енергетика. Одобрувањето на цената за топлинска енергија се врши согласно законските процедури во Регулаторна комисија за енергетика. Во присуство на сите заинтересирани страни истите одлуки се јавно објавени, навремено пред почеток на грејната сезона на официјалната страна на РКЕ и два дневни весници како и Службен весник – нагласува Богдановски. Според него, АД ЕСМ Подружница “Енергетика” за било која заинтересирана странка стои на располагање да дојдат во нивните простории, за подетално објаснување околу производството, дистрибуцијата на топлинска енергија со претходна најава во службата за грижа на корисници или преку контакт-телефоните. Подружницата „Енергетика“ е лоцирана во населба Железара. Проектирана е и изградена за да овозможи комплетно снабдување со електрична енергија, технолошка пареа и врела вода за греење на сите потрошувачи во состав на РЖС (Рудници и Железарница Скопје). Завршена е со градба во 1967 година, кога и започнува со производство, а како тип на гориво употребува природен гас. Нејзините капацитети се состојат од парен котел со моќност од 96 МW, парна турбина со моќност од 12,5/15 МW и генератор со моќност од 75 МW. (С.Бл.) https://www.vecer.press/железарското-парно-млако-станарите-с/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ПО 40 ГОДИНИ ПОЧНА ИЗГРАДБА НА ТОПЛОВОДНА МРЕЖА ОД РЕК, ЗА БИТОЛА ДА СЕ ГРЕЕ НА ПАРНО
По 40 години постоење на РЕК Битола денеска конечно почна изградба на топловодна мрежа за Битола, Могила и Новаци со топлинската енергија од комбинатот. За проектот подигнат е кредит од германската КФВ банка во вредност од над 40 милиони евра, а дополнително АД ЕСМ ќе инвестира 7 милиони евра сопствени средства. „Еколошките придобивки од Топлификацијата се исклучително значајни. Со воведување на ваков вид на греење во голема мера ќе се исфрли од употреба загревањето на горива кои загадуваат, како во институциите така и во домовите. Трасата на топловодот ќе поминува низ Новаци и Могила, кои се две рурални општини кои во значајна мера се потпираат на земјоделството, и топловодот ќе даде можност за загревање на земјоделски оранжерии и објекти, со што ќе обезбеди дополнителна поддршка на развојот на земјоделството во регионот“, изјави Васко Ковачевски, директор ЕСМ. Во план е за почеток да се приклучат 35 државни и општински инстутуции во Битола, кои ќе користат една третина од капацитетот на системот, а со другите две третини да се задолволат потребите за греење на зградите и индивидуалните куќи. Проектот за топлификација пред повеќе години го најави ВМРО-ДПМНЕ, но Ковачевски рече дека бил во застој зашто првичниот проект бил економски неисплатлив и еколошки неоправдан. „Претходно немаше стретегија што со топлификацијата кога РЕК Битола веќе нема да произведува струја од јаглен. Сега имаме решение- замена на дел од капацитетот на РЕК со когенеративна електрана на гас, која ќе произведува електрична и топлинска енергија. Имаше нерешени имотно-правни односи, сега ги решаваме, со експропријација. Претходно беше предвидено да има потстаница за догревање на влезот во Битола која ќе работи на мазут, што е недозволиво. И тоа го решивме, сега ќе има потстаница на природен гас“, објасни Ковачевски. Министерот за економија Крешник Бектеши рече дека топлификацијата ќе има големо влијание врз зачувување на животната средина и ќе ги намали трошоците кај домаќинствата за загревање. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/po-40-godini-pochna-izgradba-na-toplovodna-mrezha-od-rek-za-bitola-da-se-gree-na-parno/ |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |