![]() |
![]() |
![]() |
Ски центар на Галичица |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234> |
Author | |
xnx ![]() Senior Member ![]() Joined: 05-Apr-2009 Online Status: Offline Posts: 1943 |
![]() ![]() |
Super ideja, ski centar na prekrasna planina koj ke go zazivee ohrid I zime. Bravo
|
|
![]() |
|
martind ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 29-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 332 |
![]() ![]() |
Мислам дека доколку би се изградил, ски центарот Галичица би бил еден од поатрактивните на Балканот со оглед на близината на двете езера и градот Охрид.
|
|
![]() |
|
mackomk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 130 |
![]() ![]() |
![]() Па нели некоја си реномирана канадска компанија ја правела студијата, би било неверојатно да не ги земала предвид сите овие факти (јужна страна, вода, струја и сл.), а да излезе со став дела проектот е изводлив. |
|
![]() |
|
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
Една од најреномираните канадски куќи за градење скијачки центри ја изработи физибилити студијата за изводливост на изградба на скијачки центар на Галичица, кој освен во зима, би служел за сместување на голем број гости и во текот на летниот период.
Градоначалникот Никола Бакрачески информира дека изработената студија покажала оправданост од реализацијата на проектот , при што меѓу неколкуте посочени соодветни локации за изградба бил избран просторот над Градиште, од каде би поаѓала главната гондола од жичарата. Пристапено е и кон изработка на основен проект кој според обврските од договорот, канадската компанија треба да го заврши до крајот на април. Во соработка со владата, формиран е и тим кој ќе работи на промоција на центарот и кој ќе ја следи реализицијата на проектот. - Во моментов се работи на објавување на оглас за пројавување на јавен интерес при што ќе се вклучени и економските промотори на владата кои ќе вршат промоција на скијачкиот центар до потенцијалните инвеститори во светот. Огласот ќе трае до крајот на мај, односно почетокот на јуни годинава и веднаш потоа би требало да се распише тендер за издавање под концесија на зимскиот центар за оние кои ќе пројават јавен интерес да инвестираат, изјави градоначалникот. Современиот скијачки центар ќе содржи 15 километри долги стази. Од локалната самоуправа изразуваат надеж дека со својата уникатна природа и условите што ќе ги нуди со поглед на двете езера, ќе биде еден од најатрактивните центри во регионот . Т.К. http://www.ohridnews.com/vesti/65254 |
|
![]() |
|
Тркало ![]() Senior Member ![]() Joined: 31-Dec-2010 Location: Охрид Online Status: Offline Posts: 1179 |
![]() ![]() |
Пристапниот пат кон некогаш изградените објекти (имало и детско одморалиште тука и некаде над Трпејца) и негде во правец СЗ и планираната жичара. Веројатно постојат услови и на двете страни од регионалниот пат - северно кон некогашниот план ![]() и јужно, кон врвот Магаро ![]() И една доста песимистичка прогноза од читател на ohridnews.com •Отешево е скијачки центар изграден на планината Галичица на југо – источната падина кон врвот Лако Сигној, а другиот дел од овој ски центар е на спротивната страна или поточно на југо – западната падина кон врвот Томорос. На надморска висина на почетна точка од 1480 м и највисока завршна точка од 1900 м. Овој проект со ваква позиционираност на патеките е осуден на пропаст уште во самиот почеток. Некој ќе праша зошто? Затоа што, да се изгради скијачки центар на јужна падина која е изложена на сонце во текот на целиот ден е апсурд. Еве ќе кажеме во ред, изграден е и ајде некако да смогнеме сили и да го вратиме во сиот свој сјај. Како? Кога планината Галичица по својот состав е варовничка планина на која има само неколку извори со вода кои се на растојание од 20 кл. За еден ски центар да функционира потребно е истиот да има соодветна водоводна и електрична инсталација. Дали сте се запрашале што се случува со електричната инсталација која го снабдува овој ски центар. Сите кабли, трансформатории, бандери, далеководи и сл. се оставени на милост и немилост на луѓето кои ги користат овие ресурси само за да стигнат до парче леб. Без водоводна инсталација, нема топови кои ќе произведуваат вештачки снег. Во овој дел повторно би ги напоменал и временските услови како клучен фактор за тие топови да можат да функционираат, потребни се минимални услови за работа: температура под -2 и нормално вода која на Галичица ја нема. Ете затоа денес овој „ски центар“ може да послужи само како одпад во некој од откупните центри за старо железо. ![]() •Стрежево е скијачки центар изграден на планината Баба во близина на селото Нижеполе на југо – западната падина. На надморска висина на почетна точка од 1310 м и највисока завршна точка од 1600 м. Како и претходниот на Галичица така и овој ски центар е граден со иста цел. За разлика од проектантите или консултантската куќа кои го работеле проектот за Галичица, овие кои го работеле овој проект за ски центарот на Стрежево се погрижиле и помислиле и на тоа дека потребна им е вода и струја. Но за жал временските услови, поточно сонцето си го прави своето. Денес овој „ски центар“ со само два ски лифта ја има истата функција како и претходниот. Во прилог и линк од видео на You tube за тоа како изгледа скијање на една од стазите во ски центарот – Стрежево. Ако ова за некој е скијање во скијачки центар!!!!! Жално •Кожув е ски центар изграден како идеја на еден локалн бизнисмен од Гевгелија. Но за жал и таа идеја за ски центар, изграден на идеална падина, со идеални услови за градба на стази е изложен на пропаст. Огромни долгови кон ЕВН – Македонија и персоналот кој работи во ски Кожув. Овој ски центар има се што е потребно за истиот да функционира: вода, нов пат, поволна клима, струја и одлично хотелско сместување во Гевгелија, од каде за максимум 1 час луѓето пристигаат до ски центарот. Но немањето на стратешки план, во кој точно ќе се знае каде и како ќе се трошат парите си го прави своето. Излетничките места Корита и Коритски Рид /на(д) регионалниот пат Отешево - Трпејца) и Јадера (над Градиште) ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() Планинска куќа локалитет Асан Џура (1470мнв) ![]() ![]() ![]() Ова е мапа на патеки за планински велосипедизам, обележани се и ‘ски терените‘ ![]() |
|
![]() |
|
mackomk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 130 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
![]() |
|
jyvation ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 11-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 4191 |
![]() ![]() |
Ова вака на прв поглед изгледа функционално.Треба едно фарбање и да се смени сајлата.
Edited by jyvation - 29-Jan-2014 at 22:15 |
|
![]() |
|
mackomk ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 04-Nov-2007 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 130 |
![]() ![]() |
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Над Градиште ќе се гради ски центарот на Галичица со 15 килиметри скијачки патеки Просторот над Градиште ќе биде локацијата каде што ќе се гради Скијачкиот центар на Галичица. Од овде ќе тргнува и главната гондола, а ќе има и 15 километри скијачки патеки. Заврши тендерот за изработка на физибилити студија за изградба на скијачки центар на Галичица од страна на една од најреномираните куќи за изградба на ски центри Екосигн Маунтаин Рисорт Планерс од Канада, а канаѓаните имаат обврска да ја завршат и изработката на мастер планот до крајот на месец април потврди Градоначалникот на Охрид, Никола Бакрачески.
Веќе е формиран тим кој ќе работи на промоција на овој скијачки центар и во исто време ќе ја следи целата реалзиација на овој проект. Тендерот за издавање на Галичица под концесија се очекува да биде објавен после месец јуни.
На Галичица во делот на Отешево се уште постојат остатоци од металните конструкции од жичарницата поставена во 80-те години но која никогаш не профункционирала. Но Охриѓани во тој период со задоволство оделе на Галичица на скијање пред се поради условите и долгиот период на задржување на снегот. http://a1on.mk/wordpress/archives/274577 |
|
![]() |
|
axel ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 08-Dec-2009 Location: kumanovo Online Status: Offline Posts: 3654 |
![]() ![]() |
Во тек е изработка на физибилити студија за изградба на скијачки центар на Галичица
![]() Студијата е финансирана од страна на акционерското друштво МЕПСО, а се изработува од страна на консултантски куќи од Канада. - Доколку физибилити студијата, односно мастер планот ,покаже дека има економска оправданост ќе пристапиме кон реализација на овој проект, кој јас лично сметам дека револуционерно ќе ја промени туристичката стратегија на градот Охрид не само во текот на летната сезона, туку и во зимската сезона и во текот на целата година, истакна градоначалникот Бакрачески. Проектот за изградба на скијачки центар на Галичица беше на дневен ред и на втората седница на Локалниот економски совет. Како што рече градоначалникот Бакрачески, целта е да се чуе мислењето на членовите на советот околу развојот на мега проектот. http://ohridnews.com/index.php?mod=1&kat=4&id=58134 |
|
![]() |
|
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
Хрвати и Канаѓани ќе не советуваат за ски – центарот Галичица
Долгогодишната иницијатива за изградба на скијачки центар на падините на планината Галичица повторно заживува. Македонскиот електропреносен систем оператор (МЕПСО) склучи договор со хрватската „Хорват и Хорват Консалтинг“ (Horwath & Horwath Consulting) и со „Екосајн Маунтин Ризорт Планерс“ (Ecosign Mountain Resort Planners Ltd.) од Канада, за изработка на физибилити студија и на мастер план за развој и изградба на скијачки центар во Националниот парк „Галичица“. Загребските консултанти ќе работат на документацијата со која ќе се утврди можноста за реализација на идејата за ски – центар на Галичица и максимално искористување на хотелските капацитети долж охридското крајбрежје. Физибилити студијата ќе даде одговор на прашањето за висината на финансиските средства што треба да се вложат во проектот, но и на тоа дали истата би била исплатлива. Со овие неопходни документи ќе се утврди локацијата на идните скијачки патеки и најповолните опции за изградба на ски – лифтови. Вредноста на потпишаниот договор со хрватските консултанти изнесува 14.151.150 денари или околу 230 илјади евра. За изготвување на физибилити студијата и на мастер планот ќе бидат потребни 18 месеци, а детални информации околу евентуалната изградба на скијачкиот центар би се знаеле најдоцна до почетокот на 2014 година. Досегашните идеи предвидуваа изведба на скијачки патеки на падините на планината, изградба на ски – лифтови за посетителите, но и на објекти од цврста градба, како што се ресторани и останати угостителски капацитети. Со остварувањето на проектот би се овозможил развиток на зимскиот туризам и продолжување на туристичката сезона во охридскиот регион. Од суштинска важност за неговата реализација ќе биде и проценката на влијанието на идниот ски – центар врз растителниот и животинскиот свет во Националниот парк „Галичица“. |
|
![]() |
|
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
Помрдната од мртва точка иницијативата за ски – центар на Галичица
Хотелската асоцијација на Македонија (ХОТАМ) и охридскиот градоначалник Александар Петрески во неколку наврати излегоа со свои идеи и предлози за остварување на оваа инвестиција. Хотелиерите сметаат дека зимскиот туризам може да се развие преку изградба на скијачки центар со девет патеки за посетителите во должина од 12 километри, пет ски – лифта во должина од 4,5 километри и два објекти од цврста градба, при што во целокупниот зафат би се вложиле 2,86 милиони евра. Градоначалникот Петрески во текот на март годинава излезе во јавноста со иницијатива за изградба на жичарница од хотелот „Десарет“ до излетничкото место Корита во должина од 6 километри. Македонската влада се изјасни дека најпрвин треба да се изготви потребната документација за овој проект, а потоа да се избере најповолен понудувач кој би го градел ски – центарот. |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Дали некој скијал, или знае нешто повеќе за постоечкиот ски-центар на Галичица, од страната на Отешево? Има ли тој некаков посериозен потенцијал?
|
|
![]() |
|
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
Овај прокет му давам добра тежина од економски аспект. Но за највените инвестиции се многу малку за да се направи нешто на европски или регионален зимски туризам. За да се оставари планираното треба многу поголема инвестицја него предходно најавената. Како нај основно патот кон Св Наум целосно да се обновви . Патот кон Отешево преку Галицица да се прошири. Да се изгради жичара слична како на водно поделена на два дела жичара од над Градиште до местото копанки од тука до поднозјето на скијачките патеки. Исто на овие места да има големи паркингзи. А од таму ски лифтови. На копанки можи да се изгради мал луксузен хотел А на подножјето од скијачките патеки мал хотел со придружни објекти ресторани кафетерии А исто на врвот од скијачките патеки можи да има и неколку помали објекти во угостителска намена. Овие капацитети мозат да се искористат и на лето. Луге би платиле пари за тој поглед и на лето и зима. На лето ноќеваш на планина преку ден на плажа таква понуда никој нема низ европа Од економски аспект хотелите ке работат преку цела година. Лето летен туризам. Пролет Есен планиски спортско рекративен и клутурно историски религиозен туризам. На зима зимски. Охридскиот аеродром е во близина . Со ниско буѓетни комании можат да се нудат поволни аражмани. Од економски аспект понудата можи да биди многу поконкуретна затоа што објектите нема да зивеат само од 60 дена туристичка сезона Како секоје друго туристичко место во европа Природата ни дала само да го знаеме да го искоритиме а во исто да го заштитиме.
Edited by Goran - 05-Apr-2012 at 03:31 |
|
![]() |
|
Block ![]() Senior Member ![]() БАНИРАН Joined: 18-Dec-2011 Location: Карпошово Online Status: Offline Posts: 377 |
![]() ![]() |
Ги оправија другите ски центри па сега нови ќе градат,оф мори мајкооооооо
Edited by Block - 01-Apr-2012 at 01:04 |
|
![]() |
|
BOJAN ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Sep-2008 Location: SKOPJE Online Status: Offline Posts: 3438 |
![]() ![]() |
Јас на хотелиерите не би им дозволил да градат ски-центар на Галичица, не им верувам, гледајќи какви хотелчиња испоградија на првата линија од брегот на езерото во Охрид, но и воопшто низ целиот Охрид, мене ме фаќа страв што ќе бидне со целокупната природа на ова место. Ако добро забележувате, над музејот на вода во Градиште веќе има испоградено викендички, замислете што би било тогаш со нив, со пештанци, кои и така имаат земјиште околу Градиште од минатото, па ќе сакаат и они да градат, а да не говориме за целокупната инфраструктура што ќе треба да се направи до самиот ски центар (пат, водовод, одвод, струја). Не мислам дека сето тоа не би остварило трага врз биодиверзитетот во националниот парк.
|
|
![]() |
|
mirakuliks ![]() Senior Member ![]() Joined: 06-Feb-2010 Location: New York Online Status: Offline Posts: 831 |
![]() ![]() |
Башка што во зима до шапка нема превои, ни до маврово а до охрид два кои ако малку повече падне снег се затворени. |
|
![]() |
|
Portal ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 452 |
![]() ![]() |
Vo postoeckive Ski Centri vo sred zima preku nedela nema zivo pile, noviov od kade ke donese skijaci ne e jasno. Bidejki e daleku od Skopje nema da ima nitu za vikendite posetiteli, a normalno sekoe gradce bi sakalo da ima turisti i da profitira od toa. HOTAM hotejlerite planiraat hotelskite kapaciteti zimoska da ne im se prazni i od nivna gledna tocka super bi bilo , kolku luge da dojdat bolje nego ic. No za da nekoj ide na vikend skijanje vo Ohrid imajki Mavrovo, i Sapka tesko!! ps: Letoska od Skopje mora da se patuva vo Ohrid bidejki nema drugo ezero poblisku, no zimoska da se patuva do ohrid potesko...
Edited by Portal - 29-Mar-2012 at 10:00 |
|
![]() |
|
Goran ![]() Senior Member ![]() Joined: 09-Jul-2009 Online Status: Offline Posts: 195 |
![]() ![]() |
Обновено: ХОТАМ ја поддржа идејата за изградба на Ски центар на Галичица
Охридските хотелиери на состанокот што се одржа денеска во хотелот „Два Бисера“ ја поддржаа идејата за изградба на ски центар на планината Галичица. ![]() По постигнувањето на консензусот за поддршка на идејата, следат активности околу самата реализција, за што неопходна е соработка со институциите. Идејата, велат од ХОТАМ, е поддржана од страна на Владата, а комуникацијата се одвива преку Министерството за економија кое заедно со хотелиерите ќе ги разгледа можностите за реализација на проектот, кој според проценките на експертите ќе ја продолжи туристичката сезона во Охрид за повеќе од два месеца. Дополнителен адут за изградба на ски центар на Галичица, која располага со голем природен потенцијал, е и близината на аеродромот „Св. Апостол Павле“. - Заинтересирани сме за изградба на ски центар на Галичица, од што бенефит ќе имаат сите жители од Охридско-преспанскиот регион, а поддршка очекуваме и од општината Струга, која верувам ќе се приклучи кон иницијативата, истакна Дончо Танески, претседател на ХОТАМ. Проектот за изградба на ски центар на Галичица првично е изработен во седумдесетите години од минатиот век, а е реафирмиран од ХОТАМ во 2006 година. Со него се предвидува изградба на ски патеки во должина од околу 12 километри, ски лифтови, прифатен центар и неколку монтажни ресторани, без притоа да се загрози животната средина, односно бројните ендемски видови флора и фауна со кои изобилува Националниот парк Галичица. Според најавите се очекува надлежните институција да изготват студија за влијанието на проектот врз животната средина, по што ќе биде распишан тендер за реализација на проектот, кој се проценува дека ќе чини повеќе милиони евра.
|
|
![]() |
|
fichot ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 02-Feb-2010 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2602 |
![]() ![]() |
![]() ![]() |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1234> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |