Author |
Topic Search Topic Options
|
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#41 Posted: 02-Nov-2008 at 18:10 |

Денот на дрвото се одлага поради временските услови Поради невообичаено високата температура за овој дел од годината, која е несоодветна за садење листопадни дрвја, а по препорака на експертите од Шумарскиот факултет-Скопје, големата граѓанска акција “Ден на дрвото-Засади ја својата иднина !“ која беше планирана за 29 октомври, се одлага за 19 ноември.
“Поради подолгиот топол период во текот на месец октомври, дојде до исушување на површинскиот дел од почвата. Пред да отпочне фазата на подготовка и вадење на садниците од расадник, како и нивно носење на терен и садење, потребна е одредена количина на влажност на почвата, за пошумувањето да биде успешно. Освен тоа широколисните видови (багрем, јасен, јавор, даб) сеуште не ги отфрлиле листовите и физиолошки не се спремни за садење. Затоа одложувањето на акцијата е неопходно“, велат експертите од Шумарски факултет во Скопје.
Според Борис Трајанов, иницијаторот на акцијата, иако сончевото и топло време би привлекло повеќе граѓани да излезат и да засадат дрво, сепак не смее да се заборави дека најважната мисија на акцијата е садниците да успеат.
Со оваа акција предвидено е да се засадат 6 милиони дрвца на 100 локации низ Македонија, а акцијата ќе ја следат претставници од министерствата за земјоделство на Словенија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Босна, Албанија, Косово и Турција, кои од неодамна се приклучија кон проектот “Ден на дрвото-Засади ја својата иднина!“. Нетпрес - 24.10.2008 |
. Алфа - 16.10.2008
Локациите се веќе одредени, а општините имаат задача да обезбедат доволно доброволци, бидејќи за разлика од првата акција, бројот на садниците сега е три пати поголем.
Организаторот на оваа акција, оперскиот пејач Борис Трајанов, вели дека општините треба да создадат услови садниците и да пораснат, зашто, како што вели, увидот на терен покажал дека добар дел од претходно насадените дрвца или сеисушиле, или биле уништени од добиток. Тој информира дека од следната година 12 март, кој Владата на Република Македонија го прогласи за Ден на дрвото ќе прерасне во балкански празник. Првите контакти преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се воспоставени со Општина Колашин во Црна Гора. За да може оваа манифестација да ги добие планираните балкански димензии, Трајанов ги повикува градоначалниците на македонските општини да се поврзат со своите колеги од збратимените општини на Балканот.Порта3 - број 92 - 15.10.2008 |
Edited by beTon - 02-Nov-2008 at 18:50
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#42 Posted: 05-Sep-2008 at 23:04 |
„Денот на дрвото“ и во октомври, но сега ќе се внимава на локациите

Иницијативниот одбор очекува Владата и „Македонски шуми“ подобро да се грижат за садниците Горан АдамовскиШест
милиони садници на 100 локации во 35 општини низ земјава ќе бидат
насадени во втората акција за пошумување „Денот на дрвото“, што ќе се
одржи кон крајот на октомври или почетокот на ноември годинава.
Иницијативниот одбор, по успешното деби на 12 март, очекува уште
поголема масовност од граѓаните, а ветува и подобра организација на
целиот настан. Денот на акцијата ќе биде дополнително утврден, во
зависност од временските услови, а Владата дополнително ќе одлучи дали
и тој ден, како при првата акција, ќе биде неработен. Иницијативниот
одбор најавува дека ваквите акции ќе се одвиваат и наредните години, а
веќе за во март, најавува голем собир, на кој, покрај соседните земји,
ќе учествуваат и светски познати личности, меѓу кои и добитничката за
Нобелова награда за мир, која во својата родна земја и во соседството
насади 40 милиони дрвца. „Задоволни сме како помина првата
акција и затоа продолжуваме со цел да ја разбудиме екосвеста во целото
општество. Акцијата и наредните години редовно ќе се одржува во март и
во октомври, а целта ни е годишно да засадуваме 20 милиони садници“,
изјави Борис Трајанов, еден од водечките луѓе на Иницијативниот одбор. Овој
пат се очекува учество на околу 200.000 граѓани, а поучени од минатото
искуство, сега нема да се сади на суви површини. За нив, веќе в година
ќе бидат направени специјални садници. Тогаш, на Македонија би требало
да и' се придружат и сите балкански соседи, „засадувајќи ја својата
иднина“. Во почетокот на идниот месец, за ова ќе стане збор на собирот
на министрите за земјоделие на земјите од Балканот, кој ќе се одржи во
Колашин, Црна Гора. Организаторите ветуваат дека сега ќе бидат
преземени сите мерки за да не се повторат грешките од првата акција,
кога најголемиот дел од садниците не се фатија поради лошите временски
услови, негрижата на надлежните и пашата на добитокот. „Кај
Владата и кај раководните од ‘Македонски шуми‘ има огромна решителност
да се справат со овој проблем“, вели Томе Костадиновски од Одборот.
Неговиот пријател Љупчо Бубо Каров, во една реченица најдобро ја опиша
ситуацијата. „Ние можеме да засадиме 10,20 или 60 милиони дрвца,
за што се потребни илјадници луѓе, а еден човек може да ги запали за
еден ден“, апелира Каров до граѓаните да ја разбудат свеста за
еколошката животна средина. На 12 март годинава беа засадени два милиона садници на 67 локации низ земјава, во која учествуваа 150.000 граѓани. http://utrinski.com.mk/?ItemID=84B2283D7B54E54F9B0C029B2AC14901
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#43 Posted: 04-Sep-2008 at 23:16 |
Шест месеци подоцна: од дрвцата нема ни трага

Сите креваат
рамена кога е во прашање грижата за засадените дрвца. Главен виновник
ќе испадне небото затоа што не беше дарежливо со дожд
Горан Адамовски
Штип, Велес - Шест милиони садници во октомври, по десет милиони
садници во март и во октомври в година, најавуваат од Иницијативниот
одбор на Денот на дрвото за новите акции што ќе се случат половина
година по првата, во која два милиона садници беа засадени на 67
локации низ земјава. „Утрински весник“ посети неколку локации каде што
на 12 март се насадуваа садниците и, според тоа што го видовме,
невозможно е на тие места ќе израснат борови или багреми зашто
најголемиот дел од посадените дрвца никаде ги нема. Оние садници што
може да се видат се суви, а пашата на овците и добитокот ги уништува
последните надежи дека мотото при садењето „Кислород за следните
поколенија“ навистина ќе се оствари. Расфрлани хартии, шишиња,
амбалажи... Ништо необично за депонија. Оваа е во Штип, поточно на
десетина километри од градот, до кој се стига по асфалтираниот пат,
полн со дупки. Необичното е тоа што под ѓубрето биле посадено неколку
десетици илјади садници, кои ќе ги видите само ако загазите во ѓубрето.
„Првичниот план беше садниците да се засадат во околните ридови на
градот, но потоа, надлежните се одлучија за оваа локација, бидејќи се
сметаше дека кога ќе пораснат дрвјата, ќе го чуваат градот од ѓубрето,
кое ветрот го разнесува“, објаснуваат штипјани. Но, тешко ќе се случи
дрвјата да пораснат, бидејќи и на надлежните сега им стана јасно дека
земјата била сува и дека „можеби и не била добра идејата таму да се
засадуваат садниците“. Можеби и затоа садниците се оставени на милост и
немилост. Вода гледаат само ако заврне, што е ретко. Требало да ги
полеваат вработените од ЈП „Исар“, кои се грижат за депонијата. Но, и
работниците што ги затековме признаваат дека тоа ретко го прават,
бидејќи „вода нема ни за градот ни за жителите“. Во „Македонски шуми“
велат дека не се фатил само првиот ред, а дека другите садници
заживеале! Во Иницијативниот одбор за акцијата „Денот на дрвото“ се
согласуваат дека акцијата требало да биде подобро организирана. „Нашата
цел беше да ги посадиме дрвцата и да ја подигнеме свеста кај граѓаните,
а во државата постојат институции што треба да се грижат за нивно
заживување. Ние како граѓанска иницијатива, ниту можеме да се грижиме,
ниту имаме имаме ингеренции“, велат од Одборот. Експертите велат дека
најдобро време за пошумување е кон крајот на април и почетокот на мај,
кога паѓаат поројни дождови, како и кон крајот на октомври и почетокот
на ноември пред снежните врнежи. Првата акција беше реализирана во
март, кога времето е суво, иако следните два дена по пошумувањето се
погодија врнежливи. „Климатските услови се најбитни, бидејќи, нормално,
садниците не можат да се вадат со класичен систем за наводнување, а да
се качуваат цистерни со вода на ридовите е скапа работа. Влажната почва
и воздух го вршат најголемиот дел. Од друга страна, постојаното
налевање на садниците може да предизвика контраефект“, вели Владимир
Бахчовановски, директор на ЈП „Македонски шуми“. Според него,
претпријатието коректно си ја врши „домашната задача“. Но, жителите на
велешката населба Превалец, во чија близина кај месноста Голик, на
површина од 30 хектари, беа засадени 60.000 садници, велат дека шумар
не виделе со месеци. „Ги засадија дрвцата, првите неколку недели
редовно ги наводнуваа, ама сега никој не се грижи за нив. Им дадоа
живот, ама не ги оставија да живеат“, велат жителите на Превалец.
Садниците беа засадени во близина на црквата, на ридот од каде што се
гледаат градот и фабриката „Порцеланка“. Овој реон, иако не беше
зафатен од ланските пожари, организаторите одлучиле да го пошумат
поради пристапноста на теренот, но, пред се', поради неговата близина
до градот, имајќи ја предвид потребата од шумски предели на Велес
поради долгогодишната лоша еколошка состојба. Во Општина Велес тогаш
негодуваа што за локација не биле одбрани опожарени места или, пак,
делот во близина на езерото Младост. Но, организациониот одбор го одбра
Голик, иако се чини дека црн бор и багремови дрвца нема никогаш да
израснат. Од „Македонски шуми“ тврдат поинаку. „Во јуни биле зафатени
95 проценти од садниците, а шумарски инженер постојано патролира таму“,
тврдат од „Македонски шуми“. Но, жителите на Превалец, освен што
негодуваат за немарноста на надлежните кон садниците, револтирани и се
и од тоа што тие биле насадени на место што го користеле за напасување
на својот добиток. „Никој не не' праша, а ќе им кажевме дека таму ги
носевме животните на пасење. Немаше да ни биде криво ако од садниците
испаднеше нешто. Вака, ем нема пасишта ем ништо од дрвцата. Двојна
штета за нас“, се жалат жителите на оваа велешка приградска населба.
Денот на дрвото, кој беше неработен ден, првпат беше обележан на 12
март годинава. Македонија засади над 2 милиона садници, по една за
секој жител. Се садеше на 67 локации низ целата држава, меѓу кои и на
местата што настрадаа во пожарите минатата година. Големата иницијатива
предизвика „мобилизација“ на над 150.000 граѓани, кои излегоа и
организирано посадија дрвца. Политичари, дипломати, пејачи, уметници,
ученици и пензионери се вклучија во акцијата, која поради масовноста
заврши за само неколку часа. „Оваа акција ќе цути, ќе расте заедно со
дрвјата што ги засадивме“, изјавуваа граѓаните. Иницијативниот одбор се
подготвува за новата акција. Во ноември ќе бидат засадени шест милиони
садници. Поучени од минатото искуство, уверуваат дека овој пат
организацијата ќе биде многу подобра. „Во март бевме изненадени колку
граѓаните позитивно ја прифатија акцијата и затоа сега настапуваме
многу поамбициозно“, велат од Одборот. Тие признаваат дека првите
резултати од оваа иницијатива ќе можат да се почувствуваат откако ќе
бидат изведени пет-шест акции и кога кај граѓаните и општеството во
целина, ќе се разбуди екосвеста. |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=0604E1A84DE5BE4EAF1B917646A0C588
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#44 Posted: 14-Apr-2008 at 11:32 |
Sekogash sme brzi da kritikuvame.... pa aj da gi pofalime novinarive malce za azhurnosta  da se nadevame deka ke bidat ednakvo posveteni koga stanuva zbor za urbanata mafija....
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#45 Posted: 13-Apr-2008 at 17:46 |
Мило ми е што Дневник алармираше за ова. Без реакција веројатно ова ќе останеше непознаница за јавноста и уште поверојатно немаше да има повторно пошумување.
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#46 Posted: 13-Apr-2008 at 15:19 |
take 2
Реприза на акцијата
Горна Матка пак пошумена
Контролата на терен покажа дека 7.000 садници биле намерно откопани, вели Владимир Бахчовановски, директор на „Македонски шуми“

Нови 7.000 дрвца вчера беа засадени во Горна Матка, од каде што пред неколку дена беа ископани и однесени речиси сите садници што беа засадени во акцијата по повод Денот на дрвото.Откако „Дневник“ напиша дека на пошумените десет хектари на теренот се останати одвај дваесетина садници, со кои се гоштеваат крави, Јавното претпријатие „Македонски шуми“ во соработка со локалното население организира ново пошумување. Во повторената акција учествуваа Шумската полиција, Министерството за земјоделство, евроамбасадорот Ерван Фуере и Иницијативниот одбор на акцијата „Засади ја својата иднина“.Директорот на „Македонски шуми“, Владимир Бахчовановски, рече дека повторното пошумување има цел да се покрие опожарената површина и да се создаде чувство кај месното население дека со садниците не се губат пасишта.Од контролата се испостави дека од вкупно 10.000 садници, 7.000 се откопани. Најголем дел од дрвцата беа пронајдени покрај местото на садење, што значи дека некој правел штета намерно - вели Бахчовановски.Повеќето дрвца што се искорнати од пошумените региони во околината на Скопје се продаваа на Автопазарот по цена од 20 до 40 денари. Контролите на Државниот инспекторат за шумарство и ловство покажале дека нема штети на другите локалитети каде што се пошумуваше и дека повеќе од деведесет отсто од дрвцата се зафатени и растат.За три-четири години на сите засадени опожарени места ќе се гледа дека има нова шума. Штета има само на овој локалитет и затоа има повторно пошумување. Лесно ќе ги најдеме сопствениците на говедата што пасеа во пошуменото подрачје. Против нив ќе се покрене судска постапка и штетата ќе се наплати - вели главниот државен инспектор Горан Стојковски.Казната за поединци е од 2.500 до 4.000 евра. Ако се утврди дека штетата е направена од користољубие, казната е од 5.000 до 8.000 евра. За правни лица казните се од 20.000 до 30.000 евра.Претседателот на иницијативниот одбор на акцијата, оперскиот пејач Борис Трајанов, смета дека треба да се едуцира месното население.Ние, заедно со претставниците од земјоделските здруженија, ќе одиме од месност во месност за да им објасниме дека дрвјата се наша иднина и дека со оваа акција не ги губат пасиштата, туку ја облагородуваат природата - вели Трајанов.На Денот на дрвото - 12 Март, во нашата земја беа посадени 2.056.000 дрвја, колку што има жители во државава. Целта беше да се даде придонес за обновувањето и за збогатувањето на шумскиот фонд во земјава, кој лани беше погоден од голем број пожари. Акцијата треба да се повторува на секои 10 години.
Валентина Ангеловска Фото: Бисера Станковска
|
|
 |
ProMKD
Senior Member
Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
|
Quote Reply
#47 Posted: 09-Apr-2008 at 21:38 |
На некои места викаат 24 часовна контрола, за на матка викаат прошлата недела било ОК, за на некои места викаат уште е рано за контрола... WOW
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#48 Posted: 09-Apr-2008 at 07:10 |
 Aman   sto se sluchi so taa 'kontrola'...
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#49 Posted: 09-Apr-2008 at 06:14 |
Сагата продолжува..........во денешната емисија од "голо брдо" ..........
ПОШУМУВАЊЕто ИСКОРИСТЕНО ЗА ПРИВАТЕН БИЗНИС
Украдените дрвца завршија на Автопазарот
„Македонски шуми“ ќе ги проверува куќите во месноста Горна Матка за да се открие кој ги откопал дрвцата од пошумените површини

Поголем дел од дрвцата што се искорнати од пошумените региони во околината на Скопје во неделата се продавале на Автопазарот, велат граѓани на кои им биле нудени садниците. Многу поголема била понудата на зимзелени дрвца отколку на листопадни бидејќи, според продавачите, тие полесно се продавале. Цената на една садница била од 20 до 40 денари во зависност од големината на дрвцето. Ова е речиси двојно повисока цена од таа што ја пријави Владата при набавката на расадниот материјал. Во Јавното претпријатие „Македонски шуми“ велат дека нивните екипи се на терен и дека против сите лица за кои ќе се утврди дека учествувале во кражбата ќе се поведат кривични постапки. По завчерашната контрола е утврдено дека дрвцата не се оштетени од животни, односно не се испасени, туку луѓе ги ископале со лопати. Сега ќе се контролираат сите околни куќи за да се види каде завршиле садниците - изјави Владимир Бахчовановски, директор на Јавното претпријатие. Тој истакна дека на суд ќе одат и сопствениците на говедата што пасат во пошумените подрачја, а кои ќе бидат утврдени врз основа на ушните маркички на животните. Од сточарите ќе се бара да ја платат направената штета. Во „Македонски шуми“ велат дека пребројувањето на садниците се' уште трае, но според нивните информации, засега немало поголеми проблеми.
НОВО ПОШУМУВАЊЕ
Во Министерството за земјоделство објаснуваат дека целата површина што беше пошумена пред неполн месец не може да се исконтролира бидејќи постапката ќе трае со месеци. Сега се прават контроли според случаен избор.Рано е да се види колку е успешна акцијата зашто контролите не се завршени. Се контролираат само 10 отсто од површините. Не знаеме колку од садниците се зафатени бидејќи луѓето се' уште се на терен. Ако се утврди дека дел од површините се оштетени од месното население, ќе следуваат кривични постапки - велат во Министерството.За утре и задутре оттаму најавија акција за пресадување на површините што се соголени од крадците и од животните.На Денот на дрвото, 12 март, во земјава беа посадени 2.056.000 дрвца, колку што има жители во државава. Во оваа масовна акција беа вклучени голем број граѓани. Целта беше да се обнови и да се збогати шумскиот фонд, кој лани беше погоден од голем број пожари. Но, нашата завчерашна посета на месноста Горна Матка кај Скопје покажа дека на десетината хектари пошумена површина сега се останати одвај дваесетина дрвца, кои деновиве ќе бидат докусурени од кравите што пасат на голиот терен. Трагите низ браздите покажуваат дека дел од дрвцата се откопани со лопати, а дел се изедени од говедата.
СЕ ЧЕКААТ ПАРИ ЗА ДРВЦАТА
Парите за набавка на садниците се' уште не се префрлени од државниот буџет на сметката на „Македонски шуми“. Според податоците од Министерството за земјоделство, за садниците и за подготовка на почвата потрошени се 73 милиони денари (1,2 милион евра). Според нашите информации, Јавното претпријатие на една од последните владини седници побарало целиот трошок за акцијата „Засади ја својата иднина“ да се покрие преку Министерството за финансии. Министерот Трајко Славески воопшто не е запознат со оваа иницијатива.Ова не е наш проблем и досега никој не ме известил дека има ваква иницијатива, но мислам дека кај нас нема пари за оваа намена. Садниците треба да ги плати Министерството за земјоделство - вели тој.Од Министерството за земјоделство соопштија дека имаат одвоено средства за пошумување, но дека постапката за исплата е во тек.Претходно треба да се исконтролира колку од дрвцата се зафатени, колку се правилно засадени и слично. Дури по контролата може да се очекува исплата на парите за садниците - изјавија во ресорот. Оттаму посочуваат дека парите се обезбедени од Програмата за проширена репродукција на шумите. Садниците беа платени по просечна цена од 15 денари за едно дрвце. Во „Македонски шуми“ не коментираат. За нив е важно само да се обезбедат средствата.
Валентина Ангеловска
Dnevnik
|
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#50 Posted: 08-Apr-2008 at 17:19 |
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#51 Posted: 08-Apr-2008 at 00:42 |
Ах бре државо, абе до кога?! Абе незнам дали да плачам, дали да се смеам! Абе бољи да ги украдеа, барем ќе растеа некаде, вака....!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#52 Posted: 08-Apr-2008 at 00:40 |
ПОШУМЕНИТЕ ПОВРШИНИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ СТАНАА ГОЛИ ЛЕДИНИ |
 Плус тоа паѓа во вода оптимизмот од текстот во пост #3 Да се надеваме дека е редок изолиран пример...
Edited by Cloverstack - 08-Apr-2008 at 00:41
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#53 Posted: 08-Apr-2008 at 00:39 |
 Si vikam kaj mi otide postot.....a shto e potragichno 5 minuti barav soodvetna nishka
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#54 Posted: 08-Apr-2008 at 00:21 |
Do koga....
ПОШУМЕНИТЕ ПОВРШИНИ ЗА ЕДЕН МЕСЕЦ СТАНАА ГОЛИ ЛЕДИНИ
Дрвцата ги снема пред да пркнат
Од пошумените десет хектари во Горна Матка се останати одвај дваесетина садници,но и тие брзо ќе бидат докусурени од кравите што вчера се гоштеваа на овој терен

Наместо дрвца што почнале да развиваат листови, во месноста Горна Матка кај Скопје, која беше пошумена пред нецел месец, вчера затекнавме триесетина крави како пасат на голиот терен. Од сопственикот на кравите ни глас, а од садниците ни трага. На десет хектари, колку што лани изгоре шума од оваа месност, годинава организирано беа посадени дрвца заради нејзино обновување. Сега се останати одвај дваесетина садници, од кои повеќето се зимзелени дрвца. Трагите низ браздите покажуваат дека дел од дрвцата се откопани со лопати, но поголем дел од нив изеле говедата на жителите на околните села. На само еден километар од пошумената површина е викенд-населбата Горна Матка, но таа е практично мртва во текот на неделата. Најблиското село е оддалечено неколку километри. Но, никој од селаните не сака да каже чии се говедата што пасат во пошумениот дел и кој ги краде садниците.По кривулестиот пат, кој води кон ловиштето „Јасен“, не сретнавме ниту еден автомобил, а за еден час, колку што се задржавме на пасиштето, не дојде ниту еден човек. Во меѓувреме, говедата, од кои повеќето беа без ушни маркички, ги докусурија и преостанатите садници.
КОНТРОЛИТЕ ТРААТ
Во Министерството за земјоделство немаат сознанија колку е успешна акцијата со пошумувањето зашто контролите се' уште не биле завршени. Увид на теренот вршеле Јавното претпријатие „Македонски шуми“, кое ја организира акцијата, и Шумската полиција.Се вршат контроли според случаен избор на површините. Не знаеме колку од садниците се зафатени зашто луѓето се' уште се на терен. Ако се утврди дека дел од површините оштетило месното население, ќе следуваат кривични постапки. Ако на самото место се најдат говеда, врз основа на ушните маркички ќе се утврди сопственикот и против него ќе се поднесе кривична пријава - изјавија во Министерството. Оттаму тврдат дека нивни луѓе последен пат биле во Горна Матка пред една недела и тогаш сите засадени дрвца биле на број. Целата засадена површина не може да се исконтролира бидејќи тоа би траело со месеци. Се прават контроли по случаен избор и се утврдува вистинската состојба - велат во ресорот.
НАДЛЕЖНИТЕ НЕ ГЛЕДААТ ПРОБЛЕМ
Во„Македонски шуми“објаснуваат дека според нивните информации, засега нема големи проблеми. - Ако се откријат крави што пасат во пошумено подрачје, сопствениците на говедата ќе ги утврдиме многу лесно, по што ќе следува судска постапка и штетата ќе се наплати - изјави Владимир Бахчовановски, директор на Јавното претпријатие. На Денот на дрвото, на 12 март, во земјава беа посадени 2.056.000 дрвца, колку што има жители во државава. Во масовната акција беа вклучени голем број граѓани. Акцијата ја поддржаа Владата, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, ЕУ и голем број други институции и организации. Целта беше да се обнови и да се збогати шумскиот фонд, кој лани беше погоден од голем број пожари. Според планот, акцијата треба да се повторува на секои 10 години. Според податоците од Министерството за земјоделство, Владата за набавка на садниците и за подготовка на почвата потрошила 73 милиони денари (1,2 милион евра).Парите се обезбедени од буџетот на Министерството, од Програмата за проширена репродукција на шумите. Садниците беа платени по просечна цена од 15 денари за едно дрвце. Од нив, 500.000 беа набавени преку јавен оглас, а остатокот од „Македонски шуми“ - соопштија од Министерството.
Валентина Ангеловска
|
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#55 Posted: 24-Mar-2008 at 23:07 |
Originally posted by La Linea
Има одделен дел од вестите за вакви слични вести - нешто како „занимливости“ ќе му дојде. Исто беше кога на CNN ја најавија Македонија како прва WiFi земја во светот - тоа е нешто бе луѓе
|
И тоа, после не гледат луѓето во друго светло...нели Македонската влада го користеше тоа дека Македонија е прво WiFi земја во светот?? Добро е
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#56 Posted: 24-Mar-2008 at 17:23 |
Има и „еко репорт“
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#57 Posted: 24-Mar-2008 at 17:10 |
Има одделен дел од вестите за вакви слични вести - нешто како „занимливости“ ќе му дојде. Исто беше кога на CNN ја најавија Македонија како прва WiFi земја во светот - тоа е нешто бе луѓе
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#58 Posted: 24-Mar-2008 at 01:11 |
Абе има голема разлика меѓу амерички си ен ен, и интернационалниот си ен ен на пример. На интернационалниот за нешто вакво би можеле да дудлаат и поопширно.
|
 |
dejan
Senior Member
Joined: 01-Sep-2007
Location: Australia
Online Status: Offline
Posts: 672
|
Quote Reply
#59 Posted: 24-Mar-2008 at 00:06 |
Originally posted by ProMKD
Абе што знам..тоа све зависи каква вести имало во тој ден. Пример ако имало бомбаш самоубиец кој убил 4 американски војници тој ден, денот на дрвото во МКД ќе беше меѓу неважните вести, и толку, отиде возот.. а ако беше спор ден со вестите можеби ќе не имаше едно 20-40 секунди. Вестите на запад така идат - многу не се секираат за странски земји. Попрвин даваат за локалната мачка што се заглавила у дрво отколку за 10 души да умрат у афганистан од бомба. Тоа ти е..
|
Баш така е, за тоа не ги ни гледам Австралските вести:\ Значи изгледа треба да се најдеме во добро време каде не се случува нешто посебно...сепак имаме луѓе по светот кој имат свој врски, ене Борис Трајанов, Симон Трпчески, Срѓан Керим...
|
 |
ProMKD
Senior Member
Joined: 25-Feb-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 244
|
Quote Reply
#60 Posted: 23-Mar-2008 at 19:09 |
Абе што знам..тоа све зависи каква вести имало во тој ден. Пример ако имало бомбаш самоубиец кој убил 4 американски војници тој ден, денот на дрвото во МКД ќе беше меѓу неважните вести, и толку, отиде возот.. а ако беше спор ден со вестите можеби ќе не имаше едно 20-40 секунди. Вестите на запад така идат - многу не се секираат за странски земји. Попрвин даваат за локалната мачка што се заглавила у дрво отколку за 10 души да умрат у афганистан од бомба. Тоа ти е..
|
 |