![]() |
![]() |
![]() |
Автопат Гостивар - Кичево |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345> |
Author | ||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Најблизок до трасата на пругата е Источниот коридор, кој исто така како пругата најпрвин поминува по долините на Лаковичка и Падалишка Река. Ама според документиве, тој коридор е отфрлен. Во случајов (опишаниот Централен коридор, подваријанта преку „Буково“) јасно е дека автопатот од Горна Бањица оди на југ кон Ѓоновица, и од таму се искачува на планината Буковик, па се спушта прилично стрмно во полукруг некаде од Свински Дол кон Букојчани. Еве направив обид да ја дешифрирам и вцртам опишаната траса. Но бидејќи не само што нема мапи на коридорите, туку и текстуалниот опис е оскуден и лош, ова е повеќе нагаѓање врз база на релјефот, отколку врз база на информациите. Изгледа дека во делот од Ѓоновица до тунелот кај Колибари нема воопшто други значајни тунели (или е некоја минимална должина), но дека голем процент од трасата би била на вијадукти и во засеци. Исто така делува дека спуштањето од Буковик кон котлината е прилично стрмно, можно е на секција од околу 2 километри да биде некој голем надолжен градиент, што ќе биде на граница на прифатливост за автопат. 1 ![]() 2 ![]() 3 ![]() Edited by Cloverstack - 11-Jan-2021 at 18:52 |
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Всушност целата планина помеѓу Кичевско и Гостиварско се нарекува Буковиќ. За грешки во студии и не треба толку да сме изненадени.
Јас како што сфаќам ќе ја следат рутата на железничката пруга. |
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
![]() Не знам каде е точното место, но верувам дека моменталниот пат поминува низ превој „Буково“, бидејќи го имам видено знакот/таблата. Освен ако се лажам, и всушност пишува „Плетвар“ или „Ѓавато“. ![]() Edited by гитардемон - 11-Jan-2021 at 16:59 |
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Тунел Колибари ќе биде долг околу 600-700 метри.
Ако е грешка, не е новинарска. Текстот е цитиран од официјален документ - Извештајот за стратегиска оцена на животната средина. |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
![]() |
||
The Wild Boy ![]() Senior Member ![]() Joined: 19-Jan-2020 Online Status: Offline Posts: 504 |
![]() ![]() |
|
Тунел Колибари ќе биде најдолг до сега што имало во Македонија, така? Мислам добро е што ја одбраа трасава или подобро би било по друга траса да оди автопатот? И дали на автопатот од Кичево до Гостивар ќе има други тунели планирано? Edited by The Wild Boy - 11-Jan-2021 at 13:09 |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
![]() Која е точната локација на ова Буково? |
||
![]() |
||
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
|
Буково и Бистрица се топоними кои ги има од Вардара па до Триглава (па до Шчечин и Владивосток). Има неколку Букова во државава, точно е името на превојов, јас се чудев кога го поминав прв пат (бидејќи ресенското Буково ми е попознато).
|
||
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Да, ама еве превој со такво име се спомнува и тука, меѓу Гостивар и Кичево, во подваријантите на централната траса. Едната подваријанта е со тунел кај Стража, а другата, како што изгледа одбраната, е преку Буково. Edited by Cloverstack - 11-Jan-2021 at 01:27 |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Превој Буково е највисоката точка на патот меѓу Ресен и Охрид. Меѓу селата Завој и Крушје.
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
Еве ја детално секцијата Букојчани - Кичево ![]() |
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
На нет сега можат да се најдат подетални документи за автопатов, особено за секцијата Букојчани - Кичево, ама некои работи стануваат појасни и за целиот автопат: http://roads.org.mk/UserFiles/files/ZivotnaSredina/2020/Buk_Kic/Studija_Bukojani_Kicevo.pdf">http://roads.org.mk/UserFiles/files/ZivotnaSredina/2020/Buk_Kic/Ne-tehnicko%20rezime_Bukojchani-Kichevo_NTS%20MK.pdf[/urlurl] http://roads.org.mk/UserFiles/files/ZivotnaSredina/2020/Buk_Kic/Studija_Bukojani_Kicevo.pdf http://www.roads.org.mk/UserFiles/files/ZivotnaSredina/2015_01_02_SEA%20Gostivar-Kicevo_objavena%20na%20jpdp%20web.pdf (последнава е од 2014, ама се однесува на целиот автопат) А знае ли некој каде е тој превој Буково, што се спомнува меѓу Гостивар и Кичево? ![]() АНАЛИЗА НА АЛТЕРНАТИВИ При изработката на проектната документација за автопатот од Гостиват до Кичево разгледувани се алтернативи на трасата. Разгледувани се три коридори и тоа: Источен коридор: по овој коридор трасата поминува источно од Гостивар и по должината на Лаковичка и Падалишка Река, се искачува на превојот Буковиќ, од каде како веројанта со тунел и без тунел преминува на Кичевската страна од Буковиќ. Поминувајчи помеѓу селат Долно и Горно Страгомишта, потоа помеѓу селата Колибари и Грешница и западно од селото Трапчин Дол се насочува кон западната страна на Кичево. Оценето е дека варијантата без тунел е технички поповолна. Централен коридор: Во почетокот трасата се поклопува со обиколницата предвидена со урбанистичкиот план на Гостивар од северната страна. Од пресекот со реката Вардар заобиколувајќи го Гостивар, односно Горна Бањица од западната страна, продолжува до Ѓоновица и се движи по стариот пат Гостивар-Кичево. Од Ѓоновица патот се одвојува во две подваријанти, од кои едната води преку превојот Буково, а другата преку превојот Стража. Варијантата преку превојот Буково се поклопува со источната варијанта речиси до Кичево. Варијантата од Ѓоновица преку превојот Стража оди по долината на Сретковска Река, го преминува превојот Стража со тунел и излегува во долината на Тајмишка Река, потоа по нејзината лева брегова линија оди до село Строгомирово, од каде како единствена варијанта продолжува до Кичево. Овој коридор е оценет како поволен за водење на трасата, особено за подваријантата што минува преку превојот Буково. Западен коридор: Овој коридор во почетокот на трасата во должина од 4 километри се поклопува со централниот коридор; потоа коридорот се поклопува со постојниот магистрален патен правец, следејќи го од неговата источна страна, поминувајќи западно од селото Церово, потоа источно од Сретково и со тунел под превојот Стража преминува во долината на Тајмишка Река продолжувајќи према Кичево. Овој коридор е испресечен со бројни реки и суводолици и од технички и изведбен аспект е оценет како неповолен. Проектантите утврдиле дека централниот коридор е најповолен за водење на трасата од аспект на техничка изводливост на изградбата. Во рамките на централниот коридор е утврдена најповолната траса, односно подваријантата која води преку превојот Буково. Врз основа на оваа избрана алтернатива е изработен Главен проект (според постојната законска регулатива тоа е еквивалент ха основен проект). |
||
![]() |
||
my Macedonia ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 09-Oct-2008 Location: 🇲🇰🇨🇭 Online Status: Offline Posts: 4094 |
![]() ![]() |
|
Официално не постои, но кај луѓето се нарекува малиот и големиот Строгомиште
![]() |
||
![]() |
||
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
|
Во каква-таква држава со унитарен карактер, медиуми си тераат кампања со бришење македонски топоними. Село „Мало Драгомиште“ не постои, туку само Горно и Долно Строгомиште.
|
||
![]() |
||
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
|
На видеото се гледа каде ќе поминува трасата на една секција од околу 4 km кај Зајас. 1 ![]() 2 ![]() 3 ![]() |
||
![]() |
||
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
|
Глупости мештански, типично! Screw them, терајте со проектот!
Башка се искажани некакви апсурдни реченеци како на пример: "....се изградени нови куќи, во кои главно живеат печалбарите." Печалбари се, не живеат во куќите кои ги градат зато не се дома. |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Мало Драгомиште ќе се подели на две! – Мештаните против проектот за автопат Кичево-Букојчани
Преку ова место ќе се гради автопатот Кичево-Букојчани кон Гостивар, кој пак се поврзува со Коридорот 8. Според проектот, автопатот ќе поминува преку селото Мало Драгомиште, поради што селото ќе биде поделено на два дела. Освен што ќе поминува близу куќите, мостот кој се очекува да биде изграден ќе поминува низ гробиштата и над дворовите на некои жители. Во населбата каде ќе поминува автопатот се изградени нови куќи, во кои главно живеат печалбарите. Дел од нив се против, бидејќи како што велат, автопатот ќе стане пречка за локалните мештани. „Ние сме против проектот – автопатот да поминува низ селото бидејќи целото село ќе биде уништено, ќе има големи последици, селото ќе биде поделено надве, влезот на селото ќе биде уништен, квалитетот на животот во селото ќе биде нарушен, ќе се затвори главниот пат кој води до Централното училиште „Реџ Рушит Зајази“, до Полициска станица, Железничка станица, Поштата, Амбулантата итн“, вели Арсим Зибери. Директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми, вели дека проектот е во фаза која не може да претрпува измени. Како што вели средствата за овој автопат се обезбедени од Европската банка за развој, додавајќи дека биле во контакт со општината и жителите во врска со овој проект. „За проектот кој е финансиран од Европската банка за обнова и развој, ние бевме во разговори за обезбедување средствата и сега е во фаза кога треба да имаме јавен увид на еколошкиот проект и на проектот во тој дел. Кога започна трасата, имаше дадено мислења од надлежните институции за тоа каде треба да поминува. Бев во контакт со градоначалникот на општината, како и со жителите на селото“, посочи Ејуп Рустеми. Но, Арсим го вели спротивното. Уверува дека не бил запознаен, а ниту консултиран од никого во врска со ова прашање. „Ние немаме никаква информација. Побаравме од градоначалникот на селото да ни каже, но ни рекоа дека е идеен проект и не ни дадоа никаква информација“, порача Арсим Зибери. Мештаните се мобилизираа и почнаа да собираат потписи против изградбата на овој автопат, а до денес успеаја да соберат над 2.000. И кичевскиот муфтија исто така побара да се стопира изградбата на автопатот кој поминува низ селските гробишта. https://mk.tv21.tv/malo-dragomishte-ke-se-podeli-na-dve-meshtanite-protiv-proektot-za-avtopat-kichevo-bukojchani/ |
||
![]() |
||
Realistic88 ![]() Newbie ![]() Joined: 24-Dec-2019 Location: Prilep Online Status: Offline Posts: 28 |
![]() ![]() |
|
Eve edna godina vetuvajne i na kraj sepak nishto, sega ostanuva da se cukneme vo glavata i da se molime deka vo 2021 neshto ke se smeni.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Проектот за првата фаза од автопатот Гостивар – Кичево е при крај, догодина тендер и почеток на градба
Изработката на проектната документација за изградба на првата фаза од автопатот Гостивар – Кичево е при крај и се очекува да биде целосно завршена во првата половина на 2021 година, информираат за „Мета.мк“ од Јавното претпријатие за државни патишта. Станува збор за идната автопатска делница од селото Букојчани до Кичево, во должина од 12,7 километри. Од ова претпријатие информираат дека проектната документација се подготвува според барањата на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), од каде ќе биде земен кредит од околу 70 милиони евра како надополнување на добиените неповратни средства од 20 милиони евра преку ВБИФ Инструментот на Европската Унија. За првата фаза во вредност од околу 90 милиони евра во текот на месецов ќе биде објавена Студијата за оценка на влијанието врз животната средина и социјалните аспекти, која ќе ѝ биде достапна на јавноста 120 дена. „Во тој период, паралелно ќе тече рокот за одобрување на студијата и според националното законодавство. По тој период, ќе следи финално одобрување на целокупната техничка документација и добивање на одобрение за градење“, информираат од ЈП за државни патишта. Тие потенцираат дека тендерот за изградба на автопатската делница од Букојчани до Кичево треба да се објави кон средината на 2021 година. „Се очекува почеток на градбата до крај на 2021 година. За оваа делница очекуван рок за завршување на работите е 36 месеци“, велат од ова претпријатие. За преостанатите две фази од автопатот Гостивар – Кичево, проектирањето не е започнато, но начелно се обезбедени 2 милиони евра за изработка на основен проект за делницата Гостивар – Горна Ѓоновица и за идеен проект за делницата Горна Ѓоновица-Букојчани. Средствата ќе бидат достапни преку т.н. Заеднички фонд на ЕБОР, додека објавата за избор на проектант ќе биде во текот на 2021 година. Автопатот Кичево – Гостивар ќе биде долг 42 километри, а ќе се гради во три фази. Со неговата изградба, патниот Коридор 8 кон Албанија речиси би се комплетирал во целост, со исклучок на делот од охридското село Требеништа до граничниот премин Ќафасан. Автопатот е важен и за развојот на туризмот во охридско-струшкиот регион. За висината на финансиските средства што ќе бидат потребни за неговата изградба е прерано да се зборува, бидејќи проектната документација за делот од Гостивар до Букојчани сѐ уште не е изработена во целост. https://meta.mk/proektot-za-prvata-faza-od-avtopatot-gostivar-kichevo-e-pri-kraj-dogodina-tender-i-pochetok-na-gradba |
||
![]() |
||
Marxentric ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 27-Apr-2020 Location: Paionia Online Status: Offline Posts: 334 |
![]() ![]() |
|
Си запињаа тие, ама на крај ниту изградија автопат до Блато, ниту пак ќе изградат некогаш. Целата работа беше воглавно политичка, а неиздржана економски и стратешки. Сепак коридорот 8 останува кај Ќафасан, а ние треба нашата работа да си ја завршиме и до секоја граница да има барем по еден автопат, па тие ако сакаат и по козји патеки нека возат. Кога се влегува во една земја, прво нешто што паѓа во очи и кажува за таа земја е патот.
|
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |