Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#41 Posted: 30-Apr-2009 at 12:06 |
Се преместуваат кабли на Детелинката
Кога ќе заврши
преместувањето на подземната инсталација, ќе почне завршната фаза од
изградбата на клучката, со асфалтирање и поставување рабници
Изградбата
на клучката во форма на детелинка на Бит-пазар десетина дена е во
застој, бидејќи ЕВН врши дислокација на подземни електрични кабли.
Градските власти велат дека наскоро треба да заврши дислокацијата на
подземната инсталација, по што екипите на ГП "Гранит" ќе почнат со
завршната фаза од изградбата на рабници за клучката. "Освен
рабниците, ќе почне и подготовката за асфлатирање на потегот, односно
ќе се гребе стариот асфалт и ќе се постави нов слој. Градежните
активности на Детелинката на Бит-пазар ги правиме во координација со
сообраќајната полиција, која дневно го утврдува времениот сообраќаен
режим и поставува соодветна сигнализација", велат од Градот. Изградбата
на Детелинката почна лани во ноември, и тогаш градските власти најавија
дека ќе биде готова за четири месеци. Овој рок одамна е поминат, а сега
од Градот не кажуваат кога очекуваат да завршат градежните работи. Со
проектот за изградба на клучката Детелинка е предвидено да се
реконструира натпатникот на Бит-пазар и да се изградат четири
сообраќајни прстени, по кои сообраќајот ќе се одвива по системот вртење
вдесно. Тоа ќе овозможи семафорите целосно да се исфрлат од употреба.
За реализација на проектот во буџетот на Градот беа предвидени 40
милиони денари.
http://www.vest.com.mk/?ItemID=DC76742DB9357F4487F4795BE31AFFAF |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#42 Posted: 23-Apr-2009 at 00:02 |
Добредошол
Поминав мислам завчера, но не можам да ти одговорам затоа што таму навистина тешко може да се направи дистинкција помеѓу работење и застој... и периодите кога „работат“ изгледаат како да не се работи. Всушности резултатите зборуваат сами по себе. Станува збор за минијатурен зафат во секој поглед, за кој великодушно си дадоа рок од 120 дена, веќе го погазија за 2 дополнителни месеци, а крајот уште не е на повидок.
|
 |
gko
Newbiе
Joined: 21-Apr-2009
Online Status: Offline
Posts: 0
|
Quote Reply
#43 Posted: 22-Apr-2009 at 22:52 |
Да не знае некој дали се работи на клучкава, или се чека уште ЕВН?
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#44 Posted: 15-Apr-2009 at 00:28 |
Застој во изградбата на „детелинката“ на Бит-пазар

ЕВН треба да ги премести подземните кабли на четвртиот крак кон т.н. пластичарска улица
Градот Скопје и ЕВН си ја префрлаат одговорноста за застојот во
изградбата на дел од клучката кај Бит-пазар. На еден од четирите краци,
на таканаречената пластичарска улица, моментно се чека преместување на
подземните кабли на ЕВН, поради што веќе некое време не се одвиваат
градежните работи.
Во Градот велат дека целосната
документација одамна е испратена до компанијата, од која се чека да
излезе на терен и да потврди каде ќе бидат преместени каблите.
Неколкупати биле и писмено предупредени, но засега нема одговор. Поради
неажурноста на ЕВН, изградбата на сите четири страни на клучката не
тече со ист интензитет, поради што веројатно ќе биде одложено и
конечното асфалтирање, велат во Градот. Откако ЕВН ќе реши каде ќе одат
подземните инсталации, ќе треба да помине уште еден месец до конечното
завршување на објектот.
Во ЕВН, пак, велат дека вината за
застојот е во Градот, од каде што не била прецизно утврдена локацијата
каде би се поставиле подземните водови. Поради тоа, била побарана
дополнителна документација со прецизирање дали каблите на ЕВН ќе бидат
под сообраќајницата или под тротоарите. Градот, велат во ЕВН, се' уште
не одговорил, иако од компанијата инсистирале нивните подземни
инсталации да се наоѓаат на локација до која, при дефект, може лесно се
пристапи.
Во меѓувреме се одвиваат градежните работи на три
крака на клучката. Моментно се гребе стариот асфалт, а завршените
позиции хортикултурно се уредуваат. Наскоро ќе биде поставено и
уличното осветление.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=04DB7CF9DBE9C345BAF77999B29C7E59 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#45 Posted: 09-Mar-2009 at 02:55 |
Изградбата на „Детелинка“ според планот

Според надлежните служби на Град Скопје, изградбата на клучката „Детелинка“ кај Бит-пазар се одвива според предвидената динамика.
На сите четири краци на детелинката во делниците што не зависат од
одвивањето на сообраќајот завршени се земјените работи, теренот е
тампониран, подземните инсталации се целосно преместени, а се поставува
и нова хидрантска мрежа за наводнување на зеленилото.
Од
Градот информираат дека се во постојани контакти со сообраќајната
полиција околу регулирањето на сообраќајниот режим и дека веднаш штом
ќе ја добијат дозвола, ќе се спроведе забраната за сообраќај, а
изградбата на „Детелинката“ ќе помине во завршна фаза. По изградбата на
клучката „Детелинка“, планирана е и обнова на надвозникот на Бит-пазар,
за што во тек е јавен конкурс за избор на стручна организација која ќе
изврши комплетен преглед на мостот, ќе ги утврди оштетувањата и ќе
понуди решение за негова целосна санација.
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=159D2EEDC0A2CA45B52196D392B368F1 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#46 Posted: 06-Mar-2009 at 15:36 |
Подземните инсталации ја закочија изградбата на клучката кај Бит-пазар |
Подземните
инсталации на компанијата ЕВН и на „Македонски пошти“ ја кочат
изградбата на клучката „Детелинка“ кај Бит-пазар, соопштуваат од
градот. Оттаму велат дека очекуваат во најскоро време екипите овие две
фирми да излезат на терен и да поместат електричен кабел со висок
напон, како и телефонски кабли, за да може непречено и безбедно да
продолжи изградбата.
- Завршени се земјените работи на сите
четири краци што треба да ја оформат детелинката во делниците каде што
сообраќајот не е пречка. Теренот е тампониран, поголемиот дел подземни
инсталации се преместени, а поставени се и нови рабници. За наводнување
на зеленилото се поставува и нова хидрантска мрежа - објаснуваат од
градската управа.
Тие велат дека по изградбата на клучката ќе
се обнови и натпатникот кај Бит-пазар, кој се наоѓа во лоша состојба,
како и дека во тек е јавен конкурс за избор на стручна организација,
која ќе изврши комплетен преглед на мостот, ќе ги утврди неговите
оштетувања, а потоа ќе понуди целосно решение за неговата санација.
Според надлежните од градот, ќе се распише и конкурс за избор за
најповолен изведувач на градежните работи на натпатникот кај Бит-пазар.
Од градот најавуваат дека денеска ќе се сретнат со изведувачите
од фирмата „Гранит“ и со претставници од сообраќајната полиција за да
се договорат деталите за сообраќајниот режим кога изградбата на
клучката ќе навлезе во зоните каде што постојано поминуваат возила. Со
тоа, како што велат тие, кога ќе ја добијат дозволата од сообраќајната
полиција ќе се спроведе забраната за сообраќајот, а изградбата на
„Детелинката“ ќе премине во завршна фаза. Оттаму додаваат дека
граѓаните ќе бидат навреме известени за промените во сообраќајот на
потегот кон Бит-пазар.
Градоначалникот Трифун Костовски при една
посета на градилиштето најави дека до крајот на минатата година ќе биде
готова изградбата на клучката „Детелинка“, која ќе се одвива по
системот на вртење надесно и со тоа ќе се овозможи семафорите целосно
да се исфрлат од употреба. Идејното решение за овој проект го изработил
градот, изведувач е градежната фирма „Гранит“, а за изградбата се
обезбедени 40 милиони денари. Најголем проблем со кој се соочувале
работниците при копањето се подземните инсталации, бидејќи не постои
подземен катастар, па цевките и каблите морале да се поместуваат, за
што биле потрошени дополнително време и пари. |
http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=334&ArticleID=19632 |
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#47 Posted: 04-Mar-2009 at 05:22 |
Подземни инсталации ги закочија работите на детелинката „Бит-пазар“

Градот и „Гранит“ ги чекаат ЕВН и „Македонска пошта“ да ги дислоцираат каблите
Подземни инсталации на ЕВН и на „Македонска пошта“ ја запреа изградбата на детелинката „Бит-пазар“ на две локации. Градските власти и изведувачот „Гранит“ ги чекаат компаниите да ги обезбедат и дислоцираат своите кабли, кај пластичарите, односно под подвозникот. До нив веќе биле упатени и неколку усни и писмени апели побрзо да ја завршат работата за да може да продолжат градежните работи. Доколку се дислоцираат подземните инсталации од трасата, клучката „Бит-пазар“ во употреба може да биде ставена за најмногу еден месец, велат во Градот. За изградба на клучката, Градот Скопје одвои 40 милиони денари.
Во меѓувреме, екипите на „Гранит“, со оглед на временските услови можат да работат бетонски работи, како и поставување на рабници, а асфалтирањето ќе почне кога ќе се вклучи асфалтната база. Во Градот најавуваат и промена на неколку сообраќајни режими на сообраќајниците, за кои, по претходно одобрение од Министерството за внатрешни работи, граѓаните ќе бидат дополнително информирани.
Во Градот велат дека по завршувањето на детелинката „Бит-пазар“, на овие сообраќајници веќе нема да има метеж. Со изградба на детелинката целосно ќе се реконструира натпатникот кај Бит-пазар, по кој во иднина сообраќајот ќе се одвива по системот вртење само вдесно. Семафорите ќе бидат извадени, бидејќи нема да има потреба од вртење влево и вкрстување на сообраќај во спротивни правци. (С.Н.)
|
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#48 Posted: 18-Feb-2009 at 01:06 |
Па мислев на 3 со 3 и една средишна, но кога веќе се отиде на вакво решение тогаш ок! Јас дадов хипотетички решение.
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#49 Posted: 18-Feb-2009 at 00:51 |
Зошто па сега 7? Дијамантов ионака оди во историја. А со надвозников ќе живееме уште долго време.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#50 Posted: 18-Feb-2009 at 00:43 |
Да деее, не ја сметав онаа лента расцепканата за свртување лево! Во тој случај изгледа не сум во право пошто ќе треба или да се направи единечен со 7 ленти, или пак раскрсниците да се поместат после надвозникот, што пак значи дополнителни средства и рушење околи објекти!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#51 Posted: 18-Feb-2009 at 00:39 |
 Постоечкиов има 5 ленти, не 4 (непарен број на ленти е честа работа кај надвозници за дијамантски клучки)
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#52 Posted: 18-Feb-2009 at 00:21 |
Па овдека ако се иде на нов надвозик некогаш во иднина јас би идел со опција два паралелни надвозника, нешто слично на мостот близнак или гоце делчев. Исто така и треба да се иде на 3 со 3 ленти пошто цветан димов кога тогаш ќе стане булавер, а овој надвозник со 4 ленти ќе остане некој вид на тесно грло и покрај тоа што десните ленти ќе бидат наменети за свртување сепак поради гужвата ќе се вози и по десна лента! А од друга страна па 2 со 2 ленти на некој начин ќе го штити пристапот на оние кои свртуваат и на оние кои се одвојуваат од булеварот па ќе им обезбедува сигурен пристап на оние кои се вклучуваат на булеварот!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#53 Posted: 17-Feb-2009 at 18:57 |
Originally posted by mitatos
pa toj most ,ili nadvoznik da go nareceme e mnogu star, ne deka ne e dobar ili stabilen , no koga se gradi nova klucka sega zosto da ostavime star most |
Надвозникот реално е убедливо најскап дел од клучкава, а тоа е и воопшто правило за секоја клучка - премостувањата се најскапиот дел. Она што се работи е буквално минорен зафат во споредба со изградба на нов надвозник. Но тоа не значи дека сум против изградба на нов надвозник доколку има реална потреба од тоа. Ама дури и во случај да има потреба и финансиите да не беа проблем, има друг огромен проблем - во конкретниов случај за да се гради нов надвозник прво стариот ќе мора да се урне, што значи долгорочно затварање на овој многу важен сообраќаен јазол. Доколку имаше адекватни алтернативи за сообраќајот, тоа ќе беше изводливо (тунелот под кале и врската со Булевар Климент Охридски, Булевар Хрватска, оформен Северен Булевар со поголем капацитет и слично...). Но во ваква ситуација кога исклучиво овој надвозник опслужува така голем дел од сообраќајот за не баш мал дел од градот, не можеме ни да помислиме да превземеме нешто порадикално со надвозникот. Едноставно тој мора да остане континуирано во функција. Тоа истото за жал се однесува и на други круцијални проекти низ градов кои ќе бидат ѓаволско тешки за реализација затоа што чекаме да се натрупаат проблемите, а после кога ќе дојде нож до коска да мора да затвараме за собраќај клучни места без вистински алтернативи за пренасочување.
Edited by Cloverstack - 17-Feb-2009 at 19:00
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#54 Posted: 17-Feb-2009 at 18:44 |
pa toj most ,ili nadvoznik da go nareceme e mnogu star, ne deka ne e dobar ili stabilen , no koga se gradi nova klucka sega zosto da ostavime star most, no so telefon ne ispagaat ubavo slikite ali kako i da e  aj utre ke napravam nekolku
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#55 Posted: 17-Feb-2009 at 15:26 |
Originally posted by mitatos
ako ne go menuvaat mostot kluckava ne vredi nisto, a za toa deka e 90 % gotova e cisto laga od sigurni izvori posto pominuvam sekoj den od tuka.
|
Клучка со вакви димензии на некои клучни делови секако не вреди ништо  Инаку не знам што подразбираш под менување на мостот. Нов надвозник сигурно нема да градат, ама мислам се подразбира и беше најавено дека сегашниов ќе го поправат. Каков ќе биде обемот и квалитетот на реконструкцијата е веќе друго прашање...
|
 |
zabegan
Senior Member
Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
|
Quote Reply
#56 Posted: 17-Feb-2009 at 15:16 |
Originally posted by mitatos
ako ne go menuvaat mostot kluckava ne vredi nisto, a za toa deka e 90 % gotova e cisto laga od sigurni izvori posto pominuvam sekoj den od tuka.
|
не бе нема врска, проблемот се решава со четири смешни лачиња, чија изградба трае енормно долго време  а инаку се согласувам со вардар, сликни нешто
|
 |
vardar
Senior Member
Joined: 03-Mar-2008
Online Status: Offline
Posts: 1106
|
Quote Reply
#57 Posted: 17-Feb-2009 at 12:47 |
ај штом поминуваш секој ден пушти две-три слики, вака без докази незнам на кого да верувам 
Edited by vardar - 17-Feb-2009 at 12:48
|
 |
mitatos
Senior Member
Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
|
Quote Reply
#58 Posted: 17-Feb-2009 at 12:25 |
ako ne go menuvaat mostot kluckava ne vredi nisto, a za toa deka e 90 % gotova e cisto laga  od sigurni izvori posto pominuvam sekoj den od tuka.
|
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#59 Posted: 17-Feb-2009 at 08:14 |
Изградбата на Детелинка ќе заврши до изборите
Градските власти апелираат до граѓаните да го почитуваат воспоставениот привремен режим на движење со цел да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот и да се заштити безбедноста на сите учесници во него
Изградбата на клучката "Детелинка" кај Бит-пазар викендов почна со засилено темпо. Според Коста Зекмановски, надлежен за надзор на изградбата, досега се завршени 90 проценти од градежните работи кои можат да се вршат без застои во сообраќајот и во моментов се подготвуваат услови за воведување на нов, привремен сообраќаен режим. - Досега беше полесно бидејќи се работеше надвор од коловозите. Но, сега почнуваме со трасирање и со подготовка за асфалтирање на коловозите кои ќе минуваат во делот на сообраќајниците околу надвозникот. За таа цел добиено е одобрение за поставување посебен сообраќаен режим со кој фазно ќе се регулира соообраќајот, во зависност од тоа како ќе се изведуваат работите на коловозите. Изведувачот за секоја фаза ќе постави соодветна сигнализација, а за регулирањето на сообраќајот побарана е асистенција и од сообраќајната полиција. Утре ќе имаме состанок на кој ќе прецизираме кога ќе стартуваме, рече Зекмановски. Тој најави дека ако градежните работи се реализираат според предвидената динамика, изградбата ќе заврши до крајот на март.
Крстосницата на Бит Пазар, која претставува едно од најтесните сообраќајни грла во градов, ќе се трансформира во модерна клучка во форма на детелинка. Проектот предвидува изградба на четири сообраќајни приклучни правци во облик на прстени по кои сообраќајот ќе се одвива по системот вртење надесно, при што семафорите целосно ќе се исфрлат од употреба. За клучката Градот подготви идејно решение и обезбеди 35 милиони денари, а градежните работи ги изведува фирмата Гранит.
Градските власти апелираат до граѓаните да го почитуваат воспоставениот привремен режим на движење со цел да се овозможи непречено одвивање на сообраќајот и да се заштити безбедноста на сите учесници во него.
|
 |
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#60 Posted: 16-Feb-2009 at 12:25 |
Клучката кај Бит-пазар влезе во втората фаза |
|
|
|
|
Коловозите околу надвозникот кај Бит-пазар ќе се подготвуваат за асфалтирање, со што почнува втората фаза од изградбата на клучката „Детелинка“, соопштуваат од градот. Оттаму велат дека поради градежните работи што ги изведува фирмата „Гранит“, во зоната на клучката ќе има посебен сообраќаен режим, со кој фазно ќе се регулира сообраќајот.
- Ќе се работи на трасирањето на коловозите, па затоа апелираме до граѓаните да се придржуваат кон новата сигнализација, заради поголема безбедност и непречено одвивање на градежните работи. Досега се работеше на зелените површини, се правеа полукружните лакови за клучката, но сега ќе почне асфалтирањето на коловозите. Како што ќе се изведува одреден дел, така ќе се поставува и соодветна сигнализација. Работите ќе се одвиваат фазно, а во регулирањето на сообраќајот ќе асистира и полицијата - објаснуваат од градската управа.
Од градот најавија дека клучката треба да биде готова до крајот на минатата година, но работите се одложиле поради лошите временски услови и проблемите со подземната инсталација. Со реконструкцијата на клучката, таа треба да добие форма на сообраќајна детелинка и да овозможи возилата да се движат без употреба на семафорите. Изградбата на клучката „Детелинка“ ќе чини 40 милиони денари, пари што се обезбедени од градскиот буџет.
|
|
 |