![]() |
![]() |
![]() |
ЗСФ КОМ |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 42> |
Author | ||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
![]() ![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=872365844417136&set=pcb.872365887750465 |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Оризари Резиденс
![]() ![]() ![]() https://reklama5.mk/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
beTon ![]() Senior Member ![]() Joined: 25-Jun-2008 Online Status: Offline Posts: 3893 |
![]() ![]() |
|
СтефчоЈ изгледа оит со Точак на работа та логично очекуе и Болните ако не станарите да го следат неговио пример!?
хм, паркинг проблем, ноу нидс фор паник, само треба владата да кофинансира некоја микросам алајк паркинг иновејшн фирма, при МФС идеално!, за да може и за Комбина за Комиблокои да извадат урнек ... http://www.build.mk/forum/forum_posts.asp?TID=1186&KW=parking&PID=228677#228677 |
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
17-КАТНИЦАТА КАЈ ВОЕНА БОЛНИЦА МОЖЕ ДА СЕ ГРАДИ, ДИРЕКТОРОТ НА КОНЗЕРВАТОРСКИ ЦЕНТАР ВЕЛИ ДОЗНАЈТЕ САМИ ЗОШТО ДАДОВ ПОЗИТИВНО МИСЛЕЊЕ
Зградата на 17 ката во заштитеното подрачје кај Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ може да се гради, откако вчера Конзерваторскиот центар дал позитивно мислење. Оваа парцела се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашната ГОБ „8 Септември“, која има статус на споменик на архитектонско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. Според Законот за заштита на културно наследство, за да може да се гради каков било објект и да се добие градежна дозвола од Општина Карпош, урбанистичкиот проект треба да го одобри Конзерваторскиот центар. САКАМДАКАЖАМ.МК документите за оваа спорна градба ги доби со пријава на алатката Пријави корупција. Исто така, во соседството на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје не смее да има големи и високи објекти оти станува збор за болнички комплекс и нема да може да слетуваат хеликоптери. На просторот кај поранешна Воена болница има простор за слетување на воздухоплови во итни медицински случаи, и ако се изгради планираната зграда на 17 ката која е во непосредна близина на болницата, тие нема да може безбедно да слетуваат и полетуваат. И покрај таквите законски одредби и фактот дека станува збор за болнички комплекс, потпишано е позитивно мислење и со тоа сега Општина Карпош може да издаде градежна дозвола и зградата да се гради. Директорот на Конзерваторски центар Константин Димитровски не сакаше да одговори на прашањето на САКАМДАКАЖАМ.МК врз основа на што е дозволено да се гради огромна зграда со деловен простор во болнички комплекс. „Издадено е позитивно мислење врз основа на агрументи. Кои се аргументите во моментов не можам да ви кажам, на состанок сум. Бидејќи велите дека станува збор за јавен документ, земете го од Општина Карпош како што го земавте документот со имињата на членови на Комисијата за урбанизам и видете кои се аргументите“, ни одговори директорот Димитровски. Димитровски е член на Комисијата за урбанизам на Општина Карпош која го одобрува урбанистичкиот проект за изградба на зградата. Тој зема паричен надоместок од Општина Карпош како член на Комисијата и тој веќе дал одобрение за урбанистичкиот проект за 17-катницата среде болнички комплекс, со 420 станови, во кои ќе живеат 2.000 жители и ќе има фрекфенција од најмалку нови 1.000 возила. ![]() Воена болница, меѓу другото, е одредена како Единица за прва реакција за силите на НАТО во Косово со оглед на тоа што во кругот на болницата има терен за итни медицински случаи, а во кругот е и поранешниот Воено-медицински центар што сега го користи Министерството за одбрана. Со оглед на тоа дека земјава сега е членка на НАТО, од Министерството за одбрана пред две недели ни одговорија дека за овој случај се вршат дополнителни консултации. „Во 2015 година до Министерството за одбрана е поднесено барање за согласност на урбанистичкиот план со кој на посочената локација е предвидена изградба на висококатница од 28 ката со подземни простории. Министерството во 2015 година издало согласност за оваа градба. Во октомври 2023 година, доставено е барање за согласност со услови за градба од аспект на безбедност во воздушниот сообраќај за објект станбена зграда на улица Никола Русински. Со оглед на тоа што безбедноста на воздушниот сообраќај не е во исклучива надлежност на Министерството за одбрана, во тек се дополнителни меѓуинституционални консултации“, ни одговорија тогаш од Министерството. Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт 3 05 е донесен во 2013, во претходниот мандат на градоначалникот Стевчо Јакимовски. Во него на две катастарски парцели е вцртана една градежна парцела со број 6.1, на која е предвиден објект со намена А2 – домување во станбени згради, со приземје, 26 ката и поткровје и висина од 88 метри. Инвеститори на парцелата 6.1 за изградба на спорната зграда се „ЗСФ КОМ ДООЕЛ“ и Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Делта 2015 Констракшн ДООЕЛ“. За градоначалникот на Општина Карпош Јакимовски нема ништо спорно тоа што среде болнички комплекс се гради огромна станбена зграда која ќе има и два ката деловни-комерцијални простории. „Смешно е тврдењето дека овој објект ќе ја загрозел поранешна Воена болница, а другите три што се уште поблиску не ја загрозуваат и имаат одобрение од Конзерваторски центар. Како може да постои болницата на Жан Митрев, Пет центарот и тоa брвнарата на Орце Камчев што наводно ќе била болница? Овој објект сега ја загрозува Воена болница што е одалечен 400 метри, а овие другиве три не“, ни изјави на 29 октомври градоначалникот Јакимовски. Откако му наведовме дека болниците во овој дел се високи колку и болницата „8 Септември“, а станбената зграда која ќе се гради е многу повисока односно има 17 ката, Јакимовски рече дека висината не треба да биде пречка за да се добијат потребните дозволи. https://sdk.mk/index.php/naslovna/17-katnitsata-kaj-voena-bolnitsa-mozhe-da-se-gradi-direktorot-na-konzervatorski-tsentar-veli-doznajte-sami-zoshto-dadov-pozitivno-mislene/? |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ОКОЛУ БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ НЕ СМЕЕ ДА ИМА ВИСОКИ И ГОЛЕМИ ОБЈЕКТИ ОТИ СЕ ПРЕПРЕКА ЗА БЕЗБЕДНО СЛЕТУВАЊЕ НА ХЕЛИКОПТЕРИ ЗА ИТНИ СЛУЧАИ
![]() Во соседството на Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ во Скопје не смее да има големи и високи објекти оти нема да може да слетуваат хеликоптери, велат за САКАМДАКАЖАМ.МК од Агенцијата за цивилно воздухопловство. На просторот кај поранешна Воена болница има простор за слетување на воздухоплови во итни медицински случаи, и ако се изгради планираната зграда на 17 ката која е во непосредна близина на болницата, тие нема да може безбедно да слетуваат и полетуваат. САКАМДАКАЖАМ.МК информациите за спорното урбанистичко решение во општина Карпош ги доби во пријава на алатката Пријави корупција и независно ги верификуваше. „Од аспект на природата на болницата и евентуална потреба за специјализирани услови за воздухоплови во околината не треба да има објекти коишто претставуваат препрека за безбедно одвивање воздушен сообраќај“, велат од Агенцијата за цивилно воздухопловство. „Ние го контролираме цивилното воздухопловство и вакви специјални летови не се во наша надлежност. За нив не треба одобрувае, но ние даваме одобрување за терените кои можат безбедно да се користат за слетување и полетување. Иако не станува збор за класични хелиодроми, такви во Македонија нема, тука станува збор за погодни локации коишто се користат како терен за вертикално полетување и слетување на воздухоплови во специјализирани услови, како што се итни медицински случаи или за потребите на службите за трагање и спасување. Во секој случај, околината на потенцијални терени за слетување на водухоплови во итни случаи треба да биде зачувана и заштитена од државата“, велат од Агенцијата за цивилно воздухопловство. Од Агенцијата објаснуваат дека вакви итни летови во моментов изведуваат само воздухопловите на полицијата, военото воздухопловство и воздухопловствата на партнерските земји од НАТО, но во иднина може да се појави и специјализиран оператор за медицински летови, какви што има во другите држави, за што досега имало неколку најави од странство. Зградата која се планира да се гради е во болнички комплекс во скопската населба Карпош 3, каде што покрај болницата „8 Септември“ се наоѓа и поликлиниката Букурешт, седиштето на Брзата помош за Скопје, ПЕТ центарот и приватната болница „Жан Митрев“. Според урбанистичкиот проект, зградата ќе биде со два ката деловни објекти и 17 ката станбен дел. Ќе има 420 станови, околу 2.000 жители и дневна фрекфенција на дополнителни 1.000 возила. Покрај ова урбанистичко решение кое поминало во стручните служби на Општина Карпош, спорно е што оваа парцела се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашната ГОБ „8 Септември“, која има статус на архитектонско наследство од времето на брутализмот бидејќи остварува континуитет со архитектонскиот израз на високата Модерна и е заштитен објект како културно наследство. Поради тоа Конзерваторски центар не дава позитивно мислење за урбанистичкиот проект за станбената зграда, бидејќи според правилата за заштита на спомениците, околу не смее да има објекти кои со својата висина и габарит би го попречувале погледот кон објектот што се води како споменик на културата Воена болница. Но сепак, градоначалникот на Оштина Карпош Стевчо Јакимовски, месецов го одобрил урбанистичкиот проект, а службите во Општина Карпош непречено ја водат процедурата за издавање градежна дозвола. ГОБ „8 Септември“, е одредена како Единица за прва реакција (First Response Unit) за НАТО силите во Косово, кои во итни случаи би го користеле теренот на јужната страна за слетување на хеликоптери. Со донација на Европската команда на армијата на САД во 2013 година беше реновиран Ургентниот центар и придружни две операциони сали. Тој оддел уште при проектирањето за потребите на некогашната ЈНА е дизајниран како мобилна служба за брза помош при масовни несреќи и природни катастрофи. Во досегашната пракса во болницата повеќепати биле транспортирани повредени со хеликоптери, особено често на почетокот на 1990-тите кога во државава беа стационирани силите на Обединетите нации (УНПРОФОР). Најмасовен хеликоптерски медицински транспорт имало на 5 март 1993 година кога од Скопскиот аеродром, за помалку од еден час со хеликоптери на мисијата УНПРОФОР во болницата биле донесени 16 тешко повредени патници од авионската несреќа на „Палер Македонија“ што се случи веднаш по полетувањето. Повеќе пати на овој простор слетувале и хеликоптери на Американското воено воздухопловство што се стационирани во базата Бондстил во Косово. Летото 2019 беше изведен симулациски лет со полициски хеликоптер, за Агенцијата за цивилно воздухопловство да ги одобри координатите за воздушен пристап до болницата и теренот кој во случај на итност може да се користи за вертикално слетување и полетување. Болницата е изградена во рамки на обновата на постземјотресно Скопје. Пуштена е во употреба на 22 декември 1971 за потребите на тогашната ЈНА, за Скопската армиска област што се протегаше јужно од Ниш во Србија, сосе Косово и цела Македонија, при што половина од капацитетот бил резервиран за цивилно население. Од 2009 е дел од системот на јавното здравство, но според бројот на пациенти и стручната експертиза таа ја надминува дефиницијата за “градска болница“ бидејќи во неа се лекуваат пациенти од цела држава и од Косово. Во централната зграда која има 9 ката, сите болнички соби се сместени на јужната страна. Во иднина, тие би гледале кон чудовиштето од 17 ката. Баш на тоа земјиште што државата во 2015 го продала на приватен инвеститор за висококатница со станови за живеење, при проектирањето на болницата бил предвиден и просторот за хелиодром кој и сега се гледа видно означен на картите на Гугл. Армијата на Македонија денеска користи само една од зградите во северниот дел од комплексот чиј сопственик е Министерството за одбрана. Таму е сместен Воено медицинскиот центар на Армијата. Но, и покрај стратешкото безбедносно значење за државата, во 2015 година, за време на Владата на Никола Груевски, Министерството за одбрана дало зелено светло за Детален урбанистички план (ДУП) со кој се предвидува изградба, на 28-катна зграда во близина на болницата. САКАМДАКАЖАМ.МК праша во Министерството за одбрана дали и во која мера планиратата 17-катница со 2.000 жители ќе ги загрози стретешките и безбедносни интереси на земјава која за разлика од 2015, сега е членка на НАТО, со оглед дека Воена болница меѓу другото е одредена како Единица за прва реакција за НАТО силите во Косово и со оглед на тоа што во кругот на болницата има терен за итни медицински случаи, а во кругот е и поранешниот Воено-медицински центар што сега го користи Министерството за одбрана? Од Министерството за одбрана ни одговорија дека за овој случај се вршат дополнителни консултации. „Во 2015 година до Министерството за одбрана е поднесено барање за согласност на урбанистичкиот план со кој на посочената локација е предвидена изградба на висококатница од 28 ката со подземни простории. Министерството во 2015 година издало согласност за оваа градба. Во октомври 2023 година, доставено е барање за согласност со услови за градба од аспект на безбедност во воздушниот сообраќај за објект станбена зграда на улица Никола Русински. Со оглед на тоа што безбедноста на воздушниот сообраќај не е во исклучива надлежност на Министерството за одбрана, во тек се дополнителни меѓуинституционални консултации“, велат од Министерството. Инвеститори на парцелата 6.1 за изградба на спорната зграда се „ЗСФ КОМ ДООЕЛ“ и Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Делта 2015 Констракшн ДООЕЛ“ кој е и сопственик на парцелата. Деталниот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт 3 05 е донесен во 2013 во Општина Карпош, во претходниот мандат на градоначалникот Јакимовски. Во него на две катастарски парцели е вцртана една градежна парцела со број 6.1, на која е предвиден објект со намена А2 – домување во станбени згради, со приземје, 26 ката и поткровје и висина од 88 метри. Градоначалникот на Општина Карпош за САКАМДАКАЖАМ.МК изјави: „Смешно е тврдењето дека овој објект ќе ја загрозел поранешна Воена болница, а другите три што се уште поблиску не ја загрозуваат и имаат одобрение од Конзерваторски центар. Како може да постои болницата на Жан Митрев, Пет центарот и тоa брвнарата на Орце Камчев што наводно ќе била болница? Овој објект сега ја загрозува Воена болница што е одалечен 400 метри, а овие другиве три не“. Откако му наведовме дека болниците во овој дел се високи колку и „8 Септември“, а станбената зграда која ќе се гради е многу повисока односно има 17 ката, Јакимовски рече дека висината не треба да биде пречка за да се добијат потребните дозволи. https://sdk.mk/index.php/dopisna-mrezha/okolu-bolnitsata-8-septemvri-ne-smee-da-ima-visoki-i-golemi-objekti-oti-se-prepreka-za-bezbedno-sletuvane-na-helikopteri-za-itni-sluchai/ Edited by stef4o - 31-Oct-2023 at 18:31 |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
СМЕШНО Е ТВРДЕЊЕТО ДЕКА 17-КАТНИЦАТА ЈА ЗАГРОЗУВА ВОЕНА БОЛНИЦА, ВЕЛИ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ЈАКИМОВСКИ ЗА ЗГРАДАТА ЗА 2.000 ЖИТЕЛИ СРЕДЕ БОЛНИЧКИ КОМПЛЕКС
![]() Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски смета дека нема ништо спорно во изградбата на 17-катницата во болничкиот блок кај Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“. Тој вели дека е смешно тврдењето оти овој објект со две нивоа деловни објекти и 17 ката станбен дел со 419 станови ќе ја загрози болницата „8 Септември“. Оваа парцела се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашната ГОБ „8 Септември“, која има статус на споменик на архитектонско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. Поради тоа Конзерваторски центар не дава позитивно мислење за урбанистичкиот проект за зградата, но сепак, Јакимовски месецов го одобрил урбанистичкиот проект. Јакимовски смета дека одлуката на Конзерваторски центар е самоволие и најавува дека ќе се обрати до други повисоки институции во државата. „Никој не може самоволие да прави, а ова што се прави е самоволие. Смешно е тврдењето дека овој објект ќе ја загрозел поранешна Воена болница, а другите три што се уште поблиску не ја загрозуваат и имаат одобрение од Конзерваторски центар. Како може да постои болницата на Жан Митрев, Пет центарот и тоa брвнарата на Орце Камчев што наводно ќе била болница? Овој објект сега ја загрозува Воена болница што е одалечен 400 метри, а овие другиве три не“, ни изјави градоначалникот Јакимовски. Откако му наведовме дека болниците во овој дел се високи колку и болницата „8 Септември“, а станбената зграда која ќе се гради е многу повисока односно има 17 ката, Јакимовски рече дека висината не треба да биде пречка за да се добијат потребните дозволи. „Како тоа висината на зградата ја загрозува Воена болница? Како тогаш дозвола дале Министерство за одбрана и Агенција за цивилно воздухопловство? Тогаш и објектите од другата страна, кај базенот „Борис Трајковски“ што се предвидени да се градат ја загрозуваат бидејќи се уште поблиску. Како сината кула од другата страна на булеварот не ја загрозува. Ќе видиме како ќе се одвива оваа работа, не може така, има и други институции во државава“, рече Јакимовски. Инвеститори на парцелата 6.1 за изградба на спорната зграда се „ЗСФ КОМ ДООЕЛ“ и Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Делта 2015 Констракшн ДООЕЛ“. Иако сопственикот на парцелата, еден од инвеститорите – „Делта 2015 Констракшн ДООЕЛ“ – не добил позитивно конзерваторско одобрение кое требало да биде приложено со документите во Општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски месецов го одобрил урбанистичкиот проект, по што следи пресметка на комуналии и добивање на дозвола за градба. За овој објект Општината не смееела да издададе услови за градба за зграда од 17 ката. Прво, затоа што архитектонскиот проект предвидува 419 станови плус два спрата дуќани, што подразбира и околу 2.000 нови жители, но и повеќе од 1.000 нови возила, не само од жителите, туку и од вработените и посетители на дуќаните, во непосредна близина на болнички блок (две болници), поликлиника и седиштето на Брзата помош за цело Скопје. И второ, според правилата за заштита на спомениците, околу ГОБ „8 Септември“ не смее да има објекти кои со својата висина и габарит би го попречувале погледот кон зградата што се води како споменик на културата Воена болница. Според Законот за заштита на културно наследство, за да може да се гради каков било објект и да се добие градежна дозвола за овој дел, урбанистичкиот проект треба да го одобри Конзерваторскиот центар. Општината може да го потпише проекот и да даде градежна дозвола дури откако ќе биде одобрен од Конзерваторскиот центар. Деталениот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт 3 05 е донесен во 2013, во претходниот мандат на градоначалникот Јакимовски. Во него на две катастарски парцели е вцртана една градежна парцела со број 6.1, на која е предвиден објект со намена А2 – домување во станбени згради, со приземје, 26 ката и поткровје и висина од 88 метри. Имајќи ги предвид специјалнте услови од урбанистичкиот план, зграда со толку голем габарит не смеела ни да биде предвидена. Но, и покрај тоа, нашите извори велат дека службите во Општина Карпош непречено ја водат процедурата за издавање градежна дозвола. https://sdk.mk/index.php/naslovna/smeshno-e-tvrdeneto-deka-17-katnitsata-ja-zagrozuva-voena-bolnitsa-veli-gradonachalnikot-jakimovski-za-zgradata-za-2-000-zhiteli-srede-bolnichki-kompleks/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ул.”Новопланирана 1” бб, Општина Шуто Оризари
![]() ![]() ![]() ![]() https://360stepeni.mk/video-na-kurto-dudush-mu-nikna-divogradba-i-pred-opshtina-toj-e-ramnodushen/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
ЗГРАДАТА СО 17 КАТА КОЈА ТРЕБА ДА СЕ ГРАДИ КАЈ БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВА УСЛОВИТЕ ЗА ЛЕГАЛНА ГРАДЕЖНА ДОЗВОЛА, НО ОПШТИНА КАРПОШ ПРОДОЛЖУВА СО ПРОЦЕДУРИТЕ
![]() Зградата на 17 ката која треба да се гради во скопски Карпош, на просторот меѓу поликлиниката „Букурешт“ и Градската општа болница (ГОБ) „8 Септември“ зад приватната болница „Жан Митрев“, нема комплетна документација за да може да добие услови за градба со тој габарит, а потоа и легална градежна дозвола. Според пријавата што ја добивме на алатката Пријави корупција на САКАМДАКАЖАМ.МК, толку голема зграда не ги исполнува потребните услови и не добила позитивно конзерваторско мислење. Со тоа, Општина Карпош не смее да издаде градежна дозвола, а ако издаде тоа ќе биде спротивно на закон. САКАМДАКАЖАМ.МК независно ги верификуваше информациите од пријавата. Оваа парцела се наоѓа во заштитено подрачје на зградата-споменик Воена болница, сегашната ГОБ „8 Септември“, која има статус на споменик на архитектонско наследство од времето на брутализмот и е заштитен објект како културно наследство. ![]() Инвеститори на парцелата 6.1 за изградба на спорната зграда се „ЗСФ КОМ ДООЕЛ“ и Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Делта 2015 Констракшн ДООЕЛ“. Иако сопственикот на парцелата, еден од инвеститорите – „Делта 2015 Констракшн ДООЕЛ“ – не добил позитивно конзерваторско одобрение кое требало да биде приложено со документите во Општина Карпош, градоначалникот Стевчо Јакимовски месецов го одобрил урбанистичкиот проект, по што следи пресметка на комуналии и добивање на дозвола за градба. За овој објект Општината не смееела ни да издададе услови за градба за зграда од 17 ката. Прво, затоа што архитектонскиот проект предвидува 419 станови плус два спрата дуќани, што подразбира и околу 2.000 нови жители, но и повеќе од 1.000 нови возила, не само од жителите, туку и од вработените и посетители на дуќаните, во непосредна близина на болнички блок (две болници), поликлиника и седиштето на Брзата помош за цело Скопје. И второ, според правилата за заштита на спомениците, околу ГОБ „8 Септември“ не смее да има објекти кои со својата висина и габарит би го попречувале погледот кон зградата што се води како споменик на културата Воена болница. Според Законот за заштита на културно наследство, за да може да се гради каков било објект и да се добие градежна дозвола за овој дел, урбанистичкиот проект треба да го одобри Конзерваторскиот центар. Општината може да го потпише проекот и да даде градежна дозвола дури откако ќе биде одобрен од Конзерваторскиот центар. Деталениот урбанистички план (ДУП) за Градска четврт 3 05 е донесен во 2013, во претходниот мандат на градоначалникот Јакимовски. Во него на две катастарски парцели е вцртана една градежна парцела со број 6.1, на која е предвиден објект со намена А2 – домување во станбени згради, со приземје, 26 ката и поткровје и висина од 88 метри. Имајќи ги предвид специјалнте услови од урбанистичкиот план, зграда со толку голем габарит не смеела ни да биде предвидена. Но, и покрај тоа, нашите извори велат дека службите во Општина Карпош непречено ја водат процедурата за издавање градежна дозвола. https://sdk.mk/index.php/naslovna/zgradata-so-17-kata-koja-treba-da-se-gradi-kaj-bolnitsata-8-septemvri-ne-gi-ispolnuva-uslovite-za-legalna-gradezhna-dozvola-no-opshtina-karposh-prodolzhuva-so-protsedurite/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
skopskodete ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Feb-2017 Online Status: Offline Posts: 926 |
![]() ![]() |
|
Дива лига веќе станува градов, кај нема доволно паркинг-места и не функционира градскиот превоз, па капак на тоа се градат вакви огромни згради.
|
||
![]() |
||
Arh1 ![]() Newbiе ![]() Joined: 14-Oct-2023 Location: Male Online Status: Offline Posts: 3 |
![]() ![]() |
|
Za zitelite koi ziveat vo neposredna blizina na lokacijata ovaa 28 katnica, a sega 17 katnica na taa mala parcela e horor. Ovoj gabarit predviduva nad 400 stanbeni edinici, a toa znaci minumum 500 vozila , od koi 300 ke se parkiraat vo svoite podzemni garazi , a 200 vozila najverojatno ke se parkiraat po trotoari, ulici, na parking mestata na okolnite zgradi bidejki cenite za parking mesto se izednacija so cenite na polovni vozila. Vo okolinata na parcelata se stanbeni objekti koi se gradeni pred 1990 god. I istite se bez podzemni garazi, i togasnite planeri parking mestata gi predvidele pred i pozadi stanbenite zgradi. Vo momentot taa okolina kuburi i ima nedostatok na parking mesta , a kade ke se smestat ovie plus 200 vozila nikoj ne razmisluva. Cisto informativno pred 10-15 godini imase anketa dali da se vovede zonsko parkiranje vo ovaa zona i nie zitelite odgovorivme NE, solidarno, najdobronamerno ,za da ovozmozime slobodno dvizenje i bez trosok sekoj koj saka slobodno da si gi poseti prijatelite, rodninite, da sedne vo kafana vo Leptokarija, vo kafic na kafe. Taa beneficija od 200 den mesecno za obezbedeno parking mesto ja odbivme, a aktuelnite politicari, site do eden bez isklucok vetuvaa katni , podzemni garazi za toj reon i izlazaa, i namesto resavanje na problemite mafijaski, predizborno sobiraa donacii za svoite kampanji od gradezni firmi so vetuvanje vo slucaj na izbor ke odobrat 28 katnici, 17 katnici na svoite sponzori. Se nadevam deka ovoj monstrum nema da se izgradi.
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Staro Skopje ![]() Senior Member ![]() Joined: 07-May-2013 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2692 |
![]() ![]() |
|
Зграда од 26 ката на нива е многу страшно, од 17 ката на нива е страшно, а од 6 ката со лимено поткровје е многу убаво.
|
||
Градот убав никна, но го откорнаа
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
Кај „Букурешт“ ќе се гради пониска зграда од предвидената, ќе има „само“ 17 ката
![]() ![]() ![]() https://www.slobodenpecat.mk/kaj-bukuresht-kje-se-gradi-poniska-zgrada-od-predvidenata-kje-ima-samo-17-kata/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
SKOPJWE,TE SPASIV ME OD BETONIZACJA!!11
Кај „Букурешт“ ќе се гради пониска зграда од предвидената, ќе има „само“ 17 ката
повеќе на https://www.slobodenpecat.mk/kaj-bukuresht-kje-se-gradi-poniska-zgrada-od-predvidenata-kje-ima-samo-17-kata/ |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
|
Зарем ќе го собере чудово на парцелата? |
||
За сè има вторпат
|
||
![]() |
||
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
|
на 06.10.2023 е издадена Потврда за одобрени на Урбанистичкиот проект за висококатницата позади Макпетрол
![]() ![]() https://www.facebook.com/groups/168386496689872/ |
||
Carpe diem
|
||
![]() |
||
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
|
Не е така,ск2014 ти го најавуваа и бранко и љупчо,грујо е само реализатор,нели во европа ќе идете,која европа ќе ве прими кога главнио град личит на руско гето ![]() Чудовиштето се парите дадени на фасади од стиропор и гипс,споменици,врби,фонтани,да го правеа ко шо требит сега поинаку ќе се доживуваше проекто ама.... Туку со чудовиштата бруталистички и комунистички шо ќе се прај,тие се 100-1 во сопоредба со лажнио барок. П.С. Нели ќе го рушевте "чудовиштето" ко ќе дојдите на власт ? Edited by Vire - 25-Sep-2023 at 06:27 |
||
![]() |
||
FT ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 22-Jun-2010 Location: Kocani Online Status: Offline Posts: 574 |
![]() ![]() |
|
Грујо да удоволуваше немаше да постои чудовиштето Ск2014 |
||
![]() |
||
<Fresno> ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 13-Jun-2010 Online Status: Offline Posts: 1161 |
![]() ![]() |
|
Честа појава, се крева галама за глупости. Објект покрај булевар, што да не, само нека лобираат за подобро архитектонско решение да се избере. А не им смета урбанизација на цели квартови со згради од 3-6 ката кои инфраструктурно биле предвидени за индивидуално домување.
Може им смета што секој што се мисли во тој реон да купува, попрво би земал стан на 10-ти со поглед во модерна зграда, отколку во околните гето новоградби, што и таму и во К4 се градат. Има секакви интереси. |
||
![]() |
||
Vire ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 17-Aug-2021 Online Status: Offline Posts: 416 |
![]() ![]() |
|
На вакви морони не му сметат 28 седум-катници ама му сметат една 28 катница.
![]() ама не сте вие криви,грујо така ве научи на секоја будала шо ќе цвикат,гушкат и кочит развојо на главнио град да му се удоволи. |
||
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 42> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |