![]() |
![]() |
![]() |
Градинки |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 9> |
Author | |
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Градинката во Волково ќе биде пуштена на 16 февруари (од фб профилот на градоначалникот на општина Ѓ. Петров)
![]() ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Бутел
Новата детска градинка која се наоѓа во дворот на ООУ “Св. Климент Охридски” напредува со одлична динамика и градежните активности се одвиваат според предвиденото. Вкупната површина на детската градинка изнесува околу 950 м2 во првата фаза а втората фаза опфаќа 200 м2. ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/darkokostovskizabutel |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Градинка во Прилеп чека 15 месеци да биде ставена во употреба
![]() Основата на детската градинка во прилепската населба „Точила“ веќе 15 месеци е изградена, но се уште не е ставена во функција иако треба да го реши прашањето со недостиг на капацитети за сместување на децата. Објектот е вреден 133 милиона денари, а на социјалните мрежи реагираше и поранешниот пратеник и министер за транспорт и врски, Горан Сугарески. - Срам и грев е готова детска градинка која може да згрижи 250 дечиња, и после 15 месеци да не биде ставена во употреба, објави Сугарески. Иницијатива има и од невладината „Мултимедија прес“ за подигнување на јавната свест од потребата што побргу да биде пуштена во употреба градинката. Градинката беше најавено да биде готова пред околу година и половина. Роковите се пробиени. Влатко Петкоски, портпарол на локалната самоуправа вели дека Општината ги завршува обврските, а внатрешното доопремување е на Министерството за труд и социјална политика. -Градежните работи за новата детска градинка во населбата Точила се на самиот крај. Како обврска на Општината останува она што со првичниот проект не беше предвидено, оградниот ѕид околу градинката. Процедурата тече, има согласност и предвидени средства. Мислам дека внатрешното уредување е обврска на Министерството за труд и социјална политика. Завршена е и трафостаницата. Од целосната сума од 133 милиона денари ние лани ја плативме првата рата од 37 милиони денари, овој месец се платени уште осум милиони денари. Начинот на исплаќање не е поврзано со пуштањето во употреба, изјави Петкоски. Од Министерството за труд и социјална политика велат дека целосното опремување на градинката ќе заврши за два месеца. -Набавката, испораката и монтажата на опремата за детска градинка е дел од Програмата за изградба, опремување и одржување на објекти за детска заштита за 2022 година на Министерството за труд и социјална политика. Министерството распиша постапка за Јавна набавка и склучи договори за опремување со економски оператори во износ од 9.288.202 денари. Исто така ве информираме и дека испораката на опремата е во тек. Целосното опремување на објектот ќе заврши најдоцна за два месеци, стои во информацијата на Министерството. https://faktor.mk/gradinka-vo-prilep-cheka-15-meseci-da-bide-stavena-vo-upotreba |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Our project for the Kindergarten Competition in Biser Aerodrom, Skopje
![]() ![]() https://www.facebook.com/photo?fbid=604169745047508&set=pcb.604169835047499 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Аеродром
Новиот објект „Црвенкапа“ што е во склоп на Јавната детска установа „Срничка“ и со тоа се зголеми капацитетот на градинката за 210 деца. ![]() https://www.facebook.com/profile.php?id=100077753190307 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Официјално отворена градинката „Мило мое” во Општината Чучер Сандево. Оваа Општина за првпат добива градинка со простор за да прими 110 деца.
![]() ![]() https://www.facebook.com/VladaMK |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
Denko ![]() Senior Member ![]() Joined: 14-Aug-2010 Online Status: Offline Posts: 2271 |
![]() ![]() |
Gradinkite ne se obrazovni institucii. Podobro da se otvori posebna nista so naslov "Gradinki".
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
ОТВОРЕНА ГРАДИНКАТА „ВИНОЖИТО“ ВО СТРУМИЦА СО КАПАЦИТЕТ ЗА ЗГРИЖУВАЊЕ НАД 300 ДЕЦА
По 40 години Струмица доби нова градинка со капацитет за згрижување над 300 деца од предучилишна возраст. Градинката „Виножито“ е модерен објект со услови за сместување на децата по најнови стандарди. Вредноста на објектот е 108.610.000 денари во најголем дел од МТСП, преку Проектот за унапредување на социјални услуги на Светска банка, а Општина Струмица обезбеди свои средства во износ од 17. 500 000 денари. https://makpress.mk/Home/PostDetails?PostId=510380 ![]() ![]() ![]() ![]() ![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() ![]() https://www.facebook.com/borchejovcheski |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Прилеп
![]() |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЗАПОЧНА СО ИЗГРАДБА НОВАТА ДЕТСКА ГРАДИНКА ВО ОПШТИНА БУТЕЛ
![]() ![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/darko.kostovski.543 |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Битола остана и без пари и без две детски градинки
Како планирани општински капитални инвестиции стануваат „мртво слово на хартија“ Кога во октомври минатата година пред локалните избори беа удрени темелите за изградба на две детски градинки, во просторот на поранешната касарна и во близината на ОУ „Климент Охридски“ во Нова Битола, од тогашната локална власт, на чие чело беше поранешната градоначалничка Наташа Петровска, беше речено дека по 30 години во Битола почнаа да се градат не една, туку две детски градинки. Почетокот на изградбата на двете детски градинки беше најавен како почеток на крајот на грижите на родителите на малите дечиња за нивно згрижување во нови, модерни и современи детски градинки, каде што ќе можат безгрижно да престојуваат додека нивните родители се на работа. Со изградбата на двете детски градинки се тврдеше дека конечно ќе се реши најгорливиот проблем на младите родители во Битола да ги згрижат своите деца и дека долгиот список од над 1.000 барања за сместување во градинките во Битола буквално ќе се преполови. Но, за жал, од тоа не се случи ништо. Како и со изградбата на затворениот базен во ОУ „Климент Охридски“ што почна да се гради, а по неколку месеци подоцна градежните активности прекинаа, така и градинката во поранешната касарна само што почна да се гради нешто подоцна градежните активности беа прекинати. Фирмата „БВ инженеринг“ од Битола, која победи на електронското наддавање во конкуренција на 10 економски оператори, колку што аплицираа за изградба на градинката, само еден месец по почетокот на изградбата на градинката прекина со градежните активности и побара ревидирање на договорот и потпишување анекс на договорот. Таквиот почеток на работите од страна на „БВ инженеринг“ беше само најава дека оваа градинка нема да се изгради во предвидениот рок. И така уште на почетокот започнаа игрите со изградбата на градинката, за неколку месеци подоцна истите тие прекинат и денес парцелата каде што требаше да биде изградена градинката е празна, напуштена и запуштена. А новата градинка што требаше да биде изградена кај АРМ, според проектот, требаше да згрижи 260 дечиња. Инвестицијата во првата фаза требаше да изнесува 400 илјади евра, од кои половината беа донација на германската компанија „Кромберг и Шуберт“. Фирмата „БВ инженеринг“, откако со претходната власт потпишала два анекс-договори и кога со новата локална власт не успеа да се договори за потпишување нов анекс-договор, едноставно прекина со градбата и си ги повлече градежните машини. Новата локална самоуправа, на чие чело е актуелниот градоначалник Тони Коњановски, откако увиде дека не постојат услови за потпишување нови анекси кон основниот договор, го раскинаа договорот со изведувачот на градежните работи, фирмата „БВ инженеринг“, и ја активира банкарската гаранција. – Ние како локална самоуправа немавме друг избор, туку поради непочитувањето на договорот и доцнењето на градежните работи да го раскинеме договорот со фирмата „БВ инженеринг“ и да ја активираме банкарската гаранција. Сега, кога договорот е раскинат, во наредните денови ќе биде објавен нов јавен повик за нов изведувач на работите на градинката – вели заменик-градоначалникот на Битола, Бојан Бојковски. И покрај тоа што Општина Битола ја наплати банкарската гаранција, сепак, локалната самоуправа од стопирањето на градбата ќе претрпи голема материјална штета. Штета ќе претрпи и германската компанија „Кромберг и Шуберт“, која исто така учествуваше со свои средства во изградбата на градинката. Инаку, според проектот, новата детска градинка во касарната требаше да се простира на површина од 2.189 квадратни метри, додека површината за градба, предвидена за објектот детска градинка П+1, требаше да зафаќа 1.618 квадратни метри. Новата градинка во поранешната касарна, за чија изградба согласност даде и Министерството за труд и социјална политика, требаше да опфати 260 деца. Истата таа требаше да располага со 13 занимални и сопствена кујна и требаше да биде изградена по најсовремени стандарди со почитување на сите енергетско-еколошки стандарди. Од вкупно 400 илјади евра колку што требаше да чини градинката во правата фаза, речиси половината ги обезбеди германската компанија „Кромберг и Шуберт“. Интересно е што фирмата „БВ инженеринг“, која ги прекина градежните работи за изградба на градинката во поранешната касарна, наводно, поради зголемените цени на материјалите и работната рака, само неколку месеци откако се откажа од изградбата на градинката, неколку стотини метри подолу, во касарната почна да гради нов најсовремен станбено-деловен простор, каде што квадратниот метар за битолски услови е мошне висок и изнесува околу 1.000 евра. Битолчани со право се прашуваат како оваа компанија, која неодамна прослави 20 години од основањето, нема пари да ја доврши градинката, а има пари да почне со изградба на најсовремен станбено-деловен простор, кој чини неколку милиони евра. Деновиве прекинаа градежните активности и за изградба на градинката кај ОУ „Климент Охридски“, која требаше да згрижи над 160 дечиња. И овој проект, како и проектот за изградба на детска градинка кај АРМ, беше најавен како капитален, кој во голема мера требаше да придонесе да се згрижат малите дечиња од Нова Битола. Според увидот што го направивме деновиве на самото градилиште, таму во моментот нема ни една градежна машина, отстранети се и помошните објекти, а според нашите соговорници, кои живеат во непосредната околина од градилиштето каде што требаше да се гради градинката, си замина и стражарот што се грижеше за безбедноста на градилиштето. Така, Битола, градот каде што списокот на деца што чекаат ред да бидат сместени во градинките е над 1.000, и натаму е без градинки, кои беа најавени како најголеми инвестиции на претходната локална самоуправа, предводена од бившата градоначалничка Наташа Петровска. Додека фирмата „БВ инженеринг“ од Битола се вади дека до стопирање на градбата на градинката кај АРМ дошло поради кризата што ги погоди градежниците по последните поскапувања на материјалите и градежната рака, никој во Битола не знае кои се причините за прекинот на градежните работи на фирмата „Бауер“ од Скопје за изградба на градинката кај „Климент Охридски“. Изградбата на градинката кај ОУ „Климент Охридски“, покрај со средства на Општината беше помогната и со грант од страна на Министерството за труд и социјална политика и Светската банка, во согласност со проектот за изградба на нови, надградба или адаптација на постојните објекти за згрижување и воспитување деца на предучилишна возраст во општините. Договорот за грант со Општина Битола се однесуваше за изградба на нов објект како дел од јавната установа за згрижување деца од предучилишна возраст „Мајски цвет“, со површина од 810 квадратни метри и максимален капацитет од 152 деца, организирани во осум воспитни групи. Според проектната документација, Општина Битола во изградбата на оваа градинка требаше да вложи 48 милиони денари или 56 милиони денари со вклучен ДДВ. – Најсуштинската инвестиција е насочена кон нашите млади, кон нашата иднина, децата. За мене и како градоначалник и како педагог и како родител, она што беше најважно е грижата за децата, создавањето подобри услови за нивно згрижување, воспитување и образовање. Како локална самоуправа со сите здрави политики што ги водиме, јасно поддржани од централната власт, навистина се грижиме за граѓаните, особено за младите генерации. Покажавме дека умееме и знаеме да ги подобриме условите во образовните и згрижувачки институции. Само во градинките во Општина Битола во мојот четиригодишен мандат се вложени над 580.000 евра, со што значително се подобрени условите во нив. Она што ме радува е изградбата на новите две детски градинки, за кои Општина Битола со децении немала можност да ги има. Се надевам дека овие здрави политики ќе продолжат и во иднина и навистина ќе имаме благосостојба за сите нас – изјавуваше тогаш градоначалничката Наташа Петровска. Но, за жал, не се случи ништо од тоа. Како и да е, градежните активности за изградба на двете детски градинки во Битола се стопирани. Проектите на претходната локална самоуправа, предводена од бившата градоначалничка Наташа Петровска доживеаја вистинско фијаско. Градежните изведувачи што ги стопираа работите не си поиграа само со Општина Битола туку си поиграа и со чувствата на најмладите, дечињата и нивните родители, кои со нетрпение ги очекуваа изградбите на овие две градинки, каде што требаше да бидат згрижени околу 400 дечиња, додека нивните родители се на работа. Во исто време тие си поиграа и со довербата на германската компанија „Кромберг и Шуберт“, која донираше свои средства во висина од околу 200.000 евра за изградба на градинката кај АРМ, како и со довербата на Министерството за труд и социјална политика и Светската банка, која исто така ја помогна изградбата на градинката кај ОУ „Климент Охридски“. Битолчани со право се разочарани и гневни за ваквиот расплет на работите со градинките, кои иако беа најавени како капитални инвестиции, останаа неизградени. Оттаму тие бараат одговорност за сите инволвирани во овие скандали со градинките, како од страна на локалната самоуправа така и од изведувачите на градежните компании што требаше да ги изградат градинките. Битолската јавност бара и очекува целосен одговор за тоа кој си поигра со проектите за изградба на двете детски градинки, дали градежните компании или општинското раководство и кој ќе ги сноси последиците. Упатените тврдат дека станува збор за веќе познати и воиграни игри на градежниците со локалните власти, кои на електронските аукции по правило нудат ниски цени за да ги елиминираат своите конкуренти, а потоа бараат инвеститорите да потпишуваат и по неколку анекс-договори, со кои одлично заработуваат и ја поскапуваат градбата на инвестициите. https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/bitola-ostana-i-bez-pari-i-bez-dve-detski-gradinki/ |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Почна градба на нов објект на градинка во Гостивар
![]() ![]() Се проширува капацитетот за згрижување на деца од предучилишна возраст во Гостивар. Започна изградба на нов објект на градинката „Цветови“ која се наоѓа во близина на основното училиште „Гоце Делчев“. Во објектот ќе може да престојуваат стотина дечиња. Секторот за образование при општина Гостивар, аплицираше и го доби овој проект од Министерството за труд и социјална политика во програмата “Проект за подобрување на социјалните услуги”, финансирана од Светската банка и веќе новата градинка со капацитет за над 100 деца почна да станува реалност.“, соопшти градоначалникот Арбен Таравари. Во рамки на јавната установа „Детска радост“ во Гостивар актуелно функционираат градинките Пролет, Цветови, Сонце и Пчелка, со капацитет од околу 750 деца. Секоја година, се‘ повеќе расте интересот на родителите да ги запишуваат своите деца во градинките, па се создава долга листа на чекање. https://gostivarpress.mk/pochna-gradba-na-nov-objekt-na-gradinka-vo-gostivar |
|
Carpe diem
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Погледнете како напредува изградбата на детска градинка во Прилеп
![]() ![]() ![]() https://www.facebook.com/stentongradba1 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ковид-пандемијата ја одложи доизградбата на градинката во Волково
![]() Како резултат на дополнително непредвидени работи за доизградба на градинката во Волково, Општина Ѓорче Петров со изведувачот склучи договор за целосно завршување на објектот и тоа во постапка за преговарање без објавување на оглас, а по претходно прибавено позитивно мислење од Бирото за јавни набавки. -Договорот е склучен на 26.7.2021 година во вредност од 7.019.050 денари. Со овој договор треба да се финансира едно ниво на лифтот, скали во атриумот, дел од изолаторските , како и дел од ѕидарски работи, лантерно уредување, потпорен ѕид за оградата и оградата околу градинката, дел од електротехничките инсталации, домофонијата, громобранска инсталација, дел од атмосферската канализација и слично – објаснија од локалната самоуправа. Оттаму додаваат дека поради ковид-кризата во декември 2021 година бил направен анекс за продолжување на рокот за завршување на договорот. – Финансиите кои се имплементираат во овој договор се пари кои се предвидени за градење на градинки на територија на општина Ѓорче Петров и истите не биле искористени дотогаш, па со одлука на Совет и одлука на Влада, средствата се пренаменети и Министерството за труд и социјална политика ги префрли финансиите за реализација на договорот – наведуваат општинските власти и додаваат дека дополнително треба да се изведат заштитни огради околу скалите, ограда на покривот, ограда околу внатрешната улица, лифтовски врати, неколку приклучоци, домофон и видео надзор за кои повторно би се распишал тендер и истиот е влезен во годишниот план на општината и Буџетот за 2022 година. Градинката не е само по својот облик модерна, туку многу повеќе по материјалите кои се имплементирани во истата, односно објектот е енергетски ефикасен и системот за греење е систем вода-воздух, односно не согорува фосилни горива и не загадува, а со енергетската фасада на објектот потребата за греење и ладење е помала. Од Општина Ѓорче Петров не прецизираат кога би била готова градинката и би била пуштена во употреба. Изградбата почна на 19 февруари 2020 година. https://www.vecer.press/ковид-пандемијата-ја-одложи-доизград/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Црвенкапа“ во рамките на детската градинка „Срничка“ во Стар Аеродром.
![]() ![]() |
|
![]() |
|
Џоле ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 23-Apr-2013 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 15368 |
![]() ![]() |
Градинка во форма на круг – архитектонски бисер во Волково
![]() Градинката на еден мал рид над скопско Волково е пример за скандинавски концепт во грижата за децата. Таму е речиси сѐ поинаку од досегашниот концепт на градинките – од изгледот како летечка чинија, до организацијата на внатрешниот простор Билјана Богдановска Скандинавскиот концепт за претшколско образование, пресликан во архитектурата, прилагодена на потребите на децата, а во корелација со целите на образованието влезе во Македонија преку изградбата на новата градинка во форма на круг во Волково близу Скопје. Слична има и Токио. Градинка во форма на круг! Нереално звучи за балкански, македонски услови, но таа идеја е веќе реалност. Постои во Скопје, изградена е во Општина Ѓорче Петров и тоа во селото Волково, а се планира да биде пуштена во употреба во следните месец до два. Таа е една од повеќето градинки во државава кои се градат за еден степен повисоко од оние што биле направени досега, и се проекти на Министерството за труд и социјална политика во соработка со општините. ![]() Внатрешен двор Во моментот се опремува со мебел, се спроведува довод на електрична енергија, хортикултурно се уредува. Градинката има и игралиште, смеслено и поставено во природа, да не дели од околината. Опремено е со дрвена платформа со пластични елементи, а до него неколку дебели трупци, геометриски споени по нив да може да се качуваат децата, да се јазат и скокаат, кога временските услови го дозволуваат тоа. ![]() Игралиште Архитектонско решение што ќе го смени концептот за градинка Зградата на градинката е друга приказна. Тоа е архитектонско решение што треба да го смени и концептот на чување деца во градинка. Имено, самата форма на круг дозволува, односно, бара слободно однесување од децата. Тие ќе можат да трчаат и да си играат непречено, без да се свртуваат назад. Кога ќе влезете во градинката, десно има амфитеатар, сместен во детскиот дел, каде ќе се организираат претстави, приредби, настани, а амфитеатарот има пристапна рампа и за деца со посебни потреби кои користат количка. Зградата не дозволува никој да биде изоставен, да не може да учествува во нешто, само затоа што за него се потребни посебни услови. Во градинката, тие се вградени архитектонски. ![]() Амфитеатар „Направивме амфитеатар. Обично, амфитеатри се прават во приспособени зони. Не постојат во детските зони, надвор ги прават“, појаснуваат од Општина Ѓорче Петров. Лево и десно од влезот се поставени занималните. Тие се изведени како отворен простор опремен со кружни масички и столчиња наменети за најмала возраст. Донесени се и креветчиња во кои децата треба да преспијат додека се во градинка. Лево се занималните за јасли. Секоја занимална е во посебна боја, сина, зелена, розова… Пред нив има закачалки за јакните и шкафчиња за чевлите. Во секоја од занималните има тоалети со мали ВЦ-школки и мијалници, како и простор за туш. ![]() Најинтересно е што кружниот облик на зградата, односно прстенестиот облик, подразбира средината да е двор, а концентричните ѕидови се граничници на надворешниот дел, ходникот и занималните. Секоја занимална има фиксен прозорец, кој дозволува наставничките и воспитувачките да имаат надзор над децата без разлика дали тие се внатре или надвор. ![]() ![]() Идејата за дворот е во контролирана средина, децата од најмала возраст да се едуцираат во природа. Концепт развиен во Скандинавија. Внатрешниот двор значи и заштита од крадци, уништување и влез на други лица. ![]() „Идејата на затворениот кружен двор е летно време да ги седнат, да им стават масички, да трчкаат во дворот, да учат како растеле дрвцата и тоа да го гледаат. Да се донесат перници, столче, масички… Кога ќе учат за ливче да си скинат од дрвцето и да работат нешто со нив. Кога трчаат тие не се едуцираат, долу на игралиштето, може да го прават тоа. Овде во дворот може да сакаат да засадат друго дрво. Нека засадат! Нека ги учат годишните времиња, зелено ливче, жолто, паднало, дошла есен… Ова е мотив и за Министерството за труд и социјална политика да развие нова програма, освен оваа во училниве концепти“, вели Никола Лазаревски, раководител на Секторот за урбанизам во Општина Ѓорче Петров, по чија идеја е направена градинката. ![]() Поглед кон Скопје Ходниците се направени да служат на детскиот менталитет, слободно да трчаат во круг, а оставен е и простор каде ќе се стават перници или клупи покрај прозорците, за да може децата кои истрчале надвор на снегот, да седнат таму, да се прилагодат на температурата, а и да не внесуваат кал или снег во занималните. Стоп се става дури во делот на јалите, каде воспитувачките ќе можат да ги предупредат да бидат потивки, затоа што тука спијат бебиња. Греењето е со фенкојлери Долу се прислужните простории. Половина е кујна, половина економски простории, сите технички служби и достава го користат концептот на круг. Влез – излез, достава на стока – нема мешање. Во градинката има предвидено и простории за медицински персонал. ![]() Кујна Градинката има најмодерен систем на греење. Нема котли, парно. Овој инвертер, фенкојлер систем е понапреден и од гасификација, сметаат од Општина Ѓорче Петров. Велат дека многу е поскап, но од Министерството за труд и социјална политика (МТСП) препознале дека сега малку поскапо ќе се плати системот, ама за пет години се исплаќаат дадените пари. Во долниот дел има уште една убава просторија, кадешто ќе може да се смести спортска опрема за вежбање. Проодниот покрив чека подобри времиња Круната на овој проект требало да биде проодниот покрив. Тој е рамен, па замислено било по него да трчкаат децата, за што има изведено и надоврешни скали, а има и лифт за оние кои нема да можат да се качат по скали. Сепак, поради ограничени средства, покривот ќе мора да почека некои побави времиња, самата општина, Министерството или некој спонзор да го доуреди покривот, бидејќи подготовката е направена, да ја направат функционална како што е замислена. ![]() „Тогаш, кога градинката ќе го добие својот полн сјај, да се доближиме до скандинавскиот концепт на градинка, од таму ми беше инспирацијата. Со Министерството за труд успеав да се договорам и да направиме лифт, во иднина ако има некое дете со количка, не може тоа да е осакатено само со скалите. МТСП имаше слух и дадоа уште 30.000 евра за да се направи лифт, кој ќе функционира откако покривот ќе се направи и ќе може децата да се качат. Нека се искористи и само петпати, значи дека сме останале хумани луѓе“, вели Лазаревски. Според него, градење вакви модерни објекти во рурални средини придонесува за квалитетното живеење во периферијата. Мора да им некој заштитен белег којшто ќе стои во средина, за да се „налепат“ луѓето со идеологија од 21 век. Во градинката ќе се сместат 175 деца од претшколска возраст од Волково и околината: Стопански Двор, Ново Село, Кучково, Кисела Јабука, Никиштани… Проектант на објектот е „Прима инженеринг“ ДОО Скопје, изведувач „Вардар градба“ ДОО Скопје и „Луктамен“ ДООЕЛ Скопје. Фото: Б. Грданоски https://nezavisen.mk/gradinka-vo-forma-na-krug-arhitektonski-biser-vo-volkovo/ |
|
За сè има вторпат
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
![]() Честитки за Филип Конески и Даница Спасевска, добитници на Големата годишна награда за архитектура за 2021 година. Тие се автори на архитектонското дело „Детска градинка Волково“, Општина Ѓорче Петров https://www.facebook.com/SPendarovski Edited by stef4o - 25-Dec-2021 at 11:22 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 9> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |