Author |
Topic Search Topic Options
|
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#41 Posted: 09-Nov-2009 at 14:48 |
|
 |
pavche
Senior Member
Joined: 17-Jun-2009
Online Status: Offline
Posts: 431
|
Quote Reply
#42 Posted: 09-Nov-2009 at 14:37 |
Тhe tiles of the Tondach factory in Macedonia are very popular in Bulgaria  Just to let you know that fact. As i had some house building process to deal with over the last couple of months i found out that most of the building companies and specialists recommend the production of Tondach Macedonia before the local made Bramac and Стралджа . Couldn't find a web site of the Tondach factory in Macedonia. Can you give me a clue if there is one?
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#43 Posted: 09-Nov-2009 at 13:57 |
Мислам ова може да оди тука
„Ренова“ ги освојува европските пазари
ТЕТОВО - Сувите малтери на компанијата „Ренова“ од Џепчиште ги
освојуваат пазарите во повеќе европски земји, а од неодамна се најдоа и
меѓу потрошувачите од Блискиот Исток.
„Последните наши успеси се
пробивањето во Саудиска Арабија и во Оман. Во двете држави отворивме
продажни центри не само за земјите во кои се нашите претставништва,
туку и за околните. Големо изненадување за нас се Емиратите каде што
интересот за суви малтери е се' поголем“, вели Шефки Идризи, првиот
менаџер на „Ренова“ од тетовското село Џепчиште.
„Ренова“ отвори
производствен капацитет и во Битола. Идризи нагласува дека од овие два
погона потекнуваат и извозните контингенти во земјите на Блискиот
Исток, но и во Германија и Грција. „Присутни сме на пазарите преку
нашите центри во Хамбург и во Солун. Почетните успеси во овие две земји
се задоволителни што не' охрабрува во намерите за проширувања и
освојувања и на други пазари“, со задоволство констатира Шефки Идризи.
Според
првиот човек на „Ренова“, токму поради зголемениот интерес кај
потрошувачите во соседните земји, компанијата за потребите во Косово
има свои капацитети во Урошевац и во Качаник, а во Албанија во близина
на Тирана. Сувите малтери на овој производител се' повеќе ги освојуваат
и пазарите во Бугарија, Црна Гора и во Србија. „Во услови на светска
рецесија и намалени инвестициони вложувања ние сме на исто рамниште
како и претходната година. Тоа е потврда дека успеваме во
стопанисувањето“, додава Идризи.
Во успешното чекорење на
„Ренова“, каде што има 400 вработени, се потврдуваат и податоците дека
фирмата спаѓа во редот на стоте најуспешни стопански капацитети во
Македонија. Пред три години „Ренова“ доби потврда за ИСО 9001 и „Ц“
ознака за висок квалитет на производите. (Г.Е.) |
http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ACD91AA40A40C74886651E08163E77FA
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#44 Posted: 02-Nov-2009 at 22:23 |
ГРАДЕЖНИЦИТЕ ГИ ПРОПУШТИЈА ШАНСИТЕ ВО ИРАК И ВО АВГАНИСТАН Не не бидува за воени профитериМакедонските градежни компании не најдоа работа во Авганистан или во Ирак иако таму постојано се гради и многу градежни компании од светот заработуваат во тие земји. На нашите стопанственици досега честопати им беше ветувана работа во регионите каде што државата има мировни мисии за кои во последните четири години беа потрошени 17,4 милиони евра од Буџетот. Како најголеми проблеми зашто не можат да настапат на овој пазар упатените ги наведуваат небезбедноста, слабата финансиска моќ на компаниите и невоспоставените дипломатски односи. Во времето на договарање на мисијата во Ирак, во медиумите на големо се пишуваше дека тоа е и наша бизнис-шанса. Тогашниот министер за одбрана Владо Бучковски вели дека домашните градежни компании не ги искористиле можностите поради лошата стратегија на државата. - Со Владата беше договорено мисијата да се одвива во две фази. Прво да се обезбеди мирот, а потоа да се учествува во повторното градење на Ирак. Вината не беше во странските партнери зашто тоа не беше обврзувачко. Требаше да се има подобра стратегија, но се остана како пуста желба. Ја пропуштивме и шансата да го искористите и НАТО-просторот - вели Бучковски. Тој додаде дека, според неговите информации, градежните компании не работат ни во земјите каде што мисиите се уште траат. Од Здружението на градежништвото велат дека градежните компании не можат да ризикуваат да работат во опасни подрачја каде што се војува и не се доволно финансиски моќни да учествуваат. - Не сме толку богати да однесеме оператива и механизација и да ја загубиме. Уште повеќе, никој наш директор не би ризикувал да загуби работник на ризичните подрачја. Ние правевме некои анализи дали можеме да учествувавме, но заклучивме дека не сме доволно моќни - вели Марија Петроска од Здружението. Шефот на кабинетот во Министерството за економија, Исмаил Ебипи, проблемот го лоцира во невоспоставените билатерални односи со земјите од кризните подрачја. - Немаме договори за економска соработка со кои македонските компании ќе можат да работат во земјите како Авганистан и Ирак. Со такви договори може да се испраќаат контингенти со работници и за нивната безбедност ќе гарантира државата. Веќе почнуваат да се воспоставуваат релации, но тоа оди побавно зашто се работи за нестабилни држави - вели Ебипи. Македонија сега има мировни мисии во Авганистан, Либан, Босна и Херцеговина и логистичка поддршка во Косово, а учествуваше и во мисијата „Слобода за Ирак“, која заврши во 2008 година. Од почетокот на следната година земјава ќе го зголеми своето учество во мировната мисија во Авганистан за уште 80 војници, со што вкупниот број на македонски мировници во оваа азиска земја ќе се искачи на 250. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1856&ArticleID=125611
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#45 Posted: 22-Oct-2009 at 19:04 |
„Адинг“ ќе гради фабрика во Иран |
|
|
Македонската
градежна компанија „Адинг“ отвори своја фирма во Иран, со седиште во
Техеран, а наскоро планира изградба и на фабрика во оваа земја |
|
|
|
 |
|
Во
компанијата соопштија дека во тек е изработка на главен проект за
новата фабрика, која ќе се гради во индустриската зона на Техеран.
Се
предвидува производствената хала на фабриката да биде со површина од
1.200 квадратни метри и административен дел со лабораторија во вкупна
површина од 660 квадратни метри. Вредноста на производствениот комплекс
е околу 1,5 милиони евра, се предвидува 15 лица да се вработат во
производствениот дел, а 10 лица во централната канцеларија во Техеран.
Капацитетот
на производствениот погон е 80.000 тони годишно од кои околу 90 отсто
се наменети за производство на адитиви за бетон, а 10 отсто за
производство на прашкасти и пастозни производи. Предвидено е фабриката
да се пушти во работа до крајот на идната година, а во првата година се
очекува пласман од 7.000 до 10.000 тони производи. Македонската
компанија годинава отвори производствен погон во бугарскиот град
Перник.
Основната дејност на „Адинг“ е производство, пласман и
примена на адитиви и други хемиски производи за потребите во
градежништвото. |
|
|
|
|
|
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10229941379&id=10&prilog=0&setIzdanie=21818
|
 |
Dave Gahan
Senior Member
Joined: 27-Oct-2008
Location: 42°0′N,21°26′E
Online Status: Offline
Posts: 986
|
Quote Reply
#46 Posted: 01-Aug-2009 at 15:39 |
http://www.sintek.com.mkЕве и Синтек е една наша успешна градежна фирма, која работи на санации на бетонски конструкции и специфични градежни работи. Требаше да изведуваат санација на еден објект во Украина, за којшто проектот го работеше фирмата во која работам, ама во овие финансиски услови инвеститорот го стопираше проектот. Градежните работи во земјите каде што нашите фирми најмногу работеа (Русија, Украина, Црна Гора) се скоро целосно замрзнати. Колку што и може да се насети, Украина е на добар пат да го изгуби и европското првенство во фудбал во 2012 год. Посебно е трагично за Украина, затоа што можеа многу нашите фирми да се вклучат и да го искористат периодот на подготовка за првенството, во кој во нормални услови интензивно се гради, што во случајов не е така. Има уште многу што да видиме од таканаречената финансиска криза...дури сега почнува!
|
MAKE CAPITALISM HISTORY
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#47 Posted: 10-Jul-2009 at 16:00 |
СЕКНА ИНВЕСТИРАЊЕТО ВО НОВИ ОБЈЕКТИ
Градежниците без надеж за работа во странство
Елена Костовска
Градежните
компании од почетокот на годината склучија многу малку договори за
работа во странство, предупредуваат од Синдикатот на градежниците. Тие
на странските пазари ги довршуваат работите од претходно склучените
договори, а ситуацијата со нови проекти е алармантно загрижувачка.
Земјите во кои најмногу работеа нашите градежни компании ги затворија
пазарите за странски компании. Во Русија, Украина и во Хрватска се
намали обемот на работа поради претпазливоста на странските инвеститори
кои се откажуваат од продолжување на проектите. - Запирањето на
градежните работи во земјите во регионот огромен број градежни
работници натера да се вратат дома. Така, во земјава се создаде
поголема понуда на работна сила од побарувачка. Загрижува и бавната
динамика на реализација на најавените 200 милиони евра, што државата
вети дека ќе ги инвестира во инфраструктура “ вели Павел Трендафилов,
претседател на Синдикатот на градежниците. Тој додава дека падот од 40
проценти во секторот градежништво ќе повлече намалување и во другите
гранки зашто градежната оператива е сектор со најголем извозен
потенцијал, кој има најголемо учество во домашниот бруто-производ, а со
тоа и носител на економскиот развој. Во Стопанската комора на
Македонија велат дека поради девалвацијата посебно е намалена работата
на домашните градежни компании во Русија и во Украина. Таму работните
договори не се продолжуваат поради намалената моќ за финансирање крупни
проекти. - Проблемот е поголем кај инвеститорите отколку кај градежните
компании. Вложувањето на домашните инвеститори во земјите во регионот
се стабилизира, но продолжуваат откажувањата на странските инвеститори
“ вели Марија Петроска од Здружението на градежништвото. Според
статистичките податоци, вкупната вредност на договорените градежни
работи во странство во првото тримесечје од годинава изнесува 40
милиони евра што е за 36,6 проценти помалку во споредба со истиот
период лани. Но, поради извршувањето на старите договори, градежниците
во овој период изградиле објекти во вредност од 6,4 милиони евра, што
претставува 13,1 проценти повеќе отколку во минатата година. Главно се
градело во Хрватска и во Албанија, додека во Русија и во Украина е
регистриран намален обем на извршени работи. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1753&ArticleID=117488
|
 |
Dragan
Senior Member
Joined: 19-Feb-2009
Location: Tetovo
Online Status: Offline
Posts: 1172
|
Quote Reply
#48 Posted: 09-Jul-2009 at 13:09 |
http://www.beton.com.mk/workabroad%20-%20mk.htm Vidite sami
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#49 Posted: 10-Apr-2009 at 01:50 |
малку бајати написиве, но ме интересира што бидна со ова долговите од ирак има некој абер? патем малку А1 имале лош извор за информации но можеби и не е тоа толку битно од денешна дистанца инаку во поглед на насамарени во ирак мислам дека Пелагонија предничи!? Државата со обврзници ги откупила долговите на Ирак кон градежниците - Дневник - 19.03.2003
Владата ќе им прости дел од долговите на 17 компании - 02.11.2005 Владата ќе преземе една третина од вкупната сума што Ирак и Иран им ја должат на 17 македонски компании. Идејата е азиските земји да и останат должни на државата, а таа да им ги прости долговите што овие фирми ги имаат кон државните институции.
На овој начин ќе се наплатат најмалку 50 милиони евра што 17-те фирми ги заработиле изведувајќи разни проекти во овие две земји.
За да се реализира оваа компензација, треба да се направат две измени во законот за побарувањата од Ирак и Иран, што веќе постои.
Пребивањето на меѓусебните долгови е веќе испланирано во Министерството за економија, дознава А1. Се чека уште ставот на финансии.
Според информациите на А1, вкупните побарувања на фирмите што работеле во Ирак и Иран е близу 180 милиони долари.
Охридски „Емо“, градежните фирми „Пелагонија“, „Маврово“ и „Гранит“, „Раде Кончар“, некогашниот гигант „Металски завод Тито“, скопски „Охис“, „Еурокомпозит“ од Прилеп се фирмите кои и должат на државата, но истовремено имаат милионски побарувања од Ирак и Иран.
Најмногу побарува „Емо“ - дури 40 милиони долари. Втора фирма која со години не успеа да си го наплати сработеното е „Пелагонија“. Во зделките со Иран и Ирак заглавила близу 10 милиони долари.
Според информациите на А1, во Владата постоело расположение за реализација на пребивањето.
Тоа ќе им овозможи на фирмите да ги расчистат сметките со државата, а некои од нив дури и да го сменат статусот од загубари, да станат ликвидни компании. А1 - Даниела Михајловска - 02.11.2005 | Ал-Малики: Простете ги долговите на Ирак - А1 - 03.05.2007
Ирак сака да врати дел од долгот кон Македонија - 17.11.2007
Вкупните побарувања на македонските градежници изнесуваат 330 милиони долари
Ирак и' понуди на градежната компанија „Гранит“ од Скопје да и' исплати дел од големиот долг што го има кон неа за работењето во периодот од 1990 година. Понудено е да се исплатат 10,25 проценти од вкупниот долг, зголемени за каматата пресметана од 1990 година до денес, односно вкупно околу 25 отсто од побарувањата. Исплатата би се извршила во кеш и еднократно до крајот на годинава. Понудата, како што објаснуваат во „Гранит“, доаѓа преку поранешната Сојузна дирекција за промет и резерви од Белград (СДПР), преку која во Ирак работеа многу фирми од бившата СФРЈ. Во вторник, претставници на „Гранит“ ќе се сретнат во Белград со првите луѓе на јавното претпријатие „Југоимпорт“, кое е правен наследник на СДПР, при што понудата официјално ќе им биде презентирана и ќе се договорат деталите.
Ирак во минатата недела почна со отплата на долгот што го има кон Бугарија која треба да добие 360 милиони долари. Македонија од оваа блискоисточна земја има побарувања во висина од 330 милиони американски долари и тоа најголем дел од нив е долг кон градежните фирми за извршени работи уште од почетокот на деведесеттите години, кога на градилиштата во Ирак нашите градежници беа присутни со многу проекти кои беа завршени, но никогаш не се успеа да се наплатат.
Од сите градежни претпријатија од Македонија, најголем долг Ирак има кон „Пелагонија“, чии побарувања се дефинирани со клемот (ова клемот претпоставувам се однесува на claim-от - побарувањата) доставен до Комисијата за обесштетување при Советот за безбедност на ОН, со седиште во Женева. Но, за голем дел од работата „Пелагонија“ има посебен аранжман во кој не влегуваат побарувањата за одложено плаќање. „Гранит“, пак, од Ирак побарува околу 44 милиони долари и во оваа сума се вклучени и дел од каматите пресметани до 1994.
Проблемот досега не е решен, бидејќи, како што појаснуваат градежниците, Ирак долгот го третира како државен долг кон поранешна Југославија, а не како комерцијален, на што се инсистира од наша страна. Ирачаните го избегнуваа исплаќањето, тврдејќи немаат долгови кон стопански субјекти, туку кон влада, а од друга страна, пак, државни долгови не сервисира. Факт е дека нашите фирми не се во ситуација да дејствуваат сами, бидејќи не поседуваат документи на свое име, туку документацијата е на име на СДПР. Во времето кога се растури СФРЈ, останаа ненаплатени вкупно околу 1,5 милијарда американски долари од сите субјекти кои во тој период работеа во Ирак. Чии се тие пари, велат градежниците, знаат само во СДПР.
Инаку, досега се обесштетени 526 физички лица на кои им се исплатени 2,5 милиони долари, додека фирмите добија многу малку, бидејќи е завршено само делумно обесштетување. Кон крајот на деведесеттите години е извршено минимално обесштетување преку државни обврзници, при што државата откупи дел од побарувањата на фирмите, а тие, пак, обврзниците ги искористија за намирување на своите заостанати обврски кон државата. Договорот тогаш беше градежниците да продолжат со обидите да наплатат дел од долгот преку женевската комисија и доколку успеат, имаа обврска да ги вратат обврзниците.
Ирачката влада лани во март го информираше Министерството за финансии дека ја ангажирала меѓународната фирма „Ернст и Јанг“ преку која доверителите од нашава држава треба да достават информации за висината на своите побарувања. Од Министерството за надворешни работи велат дека на Самитот за обнова на Ирак, што се одржа лани во Полска, Македонија настапила со стратегија побарувањата на нашите фирми да бидат аргумент за предност на градежните компании при добивањето работа. Инаку, МНР планира деновиве да ги повика фирмите кои имаат неисплатени побарувања од Ирак да ја приложат својата документација, која треба да биде основа за натамошно интензивирање на активностите за исплата на долгот од Ирак.Утрински - Билјана Ангеловска - 17.11.2007 | S/AC.26/2002/15 - Page 185 - XIX. CONSTRUCTION COMPANY “GRANIT”
203. On 19 December 1980, an agreement between the Directorate of Airforce and Air Defence Works, Ministry of Defence, Iraq, and FDSP was signed (the “main contract”). The agreement was for the construction, supply, erection and installation of an air base residential camp in Baghdad, Iraq. The total contract value was USD 688,777,630. According to the terms of the agreement, the contract was to be completed in “1461 (one thousand four hundred and sixty one) calendar days”. FDSP entered into a second contract (“FDSP contract”) with the following entities: “Granit”-Skopje, Lavcevic, Sour Unioninvest and Trbovlje -OOUR Aeroinzenjering.www.uncc.ch/reports/r01-28.pdf |
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#50 Posted: 09-Apr-2009 at 02:40 |
Гранит мислам дека највеќе има градено по арапскиот свет, од поголемите, аеродромот во кувајт, бункерот на садам во ирак, автопати итн. јавна тајна беше дека за бомбардирањето на багадад им биле од корист на америте
Гранит во 80-тите години го градел и подземниот бункер на Садам Хусеин и пролетта 2003-та, при нападот на Багдад, на Вашингтон наводно му ги предал старите градежни планови. [1] |
можеби овој текст погоре и немаше да звучи толку песимистички доколку Гранит и 2006 не отвори свое претставништво во Кувајт, но се до денес немам чуено дека договориле некоја работа!
Гранит отвори застапништво во Кувајт - 30.05.2006
Скопската градежна компанија Гранит отвори свое застпаништво во Кувајт, на почетокот на месецов, дознава Тотал. Нашата градежна компанија, која изгради силен бренд на блискоисточниот градежен пазар, склучи ексклузивен договор со локална компанија, која ја застапува пред клиенти од Саудиска Арабија, Катар, Ирак, Иран, Сирија, Јемен и други земји од блискиот исток. Застапништвото на нашата најдобра градежна компанија се наоѓа во Кувајт Сити, главниот град на државата Кувајт. Менаџментот на Гранит, не одговара на барањето на Тотал и десетина дена ниту ја потврдува ниту ја демантира оваа информација. Со овој бизнис потег сите бизнис операции на блискиот исток Гранит ќе ги води преку својот локален партнер. Акцијата на Гранит е една од најликвидните на скопската берза. Во последниве неколку денови бележи раст на цената, особено откако менаџментот објави дека како предлог одлука за усвојување на претстојното собрание ќе се најде точка со која се предлава дивиденда од 15 денари по акција, што претставува раст од 50% на вредноста на дивидендата во споредба со 2004 година. Гранит во минатото пред заливската војна учествувал во изградба на аеродроми и авиобази. Прв најзначаен проект на Гранит е учество во конзорциумот Дамаск – Алепо во Сирија. Во 1981 година компанијата во рамки на конзорцумиот СДПР добива проект вреден 1 милијарда долари, но тогаш започнува војната во заливот на Кувајт. Во тој период Гранит работи и во големиот македонски конзорциум Македонија Инвест во Либија, Алжир, Јордан и во Кувајт, проектот бил вреден 400 милиони долари, а учеството на Гранит било 30% од вредноста на проектот.Тотал - 30.05.2006 |
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#51 Posted: 09-Apr-2009 at 02:23 |
ИЗГУБЕН ПАЗАРОТ НА БЛИСКИОТ ИСТОК
Кувајт се' подалечен за македонските градежници
Во Кувајт сега имало педесетина работници од Македонија, наспроти неколкуте стотици пред петнаесетина години

Се' помалку Македонци работат на градилиштата во Кувајт, кажуваат градежни работници што деновиве се вратија од таа земја. Наспроти некогашните неколку стотици градежници што беа таму на печалба, сега ги имало едвај педесетина. - Порано во една од најбогатите земји во светот се одеше на гурбет преку „Гранит“, „Пелагонија“, „Алумина“ и други компании. Со распадот на Југославија многу работи во Македонија не функционираат како што треба, па така изостана и организираниот настап на нашите градежници на Блискиот Исток. Сега таму има само ситни групи или поединци градежници. За да се работи во кувајтска фирма мора да се знае англиски, а познавањето на англискиот јазик се' уште е слабост на нашите стручњаци - објаснуваат работниците.
Тие раскажуваат дека македонската рака се препознава во многу објекти во Кувајт. Биле толку квалитетно изработени што нивните фасади и по триесетина години изложени на екстремно високи температури го имале истиот сјај како и во почетокот.
- Таму едноставно не може да се избрише тоа што македонските градежници го оставиле зад себе - додаваат тие. Велат дека е многу тешко да се отиде во Кувајт, бидејќи туристичката виза е непознат поим. Постоеле работна виза, визит-виза и еден куп други категоризации. Работната виза се добивала на една или две години и постојано се обновувала.
- Дури и ако стапиш во брак со некој или со некоја од Кувајт, не можеш да добиеш државјанство. Можеби по четириесетина години, а можеби ни тогаш. Децата се сопственост на родителот од Кувајт. Бенефициите што ги имаат Кувајќаните се огромни за наши услови, па тие самите се штитат. Кредити за куќа се даваат на огромен временски период без камата, а голема е веројатноста ако се роди дете кај некој од шеиците кредитите да се отпишат - објаснуваат работниците.
Најголемиот дел од Македонците во Кувајт работеле во градежништвото. Едни работеле за кувајтски фирми, а други направиле сопствен бизнис. Но, сите биле со добро реноме и важеле за добри стручњаци.
- Оние што работат во помали групи, главно, не се спремни да излезат од групата. Секоја група има лидер и тој е неприкосновен. Обично има енормно повисока плата од обичните работници и ги претставува нив пред газдата - велат нашите соговорници.
Според нив, Македонците во Кувајт добиваат плати пристојни за наши услови. Еден градежен техничар може да заработи најмалку илјада долари. Добар инженер почнувал со плата од околу три илјади евра. Но само за неколку години работа таа можела да се дуплира.
Дневник - Светлана Дарудова - 01.10.2008 |
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#52 Posted: 06-Nov-2008 at 12:51 |
Гранит почна нов бизнис во Украина вреден 70 милиони евра
Најголемата
македонска градежна компанија деновиве Гранит почна да гради нов
автопат во Украина, бизнис вреден 70 милиони евра, информира
генералниот директор на Гранит, Страшо Милковски. “Пред две недели
почнавме со реновирањето на нов автопат во Украина, од Киев до
Новоград. Станува збор за бизнис вреден 70 милиони евра. Со оглед на
ризичната финансиска ситуација на Украина, би требало да се плашиме од
можната инфлација во оваа држава, односно од евентуалното девалвирање
на вредноста на договорената зделка. Но, не се плашиме за судбината на
овој договор, бидејќи кредитор за реновирање на делницата е ЕБРД”, вели
Милковски. Тој објаснува дека Гранит во принцип внимава, кога
влегува во нови проекти во странство, тие да имаат сигурни инвеститори,
како што се ЕБРД, ЕИБ и слични меѓународни институции. Целта е секако
обезбедување на сигурна наплата за изведувањето на градежните работи. Милковски
исто така не се надева дека глобалната финансиска криза може да
предизвика сериозни потреси на бизнисот на Гранит во Македонија, затоа
што не се надева дека домашната економија е до тој степен изложена на
глобалните потреси. |
http://www.total.com.mk/default.aspx?mId=16&eventId=12878
Edited by pbanks - 06-Nov-2008 at 12:52
|
 |