![]() |
![]() |
![]() |
Економски вести |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 29> |
Author | |
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Нов удар по џебот на граѓаните? „Комунална“ размислува дали да ги покачи цените
Континуираниот пораст на цените на нафтата и на нафтените деривати може да биде причина за пораст на цените на услугите кои ги нудат скопските јавни претпријатија. Од ЈП „Комунална хигиена“ велат дека многу скоро ќе донесат одлука дали ќе побараат покачување на цената на нивните услуги. Раководството на ЈП „Комунална хигиена“ -Скопје ја следи состојбата со покачувањето на цените на нафтата и на нафтените деривати и во претстојниот период ќе донесе одлука дали од Советот на Градот Скопје ќе побара покачување на цената на услугата за собирање и транспорт на комуналниот отпад– велат од ова јавно претпријатие. Инаку, освен собирање и транспорт на комуналниот отпад, ЈП „Комунална хигиена“ на граѓаните им нуди и дополнителни услуги односно, скопјани имаат можност да ја искористат услугата за собирање и транспорт на кабастиот отпад од домовите на граѓаните. Според ценовникот, подигнување и транспортирање на кабаст отпад внатре од домот чини 2.800 денари, изнесување од пред врата 2.000 денари, а изнесување на кабаст отпад без работници односно користење само на возилата на претпријатието чини 1.600 денари. Сепак, дали ќе има поскапување и на овие услуги, според најавите наскоро ќе биде донесена одлука од страна на надлежните од ова јавно претпријатие. Инаку и градските власти признаваат дека континуираниот раст на цените, негативно влијае врз работењето на јавните претпријатија. – Поскапувањето на нафтените деривати секако дека влијае на работата на сите јавните претпријатија, а пред се на ЈСП„ Скопје“. Стручните служби на сите јавни претпријатија ја следат состојбата и прават анализи за ефектите на оваа појава, а во моментов нема најава за барање за покачување на цената на некоја од услугите. Доколку во иднина постои такво барање, за истото ќе расправа и одлучува Советот на Град Скопје – информираат од Одделението за односи со јавност на Град Скопје. https://www.slobodenpecat.mk/nov-udar-po-dzhebot-na-gragjanite-komunalna-razmisluva-dali-da-gi-pokachi-cenite/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Буџет од 4,4 милијарди евра - за развој или за гаснење социјален пожар?
Зголемени капитални расходи, намалени непродуктивни трошоци. Вака накусо изгледа владиниот предлог за државната каса во 2022 година кој влегува во собраниска процедура. Буџетот е рекордно тежок и предвидува повеќе пари, дури и за зголемени плати на дел од административците. Министерот за финансии Фатмир Бесими уверува дека документот е скроен реално и нуди основа за развој на економијата: „Буџетот ќе биде целосно ликвиден и ќе ги исполнува навреме сите потреби“, изјави Бесими. Владата тврди дека буџетот кој го скроила е развоен, но она што боде очи е што во него повторно доминира социјалната компонента. Дополнително и делот на платите и надоместоците кои ќе изедат дури 531 милион евра. Во неа се предвидени 5% повисоки плати во здравството, 15% зголемување на платите во судството и обвинителството. Дополнително и во образованието каде според колективниот договор платите ќе пораснат за 7%, но и во инспекциските служби за 10%. Ваквата стратегија среде криза според упатените е ризична и може многу лесно да ги урне прокциите за раст: „Владата предвидува економски раст од 4,6%, но прашањето е како до него, кога гледаме дека повторно во буџетот доминира социјалната компонента. Евидентно е дека ќе треба да се гаснат социјални пожари, а не ни знаеме какви социјални пожари ќе ни се случуваат. Тоа не ни можеме да го предвидиме бидејќи сме се уште во пандемија, а не очекува и енергетска криза. Од друга страна, начинот на кој ќе се собираат средствата повторно е под знак прашање. Задолжувањето ќе биде ризично и многу поскапо бидејќи на секоја политичка криза, следи и финансиска криза, но и помала даночна дисциплина. Сите се во исчекување што ќе се случува, намалени ќе бидат приходите по основ на даноци, така што оптимистички ќе биде ако имаме ребаланс ушто во првиот квартал во наредната година“, коментира за Дојче веле бизнисменот Миле Бошков. Закана од енергетска криза Развојната компонента дополнително може да ја урне енергетската криза која сериозно се заканува во пресрет на зимскиот период. За разлика од платите и социјалните трансфери, во буџетот нема наведено посебна ставка за финансиска помош на енергетските компании, што индиректно ќе значи и помош за граѓаните од евентуален ценовен удар. Министерот Бесими уверува дека состојбата се следи и доколку има потреба ќе се реагира: „Во Владата има работен тим што ја следи состојбата и во зависност од тоа каде ќе се ослободат средства ќе се интервенира. Битно е граѓаните да знаат дека ќе се направат сите напори пред се да има доволно електрична енергија и да се ублажи ценовниот ефект. Во актуелниот Буџет има средства од програмата за Ковид од околу 6 милијарди денари кои се` уште не се реализирани и со нив може да се поддржат енергетските компании“, изјави министерот Бесими. Развојната компонента на буџетот е базирана на проекциите за капитални инвестици, но и на поволните прогнози за развојот на европските економии, посебно на германската, која важи за главен трговски партнер на македонската економија. Бруто инвестициите е предвидено да се зголемат за 8,5% на реална основа, а потрошувачката за 3,1%. Дополнително се очекува да расте и извозот, а да се зголемува и вработеноста. За капитални проекти предвидени се близу 600 милиони евра што е раст од 27% во споредба со годинава. Учеството во вкупните расходи пак е 14% што според Владата е досега најголемо. Каде ќе завршат капиталните инвестиции? Сепак искуствата досега покажуваат дека проекциите во делот на капиталните расходи ретко кога се реализирале во целост. Напротив, тие постојано се кратат, а парите кои не се искористени завршуваат за други, главно непродуктивни намени. Стопанствениците постојано укажуваат дека оваа пракса мора да престане. Но за тоа да се случи, овој пат сметаат дека ќе мора да има и поддршка од страна на опозицијата: „Треба да се биде реален и да се знае дека буџетот е донесен на седница на Влада пред да се случат локалните избори по кои еве гледаме дека нема политичка кохабитација. А кога тоа го нема, знаеме дека нема голема реализација на капиталните проекти. Што значи дека капитални инвестиции во услови кога повеќе од половина локална власт е во рацете на опозицијата е предизвик да се реализираат за сите. Бидејќи знаеме дека проектите не се само околу Владата, туку добар дел од нив се и на локално ниво и за локален развој. Оттука очекувам дека ќе има соработка и еден вид кохабитација на политичко ниво, посебно во услови кога гледаме што се случува во околината. Пандемијата повторно зема замав и може многу лесно да се случи нов домино ефект кој ќе не чини многу поскапо“, предупредува Бошков. Дупка од половина милијарда евра Дополнителен ризик е и проектираниот дефицит. Планот на Владата е да собере 3,9 милијарди евра, што е за 7,4% повеќе од годинава, но во исто време да потроши и нешто над 4,4 милијарди евра. Ова отвора дупка од над половина милијарда евра која ќе се покрива преку задолжување. Планот е тоа да се прави на домашниот и на меѓународниот пазар. Или конкретно, буџетскиот дефицит ќе изнесува 4,3% од БДП или во пари, 544,4 милиони евра. Ќе се враќаат и 188 милиони евра веќе позајмени пари. Од овие 441 милион евра ќе се обезбедат од домашни извори, а 346 милиони евра од странски извори. Министерот за финансии Бесими ги претстави и новите извори на финансирање. Развојна, зелена, проектна обврзница и обврзница индицирана со инфлација. Ваквата стратегија на задолжување и раздолжување ќе влијае на зголемување на јавниот долг кој веќе е сериозно висок. Според проценките, доколку се остварат проекциите, крајот на 2022 година ќе го дочекаме со ниво на јавен долг во висина од 65,5% од Бруто домашниот производ. Што се однесува пак до инфлацијата, таа се прогнозира да изнесува 2,4%. По усвојувањето од страна на Владата, Буџетот сега треба да оди во Собрание. Тоа треба да се случи најдоцна до 15 ноември, но според најавите тој веќе е таму и уште утре треба да биде ставен на увид на народните избраници. Според Деловникот, за предлогот најпрвин ќе се расправа во комисијата за финансирање и буџет. Усвојувањето е на пленарна собраниска седница најдоцна до 31 декември. Актуелните случувања на политички план отвараат дилеми во какви услови ќе помине целата процедура. Од Владата велат дека актуелната политичка криза нема да биде пречка за усвојувањето на буџетот и дека има доволно време за сите собраниски процедури пред тој да биде ставен на финално гласање. https://www.dw.com/mk/буџет-од-44-милијарди-евра-за-развој-или-за-гаснење-социјален-пожар/a-59700014 |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Буџетот за 2022 година ќе изнесува 4,43 милијарди евра, поголеми капитални инвестиции и плати за лекарите, судиите, обвинителите…
![]() Вкупните буџетски расходи идната година ќе изнесуваат 272,4 милијарди денари (околу 4,43 милијарди евра), или 35,2 отсто од домашниот бруто-производ, додека вкупните приходи се проектирани на 238,9 милијарди денари (или околу 3,8 милијарди евра) односно 30,9 отсто од БДП. Буџетскиот дефицит е предвиден во износ од 33,5 милијарди денари или околу 544,4 милиони евра (4,3 отсто од БДП). Разликата меѓу расходите и приходите ќе се пополни со задолжување од домашни и странски извори, при што за таа цел покрај постојните видови обврзници. ќе се издаваат и четири видови нови – развојни, зелени, проектни и индексирани со инфлацијата. Ова денес на прес конференција го изјави министерот за финансии Фатмир Бесими образложувајќи го Предлог-буџетот за 2022 година кој беше усвоен викендов на владина седница, но поради изборниот молк беше презентиран денеска. „Главна каракеристика на буџетскиот дефицит ќе биде што тој ќе се користи за поддршка на капиталните расходи, односно на капиталните инвестиции, кои се предвидени во износ од 37,8 милијарди денари. Ова значи дека капиталните расходи се поголеми од буџетскиот дефицит што покажува дека буџетот за наредната година е развоен“, рече Бесими на прес конференцијата. Капиталните расходи исто така се за 27 отсто повисоки во однос на 2021, а нивното учество во вкупните расходи е 14 проценти што претставува најголемо учество досега. „Гледано наназад ова е историско најголемо учество на капиталните расходи во вкупните расходи“, нагласи Бесими. Тој посочи дека вкупните буџетски приходи од 238,9 милијарди денари се за 7,4 отсто повисоки од процената за остварување на Буџетот за 2021 година. Притоа, даночните приходи ќе изнесуваат 136,5 милијарди денари или за 10,2 отсто повеќе од годинава. Тој рече дека треба да се има во предвид дека овие приходи се проектирани во услови кога со законски прописи се намалени некои давачки, како на пример намалената стапка на ДДВ за некои угостителски услуги, повластената стапка на ДДВ за електричната енергија за домаќинствата и тн. Расходната страна е зголемена номинално за 1,4 проценти или за 3,7 милијарди денари, но се пониски како процент од БДП споредено со 2021 година. Министерот Бесими најави натамошна фискална консолидација, намалување на непотребните расходи, поефикасно трошење на јавните пари и тн. Така, во ставката стоки и услуги има намалување за шест проценти. Тој рече дека буџетот и идната година ќе остане ликвиден и дека исплатата на платите, пензиите и социјалните надоместоци ќе биде редовна и навремена. Бесими најави и поголеми плати за здравствените работници, во износ од 5 отсто, односно, како што објасни тоа што годинава го добивале како бонус кој бил обезбеден преку кредит од Светската банка, во наредната година ќе се трансформира во редовни зголемени плати, за што се предвидени буџетски средства. Зголемени плати ќе има и образованието, културата, судството, Јавното обвинителство…. Повеќе средства ќе добие и локалната самоуправа, со оглед на донесените законски решенија годинава за натамошна фискална децентрализација. Инаку, за наредната година се предвидува раст на БДП од 4,6 отсто, додека инфлацијата ќе изнесува 2,4 отсто и се очекува во втората половина од годината веќе да се намали притисокот предизвикан од енергетската криза. Министерот Бесими очекува дека Предлог-буџетот ќе биде донесен навреме и покрај политичката криза во земјава. „Предлог-буџетот е навреме усвоен во Владата и пратен во Собранието и не гледам причина зошто не би се донел навреме. Има најави и од најголемата опозициска партија дека ќе биде разгледан“, рече Бесими. Одговарајќи на новинарски прашања, Бесими рече дека дефицитот и отплатата на долгот во износ од 11,6 милијарди денари (од кои за надворешниот долг во износ од 6,1 милијарди денари и за домашниот долг во износ од 5,5 милијарди денари) ќе се финансираат преку комбинација на домашно и странско задолжување при што, како што појасни, ќе се води сметка за оптимизација на трошоците за позајмување. Меѓу изворите за финансирање на дефицитот, првпат ќе се воведат нови инструменти како што се развојните, зелените, проектните обврзници и обврзниците индексирани со инфлацијата кои се дел од Планот за забрзан економски раст. Бруто инвестициите проектирано е да се зголемат за 8,5 проценти на реална основа, а потрошувачката за 3,1 процент. Очекувањата се дека ќе продолжи и трендот на зголемување на извозната активност на домашните компании која следната година би забележала раст од 8,3 проценти, а позитивни движења се очекуваат и на пазарот на труд каде бројот на вработени би бележел раст од 3,1 процент што би влијаело врз стапката на невработеност. Планирани се и средства за исплата на субвенции во земјоделството, за поддршка на приватниот сектор, за спроведување на активните мерки за вработување, а ќе се зголемат и средствата што ќе ги добијат општините согласно реформата за унапредвање на фискалната децентрализација. За здравствена заштита планирани се средства во износ од 36 милијарди денари кои во најголем дел се наменети за финансирање на здравствените услуги, мерките за заштита од ковид пандемијата и достапност на лековите за населението. Притоа, не се изоставени и здравствените работници кои ќе добијат зголемување на платите за што се предвидени 700 милиони денари. Буџетот има четири основни цели – продолжување на грижата за заштита на здравјето, економско заздравување, зголемување на инвестициите и непречено финансирање на основните функции на државата. Буџетот е креиран врз основа на очекувањата за економските движења на глобално ниво, а посебно на Германија како наш најголем економски партнер. На глобално ниво се очекува следната година да се вратат стапките на раст од преткризното ниво. Растот на глобалната економија во 2021 година се очекува да достигне 5,9 проценти, а во 2022 година да изнесува 4,9 проценти, согласно октомвриските проекции на ММФ. За ЕУ, проектирана е стапка на раст од 5,1 процент за 2021 година и 4,4 роценти за 2022 година, додека за Германија како наш најзначаен трговски партнер се предвидува раст од 3,1 процент во 2021 и 4,6 проценти во 2022 година. https://nezavisen.mk/budzhetot-za-2022-godina-kje-iznesuva-443-milijardi-evra-pogolemi-kapitalni-investicii-i-plati-za-lekarite/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Македонија со најголем пад на гринфилд инвестиции во регионот
https://sitel.com.mk/makedonija-so-najgolem-pad-na-grinfild-investicii-vo-regionot |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Македонија е ставена на „сивата листа“ на ЕУ, земји со несоодветни даночни стандарди
Европската Унија ги отстрани Ангвила, Доминика и Сејшелите од својата „црна листа“ на даночни оази, а на „сивата листа“ ја додаде Македонија. На оваа листа се земји кои имаат несоодветни даночни стандарди, но се обврзани на измена на прописите во согласност со барањата. Министрите за финансии на ЕУ во Ликсембург одлучија Ангвила, Сејшели и Доминика да ги избришат од „црната листа“ и да ги додадат на „сивата листа“, откако трите земји се согласија да ги прегледаат своите даночни системи. „Црната листа“ на ЕУ беше воспоставена во 2017 година со цел да се потисне растечката даночна евазија и редовно се ажурира со држави кои не ги исполнуваат критериумите за даночна транспарентност. Девет „јурисдикции“ сѐ уште се наведени како „некооперативни“, како што се Американска Самоа, Фиџи, Гуам, Палау, Панама, Самоа, Тринидад и Тобаго, американските Девствени Острови и Вануату. Ангвила, Доминика и Сејшелите сега се наведени како јурисдикции кои сѐ уште не се во согласност со сите меѓународни даночни стандарди, но се посветени на принципите на добро даночно управување. На „сивата листа“ се додадени и Костарика, Хонг Конг, Малезија, Северна Македонија, Катар и Уругвај, додека Австралија, Есватини (поранешен Свазиленд) и Малдиви се отстранети од неа по реформата на нивните даночни системи. https://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/makedonija-e-stavena-na-sivata-lista-na-eu-zemji-so-nesoodvetni-danochni |
|
![]() |
|
ehrlich ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 31-May-2012 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 1365 |
![]() ![]() |
Хмммм, пазарот со енергенти во Европа е во хаотична состојба цел септември, а прогнозите за зимата се дека ќе биде ладна, што состојбата ќе ја услови цените само да растат. Јас работам од 2016 година во компанија за електрична енергија и не памтам цените да биле цел месец над 150 евра по мегават/час, освен еднаш (јануари 2017 г., кога зимата беше -20).
Така што, цените и те како ќе се зголемат ако не се смени нешто драстично. |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
литро зејтин
![]() На кој јазик е ова? Како и да е, 50% е fear mongering и ништо друго. |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЦЕНОВЕН ШОК - ХРАНАТА ПОСКАПА И ДО 50 ПРОЦЕНТИ
Животот станува се поскап. Коморите најавуваат ценовен шок. До нова година цените на храната ќе растат и до 50 отсто, бизнисот бара поддршка од државата за да се ублажи ударот врз потрошувачите. Во наредните три месеци се очекува раст на цените на основните прехранбени производи од 40 до 50 проценти. Од Стопанската комора бараат итна средба со владините претставници за да може навремено да се ублажи ценовниот шок кој не очекува, доколку Владата излезе во пресрет, растот на цените ќе изнесува околу 15%, предупредува комората. „Целата прехранбена индустрија бара од Владата да и се помогне за да може да функционира, а и потрошувачите да бидат заштитени. Ако суровините минатата година поскапеа до 40 отсто, се очекува поскапувањето на крајните производи да биде од 40 - 50 проценти, а тука секако треба да се додаде и новата цена на енергенсите.“ - вели Васко Ристовски.од Стопанска Комора. Како главни причини за растот на цените се климатските промени, намаленото земјоделско производство, недовлна работна сила, скапиот транспорт и скапите енергенси. „На поскапувањето укажувавме неколку пати од почетокот на годината. Поскапувања ќе има, но колкави ќе бидат, тука можеме секако да влијаеме. Поскапувањето на месните преработки се очекува да биде 15 отсто колку што е на глобалните пазари, но може да е и повеќе, 30 – 40 проценти ако државата продолжи да ја игнорира поддршката. Само 20 – 30 отсто се царинските давачки за увоз на смрзнато свинско месо за преработка.“ - изјави Гоце Трајчев - претседатело на Групацијата за месо и месни преработки. Во моментов граѓаните купуваат поскапа храна за 5 до 10 проценти - Кесето се стега. Велат едвај врзуваат крај со крај. Платите, пензиите, производите се исти, но цените се далеку поразлични. За само една година според податоците минималната потрошувачка кошничка се зголемила за околу 1000 денари. Екипата на ТВ24 денеска беше во обиколка на неколку продавници, па така на пример: - За килограм леб потребни се од 25 до 50 денари. За литро зејтин од 90 до 110 денари. Брашното се продава по цена од 40 до 50 денари за килограм. - Во иднина поскапување на цената ќе има и на лебот. Бројките покажуваат дека пченицата во жетва: - Во 2020 година – била 10 денари килограм – 2021 година е 12 денари, што е зголемување од 20 отсто. - Цената на јачменот лани изнесувала 8,5 денари, додека годинава се купува за 10,5 денари. - Пченката - лани се купуваше за 9 денари, а оваа година производителите ја купуваат за 13. Неизвесно е дали најавата на новиот ценовен бран ќе донесе покачување на цената на струјата, комуналиите, превозот. Властите во дрважава неколку пати повторуваат инфлацијата е стабилна и се движи од 2 до 2,5 проценти. https://24.mk/details/cenoven-shok-khranata-poskapa-i-do-50-procenti |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Миграцијата на младите го чини Западен Балкан до 5,5 милијарди евра годишно, колку губи Македонија?
Според истражувањето спроведено од Вестминстер Фондацијата за демократија и Институтот за развој и иновации, регионот на Западен Балкан губи милијарди евра секоја година поради миграцијата од страна на нејзините млади граѓани, пишува ЕУобсервер. За да се процени економскиот отпечаток, истражувањето ги зема предвид трошоците поврзани со образованието, 2,46 милијарди евра, како и потенцијалната загуба во растот на БДП поради загубата на младите во земјите. Трошоците поврзани со образованието финансирано од државата варираат за секој поединец и се поврзани со нивото на образование и времето поминато во училиште – од 8 до 20 години. Земајќи ги предвид овие променливи, истражувањето проценува дека вкупните загуби поврзани со образованието на младите луѓе кои ги напуштаат земјите од Западен Балкан за една година, варираат од минимум 840 милиони евра до 2,46 милијарди евра. Студијата проценува дека вкупните трошоци за школување на поединец во земјите од Западен Балкан изнесуваат околу 25.000 евра, што претставува трошок поврзан со деветгодишното основно образование, четири години средно и пет години – во просек – високо образование. Така, трошоците за образование на земјите од Западен Балкан стануваат инвестиции за земјите приматели. „Многу висококвалификувани експерти и претприемачи имаат корист од можностите на глобализираната економија, бидејќи земјите-дестинации се натпреваруваат едни со други за да привлечат висококвалификувани луѓе нудејќи поволни правила за влез и престој во нивните земји“, вели Емил Атанасовски, директор за Западен Балкан во Вестминстер фондацијата за демократија (ВФД). ВФД е основана во 1992 година и добива основно финансирање од канцеларијата за надворешни работи на Обединетото кралство. Повеќе и од државите од источна Европа, земјите од Западен Балкан имаат долга историја на емиграција, достигнувајќи нивоа што се меѓу највисоките во светот. „За разлика од некои источноевропски земји, чие население почна да мигрира кога стана дел од Европската унија, населението на земјите од Западен Балкан почна да мигрира во големи бранови кон Запад пред половина век“, истакна Атанасовски. Меѓу причините зошто регионот на Западен Балкан имаше голема миграција низ децениите, е распадот на Југославија, граѓанските војни и економските тешкотии што следеа, вели Атанасовски. Заминуваат млади и образувани кадри Се чини дека Босна и Херцеговина е една од најтешко погодените земји во регионот, при што некои студии велат дека речиси половина од граѓаните родени во оваа земја повеќе не живеат таму. Друг впечатлив пример е Косово – кое загуби 15,4 проценти од своето население помеѓу 2007 и 2018 година. „Структурата на сегашното население кое мигрира се менува, и гледаме се повеќе млади луѓе со перспектива кои заминуваат да студираат во странство, а високообразовани и квалификувани луѓе заминуваат откако ќе дипломираат“, додаде Атанасовски. Студијата открива дека намалувањето на БДП – поради намалувањето на потрошувачката – е уште позначајно. Пресметано е дека земјите од Западен Балкан губат, поради миграцијата на младите, 3,08 милијарди евра секоја година во потенцијален раст на БДП. Додавањето на таа бројка заедно со проценката за трошоците за образование изнесува вкупно околу 5,5 милијарди евра годишно. Слично како и во источна Европа, на Западен Балкан му е потребен ремонт на управувањето и драстично прекинување на практиките од минатото за да се промени трендот. Како што вели Арманд Госу, професор по политички науки на Универзитетот во Букурешт, за EUobserver „ова е прашање што треба да се дискутира во егзистенцијални услови, бидејќи зборуваме за самиот опстанок на овие држави. „Не постојат земји без луѓе, а самото постоење на една држава се потврдува преку нејзиното население“. Колку губи Македонија Инаку, во зависност од нивото на образование и бројот на заминувања, вкупните трошоци за образование на луѓето што ја напуштаат Северна Македонија за една година варираат од 116 милиони евра до 433 милиони евра, покажува извештајот Трошоците за имиграција на младите во земјите од Западен Балкан. „Поради неможноста да се спречи годишната емиграција, се додава потенцијалната годишна бруто загуба на додадената вредност во износ од околу 333 милиони евра, што е околу 3,1 проценти од БДП во 2018 година. Едноставно кажано, секој работно способен човек што ја напушта Северна Македонија со себе „носи“ и приближно 15.850 евра од потенцијален иден БДП“, се вели во извештајот, во делот посветен на нашата земја. Притоа, се додава дека во Северна Македонија, како и во другите балкански земји, целосна анализа на влијанието на миграцијата е значително попречена од недостатокот на сигурни и детални податоци. На точниот број на лица што заминуваат, должината на нивниот планиран престој во странство, нивниот пол, возраста и образованието, како и клучните мотиви за напуштање се податоци за кои нема цврсти административни извори. Затоа, за да се анализира овој феномен, беше неопходно да се симулираат различни сценарија базирани на различни претпоставки, и индиректно да се извлечат заклучоци и да се проценат резултатите. Притоа, се обидовме да ги квантифицираме економските ефекти преку трошоците за образование и можните трошоци во однос на изгубениот потенцијален БДП, како и позитивните економски ефекти преку приливот на дознаки од странство, се вели во извештајот. Според проценките на ОЕЦД, во просек од Северна Македонија се отселувале по 23.000 луѓе годишно, до земјите -членки на ОЕЦД во периодот 2012–2016 година. Миграцијата го достигна својот врв во 2015 година, кога 32.000 луѓе ја напуштија Северна Македонија, додека тој број беше 30 проценти помал следната година. Важно е да се напомене дека податоците ги опфаќаат сите луѓе што ја напуштиле земјата за една година, вклучувајќи ги и луѓето кои ја напуштија земјата да работат привремено, кои заминаа да се образуваат, или беа испратени во меѓукомпаниски трансфери, што се сите форми на привремена работна миграција. Бидејќи пристапот на ОЕЦД ја вклучува привремената миграција, бројот на луѓе кои се враќаат не може да се занемарат; во овој петгодишен период се вратиле околу 13.500 луѓе, што значи дека просечниот годишен нето -одлив изнесуваше околу 9.400 лица. Според статистиката на ОЕЦД за 2016 година, речиси две третини од сите Македонци мигранти отишле во Германија, околу осум проценти во Швајцарија, додека Австрија беше на третото место. Образованието на Македонец кој завршил во 2018 година, опфаќајќи основно училиште (девет години) преку средно училиште (четири години) до крајот на академските студии (што траеше во просек пет години), чинеше околу 29.000 евра. Цената на четиригодишната средно образование (вклучително и основното образование) за завршените во 2018 година изнесуваше околу 14.500 евра, додека деветгодишното основно образование чинеше близу 9.000 евра. Проценката на трошоците за докторско образование не е лесно да се направи поради недостапноста на податоците во потребните структури. Врз основа на достапните информации, приближно во просек се трошат 48.000 евра за едукација на доктори на науки. Има и придобивки Покрај негативните ефекти, не може да се игнорираат придобивките од емиграцијата, дури и иако повеќето демографи и социолози ги сметаат за несакани ефекти, се вели во извештајот. Најважната директна придобивка од миграциските текови се дознаките од странство. Дознаките од странство изнесуваат околу два проценти од БДП на Северна Македонија, или околу 200 милиони евра, во 2018 година. Овие податоци се засноваат на административни извори и легални банкарски текови. Според Меѓународниот монетарен фонд, учеството на дознаките преку неформални канали изнесуваше дополнителни четири проценти од БДП. Следствено, вкупниот удел на реалните дознаки може да достигне и до шест проценти од БДП, што значи дека Северна Македонија е меѓу највисоко рангираните земји според нивото на оваа категорија приходи. Во поширока смисла, ако ги додадеме дознаките од странство, приливот од странски пензии и плати на македонските жители во странство, овој износ се зголемува на околу 721 милиони евра. Сепак, иако значаен, овој извор на средства не можат да бидат генератор на економски раст, бидејќи само еден процент оди во него бизнис инвестиции, наведуваат Вестминстер Фондацијата за демократија и Институтот за развој и иновации во делот за Македонија во извештајот Трошоците за имиграција на младите во Земјите од Западен Балкан. https://nezavisen.mk/migracijata-na-mladite-go-chini-zapaden-balkan-do-55-milijardi-evra-godishno-kolku-gubi-makedonija/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
СЕ ПОДГРЕВА ИНФЛАЦИЈАТА Едногодишен највисок раст на цените на бензините
На почетокот од септември литар „еуросупер“ од 95 октани се подаваше за 72 денари а „еуросупер“ од 98 октани за цели 74 денари по литар. Изминатите неколку години ова се практично и највисоки цени на нафтените деривати во земјава, пишува „Порталб“. Во август годинава во споредба со истиот месец лани измерена е и една од повисоките стапки на ценовен раст од 4,9 отсто. Поскапа храна, земјоделски и индустриски производи, поскапи услуги – во август регистрирана е позначајна стапка на ценовен раст. Конкретно во осмиот месец од годинава во споредба со истиот месец лани Заводот за статистика регистрираше пораст на цените на мало за 4,9 отсто. Поскапено е речиси се, од прехранбени до индустриски производи. Ценовен раст август 2021/август 2020 Прехранбени производи 4,2% Земјоделски производи 9,0% Непрехранбени индустриски производи и тутун 5,2% Индустриски производи 4,2% Во глобални рамки ценовниот раст на прехранбените производи е последица на растот на цените на примарните прехранбени производи, Зголемената побарувачка на пченица во некои од големите економии како Турција, Иран, Индија од една страна а намаленото производство, пред се во Северна Америка, придонесува за зголемување на цената на пченицата која е базичен прехранбен производ. Изминатиот период цените на горивата растеа во континуитет со што достигнаа нивоа највисоки во изминатите години. Па така на почетокот од септември литар „еуросупер“ од 95 октани се продаваше за 72 денари по литар а „еуросупер“ од 95 октани за 74 денари по литар. Само за споредба, лани во истиот месец цените изнесувале 60 денари, односно 62 денари за литар. Во светски рамки се очекува натамошен раст на цената на нафтата. Се очекува значително посилен раст на цената на нафтата во 2021 година од очекуваниот во април, што во најголема мера е одраз на силната побарувачка, главно заради намалените рестриктивни мерки во глобални рамки, при истовремено намалени залихи на нафта и ограничување на производството на нафта од страна на ОПЕК“, оценуваат од НБМ. Стабилизација на цените на нафтените деривати се очекува додгодина а во меѓувреме според прогнозите, инфлацијата во земјава ќе расте, но ќе се држи во проектираните рамки за годинава, не повисока од 3 отсто. Она што е значајно е дека дел од ценовниот раст е „увезен“ – односно поскпаувањата дома се и последица на инфлацијата со која се соочуваат и другите земји во регионот и во Европа а се наши стратешки трговски партнери. „Нагорната ревизија за 2021 година се должи на очекувањата за повисок ценовен раст кај речиси сите наши увозни партнери, а најмногу кај Германија, Србија и Хрватска, додека за 2022 година речиси сите земји имаат сличен придонес за нагорната корекција“ – соопштуваат од Народната банка и додаваат: Инфлацијата остварена во периодот јануари – јули, во просек од 2,5 отсто, малку ја надминува очекуваната во априлскиот циклус проекции, при нагорни ревизии кај очекувањата за растот на увозните цени, чие движење е исклучително променливо и неизвесно, а со тоа и нивното влијание врз домашните цени. Растат цените – растат и трошоците за живот, најмногу кај транспорот за 13,5 отсто во август годинава во споредба со истиот месец лани, кај хотели и ресторани трошоците на живот се зголемени за 4,8 отсто, а за храната, алкохолот, тутунот растот е нешто над 4 отсто. Трошоци на живот август 2021/2020 Масла и масти 27,1% Зеленчук 16,4% Гас 21,2% Течни горива 19,1% Транспортни услуги 16,6% Според последните оценки на Министерството за финансии инфлацијата годинава нема да надмине 2,1 отсто. Во Еврозоната инфлацијата во август достигна 3 отсто и според анализата на Евростат, најголемо влијание врз растот на инфлацијата во Еврозоната има зголемувањето на цените на енергенсите во август од 15,4 отсто на годишно ниво. https://plusinfo.mk/se-podgreva-inflaci-ata-ednogodishen-na-visok-rast-na-cenite-na-benzinite/ |
|
![]() |
|
гитардемон ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Feb-2008 Online Status: Offline Posts: 5424 |
![]() ![]() |
„зејтин“
![]() |
|
Arguing on the internet is like running at the special olympics. Even if you win, you're still retarded.
|
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Ќе јадеме поскап леб, а ќе готвиме со поскап зејтин
Цените на брашното, на лебот и на белите печива ќе се зголемуваат и понатаму. Дел од приватните пекари веќе го направија зголемувањето на цените, но според мелничарите и увозниците и оние што не го направиле тоа, наскоро ќе мора да ги зголемат цените. Ќе се зголеми и цената на зејтинот, затоа што ни оваа од околу 90 денари, веќе не е исплатлива за производителите, а поскапел и увозот на сојата, палминото масло…. Горан Малишиќ, претседател на Мелничко-пекарската индустрија при Стопанската комора, во изјава за „Слободен печат“ објаснува дека во моментов има драстично зголемување на цените на пченицата на светските берзи. – Цената на пченицата од почнувањето на пандемијата се зголеми за 20 проценти, а сега имаме ново драстично зголемување на цената во светски рамки. Штом се зголемува цената на пченицата, нормално е дека се зголемува и цената на брашното, потоа на лебот и на белите печива. Но, не е само растот на цената на пченицата причина за раст на овие цени. Цената на струјата за компаниите што одат на слободен пазар е зголемена 100 проценти, а и цените на амбалажите за пакување се зголемени за 40-ина проценти – вели Малишиќ. Нашите потреби од пченица и од брашно околу една третина се задоволуваат од увоз. Но, Македонија е увозно зависна и од масло за јадење, од млечни производи, од месо. Така, сите берзански цени на храната се отсликуваат во нашата потрошувачка кошничка. Вестите од берзите, пак, не се пријатни. Новосадската берза, која е значајна за нашето снабдување од Србија, извести дека во првата недела на септември е забележан рекорден раст на цената на сојата, дури за 11,6 проценти во однос на претходната недела, но има раст и на цените на други житарки, како и одложена жетва на сончоглед поради временските околности. Румен Смилевски, сопственик на компанијата „Малина“ преку која го врши увозот на брашно и на пченица од Србија, вели дека лани цената на пченицата на тамошната берза била од 160 до 170 евра за тон, а сега таа е 215 до 220 евра за тон. Компанијата на Смилевски е втор најголем акционер и во фабриката „Благој Ѓорев“, која го произведува маслото за јадење „кристал“. Состојбата со сончогледот, Смилевски ја нарекува „урнебес“. – „Благој Ѓорев“ е единствената фабрика кај нас што произведува масло за јадење од сончоглед, за разлика од другите што купуваат нерафинирано масло, па го доработуваат. Ако порано го плаќавме сончогледот по цена од 280 евра за тон, сега цената достигна 450 евра за тон. Урнебесно! А, според берзите, уште и ќе расте цената. Ние со вакви цени не можеме да го задржиме сегашното ниво. Сега имавме состанок и веќе разговараме за зголемување на цената – вели Смилевски, кој е и претседател на Одборот на директори во „Благој Ѓорев “. Цените на палмовото масло и шеќерот „жртви“ на контејнерскиот превоз За многу производи не е само проблем цената на земјоделските производи, туку и цента на контејнерскиот транспорт, објаснува Румен Смилевски, кој преку своите компании врши увоз на повеќе земјоделски производи . – За само три-четири месеци, цената за еден контејнер се зголеми од 800 на 7.000 евра. Јас такво нешто досега никогаш не сум видел! Тоа не е резултат на економски околности, туку на трговската војна меѓу Кина и Америка, А тоа ја зголемува крајната цена на продуктите што се транспортираат. На пример, цената на палмовото масло не е зголемена, но со ваков скок на цените на контејнерите, неговата крајна цена се зголеми од 60 на 75 денари за килограм. А тоа е многу широко распространет продукт – го користат од бурекчиите до фабриките за храна – објаснува Смилевски. Смилевски вели дека водениот транспорт со контејнери значително ја зголемил и цената на шеќерот и дека сега се бараат начини како поголем увоз да се направи од регионот за да се избегнат контејнерите. Ланската плата од 20.000 денари сега вреди 720 денари помалку Августовската инфлацијата на годишно ниво покажала раст од 3,6 проценти, објави Државниот завод за статистика. Ова значи дека оние што лани имале, на пример, плата од 20.000 денари, ако истата ја добиваат и сега, таа им вреди 19.280 денари. Или поинаку кажано, сите оние што на ланската плата од 20.000 денари досега не добиле зголемување од 720 денари, колку што е инфлацијата, практично сега ја работат истата работа за помала вредност на парите. Министерот за финансии Фатмир Бесими, пак, е оптимист и тврди дека остануваат проекциите што беа наведени во ребалансот на буџетот од јули, според кои инфлацијата во 2021 година ќе биде 2,1 процент. „Стапката на инфлација во 2021 година е предвидено да изнесува 2,1 процент, што претставува одредено интензивирање на инфлацијата споредено со 2020 година и е ревидирана нагорно во однос на првичната проекција (1,5 процент), при нагорна корекција на проектираниот раст на цените на примарните производи на светските берзи, како што се нафтата, пченицата и пченката, и нагорно придвижување на странската ефективна инфлација“, пишува во ребалансот на Буџетот. Цените на индустриските производи за една година се зголемиле за 14 проценти Во јули годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи вкупно се повисоки за 1,8 проценти на месечно ниво, а за 14 проценти на годишно ниво, објави вчера Државниот завод за статистика. На месечно ниво цените се повисоки во секторот „Рударство и вадење на камен“ за 2,9 проценти, во секторот „Преработувачка индустрија“ за 1 процент и во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 13,3 проценти. Во јули 2021, во споредба со јули 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки во секторот „Рударство и вадење камен“ за 35,2 проценти, во секторот „Преработувачка индустрија“ за 11,6 проценти и во секторот „Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 2,6 проценти. https://www.slobodenpecat.mk/kje-jademe-poskap-leb-a-kje-gotvime-so-poskap-zejtin/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ФИНАНСИИ ОТКРИВА Годинава се очекува раст од 4,1 и инфлација од 2,1 отсто
Според статистичките податоци и проекциите, државата годинава излегува од криза и влегува во раст и заздравување. Министерството за финансии оценува дека се стабилни очекувањата за раст од 4,1 проценти и инфлација од 2,1 процент годинава. Министерството за финансии, како што информира на денешниот брифинг со новинари министерот Фатмир Бесими, има конзистентен пристап за остварување на поставените цели за зголемување на растот од 2,5 на 5 проценти, како и за фискалната консолидрација до 2026 година, односно јавен долг по 60 проценти и три проценти буџетски дефицит. – Годинава нема да биде лесна и свесни сме за сите предизвици и за проекциите на Светска банка и ММФ за ковид и очекувањата на инвеститорите. Од аспект на приходите на буџетот се позитивни и очекувањaта се веќе во вториот квартал да излеземе од кризата – посочија од Министерството за финансии на денешниот брифинг. Состојбата со јавниот долг заклучно со 30.06.2021 година, е дека изнесува 64,4 проценти, додека состојбата на државниот долг заклучно со 31.07.2021, што е последен податок, е дека тој изнесува 52 проценти. Од Министерството за финансии потврдуваат дека цврсто стојат на својата заложба за стабилизирање на долгот и негово позиционирање ниво од 60 проценти од БДП, што е во рамки на мастришкиот критериум. На среден рок, односно до 2026 година, проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг се дека тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 57,7 проценти, додека државниот долг ќе се сведе на 50,7 отсто – брифираат од МФ. Капиталните расходи заклучно со 1.09.2021 година, изнесуваат 39,85 проценти. Во финансиски средства тоа изнесува околу 11,8 милијарди денари, што е повеќе споредено со минатата 2020 година, кога тоа изнесувало 7,7 милијарди денари. – Ќе има подобрување во однос на минатата година, но не очекуваме нешто спектакуално. Ние го зголемивме финансиското учество во капиталните расходи, додека кај капиталните инвестиции мислам дека ќе успееме да бидеме во рамки на просекот. Годинава има и избори, што исто тката е ограничување и влијае на успената реализација – велат од МФ. Во однос на барањата за нов пакет мерки, истакнуваат дека се во постојана комуникација со стопанството и дека следат и реагираат соодветно. Посочуваат дека со ребалансот на Буџетот биле предвидени средства за поддршка на компании групи во општеството со заеми, поддршка за плати, за извоз и развој, кои се уште се спроведуваат. – Сега за сега во оваа фаза е тоа што е досега најавено и се реализира во согласнот со буџетски предвидената поддршка. Има мерки што се спроведуваат – брифираат од Министерството за финансии. Во однос на најавената Стратегија за либерализација на пазарот на капитал, министерот Бесими на денешниот брифинг со новинари, кажа дека се уште се работи на развој на стратегијата со акцент на нови решенија за финансирање и кредитирање на економијата, меѓу кои и можноста граѓаните освен преку депозити во банките да учествуваат и инвестираат во капитални проекти и купуваат државни обврзници поврзани со конкретни проекти, но дека за тоа се неопходни и сет обуки и програми за информирање на граѓаните. https://plusinfo.mk/finansiii-otkriva-godinava-se-ochekuva-rast-od-4-1-i-inflaci-a-od-2-1-otsto/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ЈАВНИОТ ДОЛГ ЗГОЛЕМЕН ЗА 213 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА ТРИ МЕСЕЦИ - земјава должи 7,4 милијарди евра
Јавниот долг за три месеци порасна за 213 милиони евра, или достигна 64,4 отсто од БДП, објави министерството за финансии. Јавниот долг на крајот од јуни годинава е на ниво од 7,386 милијарди евра. „Со ова јавниот долг достигна 7,4 милијарди евра, или за 2,7 милијарди евра повисоко во однос на 2016 година. Оваа влада планира да продолжи уште да го задолжува овој народ. Следната година, планираат јавниот долг да достигне 8,5 милијарди евра или скоро 66 отсто од БДП, согласно Стратегијата за управување со јавен долг 2022-2026. Тоа значи дека секое четиричлено семејство догодина ќе биде задолжено со 17.000 евра. За сметка на тоа, никој ништо нема да добие. Капиталните инвестиции се реализирани со бедни 30 отсто за седум месеци, а истовремено се набавуваат автомобили и мебел и се вработуваат во јавната администрација лепачи на партиски плакати“, информираа од ВМРО-ДПМНЕ. https://faktor.mk/javniot-dolg-zgolemen-za-213-milioni-evra-za-tri-meseci---zemjava-dolzi-74-milijardi-evra |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Се подгрева инфлацијата: Растот на цените ќе продолжи
Се подгрева инфлацијата, очекувањата за цените остануваат во насгорна насока. Народната банка потврдидека има незивесност во однос на движењето на светските цени, што секако се рефлектира и овде. Денеска се одржа состанок на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на кој се потврдиле ставовите и за инфлацијата. Годишниот раст на цените во периодот април – мај 2021 година изнесува 2,9 отсто и е во согласност со очекувањата според априлските проекции на Народната банка. „Во однос на очекуваните движења на увозните цени, последните ревизии се во нагорна насока. Неизвесноста во однос на движењето на светските цени на примарните производи во следниот период е особено нагласена, согласно со неизвесните економски ефекти поврзани со пандемијата и изгледите за справување со неа, стои во соопштението. Оттаму велат дека според последните расположливи макроекономски показатели за економската активност, бруто домашниот производ во првиот квартал од 2021 година забележа реален пад од 1,9 отсто на годишна основа, во услови на трет бран на ковид-19 што негативно влијаеше врз динамиката на економското закрепнување. Нови поскапувања ќе следуваат и по зголемувањето на еколошката такса за сите горива до 3,5 денари по литар од јули. https://faktor.mk/se-podgreva-inflacijata-rastot-na-cenite-kje-prodolzi |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
ОД 1 ЈУЛИ ПОСКАП БЕНЗИН И ДИЗЕЛ ЗА 3,5 ДЕНАРИ ЕКОЛОШКА ТАКСА, ДДВ НА СТРУЈА СЕ НАМАЛУВА ОД 18 НА 5 ОТСТО
Од 1 јули годинава ќе се воведе нова давачка за граѓаните – еколошка такса од 3,5 денари за нафта и нафтени деривати. Олеснување за граѓаните ќе биде намалување на цената на ДДВ за струја, со што сметките наредните две години ќе бидат помали односно ќе се амортизира ударот од поскапувањето на електричната енергија. Ова денеска го потврди премиерот Зоран Заев објаснувајќи дека новата давачка е дел од зелената агенда на Владата, а парите собрани по овој основ ќе одат во таканаречениот еколошки фонд. „Еколошката такса која е предвидена со ребалансот на буџетот е дел од еколошката програма на Владата. Веќе отворивме еколошки фонд со којшто треба да го поддржиме инвестирањето во обновливите извори на енергија. Влезени сме во сериозен процес на промена на јагленовите термоелектрани во фотонапонски, ветерници и гасни. Паралелно со тоа државата мора да ги јакне своите институционални и финансиски можности за инвестирање во вакви извори. Еколошката такса оди со 3,5 денари на нафтата со порака да се откажеме од користење нафта и нафтени деривати и да преминеме буквално во користење на зелена енергија односно да се движиме почесто со велосипед, тротинер или со електрични возила, затоа што тоа го прави цел свет“, рече денеска Заев одговарајќи на новинарско прашање при доделувањето на парите од ТАВ наменети за инфраструктурни проекти на општините Од еколошката такса годишно во буџетот ќе се влеваат 54 милиони евра. Заев најави дека од наредниот месец цената на ДДВ за струја ќе се намали од 18 на 5 отсто. Ваквата мерка ќе трае до 1 јули 2022 кога ќе биде 10 отсто, а од јули 2023 повторно ќе се врати на 18 отсто. Според Заев ваквата мерка ќе овозможи социјална стабилност на граѓаните. „До 2023 ќе ги подготвиме најсиромашните преку државна помош да ги пребродат енергетски промени. И со воведувањето на еколошка такса остануваме со најниски цени на нафтата во регионот“, рече Заев. https://sdk.mk/index.php/makedonija/od-1-juli-poskap-benzin-i-dizel-za-3-5-denari-ekoloshka-taksa-ddv-na-struja-se-namaluva-od-18-na-5-otsto/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
АНАЛИЗА: (Не)достижно сценарио – по 6,1 отсто раст во секој квартал за да се оствари годишниот раст од 4,1отсто
И со ребалансираниот Буџет, Владата за годинава проектираше оптимистичко сценарио за раст на економијата повисок од 4 отсто. Додека податоците за првиот квартал од годинава покажуваат дека економијата сѐ уште е во минус а бруто-инвестициите се во „слободен“ пад, Владата е уверена дека Бруто домашниот производ ќе се зголемува, инвестциите ќе се рестартираат, невработеноста ќе се намалува, пишува „Порталб“. Што велат економистите? Во првите три месеци од годинава – пад на економијата за 1,9 отсто. Бруто- вложувањата во минус со 16,6%. Овие негативни податоци се очекувани поради прелевањето на здравствената криза и во првите месеци од годинава – но според власта тие нема да ја засенат проекцијата дека оваа 2021 ќе регистрираме стапка на раст на БДП од 4,1 отсто – прогнозирана и во новиот ребалансиран Буџет. Според дел од аналитичарите, економијата во следните три квартали од годинава треба да испорача по 6,1 отсто раст, со исклучени сезонски ризици (фактори) за да се реализира прогнозата за раст на БДП од 6,1 отсто.. – Како тоа ќе се случи? Без силни и реално проектирани инвестции – економијата нема да тргне напред – коментираат економистите. Само со агресивен инвестициски циклус ќе бидат достижни стапките на раст повисоки од 5 отсто кои се предвидуваат во следните години. – Систематски висока стапка на економски раст од над 5 отсто е достижна, меѓутоа само со засилена стапка на инвестирање, вклучително и квалитетни инвестиции на државата. Последново е од особена важност, бидејќи ние ретко зборуваме или ги пресметуваме мултипликативните ефекти на јавните инвестиции. Таква стапка на раст ќе е одржлива ако е поддржана од робусни структурни реформи, од кои најкруцијални се оние што се однесуваат на човечкиот капитал односно образованието и квалитетот на институциите кои треба да обезбедат владеење на правото – вели универзитетскиот професор Марјан Петрески. Додека податоците за инвестициите засега се поразителни, намалување на странските директни иневстиции и пад на Бруто-инвестициите воопшто, власта најави инвестициски бум од неколку милијарди евра. Токму ова според Владата ќе биде локомотивата за економскиот напредок. – Инвестициите ќе имаат значајна улога во постепеното интензивирање на економијата. Реалниот раст на бруто-инвестициите е проектиран на 8 отсто во 2021 година, во услови на очекуван раст и на јавните и на приватните инвестиции – изјави премиерот Зоран Заев на презентација на Ребаланс на Буџетот. Амбициозни и предизборни проекции за економски раст во состојба кога показателите за странските инвестиции се катастрофални – коментира Гордана Димитриеска Кочоска од ВМРО – ДПМНЕ. – Најпрво, БДП и понатаму останува високопроектиран или би рекла само желба на власта. Просечната стапка на раст за периодот 2017-2019 година е 2,4 отсто (значи без криза) и нема ниту една причина да очекуваме дуплирање на растот. Стапка на раст од 5 отсто како што проектираат во Фискалната стратегија, прво бара многу работа а не возење мотори за викенд, второ, бара инвестиции. Високи стапки на раст на БДП имаше во 2006, 2007 и 2008 година но тогаш и бруто инвестициите беа високи и имавме комплетно друго економско опкружување со стабилна даночна политика и доверба на инвеститорите во власта. За овој период особено важно е дека инвестициите беа во основни средства кои се основа за подолгорочен и стабилен раст. За жал последните години имаме раст на резервите од кои не можеме да очекуваме некоја постабилна иднина – вели Кочоска Наспроти опозицијата, власта е уверена дека оваа година економијата влегува во постковид период на заздравување. Се очекува раст на буџетските приходи за 4,7 отстоно се зголемуваат и трошењата за 8,6 отсто. Буџетскиот дефицит се продлабочува на 6,5 отсто. Во новиот ребалансиран Буџет се предвидува пад на невработеност а раст на вработеноста. Ребаланс Буџет 2021 Приходи +4,7% Расходи +8,6% Капитални расходи +26,9% Извоз +10,6% Увоз +11,0% Вработеност +1,0% И според најновите анализи на НБМ економијата влегува во зона на заздравување – но со сѐ уште присутни ризици. – На среден рок, се очекува натамошно закрепнување на економијата, со стапка на раст од 3,9 отсто во 2022 година и 4 отсто во 2023 година. Ризиците околу основното сценарио и натаму се оценуваат како поизразено надолни – велат од Народната банка. Инаку според ММФ, годинава Македонската економија ќе испорача раст од 3,5 отсто. https://plusinfo.mk/analiza-ne-dostizhno-scenario-po-6-1-otsto-rast-vo-seko-kvartal-za-da-se-ostvari-godishniot-rast-od-4-1otsto/?fbclid=IwAR1f96ac-w27Krg4t7BzjAZ0p5gCW0dAUrWMPVtQhJOSg7jXDBvJQsdizMg |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Рекорден раст на јавниот долг од над 65 проценти од БДП
Јавниот долг на државата до крајот на оваа година ќе достигне 63.9 проценти од бруто-домашниот производ. Според владината фискална стратегија, наредните две години јавниот долг ќе достигне историски највисок раст или во 2022 задолжувањето ќе биде 65,9 проценти а во 2023 година 65,2 проценти од БДП. Премиерот Зоран Заев вели дека намалувањето на јавниот долг ќе се прави со поголем раст на БДП, но и намалување на вработените во администрацијата. Целта е 2026 да паднеме под 60 проценти јавен долг а државниот долг под 50 проценти тоа е возможно секако ако проекциите за раст на економијата растат а истовремено ги намалување непродуктивните расходи односно го исполниме ветувањето за намалување на јавната администрација, и со тоа ќе се намали дефицитот со тоа ќе се намали и јавниот долг“, рече Заев. Според фискалната стратегија во наредните пет години земјата ќе бележи раст на економијата од пет проценти бидејќи заздравувањето од кризата е веќе започнато. „Согласно основното среднорочно сценарио, економскиот раст во 2021 година е проектиран на 4,1%, а во периодот 2022-2026 година се предвидува просечен годишен раст од 5,4%. Основното сценарио се заснова на стојалиштето дека економијата ќе заздрави во 2021 година, по што ќе се интензивира економскиот раст“, наведуваат од Министерството за финансии. Според стратегијата оваа година ќе има зголемување на бројот на вработени за еден процент а во следните години вработеноста ќе се зголеми на 54,3 проценти, или во 2026 Владата проектира стапката на невработеност да биде 8,6 проценти. Приоритетите во следниот период според стратегијата биде справување со последиците од пандемијата преку зголемување на обемот на инвестициите. https://alsat.mk/mk/rekorden-rast-na-javniot-dolg-od-nad-65-protsenti-od-bdp/ |
|
![]() |
|
stef4o ![]() Moderator Group ![]() ![]() Joined: 20-Oct-2015 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 21563 |
![]() ![]() |
Владата го презентираше интервентниот план за инвестиции 2021-2026, најавени 30 нови инвестиции
Голем дел односно 4,2 милјарди евра од овие инвестиции се базираат на странски капитал, јавни приватни партнерства, кредити и грантови а околу 3,8 милјарди евра се од домашниот буџетот. Премиерот Заев најави 1,6 милјарди евра инвестиции во патната инфраструктура, 1,1 милјарда евра во железничката и околу 500 милиони евра во гасификација. Сепак најголемите и најзначајните инвестиции се околу зелената енергија, преку нови ветерници, фотонапонски и гасни електрани со план година или две пред крајниот рок 2030 РЕК Битола да престане да користи јаглен и земјава да се префрли на обновливи извори на енергија кои сепак ќе не чинат преку поскапа струја но владата планира воведување на пакети на помош за социјално ранливите категории. Големи инвестициии најави Заев и во технолошко индутриските развојни зони и во други места надвор од нив како одминува здравствената криза. Се најавуваат 30 нови странски инвестиции со вкупна вредност од 609 милиони евра како и дополнителни 45 милиони евра во трите откупно дистрибутивни центри за земјоделски производи. Од владата ги најавија инвестициите во ски центрите, нова еколошка фабрика за челик, фабрика за преработка на отпад по еколошки стандарди без да испушта штетни гасови во воздухот и претворање на земјиштето предвидено за карго аеродромот во фотонапонска електрана со моќност колку два блока на РЕК Битола. За да има успешна реализација на овој обемен инвестициски план владата ќе формира посесбно тело кое ќе помага инвестициите да се реализираат непречено. Премиерот Заев најави и дека владата работи и на подготовка на ребаланс на буџетот за да се обезбедат пари за набавка на апарати за земање отисок од прст како услов за одржување на пописот како и обезбедување на средства за да се плаќаат порачаните вакцини https://kanal5.com.mk/vladata-go-prezentirashe-interventniot-plan-za-investicii-2021-2026-najaveni-30-novi-investicii/a476858 |
|
![]() |
|
user8642 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 18-May-2020 Online Status: Offline Posts: 2041 |
![]() ![]() |
До кога партиите во Македонија ќе се тркаат кој ќе смисли полевичарска мерка?! зашто во Македонија за десница се мисли и се подразбира дека тоа се само сељаци кои пијат у кафана на патриотски песни и со знаме?!
До кога со овакви полулистички глупсоти? Америка е Америка зашто тамо се разговара и за регресиверн данок. 10% од X+Y е повеќе од 10% од X. Што е тука нејасно? Толку ли не им иде проста математика. Истите политичари што не успеаја 30 години да обезбедат саглам инвестициска бизнис клима, еднакво владеење на правото, микро-компании фамилијарни да бидат столб на мало стопанство, истите оние кои земјоделство го држат на subsistence ниво како да сме уште турско, истите тие што оставаат да хара сива економија, Е ИСТИТЕ ТИЕ луѓе сега шират пизма и гнев масовно меѓу осиромашениот македонски народ, му ја стимулираат љубомората и омразата, и тоа пак према сопствени сограѓани кои имаат поголема плата. А баш тие доктори и инженери се моментално оние кој најмногу бегаат од Македонија. Ние неможеме да научиме сеуште тука што е флуктуирачки пазар на труд и како таквиот пазар стабилно ги еквализира разликите во примања меѓу професиите. Уште чекаме некој тито да дојде и да тропне од маса и да одреди пласнски плати, луѓе се надеваат на некакви комуњарски систематизации. До кога?! Акциза е сосема легитимна тема за разговарање. Даноци и царини на производи, странска роба, деликатес роба, све што е надвор од проширена потрошувачка кошница, луксузни возила, 3+ собни станови. За све можеме да разговараме како да се оданочи дополнително. Значи на outbound, кога се трошат парите. Ама да се разговара за оданочување уште на inbound, е тоа е сосема глупаво. Edited by user8642 - 28-May-2021 at 17:33 |
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <12345 29> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |