Author |
Topic Search Topic Options
|
my Macedonia
Senior Member
Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
|
Quote Reply
#41 Posted: 10-Mar-2009 at 16:10 |
Сите се за промени - едни за ситни, други за радикални |
|
|
|
Автор: Гоце Трпковски |
|
Законот за градот Скопје треба да се менува, согласни се кандидатите за градоначалник на главниот град. Но тие се разликуваат во своите ставови за тоа колкави да бидат промените, дали на градот му е потребна една целосна реорганизација или само мали измени што би овозможиле тој подобро да функционира. Кандидатите од владината коалиција во централната власт, тие од ВМРО-ДПМНЕ и од ДУИ, се повоздржани за ова прашање, а другите сметаат дека Скопје треба да има многу поинаква територијална организација, а неговиот градоначалник многу поголема моќ. Мислењата се движат од тоа дека треба да се натераат општините повеќе да соработуваат, до тоа дека тие треба целосно да се укинат, а од градот да се одделат и руралните средини. Последново го застапуваат пред се кандидатите од НСДП, ЛДП и од Либералната партија.
Прашањето за нова организација на градот Скопје го отвори актуелниот градоначалник Трифун Костовски и за него се расправаше речиси во текот на целиот негов мандат. Костовски смета дека сегашната поделба по општини е лошо решение, кое овозможува блокади на градските проекти од општините поради политички причини. Според него, градот треба да биде една општина составена од урбаните делови на сегашните општини Центар, Аеродром, Кисела Вода, Чаир, Гази Баба и Карпош, а сите други да се одвојат како приградски. Двојазичноста, која Костовски ја смета за главна причина за вештачкото припојување на рурални средини кон градот, тој предлага да биде загарантирана, без разлика на процентуалната застапеност на етничките заедници во градското население.
Сегашните кандидати веруваат дека би се снашле и во овие услови, но би сакале тие да се подобрат.
ЕЛЕНОВСКИ: СУШТИНСКА ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА
За Лазар Еленовски, кандидатот од Социјалдемократската унија, процесот на децентрализацијата е клучен за државата и затоа тие како партија подготвиле солиден проект за неговото продлабочување.
- Што се однесува до градот Скопје, потребни му се квалитативни, а не квантитативни промени. Треба да се направат одредени измени во законот за градот, пред се во однос на надлежностите на градоначалникот и на другите градски органи, со цел да може да се раководи со градот. Но потребно е да се направи суштинска децентрализација, која ако ја спроведеме правилно ќе овозможиме Скопје да функционира во системски рамки. Скопје е еден град и мора да функционира како целина - смета Еленовски.
ТРАЈАНОВСКИ: НЕ Е ВРЕМЕ ЗА НОВА ПОДЕЛБА
Сега не е време за нова територијална поделба на Скопје, но тоа не значи дека не се потребни никакви измени во Законот за градот, смета Коце Трајановски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, најважно е подецидно да се одредат односите меѓу градот и општините.
- Какви и да се промените, потребна е поширока кампања за тоа. Не можеме да расправаме за нова територијална поделба без да одлучиме каде би припаднале деловите што би останале надвор од Скопје, а според Европската повелба, треба за тоа да се прашаат и самите граѓани. Мислам дека не се целосно искористени потенцијалите на овој закон, па треба прво да го извлечеме максимумот од него, да направиме напори и да видиме каков ефект ќе добиеме од нашите ангажмани. Не е добро за Скопје да биде една општина. Сите проблеми може да се решат со подобрување на комуникацијата меѓу градот и општините. А во никој случај не можеме да менуваме цел закон поради изолирани случаи, како неиздавањето градежни дозволи за некои градски проекти - додава Трајановски.
НАГАВЦИ: СКОПЈАНИ СЕ ЖРТВИ
Аргтим Нагавци, кандидатот на Нова демократија, вели дека главниот проблем со Законот за градот Скопје е што тој е компромисно решение кое во себе има многу недоречености.
- Тој е резултат на лошата, дури и на намерната и со многу предрасуди интерпретација на Охридскиот договор. Целата децентрализација е лошо направена, особено во Скопје и во Западна Македонија. Тоа се решенија што ќе генерираат политички проблеми. Секоја нелогичност иницира друга, секој деформитет предизвикува друг. Така и скопјани се жртви на политички пазарења меѓу лидери што не гледаат подалеку од Табановце и од Крива Паланка. Погледнете ја само општината Чаир. Најгусто населена во Европа, а ги нема содржините неопходни за развој. Границите и се толку чудни, што како со ножици да и се отсечени витални институции, згради и културно-историски споменици - додава Нагавци.
Според него, ваквото територијално организирање е несоодветно, тромо и тешко за менаџирање поради лошата политичка култура за соработка. Овој кандидат смета дека град со 550 илјади жители поделен на десет општини секогаш ќе биде растргнат меѓу разните политички интереси, а ќе страдаат граѓаните.
ЗЕКОЛИ: ВНИМАТЕЛНО СО ЕТНИЧКИТЕ ПРАШАЊА
Шефкет Зеколи, кандидатот на ДУИ мисли дека може да се снајде и во сегашната организација на градот, без поголеми измени во законската регулатива. Сепак и тој вели дека Скопје како метропола и како посебна единица на локалната самоуправа има потреба од нова организациска поставеност.
- Тоа неминовно подразбира и нова организациска поставеност и измена на границите на општините, за да се испочитуваат европските стандарди и нормативи за територијалната организација на локалната власт. Од друга страна јас мислам дека со иницирањето да се измени Законот за градот Скопје се навлегува во политиката и во желбата бројот на одредени етнички заедници да се сведе на минимум. Тоа може да отвори и други, доста интересни прашања - додава Зеколи.
ПОПОВСКИ: ГРАД НА КОНТРАСТИ
Според Душко Поповски, кандидатот на Либералната партија, сегашната територијална организација на општините е несреќно и брзоплето донесено решение, со кое само за да се добие двојазичност се жртвувал побрзиот и поуспешниот развој на сите десет општини.
- Вака организирано, Скопје претставува град на контрасти. Исти луѓе, а многу различни интереси и потреби. Мојот предлог за побрз развој во сите сфери на живеењето е реорганизацијата во една единица на локалната самоуправа. Руралните средини треба што е можно побрзо да се одвојат од главниот град, односно од неговиот урбан дел. На тој начин ќе се остварат различните потреби, ќе се намалат разликите во квалитетот на живеењето - рече Поповски. Тој смета дека за да се реализира една волку чувствителна идеја претходно е потребно да се направи длабока анализа.
ПЕТКОВСКИ: ОПШТИНИТЕ НЕ МОЖЕ ДА БИДАТ РАМНИ НА ГРАДОТ
Тито Петковски, кандидатот на НСДП, кој е поддржан и од СДСМ, нагласува дека му се познати ефектите од примената на постојниот закон за Скопје, како и ингеренциите на градоначалникот, но нагласува дека промената на тие состојби зависи од Собранието, а не од волјата и убедувањата на градоначалникот.
- Ја поддржувам идејата за нов закон за Скопје, но за тоа треба да одлучат пратениците во Парламентот. Зошто сметам дека се неопходни промени? Пред се за поефикасно функционирање на сите механизми во нашата престолнина и за задоволување на интересите на граѓаните. Со сегашната поделба многу добри и полезни иницијативи се закочени, често се мешаат надлежностите и одговорностите, а сето тоа е на штета на скопјани. Во Европа има малку главни градови што се поделени на општини, но во нив општините ги немаат истите ингеренции како градот. Неодамна ги посетив Загреб и Љубљана и се сретнав со нивните градоначалници. Тие градови одлично функционираат како една целина и сметам дека и ние треба да примениме таков успешен модел за организирање на еден главен град - вели Петковски.
НАЈЧЕВСКА: СКОПЈЕ Е ЕДНА ЦЕЛИНА
За Скопје да се развива Мирјана Најчевска, кандидатката на ЛДП, истакнува дека тоа треба да се дефинира како единствена административна и функционална целина во потесни урбани граници, меѓутоа со многу добри врски и со некој вид партнерство со општините што би ја сочинувале неговата непосредна околина.
- Прашањето за односот меѓу градот и општините е постаро од 30 години. Кон крајот на 1970-те се отвори расправата за поделбата на надлежностите на локално ниво и за предностите на едната или на другата опција. Современите правци на развој на урбаните подрачја исто така не нудат единствен одговор. Тоа што најмногу ја оптоварува моменталната ситуација е отсуството на прецизна регулатива која што ќе им овозможи на граѓаните полесно да се снајдат во комплицираните односи општина-град-централна власт - вели Најчевска.
|
|
 |
beTon
Senior Member
Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
|
Quote Reply
#42 Posted: 09-Mar-2009 at 04:44 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#43 Posted: 09-Mar-2009 at 03:03 |
Враќање на духот на Скопје

Коце Трајановски ќе го решава хаосот во урбанизмот
Снежана Калабакова
Доколку
станете градоначалник на Скопје, ќе ги продолжите ли незавршените
проекти на градоначалникот Костовски, вклучително и проектот за
трамвајот?
Ќе ги продолжиме сите проекти кои се во
интерес на граѓаните на Скопје. Ќе треба да се види дали е испочитувана
законската постапка за нивно почнување, како и финансиската
конструкција за нивно завршување. Во секој случај, имаме позитивна
определба и целта е сето она што е почнато да се заврши. Не сакам да
водам политика на опортунизам на сметка на граѓаните.
Ќе ја
разгледаме можноста за продолжувањето на проектот за трамвајот, ќе ги
разгледаме сите законски процедури. Ќе ги согледаме можните извори на
финансирање и финансиската конструкција што е направена. Сметам дека
Градот Скопје нема доволно пари сам да го изгради трамвајот. Потребна
му е соработка со Владата, но и пари од странски фондови и банки. Овој
проект е еден од најголемите, како што беше и уредувањето на кејот на
Вардар по поплавата и затоа треба заедно со Владата да ја разгледаме
неговата реализација, бидејќи, сепак, капиталните инвестиции се во
нејзина надлежност.
На кои градски проблеми ќе ставите акцент и што ќе Ви биде приоритет?
Најголем
проблеми се јавната чистота и сообраќајниот хаос и тие за мене
претставуваат основни приоритети на кои ќе треба напорно да работам.
Затоа ќе направиме реорганизација на јавното претпријатие „Комунална
хигиена“, кое мора да стане ефикасна организација. Ќе спроведеме
кампања за едукација на граѓаните, од децата до возрасните, и ќе
набавиме нова опрема, бидејќи со рачно чистење е невозможно да се
исчисти градот. Ќе воведеме и поголем третман на отпадот, а тоа значи
селектирање уште при неговото собирање и рециклирање. Што се однесува
до сообраќајот, во овој мандат ќе направиме напори да почне подземното
водење на сообраќајот на булеварот „Партизански одреди“, од „Тифани“ до
Комплекс банки и на Јужен булевар зад „Рамстор“, како и на булеварот
„Македонија“. Планираме да изградиме подземни пешачки премини на улица
„Македонија“, кај „Мекдоналс“, пред „Бисер“, кај Градежен факултет, ТЦ
„Карпош“, на Бит-пазар и кај „Алкалоид“ во Автокоманда. Ќе ги прошириме
булеварите „Првомајска“, „Србија“, „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и
„Илинденска“.
Сметате ли дека полесно ќе ги решавате проблемите поради непречената соработка и поддршка што ќе ја имате од централната власт?
Нашето
мото е „Заедно можеме повеќе“. Заедно со Владата и во соработка со сите
општини, на граѓаните можеме да им понудиме решавање на многу проблеми
и подобри услови за живеење. Градот Скопје со години нема соработка со
Владата и мислам дека сега е време за тоа.
Ќе ставите ли ред во урбанистичкиот хаос во Скопје?
Ќе
направиме промена на Генералниот урбанистички план. Скопје на ваков
начин не може да функционира. Нараснати се потребите на граѓаните и на
градот. Ќе направиме измени секаде каде што е потребно, согласно со
надлежностите на Градот. Ќе се заложиме и за враќањето на духот на
градот Скопје.
Кој е Вашиот најголем проект што планирате да го реализирате?
Најголемиот
проект е токму во сообраќајот. Исто така, ревитализација на Скопската
чаршија, изградба на бедеми на скопско Кале, изградба на жичарница од
Средно Водно до врвот, воведување на ИСО 9001 2000 во функционирањето
на градската администрација, што ќе значи еден систем на процедури и
постапки и контрола на секој вработен во согласност со европските
стандарди.
Дали сметате дека Законот за Град Скопје треба да се менува и зошто?
За
да се промени Законот за Град Скопје, сигурно треба да се прашаат
граѓаните, според европската определба на локална самоуправа оној што
го менува законот треба и да ги консултира. Не сум за нова
територијална поделба на градот, не сум за Скопје да биде една општина.
Но, сум за промена на Законот во делот на разграничувањето на
надлежностите помеѓу општините и Градот Скопје. Исто така, и во Законот
за финансирањето на единиците на локалната самоуправа за добивање
повеќе финансиски средства за Градот, што би значело подобро
функционирање и поголема финансиска самостојност. Впрочем, тоа се
заложбите на ЗЕЛС. http://utrinski.com.mk/?ItemID=4711048AAF5CB84890E4882387BB4D4F |
Edited by Cloverstack - 11-Mar-2009 at 13:28
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#44 Posted: 08-Mar-2009 at 08:00 |
За почеток... изборната програма за Скопје на Драган Колчаковски од ВМРО-НП
Градот Скопје како посебна урбана целина

Драган Колчаковски ќе изгради нов објект за парламентот
Деспина Трајковска
Драган
Колчаковски веќе 25 години е редовен професор на Природно-математичкиот
факултет по предметот геоморфологија. Член е на ВМРО-Народна партија од
нејзиното формирање, а веќе извесен период е дел од партискиот Извршен
комитет. Кандидатурата за градоначалник на Скопје му е прв обид за
„посериозен“ влез во политиката.
Каква е Вашата визија за Скопје. Накусо претставете ни ја Вашата програма, имате ли приоритети во неа и кои се тие?
Мојата
визија е во децениите што доаѓаат Скопје да прерасне во регионален
центар (седиште) на Југоисточна Европа на меѓународните организации и
институции (УНЕСКО, Светска банка, ФИФА...).
Спомнатите и многу
други организации при едни сосема поинакви општествено-политички
прилики своите регионални центри во овој дел на Европа природно е да ги
лоцираат во градот на солидарноста, во главниот град на Република
Македонија. За реалноста на една ваква и не така далечна визија е
примерот со американската амбасада! Најпогодна локација за оваа намена
е просторот од левата страна на реката Вардар, помеѓу мостот „Гоце
Делчев“ и Зајчев Рид.
Еден од приоритетите во мојата програма е
дислокација на сегашниот парламент, кој би се сместил во исклучително
репрезентативен објект на просторот на денешниот Музеј на современата
уметност, а тоа значи и пренамена на сегашната зграда на парламентот во
национален археолошки музеј. Како дополнување на проектот е елиминација
на сообраќајницата од Градската болница до семафорите кај „Палома
Бјанка“ и претворање на целиот простор во пешачка зона. Тоа значи
комплетно преуредување на паркот со изградба на амфитеатар за културни
манифестации.
Сметате ли дека е неопходна промена на Законот за Град Скопје?
Во
едно сосема ново парламентарно мнозинство, ВМРО-НП ќе предложи закон
според кој Градот Скопје ќе се дефинира како посебна урбана целина
(потесното градско подрачје). Во нејзини рамки би се дефинирале
четиринаесет административни кварта (Центар, Капиштец, Карпош 1 итн).
Од пошироката урбана (субурбана) зона на Скопје би се издвоиле пет
приградски населби како посебни општини (Драчево, Радишани, Ченто,
Ѓорче Петров, Шуто Оризари) во кои влегуваат и поблиските рурални
населби. Другиот простор на Скопскиот регион би го претставувале
општини со седиште во рурална населба (Арачиново, Петровец, Кондово,
Илинден итн).
Доколку станете градоначалник,
дали ќе ги продолжите двата проекта на Костовски кои тој ги остави како
аманет, мислам на проектот за трамвај и гасификација?
Апсолутно
да, но како што стојат нештата, најверојатно во последните години од
мојот мандат т.е. по завршувањето на мандатот на сегашната, со
маркантен демократски капацитет Влада. Во спротивно, ми останува
судбината на Костовски за аманети!
Наведените проекти сигурно би
ги продолжил, но затоа како градоначалник попрво би скокнал во матен
Вардар отколку да дозволам прскање против комарци. Години и децении
наназад за ситни провизии ги лажат скопјани со некакви препарати што не
биле штетни, а такви нема! Затоа пак, скопјанчињата одамна не можат да
видат ластовички, а тоа што одвреме- навреме низ Аеродром ќе
продефилираат илјадници гасеници, само укажува на нарушената еколошка
рамнотежа.
Вашата визија за урбанистичкиот изглед на централното градско подрачје, плоштадот и неговата околина?
Бидејќи
во последно време тематиката плоштад е исклучително актуелна, би се
задржал само на него. Според Законот за Град Скопје, ако тоа и воопшто
е така, сегашните надлежности како систем се и системски проблем!
Локален градоначалник ни решава за уредување на локација (плоштад) со
милениумско значење. Ајде да речеме дека тоа не е' жалосно, туку само
смешно. Колку што се сеќавам, и господинот премиер во неколку наврати
има изјавено дека се тоа одлуки на Општина Центар.
Во текот на
кампањата, во вториот круг, кога и ќе се избира градоначалникот, токму
на оваа тема, на скопјани и пошироко на македонската јавност, ќе им
презентирам две нешта кои нема да бидат изненадување, туку изненадувања
што се граничат со шокантност! Една од идеите е лично моја, резултат на
мојот ментален склоп, додека втората ја носам како аманет од пред 25
години. Со нивното обелоденување и трката за градоначалник ќе биде
завршена!? |
Edited by Cloverstack - 11-Mar-2009 at 13:25
|
 |