Author |
Topic Search Topic Options
|
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#41 Posted: 25-Apr-2010 at 14:29 |
За овој проект насекаде се имаме расфрлано со матерјали. Ни ова не е баш за тука, ама поврзано е со манастирот.
Почна електрификацијата на манастирот “Св.
Преображение“ во Крушево
Со поставување на
камен темелник во близина на спомен куќата на Тоше Проески започна
изградбата на на мрежата за обезбедување на електрична енергија за
манастирот “Св. Преображение“ во Крушево. Со ова ќе се исполни најголема
желба на македонски поп икона Тоше за електрификација на манастирот.
На поставувањето на камен темелникот, покрај првите луѓе на ЕВН
Македонија кои ги обезбедија парите за електрификацијата, присуствуваше и
премиерот Никола Груевски.
“Голема чест и привилегија е за ЕВН Македонија да работи на остварување
на желбата на Тоше Проески. Убеден сум дека овој проект ќе отвори нови
можности за разбој на Крушево, особено во туризмот“, рече на свеченоста
Вернер Хенгст, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.
Вредноста на проектот, при што треба да биде изграден кабелски вод долг
7,6 метри, е над 300 илјади евра и е донација на ЕВН македонија за
меѓународната фондација “Тоше Проески“.
Премиерот Груевски во своето обраќање , рече дека манастирот ќе засвети
за околу педесетина дена време потребно за реализација на проектот.
Од фондација најавија дека во најскоро време ќе почне изградбата на 33-
метрскиот крст. http://netpress.com.mk/vest.asp?id=71241&kategorija=1 |
|
 |
Makedonij
Senior Member
Joined: 08-Apr-2009
Location: Celje - Виница
Online Status: Offline
Posts: 2190
|
Quote Reply
#42 Posted: 25-Jan-2010 at 21:19 |
|
ЈАС ГО РАЗБИРАМ СВЕТОТ КАКО ПОЛЕ НА КУЛТУРЕН НАТПРЕВАР...ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#43 Posted: 20-Aug-2009 at 06:05 |
Желбите на Тоше за манастирот почнуваат да се остваруваат
 Го чекаа два часа го пушти патот во употреба: премиерот Груевски
Свечено пуштен во употреба локалниот пат до манастирот „Св. Преображение“ во должина од 807,49 метри
КРУШЕВО - Желбата на македонската мегаѕвезда Тоше Проески се
остварува дел по дел. Вчера во Крушево беше осветен и свечено пуштен во
употреба локалниот пат до манастирот „Св. Преображение“, во должина од
807,49 метри, чиј инвеститор е Министерството за транспорт и врски.
Патот во употреба го пушти премиерот Никола Груевски, по два часа
чекање на верниците што дојдоа во манастирот по повод верскиот празник,
а на овој свечен чин присуствуваа и обожаватели на Тоше од Балканот.
„Следејќи
го неговиот аманет, пред неколку месеци почнавме со изградба и на овој
дел од патот до манастирот ’Св. Преображение‘, во местото наречено
Вршник, на кое тој имаше желба да се постави свет крст во висина од 33
метри т.е. годините на нашиот Бог, Исус Христос. Денес можеме да
констатираме дека сите активности завршија и патот е пуштен во
употреба“, рече премиерот Груевски пред верниците. Меѓу присутните беа
и претставници на семејството на Тоше. Неговиот чичко Анастас Проески
се сеќава на моментите кога Тоше доаѓал во посета на манастирот, со
желба да се изгради и да се постави светиот крст. „Се шетавме по
ридовите, ќе дојдевме овде, ќе ги раширеше рацете и ќе речеше: ’Чале,
овде ќе правиме крст од 33 метри’“, истакна Проески и додаде дека
скопски бизнисмен, кој инсистира да остане анонимен, е донатор на
крстот што треба да биде ставен на манастирот следната година, како што
рече има готови неколку проекти, но се' уште размислува кој да се
избере иако намерите се на манастирот да биде поставен метален крст во
височина од 30,5 метри во форма на иконата Свето преображение.
Според
претседателот на Иницијативниот одбор на манастирот, Миле Талевски, при
крај е изградбата на објектот на манастирот. „Останува да се направат
уште иконостасот, иконите и фреските. За изработка на фреските ќе биде
ангажиран врвен уметник“, најави Талевски. Меѓу присутните имаше група
млади девојки од Скопје. „Како обожаватели на Тоше, но и како
христијани македонски верници, денеска дојдовме овде да го празнуваме
овој верски празник“, изјави Марија Михајловска, една од членовите на
групата.
http://utrinski.com.mk/?ItemID=86E8A2FACF7EB84AAB34B387F7C00069 |
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#44 Posted: 22-Apr-2009 at 17:47 |
Манастирот преображение во Крушево.... 01.  02.  Конаците.... 03.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#45 Posted: 17-Apr-2009 at 16:34 |
|
 |