![]() |
![]() |
![]() |
Квалитет на воздухот во Скопје |
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3233343536 42> |
Author | |
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Граѓаните ќе сфатат дека нивното здравје е доведено до крајна опасност дури кога ќе почнат да ги чувствуваат последиците од ваквото загадување. Тоа не е ниту типично скопски, ниту типично македонски, туку општо кажано, типично човечки, бидејќи луѓето кои живеат во градовите, особено во поголемите градови, дозволуваат урбаната средина да им ја успие свеста и грижата за сопственото здравје, алармот се вклучува дури откако ќе се помине црвената линија, од која понекогаш нема враќање. Тоа е типично за пушачите и за зависниците од одредени пороци, но животот во урбана средина не е зависност, туку начин на живеење, а тука не е ставена под знак прашалник само грижата на граѓаните за сопственото здравје, туку и грижата на властите за луѓето кои живеат во градовите, која во Македонија е речиси еднаква на нула. Ако во еден Велес 30 години се молчело за загадувањето кое го предизвикувала, а и до денешен ден го предизвикува велешката топилница, можеме само да замислиме уште колку години, или уште полошо, уште колку децении ќе се молчи за загадувањето во Скопје. Еден поранешен македонски министер за животна средина и просторно планирање излезе со своја приказна за болестите кои царуваат во Велес, според која причината за сите тие болести и здравствени проблеми била - местоположбата на градот и дека Сонцето и Месечината имале чудно влијание врз велешани. Нема да ме изненади доколку сегашниот или било кој иден министер за животна средина и просторно планирање или за здравство излезе со слична приказна за нас скопјани, можеби болестите и здравствените проблеми кои им се случуваат на скопјани се резултат на некоја посебна врска помеѓу Земјата и Марс, или Венера, па можеби има некаква врска со хороскопот и што ли уште друго не, нашите политичари се генијалци од типот на Алберт Ајнштајн, само ние сме премногу прости за да ги разбереме. ![]() Edited by Dexter26 - 25-Jun-2012 at 11:39 |
|
![]() |
|
HugoGoulding ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 05-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 1304 |
![]() ![]() |
Додека говориме на форумов за темава, ќе испоумреме од канцерогени честички. За ова треба да се организираме и да реагираме веднаш.
Ако не ние, бар некако да допре ова до медиумите и до вестите, да се рашири, и да сфатат граѓаните на Скопје дека нивното здравје е доведено до крајна опасност.
Edited by HugoGoulding - 25-Jun-2012 at 10:10 |
|
![]() |
|
Cloverstack ![]() Admin Group ![]() ![]() Joined: 01-Sep-2007 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 12453 |
![]() ![]() |
Јас сум збунет како всушност се раѓаат толку големи и густи облаци од железарницата. Топилницата нели не функционира за топење на руда од многу одамна, туку воглавно се увезуваат слапови и што ти знам што, па се дообработуваат во валалници или како веќе оди тоа, немам поим... во секој случај што и да се прави со увезениот челик, вака лаички не ми е јасно како такви релативно површни процеси може да направат толку загадување. Единствено ако е од топење на старо железо, при што испаруваат секакви нечистотии... ама колку старо железо се топи што секојдневно имаме вакви глетки???
Кои погони се во функција и какви индустриски процеси се случуваат всушност во железарницава? |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
Браво за сликите, ама ова што си го сликал е во источниот дел од градот, кој се разбира, е помалку важен за скопјани. Ако ваквото загадување не се случува во Аеродром, Центар или Карпош, слободно можеме да заборавиме дека некој воопшто би обрнал внимание на ваквото загадување. Случајно или не, јас се возев утринава со велосипедот покрај кеј на Вардар, но во западниот дел, од МРТВ до Карпош 4 и назад, но јас не го видов ова, па да не беа твоиве фотографии, најсигурно воопшто немаше да знам за ваквото загадување. Но треба да напоменам дека од Водно доста убаво се гледа загадувањето кое се случува во Скопје, во повеќе наврати го имам видено и ако не заборавам, кога нареден пат повторно ќе се шетам на Водно, ќе направам по некои фотографии од кај Милениумскиот Крст, со не баш задоволителен квалитет на фотографиите, од однапред познати причини, бидејќи фотографирам со мобилен телефон кој нема баш некој посебен зум. Edited by Dexter26 - 24-Jun-2012 at 13:30 |
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Не... ова веќе станува ненормално... катастрофа... Како што се движев по кеј... се осеќаше некој тежок и непријатен мирис во воздухот... Сакам да напоменам... дека овој чад го има на прилично голема површина од градот, и тоа само ова густиов... периферно можеби зафаќа и поголема површина... А најверојатно поради ружата на ветрот... која е запад-исток најчесто... можам да заклучам дека директно погодени населби од овој чад се: Железара (секако), Автокоманда (исто така), Керамидница, 13 Ноември, Јане Сандански, Ново Лисиче, Маџари, Хиподром, Ченто... тоа е голем дел од о. Гази Баба, па и од о. Аеродром... Сигурно станува збор за ако ништо друго најмалку 50 илјади жители кои се засегнати од ова загадување... а мое мислење е дека се многу повеќе... Edited by FoSsiL - 24-Jun-2012 at 11:25 |
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Денес во околу 5:30 наутро...
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
Oxygen ![]() Newbiе ![]() Joined: 24-Jun-2012 Online Status: Offline Posts: 14 |
![]() ![]() |
Поздрав до сите на форумот. Се регистрирав за да се придржам во искажувањето на револт кон квалитетот на воздухот од една страна и манипулацијата на Градоначалникот со апаратите за мерење.
Вчера мерачот на улица Македонија беше исклучен. Скопјани повторно беа во мрак за квалитетот на воздухот, имав добра прилика пред некој ден од Водно да го набљудувам испуштањето на отровните материи од работилницата на МИНЧО ЈОРДАНОВ ке поставам слики. Со големи букви бидејќи дури и неговиот дирекотр укажа пред 2 години дека не смееат да работат без соодветни филтри, кој немале пари да ги набават. КОлку што ги погледнав билансите финансиски на Макстил тие имаат обрт од над 100 милиони евра годишно, а несакаат да одвојат 2%. |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
Среднодневни концентрации на суспендирани честички со големина до 2,5 и 10 микрограми за месец мај 2012:
![]() гранична вредност 50 µg/m3 ![]() гранична вредност 25 µg/m3 Концентрациите на азотен диоксид, сулфур диоксид, јаглерод моноксид и озон се во рамките на дозволеното, односно под граничната вредност. Ги проверив и мерењата за првите 20 дена од јуни во Општина Карпош. Граничните вредности за суспендирани честички со големина до 10 микрограми не биле надминати ниту еден ден. Граничните вредности за суспендирани честички со големина до 2,5 микрограми се минимално надминати (до 2 µg/m3) само 3 дена што е во рамките на дозволеното. Дишете слободно, во лето воздухот е чист ![]() |
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Па како е тоа можно ? Ооо да бе, ми текна - грижата на скопјани за квалитетот на воздухот во Скопје си замина со мерните станици за мерење на квалитетот на воздухот во Скопје, како што мерните станици ги снема, така и грижата на скопјани за квалитетот на воздухот во Скопје ја снема. Ако ако, на здравје нека ни е, само да не почнеме да паничиме и да се жалиме после кога ќе ни се појават првите симптоми на најразни болести предизвикани од ваквото загадување и од скопската негрижа за квалитетот на воздухот во Скопје. Ич да не се грижите, мерните станици ги снема, а со нив и нездравиот воздух го снема. Или не го снема... ? |
|
![]() |
|
redsonja ![]() Newbiе ![]() ![]() Joined: 24-Nov-2009 Location: tuka nekade Online Status: Offline Posts: 0 |
![]() ![]() |
ВОЗДУХОТ Е ПРЕKУМЕРНО ЗАГАДЕН И ЛЕТЕ И ЗИМЕ
Да беше Европа Скопје, алармот би бил на црвено Скопјани и во лето дишат загаден воздух, покажуваат податоците од автоматскиот мониторинг-систем на Министерството за животна средина. Според мерењата во март, април и во мај, концентрацијата на ситен прав (ПМ10) во главниот град редовно ја минувала максималната граница за заштита на човековото здравје, која изнесува 50 микрограми на кубен метар воздух. Во април во одредени делови од градот граѓаните дишеле тројно позагаден воздух од дозволеното, односно концентрацијата на ПМ10 на моменти достигнувала и до 150 мг/м3, а во мај правта најмногу се искачила до вредност од 113 мг/м3. За споредба, зимоска Скопје беше меѓу најзагадените градови во Европа затоа што правта постојано достигнуваше вртоглави вредности од 500 мг/м3, а имаше моменти и со 1.000 мг/м3! Kонцентрацијата на другите загадувачи, јаглеродмоноксид, сулфурдиоксид, азотдиоксид и озон, се во рамките на дозволените граници. Сепак, и покрај пониските вредности во споредба со зимското аерозагадување, не може да се рече дека скопјани дишат чист воздух. Според Законот, во текот на една календарска година не смее да има повеќе од 35 дена со зголемена вредност на прав над 50 микрограми, а таа норма ја надминавме само во јануари и во февруари. Во април на мерните места Гази Баба и Лисиче 19 дена поминале со надмината вредност на прав, а во мај 18 на едната, а 12 дена на другата локација. Проф. д-р Драган Ѓорѓев од Институтот за јавно здравје вели дека имаме значително аерозагадување и покрај растоварувањето со честичките. - Зимно време аерозагадувањето е поголемо поради тоа што Скопје е во котлина, нема проветрување и е отежната размената на топол со студен воздух. Освен климатските и географските предуслови, битен фактор за зимското загадување кој го нема лете е греењето. Летно време проблем е аерозагадувањето со озон, а најголем аерозагадувач е сообраќајот. Имаме зголемени концентрации на штетниот озон во Скопје, Kуманово и во Битола. Сега има помалку прав во скопскиот воздух од зимоска, но со ваков сообраќај, а без зелени зони, ништо нема да постигнеме. Не треба да чекаме ветер да ни го прочисти воздухот, мора сами да преземеме конкретни мерки - вели проф. д-р Ѓорѓев. Да се појават вредностите од воздухот во Скопје измерени во мај во некој од европските градови, алармот би бил вклучен на црвено. Во Париз вчера индексот на аерозагадување изнесуваше 33, во Берлин 30, а во Лондон 20. Најзагадени градови во Европа вчера беа Падова (Италија) и Марибор (Словенија), со индекс 80 и аларм кренат на високо портокалово ниво. Доколку концентрацијата на ситниот прав ја надмине вредноста од 100 микрограми за кубен метар воздух, во градовите на ЕУ се смета дека таквиот воздух е опасен за здравјето, а препораката е сите да избегнуваат престој надвор. Kај нас се препорачува да не се престојува надвор ако границата на прав надмине 500 мг/м3. Во ЕУ воздухот се смета добар ако правта не надминува 12,5. Според Светската здравствена организација, во светот годишно умираат над два милиона лица како последица на заболувањa од аерозагадувањето. Најлош воздух во Тетово Најлош воздух во мај дишеле жителите на Тетово. Според податоците од автоматскиот мониторинг цел месец загадувањето со прав било над максималната граница, односно надминувањето било присутно 29 дена. Во просек, вредноста во мај во Тетово изнесува околу 90 мг/м3, а највисоката концентрација била на 14 мај, 142 мг/м3. Жителите на другите поголеми градови каде се врши мерење на аерозагадувањето може да бидат задоволни, затоа што квалитетот на воздухот секаде е добар. Во Велес во мај пет дена бил надминат лимитот за прав, а во Битола само еден ден. http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=42CD29EF38E7F045949E67B7AB9EB572 |
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
Личи као НЛО, али е само загадување. Да бевме Амери, одма и сценарио од ваквата слика ќе склопеа. Колку и да е непријатна сликава, колку и Железара да загадува, да бидеме реални, 10-тина илјади луѓе во Скопје директно живеат од платите на работниците.
1. 2. 3. 4. |
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Мхмммм.... Мислиш пожар е... мислам дека треба малку да се заинтересираме за ова... и да се преземе нешто...
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
N23 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: Skopje Online Status: Offline Posts: 2159 |
![]() ![]() |
|
|
23ka.wordpress.com
|
|
![]() |
|
buco55 ![]() Newbiе ![]() Joined: 20-Jun-2011 Online Status: Offline Posts: 12 |
![]() ![]() |
OCB најпрво ... одлична информација! Секако е многу добро да се видат најновите информации за воздухот во Скопје. Меѓутоа имам еден коментар за анализата - според "најдоверливиот извор на информации" wikipedia, во европски рамки границите за присутност на PM10 се значајно пониски од 50 µg/m³ како што е посочено во графиконот. Според информациите тука (http://en.wikipedia.org/wiki/Particulates) во главата Regulation - EU legislation, е наведено дека 50 µg/m³ е максимална просечна дневна вредност со тоа дека во текот на една година само во 7 случаи вредностите можат да бидат над овој максимум. Гледано на годишна основа, границата треба да биде во просек од 20 µg/m³.
Гледајќи ги графиконите погоре, може да се забележи дека деновите кога овие вредности ги надминуваат максимално дозволените вредности се повеќе од 7 во текот на еден месец со што во Скопје има поголемо присуство на овие честички во текот на целата година, без разлика на сезоната, условите и/или местоположбата. |
|
![]() |
|
OCB ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 03-Feb-2011 Location: 54 Online Status: Offline Posts: 921 |
![]() ![]() |
Среднодневни концентрации на суспендирани честички со големина до 2,5 и 10 микрограми за месец април 2012:
![]() гранична вредност 50 µg/m3 ![]() гранична вредност 25 µg/m3 Концентрациите на азотен диоксид, сулфур диоксид, јаглерод моноксид и озон се во рамките на дозволеното, односно под граничната вредност. Ги проверив и мерењата за првите 20 дена од мај во Општина Карпош. Воздухот е чист и граничните вредности се минимално надминати само 2 дена (во рамките на дозволеното). Заклучок: Причина за загадувањето на воздухот во Скопје во зимските месеци (види постови #140, 142 и 143) е неговата местоположба во комбинација со ниските температури. Ситуација која не дозволува струење на воздухот при што агенсите кои допринесуваат до негово загадување се задржуваат во котлината. |
|
![]() |
|
tomi_z ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 24-Oct-2010 Location: Скопје Online Status: Offline Posts: 196 |
![]() ![]() |
Што дишеме, никој не знае!
А клипов со time-lapse од Водно е одличен доказ! Инаку во Автокоманда живеам, и синоќа околу два Железарница пак почна со испуштање на овој облак, но сега беше малку различно, прв пат да осетам и мирис на сулфур... Edited by tomi_z - 12-May-2012 at 13:51 |
|
![]() |
|
phenomenon ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 26-Oct-2010 Location: Kumanovo Online Status: Offline Posts: 2691 |
![]() ![]() |
Постои ли некоја апликација за мобилен телефон која би го покажувала квалитетот на воздухот при вашето движење?
|
|
開始されていないだけの戦いが失われ、
|
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
|
Dexter26 ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 19-Nov-2010 Online Status: Offline Posts: 2035 |
![]() ![]() |
![]() Од Водно убаво се гледаат гасовите кои ги испушта Железара, но под услов да се биде на средно Водно кај видиковецот кај што имаше двоглед, или уште подобро, горе кај крстот, и се разбира, што е можно порано наутро, пред да почне да работи Железара за да се види убаво кога ќе се појави чадот и ќе се формира облакот, во спротивно, тешко е да се забележи после 10 часот претпладне. Среде летни горештини, станувам околу 4 и нешто часот наутро, а кај крстот сум околу 7 или 8 часот, зависи од кондицијата, веќе околу 9 часот се забележува облакот. Но не ни е гајле на нас скопјани за тоа што се гледа само од планина, а не и од доле во градот, па затоа, тие кои не одат на планина, ако се заинтересирани, ќе се информираат за влијанието на Железара врз околината преку вакви клипчиња, доколку воопшто се заинтересирани, се разбира. |
|
![]() |
|
FoSsiL ![]() Senior Member ![]() ![]() Joined: 01-Mar-2009 Location: Аеродром Online Status: Offline Posts: 4699 |
![]() ![]() |
Препорака е да го пуштите на цел екран и со висока резолуција (HD). Иако најверојатно се разликува се разликува од првичната цел и намена на видеото би сакал да го искористам за да се воочи и да се даде претстава за влијанието на скопска железара врз Скопје и воопшто скопскиот регион. Видеото секако може да се третира и како TimeLapse од Скопје и може да се постави и во нишката Скопје - видео снимки.
|
|
Македонија - Земја на чудата!
|
|
![]() |
Post Reply ![]() |
Page <1 3233343536 42> |
Forum Jump | Forum Permissions ![]() You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum |