Има ли некој претстава зошто ги испосекоа дрвата на Илинденска?! Ќе се проширува булеварот, опасни беа да не се искршат или нешто трето....можеа да ги пресадат некаде ако веќе го раскопуваа тротоарот за проширување на коловозот!? Некакво инфо некој???
Проширувањето на Илинденска спротивно на ГУП
Нема дозвола
додека не се смени ГУП-от, порачуваат од Општина Центар, а од
Градот прашуваат зошто барем не добијат дозвола за
поставување атмосферкс канализација која и е неопходна
на улицата
Проширувањето
на булеварот Илинден од Градски парк до крстосницата со
улицата 8-ми септември во Општина Карпош сегашната градска
администрација му го остава во наследство на идниот скопски
градоначалник. Реализацијата на овој проект повеќе од
една година тапка во место, бидејќи Градот не можеше да ги
обезбеди потребните градежни дозволи. Лани летото
градските власти почнаа подготовки за поставување
атмосферска канализација, но само во делот на Општина
Карпош, од каде обезбедија градежна дозвола, додека делот
што припаѓа на Општина Центар остана нечепнат. "За жал
овој проект не можеме да го почнеме, бидејќи од Општина
Центар со уште не сме добиле градежна дозвола. Направивме
проект, избравме изведувач и сe е подготвено да стартуваме
со градежните работи. Иако градоначалничката на Центар
Виолета Аларова на средбата со градоначалникот Трифун
Костовски пред еден месец вети дека ќе ни дадат градежна
дозвола, тоа досега не се случи", велат од одделението за
односи со јавност на Градот. Надлежните од Општина
Центар потврдуваат дека со уште не издале градежна дозвола
за проширување на Илинденска, но објаснуваат дека тоа не
можат да го направат додека не се направат измени во
Генералниот урбанистички план на Скопје. "Не можеме да
му издадеме градежна дозвола на Градот, бидејќи
димензиите на проширувањето на улицата што планираат да
го прават и за што бараат одобрение од нас, го нема во
Генералниот урбанистички план. Додека не се направат
измени на ГУП-от или додека не се донесе нов, не можеме да им
дадеме градежна дозвола", велат од Општина Центар. Со
проектот на Градот беше предвидено да се прошири Илинденска
со по една коловозна лента од двете страни, да се изградат
тротоари и да се постави атмосферска канализација. "Ова
е класична манипулација од Општина Центар. Досега воопшто
не добивме никаков одговор на барањето за одобрение за
градба. Ако веќе не им се допаѓале димензиите на улицата,
можеа да ни издадат дозвола само за поставување
атмосферска канализација, што како инфраструктура е
потребно и без проширување на улицата", велат од
одделението за односи со јавност.
Никогаш не ми се допаѓала идејата за ширење на Илинденска на потегот од Влада до Лотосов цвет. Непотребно унаказување на улицата за да се добие решение кое ништо не решава.
ПОРАДИ ИЗГРАДБА НА АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА Ќе се сечат дрвјата на Илинденска
Со
изградбата на канализацијата ќе се соголат корењата на дел од дрвјата,
па од Градот велат дека ќе мораат да ги исечат за да не паднат и да
предизвикаат поголема штета
Дрвјата на улица Илинденска, на потегот од зградата на Владата до
фонтаната во Градски парк, ќе се сечат поради градежните работи за
поставување на атмосферска канализација. Жителите од околните згради,
пак, се плашат дека градските власти ќе ги сечат дрвјата за да направат
простор за проширување на улицата на овој потег.
"Дрвјата се обележени за сечење. Ако веќе кажуваат дека нема да ја
прошируваат улицата и оти ќе прават атмосферска канализација, зошто ги
обележаа за сечење дрвјата од двете страни на улицата. Атмосферска
канализација се става или по должината на коловозот или по должината
едниот тротоар, зошто тогаш би ги сечеле дрвјата од двете страни", се
прашуваат жителите од улицата Илинденска.
Тие објаснуваат дека ќе ги преземат сите можни мерки за да ги спречат
градските власти да ја раскопаат улицата и да ги исечат дрвјата, ако
притоа не покажат соодветен проект и градежна дозвола.
"Додека не обезбедат дозвола, нема да им дозволиме да исечат ниту едно дрво ниту, пак, да копаат", велат скопјани.
Аљоша Шопар, раководител на секторот за планирање и уредување на
просторот во Градот, вели дека засега нема да ја прошируваат Илинденска
во овој дел. Тој објасни дека оваа градежна сезона ќе постават
атмосферска канализација на Илинденска, ќе почнат со проширување на
улицата на потегот од Градски парк до раскрсницата со улицата
Рузвелтова.
"Дрвјата се обележани, бидејќи кога ќе почнеме со градежните работи за
поставување на атмосферската мрежа, најверојатно, ќе дојдеме и до
корењата на дел од дрвјата. За да не паднат и да не направат поголема
штета, ќе мора да исечеме дел од нив. Сега не можам да кажам колку
дрвја ќе се сечат, а откако ќе завршиме со градежните работи, ќе
посадиме нови дрвја", вели Шопар.
Тој објасни дека проектот за атмосферска канализација се уште е на
корекции во Општина Центар и оти очекуваат следната недела од Општината
да ја добијат градежната дозвола, и веднаш да ја почнат изградбата.
Pa skopje e ustvari grad na privremeni proekti koi vaka kako sto trgnale ke bidat vo idnina glavna odlika na gradot prvo se pravi privremen proekt, pa posle godini se pravi dopolnitelna improvizacija za toj od privremen da premine vo stalen...do koga vaka???
Јас не би навлегувал во тоа како би се поставиле истите граѓани по други прашања, ќе се задржам само на случајов.
Во право се за негативните ефекти од евентуалното проширување. Но она што е уште поважно, апсолутно се во право кога потенцираат дека вакво проширување е спротивно на ГУП-от, а сходно на тоа и на ДУП-от. Па нормално се поставува прашањето според кој урбанистички план се покренува ваков проект! Колку и да ја подржувам градската администрација кога пружа отпор за дивоградбите што сака да ги протурка централната власт, се чудам дали не им е јасно дека ова е сосема исто криминално однесување!
Originally posted by zabegan
за тротоар простор има
Има, ама едвај, со одење во крајност и изведба на субстандардни решенија. Како и да е, јасно е дека проширување би било исклучително лошо „решение“. А доколку се направи, се плашам дека засекогаш ќе остане на тоа и дека тунел никогаш нема да се изгради.
единствено не се сложувам за делот за тротоари иза осцилациите за тротоар простор има ама е узурпиран од паркирани возила, кои и да се прошири улицата ќе останат таму паркирани а инаку нели планот беше да се прошири од фонтана до крај кон запад? од каде сега дека ќе се проширувало од кај влада? натаму нема куќи колку што знам, не е никаков проблем ако е проширена во тој дел
ЖИТЕЛИТЕ НА ИЛИНДЕНСКА ПРОТИВ НЕЈЗИНО ПРОШИРУВАЊЕ ВО 4 ЛЕНТИ
Жителите од
Илинденска против нејзиното проширување на потегот од Влада до влезот
на Зоолошката градина. Веќе формирале иницијативен одбор за спас на
улицата на која изведувачите на градежните работи веќе ги одбележале
дрвјата за сечење.
Реагираат дека со идејата на Градот Илиденска во тој потег да има 4
ленти нема да остане простор за тротоар а ќе биде загрозена и
безбердноста на жителите.
...нема услови за тоа ќе биде како на
рели трки. Нека дојде некој од тие што планираат вакво нешто барем еден
час да поседат во нашите куќи да видат какот се тресат од сегашното
возење. Ако почнат со градба ќе застанеме на улица со децата, вели
Николова Вера жител на Илинденска
...Според жителите на Илинденска, градежните работи ќе бидат спротивно на Генералниот урбанистички план.
...ова
е без решение. Не постои детален план за проширување а овде има стари
згради кои нема да ги издржат овие осцилации, вели Јане Јосифовски
жител на Илинденска
Жителите на Илиндеска бараат од надлежните институции да ги прекинат активностите. Во спротивно најавуваат протести.
Не ми се верува дека дошол денот кога можам да кажам дека се слагам со багра граѓани! Ама кога ќе подразмислам поубаво, оваа збироштина е истата таа збироштина што сака во центар да си вдомува роднини до 7-мо колено по можност.
Така да само респект кон чинот на отпор кон импровизацијата што ни се готви!
Ако еднаш го унаказат делов помеѓу влада и фонтана, не ми изгледа премногу веројатно дека тунел ќе се изгради некогаш во иднина...
@lsl Од досегашното искуство владата не мрднала со прст за инфраструктурата во градов па макар и чисто рејтиншки. Проектите кои ги фураат се сосема од друга природа и тоа јасно се гледа зошто имаат заеднички именител, а тунел на пример дефинитивно не спаѓа во таква категорија
Ова ќе биде една од помасовните импровизации! Ќе се импровизира 350 метри булевар! Никаде не прочитав аргумент зашто не е можна реализација моментално, освен што финансиската состојба ни е позната на сите.
Инаку да бев јас градоначалник моментално не би ја градел илинденска по целата должина на сметка да се изгради тој тунел пошто гужвата на илинденска не е во карпош 4 него најголемата гужва е од влада до парк. Значи се доградува све само тоа што е најбитното се импровизира! Мислам дека град Скопје не се ни обиде да повлече средства од владата. Барем мислам дека од владата ќе беа заинтересирани за ваков еден, меѓу другото, рејтиншки тунел ако ништо друго!
Почнува проширувањето на „Илинденска“ и кај Тутунски комбинат
Градот Скопје обезбеди градежни дозволи од општините Центар и Карпош
Сања Наумовска
Градот Скопје идната недела ќе започне со реализација на проектите
за проширување на „Илинденска“ и на раскрсницата кај Тутунски комбинат.
По средбата на градоначалниците на Скопје и на Центар, Трифун Костовски
и Виолета Аларова, надминат е проблемот со издавањето на градежните
дозволи, поради кои проектите беа ставени на чекање. Како што
најавуваат во Градот, „Илинденска“ во првата фаза ќе се пробива на
потегот од Владата до влезот на Зоолошка градина. Идната недела ќе
започнат градежните работи за поставување на атмосферската
канализација. На овој потег, велат во Градот, нема имотноправни
проблеми поради што работите можат веднаш да почнат. Во Градот деновиве
ги очекуваат и дозволите од Општина Карпош, за продолжување на
атмосферската канализација на „Илинденска“ во правец кон Воена болница.
Дел од овој потег е затворен со дивоградби, кои ќе треба да се урнат.
Иако
трајното решение за проширувањето на „Илинденска“ од Владата до
фонтаната „Лотос“ е подземна сообраќајница, сепак, тоа е неизводливо
засега. Поради тоа, на дел од сегашниот тротоар ќе бидат направени уште
две ленти, без средишно зеленило. Во Градот најавуваат дека на овој
потег ќе остане доволен простор за пешаците, а ќе биде засаден и нов
дрворед. „Очекуваме реакции на жителите, бидејќи навикнати се да
си паркираат под прозорец. Новите тротоари кои ќе бидат направени по
проширувањето ќе бидат заградени и наменети само за пешаците. Поради
проширувањето, ќе мора да ги исечеме дрвјата, но по завршувањето на
улицата, ќе биде направен нов дрворед. Екипи од Секторот за комунални
работи веќе беа на терен и одлучено е да се засадат дрвја со крошни кои
ќе одговараат на новата состојба, бидејќи ќе бидат садени поблиску до
куќите“, вели Аљоша Шопар, раководител на Секторот за урбанизам.
Јасно е зашто е саботиран поектов. Тоа веќе и од небо врапчињата знаат. Увек ни се прави слична глупост, додека порјдат изборите додека се екипираат новите тимови ќе фати лето. Па после жешко било одмори и така ќе отиде и градежната сезона у ветер.
Од Градот се
жалат дека реконструкцијата на овој булевар цела година е жртва на
бирократијата во општините Центар и Карпош, но и на Министерството за транспорт и врски
Проширувањето е планирано на потегот од фонтаната во Градскиот парк до салонот „Ми-Да“
Проширувањето на Илинденска, од фонтаната „Лотосов цвет“ до салонот
„Ми-да“ не може да почне затоа што општините Центар и Карпош не сакаат
да издадат градежна дозвола, велат градските власти за еден од своите
најзначајни проекти што го најавуваат веќе една година. Оттаму не'
информираа дека имаат комплетна документација за реконструкција на овој
булевар, како и дека веќе избрале изведувачи, но проблемот е што не
можат да најдат заеднички јазик со општинарите. Од Општина Центар имаат
поинакво мислење за овој спор меѓу нив и Градот.
- Со
Генералниот план на град Скопје не е предвидено толку големо
проширување на Илинденска како што бараат градските власти - изјавија
од Центар.В.д. градоначалникот на Карпош, Сашо Димиќ, рече дека од
Градот никогаш не добил никакво барање за градежна дозвола.
-
Од мене не е побарана никаква дозвола. Јас го поддржувам овој проект,
бидејќи во овој дел Илинденска е тесно грло - рече Димиќ.
Градските
власти негираат, велејќи дека при изработката на решенијата за
проширување на булеварот ги испочитувале одредбите од ГУП.
-
Предложеното решение е во согласност со детаљниот урбанистички план.
Единствено Град Скопје е надлежен за толкување на Генералниот план -
децидни се од Градот.Што се однесува до решавање на имотно-правните
односи, кои мора да се решат при проширувањето на овој булевар, во
моментов, како што велат од Градот, поднесено е барање до
Министерството за транспорт и врски за засновање право на долготраен
закуп на земјиште.
- Земјиштето е сопственост на Република
Македонија и бараме по пат на непосредна спогодба, без надоместок, за
период од 99 години, да ни биде даден под закуп делот од улицата Наум
Наумовски-Борче до булевар 8 Септември. Град Скопје веќе почна постапка
за прибирање на потребната документација, која е обемна, но се' уште се
чека некои институции да одговорат на поднесените барањата -
објаснуваат оттаму. Со проектот е предвидено да се реализира полупрофил
од сообраќајницата, како и целосна инфраструктура за улицата. Освен
проект и изведувач, досега се обезбедени и средства.
Во
моментов, на трасата на Илинденска делумно е изградена атмосферска
канализација. Досега се реализирани околу 500 метри од канализацијата
на оние места каде што нема имотно-правни проблеми. Канализацијата,
велат оттаму, ќе биде довршена кога ќе бидат урнати дивоградбите, но и
кога ќе се решат имотно-правни односи и со останатите сопственици на
приватните објекти што се наоѓаат на трасата во делот на општината
Карпош.
ГРАД СКОПЈЕ ЗАГЛАВИ СО РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА НАЈАВЕНИОТ СООБРАЌАЕН ПРОЕКТ
Илинденска заглави во административен ќор-сокак
Одговорните од Град Скопје се жалат дека не можат да ги обезбедат потребните документи од надлежните институции за да добијат дозвола за градба и покрај тоа што имаат комплетна проектна документација за реконструкција на улицата и за изградба на атмосферската канализација, а на тендер се избрани изведувачите
Проширувањето на улицата Илинденска заглави во административен ќор-сокак. Одговорните од Град Скопје се жалат дека не можат да ги обезбедат потребните документи од надлежните институции за да добијат дозвола за градба и покрај тоа што имаат комплетна проектна документација за реконструкција на улицата и за изградба на атмосферската канализација, а на тендер се избрани изведувачите. Исто така од буџетот за оваа година се издвоени и финансиски средства.
- И покрај тоа се уште чекаме одредени институции да одговорат на поднесените барања. На пример, се уште не сме го добиле Уверението за движење на катастарските парцели, документ поради кој од Министерството за транспорт и врски ни пристигна допис во кој се вели дека барањето се одбива и нема да се разгледува поради истекот на "долгиот рок" од два месеца кој ни го дадоа за поднесување на бараната документација, велат одговорните од Градот. Од Министерството за транспорт и врски признаваат дека го одбиле барањето за остварување на долготраен закуп на државно градежно земјиште на Град Скопје заради некомплетираната документација, но тврдат дека доколку истото го добијат со потребните документи, ќе одговорат позитивно.
Од Градските служби се жалат и на административните служби на Општините Центар и Карпош кои не можат да ги решат спорните имотно-правни односи за земјиштето по кое ќе се протега трасата на булеварот. Тие информираат дека Општина Центар го одбила барањето за проширување на Илинденска со образложение дека не се решени имотно-правните односи на државното градежно земјиште, а од друга страна пак, земјиштето на кое што треба да се проширува улицата во делот на општина Карпош има 11 спорни приватни објекти. Експропријацијата се уште не може да се реализира.
Град Скопје единствено доби локациски услови од Општината Карпош за изградба на атмосферската канализација и досега се реализирани околу 500 метри од цевководот на местата каде што нема имотно-правни проблеми.
Проширувањето на улицата Илинден подразбира реализација на два проекта, едниот за реконструкција на сообраќајницата на потег од улицата "Наум Наумовски Борче" до булевар "8 Септември", во должина од 1.850 метри, а другиот за изградба на атмосферска канализација на потегот од булеварот "Свети Климент Охридски" до булевар "8 Септември", во должина од 2.200 метри. http://www.vecer.com.mk/?ItemID=01233797362E2A488690EFA0BEBB08DE
ХРОНОЛОГИЈА НА ПРОЕКТОТ ЗА ПРОШИРУВАЊЕ НА УЛИЦАТА ИЛИНДЕН
Проширувањето на улицата Илинден подразбира реализација на два проекта, едниот за реконструкција на сообраќајницата на потег од улицата Наум Наумовски Борче до булевар 8-ми Септември, во должина од 1.850 метри, а другиот за изградба на атмосферска канализација на потегот од булеварот Свети Климент Охридски до булевар 8-ми Септември, во должина од 2.200 метри.
По претходно објавена јавна набавка за избор на најповолен понудувач, Град Скопје на 20.07.2007 година потпиша договор со проектантската куќа Чакар Партнерс за изработка на проект за реконструкција на улицата и за изградба на атмосферската канализација. На 17.03.2008 година изготвените проекти се доставени до Град Скопје од страна на проектантот.
Град Скопје, веднаш потоа, распиша јавна набавка за избор на најповолен изведувач на проектите за проширување на улицата Илинден и за изградба на атмосферската канализација. За најповолен изведувач на проектот за проширување на улицата е избрана градежната фирма Грант-АД, со која Град Скопје го потпиша договорот за реализација на проектот на 03.07.2008 година.
За најповолен изведувач на проектот за изградба на атмосферската канализација е избрана фирмата Енергомонт АД, со која Град Скопје на 23.07.2008 година потпиша договор за изведба на проектот.
Град Скопје поднесе барање до Општина Центар за проширување на улицата Илинден. Барањето беше одбиено со образложение дека не се решени имотно-правните односи на земјиштето на кое треба да се изведуваат градежните работи. Земјиштето на кое треба да се проширува улицата, во делот на општината Центар, е во сопственост на Р.Македонија. Град Скопје поднесе барање до Министерството за транспорт и врски, согласно Законот за градежно земјиште, за засновање право на долготраен закуп на земјиште сопственост на Р.Македонија, по пат на непосредна спогодба, без надоместок, за период од 99 години, заради овозможување реализација на објект булевар „Илинден“ (потег од улицата Наум Наумовски Борче до булевар 8-ми Септември).
Од Министерството за транспорт и врски добивме известување дека за да може министерството да постапува по барањето на Град Скопје потребно е да се достават следните докази:
Извод од Деталниот урбанистички план
Геодетски елаборат за нумерички податоци и список на индикации
Имотни листови за катастарските парцели сопственост на РМ
Уверение за движење за катастарските парцели сопственост на РМ и
Потврда дека нема постапка за денационализација за катастарските парцели кои се предмет на доделување под закуп прибавена од Министерството за финансии и Одделение за имотно правни работи.
Град Скопје почна постапка за прибирање на потребната документација, но се уште се чека одредени институции да одговорат на поднесените барањата. На пример, Уверението за движење на катастарските парцели се уште не е добиено од страна на Катастарот. Во меѓувреме од Министерството за транспорт и врски пристигна допис во кој се вели дека поради истекот на „долгиот рок“ од два месеца, кој му бил даден на Град Скопје да ја поднесе бараната документација, а предметот не бил целосно комплетиран, барањето се одбива и нема да се разгледува. Град Скопје деновиве ќе ја подигне доставената документација до Министерството и ќе продолжи со нејзино докомплетирање, по што повторно ќе поднесе барање за засновање право на долготраен закуп на земјиште сопственост на Р.Македонија.
Од друга страна, пак, на земјиштето на кое што треба да се проширува улицата Илинден, во делот на општина Карпош, има 11 спорни приватни објекти. Град Скопје се состана со сопствениците со цел да се договори експропријација на приватните имоти, но досега не се најде заеднички јазик. Град Скопје побара од Министерството за финансии, Управа за имотно-правни односи, подрачна единица Општина Карпош да се изјасни за статусот на спорните објекти. Од Министерството добивме одговор дека досега за четири од објектите кои се наоѓаат на трасата каде треба да минува булеварот е утврдено дека се дивоградби и дека се донесени решенија за уривање на истите. На сопствениците им биле врачени решенија со кои им се дава рок од 30 дена да ги урнат дивоградбите, а во спротивно Министерството ќе го изврши уривањето на товар на сопствениците. На останатите објекти се уште им се утврдува статусот и се чека одговор од министерството.
Град Скопје доби локациски услови од Општината Карпош за изградба на атмосферската канализација и досега се реализирани околу 500 метри од канализацијата на оние места каде што нема имотно-правни проблеми. Кога ќе бидат урнати дивоградбите и кога ќе се решат имотно-правни односи и со останатите сопственици на приватните објекти кои се наоѓаат на трасата во делот на општина Карпош, Град Скопје ќе може да ја доизгради атмосферската канализација на овој потег.
Град Скопје во Буџетот за оваа година има предвидено средства за реализација на проектот за проширување на улицата Илинден, но се додека не се завршат административните процедури околу разрешување на имотно-правните односи на земјиштето на кое треба да се изврши проширувањето, Град Скопје не може да добие дозвола за градба што е основен услов за почнување со изградба и реконструкција на булевар Илинден.
Градоначалникот Трифун Костовски уште во 2005, првата година кога дојде
на функцијата, вети дека ќе ја прошири Илинденска која, иако се води
како булевар, повеќе личи на маалска уличка. Прво замислата на
градоначалникот беше улицата да стане еднонасочна, но кога виде оти тоа
е неизводливо, вети дека улицата ќе ја прошири и на тој начин ќе
овозможи поголем проток на возилата. Па така Илинденска, на потегот од
фонтаната во Градски парк до бараките на "Паркови и зеленило", досега
требаше да се прошири и од двете страни да се додаде по уште една
сообраќајна лента.
Но стартот на проширувањето никако да го дочекаме. Откако беше утврдено
дека нема можност за воведување еднонасочен сообраќај, градоначалникот
најави дека градежните работи за проширување ќе почнат во текот на 2006
година, но откако помина и 2006 година, падна уште едно ветување дека
улицата ќе се проширува во 2007 година. Во 2007 градските власти речиси
цела година кажуваа дека проширувањето се планира "за следниот месец"
за да кажат на крајот дека е одложено за 2008 година. Од годинава
останува уште само еден месец, а Илинденска не е проширена. Но од
Градот не се откажуваат од проширувањето и понатаму убедуваат дека до
истекот на мандатот на градоначалникот Трифун Костовски, односно до
март следната година, Илинденска ќе биде проширена.
You cannot post new topics in this forum You cannot reply to topics in this forum You cannot delete your posts in this forum You cannot edit your posts in this forum You cannot create polls in this forum You cannot vote in polls in this forum