Author |
Topic Search Topic Options
|
Baze
Senior Member
Joined: 08-Jan-2010
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 409
|
Quote Reply
#681 Posted: 13-Jan-2010 at 12:39 |
Одлично ! Еве добра инвестиција за да заживее и тој дел од левата страна на вардар, а освен тоа и цел лев крајбрежен појас ке биде една целина од градби во антички стил.
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#682 Posted: 13-Jan-2010 at 11:51 |
Примерот со Солун не ти е точен. Низ цела Грција обично градовите се со скоро сти изглед како под лењир, во однос на станбениот дел, па и доста голем дел од деловниот и имаат некој закони што тоа така го уредуваат. А башка и има нешто низ центар што е повисоко од 8 ката. Примерот не ти е релевантен. Сите знаеме дека стокатници се цртаат туку така од ракав. А за катната исто така не ти точна споредбата, и воопшто не би рекол дека катни гаражи што до пред некоја година кукавме дека воопшто никој не ги зема као решение, сега кога се вцртаа во план биле нешто демек недостижно. Никад нема да има вишок паркинг простор во ценатр на град.
Инаку цело време гледам со некоја апатија зборуваш како да воопшто не ти текнува дека некои состојби се менливи, а не фиксни. А за долгорочни интереси или долгогодишни проекти не гледам дека покажуваш некој засилен интерес или некоја особена логика, напртови преовладува апатијата што предмалку ја набројав.
И ќе апелирам на достојно ниво на дискусија. Г`уефски и слични добацки не доликуваат! Ќе замолам за елеменатарна почит.
Edited by lslcrew - 13-Jan-2010 at 11:52
|
 |
gorco
Senior Member
Google Maps: Regional Expert
Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
|
Quote Reply
#683 Posted: 13-Jan-2010 at 11:38 |
OMG за кулите - какви црни кули прво со која економија, второ со кој наталитет кај населението во нашава драга Македонија и трето со која инфраструктура покрај Вардар. Во Солун со 2 милиона жители нема зграда повисока од 8 ката - а ние се глупираме со 100 катници - смешно и патетично е луѓе - баш ме потсеќа ова со какви се глупости се залажува овој народ - како примерот ќе посочам идеја за изградба на катна гаража на паркингот пред екс Лотарија и Југобанка - со капацитет од 900 возила
|
 |
axel
Senior Member
Joined: 08-Dec-2009
Location: kumanovo
Online Status: Offline
Posts: 3654
|
Quote Reply
#684 Posted: 13-Jan-2010 at 11:17 |
im nema kraj na vladinite gluposti.zalno e sto se slucuva so skopje.mozebi i kulite ako nekogas se izgradat vo aerodrom i mislav vo centar negde beshe kje saka gruevski da bidat vo anticki stil,navistina zalno!!!
|
 |
gorco
Senior Member
Google Maps: Regional Expert
Joined: 22-Oct-2009
Online Status: Offline
Posts: 642
|
Quote Reply
#685 Posted: 13-Jan-2010 at 08:44 |
Нека му рече некој на ГУЕФСКИ дека Скопје настана како логор на римската војска - к`етенчето да не залажал некој дека го основал Александар ?!
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#686 Posted: 13-Jan-2010 at 06:05 |
Која патологја
Инаку „узорите“ се на цел километар од овде... не дека „антикава“ ќе беше пооправдана доколку растојанинието беше помало...
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#687 Posted: 13-Jan-2010 at 00:50 |
Не, џабе се ломоти навистина...
И хотели на кејот под Кале во антички стил?! Од вчера се продава парцела за хотел, чија фасада ќе треба да се вклопи со новите објекти во околината Деспина Трајковска
По инсистирање на Владата, и кејот на просторот под Кале ќе биде во антички стил. Фасадите на петте ексклузивни хотели, предвидени да се градат по течението на Вардар, ќе треба да се приспособат на фасадите на Уставниот суд, тетарот, музејот на ВМРО и другите планирани градби во тој реон, од кои речиси сите ќе имаат антички примеси. Токму изгледот на фасадите на хотелите со пет ѕвезди е еден од главните урбанистичко-архитектонски услови што ќе треба да ги исполнат инвеститорите.
Парцелите за објектите, кои се во државна сопственост, ќе се продаваат на лицитација. Првата од предвидените пет од вчера е понудена на продажба со стартни 6.600 денари за квадратен метар. Станува збор за локација со површина од 4.745 квадрати на која објектот ќе може да достигне висина до 14,5 метри. Идниот инвеститор ќе има обврска хотелот да го изгради во рок од три години по обезбедувањето на градежната дозвола, која е должен, пак, да ја извади шест месеци по потпишувањето на купопродажниот договор за парцелата.
Во меѓувреме, очигледно државата ќе треба да ги расчисти имотните односи со три од вкупно петте парцели наменети за хотели за да се реализира целиот комплекс, бидејќи дел од земјиштето веќе беше понудено на продажба уште во 2006 година. Некои од учесниците на тогашната лицитација поднесоа жалби, по што отуѓувањето „заглави“ и се' уште нема официјални информации што се случи со него. Последен пат од Министерството за транспорт информираа дека сите предмети се во судска постапка, со која се испитува дали продажбата била извршена во согласност со сите закони и прописи. До каде е постапката и дали можеби е завршена, засега никој не кажува.
Иако се очекуваше, тогаш на лицитацијата не учествуваше ниту едно познато име од хотелиерскиот бизнис. Две парцели купи фирмата „Гемак трејд“ од Скопје, сопственост на Енвер Малиќи, а една Ејуп Алими, кој понуди 10.050 денари за квадрат. Претставникот на „Гемак трејд“ тогаш изјави дека немаат решено што ќе прават со земјиштето, но навести дека, најверојатно, ќе градат луксузни хотели.
Инаку, согласно со урбанистичкиот план за реонот, освен хотелскиот комплекс, предвидена е изградба и на катна гаража и спортски комплекс. Петте хотели е предвидено да бидат распоредени еден до друг крај брегот на Вардар, три од нив со дозволена максимална висина од 14,5 метри, а два од 11 метри. Планот овозможува изградба на катна гаража од осум подземни нивоа со капацитет од 1.960 возила, додека објектите во спортскиот комплекс ќе можат да достигнат висина до осум метри. Во овој комплекс, планот предвидува и спортско-рекреативна сала, придружни објекти во функција на спортот, отворени спортски терени и привремено сместување. Со предметниот ДУП, всушност, се урбанизира целиот реон со нови градби, единствено се потврдува надградба на резиденцијата на поглаварот на МПЦ, а планот овозможува и изградба на нови содржини во функција на постојните верски објекти.
Ваквата урбанизација е направена по нарачка на Владата, која ја финансираше изработката на планот како дел од владината програма за приоритетна изработка на урбанистички планови. | http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=ADFAB4812B232D45923ED933E3DF925E
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#688 Posted: 09-Jan-2010 at 14:19 |
ЗАТВОРЕН ЕДИНСТВЕНИОТ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТ
Велес остана и без хотелот Вила Зора!
Од
пред десетина дена Велес е без хотел откако единствениот сместувачки
капацитет во градот - хотелот Вила Зора, беше затворен. Неколку години
не работи ниту хотелот Интернационал, кој претставува грда слика на
градот. Хотелот Вила Зора беше изграден во 1985 година со средства од
Фондот за пензиско и здравствено осигурување и пари од боречката
организација. Последен со него управуваше фирмата а.д. Киро Ќучук". На
неколку дена пред Новата година, го напуштија хотелот и тоа без никакво
објаснување. Го собрале инвентарот, ставиле клуч на вратата и заминале.
Причините за напуштањето на објектот, раководството на друштвото не ги
обелоденува. Службените телефони на фирмата се исклучени поради
неплатени сметки и беа недостапни за одговор. Од боречката организација
ни рекоа дека пред да го напуштат хотелот со нив и со претставници од
Фондот на ПИОМ, било извршено примопредавање на она што тие го оставиле. -Пред
да се иселат, не повикаа. Без многу објаснување рекоа дека го напуштаат
хотелот. Како боречка организација не сме во можност финаниски да го
одржуваме хотелот. Со фондот за ПИОМ мораме да се договориме што
понатаму. Доколку не се најде друг да стопанисува, Вила Зора ќе
пропадне. Навистина е жално овој објект да не работи. А што е поважно,
жално е Велес да остане без хотел и хотелско сместување. Овој хотел
некогаш беше гордост на Велешани - вели Кицо Саздовски, претседател на
Здружението на борците.
Хотелот Вила Зора располагаше со 160 легла во 60-тина соби и имаше
три ресторан-сали за 500 гости и голема летна бавча. Со делбениот
биланс од 1999 година, Владата му го даде објектот на градот, поради
што борците оваа одлука ја оспоруваат.
Посетителите кои доаѓаат да ги видат големиот број историски и
културни споменици во Велес, мораат сместување да побараат во некој од
хотелите во соседните градови или пак, во мотелот Романтик на брегот на
Велешкото Езеро. Но, сите велат дека тоа не е решение и дека на Велес
му е потребен хотел.
(С.А.) |
http://www.vecer.com.mk/?ItemID=3C3A9049C6B1E74EB5156E784124AC05
Edited by La Linea - 09-Jan-2010 at 14:22
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |
ovaj_stariov
Senior Member
Joined: 02-May-2008
Location: Prilep
Online Status: Offline
Posts: 1321
|
Quote Reply
#689 Posted: 20-Dec-2009 at 16:15 |
само за да ја потврдиме веста дека нема ништо да се менува во фасадата.
Тазе боја на "Холидеј ин"
Фасадата на "Холидеј ин" неделава се бојосува со тазе жолта боја. Молери, качени на скелиња, го користат убавото време за да го освежат надворешниот изглед на хотелот. Работниците ни рекоа дека "Холидеј ин" нема да добие нов изглед, туку само се освежува фасадата.
|
http://www.vest.com.mk/?ItemID=60B17179477EB24B9D396BA3564D04DA
|
build.mk, гради форумска историја
|
 |
lslcrew
Senior Member
Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
|
Quote Reply
#690 Posted: 25-Nov-2009 at 01:26 |
Италијанци ќе градат спортско-рекреативен центар во Катланово
На површина
од 22.500 метри квадратни ќе се гради хотел од висока категорија на
шест ката, а околу него ќе се градат спортски терени со професионални
димензии наменети за подготовка и тренинзи на спортисти
Италијанска
градежна компанија е заинтересирана да вложи 14 милиони евра во
изградба на луксузен спортско-рекреативен и спа-центар во Катлановски
бањи. На површина од 22.500 метри квадратни ќе се гради хотел од висока
категорија на шест ката, а околу него ќе се градат спортски терени со
професионални димензии наменети за подготовка и тренинзи на спортисти.
Локацијата се наоѓа во близина на бањите, поточно над црквата Св.
Недела", во близина на чешмата со лековита вода.
Од Општина Петровец информираат дека локацијата е урбанизирана и
дека во моментов изработката на локалната планска документација е во
завршна фаза и ќе биде предадена во Министерството за транспорт и врски
за десетина дена. Министерството треба да ја продолжи постапката за
отуѓување на земјиштето. Од таму велат дека инвеститор е градежната
фирма "Евроиталија", која има регистрирано фирма во Скопје и го доби
тендерот во Прилеп за производство на мермер. - Евроиталија е
компанија што во нашата општина веќе подолг период се смета за еден од
најсигурните инвеститори. Минатиот месец наша делегација беше во посета
на Италија и градоначалникот Борче Митевски разговараше за
инвестицијата, за проектот којшто навистина е многу значаен за
локалниот економски развој на нашата општина, информираат од кабинетот
на градоначалникот на Општина Петровец.
Општинарите велат дека ова е една од неколкуте странски инвестиции што треба да се реализираат наскоро.
http://vecer.com.mk/?ItemID=C39DE5FBA520994BADDC760F7674568B |
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#691 Posted: 03-Nov-2009 at 16:38 |
СЕ БАРА СТРАНСКИ ИНВЕСТИТОР
Четврта среќа за хотел во Охрид
Државата
не се откажува од изградба на елитен хотел на охридското крајбрежје.
Таа деновиве во „Фајненшл тајмс“ по четврти пат објави оглас за
продажба на земјиште во Горица, а за првпат кај Билјанини извори
наменети исклучително за изградба на хотели. Од Министерството за
транспорт и врски потврдуваат дека објавиле известување за потенцијални
инвеститори заинтересирани за купување атрактивно земјиште во
Македонија на повеќе локации во земјата, а тоа ќе биде доставено и до
сите економски промотори на земјава. Владата веќе три години неуспешно
се обидува да привлече светска хотелска марка во Охрид, а се спомнуваа
имиња на „Хилтон“, „Ексцелзиор“, како и некои инвеститори од Турција.
Досега за местото во Горица биле распишани три јавни огласи. На
последниот обид за продажба на 15.877 квадратни метри по цена од 4.800
денари за еден квадратен метар не се пријави ниту еден инвеститор. Од
Асоцијацијата на хотелиери на Македонија (ХОТАМ) велат дека никој не е
заинтересиран за изградба на луксузен хотел зашто државата не создава
услови и стимулации за влез на познат странски синџир на хотели. -
Тргнете од нашите хотелски комплекси со повеќе од 200 соби. Тие работат
на граница на рентабилност, со позитивна нула или со минимален остаток.
За да има враќање на инвестиција од 20 милиони евра, треба чистата
годишна заработка да биде од 10 до 12 проценти од вложениот капитал или
околу три милиони евра - вели Дончо Танески, претседател на ХОТАМ. Тој
додаде дека странска марка нема да влезе се додека Македонија стане
атрактивна туристичка дестинација, а тоа ќе се постигне со поевтинување
на авионските билети и подобра сообраќајна поврзаност, намалување на
данокот на додадена вредност во угостителската дејност и подобрување на
инфраструктурата во земјата.
Е.К. |
http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=2&tabid=1&EditionID=1857&ArticleID=125713
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#692 Posted: 02-Nov-2009 at 22:06 |
Хотел Билјанини Извори
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#693 Posted: 02-Nov-2009 at 22:06 |
И Хилтон во Петровец n-ти дел (покрај ова се продаваат и околу 900.000 квадрати за голф терени покрај овој Хилтон)
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#694 Posted: 02-Nov-2009 at 22:05 |
Хилтон кај Горица... повторно n-ти дел
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#695 Posted: 02-Nov-2009 at 22:04 |
... и третиот
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#696 Posted: 02-Nov-2009 at 22:04 |
Вториот хотел покрај Вардар под Кале...
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#697 Posted: 02-Nov-2009 at 22:04 |
Под Кале освен катната гаража и спортскиот комплекс погоре има и 3 хотели еден до друг. Еве го првиот
Edited by Cloverstack - 15-Oct-2010 at 03:43
|
 |
pbanks
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
|
Quote Reply
#698 Posted: 02-Nov-2009 at 21:53 |
 како замислил мали ѓокица... повеќето локации се релативно логични (освен безидејното расфрлање со скап квадарат во центарот на градот со некакви катни гаражи), но после сите искуства со пропаднати тендери, со катастарски заврзлами и со нерасчистено правно-имотни односи и дополнително во оваа економската криза сум скептик дека било каков сериозен инвеститор ќе се заинтересира. На сајтот на Министерството за транспорт и врски се потрудиле да направат некакви ПДФки за ова што ќе се случува но 90% линкови им се грешни, на некои фали комплетно фајлот. Како и да е ги извлеков сите освен два и ќе ги постирам во продолжение.
Се продава државно земјиште за изградба на хотели, облакодери02.11.2009 18:47Хотели на крајбрежјето на реката Вардар, деловни центри и катни гаражи во центарот на метрополата, висококатници во населба Аеродром, голф терени. Атрактивни локации за изградба на овие објекти до крајот на годината ќе понуди на продажба Министерството за транспорт и врски. Деновиве објавен е оглас со кој се информираат потенцијалните инвеститори за операцијата продажба на луксузно државно земјиште, по што најдоцна до крајот на декември ќе се оди на втората фаза - закажување на датуми за јавни лицитации. Се нудат вкупно 23 локации на територијата на целата државата, а дел од предвидените проекти како оној за голф терените веќе и се познати за јавноста но останаа нереализирани најчесто поради бирократски бариери. Во транспорт и врски велат дека локациите сега се чисти и подготвени за продажба но не се открива колку пари планира да собере државата. Квадратен метар земјиште ќе се продава по утврдена почетна цена а купувач ќе биде оној што на лицитациите ќе понуди најмногу. Во милионските проекти замислени од страна на владата предвидена е и изградба на деловен центар кај Соборниот храм, катни гаражи кај судската палата, кај јужен булевар спроти дирекцијата на Макпетрол и во строгиот центар на градот кај полициската станица Беко. На кејот на Вардар во близина на скопско Кале се нудат локации за изградба на три хотели еден до друг од висока категорија. Во населбата Аеродром се продава земјиште каде треба да никнат највисоките згради во македонија од по 25 ката. | http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115752
|
 |
Cloverstack
Admin Group
Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
|
Quote Reply
#699 Posted: 29-Oct-2009 at 23:28 |
Во врска со овој пост на anDarko, еве на Холидеј Ин повторно некои скелиња, ама јас не гледам некоја разлика, ова ми изгледа како обично молерисување... а 2010 е на прагот.  
|
 |
La Linea
Senior Member
Joined: 07-Nov-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 2067
|
Quote Reply
#700 Posted: 27-Oct-2009 at 14:23 |
Скајвингс ќе гради хотел кај „Александар Велики“
27.10.2009 09:53
Инвестиција
вредна 500.000 евра во изградба на помал хотелски објект во близина на
аеродромот „Александар Велики“ најави авиокомпанијата Скајвингс. Ваков
амбициозен план објави во понеделникот претседателот на Бордот на
директори на компанијата Ајан Џафероски за време на промотивниот лет
Скопје-Брисел. Џафероски посочи дека изградбата на хотелот треба
да започне во март идната година, а истиот треба да биде пуштен во
употреба во јуни 2010 година. Предвидено е хотелот да има 20
соби, а во најголем дел би се користел за потребите на екипажите на
Скајвингс, која планира во идниот хотел да го пресели и седиштето на
компанијата. Скајвингс во соработка со Ер лифт сервис во
понеделникот воведе директна линија на релацијата Скопје-Брисел, а веќе
в недела ќе започне да сообраќа кон Рим, додека од 10 ноември ќе биде
воспоставена линија кон Бергамо, во близина на Милано. Скајвингс, која е регистрирана во Скопје, досега има отворено редовни линии од Скопје кон Истанбул, Цирих и Диселдорф. Скајвинг засега оперира со еден авион од типот боинг 737-300, но од декември треба да пристигне уште еден ист таков авион. |
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=115465
|
Помогнете во Македонската Википедија - Слободна енциклопедија!
|
 |