build.mk Homepage
Forum Home Forum Home > Главни теми > Инфраструктура
  Active Topics Active Topics
  FAQ FAQ  Forum Search   Register Register  Login Login

Жичарница на Водно

Bookmark and Share
 Post Reply Post Reply Page  <1 3536373839>
Author
Message Reverse Sort Order
  Topic Search Topic Search  Topic Options Topic Options
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #721 Posted: 21-Aug-2009 at 14:27
ИЗБРАН ПОНУДУВАЧ ЗА ИЗВЕДБА НА ПРВАТА ТРАСА
Австријци ќе прават жичница на Водно

Роза Петкова

Австриска компанија ќе го изработи проектот за жичница во Скопје и ќе ја гради првата траса од Средно Водно до Милениумскиот крст. Од Министерството за транспорт и врски велат дека ја избрале „Допелмајр“ од Австрија за најповолен понудувач. Компанијата понудила цена од 407,8 милиони денари, а од Министерството не дадоа одговор кои биле другите пријавени фирми и колкави понуди доставиле. - За учество во аукцијата за избор на најповолен понудувач кој ќе проектира кабинска еднојажна жичница на траса Скопје и“8211; Водно беа доставени три понуди. Беше избран операторот „Допелмајр“ од Австрија. Во определениот рок добивме една жалба, која комисијата за спроведување на постапката по јавната набавка почна да ја разгледува и за која ќе се донесе одлука во најкус временски период и“8211; велат од Министерството за транспорт и врски. Како ќе почне да се реализира изградбата не е јасно зашто во годинашниот државен буџет се предвидени само 60.000 денари за проектот „Жичница“. За буџетот во 2010 година се проектирани 200.000 денари, а за 2011 година 240.000 денари. Од Министерството за транспорт и врски немаа информација кога ќе почнат изградбата на жичницата, ниту, пак, одговорија колку ќе чини изградбата на целата траса. - Времетраењето на договорот е 15 месеци. Инвеститор на проектот е Владата, во соработка со Град Скопје и“8211; кратко одговорија надлежните. Во буџетот на државата стои дека годинава ќе биде опфатена само првата фаза од реализацијата на проектот „Жичница“. Од Град Скопје, пак, велат дека изградбата наскоро ќе почне, а иако проектот е дел и од програмата на градоначалникот Коце Трајановски, властите велат дека нивната улога била само логистичка и избегнуваат да одговорат дали ќе предвидат пари во градскиот буџет за негова реализација. - Град Скопје ќе даде комплетна логистичка поддршка на овој проект. Според наши сознанија, изградбата на првата траса од жичницата треба да почне наскоро и“8211; велат одговорните за односи со јавност. Со вториот јавен повик кој Министерството за транспорт и врски го распиша во мај се бараше понудувач кој ќе изработи техничката документација за целата траса и ќе ја изгради и пробно ќе се пушти во употреба најдолгата секција од Средно Водно до Милениумски крст. Жичницата би се протегала од црквата „Свети Јован Крстител“ во Капиштец до Милениумскиот крст на Водно. Таа ќе има три дела и“8211; од паркингот на црквата до Институтот за белодробни заболувања кај деца во Козле, од таму до Средно Водно и од средно до врвот. Вкупната висинска разлика на трасата е 814 метри, а должината 3,5 километри. На интернет-страницата на компанијата е наведено дека таа има производствени капацитети и продажни единици во повеќе од 33 земји во светот и досега изградила повеќе од 13.970 инсталации околу 80 земји. Тие изработиле патнички транспортен систем за летни и зимски туристички капацитети, како и во урбана средина, потоа аеродроми, трговски центри, спортски комплекси, забавни паркови, саеми и други содржини, заедно со соодветен транспорт за нив.

http://www.vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=1&EditionID=1792&ArticleID=120161
Back to Top
Supervisor View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 28-Jan-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 1220
  Quote Supervisor Quote  Post ReplyReply #722 Posted: 01-Aug-2009 at 13:00
Па нели од долу требаше? Ништо не е тоа тоа.
NewYork-London-Paris-Moscow-Tokyo-Skopje
Back to Top
zabegan View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 01-Jul-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 7859
  Quote zabegan Quote  Post ReplyReply #723 Posted: 01-Aug-2009 at 12:54
аман бе, три километри? не се разбирам во жичарници, ама ова треба некако цик-цак да иде?
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #724 Posted: 01-Aug-2009 at 01:08

Австријци ќе градат жичница на Водно

Жичницата која ќе оди од Средно Водно до врвот на планината ќе биде долга три километри, а фирмата „Допел маер“ треба да ја изгради за 15 месеци

Австриската фирма „Допел маер“ за 6,7 милиони евра ќе ја гради жичницата од Средно Водно до Милениумскиот крст на врвот на планината. Министерството за транспорт и врски на електронска аукција ја избра оваа фирма како најповолен изведувач. Ова Министерство јавниот повик за избор на изведувач го објави на 15 мај, откако Владата реши проектот за жичницата да го земе во свои раце.

На јавниот повик, на кој понудите можеа да се достават до 1 јули, се јавиле три фирми. Од нив, Австријците имале најповолна понуда, односно се обврзале да ја завршат работата за цена од околу 408 милиони денари, односно 6, 7 милиони евра. За овие пари тие се должни да ги проектираат сите три секции од трасата на жичницата Скопје-Водно, да ги изградат и пробно да ги пуштат во употреба до издавање на употребната дозвола.

- Ќе се проектираат три секции од жичницата кои сами по себе претставуваат техничко-технолошки целини, кои можат да функционираат како посебни објекти, но ќе имаат можност да бидат поврзани и во една целина. Вкупната должина на трасата на жичницата е околу 3.000 метри. Станува збор за кабинска еднојажна жичница за превоз на лица, со кружен ток, која Австријците треба да ја изградат во период од 15 месеци - објаснуваат во Министерството за транспорт и врски.

Минатата година и претседателот на Фондацијата за изградба на Милениумскиот крст, Благоја Дојчиновски, најавуваше дека ќе се гради жичница до врвот на Водно, но со почеток зад трговскиот центар „Рамстор“. Фондацијата сериозно преговараше со австриската фирма „Лаинтер“ која беше заинтересирана веднаш да го изгради објектот.

Дојчиновски најавуваше дека таа ќе биде готова за многу кус период бидејќи австриската фирма „Лаинтер“ за неа веќе имала изработен проект. Според проектот, жичницата требаше да почнува меѓу „Рамстор“ и Старата железничка станица и би водела до Милениумскиот крст, во должина од 3.700 метри воздушна линија. На тој простор, според важечкиот урбанистички план, има градежна маркичка за ваков објект. Оваа жичница требаше да биде со затворени кабини со осум седишта, а Дојчиновски најавуваше дека би можела да се даде и под концесија.

Од друга страна, поранешниот скопски градоначалник Трифун Костовски и министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска лани во ноември договорија изградба на жичница од Водно до Матка. Според проектот, кој тие заедно го претставија, жичницата треба да се гради во две насоки: од Средно Водно до Милениумскиот крст, а оттаму да продолжува до кањонот на Матка. На тој начин, скопјани и туристите требаше да ги видат убавините на градот од една поинаква перспектива.

http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=4A83A34BF03FE64CAF1F140F3ADA3CB2
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #725 Posted: 10-Jun-2009 at 11:46
СЕ СОБИРААТ ПОНУДИ ЗА ИЗБОР НА ИЗВЕДУВАЧ
На Водно, сепак, ќе се гради жичарница

Од црквата „Свети Јован Крстител“ во Капиштец до Милениумскиот крст на Водно е релацијата на која ќе се протега жичарницата што Владата најавува дека ќе ја гради подолго време. Според последниот јавен повик на Министерството за транспорт и врски, распишан минатиот месец, жичарницата ќе има три дела “ од паркингот на црквата до Институтот за белодробни заболувања кај деца во Козле, од таму до средно Водно и од средно до врвот. Со конкурсот, кој истекува на први јули, е предвидено да се изработи техничка документација за целата траса и да се изгради и пробно да се пушти во употреба првата секција од средно Водно до Милениумски крст, која ќе биде и најдолга. - Во соработка со Министерството за транспорт и врски ја почнавме постапката за проектот и во тек е јавната набавка за проектирање кабинска еднојажна жичарница со кружен тек на трасата Скопје - Водно. Откако ќе измине рокот за доставување на пријавите, ќе се определи датум за електронска аукција која ќе се одржи во просториите на Министерството “ велат од Град Скопје, кои, исто така, се вклучени во проектот. Проектот жичарница е вклучен и во програмата на градоначалникот Коце Трајановски. Таму е наведено дека изградбата ќе почне овој месец, а треба да заврши во септември идната година, но од кабинетот на градоначалникот не одговорија зошто е одложен дадениот рок. Од Министерството, исто така, не образложија што се случи со тендерот кој го распишаа лани. За трасата на жичарницата досега се даваа повеќе варијанти. Прво имаше најави дека ќе ја гради Фондацијата „Милениумски крст“, а за можен инвеститор се споменуваше австриска фирма. Како предлози за почетната станица се спомнуваа трговскиот центар „Рамстор“, Старата железничка станица, „Панорама“, фабриката „Алумина“. Минатата година поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, побара трасата да се продолжи од крстот до Матка, но не доби јасна поддршка од власта дека тоа ќе се случи. Експертите од Градот и Министерството, кои тогаш ја разгледуваа идејата, тврдеа дека станува збор за амбициозен проект и дека жичницата е најсоодветен начин за достапност до наведените локации, бидејќи како сообраќајно решение најмалку навлегува во природниот амбиент и самата конфигурацијата на теренот овозможува поставување на таков систем. Идејата за жичарница на Водно е стара и се промовираше и пред седум години, во мандатот на градоначалникот Ристо Пенов.



http://vreme.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=3&tabid=1&EditionID=1727&ArticleID=115424
Back to Top
Cloverstack View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Скопје
Online Status: Offline
Posts: 12453
  Quote Cloverstack Quote  Post ReplyReply #726 Posted: 23-May-2009 at 18:17
ќе почнува од паркингот во близина на црквата свети Јован


Освен доколку нема тешки технички препреки за трасата на жичарата да почнува негде во близина на старата железничка (како што одсекогаш било најавувано), променава ми изгледа многу чудно. Би сакал да чујам издржано објаснување од надлежното министерство, зошто вакво нагло реобмислување.


За оние кои не знаат, еве каде се наоѓа црквата:
41°59'34.56"N  21°24'36.09"E
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #727 Posted: 23-May-2009 at 17:42
Македонија

Нов тендер на Mинистерството за транспорт за жичарница на Водно

сабота, 23 мај 2009, 18:20

Министерството за транспорт и врски објави нов тендер за изградба на жичарница од Скопје до врвот на планината Водно. Овојпат, освен што е познато дека се бара кабинска еднојажна жичарница со кружен тек, позната е и трасата по која би се движела жичарницата. Според огласот на министерството, 3,5 километри долгата жичарница ќе има три секции од кои- првата ќе почнува од паркингот во близина на црквата свети Јован до институтот за белодробни заболувања кај децата во Козле. Од тука ќе почнува втората секција која ќе води до комплексот Средно Водно. Третата и најголема делница ќе го поврзува средно водно со миленумскиот крст на врвот на скопската планина. Граѓаните кои денеска одмараа во сенките на планината, имаа различни мислења за идејата за популаризација на локацијата. 

Портпаролот на министерстовото за транспорт и врски, денеска не одговараше на повиците на неговиот мобилен телефон за да објасни колку ќе чини инвестицијата и дали е изработена студија за исплатливоста на потфатот. Она што засега е познато е дека заинтересираните ќе треба да ги достават своите понуди во наредните 60 дена.
 
Според тендерот на министерството сепак е предвидена изградба на само една третина од жичарницата. Делницита која ќе се гради сега, ќе го поврзува средно водно со милениумскиот крст, а ќе биде со должина од околку 2 километри.

Освен изградбата на оваа делница, тендерот предвидува и изработка на техничка документација и за трасите кои ќе водат од црвката св. Јован до средно водно. Потенцијалниот проектант ќе мора да води сметка сите три делници да можат да бидат споени во една целина. Одговорот што се случи со претходните студии, засега го знаат само во министерството.

http://vesti.alfatv.com.mk/default.aspx?mId=36&eventId=8331
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #728 Posted: 16-Apr-2009 at 02:26
Што се однесува до жичарава, мислам дека треба да ја гледаме како посебен проект од крстот. Нормално, доколку имаат договор жичарата и крстот деа издаваат пакет билет или слични услуги тогаш воопшто не е проблем тоа технички да се уреди, и покрај тоа што не гледам некоја којзнае колкава потреба од тоа.

И упте нешто за жичарава. Мислам дека треба повеќе станици да се овозможат, барем упте една-две, а ако може и повеќе, а не само на средно водно. Така всушност долж цела траса ќе се направи шеталиште и ќе може ако сака некој да шета и по другите делови од водно, ане само на средно или на горно. Но барем една во близина на одморалиштето и она запуштено градилиште кое се надевам некој ден ќе се рекативира.

бтв што требаше да биде тоа, некоја болница или што?!


Edited by lslcrew - 16-Apr-2009 at 03:36
Back to Top
pbanks View Drop Down
Admin Group
Admin Group
Avatar

Joined: 01-Sep-2007
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 9141
  Quote pbanks Quote  Post ReplyReply #729 Posted: 15-Apr-2009 at 23:13
Транспарентност на ниво како и обично... Roll%20eyes

Жичарницата до Милениумски крст ќе ја гради Владата

Фондацијата „Милениумски крст“ е исклучена од проектот

Снежана Калабакова

Министерството за транспорт и врски ќе ја гради жичарницата до Милениумскиот крст. Колку проекти се доставени и колкумина изведувачи се јавиле на тендерот за изградба на жичарница, од Министерството нема одговор. Тендерот беше распишан на 25 ноември минатата година, а 11 февруари годинава бил крајниот рок до кога можеле да се јават заинтересираните за доставување проект, како и фирмите-изведувачи.

Тендерот предвидувал доставување проекти за кабинска еднојажна жичарница за превоз на лица, со кружен тек. На веб-страницата за јавни набавки на Министерството за финансии не е прецизирано дали трасата за жичарницата ќе води од ТЦ „Рамстор“, или можеби ќе тргнува од старата железничка станица до крстот. Нејзината релација е посочена само како Скопје-Водно и ќе се изведува во три секции. За другите детали околу овој проект побаравме информација од Министерството за транспорт и врски. Но, и по неколку дена инсистирање, не добивме одговор на нашето прашање. Портпаролот Драган Симоновски не се потруди воопшто да одговори на нашите телефонски јавувања, ниту, пак, се обиде да даде одговор на прашањата доставени по електронска пошта.

До каде се работите по објавениот тендер не знаат ниту во Фондацијата „Милениумски крст“ од каде што тврдат дека се наполно исклучени од проектот. И покрај финансиските тешкотии што ги има Фондацијата, таа правеше напори да најде изведувач за изградба на жичарницата. Од проектантската куќа ИНПУМА доби бесплатен проект, а со австриската фирма „Лајтнер“ речиси беше пред потпишување договор за изградба и за земање на жичарницата под концесија.

„Министерството за транспорт и врски не' стави настрана од изградбата на жичарницата до Миленумскиот крст. Како Фондација веќе не учествуваме во реализацијата на проектот, бидејќи сега ќе го реализира Владата. Министерството распишаа тендер и веројатно веќе е избран најповолниот изведувач, но не сме информирани“, вели Благоја Дојчиновски, претседател на Фондацијата „Милениумски крст“.

Според проектот на ИНПУМА, на чија анализа работеа десетина експерти, должината на жичарницата изнесуваше 1.900 метри. Една од варијантите беше таа да тргнува од „Панорама“ и да оди до Средно Водно.



http://www.utrinski.com.mk/?ItemID=40690063DC985D41B0C1517259A07AEA
Back to Top
my Macedonia View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 09-Oct-2008
Location: 🇲🇰🇨🇭
Online Status: Offline
Posts: 4094
  Quote my Macedonia Quote  Post ReplyReply #730 Posted: 02-Mar-2009 at 08:43

Жичницата до Милениумскиот крст конечно годинава

Милениумскиот крст годинава конечно ќе ја добие долгонајавуваната жичница, информираат од Фондацијата за изградба на Милениумскиот крст. Претседателот на Фондацијата, Благоја Дојчиновски, вели дека Министерството за транспорт и врски го распишал тендерот за најповолен изведувач. Станува збор за жичница на потегот од Средно Водно до Милениумскиот крст.

- Оваа година ќе биде направена само жичницата на потегот од Средно Водно до Милениумскиот крст, а наредната ќе се гради жичницата од Средно Водно до Трговскиот центар „Рамстор“, потенцираше Дојчиновски.Од Министерството за транспорт и врски велат дека станува збор за проект на Владата и дека нивна надлежност е само да ја распишат тендерската постапка за најповолен изведувач, која е во тек.

Дојчиновски најави дека до крајот на месецот ќе биде завршена конструкцијата за поставување натстрешник. Исто така, ќе биде застаклен ресторанот што е сместен на првата плоча од Милениумскиот крст, како и десетте дуќанчиња.

- Откако ќе бидат застаклени дуќаничињата, ќе биде распишан јавен повик за нивно издавање под закуп. Средствата што ќе бидат собрани од закупнината, ќе бидат наменети за одржување на Милениумскиот крст, објасни Дојчиновски.

Лифтот на Милениумскиот крст засега работи само за викенди, бидејќи е период кога интересот е помал поради студеното време. Од Фондацијата за изградба на Милениумскиот крст објаснуваат дека со затоплување на времето, во првите пролетни денови, лифтот ќе работи и во текот на неделата. Задоволството да се качите на лифтот и да застанете на краците на крстот и оттаму да ја видите панорамската глетка на Скопје ќе ве чини 100 денари. Собраните пари од услугата за лифтот се наменети за негово одржување.

 
 
 http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=D3D547D831B2DF4891A821CD56157000
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #731 Posted: 17-Feb-2009 at 12:24
До Милениумскиот крст ќе се оди само со жичница
Скопје
Милениумскиот крст ќе прерасне во туристичка атракција до крајот на оваа година со изградбата на жичницата која ќе води до него и со отворањето на ресторанот и на продавницата за сувенири. Благоја Дојчиновски, претседателот на фондацијата „Милениумски крст“ информира дека отворениот простор на крстот ќе биде затворен со термопан стакло, а во делот на второто ниво ќе биде поставена стреа. Тој соопшти и дека постапката за тендерот за поставување на жичницата веќе била во тек во Министерството за транспорт и врски која ќе се гради од Средно Водно до крстот. Драган Симоновски, портпаролот на министерството потврди дека постапката е во тек, а понудите требале да бидат доставени до крајот на февруари.

Дојчиновски истакна дека првата фаза од изградбата на жичницата ќе се гради оваа година, а втората фаза ќе започнела во 2010 година.

- Тендерот е распишан од Министерството за транспорт и врски и тоа е нивен проект. Според моите информации оваа година ќе биде започната изградбата на жичницата од Средно Водно до крстот, а следната ќе се гради од Средно Водно до просторот зад трговскиот центар „Рамстор“. Овој проект е со цел објектот да биде поатрактивен, а истовремено со самата жичница да не се загадува околината бидејќи патот кој води дотаму ќе биде затворен за автомобили - изјави Дојчиновски.


Тој информира и дека алуминиумските рамки кои ќе бидат во златна боја ќе бидат поставени до крајот на февруари.


- Избраната фирма „Песпа алуминиум“ од Гостивар до крајот на месецов ќе ги постави златните алуминиумски рамки, а потоа ќе бидат потребни уште два до три дена за да се намести термопан стаклото кое е висококвалитетно и не се замаглува во зимски услови. Овој проект чини 42 илјади евра и се надевам дека временските услови ќе ни дозволат побрзо да го реализираме - истакна Дојчиновски.


Откако ресторанот и дуќаните ќе се покријат со стакло ќе биде распишан јавен оглас за нивно изнајмување, а киријата ќе биде наменета за одржување на Милениумскиот крст.
За негова поголема атрактивност, на денот на независноста на Македонија, свечено беше пуштен во употреба и лифтот со кој посетителите ќе можат да уживаат во панорамскиот поглед на градот за само 100 денари.

Драган Симоновски, портпаролот на Министерството за транспорт и врски, истакна дека за брзо време ќе се започне со изградбата за жичницата, проект кој бил на Владата, а се спроведувал преку надлежното министерство.

- Жичницата е проект на Владата, но ние го спроведуваме бидејќи станува збор за транспорт. Во тек е постапката за јавна набавка за проектирање на еднојажна кабинска жичница за превоз од Средно Водно до Милениумскиот крст - рече Симоновски.

http://www.novamakedonija.com.mk/DesktopDefault.aspx?tabindex=0&tabid=2&fCat=1&top=1&EditionID=319&ArticleID=18287
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #732 Posted: 30-Jan-2009 at 02:50

па ок поентата повеќе ми е дека ова идеја на Трифун некој веќе си ја има врзано во крпче и дека без разлика на ситуација истата многу веројатно е и да се истера, но како што нагласив повеќе ме засега моментот околу естетиката и цел тој муабет околу столбовите по сртот, па во тој случај не би било лошо да затераат еден симетричен муабет и по другиот крај кон сопиште а зошто да не продолжат и преку чифлик до Солунска глава LOL

но сепак она АКО во цитатот од МТВ заедно со денешнава светска финансиска криза мислам дека ќе ја разводни идејата на Трифун.   

Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #733 Posted: 30-Jan-2009 at 02:26
Бетон може би не си го прметил аноунсментот, те молам прочитај го! Додека не излезат програми официјани и кандидатури ќе те молам да се воздржиме од споменување партиски тактики! Да не идам и ја офтопик.....
Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #734 Posted: 30-Jan-2009 at 02:16

Жичарница до Матка со пари од Министерството за транспорт - Вест - 26.11.2008

За кусо време ќе биде распишан тендер за изградба на жичарница до Милениумскиот крст, а од Министерството најавуваат помош и за жичарница до Матка, ако се направи добар проект

ова АКО некако ми делува ветувачки но само АКО дојде подобен кандидат за градоначалник на следните избори Smile шала на страна комбинаториките околу политички поени се реални, но веќе толку има  ВМРО набилдано рејтинг што мислам дека и би се нафатиле да го финансираат и ова поврзување со матка па дури и од СДС да биде следниот градоначалник, но она што малку ептен ми боде очи во цел овој муабет е естетскиот момент односно најверојатно е дека оваа траса до матка ќе оди по сртот на водно, ова значи дека ќе имаме уште една визуелна атракција во прилог на SK imposible city но ајде можеби креативноста ќе проработи па ќе го свртат цел муабет за новава траса на монореил! 

Back to Top
Б.Ѓ.Т View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 15-Nov-2008
Location: skopje
Online Status: Offline
Posts: 311
  Quote Б.Ѓ.Т Quote  Post ReplyReply #735 Posted: 29-Nov-2008 at 01:40
zicarava od koga ja zborat,a nikako da ja pocnat,ama koga ke vidis deka liftot na krstot go postavuvaa 5-6 god.ova ke bide za 30.i se se vazno vo podgotovki
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #736 Posted: 26-Nov-2008 at 03:39
Жичарницата на Водно - визионерски и амбициозен проект


Иницијативата на Град Скопје за изградба на жичарница на релација Средно Водно - Милениумски Крст - Кањон Матка, експертите ја оцениле како визионерска мисија, но и како амбициозен проект кој бара сериозен пристап и повеќеслојно решение. На средбата на која освен градоначалникот Трифун Костовски и претставници од градската администрација, присуствуваа и професори од Архитектонскиот, од Градежниот, Машинскиот факултет и претставник од Министерството за транспорт и врски.

Експертите сметаат дека жичарницата претставува најсоодветно решение за достапност до природните убавини на Матка, бидејќи како сообраќајно решение најмалку го нарушува природниот амбиент. Тие нагласиле дека конфигурацијата на теренот овозможува поставување на систем на жичарници.

Градоначалникот Костовски пред експертите ја презентирал идејата за изработка на комплетен проект за изградба на жичарницата Средно Водно - Милениумски крст - Кањон Матка, нагласувајќи дека проектот ќе овозможи промоција и достапност на уникатната убавина на Матка и возобновување на кањонот во духовно светилиште преку реконструкција на бројните манастири и на инфраструктурата. Тој потенцирал дека посебно внимание во идејното решение ќе биде посветено на заштитата на флората и на фауната во овој реон.

Претставникот на Министерството за транспорт и врски рекол дека идеите за изградбата на жичарницата на Градот и на Владата се поклопуваат и дека проектот на Владата за изградба на жичарница на релација Средно Водно - Милениумски крст е во напредна фаза и дека наскоро ќе биде распишан тендер. Тој најавил финансиска поддршка од Владата за продолжување на жичарницата до кањонот Матка ако постои добар проект.

http://vecer.com.mk/?ItemID=7B3DA7E4F175BB41AFD70EB95198A3E6


Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #737 Posted: 05-Nov-2008 at 00:53
за возобновување на сите 76 манастари


Ќе го преќутам секој цент од оваа цела мегаломанја доколку ова е компензација со градот околу црквата на плоштад!


Edited by lslcrew - 05-Nov-2008 at 00:55
Back to Top
lslcrew View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 14-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 10988
  Quote lslcrew Quote  Post ReplyReply #738 Posted: 05-Nov-2008 at 00:20
Жичарница и од Крстот до Матка?!


Од страна на градоначалникот на Скопје, Трифун Костовски, вчера беше промовирана идеја за изградба на жичарница од Крстот на Водно до Матка. Според Костовски, идејата произлегла од завчерашната средба со Министерката за култура.
- На средбата беше разговарано за надминување на проблемите поврзани со Водно, како да се зачува планината и да се направи жичарница од Средно Водно до Крстот и таа да продолжи до Матка, каде ќе има места за качување на жичарницата од двете страни. Со тоа Градот би добил фантастична можност за промоција на туризмот. Предложивме и да се направи еден заеднички проект меѓу Владата и Градот, за возобновување на сите 76 манастари, за кои постојат темели. Истовремено би се промовирале и трите пештери на Матка, изјави вчера Костовски.

http://vecer.com.mk/?ItemID=91C4103AE35DFD4587AEBD5E09862F25


Back to Top
beTon View Drop Down
Senior Member
Senior Member


Joined: 25-Jun-2008
Online Status: Offline
Posts: 3893
  Quote beTon Quote  Post ReplyReply #739 Posted: 26-Oct-2008 at 16:16

ме бунеше ова сега со почетна точка на панорама па еве од каде извира идејата...

Привршуваат анализите за изградба на жичарница до Милениумскиот крст - Утрински - 20.03.2007

Ако се изгради во еден потег жичарницата би имала должина од 3.300 метри

Во ИНПУМА привршуваат анализите за изградба на жичарница до Милениумскиот крст. Тим од десетина стручни лица, проектанти и машински инженери разгледувале две можности за трасата, односно патот на движење на жичарницата од затворен тип.

Првата можна траса е жичарницата да тргнува од Стара железничка станица, а втората од пред некогашниот хотел „Панорама“. Но, имајќи предвид дека во првиот случај жичарницата би минувала над населено место, што ќе предизвика реакции од жителите, проектантите се повеќе за втората идеја. Проект-менаџерот Благоја Тагасоски вели дека се водело сметка за пристапноста, еколошката заштита и за финансискиот ефект при изведбата.

Идејата за изградба на жичарница била разгледувана уште пред изградбата на Милениумскиот крст, кога покрај замислата жичарницата да тргнува од Стара железничка станица, имало и друг предлог за нејзин почеток од улицата „Брадфордска“ кај фабриката „Алумина“.

„Ја разгледуваме и варијантата жичарницата да тргнува од пред ’Панорама’ и во смисла дали трасата да се изведува во еден или во два дела, бидејќи и тоа е врзано за финансии. Сметаме дека таму веќе постои паркингот, односно дел од инфраструктурата пред стариот хотел. Потоа втора станица би била на Средно Водно, од каде што трасата би продолжила до крстот“, вели Тагасоски и додава дека доколку жичарницата се изгради во еден потег, би имала должина од 3.300 метри. Таа би се движела на надморска височина од 500 до 1.066 метри.

Од: mene
Датум: 20.03.2007 13:56:50
ako e od panorama....... kolku mesto ke ima za parking.. ako ima navala od lugje ........ togas ke ima navala od koli......... nenormalno......

Back to Top
mitatos View Drop Down
Senior Member
Senior Member
Avatar

Joined: 06-Jan-2008
Location: Skopje
Online Status: Offline
Posts: 1739
  Quote mitatos Quote  Post ReplyReply #740 Posted: 14-Oct-2008 at 20:37
Да де точно така, јас напишав дека не е баш прецизно хехе , само дадов пример дека е можно такво нешто , и не верувам дека би коштало толку многу.
"Најлошиот град од градовите е тој што нема ред,мир и сигурност за своите граѓани" (Али ибн Еби Талиб)
Back to Top
 Post Reply Post Reply Page  <1 3536373839>

Forum Jump Forum Permissions View Drop Down



This page was generated in 0.250 seconds.

Copyright ©2007 - 2025  build.mk

Коментарите на форумот претставуваат лично мислење на нивните автори и не претставуваат официјален став на build.mk.